(Марко 7:8-9)
„Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи. И им рече: “И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.“ (МК Библија 1976 год.)
(Марко 7:20-23)
„И уште им рече: “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.“ (МК Библија 1990 год.)
Прво, јас сакам да дефинирам што е грев. Има гревови дефинирани од Бога за такви, а има и гревови дефинирани за такви од луѓето. Зборот грев, ‘hamartia’ на старо- Грчки јазик, значи ‘да ја промашиш целта.’ Со други зборови, тоа е да направиш нешто лошо. Грев е да не си покорен на Божјите заповеди. Ајде најпрво да ја погледнеме човечката идеја за грев.
Што е грев?
Непослушноста на Божјите заповеди.
Ние го познаваме гревот според и преку нашата совест. Меѓутоа, човечкиот стандард на тоа се разликува според социјалната позадина на особата, душевната состојба, дадените околности или совести.
Така дефиницијата за гревот се разликува измеѓу различните поединци. Истата ситуација може да се смета за грешна зависно од стандардот на секоја особа. Затоа Бог ни дал нас 613 члена на Законот за да бидат употребени како апсолутен стандард за грев.
Дијаграмот долу ги прикажува гревовите на човештвото.
Божјиот Закон
Човечката совест,
моралност и социјални норми.
Националното право, граѓанското право.
Ние не треба никогаш стандардот за грев на нашата совест да го поставиме врз основа на социјалните критериуми.
Гревовите на нашата совест не се соодветни според она што Бог го дефинирал како грев. Заради тоа ние не треба да ја слушаме нашата совест, но наспротивно ние треба да го основаме стандардот за грев врз Божјите заповеди.
Секој еден од нас има своја идеа за тоа што е грев. Некои ги земаат нивните слабости за предвид како грев додека други сметаат дека е тој основан на изопаченото однесување.
На пример, во Кореа, луѓето ги покриваат гробовите на нивните родители со трева и земаат врз себе си грижа за нив се додека умрат. Но во едно од примитивните племиња во Папаа, Нова Гвинеја, тие ги почитуваат своите мртви родители со тоа што го јадат телото нивно (не сум сигурен дали претходно го готват). Јас мислам дека тие сакаат да спречат да телото биде изедено од црви. Овие обичаи илустрираат дека човечката идеја за грев ширно се разликува.
Добрите дела во една заедница можат да бидат предвид земени како варварски во друга заедница. Меѓутоа, Библијата ни кажува нас дека грев е да не се почитуваат Божјите заповеди. „Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи. И им рече: “И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го пазите вашето предание.“ (Марко 7:8-9, МК Библија 1976 год.) Нашиот надворешен изглед не е важен за Бога затоа што Тој гледа во сржта на нашето срце.
Сопствениот критериум за грев е Грев пред Бога
Кој е најсериозниот грев?
Тоа е непочитувањето на Божјото Слово.
Да не се успее да се живее од Неговата Волја е грев пред Бога. Тоа е исто како неверување во Неговото Слово. Бог рече дека грев е да се живее како Фарисеите, кои ги отфрлија Божјите заповеди и ставаа поголемо значење на нивните традиционални науки. Исус ги сметаше Фарисеите за лицемери.
„Во кој Бог вие верувате? Дали вие навистина ме почитувате и ме величате Мене? Вие се фалите за Моето име, но дали навистина ме почитувате Мене?“ Луѓето само гледаат на надворешниот изглед и не го почитуваат Неговото Слово. Најсериозниот грев е непочитувањето на Неговото Слово. Дали сте свесни за ова?
Беззаконските дела кои потекнуваат од нашата слабост се само престапи. Погрешенијата и грешките кои што ги правиме преку нашата несовршеност не се фундаментални гревови, туку грешки. Бог разликува грев од беззаконие. Оние кои што не го почитуваат Неговото Слово се грешници дури и ако немаат грешки. Тие се големи грешници пред Бога. Тоа е причината, зошто Исус им се развика на Фарисеите.
Во Петокнижието, од Битие до Второзаконие, има заповеди кои ни кажуваат што да правиме а што да не правиме. Тие се Слово Божјо, Негови заповеди. Ние можеби не сме способни да ги чуваме нив 100%, но ние треба да ги познаеме нив како Негови заповеди. Тој ни ги даде нас од почетокот и ние треба да ги прифатиме нив како Божјо Слово.
„Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.(МК Библија 1999 год.) И Бог рече: “Нека биде светлина!“ И бидна светлина.“ (МК Библија 1999 год.) Тој создаде се и после тоа Тој го постави Законот.
„И словото стана тело и се всели во нас, и Тој е Словото.“ (Јован 1:1, 14, МК Библија 1976 год.) Како тогаш Бог ни се покажува нас Себе си? Бог ни се покажува нам Себе си преку Неговите заповеди затоа што Бог е Словото и Духот. Заради тоа, како ја викаме Библијата? Библијата ја викаме Слово Божјо.
Речено е овде: „Ја отфрлате Божјата заповед, за да го пазите вашето предание.“ Има 613 члена на Неговиот Закон. Прави го ова, но не прави го тоа, почитувај ги своите родители....и така натаму. Во книгата Левит, стои како мажот и жената треба да однесуваат и што да се прави ако едно домашно животно падне в јама....Има 613 члена во Неговиот Закон.
Откако тоа не се зборовите од луѓето, ние треба да постојано размислуваме за нив. И покрај тоа што не сме способни да ги чуваме сите заповеди на Неговиот Закон, ние би требало, најмалку од се, да ги познаеме нив како Божји и треба да го почитуваме Бога.
Дали има една реченица во Словото Божјо која не е точна? Фарисеите ги оставија настрана заповедите Божји за да ги чуваат обичаите на луѓето така отфрлајќи ги Неговите заповеди. Зборовите на нивните старешини имаа поголема вредност од зборовите Божји. Кога Исус беше на земјава, ова е тоа што Тој сведочеше, и што Него најповеќе го болеше беше дека луѓето го негираа Словото Божјо.
Бог веќе ги даде 613 члена на Неговиот Закон за да не направи нас да ги разбереме нашите гревови и да ни покаже дека Тој е Вистината, нашиот Свет Бог. Откако ние сите сме грешници пред Него, ние треба да живееме од вера и да веруваме во Исус, кој беше испратен кај нас од Бога заради Неговата љубов спрема нас.
Луѓето кои го оставаат настрана Неговото Слово и не веруваат во него се грешници. Оние кои што не се способни да го чуваат Неговото Слово се исто така грешници, но отфрлањето на Неговото Слово е многу посериозен грев. Оние кои извршуваат ваков тежок грев ќе завршат во пеколот. Неверувањето во Неговото Слово е најтешкиот грев пред Него.
Причината зошто Бог ни го даде Законот
Зошто Бог ни го даде Законот?
За да не направи нас да ги сфатиме нашите гревови и казната за нив.
Која беше причината зошто Бог ни го даде нас Законот? Тоа беше за да не направи нас да ги сфатиме нашите гревови и да се вратиме кај Него. Тој ни ги даде 613 члена на Законот за да ние можеме да ги познаеме нашите гревови и да бидеме искупени преку Исус Христос. Тоа е зошто Бог ни го даде Законот.
Во Римјаните 3:20 напишано е: „Зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (МК Библија 1999 год.) Заради тоа, ние знаеме дека Божјата причина за давањето на Законот на нас не беше за да не насили нас да живееме според него.
Сега, кое е познавањето кое го добиваме од Законот? Тоа е дека сме премногу слаби за да целосно го почитуваме Законот во неговата целосност и дека ние сме гробни грешници пред Него. Што сфаќаме ние од 613 члена на Неговиот Закон? Ние ги сфаќаме нашите слабости и неспособности да живееме од Неговиот Закон. Ние познаваме дека ние, созданието Божјо, сме нецелосни суштества, исто како и гробни грешници пред Него. Според Неговиот Закон ние сите би требало да завршиме во пеколот.
Кога ние ги сфаќаме нашите гревови и неспособност да живееме од Неговиот Закон, тогаш што да правиме? Дали ние се обидуваме да постанеме целосни суштества? Не. Ние треба да признаеме дека сме грешници, да веруваме во Исус, да бидеме искупени преку Неговото спасение на водата и на Духот и да Му благодариме Нему.
Причината зошто Тој ни го даде нас Законот беше за да не направи нас да ги познаеме нашите гревови и да ја знаеме казната за тие гревови. Според ова, ние треба да ја сфатиме невозможноста да бидеме спасени од пеколот без Исус. Ако ние веруваме во Исус како наш Спасител, ние ќе бидеме искупени. Тој ни го даде нас Законот за да не води нас кај Спасителот Исус.
Бог го создаде Законот за не направи нас да разбереме колку целосно грешни ние сме и да ги спасени нашите души од ваков грев. Тој ни го даде Законот и го испрати Својот Единороден Син, Исус, да не спаси нас со одземањето на сите наши гревови преку Неговото крштевање. Верување во Него може да ве спаси.
Ние сме беспомошни грешници кои мораме да веруваме во Исус за да бидеме ослободени од гревот, за да постанеме Негови чеда и да му ја вратиме целата величественост на Бога.
Ние треба да разбереме, да мислиме и судиме според Неговото Слово зошто се потекнува од Него. Ние треба исто така да ја сфатиме вистината на искупението преку Неговото Слово. Ова е правата и вистинска вера.
Што има во срцата на човечките суштества?
Што треба ние да правиме пред Бога?
Ние треба да ги признаеме нашите гревови и да го помоли ме Бога да не спаси.
Верата треба да почне со Словото Божјо и ние треба да веруваме во него преку Неговото Слово. Ако не, ние ќе паднеме во заблуда. Тоа би била грешна и невистинита вера.
Кога Фарисеите и книжниците ги видоа Исусовите ученици да јадат леб со валкани раце, тие немаше тоа да го изобличуваат ако тоа го погледнаа од смислата на Божјото Слово. Словото ни кажува нас дека се што влегува однадвор во човекот не може него да го оскверни но оди преку стомакот и излегува од телото, без да му наштети на срцето.
Како што вели во Марко 7:20-23: „И уште им рече: “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.“ (МК Библија 1990 год.) Исус рече дека луѓето се грешници затоа што тие се родени со грев.
Дали разбирате што ова значи? Ние сме родени како грешници затоа што сите сме Адамови потомци. Но ние не можеме да ја видиме вистината затоа што не го прифаќаме и не веруваме во Неговото Слово. Тогаш, што има во внатрешноста на човечкото срце?
Погорната строфа вели: „Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство“ (МК Библија 1990 год.) Секакви видови на зло излегуваат од човечкото срце и го прават нечист човекот.
Запишано е во Псалмите, “Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш? (Псалми 8:3-4, МК Библија 1990 год.)
Зошто Бог Самиот не посети нас? Тој не посетува нас затоа што Тој не љуби, не создаде нас и се смилува на нас грешниците. Тој ги премавна сите наши гревови и не направи нас Негов народ. „Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја!“ Царот Давид го пееше овој псалм во Стариот Тестамент кога тој сфати дека Бог ќе постане Спасителот на грешници.
Во Новиот Тестамент, Апостолот Павле го повтори истиот псалм. Тоа е толкаво чудно нешто дека ние, Божјото создание, можеме да постанеме деца на Создадителот. Тоа е направено само преку Неговото милосрдие за нас. Ова е љубовта Божја.
Ние треба да познаеме дека обидувањето да целосно живееме според Законот Божји е безобразен предизвик кон Бога. Тоа исто така е арогантна ориентација која доаѓа од нашето незнаење. Не е право да се живее надвор од Неговата љубов додека се бориме да го чуваме Законот за нас себе си и да се молиме очајно за таков живот. Божја волја е да ние треба да се познаеме себе си како грешници под Законот и да веруваме во Неговото искупение на водата и крвта на Исус.
Неговото Слово е запишано во Марко 7:20-23: „И уште им рече: “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.“ (МК Библија 1990 год.)
Исус рече дека што излегува од човечкото суштество, внатрешните гревови, го прават него/неа нечист. Дури и нечистата храна што Бог ја дава не може да не направи нас нечисти. Целото создание е чисто, но само работите што излегуваат од човечките суштества, тоа се, гревовите, не прават нас нечисти. Ние сите сме родени потомци на Адам. Така, со што сме ние родени? Ние сме родени со дванаесет видови на грев. Не е ова точно?
Тогаш дали ние можеме да живееме без да извршуваме гревови? Ние ќе продолжиме да грешиме затоа што ние сме родени со грев. Можеме ли да престанеме со грешење заради што го знаеме Законот? Можеме да живееме според заповедите? Не.
Колку повеќе се обидуваме да живееме според Законот толку потешко постанува. Ние треба да ги сфатиме нашите ограничувања и да ги отфрлиме нашите поранешни ориентации. Тогаш, со понизен памет, ние можеме да го примиме крштевањето и крвта на Исус, кои не спасија.
Сите 613 члена на Законот се добри и правилни. Но луѓето се грешници од времето кога се зачнати во утробата на нивните мајки. Кога ние ќе сфатиме дека Законот Божји е праведен, но дека ние сме родени како грешници кои никогаш не можат да постанат праведни самите од себе, ние доаѓаме до сфаќање дека потребна ние е милосрдната милост Божја и искупението на Исус со евангелието на водата, крвта и Духот. Кога ќе ги сфатиме нашите ограничувања—дека ние не можеме да постанеме праведни самите од себе и дека ние ќе одиме во пеколот за нашите гревови—ние не можеме друго освен да се поткрепиме на искупението на Исус.
Ние можеме да бидеме избавени. Ние треба да знаеме дека ние самите од себе сме неспособни да бидеме праведни или добри пред Бога. Заради тоа, ние треба да признаеме пред Бога дека сме грешници кои се на пат кон пеколот и да се молиме за Неговата милост: „Боже, те молам спаси ме од моите гревови и имај милост кон мене.“ Тогаш, Бог сигурно ќе ве сретне во Неговото Слово. На ваков начин ние можеме да бидеме избавени.
Ајде да ја видиме молитвата Давидова. „Ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување“ (Псалми 51:4, МК Библија 1999 год.)
Давид знаеше дека тој е маса на грев дека беше доволно злобен за да биде фрлен во пеколот, но тој призна пред Бога: „Господи, ако ме наречеш грешник, јас ќе бидам грешник. Ако Ти ме наречеш праведен, јас ќе бидам праведен. Ако Ти ме спасиш, јас ќе бидам спасен; и ако Ти ме испратиш во пеколот, јас ќе завршам во пеколот.“
Ова е правилната вера и начинот да се биде спасен. Ова е какви ние треба да бидеме ако се надеваме да веруваме во искупението на Исус.
Ние треба точно да знаеме кои се нашите гревови
Откако ние сме потомци на Адам, ние сите имаме похоти во нашите срца. Меѓутоа, што ни кажува Бог? Тој ни кажува да не извршуваме прељуба и покрај тоа што имаме прељуба во нашите срца. Ние имаме убиства во нашите срца, но што ни кажува Бог? Тој ни кажува да не убиваме. Ние сите ги презираме нашите родители во нашите срца, но Тој ни кажува да ги почитуваме нив. Ние треба да сфатиме дека Неговото Слово е праведно и добро, но ние сите имаме грев во нашите срца.
Дали е ова точно или не е? Тоа е апсолутно точно. Заради тоа, што треба ние да правиме пред Бога? Ние треба да признаеме дека ние сите сме маса на грев и беспомошни грешници. Не е право да мислиме дека вчера бевме праведни зашто вчера не погрешивме, но дека сме грешници денес затоа што денес извршивме гревови. Ова е зошто ние треба да бидеме искупени преку вера во крштевањето на Исус.
Ние не сме грешници заради нашите дела: како што се извршување на прељуба, убиство, кражби, прељубодејство... но ние сме грешници затоа што ние сме родени како грешници. Ние бевме родени со дванаесет видови на грев и откако сме родени како грешници во очите Божји, ние не можеме никогаш да постанеме добри преку нашите дела. Ние можеме само да се преправаме да сме добри.
Ние сме родени, со грешна совест, така како можеме да бидеме праведни ако не ги извршуваме овие гревови? Ние самите од себе никогаш не можеме да бидеме праведни пред Бога. Ако тврдиме да сме праведни, тоа е лицемерие. Исус ги нарече Фарисеите и книжниците: „фарисеи и книжници, лицемери.“ Луѓето се родени како грешници и тие погрешуваат пред Бога преку целиот нивен живот.
Секој еден кој тврди дека никогаш не се степал или никогаш не му удрил шлаканица на други или пак никогаш не украл ниту игла од други во целиот негов/нејзин живот лаже и е лицемер. Ова е како Бог нив ги гледа.
Секој е грешник од неговото/нејзиното раѓање. Дури и ако не извршите ниту едно грешно дело, вие сте на пат кон пеколот. Дури и ако сте го чувале Законот и заповедите, вие сеуште сте грешник на пат кон пеколот.
Тогаш што треба да правиме со ваквата судбина? Ние треба да прашаме за Божјото милосрдие и да зависиме од Него за да бидеме спасени од нашите гревови. Ако Тој не не спаси, тогаш ние ќе одиме во пеколот. Тоа е нашата судбина.
Само оние кои што го прифаќаат Божјото Слово признаваат дека тие се навистина грешници. Тие исто така знаат дека тие постанаа праведни преку вера. Така, тие знаат дека негирањето и отфрлањето на Неговото Слово е најсериозниот грев. Оние кои што го прифаќаат Неговото Слово се праведни, дури и преку тоа што тие претходно беа грешници. Тие беа поново родени од Неговото Слово и Неговата благодат и се најблагословени.
Оние кои што се обидуваат да бидат искупени преку своите сопствени дела се сеуште грешници
Кои се сеуште грешници дури и после нивното верување во Исус?
Оние кои што се обидуваат да бидат искупени преку сопствените дела.
Ајде да прочитаме во Галатјаните 3:10 и 11. „Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: “Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.“ А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.“ (МК Библија 1999 год.)
Речено е „... Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.“ Оние кои што мислат дека тие веруваат во Исус, но сепак се обидуваат да бидат оправдани преку сопствените дела се проклети. Каде се тие кои што се обидуваат да бидат оправдани со сопствените дела? Тие се под клетвата Божја.
Зошто Бог ни го даде Законот? Тој ни го даде Законот за да ние можеме да ги сфатиме нашите гревови (Римјаните 3:20). Тој исто сакаше да ние знаеме дека сме целосно грешници чија што судбина е пеколот.
Верувајте во крштевањето на Исус, Синот Божји, и бидете поново родени од вода и од Духот. Тогаш, вие ќе бидете спасени од вашите гревови, ќе постанете праведни, ќе имате вечен живот и ќе одите во Небесата. Имајте вера во вашите срца.
Најарогантниот грев во светот
Кој е најарогантниот грев во светот?
Да се обидувате да живеете според Законот.
Ние сме благословени со имањето вера во Неговиот благослов. Бог ги спасува оние кои што имаат вера во Неговото Слово.
Но денес, помеѓу верниците, има многу Христијани кои се обидуваат да живеат според Неговиот Закон. Пофалбено е дека тие се обидуваат да живеат според Законот, но како е можно?
Ние мора да сфатиме колку глупаво е да се обидуваме да живееме според Неговиот Закон. Колку напорно се обидуваме, толку потешко тоа станува. Тој рече: „И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.“ Ние треба да ја отфрлиме нашата дрскост/арогантност со цел да бидеме спасени.
Ние треба да се откажеме од нашите стандарди за да бидеме спасени
Што треба да правиме за да бидеме спасени?
Ние треба да се откажеме од нашите стандарди.
Како може човек да биде спасен? Тоа е можно само кога тој/таа се познае себе си да е грешник. Има многу кои сеуште не се искупени затоа што тие не можат да се откажат од нивните грешни вери, дела и напори.
Бог вели дека оние кои што се прикрепуваат на/врз Законот се проклети. Оние кои што веруваат дека постепено можат да постанат праведни преку нивното обидување да живеат според Законот после нивното верување во Исус се проклети. Тие веруваат во Бога, но тие сеуште мислат дека тие треба да живеат според Законот за да бидат спасени.
Драги пријатели, можеме ли ние да постанеме праведни преку нашите дела? Ние постануваме праведни само преку верувањето во Словото на Исус; и само тогаш ние сме спасени. Само со имањето вера во крштевањето на Исус, Неговата крв и Неговата Божественост, ние сме спасени.
Тоа е зошто Бог го приготви законот на верата за нас како начин да постанеме праведни. Искупението на водата и Духот не лежи во напорите на луѓето, но во верата во Словото Божјо. Бог не избави нас преку вера и тоа како што Бог го испланира и заврши нашето спасение.
Зошто не се искупени оние кои што веруваат во Исус? Затоа што тие не го прифатија словото на искупението на водата и Духот. Но ние, кои сме нецелосни како што и тие се, сме искупени преку нашата вера во Словото Божјо.
Ако две особи работеа на мелнички камен, едниот е оставен за да продолжи да работи, и покрај тоа што другиот беше одземен. Оној кој беше оставен го претставува оној кој сеуште не е искупен. Зошто едниот беше одземен а другиот оставен?
Причината е затоа што едниот го слушаше и веруваше во Словото Божјо, но другиот работеше напорно за да го чува Законот и беше накрај фрлен во пеколот. Таа особа се обидуваше да исползи до Бога, но Бог го истресе, исто како да беше бубачка која лазе на Неговите нозе. Ако особата се обидува да исползи нагоре кон Бога преку обидувањето да го чува Законот, тој/таа сигурно ќе бидат фрлени во пеколот.
Тоа е зошто ние треба да бидеме искупени преку вера во водата и Духот.
„Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.“ А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата“ (Галатјаните 3:10-11, Римјаните 1:17). (МК Библија 1999 год.)
Неверувањето во Словото Божјо е грев пред Бога. Соодветно на ова, грев е да се отфрла Словото Божјо според стандардите на секоја поединка. Ние човечките суштества не можеме да живееме според Неговиот Закон затоа што ние сме сите родени како грешници и продолжуваме да грешиме нашиот цел живот. Ние грешиме малку овде малку таму, и насекаде каде што одиме. Ние треба да сфатиме дека сме од месо и не можеме друго освен да грешиме.
Човечкото суштество е како голема кошница со тор. Ако го носиме насекаде тоа ќе почне да се истура и да испрскува се, насекаде каде што одиме. Дали можете да го замислите ова?
Дали сеуште би се преправале дека сте свети? Ако јасно бевте свесни за себе си, вие ќе се откажевте од обидувањето да сте залудно свети и ќе верувавте во водата и крвта на Исус.
Оние кои што сеуште не се поново родени треба да ја отфрлат нивната тврдоглавост и да признаат дека тие се гробни грешници пред Бога. Тогаш, тие мора да се вратат кај Неговото Слово и да откријат како Тој ги спаси нив со водата и Духот.