(Марко 7:20-23)
„И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.“ (МК Библија 1990 год.)
Луѓето се збунети и живеат под нивните сопствени илузии
Кој ќе биде најверојатно спасен?
Оној кој мисли за себе си да е најлошиот грешник.
Најпрво од се, јас сакам да ви поставам едно прашање. Како се гледате вие себе си? Дали мислите дека сте добар или злобен? Што мислите?
Сите луѓе живеат по нивните сопствени илузии. Вие можеби не сте толку злобен колку што се замислувате ниту пак толку добар како што се мислите.
Кој, тогаш, мислите дека води подобар живот на вера? Дали е тоа оној/а кој се мисли да е добар? Или пак е оној/а кој се мисли да е злобен?
Второто е. Ајде да ве прашам друго нешто. Кој е најверојатно да биде искупен—оној кој извршил повеќе гревови или оној кој извршил само неколку? Оној кој признава дека извршил безбројно многу гревови е најверојатно да биде искупен затоа што тој/таа прифаќа да е гробен грешник. Ваквата особа може подобро да го прифати Словото на искупението приготвено за него/неа од Исус.
Кога ние реално ќе погледнеме на себе си, очигледно е дека сме маса на гревови. Што се човечките суштества? Човекот е само „злосторнички род“. Во Исаија 59 стои дека има секакви видови на беззаконија во срцата на луѓето. Заради тоа, јасно е дека луѓето се масса на гревови. Меѓутоа, ако го дефинираме човештвото како масса на грев, многу не би се согласиле со ова. Но дефиницијата за човекот да е „злосторнички род“ е точната дефиниција. Ако ние искрено се погледнеме себе си, јасно и очигледно е дека сме злобни суштества. Оние кои што се искрени со себе си мораат да стигнат до истиов заклучок.
Но, изгледа дека многуте луѓе одбиваат да признаат дека тие се масса на грев. Многу имаат комфортен живот затоа што не земаат во предвид да се грешници. Откако ние сме злочинци, ние создадовме и злобна цивилизација. Ако тоа не е вистина, ние ќе се срамевме да грешиме. Меѓутоа многу од нас не се срамат кога извршуваат грев.
Сепак, нивната совест знае. Секој еден има совест која му вели: „Срамно е.“ Адам и Ева се скрија измеѓу дрвјата откако тие извршија грев. Денес, многу грешници се кријат позади нашата грда култура—нашата култура на грев. Тие се кријат себе си заедно со нивните блиски грешници за да ја избегнат пресудата Божја.
Луѓето се измамени од нивните сопствени илузии. Тие се замислуваат себе си да се многу подобри од другите. Така да кога ќе слушнат некаква лоша вест, тие извикуваат гласно „Како може човек да направи такви работи? Како може човек да го направи тоа? Како може синот да им го стори тоа на своите родители?” Тие самите веруваат дека тие не би направиле такво нешто.
Драги пријатели, тешко ви е вам да се знаете себе си. Со цел да навистина се знаеме себе си, ние прво треба да го примиме искупението на гревовите. Потребно е долго време додека се придобие правилното знаење за нашата човечка природа, и има многу од нас кои што нема да го најдат ова се до денот на нивната смрт.
Познавајте се себе си
Како живеат оние кои што не се познаваат себе си?
Тие живеат лицемерен живот обидувајќи се да ја скријат нивната грешност.
Понекогаш ние се среќаваме со вакви луѓе кои навистина не се познаваат себеси. Сократел рече „Познавајте се себеси“. Меѓутоа, повеќето од нас не знаат што има во нашите срца: убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост , око лукаво....
Оној кој не се познава себе си го има отровот змиски на неговите/нејзините усни но зборува за добрини. Причината за ова е поради тоа што особата не знае дека тој/ таа беше роден/а како неизбежен/а грешник.
Има многу на овој свет кои што не ја знаат нивната вистинска природа. Тие се измамиле себе си и завршуваат живеејќи ги својот живот врзани во нивните сопствени заблуди. Тие не разбираат дека тие се фрлаат себе си во пеколот заради нивните сопствени измами.
Луѓето Непрекратно Истураат Гревови По Целиот Нивен Живот
Зошто одат тие во пеколот?
Затоа што тие не се познаваат себеси.
Ајде да прочитаме во Марко 7:21-23. „Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.“ (МК Библија 1990 год.)
Ајде да го замислиме човечкото срце да е направено од стакло/чаша и до врвот наполнето со гнасна течност, наречена, нашите гревови. Што ќе се случи ако човекот одеше напред назад, напред назад? Гнасната течност (грев) би била истурена насекаде. Ако човекот се помрдне гревот ќе се истури насекаде.
Ние, кои сме масса на грев, го живееме нашиот живот на тој начин. Ние истураме грев насекаде каде што одиме. Ние ќе погрешуваме целиот наш живот затоа што сме масса на грев.
Проблемот е што ние не сфаќаме дека сме масса на гревови, или со други зборови, семе на грев. Ние сме масса на грев и имаме гревови во нашето срце од денот на нашето раѓање.
Массата на грев е готова да префрли. Меѓутоа, луѓето не веруваат дека тие се, фактички, наследено грешници. Тие мислат дека други ги заведуваат на грев и заради тоа тие не се оние кои што се злобни.
Дури и преку извршувањето на гревот, луѓето мислат дека доволно е за нив да се измијат себе си за да гревот биде избришан. Тие само чистат откако самите тие цело време грешат и си кажуваат себе си дека тоа не е нивна грешка. Само заради тоа што себеси се чистиме дали тоа значи дека е во ред да продолжиме со истурување на грев. Нема корист од чистењето на надворешноста. Без разлика колку често ние ја чистиме надворешноста со нашите добри дела, се додека чашата е полна со грев тоа е бескорисно.
Кога чашата е полна со грев , таа ќе продолжи да го истура него. Нема никаква корист од чистењето на надворешноста. Без разлика колку често ние ја очистуваме надворешноста со нашите добродетелни дела, тоа е бескорисно се додека чашата е полна со грев.
Ние сме родени со толку многу гревови во нашите срца да тие нема никогаш да постанат празни; без разлика на тоа колку грев ние истураме по патот. Заради тоа, ние извршуваме гревови преку целиот нашиот живот.
Кога некој не сфаќа дека тој/таа е навистина само масса на грев, тој/таа продолжува да ја крие својата грешна природа. Гревот е во срцата на луѓето и не исчезнува со чистењето на површината. Кога ние ќе истуриме малку грев, ние го исчистуваме со крпа, а кога ќе истуриме пак грев, го чистиме со пешкир, потоа со черга, после тоа со четка... Ние се надеваме дека ако продолжиме со чистењето на хаосот повторно и повторно дека ќе биде чист, но тоа едноставно пак поново се истура.
Колку долго мислите дека ова ќе оди? Тоа продолжува се до денот на смртта на човекот. Луѓето дејствуваат грешно се до денот на нивната смрт. Ова е зошто ние треба да веруваме во Исус за да бидеме искупени. За да бидеме искупение ние треба прво да се знаеме себеси.
Кој може благодарствено да ја прими Исусовата љубов?
Грешниците кои што признаваат дека извршиле многу престапи.
Ајде да речеме дека има две особи кои што можат да бидат споредени со две чаши полни со гнасна течност. Двете чаши се полни со грев. Едната особа погледнува на себе си и си вели: „Колку грешна особа сум.“ Тогаш тој/таа се предава и тргнува да бара некој кој може да му помогне.
Но другата особа мисли да не е навистина злобна. Тој/таа не може да ја види массата на грев во себе си и мисли да не е толку грешен/а. Целиот живот тој/таа продолжува да го чисти истуреното. Тој чисти на една страна после на друга страна....брзо префрлајќи се на трета страна.....
Има исто така некои што претпазливо го живеат својот живот, обидувајќи се да имаат што најмалку грев за да го избегнат истурувањето на гревот. Но откако имаат грев во нивните срца за какво добро е ваквата претпазливост? Тоа што се претпазливи нема да ги одведе нив ништо поблиску до Небесата. Наспротивно „да се биде претпазлив“ ги става нив на пат кон пеколот.
Драги пријатели „самото обидување да се биде претпазлив“ води само кон пеколот. Ние треба да го примиме ова при срце. Кога луѓето се претпазливи, нивните гревови нема толку многу да бидат истурани, но сепак тие се грешници.
Што има во срцето на човештвото? Грев? Разврат? Да! Лоши мисли? Да! Дали има крадства? Да! Дрскост? Да!
Ние не можеме друго освен да го признаеме фактот дека сме масса на грев, посебно кога ќе се види ме себеси да дејствуваме грешно и злобно, без да сме научени на тоа.
Тоа не е толку многу очевидно додека сме млади. Но како е кога малку ќе пораснеме во години? Кога одиме во средно школо, факултет, и така натаму, ние доаѓаме до сфаќање дека се што ние имаме во внатрешноста наша е грев. Дали ова не е вистина? Да зборувам искрено, невозможно е да ја скриеме нашата грешна природа. Точно е? Ние не можеме друго освен да грешиме. Тогаш ние се покајуваме вака: „Не требаше да го сторам тоа.“ Меѓутоа, нам ние е невозможно да тоа навистински го промениме. Зошто е тоа така? Затоа што секој еден од нас е роден како масса на грев.
Ние не постануваме чисти едноставно со тоа што сме претпазливи. Што треба ние да знаеме со цел да бидеме целосно искупени е дека ние сме родени како масса на гревови. Само грешниците кои што благодарно го примаат искупението подготвено од Исус можат да бидат спасени.
Оние кои што мислат: „Јас не сум направил многу престапи или не сум погрешил многу,“ не веруваат дека Исус ги однесе сите нивни гревови и дека тие се на пат кон пеколот. Ние треба да знаеме дека секој еден од нас ја има оваа масса на грев во внатрешноста своја затоа што ние сме родени со тоа.
Ако некој мисли: „Јас не сум направил многу престапи ако можев да бидам искупен за само овие малку гревови,“ тогаш дали тој/таа накрај ќе биде ослободен/а од гревот? Овој случај никогаш не може да биде.
Оној кој може да биде искупен тој знае дека тој /таа е масса на гревови. Тој/таа навистина верува дека Исус ги однесе сите наши гревови со тоа што беше крстен во реката Јордан и дека Тој ја исплати платата за гревовите кога Тој умре за нас.
Дали сме или не сме искупени, ние сме наклони да живееме во илузија. Ние сме масса на гревови. Тоа е што ние сме. Ние можеме да бидеме искупени само ако веруваме дека Исус ги однесе сите наши гревови.
Бог не ги искупи оние кои што имаат “малку грев”
Кој е оној кој го лаже Господа?
Оној кој прашува опростение на секојдневните гревови.
Бог не ги искупува оние со само „малку грев.“ Бог нити пак погледнува на оние кои што велат: „Боже, јас имам само малку грев.“ Бог им покажува милост на оние кои што велат: „Боже, јас сум масса на грев. Јас одам во пеколот. Те молам спаси ме. Целосните грешници кои што велат: „Боже, јас ќе сум спасен, само ако Ти ме спасиш. Јас не можам повеќе да се молам покајнички затоа што јас не можам друго освен да постојано грешам, Те молам спаси ме.“
Бог ги спасува оние кои што целосно зависат од Него. Јас самиот се обидов да принесувам секојдневни покајнички молитви, но покајничките молитви никогаш не ме ослободија од гревот. Така, јас клекнав пред Бога и се молев: „Боже, те молам имај милост спрема мене и спаси ме од сите мои гревови“. Оние кои што се молат вака ќе бидат спасени. Тие доаѓаат до верување во искупението на Бога и на крштевањето на Исус од Јован Крстителот. Тие ќе бидат спасени.
Бог ги избавува само оние кои што знаат за себе си дека се масса на гревови, семе на злочини. Оние кои што велат: „Јас го извршив само овој мал грев. Те молам прости ми за тоа,“ сеуште се грешници и Бог не може да ги спаси нив. Бог ги спасува само оние кои што признаваат за себе си дека се целосно масса на грев.
Во Исаија 59:1-2, напишано е: „ Ете, раката на Господа не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша. Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.“ (МК Библија 1990 год.)
Затоа што ние сме родени како масса на гревови, Бог не може наивно да погледне на нас. Тоа не е зошто Неговата рака е прекратка, Неговото уво заглувнато, или дека Тој не може да не чуе нас како го бараме Неговото опростение.
Бог ни кажува: „Вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и Мене; и твоите гревови го сокрија Моето лице од тебе, за да не ве слушам.“ Затоа што ние имаме толку многу гревови во нашето срце, ние не можеме да влеземе во Небесата, дури и ако портите се ширум отворени.
Ако ние кои сме само масса на грев, бараме од Бога опроштение секогаш кога ќе погрешиме, тогаш Бог би требало често да го убива Својот Син. Бог не сака да го прави ова. Тој вели: „Не доаѓај кај Мене секој ден со твоите гревови. Јас го испратив Својот Син да те искупи од сите твои гревови. Се што треба да правиш е да разбереш дека Тој ги однесе сите твои гревови и да прифатиш дека тоа е вистината. Тогаш, верувај во евангелието на водата и Духот за да бидеш спасен. Ова е најголемата љубов која вие е дадов вам, таа е за вас, мое создание.“
Ова е што Тој ни кажува: „Верувај во Мојот Син и прими го искупението на твоите гревови. Јас, Твојот Бог, го испратив Мојот Син да умилостиви за сите твои гревови и беззаконија. Верувај во Мојот Син и биди спасен.“
Оние кои што не се знаат себе си да се масса на грев го бараат Неговото опроштение за секој еден мал грев. Тие одат пред Него знаејќи ја страшната пресуда за нивните гревови и само се молат: „Те молам опрости ми го овој мал грев. Јас нема повторно да го извршам.“
Тие исто така се обидуваат да го излажат Бога со ваквите молитви. Ние не извршуваме таков грев еднаш, но ние така правиме постојано се додека умреме. Ние би требало да продолжиме да се молиме за опростение се до денот кога ќе умреме, затоа што ние не можеме да престанеме да грешиме и нашето месо/тело му служи на законот на гревот се додека да умреме.
Опроштението на еден мал грев нема да го реши проблемот на гревот, затоа што ние извршуваме постојано гревови, секој ден. Така, единствениот начин спрема кој ние можеме да бидеме слободни од гревот е да ги положиме сите наши гревови на/врз Исус.
Што е човечката природа?
Масса на гревови.
Библијата ги наведува гревовите на човечките суштества: „ Зашто рацете ваше се осквернети со крв, а прстите ваши - со беззаконие; устата ваша говори лага, јазикот ваш искажува неправда. Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие; матат змијски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни - умира, ако, пак, ги скрши - отровна змија ќе използи - од нив. Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни. Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни - се мисли нечесни; по патеките нивни - опустошување и погибел. Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.“ (Исаија 59:3-8, МК Библија 1990 год.)
Човечките прсти се извалкани со злостори и се што прават тие по целиот живот е грешно. Се што прават е злобно. И нашите јазици „кажуваат лага“. Се што излегува од нашата уста е лага.
„Кога зборува лага, зборува од своето.“ (Јован 8:44, МК Библија 1999 год.) Оние кои што не се родени поново сакаат да велат: “Ти ја кажувам вистината... јас навистина ти кажувам. Јас што ти велам е вистината...“ Меѓутоа се што тие велат не е ништо друго освен лага. Тоа е како што е напишано: „Кога зборува лага, зборува од своето.“
Луѓето ја ставаат својата доверба во празни зборови и зборуваат лаги. Луѓето зачнуваат зло и раѓаат беззаконија. Тие лежат на змиски јајца и ткаат пајакова мрежа. Бог вели, „ако го изеде некој нивното јајце, умира, ако го скрши, од него излегува лутица.“ Тој вели дека има змиски јајца во нашите срца. Змиски јајца! Има зло во нашите срца. Затоа ние треба да бидеме искупени со верувањето во евангелието на водата и крвта.
Кога и почнам да зборувам за Бога, ги има оние кои што велат: „Ох, леле. Не зборувај ми за Бога. Секогаш кога сакам да направам нешто, грев се истура од мене. Тој (гревот) само се истура. Јас не можам никогаш еден чекор да направам без да истурам грев насекаде. Не можам друго. Јас сум преполн со грев. Јас сум безнадежен. Така не зборувај ми за Светиот Бог.“
Оваа особа знае сигурно дека е само масса на грев, но не знае дека Бог ја спаси него/неа целосно преку евангелието на Неговата љубов. Само оние кои што се знаат себе си да се масса на грев можат да бидат спасени.
Всушност, секој еден е таков. Секој еден постојано истура грев секаде каде што оди. Гревот само се истура затоа што сите луѓе се масса на грев. Единствениот начин за нас да бидеме спасени од ваквото постоење е преку силата Божја. Нели е тоа едноставно чудесно? Оние кои што истураат грев насекаде ,кога и да се вознемирени, среќни или да така им одговара, можат да бидат спасени преку нашиот Господ Исус Христос. Исус дојде да не спаси нас.
Тој ги целосно премавна сите твои гревови. Признај дека си масса на грев и биди спасен.