(Лука 10:25-30)
„И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: “Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?“ А Он му рече: “Што е напишано во Законот? Како читаш?“ Тој одговори и рече: “Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“ Му кажа пак: “Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.“ Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: “А кој е мојот ближен?“ Исус му одговори и рече: “Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.“ (МК Библија 1990 год.)
Кој е најголемиот проблем на луѓето?
Тие живеат со многу погрешни илузии.
Во Лука 10:28, “Тоа прави го и ќе бидеш жив!“.(МК Библија 1990 год.).
Луѓето живеат со многу погрешни илузии. Изгледа дека тие се особено ранливи на овој аспект. Тие изгледаат да се интелигентни но лесно се измамени и остануваат во незнаење за нивната злобна страна. Ние сме родени без да се познаваме себе си, но сепак ние живееме како да се знаеме себе си. Откако луѓето не се познаваат себе си, Библијата често ни кажува дека ние сме грешници.
Луѓето зборуваат за искуството од нивните гревови. Изгледа како да луѓето не се способни да прават добро, меѓутоа, тие се наклонети да се карактеризираат себе си како добри. Тие се фалат со нивните добри дела и се гордеат, мислејќи дека тие со нивните усни кажуваат да се грешници.
Тие не знаат дека немаат добро во нив нити пак ја имаат способноста да прават добро, така тие се обидуваат да ги измамат другите и понекогаш дури и се лажат себе си. „Ајде, де ние не можеме да бидеме целосно злобни. Мора да има нешто добро во нас.“
Соодветно на ова, тие погледнуваат на други и си велат себе си, „Би сакал да не го направеше тој тоа. Подобро ќе поминеше ако не го направеше тоа. Подобро ќе беше ако тој вака и вака говореше. Јас мислам дека подобро е за него да на ваков и ваков начин да го проповеда евангелието. Тој беше искупен пред мене, така да јас мислам дека тој треба да се однесува како еден кој е искупен. Нема долго време откако јас бев искупен, но ако јас учам добро, јас би го правел тоа многу подобро од него.”
Тие ги острат ножевите во нивните срца секогаш кога се ранети. „Ти само чекај, ќе видиш дека јас не сум како тебе. Ти можеш да мислиш дека си пред мене, но ти само чекај. Напишано е во Библијата дека оние кои дојдоа последни, први ќе бидат. Јас знам дека тоа се однесува на мене. Чекај и јас ќе ти покажам.“ Луѓето се лажат себе си.
Дури и ако овој човек беше на друго место тој би реагирал на истиот начин и би судел. Кога тој ќе се најде на говорница, тој почнува да пелтечи и е беспомошен затоа што тој е пресвесен за неговото облекло. Кога ќе ги прашаме луѓето дали тие имаат способност да вршат добрина, тие велат со нивните усни да немаат. Но во нивните срца, тие се во илузија дека тие ја имаат таа способност. Така тие се обидуваат напорно да бидат добродетелни се додека умрат.
Тие мислат дека тие имаат добрина во нивните срца и дека тие ја имаат способноста да вршат добрини. Тие исто така мислат дека тие се доволно добри. Без разлика колку долго тие се верници, особено меѓу оние кои постигнале поголем напредок во службата на Бога, тие мислат: „Јас можам ова и ова да го извршам за Бога“.
Но ако го извадиме Господа од нашиот живот, можеме ли ние навистина да вршиме добрини? Постои ли некакво добро во човештвото? Дали навистина ние можеме да живееме правејќи добрини? Човечките суштества не ја имаат способноста да прават добрини. Кога и да се обидат самите од себе да направат добрина, тие извршуваат грев. Некои откако ќе поверуваат го туркаат Исус на страна и се обидуваат да бидат самите од себе добри. Нема ништо друго освен зло во сите нас, така да ние можеме да само извршуваме злосторства. Самите од себе (дури и оние кои се спасени), ние можеме само да грешиме. Тоа е ралноста на нашето месо/тело.
Што правиме ние секогаш, добро или зло?
Зло.
Во нашата пофалби книга: „Славете го Името на Исус,“ има една песна која оди вака: „♪Без Исус ние само паѓаме. Ние сме безвредни како брод кој плови по морето без едро♪.“ Без Исус ние можеме само да погрешуваме, затоа што ние сме грешни суштества. Ние имаме способност да извршуваме праведни дела после, откако ќе сме спасени.
Апостолот Павле рече: „Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам “ (Римјаните 7:19, МК Библија 1990 год.) Ако една особа е со Исус не е важно, но кога особата е без Него, тој /таа се обидува да прави добро пред Бога. Меѓутоа, колку напорно се труди добро да прави толку повеќе зло извршува.
Дури и Царот Давид ја имаше истата вродена природа. Кога беше мирно и просперитетно во неговата земја една вечер, тој се искачи на балконот да се разоди малку. Таму, тој виде искушувачка слика и падна во сензуално задоволство. Каков беше тој кога тој го заборави Господа? Тој навистина беше злобен. Тој изврши прељуба со Вирсавија и го уби Уриј, нејзиниот сопруг, но тој не можеше да го види злото во себе си. Наспротивно на тоа, тој наоѓаше оправданија за неговите дела.
Тогаш еден ден, пророкот Натан дојде кај него и рече: „Во еден град имаше двајца луѓе - едниот богат, а другиот сиромав;богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток,а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка, при богатиот човек дојде еден странец; и нему не му се свиде да земе од овците или од воловите свои, за да зготви ручек на странецот, кој беше дошол при него, туку ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја приготви неа на човекот, што беше дошол при него.“ (2 Самуил 12:1-4, МК Библија 1990 год.)
Давид рече: „Жив ми Господ! Смрт заслужува оној човек, што го направил тоа;“Неговата лутина беше значително возбудена, така да тој рече: „Тој самиот толку е богат и има толку свои овци; тој требаше едно од своите да заколе. Но наспроти, тој ја зеде овчичката на бедниот, неговата единствена, за да ја зготви за неговите гости. Тој треба да умре!“ тогаш Натан му кажа него: „Ти си тој човек“. Ако не го следиме Исуса и ако не сме со Него, дури и поново родените можат да направат вакви дела.
Тоа истото важи за сите луѓе дури и за верниците. Така да ние денес сме благодарни дека Исус не спаси, и покрај злото во нас. „♪Јас сакам да се одморам под сенката на Крстот♪“ Нашите срца мируваат под сенката на искупението на Христа, но ако заминеме од сенката и погледнеме на себе си, ние никогаш не можеме да мируваме.
Бог ни ја даде правдата на верата пред Законот
Кое може побрзо да се следи, верата или Законот?
Верата.
Апостолот Павле рече дека Бог ни ја даде правдата на верата од почетокот. Тој им ја даде на Адам и Ева, Каин и Авел, Сет и Енох, Ноа, Авраам, Исак, и конечно на Јаков и неговите дванаесет синови. Дури и без Законот, тие постанаа праведни пред Бога преку правдата која дојде од верата во Неговото Слово. Тие беа благословени и им беше даден мир со верата во Неговото Слово.
Времето помина и Јаковите потомци живееја во Египет како робови за време на 400 години заради Јозеф. Тогаш, Бог ги изведе нив оттаму преку Мојсеј, во земјата на Канаан. Меѓутоа, за време на тие 400 години на ропство тие ја заборавија правдата на верата.
Така Бог ги остави да поминат преку Црвеното Море преку Неговото чудо и ги водеше нив во пустината. Кога тие стигнаа во пустината на Сур, Тој им го даде нив Законот на планината Синај. Тој им го даде ним Законот, кој ги состоеше Десетте заповеди и 613 образложени члена. Бог изјави: „Јас сум Господ, твојот Бог, Бог на Аврам, Бог на Исак и Бог на Јаков. Нека Мојсеј се качи горе на планината Синај, и јас ќе ви го дадам Законот.“ Тогаш Тој му го даде Законот на Израел.
Тој им го даде ним Законот за да тие можат да имаат „познавање на гревот“ (Римјаните 3:20, МК Библија 1999 год.) Тоа беше за да ги информира нив за она кое Он го сака и мрази и да ја открие Неговата правда и светост.
Сите луѓе на Израел кои што беа поробени во Египет за време на 400 години го преминаа Црвеното море. Тие никогаш не го сретнале Господ на Аврам, Господ на Исак и Господ на Јаков. Тие не го познаваа Него.
Додека тие живееја како робови за време на 400 години, тие заборавија за правдата Божја. Во тоа време, тие немаа водич. Јаков и Јозеф беа нивни водичи, но тие беа умрени многу одамна. Изгледаше како Јозеф да не успеа да ја предаде верата на своите синови, Манасиј и Ефраим.
Заради тоа, тие мораа да го најдат Бога и да се запознаат со Него затоа што тие беа заборавиле за Неговата правда. Ние треба да имаме на памет дека Бог им ја даде нив прво правдата на верата, и тогаш им го даде Законот, после тоа откако тие ја заборавија верата. Тој им го даде ним Законот за да ги врати нив кон Него.
За да го спаси Израел и да ги направи нив Негов народ, Тој им рече да бидат обрежани.
Целта зошто Бог нив ги повика беше за да им каже дека Тој постоеше со основањето на Законот и второ, за да им каже дека тие се грешници пред Него. Бог сакаше да тие дојдат пред Него и да постанат Негов народ со нивното искупение преку жртвениот систем кој Тој им го даде ним. И тој ги направи нив Негови луѓе.
Луѓето на Израел беа искупени преку жртвениот систем на Законот преку верата во Месијата кој требаше да дојде. Но жртвениот систем исто така почна да избледува со текот на времето. Ајде да видиме кога беше тоа.
Во Лука 10:25, еден законик кој го искушуваше Исуса е спомнат. Законикот беше Фарисеј. Фарисеите беа ехтремни конзервативци кои се обидуваа да живеат според Законот Божји. Тогаш, ги имаше исто така и Зелотите, кои беа многу стремителни и беа склони на насилства со цел да ја постигнат нивната визија, т.е. независност на Израел од Рим.
Кои сакаше Исус да ги сретне?
Грешници без пастир.
Има и некои религиозни фигури како и нив дури и денес. Тие водат социјални движења со мото како: „Спасете ги угнетуваните луѓе на светот.“ Тие веруваат дека Исус дојде да ги спаси сиромашните и угнетените. Така, откако ќе завршат теологија во семинари, тие земаат учество во политиката, и се обидуваат да ги избават лишените“ од секој дел на општеството.
Тоа се оние кои инсистираат вака: „Ајде сите да живееме според светиот и милостив Закон....да живееме според Законот, преку Неговото Слово.“ Но тие не ја разбираат суштината на Законот. Тие се обидуваат да живеат според буквата на Законот додека не го познаваат божественото откровение на Законот.
Заради тоа ние можеме да речеме дека немаше пророци, слуги Божји, во Израел за време на 400 години пред Христа. Заради ова, тие постанаа стадо на овци без пастир.
Тие ниту го имаа Законот ниту пак имаа вистински водич. Бог не се откри преку лицемерните религиозни водачи од тоа време. Земјата беше постанала колонија на Римската Империја. Така, Исус им рече на тие луѓе од Израел кои го следеа Него во пустината дека Тој нема да ги испушти гладни. Тој му се смилува на стадото без пастир затоа што беа многу кои што страдаа во тоа време.
Закониците и другите со вакви позиции беа оние кои што беа носители на привилегија; фарисеите беа од православно родословие на Јудаизмот. Тие беа многу горди.
Овој законик го праша Исуса во Лука 10:25: „ Што да направам за да добијам живот вечен?“ (МК Библија 1990 год.) Изгледа како да тој мислеше да нема подобар од него измеѓу луѓето на Израел. Така овој законик (еден кој не беше искупен) го искуша Него, велејќи: „Што да направам за да добијам живот вечен?“
Законикот е само рефлексија на самите нас. Тој го праша Исуса: „Што да направам за да добијам живот вечен?“ Исус одговори: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ (МК Библија 1990 год.)
Така тој одговори: „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“ (МК Библија 1990 год.)
И Тој му рече: “Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.“ Исус му рече него: “Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.“
Тој го искушуваше Исуса не знаејќи дека самиот е злобен, грутка на гревови кој никогаш не може да прави добро. Така Исус го праша: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“
Како го читаш ти Законот?
Ние сме грешници кои никогаш не можеме да го чуваме Законот.
„Како читаш?“ Со овој стих Исус прашува како некој, вклучувајќи ме мене и вас, го знае и разбира Законот.
Како што многу луѓе на денешницава мислат, така и овој законик мислеше дека Бог го даде Законот за да се држиме за него. Така тој одговори: „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“
Законот беше без грешка. Тој ни го даде нас совршениот Закон. Тој ни рече да го љубиме Господа со целото наше срце и душа, со сета наша сила и ум и да го љубиме нашиот ближен како себе си. Правилно е за нас да го љубиме нашиот Бог со целото наше срце и целата наша сила, но тоа е света заповед која никогаш ниеден не може да ја одржи.
„Како читаш?“ значи дека Законот е правилен и точен, но како го разбираш ти него? Законикот мислеше дека Бог му го даде него Законот за да тој му се покорува. Меѓутоа, Законот Божји ни беше даден нас за да ние ги разбереме нашите слабости, преку целосното откривање на нашите беззаконија. „Ти си погрешил“. Ти уби кога ти реков да не убиваш. Зошто не ми се покори Мене?“
Законот ги открива гревовите во срцата на луѓето. Ајде да претпоставиме дека на мојот пат навака јас видов неколку зрели дињи во полето. Бог ме предупреди во Законот: „Не земај од дињите. Ќе Ме засрамиш ако земеш. “ „Да, Оче.“ „Сопственик на полето е господинот тој и тој, заради тоа, ти не смееш никогаш да земеш од дињите.“ „Да, Оче.“
Во мигот кога ние ќе слушнеме дека не смее да земеме од дињите, ние чувствуваме склоност да ги земеме. Ако една прачка ја туркаме надолу в земја, кога ќе ја отпуштиме таа во реакција ќе се исправи. Гревовите на луѓето се исто такви.
Бог ни кажа нас никогаш да не правиме злосторства. Бог може да го рече тоа затоа што Тој е свет, совршен и ја има способноста да прави така. Од друга страна ние не можеме „никогаш“ да не грешиме и не можеме „никогаш“ да бидеме чисто добри. Ние „никогаш“ немаме добро во нашите срца. Законот е утврден со зборот „никогаш.“ Зошто? Затоа што луѓето имаат похоти во нивните срца. Ние не можеме друго освен да дејствуваме од нашата страст/похот. Ние извршуваме прељуба затоа што имаме прељуба во нашите срца.
Ние треба внимателно да ја читаме Библијата. Кога јас прво се обидов вака, јас го анализирав Словото буквално. Јас прочитав дека Исус умре на Крстот за мене и не можев да престанам да плачам. Јас бев толку злобен човек и Тој умре за мене на Крстот, за мене... Моето срце ме толку болеше што јас верував во Него. Тогаш јас мислев: „Ако верувам, тогаш јас морам да верувам според Словото.“
Кога јас ја читав книгата Излез глава 20, вели: „Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.“ (МК Библија 1999 год.) Јас се молев во покаение според оваа заповед. Јас се трудев да се сетам дали јас некогаш сум имал други богови пред Него, дали сум го повикувал Неговото име напразно, или дали некогаш сум обожавал други богови. Јас сфатив дека јас сум обожавал други богови многу пати порано за време на ритуалите во чест на моите предци. Јас го извршив гревот на имањето други богови пред Него.
Така јас покајано се молев: „Господи, јас обожавав идоли. Јас треба да бидам осуден за тоа. Те молам прости ми ги моите гревови. Јас нема тоа повеќе да го правам.“ Потоа изгледаше како да еден грев беше решен.
Јас се обидов да се сетам дали сум го повикувал Неговото име залудно. Тогаш се сетив дека кога јас за прв пат почнав да верувам во Бога, јас пушев цигари. Моите другари ми велеа, “Не му нанесуваш ли срам на Бога со своето пушење на цигари? Како може Христијанец да пуши цигари?“
Тоа е исто како повикувањето на Неговото име на празно, или не е? Така јас се молев повторно: „Господи, Јас го повикував Твоето име напразно. Те молам прости ми. Јас ќе престанам со пушењето“. Така јас се обидов да престанам да пушам цигари но сепак продолжував да палам цигари и скоро цела година беше вака. Навистина тешко ми беше, скоро невозможно да престанам со пушењето. Но конечно, јас успеав целосно да престанам со пушењето. Јас осетив како да и друг грев беше решен.
Следната беше: „Чувај ја Саботата света!“ Ова значеше дека јас не смеев да извршува други работи во недела; не смеев да работам или да заработувам.... Така јас престанав исто така и со тоа.
Понатаму доаѓаа: „Почитувај ги својот татко и мајка.“ Јас можев да ги почитувам кога не бев во нивна близина, но штом бев во близина имав како некој срцев удар. „Ох, леле, јас сум погрешил пред Бога. Те молам прости ми, Господи“. Јас се молев покајано.
Но јас не можев повеќе да ги почитувам своите родители затоа што двајцата беа мртви. И сега што можев да правам? „Господи, те молам прости му на овој безвреден грешник. Ти умре на Крстот за мене. Колку благодарен бев јас за ова!“
На ваков начин, јас мислев дека можам да ги решам моите гревови еден по еден. Имаше и други закони, како што се не убивај, не извршувај прељуба, не блудствувај... Се до денот додека сфатив дека ниту еден закон не сум држел, јас се молев по цела ноќ, секоја ноќ. Но знаете покајаното молење не е пријатно. Ајде да зборуваме за тоа.
Кога мислев на Исусовото распнување, јас можев да претпоставам колку болно тоа беше. И Тој умре за нас кои што не можевме да живееме според Неговото Слово. Јас плачев цела ноќ мислејќи колку Тој ме љубеше и Му благодарев зашто Тој ми даде вистинско задоволство.
Мојата прва година в црква беше многу лесно, но двете години потоа стануваше се потешко и потешко за мене да плачам од покаение зошто јас морав напорно да размислувам за да можев да плачам толку често.
Кога солзите не доаѓа јас одев во планините да се молам и постев три дена. Тогаш солзите се враќаа. Јас бев мокар од плачењето, се вратив во заедницата и плачев в црква.
Луѓето околу мене велеа: „Ти стана толку многу посвет со твоите молитви во планините.“ Јас размислував за злочините кои што ги извршив против моите другари и ближните мои Христијани и пак плачев. После 4 години на ова, солзите мои пресушеа. Јас имав солзени клетки во моите очи ама тие повеќе не работеа.
После 5 години, без разлика што и да правев, јас не можев да плачам. Мојот нос се размрсулуваше но немав солзи. Уште неколку години вака мене ми се згади од себе си, така Бог ме натера пак да се вратам во Библијата.
Законот е за познавање на гревот
Што мораме да сфатиме за Законот?
Не можеме никогаш да го чуваме.
Во Римјаните 3:20, ние читаме: „Зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (МК Библија 1999 год.) Јас го сметав овој стих како лична порака до апостолот Павле и само се обидував да верувам во зборовите во кои што јас сакав да верувам. Но откако моите солзи се исушија, јас не можев да продолжам со мојот религиозен живот на верата.
Така јас постојано погрешував и пронајдов дека јас имам грев во моето срце и дека не е можно да јас живеам по Законот. Јас не можев ова да го прифатам, но исто така и не можев да го презирам Законот затоа што јас верував дека Законот е даден за да бидеме покорни на него. На крајот, јас постанав законик, како оние кои што се спомнати во Словото. Стана многу тешко за мене да го продолжам религиозниот живот на вера.
Јас имав толку многу гревови така што додека го читав Законот, јас почнав да сфаќам како јас ги престапував сите десет заповеди во моето срце. Погрешувањето во срцето е исто така извршување на грев, и така јас станав ненамерно верник на Законот.
Кога го чував Законот јас бев среќен. Но кога не можев да го чувам Законот, јас постанував мизерен, лут и тажен. Накрај, јас почнав да очајувам за сето тоа. Колку лесно ќе ми беше ако од почетокот бев научен за вистинското знаење на Законот и тоа вака: „Не, не. Законот има друго значење. Законот ти покажува тебе дека си грутка грев; дека ги љубиш парите, го љубиш спротивниот пол и ги љубиш работите кои се убави за поглед. Ти имаш работи кои што ги љубиш повеќе од Бога. Ти сакаш да ги следиш делата на светот. Законот ти беше тебе даден, не за да го чуваш, туку за да се познаеш себе си како грешник со зло во срцето.“
Само ако некој ме научеше за вистината, тогаш јас немаше да страдам цели 10 години. Така, јас живеев под законот десет години пред да го сфатам ова.
Четвртата заповед е: „Чувај ја саботата, да ја чуваш света.“ Тоа значи дека не смееме да работиме во сабота. Нас не учеа дека треба да пешачиме, а не да се возиме или да патуваме на долга дестинација во саботата. Јас мислев дека почесно и подостојно е да пешачам до местото каде што требаше да проповедам. Покрај тоа јас го проповедав Законот. Така, јас се чувствував дека јас треба да го извршувам она што го проповедам. Тоа беше толку тешко така да јас само што не се предадов.
Како е запишано овде: „Како читаш?“ Јас не го сфатив прашањето и страдав цели 10 години. Законикот исто така погрешно го сфати. Тој мислеше дека ако тој го чуваше Законот и живееше претпазливо, тој ќе биде благословен пред Бога.
Но Исус му рече него: „Како читаш?“ Човекот одговори според неговата легална вера. И после Тој му рече на човекот: „Да, ти право одговори; ти го земаш тоа како што е напишано. Пробај и чувај го. Ќе живееш ако го правиш тоа, но ќе умреш ако не го правиш тоа. Платата што ја дава гревот е смрт. Ќе умреш ако не го чуваш.“ (Спротивното на живот е смрт, така е?)
Но законикот пак не го сфати. Законикот е како секој еден од нас, ти и јас. Јас студирав теологија 10 години. Јас се пробав, се прочитав, и се направив: постење, имав илузии, зборував на звучен јазик...Јас ја читав Библијата 10 години и очекував нешто да постигнам. Но духовно, јас сеуште бев слепец.
Затоа грешникот треба да се сретне со некој кој треба да му ги отвори очите, и тој некој е нашиот Господ Исус Христос. Тогаш особата може да сфати вака: „Аха, тоа е значењето!“ Ние никогаш не можеме да го чуваме Законот. Без разлика колку напорно ние се обидуваме да се придржуваме по Законот, ние само очајно ќе умреме обидувајќи се. Но Исус дојде да не спаси нас со вода и со Дух! Алелуја! Водата и Духот можат да не избават нас. Тоа е благодатта, дарот Божји. Така ние го славиме Бога.
Среќа имав што се отстранив од беспомошната линија на легализмот, но некои го користат нивниот цел живот залудно учејќи теологија и никогаш не ја сфаќаат вистината се до денот кога ќе умрат. Некои луѓе веруваат со векови или од генерација на генерација, но никогаш не се поново родени.
Ние се дипломираме од тоа што сме грешник кога ќе сфатиме дека не можеме никогаш да го чуваме Законот, тогаш треба да стоиме пред Бога и да го слушаме евангелието на водата и Духот. Кога ќе се сретнеме со Исус, ние сме дипломирани од сите осуди и проклетства. Ние сме најлошите грешници, но ние можеме да станеме праведни затоа што Тој не спаси нас со водата и со крвта.
Исус ни кажа нас дека ние никогаш не можеме да живееме по Неговата волја. Тој му го кажа ова на законикот, но тој не го разбра. Така Исус му кажа приказна за да му помогне да разбере.
Што ги прави луѓето да паднат од животот на верата?
Гревот.
„Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.“ (Лука 10:30, МК Библија 1990 год.). Исус му ја кажа на законикот оваа приказна за да го разбуди него од фактот дека тој страдал целиот негов живот, исто како што и човекот беше ранет од разбојниците и полумртов оставен.
Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон. Ерихон го претставува светскиот свет додека Ерусалим го претставува градот на религијата; град на вера, населен со луѓе фалбаџии на законот. Оваа приказна ни кажува нас дека ако ние веруваме во Христа на само религиозен начин, ние ќе бидеме уништени.
„Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.“ Ерусалим беше голем град со големо население. Таму имаше Првосвештеник, група свештеници, Левити и надворешни луѓе на религијата. Имаше многу кои што добро го знаеја законот. Таму тие се обидуваа да живеат по Законот, но накрај тие паднаа и слегоа во Ерихон. Тие продолжија да паѓаат во светот (Ерихон) и не можеа, а да не налетаат на разбојници.
Човекот исто така налета на разбојници на својот пат од Ерусалим кон Ерихон и беше соблечен од неговото облекло. „Да се биде соблечен од твојата облека“ тоа значи дека тој ја загуби својата праведност. Невозможно е за нас да живееме по законот. Апостолот Павле рече во Римјаните 7:19-20: „Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене.“ (МК Библија 1990 год.)
Јас сакам да правам добро и да живеам во Неговото слово. Но во срцата на луѓето има лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство (Марко 7:21-23, МК Библија 1990 год.)
Затоа што тие се во нашите срца и излегуваат понекогаш надвор, ние го правиме она што не сакаме да го правиме и не го правиме она што треба да го правиме. Ние продолжуваме да ги повторуваме овие злочинства во нашите срца. Што ѓаволот може да направи е само да ни даде мала подбуда за тоа.
Гревовите во срцата на сите човечки суштества
Можеме да живееме по Законот?
Не.
Речено е во Марко 7: „Ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни, “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. (МК Библија 1990 год.)
Исус ни кажува нас дека има лоши мисли, разни видови блуд, убиства,кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство во срцето на човекот.
Ние сите имаме убиство во нашите срца. Нема ниту еден кој нема убиство. Мајките им викаат на децата: „Не прави го тоа. Јас ти реков да не го правиш тоа така, проклет да си. Ти кажав сто пати да не го правиш тоа. Ќе те убијам ако пак го направиш тоа. Ти реков не прави го тоа.“ Вие можеби ги убивте вашите деца во вашите мисли со несмислените зборови.
Нашите деца мораат да се живи зошто тие брзо бегаат од нас; но ако ние го допуштивме нашиот гнев врз нив ние можеме да ги убиеме. Понекогаш ние се плашиме од себе си. „О, Господи зошто го направив тоа?“ Ние ги гледаме синилата на нашите деца откако ќе ги претепаме и мислиме дека сме биле луди штом сме тоа го направиме. Ние не можеме друго освен да дејствуваме на таков начин затоа што ние имаме убиство во нашите срца.
Така, „Го вршам она, што не го сакам“, значи дека правиме зло затоа што сме зли. На Сатаната многу лесно му е да не искушува.
Ајде да речеме дека еден човек кој не бил искупен седеше во една колиба 10 години, гледајќи в ѕид и медитирајќи како Санкчол, големиот Кореански калуѓер. Добро е додека тој седи со неговото лице кон ѕидот, но некој мора да дојде да му донесе јадење и да го изнесе неговиот измет.
Тој мора да има контакт со некого. Не би било многу тешко ако ваквиот контакт е машка особа, но ајде да речеме дека е прекрасна жена. Ако на прилика се случи да тој ја виде, целото време кое што тој го отседнал во колибата би било попусто. Тој може да мисли: „Јас нема да извршам прељуба; го имам тоа во моето срце, но јас морам да го премавнам. Јас морам да го истерам. Не! Излегувај од мојата памет!”
Не, неговата решителност испарува кога тој ќе ја види неа. 5 години од неговите аскетични вежби се претвораат во ништо, се е залудно.
Толку лесно е за Сатаната да ја одземе правдата на една особа. Се што Сатаната треба да направи е да му даде само еден поттик. Кога особата се бори да не греши без да биде искупена, тој/таа наспротивно паѓаат во грев. Таквата особа може секоја недела верно да плаќа десетица, да пости 40 години, да принесува 100 поклонувачки молитви... но Сатаната го искушува и го лаже него/неа со на изглед добри дела во животот.
„Јас би сакал да ти дадам добра позиција во бизнисот, но ти си Христијанин и ти не можеш да работиш во Недела, или можеш? Тоа е толку голема позиција. Можеби можеш да работиш 3 недели и да само еднаш месечно одиш в Црква. Тогаш ќе уживаш во толку голем престиж и ќе имаш голема плата. Како ти изгледа тоа?” На ова можеби 100 од 100 луѓе ќе бидат купени.
Ако тоа не работи, Сатаната игра со друг трик на луѓето кои се заробени во страста за жените. Сатаната му става жена пред него и тој се заљубува во неа така да заборава за Бога во истиот момент. Ова е како правдата на човекот е соблечена.
Ако се обидеме да живееме по Законот, сите ние на крајот ќе имаме рани од гревот, болки и духовна сиромаштија; ние ја губиме сета правда. “Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.“ (МК Библија 1990 год.)
Ова значи дека ние и покрај тоа што се обидуваме да останеме во Ерусалим преку живеење по волјата на Светиот Бог, ние ќе се сопнеме од време на време и на крај ќе бидеме уништени.
Вие можете сеуште да се молите во покаение пред Бога. „Господи, јас погрешив. Те молам прости ми; Јас нема тоа повеќе да го правам. Јас Ти ветувам дека ова навистина ќе ми биде последниот пат. Те молам и ти се умолувам да ми простиш само уште еднаш.“
Но тоа никогаш долго не трае. Луѓето не можат да живеат на овој свет без да грешат. Тие можеби имаат можност да се оттргнат од тоа неколку пати, но би било невозможно да не погрешат повторно. Така, ние не можеме друго освен повторливо да извршуваме гревови. „Господи те молам прости ми.“ Ако ова продолжи, тие ќе се отстранат од црквата и накрај ќе го остават својот религиозен живот. Тие се оддалечуваат од Бога заради нивните гревови и накрај завршуваат во пеколот.
Да се патува кон Ерихон значи да се падне во светскиот свет; Приближувајќи се се поблиску до светот и подалеку од Ерусалим. Во почетокот, Ерусалим е сеуште блиску, но откако циклусот на грешење и покаение е повторен, ние се наоѓаме себе си надвор стоејќи во центарот на Ерихон; паднати длабоко во светот.
Кои можат да бидат спасени?
Оние кои се откажуваат од создавањето на својата праведност.
На кого налета човекот на пат кон Ерихон? На разбојници/крадци. Оној кој не знае и живее по законот, тој живее сличен живот како на напуштено куче. Тој/таа пие, насекаде спие и се моча насекаде. Ова куче се разбудува другиот ден и почнува пак да пие. Напуштеното куче би го изело и својот измет. Затоа ваквата особа е наречена куче. Тој /таа знае да не пие но сепак прави така и се покајува другиот ден, постојано повторувајќи го истиот процес.
Исто е како човекот кој налета на разбојници на патот кон Ерихон. Тој беше оставен, ранет и полумртов. Тоа значи дека тој има само грев во срцето. Ова е што човекот е.
Луѓето веруваат во Исус додека се обидуваат да живеат по Законот во Ерусалим, религиозните заедници, но се оставени со само грев во нивните срца. Се што тие мора да покажат за нивниот религиозен живот се нивните рани од грев. Оние со грев во нивните срца се фрлени на крај во пеколот. Тие го знаат тоа, но не знаат што да прават. Ние сите бевме исти.
Законикот кој погрешно го сфати Законот Божји се бореше целиот негов живот, но сепак заврши во пеколот,ранет. Тој беше еден од нас, како тебе и мене.
Само Исус може да не спаси. Има толку интелигентни луѓе околу нас и тие постојано се фалат за она за кое што имаат знаење. Тие сите се преправаат да живеат по Законот и не се искрени со себеси. Тие не можат лопатата да ја наречат лопата, но секогаш се фалат со нивниот изглед, да изгледаат како верни.
Помеѓу нив има грешници на пат кон Ерихон, оние кои се претепани од разбојници и оставени полумртви. Ние мора да знаеме колку кревки ние сме пред Бога.
Ние треба да признаеме пред Него: „Господи, јас ќе одам во пеколот ако Ти не ме спасиш мене. Те молам спаси ме. Јас ќе одам каде што Ти сакаш, каде и да врни или грми само да го слушнам вистинското евангелие. Ако Ти ме оставиш сам, јас ќе одам во пеколот. Јас те молам да ме спасиш.“
Оние кои што знаат дека тие се на пат кон пеколот и се предаваат од обидувањата да се здобијат со своја праведност, додека се обесуваат на Господа, се оние кои што можат да бидат спасени. Ние никогаш не можеме да бидеме спасени со нашите дела.
Ние мораме да сфатиме дека ние сме како човекот кој налета на разбојници.