(Јован 8:1-12)
„A Исус отиде на Маслиновата Гора. Утредента пак дојде во храмот и сиот народ доаѓаше кај Него. А Тој седна и ги поучуваше. Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него фатена во прељубодејство; откако ја поставија насреде и Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во прељубодејство на дело. А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме; Ти, пак, што велиш? Тоа го рекоа за да Го искушаат и да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги. Кога продолжија да го прашуваат Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите па до последните: останаа само Исус и жената, која стоеше насреде. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус и рече: „Жено , каде се оние кои те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ А таа рече: „Никој Господи.“ Исус и рече: „Ниту Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“ И пак им рече Исус, велејќи: Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на животот.“ (МК Библија 2009 год.)
Колку гревови премавна Исус?
Сите гревови на светот.
Исус ни даде нас вечно искупение. Нема ниту еден на овој свет кој не би можел да биде искупен, ако тој/ таа верува во Исус како негов/нејзин Спасител. Тој не искупи сите нас. Ако има грешник кој се измачува заради неговите/нејзините гревови, тоа е заради неговото/нејзиното недоразумение (незнаење) за тоа како Исус не искупи нас од сите наши гревови со Неговото крштевање и распнување.
Ние сите треба да знаеме и да веруваме во тајната на спасението. Исус ги однесе сите наши гревови со Неговото крштевање и ја исплати осудата за сите наши гревови со Неговата смрт на Крстот.
Вие треба да верувате во спасението на водата и Духот; вечното искупение од сите гревови. Вие треба да верувате во Неговата голема љубов која веќе не направи праведни. Верувајте во она што Тој го направи за вашето спасение во реката Јордан и на Крстот.
Исус исто така знаеше и за сите наши скриени гревови. Некои луѓе имаат погрешно разбирање за значењето на гревот. Тие мислат дека некои гревови не можат да бидат искупени. Исус ги однесе сите гревови, сите.
Нема грев на светот кој Исус го изоставил од искупението. Затоа што Тој ги премавна сите гревови на овој свет, вистината е дека нема повеќе грешници. Дали сфаќате дека евангелието ги искупи сите наши гревови, дури и вашите идни гревови? Верувајте во тоа и бидете спасени, и дајте му ја сета слава на Бога.
Жената која беше фатена на дело на прељуба
Колку луѓе во светот извршуваат прељуба?
Сите луѓе.
Во Јован 8 запишана е една приказна за една жена која беше фатена на дело на прељуба и ние можеме да видиме како Исус ја спаси неа. Ние би сакале да ја поделиме благодатта која жената ја прими. Не е премногу да се рече дека сите човечки суштества извршуваат прељуба во некој момент на нивниот живот. Секоја една особа извршува прељуба.
Ако мислите дека не е така, ваквото мислење доаѓа од тоа што тоа толку често го извршуваме така да изгледа како да не го извршуваме. Зошто? Ние живееме со многу прељуба во нашето срце.
Погледнете ја жената во Јован 8. Јас размислувам дали има особа измеѓу нас која не извршила прељуба. Нема ниту една особа која не извршила прељуба, исто како што и жената беше фатена на дело на прељуба. Сите ние сме го направиле тоа, но ние се преправаме дека не сме го направиле тоа.
Мислите дека сум во грешка? Не, јас не сум во грешка. Погледнете внимателно во внатрешноста. Секој еден на лицето на земјата го извршил/а тоа. Тие извршуваат прељуба додека гледаат на жените по улиците, во нивните мисли и во нивните дела, секогаш и секаде.
Тие само не сфаќаат дека тоа го прават. Има многу луѓе кои не сфаќаат се до смртта дека тие безбројно многу прељуба извршиле преку целиот живот. Не само тие што биле фатени на тоа, но и сите ние кои не сме фатени на тоа. Не е ли ова дел од нашиот живот?
Дали се вознемиривте? Тоа е вистината. Ние сме дискретни за тоа, затоа што се срамиме. Вистината е дека луѓето на ова време извршуваат прељуба секое време, но не сфаќаат дека го прават тоа.
Луѓето извршуваат прељуба исто така и во нивната душа. Ние, кои сме создадени од Бога, живееме на земјава без да сфатиме дека и ние исто така извршуваме духовна прељуба. Обожавањето на други богови е исто како извршување на духовна прељуба затоа што Господ е единствениот Сопруг на целото човештво.
Жената која беше фатена на дело на прељуба, беше човечко суштество, исто како и нас, и таа ја прими благодатта Божја, исто како што и ние кои сме искупени ја примивме. Но лицемерните Фарисеи ја направија неа да стои во средината на нивната присутност и ја покажуваа со прсти како да тие се судии, и беа спремни и готови да скоро фрлат камења на неа. Тие беа готови да ја изобличат и да ја осудат неа како да тие самите беа чисти и никогаш не извршиле прељуба.
Драги христијани, оние кои се познаваат себе си да се масса на грев, не им судат на други пред Бога. Наспротив, знаејќи дека и тие исто така извршуваат прељуба во нивниот живот, тие ја примаат благодатта Божја која не искупи нас сите. Само оние кои сфаќаат дека се грешници кои што извршиле прељуба сите заедно се квалификувани да бидат искупени пред Бога.
Кој ја прима Божјата благодат
Кој ја прима Божјата благодат?
Недостојниот.
Дали некој кој живее чисто без извршување на прељуба ја прима Неговата благодат или дали недостојниот, оној кој признава да е грешник ја прима Неговата благодат? Оној кој ја прима благодатта е тој кој ја прима изобилната благодат на Неговото искупение. Оние кои што не можат да си помогнат, кои се слаби и неспособни, примаат искупение. Тоа се оние кои се во Неговата благодат.
Оние кои што мислат дека се без грев не можат да бидат искупени. Како можат тие да ја примаат благодатта на Неговото искупение кога нема што да биде искупено?
Книжниците и Фарисеите ја одвлекоа жената која беше фатена на дело на прељуба пред Исус, ја ставија во нивната средина и го прашаа Него: „Учителе, оваа жена е фатена во прељубодејство на дело. Ти, пак, што велиш?“ Зошто тие ја донесоа жената пред Него и зошто го искушуваа Него?
Тие самите имаа исто така извршено прељуба многу пати, но тие се обидуваа да ја осудат и да ја убијат неа преку Исуса додека исто така сакаа да ја стават вината на Него.
Исус знаеше што имаа тие на памет и знаеше се за жената. Така, тој рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ Тогаш книжниците и Фарисеите, почнувајќи од најстарите до најмладиот си заминаа и Исус остана сам со жената.
Оние кои што заминаа беа книжниците и Фарисеите, религиозните водачи. Тие беа скоро да ја осудат жената која беше фатена на дело на прељуба како да тие самите не беа грешници.
Исус ја изјави Неговата љубов на овој свет. Тој е Господар на љубовта. Исус им даде на луѓето храна, ги воскреснуваше мртвите, му даде живот на синот на вдовицата, го воскресна Лазара од Витанија, ги излече лепрозните, и изврши чудеса за сиромасите. Тој ги одзеде сите гревови на грешниците и им даде нив спасение.
Исус не љуби нас. Тој е Најмоќниот Еден кој може се. Но Фарисеите и книжниците мислеа за Него да Тој им е непријател. Затоа тие ја донесоа жената пред Него и го искушуваа.
Тие прашаа: „ А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме; Ти, пак, што велиш?“ Тие мислеа дека Тој ќе им рече да ја каменуваат. Зошто? Ако бевме да судиме според Законот тогаш секој еден без исклучок кој извршил прељуба треба да биде каменуван до смрт.
Сите треба да бидат каменувани до смрт и сите се на пат кон пеколот. Платата што ја дава гревот е смрт. Меѓутоа, Исус не им рече да ја каменуваат. Наместото од тоа Тој рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“
Зошто Бог ни ги даде 613 статии на Законот?
За да не направи нас да сфатиме дека сме грешници.
Законот донесува гнев. Бог е свет и таков е Неговиот Закон. Овој свет Закон дојде кај нас во 613 члена. Причината зошто Бог ни ги даде нас 613 члена од Неговиот Закон е да не направи нас да сфатиме дека сме грешници и дека сме нецелосни суштества. Тој не учи нас дека ние треба да копнееме за Божјата благодат за да бидеме искупени. Ако ние не го знаевме ова и размислувавме за само она што е напишано во Законот би требало да сите бидеме каменувани до смрт, а и жената која беше фатена на дело на прељуба требаше исто така да биде каменувана до смрт.
Книжниците и Фарисеите кои не ја знаеја вистината на Неговиот Закон можеби мислеа дека можат да фрлат камења на жената, а можеби и на нас. Но, кој се осмели да фрли камен на оваа беспомошна жена како исто грешно суштество? Иако жената беше фатена на дело на прељуба, ни еден на овој свет не може да фрли камен на неа.
Ако жената и секој еден од нас беа судени само според Законот, ние исто и жената, ќе примевме страшна пресуда. Но Исус не спаси, нас, кои сме грешници, од нашите гревови и од праведната осуда. Со сите наши гревови, ако Законот Божји е применат стриктно како што е напишано, кој од нас би останал жив? Секој еден од нас би завршил во пеколот.
Но книжниците и Фарисеите го знаеја законот како што беше напишан. Ако Неговиот Закон беше применувам стриктно, тој би ги убил нив исто како и оние кои беа судени од нив. Всушност, законот Божји му беше даден на луѓето за да тие можат да ги сфатат нивните гревови, но тие се измачуваа затоа што тие погрешно го сфатија законот и го погрешно применуваа.
Фарисеите на денешницава, како и Фарисеите во Библијата, го знаат Законот само како што е напишан. Тие треба да ја разберат благодатта, правдата и вистината Божја. Ним треба да им биде кажано евангелието на искупението за да бидат спасени.
Фарисеите рекоа: „Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме; Ти, пак, што велиш?“ Тие го прашаа ова со сигурност држејќи ги камењата во своите раце. Тие со сигурност мислеа дека Исус немаше ништо да им рече за тоа. Тие чекаа да Исус се фати на нивната замка.
Ако Исус судеше според Законот, тие би го каменувале исто така и Него. Нивната помисла беше да ги каменуваат двајцата, Него и жената. Ако Исус им речеше да не ја каменуваат, тогаш тие би рекле дека Тој го презира Законот Божји, и би го каменувале и Него за богохулство. Тоа беше страшен заговор!
Но Исус се наведна долу и пишуваше по земјата со Неговиот прст, а тие продолжија да го прашуваат Него. „А што велиш Ти? Што пишуваш по земјата? Одговори ни што те прашуваме. А што велиш Ти? Тие ги насочија своите прсти кон Исус и продолжија да Му здодеваат.
Тогаш Исус стана и им кажа нив да кој од нив е безгрешен да го фрли првиот камен врз неа. Тогаш Тој пак се наведна и продолжи да пишува на земјата. Оние кои го слушнаа тоа, убедени од своите совести, заминаа еден по еден, почнувајќи од најстариот се до последната особа. Исус остана сам, само со жената која стоеше во Неговата присутност.
„Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“
Каде се гревовите запишани?
На плочата на нашите срца и во Книгата на Делата.
Исус им рече нив: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“, и Тој продолжи да пишува на земјата. Неколку од старите почнаа да заминуваат. Најстариот Фарисеј кој извршил најповеќе гревови можеби да си замина прв. Младите исто така и тие заминаа. Ајде да замислиме дека Исус стои измеѓу нас, и ние стоиме околу жената. Ако Исус ни речеше нас да кој измеѓу нас е безгрев прв да фрли камен врз жената, што би вие направиле?
Што пишуваше Исус на земјата? Бог, кој не создаде нас, ги пишува гревовите на две различни места.
Прво, тој ги запишува гревовите наши на плочата на нашите срца. „Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници“ (Еремија 17:1 , МК Библија 1999 год.)
Бог ни зборува нам преку Јуда, кој е наш претставник. Гревовите на човечките суштества се гравирани со желено пенкало, со врвот на дијамант. Тие се запишани на плочата на нашите срца. Исус се наведна долу и почна да пишува на земјата дека сите луѓе се грешници.
Бог знае дека ние грешиме и Тој ги гравира гревовите на плочата на нашите срца. Прво, тој ги запишува нашите дела, гревовите кои што се извршени, затоа што ние сме слаби пред Законот. Сите гревови се запишани во нашите срца, ние сфаќаме дека сме грешници кога ние ќе погледнеме на Законот. Откако Тој ги запишува гревовите во нашите срца и совести, ние знаеме дека сме грешници пред Него.
Исус се наведна долу по втор пат за да пишува на земјата. Писмото исто така вели дека сите наши гревови се запишани во Книгите на Делата пред Бога (Откровение 20:12). Името на секој грешник и неговите/нејзините гревови се запишани во Книгите. Тие се исто така запишани на плочата на срцето на особата.
Гревовите се запишани на плочата во секое срце, старо или младо. Тоа е зошто тие не можеа ништо да речат за нивните гревови пред Исус. Оние, кои се обидоа да ја каменуваат жената, беа беспомошни пред Неговите зборови.
Кога се гревовите кои што се запишани на две места, избришани?
Тогаш кога ние ќе го прифатиме искупението на водата и на крвта од Исус во нашите срца.
Меѓутоа, кога вие ќе го примите Неговото спасение, сите ваши гревови во Книгата на Делата се избришани и вашето име ќе биде запишано во Книгата на Животот. Имињата на оние кои што се во Книгата на Животот одат во Небесата. Нивните добри дела, работите кои што ги извршиле на овој свет за царството Божјо и Неговата правда се исто така запишани во Книгата на Животот. Тие се прифатени во Небесата. Оние кои што се избавени од нивните гревови ќе влезат во местото на вечноста.
Запаметете дека сите гревови на секоја особа се запишани на две места, така да никој не може да го измами Бога. Нема таков кој не погрешил или не извршил прељуба со неговото/нејзиното срце. Сите луѓе се грешници и се нецелосни.
Оние кои што не го прифатиле искупението на Исус во нивните срца не можат да не бидат измачувани заради нивните гревови. Тие се несигурни/неуверени. Тие се плашат од Бога и од други заради нивните гревови. Но од моментот кога тие ќе го прифатат евангелието на искупението на водата и Духот во нивните срца, сите гревови запишани на плочата на нивните срца и во Книгата на Делата се чисто избришани. Тие се избавени од сите нивни гревови.
Има Книга на Живот на Небесата. Имињата на оние кои што веруваат во искупението на водата и Духот се запишани во книгата, така да тие ќе влезат во Небесата. Тие влегуваат во Небесата не затоа што тие не погрешиле на овој свет туку затоа што тие се искупени од нивните гревови преку верувањето во искупението на водата и Духот. Тоа е „законот на верата“ (Римјаните 3:27, МК Библија 1999 год.)
Драги Христијани, книжниците и Фарисеите беа грешници, исто како и жената која беше фатена на дело на прељуба.
Всушност, тие можеби имаа извршено повеќе гревови затоа што тие се лажеа себе си а лажеа и други луѓе да веруваат во нив да тие не се грешници. Религиозните водачи беа крадци со формални дозволи. Тие беа крадци на души, со други зборови, крадци на живот. Тие се осмелуваа да учат други авторитативно, дури и покрај тоа што и тие самите сеуште не беа искупени.
Според Законот нема ниту еден кој е безгрешен. Но особата може да постане праведна, не затоа што тој/таа не извршиле грев туку затоа што тој/таа биле искупени од сите нивни гревови. Ваквата особа е запишана во Книгата на Животот. Важната работа е дали името на една особа е запишано во Книгата на Животот или не. Откако луѓето не можат да живеат без да извршуваат грев целиот свој живот, тие мораат вечно да бидат искупени со цел да бидат запишани во книгата.
Дали вие ќе бидете прифатени во Небесата зависи од тоа дали вие верувате во вистинското евангелие или не верувате. Дали ќе ја примите или не ја примате Божјата благодат зависи од вашето прифаќање на Исусовото спасение. Што се случи со жената која на дело беше фатена? Таа изгледа падна на колена и ги затвори своите очи затоа што таа знаеше дека ќе умре. Таа можеби плачеше од покаение и од страв. Кога луѓето ќе се соочат со смртта тие постануваат искрени спрема себеси.
„Господи, праведно е дека јас треба да умрам. Те молам прими ја мојата душа во Твоите раце и имај милост на мене. Те молам имај милост кон мене, Исусе.“ Таа се молеше кон Исус за љубовта на искупението. „Боже, ако ме судиш, јас сум осудена, и ако ти речеш дека сум безгрешна, тогаш моите гревови ќе бидат избришани. Тоа е Твое.“ Таа сигурно ги велеше сите овие работи. Таа можеби исповеда да се е оставено на Исус.
Жената која беше доведена пред Исуса не рече: „Јас направив лошо, те молам прости ми за мојата прељуба“. Таа рече: „Те молам спасиме од моите гревови, Ако Ти ги искупиш моите гревови, јас ќе бидам спасена. Ако не, јас ќе одам во пеколот. Ми треба Твоето искупение. Ми треба љубовта Божја, и потребен ми е Тој да има милост спрема мене.“ Таа ги затвори своите очи и ја исповеда својата грешност.
И Исус ја праша неа: „Жено, каде се оние кои те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ А таа рече: „Никој Господи.“
И Исус и рече: „Ниту Јас не те осудувам.“ Исус не ја осуди затоа што Тој веќе ги беше одзел сите нејзините гревови преку Неговото крштевање во реката Јордан, и таа веќе беше искупена. Сега, Исус, а не жената, требаше да биде осуден за нејзините гревови.
Тој рече: „Ниту Јас не те осудувам.“
Беше ли таа осудена од страна на Исус?
Не.
Оваа жена беше благословена со спасението на Исус. Таа беше искупена од сите нејзини гревови. Нашиот Господ Исус Христос ни кажува дека Тој ги искупи сите наши гревови и дека ние сме праведни.
Тој ни кажува вака во Библијата: Тој умре на Крстот за да исплати за нашите гревови, кои што Тој ги одзеде со Неговото крштевање во реката Јордан. Тој јасно ни кажува нас дека Тој не искупи нас, кои што веруваме во искупението на Неговото крштевање и осудата на Крстот. На секого од нас потребно му е Словото Исусово и секој еден треба да се држи за Словото. Тогаш, ние ќе бидеме благословени со искупение.
„Боже, јас немам заслуга пред Тебе. Јас ништо добро немам во себе. Јас немам друго што да ти покажам освен моите гревови. Но јас верувам дека Исус е мој Господ на искупението. Тој ги одзеде сите мои гревови во реката Јордан и умилостиви за нив на Крстот. Јас верувам во Тебе Господи.“
Ова е како вие сте спасени. Исус не не „осудува нас“. Тој ни го даде нас правото да бидеме чеда Божји. До оние кои што веруваат во искупението на водата и Духот: Тој ги однесе сите нивни гревови и ги направи нив праведни.
Драги пријатели! Жената беше искупена. Жената која беше фатена на дело на прељуба беше благословена со искупението на нашиот Господ Исус. И ние можеме исто така да бидеме благословени. Секој еден кој знае за нејзините/неговите гревови и го праша Бога да има милост на него/неа, и секој кој верува во искупението на водата и Духот во Исус го прима благословот на искупението од Бога. Оние кои што ги признаваат своите грешности пред Бога можат да бидат искупени, но оние кои не ги сфаќаат нивните гревови не можат да бидат благословени со искупение.
Исус ги зеде сите гревови на светот (Јован 1:29). Секој грешник во светот може да биде искупени ако тој/таа верува во Исус. Исус и рече на жената: „Ниту Јас не те осудувам.“ Тој рече дека не ја осудува неа затоа што сите нејзини гревови беа веќе положени на/врз Него преку Неговото крштевање. Тој ги одзеде сите наши гревови на/врз Себе си, и Тој беше осуден за нив на нашето место.
Ние треба да бидеме искупени пред Исус
Која е поголема: љубовта Божја или осудата Божја?
Љубовта Божја.
Фарисеите, со камењата во своите раце, како и религиозните водачи на денешницава, го толкуваат Законот буквално. Тие веруваат дека откако Законот ни вели да не извршуваме прељуба, оној кој ќе изврши ваков грев ќе биде каменуван/а до смрт. Тие погледнуваат на жените со похотливи очи, а се преправаат да не извршиле прељуба. Тие не можат да бидат искупени нити пак спасени. Фарисеите и книжниците беа моралистите на овој свет. Тоа не се оние кои Исус ги повика. Овие луѓе никогаш не слушнале од Него: „Јас нема да те осудам.“
Само жената која што беше фатена на дело на прељуба ги слушна тие радосни зборови. Ако сте искрени пред Него, вие можете исто така да бидете благословени како и неа. „Господи јас не можам друго освен да извршувам прељуба во целиот мој живот. Дека јас не сум свесен за тоа е заради тоа што јас тоа често го извршувам. Јас извршувам ваков грев неколку пати дневно.“
Кога ние го прифаќаме Законот и фактот дека сме грешници кои што мораат да умрат и искрено се соочуваат со Бога, велејќи: „Господи ова е каков сум јас. Те молам спасиме,“ Бог ќе ги благослови со Неговото искупение.
Љубовта на Исус, евангелието на водата и Духот победи над праведната осуда Божја. „Ниту Јас не те осудувам.“ Тој не не осудува нас. Тој вели: „Вие сте искупени“. Нашиот Господ Исус Христос е Бог на милоста. Тој веќе не избави нас од сите гревови на светот.
Нашиот Бог е Бог на Правда и Бог на Љубов. Љубовта на водата и Духот е дури и поголема од Неговата осуда.
Неговата љубов е поголема од Неговото правосудство
Зошто Тој не искупи сите нас?
Затоа што Неговата љубов е поголема од Неговото правосудство.
Ако Бог ја користеше Неговата осуда за да го исполни Неговото правосудство, Тој би требало да ги осуди сите грешници и да ги прати нив во пеколот. Но затоа што љубовта на Исус, која што не спаси нас од осудата, е поголема, Бог го испрати Неговиот Единороден Син, Исус. Исус ги одзеде сите наши гревови на/врз Себе си и ја прими праведната осуда за сите нас. Сега, секој еден кој верува во Исус како негов/нејзин Спасител постанува Негово чедо и праведен. Откако Неговата љубов е поголема од Неговото правосудство, Тој не искупи сите нас.
Ние мораме да му благодариме на Бога дека Тој не не осудува нас само со Неговото правосудство. Откако Исус им кажа на книжниците, Фарисеите и нивните ученици: „Но, одете и научете што значи: „Милост сакам, а не жртва“. Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание.“ (Матеја 9:13, МК 1990 год.) Некои луѓе можеби сеуште колат крава или коза секој ден и ги принесуваат пред Бога молејќи се: „Господи, опрости ми ги гревовите секој ден.“ Бог не ги сака нашите жртви, но наспротивно, ја сака нашата вера во искупението на водата и Духот. Тој сака да ние бидеме искупени и избавени. Тој сака да ни ја даде нас Неговата љубов и да ја прими нашата вера. Дали сите вие можете да го видите ова? Исус ни даде нас совршено спасение.
Исус го мрази гревот, но Тој има огнена љубов за човечките суштества, кои што беа создадени според обличието Божјо. Тој веќе одлучил дури и пред Создавањето да не направи нас Негови чеда, и ги премавна сите наши гревови со Неговото крштевање и крвта. Бог не создаде нас за да накрај не искупи нас, да не облече нас во Христа и да не направи нас Негови чеда. Ова е љубовта која Тој ја има за нас, Неговото создание.
Ако Бог само не осудува според Неговиот праведен Закон, ние, грешниците, би требало сите да умреме. Но Тој не избави нас преку крштевањето и осудението на Неговиот Син на Крстот. Дали верувате? Ајде ова да го докажеме во Стариот Тестамент.
Арон ги положи Неговите раце на главата на Живиот Јарец
Кој ги полагаше сите гревови на Израел на/врз живиот јарец како нивни претставник?
Првосвештеникот.
Сите гревови на овој свет беа премавнати преку верата во рацеполагањето од Стариот Тестамент и крштевањето на Новиот Тестамент. Во Стариот Тестамент, сите годишни гревови на Израел беа умилостивени преку Првосвештеникот, кој ги ставаше своите раце на главата на живиот јарец без никаков недостаток.
„Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата;и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.“ (Левит 16:21, МК Библија 1990 год.)
Ова е како тие беа умилостивени во денот на Стариот Тестамент. За да биде искупени од секојдневните гревови, грешникот донесуваше јагне или коза без недостаток при шаторот и го жртвува на жртвеникот. Тој ги стави своите раце на главата на жртвата, и тогаш неговите/нејзините гревови беа положени на жртвата. Тогаш, жртвата беше заклана и првосвештеникот ја стави нејзината крв на роговите на жртвеникот.
Жртвеникот имаше рогови на сите четири ќоша. Овие рогови ја означуваат Книгите на Делата за која е напишано во Откровенија 20:12. Со останатата крв на жртвата беше исто така и земјата испрскана. Земјата го претставува срцето на човекот затоа што човекот беше создаден од прав. На ваков начин умилостивуваа луѓето за нивните секојдневни гревови.
Меѓутоа, тие не можеа да принесуваат жртви секој ден, така, Бог им дозволи да извршуваат умилостивение еднаш годишно за сите нивни годишни гревови. Ова беше извршено на десеттиот ден од седмиот месец, Денот на Големото Очистување. На тој ден, Првосвештеникот, претставникот на сите Израелци, доведе два козела и ги положи неговите раце на/врз нив за да ги положи сите гревови од луѓето на/врз нив и ги принесе нив пред Бога за да изврши умилостивение за луѓето на Израел.
„Арон ги положи двете свои раце врз главата на живиот козел, ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и ги стави врз главата на живиот козел.“
Бог го одреди Арон, Првосвештеникот на Израел да биде претставник. На местото да секој еден поединечно ги става своите раце на главата на жртвата, Прво- свештеникот, како претставник на сите луѓе, ги стави своите раце на главата на живиот јарец за искупение од годишните гревови.
Тој ќе ги исповедаше сите гревови на Израел пред Бога: „Господи, вашите деца на Израел погрешија. Ние обожававме идоли, ги прекршивме сите члена на вашиот закон, го повикувавме вашето име напразно, правевме други идоли и ги љубевме нив повеќе од Тебе. Ние не ја зачувавме саботата за света, не ги почитувавме нашите родители, ние убивме, извршивме прељуба и кражби.....се задоволувавме со кавги и љубомори.“
Тој ги наброја сите гревови. „Господи, нити народот на Израел нити јас бевме способни да го чуваме Твојот Закон. За да бидеме искупени од сите наши гревови јас ги ставам своите раце на главата на овој јарец и ги положувам сите овие гревови на/врз него.“ Првосвештеникот ги стави своите раце на жртвата за сите гревови на луѓето и ги положи сите гревови на/врз главата на жртвата. Ординацијата, или рацеполагањето значи „да се пренесе/положи“ (Левит 1:1-4, 16:20-21).
Како беше исполнето искупението во времето на Стариот Тестамент?
Преку располагање врз/на Главата на жртвата за грев
Бог им го даде жртвениот систем на Израелците за да тие можат да ги пренесат сите нивни гревови и да бидат избавени. Тој специфира дека особата треба да принесе жртва без никаков недостаток и дека жртвата ќе умре на неговото/нејзиното место. Поединечното искупение беше на ваков начин извршено.
Меѓутоа на Денот на Големото Очистување, жртвата беше заклана и нејзината крв беше внесена во Светилиштето и Капакот на Милоста беше испрскан со неа седум пати. Така, луѓето на Израел умилостивуваа за годишните гревови на десеттиот ден од седмиот месец.
Само Првосвештеникот влезе во Светилиштето за да ја принесе жртвата, но луѓето се собраа надвор и го слушаа звукот на златните ѕвончиња кои беа наоколу кошулата на ефодот од Првосвештеникот. Златните ѕвончиња ѕвонеа седум пати како што крвта беше попрскувана на Капакот на Милоста. Тогаш луѓето ќе се зарадуваа затоа што сите нивни гревови беа покриени/умилостивени. Звукот на златните ѕвончиња се однесува на радосната вест, евангелието.
Не е вистина дека Исус ги љуби само некои одредени луѓе и дека само нив ги искупува. Исус ги зеде сите гревови на светот сите наеднаш со Неговото крштевање. Тој сакаше да не избави нас еднаш засекогаш. Нашите гревови не можеа да бидат секој ден искупувани затоа тие беа премавнати, сите наеднаш.
Во Стариот Тестамент, умилостивение беше дадено преку ординацијата (рацеполагањето) и со крвта од жртвата за грев. Арон ги стави своите раце на главата на живиот јарец во присутност на сите луѓе и ги исповеда сите гревови коишто луѓето ги беа извршиле за време на таа година. Тој ги положи гревовите на јарецот во присутност на сите Израелци. Каде одеа тогаш гревовите после рацеполагањето на јарецот од страна на Првосвештеникот? Тие сите беа положени на/врз јарецот.
Тогаш, јарецот беше отпуштен од раката на ,,одреден“ човек за тоа. Јарецот со сите гревови на Израилот на/врз себеси, беше отпуштен во пустината каде што немаше ниту вода ниту трева. Јарецот, тогаш, ќе талкаше по пустината под огненото сонце и накрај ќе умреше. Јарецот умре за гревовите на Израелците.
Ова е љубовта Божја, љубовта на искупението. Ова е како тие умилостивуваа за годишните гревови во тоа време. Но ние живееме во време на Новиот Тестамент. Поминаа повеќе од 2000 години откако Исус дојде долу на нашиов свет. Тој дојде и го исполна ветувањето кое што Тој го направи во Стариот Тестамент. Тој дојде и ги искупи сите наши гревови.
За да не искупи сите нас
Кое е значењето на ИСУС?
Спасителот кој ќе го спаси Неговиот народ од нивните гревови
Ајде да прочитаме во Матеја 1:20-21. „Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: “Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ (Матеја 1:20-21, МК Библија 1990 год.)
Нашиот Отец на Небесата го позајми телото на Девицата Марија за да го испрати Својот Син на овој свет за да ги очисти сите гревови на светот. Тој испрати ангел кај Марија и и рече неа дека: „Таа ќе роди Син и ти ќе Му ставиш име ИСУС.“ Тоа значи дека Синот кој доаѓаше преку Марија ќе постане Спасителот. Исус Христос значи оној кој ќе го спаси Својот народ, со други зборови Спасителот.
Тогаш како Исус не спаси сите нас од грев? Начинот на кој Исус ги однесе сите гревови на светот беше преку Неговото крштевање кај реката Јордан. Кога Јован Крстителот го крсти Него, сите гревови на светот беа положени на/врз Него. Ајде да прочитаме во Матеја 3:13-17.
„Тогаш Исус дојде од Галилеја на Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене? А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.)
Исус отиде при Јован Крстителот за да не искупи нас од сите наши гревови. Тој одеше во водата и ја наведна Својата глава пред Јован. „Јоване, крсти Ме сега. Така ни прилега да ја исполниме сета правда. Како што сум дојден да ги одземам сите гревови на светот и да ги избавам сите грешници од нивните гревови, Јас треба да ги одземам нивните гревови со крштевање. Крсти Ме сега! Позволи го тоа!“
Така беше соодветно за да се исполни сета правда. Исус беше крстен од Јован Крстителот, во реката Јордан и точно на тој момент, сета правда Божја која не искупи од сите наши гревови беше исполнета.
Ова е како Тој ги одзеде сите наши гревови. Сите ваши гревови беа положени исто така на/врз Исус. Дали го сфаќате ова?
Верувајте во искупението на Исусовото крштевање и Духот и бидете спасени.
Како беше сета правда исполнета?
Преку крштевањето на Исус.
Најпрво Бог им вети на Израелците дека сите гревови на светот ќе бидат очистени со рацеполагањето на жртвата за грев. Меѓутоа, како што не е можно да секој еден поединечно ги стави своите раце на главата на јарецот, Бог го посвети Арон да биде Првосвештеник за да тој може да ја принесе жртвата за сите луѓе. Така, тој ги положи сите нивни годишни гревови на/врз главата на жртвата за грев, сите наеднаш. Ова беше Негова Мудрост и Силата на искупението. Бог е мудар и чудесен.
Тој го испрати Неговиот Син Исус да го спаси целиот свет. Така жртвата за грев беше приготвена. Сега, потребен беше претставник на целото човештво, еден кој ќе ги стави своите раце на главата на Исус и ќе ги положи сите гревови на светот на/врз Него. Тој претставник беше Јован Крстителот. Напишано е во Библијата дека Бог го испрати претставникот на целото човештво пред Исус.
Јован Крстителот беше последниот Првосвештеник на човештвото. Како што е напишано во Матеја 11:11: „Меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител;“ (МК Библија 1999 год.) Тој е единствениот претставник на луѓето. Тој го испрати Јован како претставник на сите човечки суштества за да тој може да го крсти Исус и да ги положи на/врз Него сите гревови на светот.
Ако шест билијарди луѓе на земјава би отишле кај Исус и секој еден од нив требаше да ги стави своите раце на Исус за да ги положи своите гревови на/врз Него, што ли ќе се случеше со Неговата глава? Ако повеќе од 6 билиони луѓе на овој свет требаше да ги стават своите раце на Него тоа немаше да биде добра глетка. Некои возбудени луѓе можеби би притискале толку цврсто така да целата Негова коса би отпаднала. Така, Бог, во Неговата мудрост, го одреди Јован да биде претставникот и ги положи сите гревови на светот на/врз Исус еднаш засекогаш.
Запишано е во Матеј 3:13: „Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него.“ (МК Библија 1999 год.) Ова беше кога Исус беше на 30 годишна возраст. Исус беше обрежан 8 дена после Неговото раѓање, и малку е напишано за Него се до Неговата 30 година.
Причината зошто Исус мораше да чека се додека не наполни 30 години беше за да постане законски Небесен Првосвештеник, според Стариот Тестамент. Во Второзаконие, Бог му рече на Мојсеј дека првосвештеникот мора да има најмалку 30 години пред да може да го служи високо свештенството. Исус беше Небесниот високо Свештеник. Дали верувате во ова?
Во Новиот Тестамент, во Матеја 3:13-14, вели: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе.“ (МК Библија 1999 год.) Кој е претставникот на човештвото? Јован Крстителот. Тогаш, кој е претставникот на Небесата? Исус Христос е. Претставниците се сретнаа. Тогаш кој е повисок? Нормално да претставникот на Небесата е повисок.
Така Јован Крстителот, кој беше толку смел и им викаше на религиозните водачи на тие денови: „Породи змијски! Покајте се!“, оддеднаш стана понизен пред Исуса. „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“
На овој момент Исус рече: „Позволи го сега тоа зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“. Исус дојде на овој свет за да ја исполни правдата Божја, и таа беше исполнета кога Јован Крстителот го крсти Него.
„Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“
Ова е тоа што се случи кога Тој беше крстен. Вратите на Небесата беа отворени кога Тој беше крстен од Јован Крстителот и ги одзеде сите гревови на светот.
„А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;“ (Матеја 11:12, МК Библија 1999 год.).
Зашто сите пророци и Законот Божји пророкуваа до Јована. „А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;“ Секој еден, без исклучок, кој верува во Неговото крштевање може да влезе во Царството Небеско.
„Ниту Јас не те осудувам“
Зошто беше Исус осуден на Крстот?
Затоа што Тој ги одзеде сите наши гревови.
Исус беше крстен од Јован Крстителот и ги одзеде гревовите на светот. Покасно, Тој и рече на жената која беше фатена на дело на прељуба: „Ниту Јас не те осудувам.“ Тој не ја осуди жената затоа што Тој ги одзеде сите гревови на светот врз Себе кај реката Јордан, и не жената но Тој требаше да биде осуден за тие гревови.
Исус ги премавна сите гревови на светот. Ние можеме да видиме колку уплашен Тој беше од болките кои што тој требаше да ги претрпи на Крстот поради што: „смртта е плата за грев“. Тој му се молеше на Бога три пати на Планината Маслинова, да Бог го одземе ова осудение од Него. Исус беше од месо и крв, исто како и друго човечко суштество, така да разбирливо е дека Него Му беше страв од болките. Исус требаше да искрвави за да го исполни осудението.
Исто како и жртвата за грев во Стариот Тестамент требаше да искрвари за да исплати за гревовите, Тој требаше да биде жртвуван на Крстот. Тој ги беше веќе одзел гревовите на светот и сега Тој требаше да го даде Својот живот за нашето искупение. Тој знаеше дека Тој требаше да биде осуден пред Бога.
Исус немаше ниту еден грев во Неговото срце, но откако сите гревови на светот беа положени на/врз Него преку Неговото крштевање, Бог требаше сега да го осуди Својот сопствен Син. Така на прво место правосудството Божјо беше исполнето и второ, Тој ја излеа Неговата љубов врз нас за наше спасение. Заради тоа, Исус требаше да биде осуден на Крстот.
„Ни Јас не те осудувам, нити ти судам.“ Сите гревови, намерни или ненамерни, познати или непознати, требаше да бидат осудени од Бога.
Меѓутоа Бог не не осуди нас. Бог го осуди Исус, кој беше ги одзел сите наши гревови на/врз Себе си со Неговото крштевање. Бог не сакаше да осуди грешници поради Неговата љубов и Неговата милост. Крштевањето и крвта на Крстот беа Неговата искупувачка љубов за нас. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не погине, но да има вечен живот“ (Јован 3:16, МК Библија 1976 год.)
Ова е како ние знаеме за Неговата љубов. Исус не ја осуди жената која беше фатена на дело на прељуба.
Таа знаеше дека таа е грешница затоа што беше фатена на прељубодејство. Таа не само што имаше грев во срцето таа и го извршуваше тоа со телото. Не постоеше никаков начин да таа би се одрекла од нејзиниот грев. Меѓутоа, затоа што таа веруваше дека Исус ги одзеде сите нејзини гревови, таа беше спасена. Ако ние веруваме во Исусовото искупение, ние ќе бидеме спасени. Верувајте! Тоа е за ваше добро.
Кои се најблагословени?
Оние кои немаат грев.
Сите луѓе грешат. Сите луѓе извршуваат прељуба. Но сите луѓе не се осудени за нивните гревови. Ние сите сме погрешиле, но оние кои што веруваат во искупението на Исус Христос се без грев во нивните срца. Оној кој верува во спасението на Исус е најсреќната особа. Оние кои што се избавени од сите нивни гревови тие се најблагословени. Со други зборови, тие се сега праведни во Исус.
Бог ни кажува нас за среќата во Римјаните 4:7: „Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени!“ (МК Библија 1999 год.) Ние грешиме се до времето кога ќе умреме. Ние сме нечесни и нецелосни пред Бога. Ние продолжуваме да грешиме и дури и откако ќе знаеме за Неговиот Закон. Ние сме толку слаби.
Но Бог не избави нас со крштевањето и крвта на Неговиот единороден Син и ни кажува нас, тебе и мене, дека ние не сме повеќе грешници, и дека ние сме сега праведни пред Него. Тој ни кажува дека ние сме Негови чеда.
Евангелието на водата и Духот е евангелието на вечното искупение. Дали верувате? До оние кои што веруваат: Тој ги вика нив праведни, искупени и Негови чеда. Која е најсреќната особа на овој свет? Оној кој верува и кој е избавен преку верувањето во вистинското евангелие. Дали сте вие избавени?
Дали Исус го изостави одземањето на вашите гревови? Не, Тој ги одзеде сите наши гревови со Неговото крштевање. Верувајте. Верувајте и бидете искупени од вашите гревови. Ајде да прочитаме во Јован 1:29.
Исто како што се мети со метла
Колку ли гревови Исус однесе?
Сите гревови на светот.
„На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.)
„Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“
Јован Крстителот ги положи сите гревови на светот на/врз Исус кај Јордан. На другиот ден, тој сведочеше дека Исус беше Божјото Јагне кој ги зеде сите гревови на светот. Тој ги зеде врз Своите рамена сите гревови на светот.
Сите гревови на светот се однесува на сите гревови извршени од човечките суштества на овој свет, од Создавањето до неговиот крај. Пред околу 2000 години, Исус ги зеде сите наши гревови и беше осуден за нас.
Секој грев кој што ние човечките суштества ќе го извршиме беше положен на/врз Исус. Тој постана Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот.
Исус дојде на овој свет како понизен човек, како Оној кој ќе ги спаси сите грешници на светот. Ние извршуваме грев затоа што ние сме слаби, злобни, тврдоглави, и затоа што сме глупи и нецелосни. Со други зборови, ние грешиме затоа што ние наследивме грев од заедничкиот ни предок: Адам. Сите овие гревови беа изметени и положени на главата на Исус преку Неговото крштевање кај Јордан. Тој го заврши тоа со смртта на Неговото тело на Крстот. Тој беше погребан, но Бог го воскресна Него од смртта на третиот ден.
Како Спасителот на сите грешници, Победникот, како Судија, Тој сега седи на десната рака на Бога. Тој не треба нас повторно и повторно да не искупува. Се што ние треба да правиме е да веруваме во Него за да бидеме спасени. Вечен живот ги очекува оние кои што веруваат, а уништување ги очекува оние кои што не веруваат. Не постои друг избор.
Исус не избави сите нас. Вие сте најсреќните луѓе на светот. Вие сигурно ќе извршите гревови и во иднина поради вашата слабост, но Тој ги одзеде исто така и тие гревови.
Дали има останато некаков грев во вашето срце? —Нема.—
Дали Исус ги одзеде сите нив? —Да! Тој ги одзеде.—
Сите луѓе се исти. Ниту еден не е посвет од неговиот комшија. Но како што многу луѓе се лицемери, тие веруваат дека тие не се грешници, кога навистина, тие се исто така грешници. Овој свет е стакларник кој го храни гревот.
Кога жените излегуваат некаде, тие ставаат кармин, се шминкаат, ги виткаат нивните коси, носат штикли....Мажите исто така одат на бербер да ги дотераат своите коси, се дотеруваат себе си, се облекуваат со модерни маици и вратоврски, ги чистат своите чевли.
Но додека луѓето изгледаат однадвор како принцови и принцези, тие се навистина валкани во внатрешноста.
Дали парите го прават човекот среќен? Дали здравјето го прави човекот среќен? Не. Само вечното спасение, опроштението на сите гревови ги прави луѓето навистина среќни. Без разлика колку среќен човек изгледа надворешно, таа особа се чувствува мизерно ако има грев во неговото/нејзиното срце. Ваквата особа живее во страв од осудение.
Искупената особа е смела како лав, дури и во партали. Нема никаков грев во неговото/нејзиното срце. „Ти благодарам Господи, Ти спаси грешник како мене. Ти ги премавна сите мои гревови. Јас знам дека Јас не сум достоен да ја примам Твојата љубов, но јас Те величам затоа што ме спаси. Јас сум вечно избавен од сите мои гревови. Слава на Бога!“
Човекот кој е искупен навистина е среќен. Човекот кој е благословен со Неговата благодат на искупението е навистина среќен.
Затоа што Исус: „Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот врз Себе, ги однесе сите наши гревови, ние сме без грев. Тој го „сврши“ спасението за нас на Крстот. Сите наши гревови, вклучувајќи ги твоите и моите, се вклучени во „гревовите на светот“ и заради тоа ние сите сме спасени.
Преку Божјата волја
Дали имаме грев во нашите срца кога сме во Исус Христос?
Не, немаме.
Драги пријатели, жената која беше фатена на дело на прељуба веруваше во зборовите на Исус и таа беше спасена. Нејзината приказна е запишана во Библијата затоа што таа беше благословена со Неговото вечно искупение. Додека лицемерните Фарисеи и книжници избегаа од Исуса.
Ако верувате во Исус, Небесата ве очекува, но ако го напуштите Исус, вие ќе одите во пеколот. Ако верувате во Неговите праведни дела, тоа е како Небесата, но ако не верувате во Неговите дела, тоа е како пекол. Искупението не зависи од добродетелите на секоја личност, но од спасението на Исус.
Ајде да прочитаме во Евреите 10. „Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат. Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени. Но тие секоја година напомнуваат на гревовите зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите. Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело. Сèпалениците и жртвите за грев не Ти беа угодни.“ Тогаш реков: Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата волја, О Боже. Така го отстранува првото, за да го воспостави второто. Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.“ (Евреите 10:1-10, МК Библија 1999 год.)
„Според Божјата волја“ Исус го жртвува Својот живот за да ги земе сите наши гревови еднаш за секогаш, и беше осуден еднаш засекогаш и воскресна.
Заради тоа, ние сме осветени. „Сме осветени“, (Евреите 10:10, МК Библија 1999 год.) напишано е во сегашно совршено време. Тоа значи дека нашето искупение беше апсолутно извршено, и не треба да биде повторно спомнато. Вие сте осветени.
„И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои што некогаш не можат да ги отстранат гревовите; а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, И одтогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножјето за нозете Негови. Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени.“ (Евреите 10:11-14, МК Библија 2009 год.)
Вие сите сте осветени засекогаш. Ако вие извршите грев утре, дали вие повторно ќе постанете грешник? Не ли Исус ги одзеде и тие гревови исто така? Да, Тој ги одзеде. Тој ги исто така одзеде и гревовите на иднината.
„А и Светиот Дух ни сведочи за тоа, откако рече: „Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум, и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.“ А каде има проштавање за нив, таму нема веќе приноси за грев.“ (Евреите 10:15-18, МК Библија 1999 год.)
Стихот каде е напишано „има проштевање за нив“ значи дека Тој ги премавна сите гревови на светот. Исус е наш Спасител, двете мој Спасител и твој Спасител. Верувањето во Исус не спаси нас. Ова е искупението на Исус и најголемата благодат и дар Божји. Вие и јас, кои сме искупени од сите гревови, сме најблагословени од сите!