(Матеја 3:13-17)
„Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него. а Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда“. Тогаш тој му позволи. А кога беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.)
Дали сеуште има таков кој страда заради грев
Дали нашето ропство на грев заврши?
Да.
Нашиот Господ Бог ги отсече веругите на гревот за сите луѓе. Сите оние кои имаат тешкотии од грев се робови на гревот, но со Неговото искупение, нашиот Господ нив апсолутно ги отсече. Тој ги отстрани сите наши гревови. Дали сеуште има некој таков кој страда поради грев?
Ние треба да сфатиме дека нашата војна против гревот заврши. Ние нема никогаш повеќе да страдаме заради грев. Нашето ропство под грев заврши кога Исус не искупи нас сите со Неговото крштевање и крвта. Сите наши гревови завршија тогаш и таму. Синот Божји ги премавна сите наши гревови. Бог исплати за сите наши гревови преку Исус, кој не ослободи нас, засекогаш.
Дали знаете колку луѓе страдаат заради нивните гревови? Тоа започна од времето на Адам и Ева. Човештвото страда од гревовите наследени од Адам.
Но нашиот Бог направи завет кој што е запишан во Битие 3:15, и заветот беше дека Тој ќе не спаси нас грешниците. Тој рече дека луѓето ќе бидат искупени од нивните гревови преку жртвата на Исус Христос, преку вода и Дух. Кога времето дојде, Бог го испрати нашиот Спасител, Исус, да живее помеѓу нас.
Тој исто така вети дека ќе го испрати Јован Крстител пред Исуса и го одржа ветувањето Негово.
Во Марко 1:1-8 напишано е: „Почетокот на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син. Како што е напишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам својот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат, гласот на оној кој вика во пустината: ’Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’.“ Се јави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите. И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалемци; и тој ги крштеваше во реката Јордан, при што тие ги исповедуваа своите гревови. А Јован беше облечен во облека од камилски влакна и имаше кожен појас околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше велејќи: „По мене иде Посилен од мене, пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“(МК Библија 1999 год.)
Јован Крстител, сведокот и предвесникот на Евангелието, Јован Крстител
Кој е Јован Крстител?
Последниот Првосвештеник и претставникот на целото човештво.
Крштевање на грчки: „baptismo“, всуштина значи да „потопиш“, но исто така се однесува на „да се очисти, измие“, „да се закопа, погреба или да се пренесе на/врз.“ Кога Исус беше крстен, правдата Божја беше исполнета. „Правда“ е „dikaiosune“ на Грчки, кое има значење на „да биде праведно“ и исто така има за значење „најправедниот“ , „најдостојниот“ или „највисокиот чин“.
Исус беше крстен за да Тој може да постане Спасителот на најдостојниот и најправедниот начин. Заради тоа, оние кои што веруваат во Исусовото крштевање и Крстот го примаат дарот на искупението од Бога.
Во Новиот Тестамент, Јован Крстител е последниот Првосвештеник од Стариот Тестамент. Ајде да погледнеме кај Матеја 11:10-11. Словото вели дека Јован Крстител е претставникот на човештвото и како Првосвештеник во времето на Новиот Тестамент, тој ги положи сите гревови на светот на/врз Исус; така служејќи го високо свештенството од Стариот Тестамент.
Исус Христос Самиот сведочеше за Јован. Тој рече во Матеја 11:13-14: „Зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована; и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде..“ (МК Библија 1999 год.) Заради тоа Јован Крстител, кој го крсти Исус, беше потомок на Високосвештеникот Арон и последниот Високосвештеник. Библијата исто така сведочи за Јовановото родословие како потомок на Арон во Стариот Тестамент (Лука 1:5, 1 Летописи 24:10).
Тогаш зошто Јован живееше сам во пустината, облечен во облекло направено од камилски влакна? Тоа беше за да го претпостави високото свештенство. Како претставникот на целото човештво, Јован Крстител не можеше да живее измеѓу луѓето. Така, тој викаше во пустината: „Змиски породи! Покајте се!“ и ги крштеваше нив за плодот на покајание со цел да ги сврти луѓето кон Исус, кој беше да ги земе сите нивни гревови. Најповеќе од се, Јован Крстител ги положи сите гревови на светот на/врз Исус за нашето спасение кога тој ги стави своите раце на главата на Исус.
Два вида на крштевање
Зошто Јован Крстител ги крштеваше луѓето?
За да ги води луѓето кон покаение за сите нивни гревови и да веруваат во крштевањето на Исус за спасение.
Јован Крстител ги крштеваше луѓето и тогаш го крсти Исус. Првото беше „крштевање на покаение“ кое што ги повикуваше грешниците да се свртат кон Бога. Многу луѓе кои што го слушнаа словото Божјо ги напуштија нивните идоли и се свртија кон Него.
Второто крштевање беше крштевањето на Исус, крштевањето кое што ги положи сите гревови на светот на/врз Исус. Јован Крстител го крсти Исус за да ја исполни правдата Божја. Со други зборови, Исус беше крстен од Јован Крстител за да ги спаси сите луѓе од нивните гревови (Матеја 3:15).
Зошто требаше Јован да го крсти Исус? Со цел да ги премавне гревовите на светот, Господ требаше да дозволи Јован да ги положи сите гревови на/врз Исус за да луѓето кои што веруваат во Него бидат спасени.
Јован Крстител беше слуга Божји чија што служба беше да ги положи сите гревови на светот на/врз Исус преку крштевање, и да сведочи за Исус со цел да целото човештво се покае и да биде очистено од нивните гревови преку верувањето во евангелието на искупението. Заради тоа, Јован требаше да живее сам во пустината. Во времето на Јован Крстител, луѓето на Израел сите беа коруптни и затрулени до сржта.
Така Бог рече во Стариот Тестамент, во Малахија 4:5-6: „Еве ви го испраќам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен. Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите и срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство“.(МК Библија 1999 год.)
Во очите на Бога, сите луѓе на Израел кои порано го величаа Јехова, беа коруптни. Ниеден не беше праведен пред Него. Верските водачи на храмот, за пример свештениците, книжниците и јазичниците беа најособено затрулени до сржта. Израелците и нивните свештеници не ги принесуваа законските жртви според Законот Божји.
Свештениците го напуштија рацеполагањето и ритуалот на принесувањето на крвта, кое што Бог им го даде нив за помирување на нивните гревови. Запишано е дека свештениците во деновите на Малахија го изоставија законскиот жртвен систем, рацеполагањето и принесувањето на крвта од жртвеното животно.
Заради тоа, Јован Крстител, не можеше да остане со нив. Тој отиде во пустината и оттаму викаше. Што велеше тој?
Напишано е во Марко 1:2-3, цитирајќи ги зборовите на пророкот Исаија: „Ете, го испраќам Својот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат; гласот на оној кој вика во пустината: ’Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’.“ (МК Библија 1999 год.)
Гласот на оној кој вика во пустината ги повикуваше луѓето на крштевање за покаение. Што е „крштевање на покаение“ за кое што зборува Библијата? Тоа е крштевањето на кое Јован повикуваше; крштевањето кое што ги повикува луѓето да се вратат кон Исус за да можат да веруваат во Него, кој беше да ги земе сите нивни гревови и да бидат спасени. Крштевањето на покаение беше за да ги води нив кон спасение.
„Покајте се и крстете се. Нашиот Спасител Исус ќе биде крстен на истиот начин за да ги земе сите наши гревови“. Повикот од Јован Крстител беше дека Исус ќе ги земе гревовите на светот и ќе биде осуден на Крстот за да ги спаси сите луѓе за да тие можат да се вратат кон Бога.
„Јас ве крстив во вода, а тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“ „Ќе ве крсти во Светиот Дух“, значи ќе ги очисти сите ваши гревови. Да се „крсти“ значи „да се очисти.“ Крштевањето на Исус во реката Јордан ни кажува дека Синот Божји беше на ваков начин крстен и ги однесе сите наши гревови за да не спаси нас.
Заради тоа ние треба да се свртиме од нашите грешни животи и да веруваме во Него. Тој е Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот. Ова е евангелието на искупението за кое што Јован сведочеше.
Одредбата за Првосвештеникот за помирение на гревовите
Кој го приготви патот на спасението?
Јован Крстител.
Пророкот Исаија прорекол: „Говорете му нежно на Ерусалим, и известете го дека времето на неговата казна се исполни и дека за неправдата му е платено зошто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови.“ (Исаија 40:2, МК Библија 2009 год.).
Исус Христос ги зеде сите гревови без исклучок; оригиналните гревови, сегашните гревови и дури и идните гревови беа очистени преку Неговото крштевање. Тој не избави сите нас. Ние сите мораме да знаеме за Господовото спасение.
За да бидеме спасени од сите наши гревови, ние мораме да веруваме во евангелието каде што е запишано дека Јован Крстител ги положи сите гревови на/врз Исус преку значењето на крштевањето.
Ние не треба да погрешно сфатиме, мислејќи: „Откако Бог е љубов, ние можеме да влеземе во царството Божјо само преку верувањето во Исуса, дури и ако имаме грев во нашите срца.“
Со цел да бидеме избавени од сите наши гревови, ние треба да веруваме во Неговото крштевање, преку кое што Јован Крстител ги положи сите гревови на светот врз/на Исус и Крстот. Преку „водата“ е дека Јован Крстител ги положи сите гревови на човештвото на/врз Исус.
Првото дело кое Бог го направи за да не спаси нас беше што го испрати Јован на овој свет. Како гласникот Божји, Јован Крстител беше испратен како амбасадор на Царот, кој ги положи сите гревови на светот на/врз Исус преку крштевање. И тој го служеше високо свештенството за човештвото.
Бог ни кажа дека Тој го праќа Неговиот гласник Јован Крстител кај нас. „Јас го испраќам Својот гласник пред Твоето лице“. Пред Твоето лице значи пред Исус. Зошто Бог го испрати Јован пред Исуса? Тоа беше за да ги положи сите гревови на светот на/врз Исус, Синот Божји, преку крштевање. „Кој ќе го приготви Твојот пат.“. Ова е што стихот и навистина значи.
Кој беше тој кој го приготви патот за да ние можеме да бидеме избавени и да одиме во Небесата? Јован Крстител. “Твоето“ значи Исус и „Својот“ значи Бог Самиот. За кого Тој рече: „Јас го испраќам Својот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат“, кое е значењето на ова?
Кој требаше да го приготви нашиот пат за да ние можеме да одиме во Небесата? Јован Крстител ги положи сите наши гревови на/врз Исус за да ние можеме да веруваме дека Тој ги очисти нив сите; неговата служба беше да ги положи гревовите преку крштевањето на Исуса. Тоа беа Исус и Јован кои го направија можно за нас да веруваме во вистината и да бидеме избавени.
Од што зависи нашето спасение? Тоа зависи од: дали ние веруваме во праведното дело на Исус, Божјиот Син, и во фактот дека гласникот Божји, Јован Крстител, ги положи сите гревови на светот на/врз Него. Ние сите треба да го знаеме евангелието на искупението на гревовите. Бог Отецот најнапред го испрати Својот гласник, оној кој ќе го крстеше Неговиот Син, и го направи него претставник наш.
Бог го испрати Својот слуга Јован Крстител да го крсти Неговиот Син за да Јован може да го приготви патот на спасението за оние кои веруваат во Исус. Ова е причината зошто Јован го крсти Исуса. Крштевањето на Исус од Јован Крстител беше исполнувањето на Божјото искупение преку кое што сите гревови на човештвото беа положени на/врз Него за да сите луѓе можат да веруваат во Исус и да одат во Небесата.
Дури и идните гревови на човештвото беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање. Исус и Јован заедно го приготвија патот кон Небесата за сите нас. На ваков начин, Бог ја откри тајната на искупението преку Јован Крстител.
Како претставникот на човештвото, Јован Крстител го крсти Исус за да ние можеме да веруваме во нашето искупение и да одиме во Небесата. Тој ги положи сите гревови на/врз Исус преку крштевањето. Ова е радосната вест на искупението, евангелие.
Зошто беше Јован Крстител роден?
Преку кого можеме ние да веруваме во Исус?
Јован Крстител.
Во Малахија 3:1 напишано е: „И ете, Јас ќе го испратам гласникот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене.“ (МК Библија 2009 год.).Вие треба внимателно да ја читате Библијата. Зошто Бог го испрати Својот гласник пред Исуса? Зошто беше Јован Крстител 6 месеци пред Исуса роден?
Ние треба да сфатиме за што зборува Библијата. Во Стариот Тестамент стои одредбата за Првосвештеникот Арон. Арон беше постариот брат на Мојсеј. Бог ги одреди Арон и неговите синови да му служат како свештеници. Другите Левити работеа под нив, донесувајќи им ги избраните прибори, правејќи тестенина за лебот и така натаму, додека синовите на Арон ги принесуваа жртвите внатре во Светото место.
Ароновите синови беа одредени да служат секој еднаква служба, но на Денот на Големото Очистување, на десеттиот ден од седмиот месец, само Првосвештеникот принесуваше жртва за умилостивение на гревовите на неговите луѓе.
Во Лука 1:5 напишана е приказна за родословието на Јован Крстителот. Ние правилно треба да го разбереме овој гласник Божји за да можеме јасно да го сфатиме Исуса. Ние сме наклонети многу да размислуваме за Исус, но игнорираме многу за Јован Крстител, кој дојде пред Него. Јас сакам да ви помогнам да разберете.
„Почетокот на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син, како што е напишано кај пророците:„ Ете, Јас го испраќам Својот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат“ (Марко 1:1-2, МК Библија 1999 год.). Небесното евангелие секогаш започнува со Јован Крстител.
Кога ние потполно ќе се научиме за Јован Крстител, ние можеме јасно да разбереме и да веруваме во евангелието на искупението на Исус. Слично е како слушањето на амбасадорите кои сме ги поставиле во светот со цел да ја разбереме ситуацијата на другите нации. Кога ние знаеме за Јован Крстител, ние можеме многу добро да го разбереме искупението Божјо.
Колку жално е, меѓутоа, дека толку многу Христијани на денешницава не ја гледаат значајноста на Јован. Бог не го испрати Јован од досадување или пак зашто немаше што друго да прави. Сите четири евангелија во Новиот Тестамент зборуваат за Јован Крстител пред да зборуваат за искупението на Исус.
Но евангелистите на денешниов ден потполно го негираат Јован Крстител и им велат на луѓето дека само верувањето во Исус е доволно да се биде спасен. Тие всушност ги водат луѓето да живеат како грешници целиот нивен живот и завршуваат во пеколот. Ако сите Христијани само веруваат во Исус без да ја разберат улогата на Јован Крстител, христијанството ќе постане едноставно некаква светска религија. Како можете да сте избавени од гревовите кога не ја знаете вистината? Тоа не е можно.
Евангелието на искупението не е така едноставно нити пак е лесно. Многу мислат дека нашето искупение лежи во нашата вера во Крстот затоа што Исус умре на Крстот за нас. Меѓутоа, ако вие верувате само во Неговото распнување без да ја знаете целата вистина на положувањето на гревовите, ваквата вера нема да ве води кон целосно искупение, без разлика колку силна вашата вера би била.
Бог го испрати Јован за да му каже на светот како искупението ќе биде извршено и како Исус ќе ги однесе сите гревови на светот. Само кога ние ја знаеме целата вистина, ние ќе сфатиме дека Исус е Божји Син, кој ги одзеде сите наши гревови на/врз Себе.
Јован Крстител ни кажува нас за вистината на искупението. Тој ни кажува како тој дојде да сведочи дека Исус е Бог и вистинската Светлина. Тој исто така сведочеше во Јован 1 дека тој беше кој го приготви евангелието на искупението преку тоа што го крсти Исуса Христа.
Ако не го имаме сведоштвото на искупението од Јован Крстител тогаш како можеме ние да веруваме во Исус? Ние никогаш не сме го виделе Исус, и откако ние сме од различни култури и религии, како е можно да веруваме во Јехова како наш Бог?
Покрај вака многуте религии во светот како можеме ние да веруваме во Исус? Како можеме да знаеме дека Исус беше Божјиот Син кој не избави нас со одземањето на сите гревови на светот на/врз Себеси?
Ние треба да побараме во Стариот Тестамент за да ги најдеме зборовите на искупението од самиот почеток за да знаеме дека Исус е наш Спасител. Ние треба да го присвоиме правилното знаење за да имаме правилна вера. Нема ништо што можеме да направиме без вистинско знаење. Со цел да веруваме во Исус и да бидеме спасени, ние треба да го знаеме евангелието на искупението за кое Јован Крстител сведочеше и неговата улога во тоа. За да имаме целосна вера во Христа, ние треба да ја знаеме вистината за искупението.
Затоа, како што Исус рече: „И ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи ,ние треба да ја знаеме вистината за искупението на Исус.
Доказите во Библијата
Од кој момент почнуваат четирите Eвангелија?
Од доаѓањето на Јован Крстител.
Ајде да продолжиме да ја истражуваме Библијата за сите докази за искупението. Ајде да откриеме што четирите Евангелија велат за Јован Крстител; Кој беше тој? Зошто тој беше наречен „претставник на човештвото“ или „Првосвештеник“? Како сите гревови на светот беа положени на/врз Исус преку него? И дали Исус ги зеде сите наши гревови на/врз Себе или не ги зеде?
Ние треба да обрнеме внимание на фактот дека сите четири евангелија започнуваат со Јован Крстител. Во Јован 1:6 стои еден од најважните факти во евангелието. Овде ни кажува нас кој ја изврши службата на пренесување на сите гревови на светот на/врз Исус. „Имаше еден човек, по име Јован, пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него“ (1 Јован 1:6-7, МК Библија 1976 год.)
Вели: „За сите да поверуваат преку него’, и дека тој беше: „Да сведочи за Светлината.“ Светлината е Исус Христос. Значи дека Јован сведочеше за Исус за да сите поверуваат преку него. Сега, ајде да поблиску погледнеме во Матеја глава 3.
Во Матеја 3:13-17: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.)
Зошто ние треба да го разбереме родословието на Јован?
Затоа што Библијата ни кажува дека Јован е Високосвештеникот на целото човештво.
Јован Крстител го крсти Исус за да се исполни искупението на сите гревови на светот. Крштевањето кое Исус го прими од Јован беше најзначајниот доказ за нашето спасение. Но за да ја разбереме и да ја сфатиме целата вистина во потполн детаљ, ние треба прво внимателно да го поучиме Јован Крстител.
Во Лука 1:1-14: „Бидејќи мнозина почнаа да ги опишуваат настаните, кои се наполно уверливи меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои од почеток беа очевидци и служители на Словото, намислив и јас, откако испитав сè подробно од почеток, да ти ги опишам по ред, честити Теофиле, за да ја разбереш вистинитоста на она, во кое што си бил поучуван. Во деновите на јудејскиот цар Ирод, беше еден свештеник, по име Захарија, од Авијановиот род; и неговата жена од Ароновите ќерки, по име Елисавета. Двајцата беа праведни пред Бога, одејќи без недостаток, според сите Господови заповеди и повелби. Немаа дете, зашто Елисавета беше неплодна, а двајцата беа во години. Еднаш кога тој ја вршеше свештената служба пред Бога, по редот на својот чин, според свештеничкиот обичај, му се падна со жрепка да влезе во Господовиот Храм и да покади. А за време на кадењето целото множество на народот се молеше надвор. Тогаш му се јави Господов ангел, стоејќи оддесно на кадилниот жртвеник. Кога го виде, Захарија се збуни и страв го опфати. Но, ангелот му рече: „Не бој се, Захарија! зашто е услишана твојата молитва! Твојата жена Елисавета ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање.“(МК Библија 1999 год.).
Овде, Лука, ученик Исусов, ни кажува нас детално за родолозата на Јован. Лука, ученик на Исус, ни го објаснува родословието на Јован од почеток. Лука му го објаснуваше евангелието на некој човек наречен Теофил, кој беше од друга култура и не знаеше многу за Бога.
Така, со цел да го научи за Исус, Спасителот на грешниците, Лука мислеше дека тој треба детално да го објасни родословието на Јован Крстител. Како и ние што сме незнабошци од различни раси, ние исто не можеме да го разбереме спасението Исусово ако не е специфично објаснето, чекор по чекор. Ајде да дознаеме кои се деталите овде.
Во Лука 1:5-9 тој раскажува: „Во деновите на јудејскиот цар Ирод, беше еден свештеник, по име Захарија, од Авијановиот род; и неговата жена од Ароновите ќерки, по име Елисавета. Двајцата беа праведни пред Бога, одејќи без недостаток, според сите Господови заповеди и повелби. Немаа дете, зашто Елисавета беше неплодна, а двајцата беа во години. Еднаш кога тој ја вршеше свештената служба пред Бога, по редот на својот чин, според свештеничкиот обичај, му се падна со жрепка да влезе во Господовиот Храм и да покади.“ (МК Библија 1999 год.).
Овде, се случува случка додека Захарија му служеше на Бога според обичајот на свештенството. Лука сведочи јасно дека Захарија е потомец на Арон. Тогаш на која поделба (ред) му припаѓаше Захарија? Ова е многу значајна точка.
Тој објаснува: „Еднаш кога тој служеше пред Бога по својот ред“. Можеме да видиме дека Лука многу добро знаеше за Захарија затоа што го објасни евангелието на искупението спомнувајќи ги обајцата Захарија и Елисавета.
Јован Крстител беше роден од Захарија и неговата жена Елисавета, која беше една од ќерките на Арон. Сега, ајде да погледнеме на родолозата на Захарија, таткото на Јован.
Родолозата на Јован Крстител
Чии потомец беше Јован Крстител?
Арон, Првосвештеникот.
За да ја разбереме родолозата на Јован Крстител, ние треба да го читаме Стариот Тестамент во 1 Летописи 24:1-19.
„Еве го и распоредот на синовите Аронови: Ароновите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар. Надав и Авиуд умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештенодејствуваа Елеазар и Итамар. И Давид ги распореди: Садока - од синовите Елеазарови, и Авимелеха - од синовите Итамарови, според редот на службите нивни. И се најде, дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе старешини, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови - шеснаесет старешини, а од синовите Итамарови - осум. А ги распоредуваше со жреб, зашто старешините во светилиштето и старешините пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови; и ги запиша Семаја, синот Натанаилов, писар од левитите, пред лицето на царот и кнезовите и пред свештениците Садока и Авимелеха, Авијатаровиот син, и пред старешините на свештеничките и левитските домови: кога се фрлаше жреб, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род. Првиот жреб падна на Јоарима, вториот за Једија, третиот - за Харива, четвртиот - за Сеорима, петтиот - за Мелхија, шестиот - за Мејамина, седмиот - за Акоса, осмиот - за Авија, деветтиот - за Јисуја, десеттиот за Сехенија, единаесеттиот - за Елијасива, дванаесеттиот - за Јакима, тринаесеттиот- за Офаја, четиринаесеттиот - за Јасваја, петнаесеттиот - за Велгија, шеснаесеттиот - за Емира, седумнаесеттиот - за Езира, осумнаесеттиот - за Афисиса, деветнаесеттиот- за Фетија, дваесеттиот - за Језекиила, дваесет и првиот - за Јахина, дваесет и вториот - за Гамуила,дваесет и третиот - за Далеја, дваесет и четвртиот - за Леила. Тоа беше нивниот ред при службата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, наредено од таткото нивни Арона, како што му беше заповедал Господ, Бог Израилев.“(МК Библија 1990 год.).
Ајде повторно да го прочитаме стихот 10. „Седмата на Акос, осмата на Авија“. Во деновите на Царот Давид, имаше многу свештеници, и исто така имаше потреба да се воспостави некаква регулација за нивните систематични служби. Така, Давид стави жрепка за секој еден од синовите на Арон за да жртвата биде по ред принесувана. (Како што знаете Арон беше постариот брат на Мојсеј. Бог го одреди Мојсеј како Негов агент, а Арон како Негов Високо Свештеник на Светиот Шатор пред народот на Израел).
Сите други Левите беа поставени под свештениците и под Арон, а свештениците Ароновите синови, се грижеа за сите жртви пред Бога. Давид постави жрепка за сите нив, свештениците, кој што беа потомци на Арон, тие требаа секогаш да тргаат жрепка и тоа им донесуваше голема збрканост.
Заради тоа Давид воспостави систем со кој одреди поделба за секој ред. Имаше 24 поделби во секој ред со потекло од внуците на Арон, и осмиот беше Авиј. Речено е: „Еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов.“ Така Захарија беше свештеник од редот Авијанов, и тие беа двајцата потомци на Арон Првосвештеникот.
Захарија беше свештеникот од редот Авијанов кој беше татко на Јован Крстител. Ние знаеме од Библијата дека тие во брак стапуваа со особа од фамилијата.
Така Јаков се ожени со ќерката на Неговиот вујко, од братот на мајка му. Ова е објаснувањето на родословието кое има презначајно значење. Вели: „Еден свештеник од редот Авијанов.“
Заради тоа тој дефинитивно беше потомец на Арон. Кој? Захарија, таткото на Јован Крстител. Ова е важен факт во објаснувањето на искупението на Исус, и службата на Јован Крстителот, и положувањето на сите гревови на светот на/врз Исус.
Само синовите на Арон ќе служат како свештеници
Кој требаше да служи како Првосвештеник во времето на Стариот Тестамент?
Арон и неговите одредени потомци.
Тогаш каде во Библијата е специфирано дека синовите на Арон треба да служат како свештеници? Ајде да го побараме ова.
Во Броеви 20:22-29: „Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона: „Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води. Земи ги: Арона и сина му Елеазар, па изведи ги на гората Ор. И соблечи му ја на Арона неговата облека и облечи го во неа неговиот син Елеазар. Арон ќе им се придружи на своите луѓе, ќе умре таму.“ Мојсеј направи како што нареди Господ. Се искачија на Ор пред целото општество. Мојсеј ја соблече од Арона неговата облека и му ја облече на неговиот син Елеазар. Арон почина таму, на врвот на гората. А Мојсеј и Елеазар слегоа од гората. Целото општество виде дека Арон почина, и сиот Израелев дом го оплакуваше Арона триесет денови.“ (МК Библија 1999 год.).
Во книгата Излез законот Божји е запишан, велејќи дека синовите на Арон Првосвештеникот треба да го преземат високо свештенството како и нивниот татко кога тие ќе бидат на возраст од 30 години.
Во Излез 28:1-5: „А потоа доведи го при себе, од меѓу Израелците, твојот брат Арон заедно со неговите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар, за да Ми служат како свештеници. Направи му на својот брат Арон света облека, за слава и за величественост. Обрни им се на сите вешти луѓе, кои ги надарив со мудрост, нека му направат облека на Арона, за да се посвети и за да ја врши свештеничката служба во Моја чест. Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници. Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.“ (МК Библија 1999 год.)
Бог јасно го одреди Арон, братот на Мојсеј, за високо свештенство. Свештенството не беше отворено за некој друг човек. Бог му заповеда на Мојсеј да го посвети Арон како Високо Свештеник, и да направи соодветна облека за него како што Бог определи. Ние никогаш не треба да ги заборавиме зборовите Божји.
Исто во Излез 29:1-9: „Ова е обредот што ќе го извршиш врз нив, за да ги посветиш за Мои свештеници: земи еден јунец и два овна без недостатоци; потоа пресен леб, пресни колачиња замесени во масло и бесквасни кори намачкани со масло. Направи ги од чисто пченично брашно. Нареди ги во кошница и принеси ги во кошницата со јунецот и двата овна Доведи ги Арона и неговите синови до влезот во Шаторот на средбата и измиј ги во вода. Потоа земи ја облеката и облечи го Арона во кошула; стави ги врз неа наметката на наплеќникот, наплеќникот и врзградникот и препаши го преку ефодот. Сложи му ја капата на главата; на капата сложи го светиот венец. Потоа земи масло за помазание; излеј го врз неговата глава и помажи го. Тогаш доведи ги неговите синови; облечи ги во кошулите,препаши ги со појасите Арона и неговите синови и завиткај им ги капите. Свештенството нека им припаѓа според вечна одредба. Така посвети ги Арона и неговите синови!“ (МК Библија 1999 год.)
Препаши ги со појасите Арона и неговите синови и завиткај им ги капите... Свештенството нека им припаѓа нив според вечна одредба. Така посвети ги Арона и неговите синови.....Бог определи специфично дека само Арон и неговите синови требаа да бидат посветени за вечна служба на свештенство. Кога Тој специфично рече: „според вечна одредба“, тоа се однесува на свештенството кое беше ефективно дури после доаѓањето на Исус на овој свет.
Лука објаснува длабоко дека Захарија беше потомок на Арон првосвештеникот. Кога Захарија служеше како свештеник според одредбата пред Бога во храмот Божји, ангел му се појави и му рече дека неговата молитва е сослушана; дека неговата жена Елисавета ќе му роди син.
Захарија не можеше да поверува и рече: „Жена ми е застарена во своите дни!“ Заради неговото двоумење, Бог го направи да биде нем за кратко за да покаже дека Неговите зборови се вистина.
Во меѓувреме, неговата жена забремени и после некое време, Девицата Марија, девица, исто така забремени. Двата случаја беа приготвеното дело Божјо за нашето спасение. Со цел да го спаси злобното човештво, Тој требаше да го испрати Неговиот гласник Јован и Неговиот единороден Син Исус на овој свет.
Заради тоа Бог го крсти Неговиот Син од Јован со цел да ги положи сите гревови на светот на/врз Него за да тие кои што веруваат во Него да бидат спасени.
Специјалното Провидение Божјо
Кого Бог прво го приготви пред Исус за делото на Неговото искупение?
Јован Крстител.
Исус Христос беше Спасителот на човештвото, кој беше роден преку телото на Девицата Марија. Марија беше свршена со Јосиф, кој беше потомец од Јуда. Исус требаше да биде роден преку потомецот на Јуда за да се исполни Заветот Божји, исто како што и Јован Крстител мораше да биде роден во куќата на Арон, Првосвештеникот.
Бог ги приготви двајцата да бидат родени на овој свет, на тој начин, Јован пред Исус. Јован беше роден за да тој може да го крсти Исус и да ги положи на/врз Него сите гревови на светот. Потомецот од Првосвештеникот требаше да ја принесува жртвата за умилостивение со цел да се исполни Божјиот Завет, направен во Стариот и во Новиот Тестамент; евангелието на искупението на Исус требаше да биде извршено правилно за да сите луѓе бидат ослободени/искупени.
Во Излез, Бог им ги даде на Израел Неговиот Закон и Завети; законите Божји и жртвениот систем на шаторот, се до облеката на свештениците, деталите на жртвите, и наследувањето на свештенството на синовите на свештениците. Бог ги одреди Арон и неговите потомци за високо свештенството за вечност.
Заради тоа сите потомци на Арон требаа да принесуваат жртви и високосвештеници можеа да бидат само од куќата на Арон. Дали можете да видите зошто ова беше вака?
Помеѓу многу потомци на Арон, Бог одбра еден свештеник наречен Захарија и неговата жена. Тој рече: „Ете го испраќам Својот гласник пред Твоето лице.“ Кога Бог му кажа на Захарија дека тој ќе и овозможи на Елисавета да добие син, и дека тој требаше да му стави име Јован, тој беше толку очуден да тој постана нем според Неговата заповед се додека синот не беше роден и именуван.
Навистина син беше роден во неговата куќа. Кога беше време да се именува детето според обичајот на Израел, обичај беше детето да биде именувано на татка си или на некој роднина.
„А на Елисавета и дојде време да роди, и роди син. И кога нејзините соседи и роднини чуја дека Господ и укажа голема милост, се радуваа со неа. А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето, и го наречуваа Захарија, по името на татка му. Но неговата мајка рече: „Не, туку ќе се нарече Јован!“ рекоа: „Нема никој во твојот род, кој се вика така.“ И му дадоа знаци на татко му, како би сакал да го наречат. А тој побара штичка и напиша: „Јован му е името.“ И сите се зачудија .И веднаш му се отворија устата и јазикот и проговори и Го благословуваше Бога. И страв ги опфати сите нивни соседи. И се говореше за сè тоа по целиот планински крај на Јудеја, и сите, кои чуја, го примија тоа во своите срца, велејќи: „Што ќе биде од ова дете?” Зашто Господовата рака беше со него“ (Лука 1:57-66, МК Библија 1999 год.)
Захарија сеуште беше нем кога неговиот син беше роден. Кога дојде време да се именува детето, роднините предложија да детето се нарече според името на татко му Захарија. Но неговата мајка инсистираше да неговото име биде Јован. Во тоа време, роднините рекоа дека нема ниту еден во фамилијата со тоа име и дека бебето треба да биде именувано на татко му.
Кога Елисавета продолжи да инсистира за името, роднините отидоа кај Захарија и го прашаа кое ќе му биде името на детето. Захарија, откако тој сеуште не можеше да зборува, побара табла за пишување и напиша „Јован“. Сите роднини се зачудија на овој чуден избор на име.
Но после именувањето Захариевата уста се отвори одеднаш. Тој го прослави Бога и тој беше исполнет со Светиот Дух и прорече.
Така Лука ни кажува за раѓањето на Јован Крстител во домот на Захарија. „Еден свештеник по име Захарија, од Авијановиот ред“. Во специјалното провидение Божјо, Јован Крстител, претставникот на човештвото беше роден од Захарија, потомец од Арон.
Преку Јован Крстител и Исус Христос, Бог го исполна спасението на човештвото. Ние сме спасени од нашите гревови преку верувањето во делото на искупението, извршено преку Јован и Исус Христос.
Крштевањето на Исус
Зошто беше Исус крстен од Јован?
За да ги земе гревовите на светот.
Јован Крстител сведочеше дека Исус беше Синот Божји и дека Тој ги зеде сите наши гревови. Тој беше Јован Крстителот, слугата Божји кој беше испратен да сведочи за Божјото спасение. Тоа не значи дека Бог Самиот нам не ни кажува дека Тој е нашиот Спасител. Бог работи преку Неговите слуги во црквата, и преку устата на Неговите луѓе кои што се спасени.
Бог вели: „Говорете му нежно на Ерусалим, и известете го дека времето на неговата казна се исполни дека за неправдата ме е платено зошто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови. Тревата се исушува, цвеќето овенува, а словото на нашиот Бог останува вечно.“ (Исаија 40:2, 8, МК Библија 2009 год.)
Бог веќе вети околу седумстотини години пред раѓањето на Христа: „Вие не сте грешници повеќе. Јас умилостивив за сите ваши гревови и војната е завршена“. Така гласот на евангелието на искупението сеуште вика кон нас. Ова е она што се нарекува подготвено евангелие.
Кога ние ќе ги сфатиме делата на Јован Крстител и кога навистина ќе разбереме дека сите гревови на светот беа положени на/врз Исус преку Јован Крстител, ние можеме сите да бидеме ослободени од грев.
Сите четири Евангелија ни кажуваат за Јован Крстител, а и Малахија, последниот пророк на Стариот Тестамент исто така сведочи дека Јован Крстител е подготвениот слуга Божји. Новиот Тестамент започнува со раѓањето на Јован Крстител и со полагањето на гревовите на/врз Исус преку него.
Тогаш зошто го викаме Јован Крстител? Тоа е заради тоа што тој го крсти Исуса. Што значи крштевање? Тоа значи „да пренесеш на/врз„ , „да закопаш“ , „да биде измиено“ — истото како „рацеполагањето“ во Стариот Тестамент.
Во Стариот Тестамент, кога човек погреши, тој ги пренесуваше гревовите на жртвеното животно без никаков недостаток со рацеполагање на главата на животното, и жртвата умираше со тие гревови. „Рацеполагање“ значи „да пренесеш (положиш, ставиш) на/врз.“ Заради тоа „рацеполагањето“ и „крштевање“ се истата импликација и покрај тоа што се на изглед различни.
Тогаш, кое беше значењето на крштевањето на Исус? Неговото крштевање беше единствениот начин за нас да добиеме искупение од гревови. Бог го основа законот дека гревот може да биде префрлен на жртва преку „рацеполагање.“ Така во деновите на Стариот Тестамент, грешниците требаа да ги полагаат своите раце на главата на жртвата со цел да ги положат нивните гревови на/врз главата на жртвата. После тоа, тие требаа да ја заколат жртвата и свештениците ја ставаа крвта на роговите на жртвеникот за сепаленици. Ова беше начинот на умилостивение за секојдневните гревови.
Тогаш како тие умилостивуваа за годишните гревови?
Во овој случај, Арон Високосвештеникот ја принесе жртвата за целиот народ на Израел. Затоа што Јован Крстител беше роден во куќата на Арон, него му прилегаше да биде првосвештеник и Бог го предопредели него да биде последниот Високосвештеник, според Неговото ветување на искупение.
Јован Крстител беше претставникот на целото човештво и последниот високосвештеник затоа што Стариот Тестамент заврши кога Исус беше роден. Кој друг освен Јован Крстител би можел да ги положи сите гревови на светот на/врз Исус во Новиот Тестамент, исто како што Арон умилостивуваше за гревовите на неговиот народ во Стариот Тестамент? Како последен високосвештеник во Стариот Тестамент и претставник на целото човештво, Јован Крстител ги положи сите гревови на светот на/врз Исус кога тој го крсти Него.
Затоа што Јован ги положи сите гревови на светот на/врз Исус, верувањето во евангелието на водата и Духот може да не избави нас. Исус постана Јагнето со цел да ги спаси сите грешници, така извршувајќи ги делата на искупението како што Бог ги испланира. Исус ни кажа нас дека Јован Крстител беше последниот пророк, последниот високо свештеник кој ги положи сите гревови на светот на/врз Него.
Зошто Исус не можеше тоа Самиот да го стори? Зошто Му беше потребен Јован Крстителот? Постои причина зошто Јован се роди шест месеци пред Исус. Тоа беше за да го исполни законот на Стариот Тестамент, да го исполни неговото ветување.
Исус беше роден од Девицата Марија, а Јован Крстител беше роден од стара жена наречена Елисавета.
Овие беа делата Божји и Тој ги испланира за да ги спаси сите грешници. За да не спаси нас од вечната војна против гревот, Тој го испрати Својот слуга Јован и тогаш Неговиот сопствен Син Исус. Јован Крстителот беше испратен како претставникот на целото човештво, последниот Високосвештеник.
Најголемиот човек роден од жена
Кој беше најголемиот човек на земјава?
Јован Крстител.
Ајде да прочитаме во Матеја 11:7-14. „Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што ветерот ја лулее? Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк. Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’ Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована; и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.“(МК Библија 1999 год.).
Луѓето одеа во пустината да го видат Јован Крстителот кој викаше: „Змиски породи! Покајте се!“ И Исус рече: „Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци.“
Исус Самиот сведочеше за Јовановото величие. „Но што излеговте да видите? Варварин кој се облекува во облекло од камилски влакна и вика од врвот на неговата плуќа? Тој навистина носеше облека од камилски влакна? Но што излеговте вие да видите? Човек облечен во меки облеки? Тие што се облечени во меки облеки живеа во царските палати. Но тој е поголем од царот“, сведочеше Исус. „Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.“
Во старите денови пророците беа сметани за поголеми од царевите. Јован Крстител беше повеќе од цар, и повеќе од пророк. Тој беше повеќе од сите пророци на Стариот Тестамент. Всушност, Јован последниот високосвештеник и претставник на целото човештво, беше поважен од Арон, првиот Високосвештеник. Исус Самиот вака сведочеше за Јован.
Кој е претставникот на човештвото? Освен Исус Христос Самиот, кој е најголемиот човек на земјава? Јован Крстител. „Да, ви велам, и повеќе од пророк. Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.“
Јован Крстител сведочеше дека војната со гревот заврши. „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ Јован Крстител беше кој сведочеше дека Исус ги зеде гревовите на светот.
Во Матеја 11:11: „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител;“ (МК Библија 1999 год.) Дали има некој поголем од Јован Крстителот измеѓу оние родени од жена?
Што значи да се биде „роден од жена“? Тоа се однесува на целото човештво. Освен Адам и Ева, сите човечки суштества беа/се родени од жена. Да, помеѓу оние родени од жена не се подигнала поголема особа од Јован Крстител. Заради тоа тој е последниот високосвештеник и претставникот на човештвото. Јован Крстител беше последниот Високосвештеник, пророк и претставник на целото човештво.
Во Стариот Тестамент, Арон и неговите синови беа одредени од Бога да служат во вечност. Сите гревови требаа да бидат очистени преку Арон и неговите синови.
Ако некој друг Левит се осмелеше да застане на нивното свештенство, тој сигурно би умрел. Се што требаа да прават другите Левити беше да наберат дрвја за огнот на жртвеникот, да ги одерат животните, да ја извадат мрснотата, да ги очистат нивните црева и да да ги исфрлат внатрешните органи надвор од шаторот. Ако тие се само дрско обидеа да ја физички извршуваат службата на свештениците, тие навистина би умреле. Тоа е законот Божји. Тие не смееја да ја пречекорат линијата.
Не се подигнал на земјава поголем човек од Јован Крстителот. Тој беше најголемиот човек помеѓу сите смртници. „А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;“
Искупението на човештвото беше извршено кога Јован Крстителот го крсти Исус, и тие кои веруваат во Исус можат да влезат во Царството Небеско затоа што тие постанале праведни по вера.
Сега ајде да погледнеме како татко му на Јован сведочеше за него.
Сведоштвото на Захарија, таткото на Јован Што прорече Захарија за својот син?
Јован ќе го приготви Господовиот пат преку давањето на знаење за спасението на Неговиот народ.
Ајде да прочитаме во Лука 1:67-80. „А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: “Благословен е Господ, Бог Израилев, оти го посети и избави народот Свој;и подигна рог за нашето спасение, во домот на Давида, Својот слуга; како што говореше преку устата на своите свети пророци од векот, дека ќе не избави од непријателите наши и од рацете не сите што не мразат; за да ја пројави Својата милост над татковците наши и се сети на светиот завет Свој,на клетвата, со која му се заколна на Аврама, нашиот татко; оти ќе даде, штом не избави од непријателите наши, без страв да Му служиме, во светос и правда пред Него, преку целиот наш живот. А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господа за да му ги приготвиш патиштата негови; и да го вразумуваш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни, заради големата милост на нашиот Бог, со која не посети Исток од цисините, за да ги просвети оние, што седат во темнина и сенка смртна, и да ги опати нозете наши по патот на мирот“, А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустиња до денот, кога се јави на Израилците.“ (МК Библија 1990 год.)
Захарија пророкува две работи. Тој пророкува дека Царот на целото човештво ќе дојде. Од стихот 68 до 73 тој пророкува со радост дека Бог не го заборави Своето ветување и дека Исус, како Бог што му вети на Аврама, беше роден од Девицата Марија со цел да ги спаси неговите потомци од рацете на нивните непријатели.
Од стихот 74: „оти ќе даде, штом не избави од непријателите наши, без страв да Му служиме;“ (МК Библија 1990 год.) Ова е потсеќавање на Ветувањето Божјо на Аврам и на луѓето на Израел, и тој пророкува: „Дека ќе ни даде да Му служиме без страв“.
Од стихот 76, тој прорекува за својот син. „А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господа за да му ги приготвиш патиштата негови; и да го вразумуваш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни, заради големата милост на нашиот Бог, со која не посети Исток од висините, за да ги просвети оние, што седат во темнина и сенка смртна, и да ги опати нозете наши по патот на мирот.“ (МК Библија 1990 год.)
Овде тој вели, „Да го вразумуваш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни“. Преку кого тој рече дека познавањето на спасението требаше да биде дадено? Преку Јован Крстителот. Дали можете ова сега да го видите? Јован Крстител, преку словото Божјо, требаше да ни даде нас познавање за Исус, Синот Божји, кој ги зеде гревовите на светот.
Сега ајде да погледнеме кај Марко 1. „Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син. Како што е пишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам Својот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат; гласот на оној, кој вика во пустината: ‘Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’. Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јордан, при што тие ги исповедуваа своите гревови.“ (Марко 1:1-5, МК Библија 1999 год.)
Кога Израелците слушнаа од Јован Крстителот, тие се свртија од обожавањето на идолите на Безбошците и беа крстени од Јован Крстителот. Но Јован сведочеше: „Јас ве крштевам со вода за да вие се вратите кон Бога. Но Синот Божји ќе дојде и ќе биде крстен од мене за да сите ваши гревови бидат на/врз Него положени на истиов начин. И ако вие верувате во Неговото крштевање како и што сте крстени од мене, сите ваши гревови ќе бидат положени на/врз Него, исто како што и гревовите беа положувани на жртвата со рацеполагање на неа во Стариот Тестамент.“ Тоа беше што Јован сведочеше.
Фактот дека Исус беше крстен во Јордан значи дека Тој беше крстен во реката на смртта. Ние пееме на погреб: „♪Во сладоста преку и преку, ќе се сретнеме пак кај убавиот брег. Ќе се сретнеме кај убавиот брег.♪“ Кога ние умреме, ние ќе ја преминеме реката Јордан. Реката Јордан е реката на смртта, затоа што Тој ги одзеде тука сите гревови на светот и „казната за гревовите“.
Крштевањето кое ги пренесува нашите гревови
Кој е приказот на раце во Новиот Тестамент?
Крштевањето на Исус.
Во Матеја 3:13-17 ние читаме: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.” Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.)
Исус отиде кај Јордан и беше крстен од Јован Крстителот. Тој му заповеда на Јована: „Крсти Ме.“ Јован одговори: „Но јас имам потреба од Тебе да бидам крстен, а Ти доаѓаш при мене?“ Високосвештениците на небесата и на земјата се сретнаа.
Како што стои напишано на Еврејски, Исус Христос е Високо Свештеник за секогаш, според редот на Малхиседек. Ова значи дека Исус е без човечка генетика (родословие). Тој не е потомец на Арон или на некој човек на земјава. Тој е Синот Божји, нашиот Создадител. Тој е Кој е, заради тоа, Тој нема родословие. Исус ја отфрли славата небеска и дојде на земјава да го спаси Својот народ.
Причината зошто тој слезе на земјава беше да ги спаси сите грешници кои страдаа од измамите на Сатаната. Во дополнение, Тој ги однесе сите гревови на светот со тоа што беше крстен од Јован Крстител. „А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.” Тогаш тој Му позволи.“
„Позволи го сега тоа“. Позволи го! Исус го одреди претставникот на целото човештво и ја понизи Неговата глава за да биде крстен. Во Стариот Тестамент, кога жртва беше принесувана на Бога, или грешникот или Свештеникот ги поставуваа своите раце на нејзината глава и ги положуваа гревовите. „Да ги ставиш рацете“ значи „да пренесеш.“
Јован Крстителот го крсти Исус. Тоа беше исто како и рацеполагањето во Стариот Тестамент. „Да положиш/пренесеш“, „да биде закопано“, „да биде измиено“ и „жртвувано“ се едно исто. Новиот Тестамент е суштината додека Стариот Тестамент неговата сенка.
Кога грешникот ги полагаше своите раце на јагнето во Стариот Тестамент, неговиот грев беше положен на/врз јагнето и јагнето требаше да биде заколено. Кога јагнето беше мртво, тоа беше закопано. Гревовите на оној кој ги стави рацете на јагнето беа положени на жртвеното животно, за да тоа можеше да биде заколено заради гревот! Ако гревовите беа положени на/врз јагнето, можеше ли оној/а кој ги положи на/врз него според жртвениот систем да биде без грев? Да.
Ајде да речеме дека оваа марамица е грев и дека овој микрофон е јагнето. Кога јас ќе ги ставам рацете на овој микрофон, овој грев е положен на/врз него, јагнето. Бог Самиот одлучи да биде вака. „Стави ги своите раце на него“. Со цел да се биде искупен од гревовите во Стариот Тестамент луѓето требаше рацете да ги постават на жртвата за да бидат искупени од гревот. После тоа, тој/таа ќе можеше да биде без грев. На истиот начин крштевањето на Исус беше очистување, погребување и полагање на гревовите на светот на/врз Него. Ова е точното значење.
Што значи да се исполни сета правда?
Значи да се очистат сите гревови со нивното полагање на /врз Исус.
Значи, кога Исус беше крстен да ги земе сите гревови на светот, беа ли сите гревови навистина на/врз Него положени? Сите гревови на светот беа положени на/врз Исус и сите луѓе беа искупени. Тоа е истото како полагање на гревовите на жртвата во Стариот Тестамент. Исус дојде од Галилеја кај Јордан и Тој му рече на Јована: „Позволи го сега тоа ошто така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеј 3:15, МК Библија 1999 год.)
Тогаш Јован го крсти Исуса. Тој му рече на Јована дека така им прилега ним да ја исполнат сета правда со Неговото крштевање. „Сета правда“ значи „најправилно и најпогодно.“ „Така“, со други зборови, со значењето на крштевањето, сета правда беше исполнета. Ова значи дека правилно беше да Јован го крсти Исуса, и Исус да биде крстен од Јована, за да ги пренесе сите гревови на светот на/врз Него.
Бог гарантира искупение врз основа на Исусовото крштевање. Неговото жртвување на Крстот и нашата вера. „Сите луѓе страдаат од гревот и измачувани се заради него од Сатаната. Заради тоа со цел за нив да бидат спасени и испратени во Небесата, ти, како претставник на човештвото и потомец на Арон, треба да ме крстиш Мене за сите луѓе. Јас ќе бидам крстен од Тебе, Јоване. Тогаш делото на искупението ќе биде исполнето.’
„Разбирам“ одговори Јован.
Така Јован го крсти Исуса. Тој ги стави своите раце на Исусовата глава и ги положи сите гревови на светот на/врз Него. Така Исус постана Спасителот кој ги очисти сите наши гревови. Сега Неговото Искупение може да не спаси нас. Дали верувате?
После Неговото крштевање во реката Јордан преку раката на претставникот на целото човештво, Исус шеташе и го проповедаше евангелието три и половина години со сите гревови на светот на/врз Неговото тело како Негова прва јавна служба.
Тој и рече на жената која беше фатена во дело на прељуба. „Ни Јас не те осудувам.“ Тој не можеше да ја осуди затоа што Тој ги беше одзел сите нејзини гревови на/врз Себе и беше скоро да умре на Крстот за нив. Додека Тој се молеше на местото наречено Гетсиманија, Тој се молеше три пати молејќи да Отецот даде да чашата на осудението премине од Него, но скоро се предаде и рече: „Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!“.
„Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“
Колку ли гревови Исус зеде?
Сите гревови на светот.
Во Јован 1:29 напишано е: „На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“(МК Библија 1976 год.) Јован Крстителот го крсти Исуса и другиот ден, Исус дојде кај него, така да Јован им кажа на луѓето: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ Тоа беше неговото сведоштво.
Синот Божји дојде на овој свет и ги зеде сите гревови на светот. Јован Крстителот посведочи повторно. Во Јован 1:35-36: „Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици, и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!“ (МК Библија 1999 год.)
Божјото Јагне се однесува на фактот дека Исус е точното и реалното лице на жртвата спомната во Стариот Тестамент кој што умре за гревовите на Израел. За вас и мене, Синот Божји, и нашиот Создадител, дојде на овој свет за да ги земе сите наши гревови; сите гревови од созданието на светот се до денот на неговиот крај, од оригиналните гревови до нашите беззаконија, од нашите слабости до нашите согрешенија. Тој не избави сите нас со Неговото крштевање и крв на Крстот.
Исус ги однесе сите наши гревови и ни даде нас, верниците, совршено искупение. Дали го разбирате ова? „Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“
Поминаа околу 2000 години откако Исус беше роден на/во овој свет и во 30—та година Исус ги зеде сите наши гревови. Годината 1 беше годината кога Исус беше роден. Времето пред Христа го нарекуваме пред нашата ера или пред раѓањето на Христа. Поминаа околу 2000 години откако Исус дојде на овој свет.
Во 30-та година на н.е. Јован Крстител го крсти Исус и на другиот ден, Јован извика кон луѓето: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (МК Библија 1976 год.) Тој им велеше на луѓето да веруваат во Исуса кој ги однесе сите нивни гревови. Тој сведочеше дека Исус беше Божјото Јагне, Оној кој не спаси нас од сите наши гревови.
Исус ги однесе сите наши гревови и ја прекина вечната војна против гревот. Сега ние сме без грев откако Синот Божји ги однесе нив. Јован Крстителот сведочеше дека Исус ги одзеде сите наши гревови, моите и вашите гревови. „Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него“ (Јован 1:7, МК Библија 1999 год.)
Како можеме ние без сведоштвото на Јован да знаеме дека Исус ги зеде сите наши гревови? Библијата ни кажува нас често дека Исус умре за нас, но само Јован јасно сведочи дека Тој ги зеде сите наши гревови.
Колку гревови се гревовите на светот?
Сите гревови на човечките суштества од почетокот до крајот на светот.
Многу сведочеа за фактот на крштевањето после Исусовата смрт, но само Јован сведочеше додека Тој беше жив. Нормално, учениците на Исус исто така сведочеа за искупението на Исус. Тие сведочеа дека Исус ги зеде сите наши гревови, дека Тој е наш Спасител.
Исус ги зеде гревовите на светот. Сега читателе, вие сеуште не сте 100 години стар или сте? Исус ги однесе гревовите на светот кога имаше 30 години. Погледнете го следниов дијаграм.
Ајде да речеме дека беше 4000 години пред доаѓањето Исусово дека првиот човек беше создаден. И да е само малку поминато од 2000 години откако Исус дојде. Ние не знаеме колку долго светот ќе трае, но сигурно е дека крајот ќе му дојде. Тој вели: „Јас Сум Алфа и Омега, Почеток и Свршеток, Првиот и Последниот,“ (Откровение 22:13, МК Библија 1990 год.)
Така сигурно ќе има крај. Ние сега сме на моментот означен како година 2010. Христос ги зеде нашите гревови во 30- та година на н.е., и тоа беше 3 години пред да умре на Крстот.
„Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ Тој ги одзеде гревовите на светот, гревовите мои и ваши. Ние сега сме 2000 години понатаму од раѓањето на Исус и го живееме нашиот живот скоро 2000 години откако Исус ги зеде нашите гревови. Ние сеуште живееме и ден за ден извршуваме гревови, меѓутоа Исус е Божјото Јагне кое што веќе ги однесе гревовите на светот.
Ние почнуваме да живееме и да грешиме на овој свет од моментот на нашето раѓање. Дали ние сите грешиме од моментот на нашето раѓање или не сите? —Да ние сите грешиме.— Ајде да го поминеме целиот процес. Од денот на нашето раѓање до нашата десетта година, дали грешиме или не? —Да ние грешиме.— Сега, дали тие гревови беа положени на/врз Исус или не? —Да, тие беа.— Откако сите наши гревови беа положени на/врз Исус, Тој е наш Спасител. Ако не, како може Тој да биде наш Спасител? Сите гревови беа положени на/врз Исус.
Од 11-та до 20-та година, дали ние грешиме или не? Ние грешиме во нашите срца и со нашите дела... Ние сме многу добри во тоа. Ние сме научени да не грешиме, но ние сме природно наклонети да извршуваме грев.
Бог ни кажува дека сите тие гревови беа положени на/врз Исус. Тој знаеше дека ние сме грешни, така да Тој однапред ги зеде сите тие гревови.
И, обично, колку долго живееме на овој свет? Ајде да речеме да е околу 70 години. Ако ги собереме сите гревови кои што ќе ги извршиме овие 70 години, колку тежок ќе биде нашиот товар? Ако ги спакуваме сите тие во осум тонски камиони сигурно би наполнеле некаде околу 100 приколици на осум- тонски камиони.
Обидете се да замислите колку гревови би извршиле ние за време на нашиот цел живот. Дали се тие гревовите на светот или не се? Тие се дел од гревовите на светот. Ние грешиме од нашето раѓање, се до нашата 10, 20, 30, .....се до денот кога ќе умреме, но сите тие гревови се исто така вклучени во греовите на светот кои што веќе беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање.
Спасителот на луѓето, Исус Христос
Колку ли гревови зеде Исус?
Сите гревови на нашите предци, нашите гревови и на нашите потомци се до крајот на светот.
Исус ни кажува нас дека Тој дојде во месото за да ги очисти сите тие гревови. Но Исус не можеше да се крсти Себе си, така Бог го испрати Својот слуга Јован пред Него, одбраниот претставник на целото човештво. Како што е напишано: „Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.“ Преку Него Самиот, преку Неговата мудрост и преку Неговиот совет, Тој го испрати претставникот на човештвото најпрво, и Исус Самиот, Синот Божји, дојде во тело за да ги однесе сите гревови на светот. Нели е ова прекрасно спасение на Божјото длабоко провидение?
Прекрасно е или не е? Така само што беше крстен од Јован Крстител Тој ги очисти сите гревови на човештвото од целиот свет и го избави секој еден од гревот со тоа што беше распнат, еднаш за секогаш. Тој не спаси сите нас. Размислете малку за тоа. Ајде да ги погледнеме сите наши гревови од 20-та до 30-та година, од 30 до 40-та година, од 40 до 60-та година до 70-та до 100 година, и исто и гревовите на вашите деца. Дали Тој ги премавна сите овие гревови или не? Да, Тој ги премавна. Тој е Исус Христос, Спасителот на човештвото.
Откако Јован Крстител ги положи сите наши гревови на/врз Исус, и затоа што Бог го испланира тоа така, ние можеме да бидеме избавени преку верувањето во Него. Дали сме ти и јас грешници? Дали беа сите наши гревови положени на/врз Исус или не? —Ние не сме повеќе грешници затоа што сите наши гревови беа веќе положени на/врз Исус.—
Кој се осмелува да рече дека има грев во светот? Исус ги зеде сите гревови на светот. Тој знаеше дека ние ќе грешиме, и така Тој ги зеде исто и гревовите на иднината. Некои од нас сеуште не се 50 години стари и дури некои не го проживеале ниту половина од нашиот живот, но некои од нас вклучувајќи се и себе си зборуваме како да ние ќе живееме вечно.
Има многу од нас кои имаат турбулентен живот. Ајде да ви го објаснам ова вака. Колку е половина живот на еднодневка? Тоа е 12 саати.
„Господи! Сретнав ваков и ваков човек, и тој замавна со тепало по мене и само што не ме смачка до смрт, и знаеш, јас никогаш до сега не сум сретнала ваков злобен човек“. Еднодневката живееше само 12 саати и не можеше да прекине да зборува. Но веќе половина од нејзиниот живот поминал.
Околу 7 или 8 навечер се среќава со самракот на нејзиниот живот, и наскоро смртта. Некои еднодневки преживуваат 20 часови некои 21 час, а други пак доживуваат зрел живот на 24 часа. Тие можат да зборуваат за нивните долги доживувања, но како тоа ни изгледа нас? Кога сме ние 70 или 80 години стари, ние можеби би рекле „не правиме да се смеам.“ Нивното доживување не значи ништо во нашите очи.
Ајде сега да ја примениме оваа приказна со релацијата измеѓу Бога и нас. Бог е вечен. Тој живее во вечноста. Тој го одредува почетокот и крајот на светот. И тој живее вечно, Тој живее во вечноста надвор од рамката на времето на вечноста. Тој гледа на нас од погледот на Неговата вечност.
Еднаш многу одамна, Тој ги зеде сите гревови на светот, умре на Крстот, и рече: „Се сврши“. Тој воскресна на третиот ден и се вознесе на Небесата. Тој сега престојува во вечноста. Сега, Тој гледа на секој еден од нас.
Некој човек можеби би рекол: „Ах, Господи, јас толку многу погрешив. Дури и покрај тоа што сум само 20 години имам толку гревови.“ „Јас живеам 30 години до сега и веќе сум толку многу погрешил. Тоа е едноставно премногу. Како можам јас некогаш да бидам без грев?“
Но нашиот Господ во Неговата вечност вели: „Не правиме да се смеам“, Јас не само што ги искупив твоите гревови до сега, туку ги однесов и гревовите на твоите предци кои пред тебе беа родени, и гревовите на сите генерации на твоите поколенија кои ќе живеат после твојата смрт.“ Тој ова ти го вели од Неговата рамка на вечноста. Дали верувате во ова? Верувајте и примете го дарот на спасението кој ви е даден бесплатно. Влезете во Царството Небеско.
Не сврзувајте се себеси со вашите мисли, но верувајте во Словото Божјо. „Така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Божјото Јагне ги зеде сите гревови на светот и веќе ја исполна сета правда. Исус ги зеде сите гревови на светот. Дали Тој го стори ова или не? Да го стори.
Што рече Исус пред Неговиот последен здив на Крстот?
„Се сврши.“
Исус Христос ги однесе сите гревови на светот преку Неговото крштевање, беше осуден на смрт во судот на Понтиј Пилат и беше распнат на Крст.
„А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; каде Го распнаа, и со Него други двајца, од едната и од другата страна, а Исуса во средина. А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.“ Натписот го прочитаа мнозина Јудејци, зашто местото, каде беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, латински и грчки“ (Јован 17:19-20, МК Библија 1999 год.)
Ајде да погледнеме што се случи откако Тој беше распнат на Крстот. „По ова Исус, знаејќи дека е свршено сè, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!“ Таму имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!“ па ја наведна главата и го предаде духот“ (Јован 19: 28-30, МК Библија 1999 год.)
Откако го прими Тој оцетот, Тој извика „Се сврши!“ и ја наведна Неговата глава и почина. Исус Христос воскресна во третиот ден и се вознесе на Небесата.
Ајде да се видиме кај Евреите 10:1-9. „Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат. Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени. Но тие секоја година напомнуваат на гревовите зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите. Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело. Сèпалениците и жртвите за грев не Ти беа угодни.“ Тогаш реков: „Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата волја, О Боже.“ Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни“—тие се принесуваат според Законот, потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.“ Така го отстранува првото, за да го воспостави второто.“ (МК Библија 1999 год.)
Вечното Искупение
Како можеме да го решиме проблемот на секојдневните гревови откако дојдовме до вера во Исус?
Преку потврдувањето дека Исус беше веќе ги премавнал сите наши гревови преку Неговото крштевање.
Законот, со други зборови, жртвениот систем беше сенката на идните добра. Жртвите на Стариот Тестамент, овците и козите, ни открија нас дека Исус Христос ќе дојде и ќе ги одземе сите наши гревови на истиот начин со цел да ги премавне сите наши гревови.
Сите луѓе на Стариот Тестамент, Давид, Аврам и сите други, знаеја и веруваа во значењето на жртвениот систем. Тој откри дека Месијата, Исус Христос (Христос значи, помазаниот Цар) ќе дојде еден ден за да ги очисти нивните гревови. Тие веруваа во нивното искупение и беа спасени преку нивната вера.
Законот беше сенка на идните добра. Принесувањето на жртви за нивните гревови секој ден, година за година не можеа никогаш да ги целосно искупат нив. Заради тоа, совршеното и вечното Суштество, Оној без недостаток, Божјиот Син требаше да дојде на земјава.
Исус Христос рече дека Тој дојде за да ја изврши волјата Божја како што е запишано во Словото, кое што беше напишано од Него. „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.” Така го отстранува првото, за да го воспостави второто.“ Ние сме искупени од сите наши гревови, како што е напишано во Стариот Тестамент, и затоа што ние веруваме во Него.
Ајде да прочитаме пак во Евреите 10:10. „Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.“(МК Библија 1999 год.) Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш за секогаш. Дали сме ние осветени или не? —Ние сме осветени.—
Што значи ова? Бог Отецот го испрати Неговиот Син и ги положи сите гревови на/врз Него преку Неговото крштевање. Тој го прими и го осуди Него еднаш и за секогаш на Крстот. Така, Тој не избави сите нас кои страдавме од гревот. Тоа беше Волја Божја.
Со цел да не избави нас, Исус се жртвува Себеси како вечна жртва еднаш за секогаш, за да ние бидеме осветени. Ние сме веќе осветени затоа што Исус се жртвува Себе си за сите наши гревови и умре за нас за да ние не бидеме осудени.
Жртвата на Стариот Тестамент беше принесувана секој ден затоа што секојдневни гревови бараа посебна жртва за да бидат очистени.
Духовното значење на Исусовото миење на нозете на Петар
Дали постои каков и да било грев за кои би требало да се молиме и да бараме опростение?
Не.
Во Јован 13 напишана е приказна како Исус му ги мие нозете на Петар. Тој му ги изми нозете на Петар со цел да му покаже дека ќе изврши гревови во иднина и да го научи него дека тој исто така веќе е избавен од сите тие гревови. Исус знаеше дека Петар ќе повторно погреши во иднина, така Тој насипа вода во сад и ги изми неговите нозе.
Петар се обиде да го одбие тоа но Исус рече: „Јас што правам сега ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Што овие стихови значат е: „Ти ќе погрешиш после ова. Ти ќе се одречеш од Мене и пак ќе погрешиш откако ги измив сите твои гревови. Ти ќе погрешиш дури и после моето Вознесение. Заради тоа, ти ги мијам нозете за да го предупредам Сатаната да не те искушува затоа што Јас веќе ги зедов дури и твоите идни гревови.“
Дали мислите дека Он му ги изми нозете на Петар со цел да ние секој ден се молиме за опростение? Не. Ако требаше секој ден да се покајуваме за да бидеме искупени, тоа значи дека Исус не ги одзел сите наши гревови еднаш за секогаш.
Но Исус рече дека Тој не освети нас еднаш за секогаш. Ако требаше да се покајуваме секој ден, ние можеме исто така и да се вратиме во времињата на Стариот Тестамент. Тогаш кој би постанал праведен? Кој би можел целосно да биде искупен. Дури и ако верувавме во Бога, кој ли би можел да живее без грев?
Кој може да постане осветен со покаението? Ние грешиме постојано секој ден, така како можеме да молиме опростение за секој грев? Како можеме да постанеме толку дебело кожни и да го малтретираме Него секој ден за нашето откупение? Ние сме наклонети да ги заборавиме кон крајот на денот нашите гревови кои сме ги извршиле изутрината, и гревовите на вечерта ги забораваме до другиот ден. Тогаш како е можно да ние се покаеме целосно за сите наши гревови.
Заради тоа Исус беше крстен еднаш и се жртвува Себеси на Крстот еднаш за да ние постанеме осветени сите наеднаш. Дали можете да го сфатите ова? Ние бевме искупени од сите наши гревови еднаш за секогаш. Ние не сме искупени секогаш кога се покајуваме.
Ние сме веќе спасени од нашите гревови преку верувањето дека Исус ги одзеде сите наши гревови, вашите и моите гревови.
„И секој свештеник стои секој ден служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите; а Тој принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, и оттогаш чека понатаму додека непријателите Неговите не бидат положени како подножје за нозете Негови. Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени. И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече: „Ова е заветот што ќе им дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава: „И за гревовите и беззаконијата нивни нема да веќе да си спомнувам.“ А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев“ (Евреите 10:11-18, МК Библија 2009 год.)
Кое е значењето на „а каде има проштевање за нив“ во 18-от стих погоре? Тоа значи дека самиот грев, кој и да било грев, беше премавнат засекогаш, без никаков изклучок. Бог ги премавна и опрости нив. Дали верувате во ова? „А каде има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“
Ајде на кратко да го погледнеме сега цело ова за кое што досега зборувавме. Ако Јован Крстителот не ги ставеше своите раце на/врз Исус, со други зборови, ако тој не го крстеше Исуса, можевме ли ние да бидеме искупени? Не, апсолутно не можевме! Ајде да мислиме на назад. Ако Исус не го одбра Јована Крстителот како претставник на целото човештво и ако не ги одземеше преку него сите гревови, можеше ли Тој да не очисти од сите наши гревови? Не, не ќе можеше.
Законот Божји е правилен, фер. Тој не можеше само така да рече дека е нашиот Спасител и дека тој ги однесе сите наши гревови. Тој требаше практично да ги одземе сите наши гревови. Зошто ли Исус, Бог, дојде при нас во тело? Тој дојде со цел да ги одземе сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање. Исус знаеше дека сите гревови од нашите срца и тело не можеа да бидат премавнати освен ако тој дојде во тело за да биде жртвуван како вечна жртва.
Ако Исус Христос не беше крстен, нашите гревови сеуште би останале во нашите срца. Ако Тој беше распнат без прво да ги одземе сите наши гревови, Неговата смрт би била безначајна. Таквата не би имала никаква врска со нас. Таа би била безначајна.
Така кога Тој ја започна Неговата јавна служба на возраст од 30 години, тој отиде при Јован Крстителот кај Јордан да биде крстен. Неговата јавна служба почна кога Тој направи 30 години и заврши на Неговата 33 година. Кога Тој имаше 30 години, тој отиде при Јован Крстителот да биде крстен: „Позволи го сега тоа зошто така ни прилега за да сите луѓе можат да бидат спасени и да постанат праведни. Тоа е правилно за нас да го извршиме. Сега крсти Ме.“ Да, Исус Христос беше крстен за искупението на сите луѓе.
Откако Исус беше крстен и ги однесе сите наши гревови, затоа што сите наши гревови беа положени на/врз Него преку рацете на Јован Крстителот, Бог Самиот ги оттргна очите Негови кога Исус умираше на Крстот. И покрај тоа што Исус беше Неговиот Единороден Син, тој мораше да го жртвува Неговиот Син.
Бог е љубов, но Тој мораше да дозволи да Неговиот Син умре. Така, за време на три часа темница беше во целата земја. Исус извика пред да почини: „Еli, Eli, lama sabachthani?“ т.е. „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме остави?“ Исус ги сноси сите наши гревови и ја прими праведната осуда на Крстот за нас. Така Тој не спаси нас сите. Без крштевањето на Исус, Неговата смрт би била безначајна.
Дали сте грешник или праведен човек?
Праведен човек кој е безгрев во срцето.
Ако Исус умреше на Крстот без да ги одземеше сите наши гревови преку Неговото крштевање, Неговата смрт не ќе можеше да го заврши искупението. Со цел да нас не совршено искупи, Исус беше крстен од Јован, претставникот на целото човештво, и го прими осудението на Крстот за да сите оние кои што веруваат во Него да бидат спасени.
Заради тоа, од деновите на Јован Крстителот до сега, Царството Божјо страда насилство. Затоа што Јован Крстителот ги положи сите гревови на светот на/врз Исус, нашите гревови беа веќе опростени. Вие и јас сега можеме да го викаме Бога наш Отец и да смело влеземе во Царството Небеско.
Во Евреите 10:18: „А каде има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“ Дали сте грешник? Сега откако Исус веќе исплати за сите наши долгови, дали сеуште имате долг за плаќање?
Беше еден човек чиешто пијанство го донесе до многу кредитори. Тогаш, еден ден, неговиот син се збогати и ги исплати сите долгови од неговиот татко. Неговиот татко немаше повеќе долгови без разлика колку и да беше должен.
Ова е што Исус направи за нас. Тој исплати однапред (како залог) многу повеќе од доволно за сите наши гревови. Не само гревовите на нашиот цел живот туку сите гревови на светот. Сите тие беа положени на/врз Исус кога Тој беше крстен. Сега дали сеуште сте грешници? Не, вие не сте.
Ако го знаевме ова евангелие на искупението од почетокот, колку лесно ќе ни беше да веруваме во Исус. Но како што е, ова звучи толку ново да многу луѓе се чудат за тоа.
Но ова не е нешто ново. Евангелието постои се од почетокот на човечката историја. Само што ние досега не го знаевме. Евангелието на водата и Духот секогаш беше запишано во Светото Писмо и секогаш беше ефектно. Таму беше цело време. Овде беше во Библијава која е пред мене и пред вас пред јас и ти да се родиме. Таму е се од создавањето на земјата.
Евангелието на вечниот откуп
Што ние треба да правиме пред Бога?
Ние треба да веруваме во евангелието на вечниот откуп.
Исус Христос, кој ги очисти сите наши гревови, го изврши тоа дури и пред да ти и јас се родиме. Тој ги однесе нив. Дали сте сеуште со грев? —Не.— Тогаш како стои со гревовите коишто ќе ги извршите утре? Тие се исто така вклучени во гревовите на светот.
Ајде сега да ги извадиме гревовите на утреден. Гревовите кои што сме ги извршиле до сега беа исто така вклучени во гревовите на светот, или не беа? Дали тие беа положени на/врз Исус или не беа? Да, тие беа положени на/врз Исус.
Тогаш дали гревовите на утреден исто беа положени на/врз Исус? Да, Тој ги однесе сите нив, без никаков исклучок. Тој не изостави ниту еден грев. Евангелието ни кажува нас да веруваме со целото наше срце дека Исус ги однесе сите наши гревови еднаш засекогаш, сите наеднаш, и ја исплати платата за нив сите.
„Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син“ (Марко 1:1, МК Библија 1999 год.) Евангелието на Небесата е радосна вест. Тој не прашува нас: „Јас ги однесов сите ваши гревови. Јас сум ваш Спасител. Дали верувате во Мене?“ Измеѓу безбројни луѓе, само малку од нив одговорија: „Да, јас верувам. Јас верувам како што Ти си ни кажал. Тоа беше толку едноставно да јас можев веднаш да го разберам.“ Оние кои што вака ја исповедаат својата вера постанаа праведни како Аврам.
Но други велат: „Јас не можам да верувам во тоа. Тоа звучи толку ново и непознато е за мене.“
Тогаш Тој прашува: „Само кажи Ми дали Јас ги однесов сите твои гревови или не ги однесов?”
„Јас научен/а сум дека Ти ги однесе само оригиналните гревови, но не и моите секојдневни гревови.“
„Јас гледам дека си премногу паметен за да веруваш во мене како што Јас ти кажав. Ти мораш да одиш во пеколот затоа што Јас немам што повеќе да ти речам.“
Верувањето во Неговото целосно искупение не спаси нас. Сите оние кои што инсистираат да имаат грев, мораат да одат во пеколот. Тие го направија својот избор.
Евангелието на искупението почнува од сведоштвото на Јован Крстител. Откако Исус ги очисти сите наши гревови преку Неговото крштевање од Јован Крстителот, ние постануваме осветени кога веруваме.
Апостолот Павле зборуваше многу за крштевањето на Исус во неговите посланија. Во Галатјаните 3:27: „Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа“. (МК Библија 1999 год.) „Да се биде крстен во Христа“ значи дека сме во заедница со Христа преку верувањето во Неговото крштевање. Кога Исус беше крстен, сите наши гревови беа положени на/врз Него преку Јован Крстител, и тие сите беа целосно очистени.
Во Петар 3:21: „Образот на таа вода - крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога – добра совест – не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа.“ (МК Библија 1976 год.)
Само оние кои што веруваат во сведоштвото на Јован Крстителот, крштевањето на Исус и крвта на Крстот, ја имаат благодатта одозгора.
Примете го крштевањето на Исус како приказот на спасението во вашето срце и бидете спасени.