(1 Јован 5:1-12)
„Секој кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го сака Оној, Кој родил, Го сака и Оној, Кој е роден од Него. По тоа знаеме дека ги сакаме чедата Божји, кога Го сакаме Бога и ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки. Оти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот—верата наша. Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји? Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, —не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној кој сведочи, оти Духот е вистина. Зошто Тројца се, Кои сведочат на небото; Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно. И Tројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно. Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал вечен живот; и тој живот е во Неговиот Син. Кој го има Синот Божји, тој го има и тој живот, кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.“ (МК Библија 1976 год.)
Преку што дојде Исус?
Вода, крв и преку Духот.
Дали Исус дојде преку вода? Да, Тој дојде преку вода. Тој дојде преку Неговото крштевање. Водата го симболизира крштевањето на Исус од Јован Крстител во реката Јордан. Тоа беше крштевање на откуп (искупение) со кое што Тој ги однесе сите гревови на светот.
Дали Исус дојде преку крв? Да, тој дојде преку крв. Тој дојде во телото на човек и беше крстен за да ги одземе сите гревови на светот, тогаш ја исплати казната за гревот со крвопролевање на Крстот. Исус дојде преку крв.
Дали Исус дојде преку Духот? Да, Тој дојде. Исус беше Бог, но Тој дојде како Духот во телото за да биде Спасител на грешници.
Многу луѓе не веруваат дека Исус дојде преку вода, крв и Духот. Само малку веруваат дека Исус е навистина Цар над царевите и Бог над боговите. Поголемиот дел од луѓето сеуште се чудат вака: „Дали Исус е навистина Синот Божји, или син на човек?“ И многу теолози и служители, веруваат во Исус како да е човек, отколку како Бог, Спасителот, Апсолутното Суштество.
Но Бог рече дека секој еден кој верува дека Исус Христос е Цар над царевите, вистински Бог и вистински Спасител ќе биде роден од Него. Оние кои Го сакаат Бога исто така Го сакаат Исус и оние кои навистина веруваат во Бога, веруваат на истиот начин во Исус.
Луѓето не можат да го победат светот освен ако се поново родени. Така, Апостолот Јован рече дека само вистинските Христијани можат да го победат светот. Причината зошто верните можат да го победат светот е затоа што тие имаа вера во водата, крвта и Духот. Силата за победа на светот не извира од човечката волја или дело или страст.
„Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.“ (1 Коринтјаните 13:1-3, МК Библија 1999 год.)
„Љубов“ овде спомната означува дека Исус дојде преку вода, крв и Духот. Во Библијата зборот „љубов“ секогаш се однесува на „љубовта од вистината“ (2 Солунјаните 2:10). Всушност, Божјата љубов беше манифестирана преку Неговиот Единороден Син (1 Јован 4:9).
Само оној кој верува во водата, крвта и Духот може да го победи светот
Кој може да го победи светот?
Само оние кои веруваат во искупението на Исусовото крштевање, Неговата крв и Духот.
Во 1 Јован 5:5-6 стои: „ Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји? Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот.“ (МК Библија 1976 год.)
Драги Христијани, Оној кој го победи Сатаната и светот беше Исус Христос. Оние кои што веруваат во словото на водата, крвта и Духот од Исус можат исто да го победат светот. Како Исус го победи светот? Преку искупението на водата, крвта и Духот.
Во Библијата зборот „вода“ се однесува на „крштевањето на Исус“ (1 Петар 3:21). Исус дојде на овој свет во тело. Тој дојде за да ги спаси грешниците од светот; Тој беше крстен и умре на Крстот за да умилостиви за тие гревови.
Крвта на Крстот се однесува на фактот дека Тој дојде на овој свет во телото на човек. Тој дојде во обличие слично на гревовното тело за да ги спаси грешниците и беше крстен со вода. Заради тоа, Исус дојде кај нас преку двете, вода и крв. Со други зборови, Тој ги однесе сите гревови на светот со двете, Неговото крштевање и со крвта на Неговата смрт.
Како ѓаволот владее над светот? Сатаната предизвикува да човекот се двоумее за словото Божјо и го насади семето на непослушност во нивните срца. Сатаната се обидува да ги направи луѓето негови слуги преку непослушноста на Словото Божјо.
Меѓутоа, Исус дојде на овој свет и ги премавна сите нивни гревови со водата на Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот: Тој го победи Сатаната и ги премавна сите гревови на светот.
Ова се случи затоа што Исус Христос беше Спасителот на грешници. Тој постана наш Спасител затоа што Тој дојде преку вода и крв.
Исус ги однесе сите гревови на светот со Неговото крштевање на искупението (откупот)
Кое е значењето на Исусовото надминување на светот?
Тоа значи дека Тој ги однесе сите гревови на светот.
Откако Исус беше крстен за да ги одземе сите гревови на светот и умре за да ги премавне нив, Тој беше способен да не избави нас од сите гревови. Затоа што Исус беше крстен во реката Јордан од Јован Крстител, претставникот на целото човештво, сите гревови на светот беа положени на/врз Него. Исус го даде Неговиот живот на Крстот за платата на гревот. Тој ја надмина силата на Сатаната со Неговата смрт и воскресение. Исус ја исплати платата за сите наши гревови со Неговата смрт.
Исус дојде кај грешниците преку водата на Неговото крштевање и крвта на Крстот
Како Тој ја надмина силата на Сатаната?
Преку Неговото крштевање и крвта и Духот.
Апостолот Јован рече дека откупот не е само со вода, туку со двете, вода и крв. Заради тоа, како што Исус ги однесе сите гревови и ги отстрани нашите гревови засекогаш, сите грешници на светот можат да бидат спасени од грев преку вера во Него, и да бидат верни на Неговото Слово.
Кога Исус дојде на светов, Тој не само што ги однесе нашите гревови, туку Тој исто така и исплати за нив со крвопролевањето и смртта на Крстот. Тој ги одзеде сите наши гревови со Неговото крштевање во реката Јордан и ја исплати платата на тие гревови на Крстот; Тој исплати за нашите гревови со Неговата смрт. Праведниот закон Божји кој што вели дека „смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.) беше исполнат.
Што му значеше на Исус со надминување на светот? Верата која го надминува светот е верата во евангелието на откупот (искупението), кое што Исус го излеа врз нас со водата и крвта. Тој дојде во обличие на човек и сведочеше за спасение со неговото крштевање со вода и Неговата смрт на Крстот.
Исус го надмина светот, односно Сатаната. Учениците на Раната Црква стоеја цврсто дури и во лицето на мачеништво без да и се потчинат на Римската империја или на какво и да било искушување од овој свет.
Ова се беше резултат на нивната вера дека Исус дојде преку вода (Тој беше крстен за да ги одземе сите наши гревови), и со Неговата крв на Крстот (тој ја исплати платата за сите наши гревови со Неговата смрт).
Исус дојде во Духот (Тој дојде во обличие на човек), и ги однесе сите гревови на грешниците со Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот за да така сите ние кои треба да сме откупени, можеме да го надминеме светот.
Постои и приказ кој што сега и нас не спасува наречен крштевање, преку воскресението на Исус Христос (1 Петар 3:21)
Кој е приказот на спасението?
Крштевањето на Исус.
Речено е во 1 Петар 3:21: „Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога- добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа.“ (МК Библија 1976 год.) Апостолот Петар сведочеше дека Исус беше Спасителот и дека Тој дојде преку вода на крштевање и крв.
Како резултат, ние треба да веруваме во Исус, кој дојде преку вода и крв. Ние треба исто така да знаеме дека водата на крштевањето на Исус е приказ на нашето спасение. Апостолот Петар исто така ни кажа дека „водата“ на крштевањето, „крвта“ и „Духот“ се апсолутните услови за откуп.
Исусовите ученици веруваа во крвта на Крстот преку крштевањето на Исус. Да веруваш само во крвта е имање на половина вера. Вера основана на пола или нецелосна вистина исчезнува после некое време. Сепак, верата на оние кои што веруваат во евангелието на водата и крвта и Духот ќе порасне и ќе биде посилна со текот на времето.
Гласот на евангелието на само крвта постојано расте во светот овие денови. Зошто е ова вака? Луѓето не го знаат Словото вистина, откупот на водата и Духот, за да бидат поново родени.
Во некое време, црквите на западот паднаа жртви на суеверие. Тие изгледаа како да просперираат за некое време, но слугите Сатански помогнаа да ја свртат нивната вера во суеверие.
Суеверие е да се верува дека ѓаволот ќе избега само ако нацртате крст на хартија или ако го направите од дрво, и дека ѓаволот ќе биде истеран ако некој/а исповеда вера во само крвта на Исус. Преку овие и други суеверски верувања Сатаната ги премамува луѓето во верување дека тие треба да веруваат само во крвта на Исус. Сатаната се преправа дека му е страв од крвта, велејќи дека единственото нешто кое што Исус го изврши за грешниците е крвопролевањето на Крстот.
Меѓутоа, Петар и другите ученици сведочеа за вистинското евангелие на Крштевањето на Исус и крвта на Крстот. Но, што сведочат христијаните на денешницава? Тие сведочат само за крвта на Исус.
Ние треба да веруваме во словото напишано во Библијата и да имаме вера во спасението на Духот, крштевањето на Исус, и Неговата крв. Ако го негираме крштевањето на Исус и само сведочиме за фактот дека Исус умре за нас на Крстот, нашето спасение не може да биде целосно.
„Словото на Сведоштво“ за Божјото спасение од Водата
Кој е доказот дека Бог не спаси?
Водата, крвта и Духот.
Во 1 Јован 5:8 Господ вели: „И Тројца се, Кои сведочат на земјата.“ (МК Библија 1976 год.) Првиот е Духот, вториот е водата на Исусовото крштевање, и третиот е Неговата крв на Крстот. Сите трие од овие дела се како едно. Исус дојде на овој свет за да не спаси сите нас од тие гревови. Тој самиот го изврши ова со сите три, крштевањето, крвта и Духот.
„Тројца се, Кои сведочат“. Постојат три дела кои докажуваат дека Бог не спаси. Овие три елементи се доказ на водата на Исусовото крштевање, Неговата крв и Духот. Овие три дела се она што Исус направи за нас на овој свет.
Ако некое од овие три дела беше изоставено, спасението не било целосно. И Тројца се кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта.
Исус Христос, кој дојде кај нас во тело, е Бог, Духот и Синот. Тој дојде долу на овој свет како Духот во обличие на човек и беше крстен во вода за да ги одземе сите гревови на светот. Тој ги зеде сите гревови врз/на Неговото тело и не спаси нас од сите наши гревови. Тоа е евангелието на целосниот откуп преку вода, крв и Дух.
Дури и ако само едно од овие дела беше изоставено, тоа е исто како да сме го одбиле Божјото спасение, кое што не спаси нас од сите гревови. Ако се согласиме со мнозинството на верниците од денешниов ден, ние би требало да речеме дека има „Двајца кои сведочат на земјата: крвта и Духот.“
Но Апостолот Јован рече дека има три дела кои сведочат: водата на Исусовото крштевање, крвта на Крстот и Духот. Апостолот Јован беше многу јасен (прецизен) во неговото сведоштво.
Верата која искупува грешник е верата во Духот, водата и крвта. Каква вера го овозможува човека да го надмине светот? И каде можеме да најдеме ваква вера? Таа е овде во Библијава. Таа е да се верува во Исус, кој дојде преку вода, крв и Духот. Имајте вера во нив за да примите спасение и вечен живот.
Дали е спасението Божјо совршено без крштевањето на Исус?
Не е.
Многу одамна, пред јас да бидам поново роден, и јас исто така бев Христијан кој што веруваше само во крвта на Крстот и Духот. Јас верував дека Тој дојде долу како Духот и умре за мене на Крстот за да ме спаси од сите гревови. Јас само верував во овие две дела и бев дури и доволно арогантен да и нив им ги проповедав на луѓето.
Јас имав планирано да студирам теологија за да постанам мисионер со цел да работам и умрам за сите загубени души, исто како што и Исус направи. Јас имав големи нешта испланирано.
Но, откако јас верував само во две дела секогаш имаше грев во моето срце. Како резултат на тоа, јас не можев да го надминам светот. Јас не можев да бидам слободен од гревот. Кога верував само во крвта и Духот, јас сеуште имав грев во моето срце.
Причината зошто имав грев во моето срце, и покрај тоа што верував во Исус, беше затоа што јас не знаев за водата, крштевањето на Исус. Моето избавените не беше целосно се додека јас бев искупен преку целосната вера во водата на крштевањето, крвта и Духот.
Јас не бев способен да ги надминам гревовите на телото затоа што јас не знаев за значењето на Исусовото крштевање. Дури и сега, многу луѓе веруваат во Исус но сепак извршуваат гревови на телото. Тие сеуште имаат грев во нивните срца и залудно се обидуваат да ја обноват првата љубов која ја имаа за Исус.
Тие не можат да ја обноват страста на нивната прва воздушеност затоа што никогаш не биле очистени целосно од нивните гревови со вода. Тие не сфаќаат дека сите нивни гревови беа положени на/врз Исус кога Тој беше крстен и откако тие ќе паднат не можат повторно да ја закрепнат нивната вера.
Јас би сакал да ви биде ова јасно на сите вас. Ние можеме да живее во вера и да го надминеме светот кога ние веруваме во Исус. Колку и нецелосни да сме, без разлика колку пати извршуваме грев, се додека веруваме во Исус како наш Спасител, кој не направи целосно слободни од гревот со Неговото крштевање и крвопролевање, ние можеме да стоиме победнички.
Сепак, ако веруваме во Исус без водата на Неговото крштевање, ние не можеме да целосно бидеме избавени. Апостолот Јован ни кажа дека верата која го победува светот е верата во Исус Христос, кој дојде преку вода на крштевањето, крвта и Духот.
Бог го испрати Својот Единороден Син за да ги избави оние кои веруваат во крштевањето и Неговата крв. Исус ги однесе сите наши гревови со Неговото крштевање. Исус, Единородениот Син Божји, дојде кај нас во Духот (во обличие на човек). Тогаш, Исус ја пролеа крвта на Крстот за да ја исплати платата на гревот. Така Исус ги избави човечките суштества од гревот.
Верата која не води да го победиме светот доаѓа од верувањето во вистината дека Исус дојде преку вода, крв и Духот, кое што целосно не ослободи од сите гревови.
Ако не беше крштевањето и крвта на Крстот немаше да има вистинско спасение. Без едно од трите дела, ние не можеме да имаме вистинско спасение. Вистинско спасение не може да биде постигнато без водата, крвта и Духот. Заради тоа, ние треба да веруваме во водата, крвта и Духот. Знајте го ова и ќе имате вистинска вера.
Ви кажувам не е вистинско спасение без сведоштвото за водата, Крвта и Духот
Кои се трите основни елементи кои сведочат за спасение?
Водата, крвта и Духот.
Некој може и на ваков начин да размислува за погорново прашање: „Исус е мој Спасител. Јас верувам во крвта на Крстот и јас би сакал да умрам како маченик. Јас верувам во Исус и покрај тоа што имам грев во моето срце. Јас верно се покајувам и работев напорно да извршувам секој ден добри, праведни и добротворни дела. Јас го подарив својот живот и сите мои светски имоти за Тебе. Јас дури и решив да не се женам/мажам. Како може Бог да не ме познава? Исус умре за мене на Крстот. Нашиот Свет Бог дојде долу како човек и умре за нас на Крстот. Јас верував во Тебе, жртвував за Тебе, и верно работев за Тебе. И покрај тоа што не сум вреден и сеуште имам грев во срцето мое, зарем Исус ќе ме испрати в пекол за тоа? Не, нема да ме испрати таму.“
Има многу луѓе кои размислуваат на ваков начин. Тие не веруваат дека Исус беше крстен за да ги однесе сите гревови на светот. Кога овие номинални Христијани, кои веруваат во Исус но сеуште имаат грев, умрат, каде одат тие? Тие одат во пеколот. Тие се само грешници.
Оние коишто мислат како што самите сакаат и претпоставуваат дека Бог на истиот начин мисли, ќе завршат во пеколот. Повеќе за тоа, некои дури и велат дека затоа што Исус ги однесе сите гревови кога Тој умре на Крстот, затоа нема повеќе грев во светот. Меѓутоа, ова е само зборување за крвта и за Духот. Ова не е верата која ги води луѓето до целосно спасение.
Ние треба да веруваме дека Исус ги однесе сите гревови со Неговото крштевање, беше осуден, и умре на Крстот за нас и дека Тој воскресна на третиот ден после Неговата смрт.
Без ваква вера, целосно спасение не е можно. Исус Христос беше крстен, умре на Крстот, и беше воскреснат. Исус Христос дојде кај нас преку вода, крв и Духот. Тој ги однесе гревовите на светот.
Има три основни елементи кои сведочат за Неговото спасение на земјата: Духот, водата и крвта.
Прво: Светиот Дух сведочи дека Исус е Бог и дека Тој дојде во обличието на човек.
Вториот елемент е сведокот на „водата.“ Водата е крштевањето на Исус во Јордан од Јован Крстител, преку кое што сите наши гревови беа положени на/врз Исус. Сите наши гревови беа положени на/врз Него кога Тој беше крстен (Матеја 3:15).
Третиот сведок е „крвта“ која стои за Исусовото примање на должноста за осудата на нашите гревови. Исус умре, ја прифати осудата од Неговиот Отец за нас и беше воскреснат на третиот ден за да ни даде нас нов живот.
Бог Отецот го испраќа Светиот Дух во срцата на оние кои што веруваат во крштевањето и крвта на Неговиот Син да сведочи за нашето искупение.
Оние коишто се поново родени го имаат Словото, со кое што тие го победуваат светот. Искупените ќе го победат Сатаната, лагите на лажните учители, и замките или искушувањата од светот коишто постојано ги напаѓаат. Причината зошто ние ја имаме оваа сила е затоа што ние ги имаме тројцата сведоци во нашето срце: водата на Исус, Неговата крв, и Духот.
Како ние го победуваме сатаната и светот?
Преку вера во тројцата сведоци.
Ние можеме да го победиме Сатаната и светот затоа што веруваме во Духот, водата и крвта. Оние коишто веруваат во крштевањето и крвта на Исус способни се да ги победат сите мамки од лажните учители. Нашата вера, со оваа сила да се надмине, лежи во водата, крвта и Духот. Дали верувате во ова?
Вие нити можете да бидете поново родени нити да го победите светот ако немате вера во искупението преку крштевањето на Исус, Неговата крв, и вера дека Исус е Син Божји и наш Спасител. Дали имате ваква вера во вашето срце?
Вие ќе го победите светот ако имате вера во водата и крвта на Исус во вашето срце. Ако вие верувате дека Исус умре на Крстот и ја одзеде осудата за вас, вие ќе победите.
Апостолот Јован го победи светот затоа што тој ги имаше сите овие три основни елементи во неговото срце. Тој исто така зборуваше за искупение на сите негови браќа во вера кои што претрпеа пречки и заканувања во нивната служба. Тој сведочеше: „Ова е како вие можете да го победите светот. Исус дојде преку Духот, водата и крвта. Како Тој што го победи светот, исто така верните се способни да го победат светот. Ова е единствениот начин за верните да го победат светот.“
Во 1 Јован 5:8, речено е: „И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.) Многумина сеуште само зборуваат за крвта и Духот додека ја изоставаат водата на Исусовото крштевање. Ако тие ја извадат „водата“ тие се измамени од Сатаната. Тие би требало да излезат од својата- измама и да се покаат; тие треба да веруваат во „водата“ на Исусовото крштевање, на повторно раѓање.
Никој не може да го победи светот без верувањето во водата и крвта на Исус. Јас повторно ви велам, никој! Ние треба да се бориме користејќи ги водата и крвта на Исус како наши моќни оружја. Неговото Слово е мечот на Духот, Светлината.
Сеуште има многу кои не веруваат во крштевањето на Исус, коешто ги однесе сите наши гревови. Сеуште има премногу кои што веруваат само во две работи. Така да, кога Исус ќе им каже „Станете и Светете“ тие никако не можат да светат. Тие сеуште имаат грев во нивните срца. И покрај тоа што тие веруваат во Исус, тие сепак завршуваат во пеколот.
Евангелието на крштевањето и крвта на Исус треба дефинитивно да бидат сведочени за да луѓето можат да слушнат, веруваат и да бидат спасени
Дали е верата во Неговото крштевање некаква догма?
Не, не е догма.Тоа е вистината.
Кога ние сведочиме за евангелието тоа треба да биде дефинитивно. Исус дојде преку Духот, крштевањето (со кое што ги однесе сите наши гревови), и преку крвта (со која што исплати за сите наши гревови). Ние мораме да веруваме во сите овие три.
Ако не веруваме, ние не го проповедаме евангелието, туку спротивно на тоа само некаква религија. Повеќето Христијани на денешницава го сметаат Христијанството за некаква религија, но Христијанството не може да биде квалификувано за религија. Тоа е вера на искупение изградена на вистината, верата на угледување кон Бога. Не може да биде религија.
Религијата е човечка измислица додека верата е угледување кон спасението со кое Бог не овозможи. Ова е разликата. Ако ја отфрлите оваа вистина, вие го сметате Христијанството за некаква религија и проповедате во смисла на моралот и етиката.
Исус Христос не дојде да основа религија на овој свет. Тој никогаш не основа религија наречена Христијанство. Зошто верувате дека е религија? Ако се е исто, зошто тогаш на местото од ова не верувате во Будизмот? Мислите дека сум во грешка зашто го велам ова?
Некои луѓе веруваат во Исус на религиозен начин на живот, и завршуваат велејќи: „Која е разликата? Рај, Нирвана, Небеса....Тие сите се едно исто, тие само имаат друго име. Ние сите ќе завршиме на крај на истото место.“
Драги Христијани, ние треба цврсто да стоиме на вистината. Ние треба да „станеме и да светиме.“ Ние треба да бидеме способни да ја кажеме вистината без да се двоумиме.
Кога некој вели: „Тоа не може да биде единствениот пат кон Небесата“, вие треба да им одговорите со дефинитивен тон на говорот: „ДА!Тоа е единствениот пат. Вие можете да одите во Небесата само ако верувате во Исус Христос, кој дојде преку вода, крв и Духот.“ Вие треба да светите толку блескаво да другите души сакаат да го слушнат Словото на искупението, повторно раѓање, и да одат во Небесата.
Имајте правилна вера: Невозвратни љубители на Исуса кои не го знаат откупот на Исусовото крштевање и Неговата крв ќе загинат
Кој ќе загине и покрај тоа што тој/таа верува во Исус?
Оние кои не веруваат во крштевањето на Исус.
Само тврдењето на произволната вера во Исус е имање на невозвратна љубов за Исус и тоа е краток пат да се биде Христијански религионист.
Еден брод пребродувајќи го пацификот се потопи. Само неколку се спасија и пловеа на гумен сплав. Тие испратија ЅОЅ сигнал, но бурното море ги запре другите бродови да им помогнат. Тогаш дојде хеликоптер и им фрли јаже. Ако некој само се држеше за јажето наместо да го врзе него за неговата половина, тоа е исто како паѓањето во невозвратна љубов кон Исус; оваа особа верува во Бога како него му е пријатно. Особата сеуште не е спасена, но вели: „Јас верувам. Спаси ме. Јас толку верувам, јас претпоставувам дека ќе бидам спасен.“
Оној кој не ја разбира вистината за крштевањето на Исус и Неговата крв верува дека тој/таа ќе биде спасен/а само ако се држи за јажето.
Но како што е одвлекуван на горе неговите раце ќе ја изгубат силата за држење. Особата се држи за јажето со двете раце со целата своја сила. Предалеку е за него/неа до брегот да се додржи за јажето. Кога неговата сила ќе ја снема тој ќе го отпушти јажето и пак ќе падне во морето.
Исто така е и кога се има невозвратна љубов со Исус. Многу можат да речат дека тие веруваат во Бога и во Исус; Да тие веруваат во Исус, кој дојде преку Духот, но тоа е само дел од целата равенка. Тие ниту можат вистински да веруваат нити пак да живеат во совршеното евангелие, така да тие се присилуваат себе си да велат поново и поново дека тие „веруваат“ во Него.
Да веруваш и да се обидеш да веруваш не е едно исто. Тие велат дека ќе го следат Исус до крајот, но тие ќе бидат протерани во последниот ден заради гревовите кои се останати во нивните срца. Тие го љубат Исус без да знаат дека тој дојде преку Неговото крштевање, крвта и Духот. Ако тие го сакаат Исус само заради Неговата крв тие ќе завршат во пеколот.
Врзете ги вашите души со јажето на вистинското евангелие, евангелието на водата и крвта. Кога Исус ќе го фрли долу јажето на спасението, оние кои се врзани со водата, крвта и Духот ќе бидат спасени.
Спасителот од хеликоптерот им викаше преку мегафон вака: „Ве молам слушајте ме внимателно. Кога ќе ви го фрлам јажето, врзете го околу вашите гради, под вашите раце. Тогаш стојте како што сте врзани. Не држете се за јажето со вашите раце. Само врзете го околу вашите гради и одморете. Тогаш вие ќе бидете спасени.“
Првата особа ги следеше инструкциите и се врза себе си со јажето и беше спасен/а. Но другата особа си рече: „Не грижи се за мене, јас сум многу силен. Јас тренирам секогаш во спортската школа. Погледни! Види ги мускуливе? Јас можам да се држам за јажето со километри.“ Тој тогаш се држеше за јажето со неговите раце, а јажето го влечеше нагоре.
Двете особи беа во почетокот извлечени нагоре. Но разликата беше што едната особа која ги послуша инструкциите и го врза јажето околу градите, беше нагоре извлечена без проблем. Оваа особа дури и падна во несвест кога го извлекоа нагоре, но како и да е тој/таа беше извлечен/а.
Другата особа која што беше горда со својата сила на крај го изгуби зафатот затоа што неговата сила исчезна. Тој умре затоа што тој отфрли да послуша и ги игнорираше инструкциите.
За да некој добие целосно искупение тој/таа треба да верува во откупот на водата од Неговото крштевање и крвта кои што ги спаси сите души од гревот. Спасението е достапно само за оние кои што со целото срце веруваат во Словото: „Јас те спасив целосно со Моето крштевање преку Јован Крстител и со Моето крвопролевање до смрт на Крстот.“
Оние кои веруваат само во крвта велат: „Не се грижи, Јас верувам. Јас сум благодарен до крајот на мојот живот за крвта на Исус. Јас ќе го следам Исус до крајот и мојата вера само во крвта е повеќе од доволно за да го победам светот и сите мои гревови на целиот мој живот.“
Меѓутоа, ова не е доволно. Оние кои што Бог ги признава да се Негови луѓе тоа се оние кои што веруваат во сите три сведоци дека: Исус дојде преку Духот, дека Тој беше крстен (Исус ги одзеде сите гревови со Неговото крштевање во Јордан), дека Тој умре на Крстот за да ја исплати платата за сите гревови, и дека тој воскресна на третиот ден од смртта.
Духот доаѓа само кај оние кои што веруваат во сите три и сведочат за нив. „ДА, Јас сум твој Спасител. Јас те спасив преку водата и крвта. Јас сум твој Бог.“
На оние коишто не веруваат во сите три, Бог не им дава спасение. Дури и ако едното од трите е изоставено, Бог вели: „Не, ти не си спасен.“ Сите Негови ученици веруваа во сите три. Исус вели дека крштевањето е приказ за спасение, и дека Неговата крв е осудата.
Апостолите Павле и Петар исто така сведочеа за двете Крштевањето и крвта на Исус
За што сведочеа учениците на Исус?
Крштевањето на Исус и Неговата крв.
Дали Апостолот Павле зборуваше за крштевањето на Исус? Ајде да видиме колку пати тој зборуваше за крштевањето на Исус. Тој рече во Римјаните 6:3: „Зарем не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме?“(МК Библија 1976 год.) И во 6:5: „Зошто, ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.“(МК Библија 1999 год.)
Тој исто така рече во Галатјаните 3.27: „Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.“(МК Библија 1999 год.). Сите Исусови Апостоли сведочеа за „водата“, крштевањето на Исус. „Образот на таа вода- крштевањето- не спасува сега и нас.“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1976 год.)
Спасението на искупението Господово дојде преку Водата и Крвта на Исус
Кои особи ги нарекува Бог праведни?
Оние кои немаат грев во срцата нивни.
Искупението кое што Исус го излеа врз луѓето е од водата на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Преку тоа искупение ние можеме да станеме и да светиме. Како? Преку сведоштвото за овие три работи.
„Стани, засвети, зошто твојата светлина доаѓа, над тебе блеска Господовата слава“ (Исаија 60:1, МК Библија 1999 год.) Бог засвети со светлина на нас и ни кажува да и ние светиме. Ние треба да сме покорни на оваа заповед.
Ние го проповедавме евангелието со целата наша сила. Меѓутоа, сеуште многу луѓе не слушаат. Верувајте во Исус и вие ќе бидете избавени. Вие ќе бидете праведни. Ако останал грев во вашето срце, вие не сте праведни. Вие сеуште не сте ги победиле гревовите на светот.
Вие никогаш не можете да ги победите гревовите во вашето срце ако не верувате во водата на Исус (крштевањето на Исус). Вие никогаш не можете да ја избегнете осудата ако не верувате во крвта на Исус. Вие никогаш не можете да бидете спасени ако не верувате во Исус Христос, кој дојде преку Духот. Вие никогаш не можете да бидете целосно праведни освен ако верувате во овие три сведоци.
Нецелосна праведност води само до „така наречената праведност.“ Ако некоја особа вели дека тој/таа сеуште има грев, а се смета себе си за праведен/а, тогаш тој/таа особа сеуште не е во Исус. Некои луѓе на денешницава се обидуваат да се обесат за искупението преку „така наречената праведност.“ Тие имаат на ваквиот предмет залудно со тон документи напишано.
Дали Бог нарекува една особа да е без грев кога во суштина во срцето на таа особа има грев? Не Тој не го прави тоа. Тој ги нарекува како што ги гледа. Тој е Сесилен, но Тој не може никогаш да лаже. Луѓето не го сфаќаат значењето на вистинска правда. Ние нарекуваме нешто „чисто“ кога е чисто. Ние не велиме „праведен“ кога таму има грев.
Вие можете да мислите дека вие сте наречени праведни од Исус дури и покрај тоа што вие имате грев во вашето срце, но тоа е неточно.
Исус нарекува една особа праведна само кога тој/таа верува во Него како Оној кој дојде преку Духот, водата (дека Тој ги однесе сите наши гревови кога Тој беше крстен), и крвта (Тој дојде во тело и умре за нас).
Драги Христијани, „така наречената праведност “нема ништо заедничко со евангелието на водата и крвта. „Така наречената праведност„ или да „бидеш викан праведен“ е догма произведена од луѓето. Дали Бог ќе ве нарече вас праведен ако вие имате грев во срцето ваше? Бог не го нарекува некого праведен кога тој/таа сеуште има грев во неговото/нејзиното срце, без разлика колку верно таа особа верува во Исус. Исус не може да лаже.
Сепак, дали вие сеуште мислите дека Тој нарекува некого праведен кога тој/таа сеуште има грев во нивното срце? Тоа е што луѓето мислат, а не Бог. Бог ги мрази лагите. Дали Тој ќе нарече некого праведен кој/а верува само во Духот и во крвта? Никогаш.
Има само еден вид на особи кои што Бог ги нарекува праведни. Тоа се оние кои немаат никаков грев во нивното срце. Тој ги познава само оние кои веруваат во сите три работи: дека Исус, кој е Бог, дојде долу на светов во тело, беше крстен во реката Јордан, и искрвари на Крстот за да ги премавне сите наши гревови.
Само оние кои веруваат во радосната вест на искупението се познати да бидат праведни од Бога. Тоа се оние кои имаат точна/правилна вера. Тие целосно веруваат во сите дела кои што Исус ги изврши за нас. Тие веруваат дека Исус дојде, беше крстен за да ги однесе сите наши гревови, прими осудение за нас со умирањето на Крстот, и беше воскреснат од смртта.
Сите овие работи беа извршени од Божјата љубов. Исус дојде долу од Небесата и рече: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Матеја 11:28, МК Библија 1990 год.) Тој го изврши ова со однесувањето на нашите гревови.
Бог не ги познава оние кои што само веруваат во крвта на Исус. Оние кои што само веруваат во крвта на Исус сеуште имаат грев во нивните срца. Кои Исус ги познава да бидат искупени?
Верата во крштевањето на Исус, Неговата крв и во фактот дека Тој е Бог се сите неопходни за нашето спасение. „Јас ги однесов сите твои гревови кога дојдов долу на овој свет и бев крстен од Јован Крстител. Јас сведочев дека сите гревови на светот беа положени на/врз Мене. Јас исплатив за сите ваши гревови на Крстот. Јас ве спасив на ваков начин.“
На оние коишто веруваат во сите овие три, Исус им вели: „Да ти си спасен. Вие сте праведни и чеда Божји.“ Вие исто така можете да бидете спасени ако вие верувате во крштевањето на Исус, Неговата крв и Духот сите заедно. Оние кои што веруваат само во Духот и во крвта сеуште имаат грев во нивните срца.
Во Царството Божјо таму постои само една вистина. Таму има правда, искреност, љубов, и добрина. Таму нема ниту дамка на лага. Лаги и волји не постојат во Небесата.
Кои се оние кои извршуваат незаконски дела?
Оние кои што не веруваат во крштевањето на Исус.
„Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?“ (Матеја 7:22, МК Библија 1999 год.)
Бог никогаш не ги познава тие дела како квалификувани да влезат во Неговото Царство. „ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеја 7:23, МК Библија 1999 год.)
„Јас продадов две куќи за Тебе. Јас дури и се откажав од својот живот за Тебе. Не ме гледаш ли? Јас никогаш не се откажав од Тебе дури и до последната воздишка. Не ме гледаш ли?“
„Дали имаш грев во твоето срце?“
„Да, Господи имам малку.“
„Тогаш, бегај од Мене! На ни еден грешник не му е дозволено да дојде овде.“
„Но јас умрев како маченик за мојата вера во Тебе Господи!“
„Како велиш, умре како маченик? Ти умре поради твојата тврдоглавост. Дали ги разбираш Моето крштевање и Крвта? Дали Јас сведочев во твоето срце дека ти си Мое чедо? Ти не веруваш во Моето крштевање и Јас никогаш не сведочев дека ти си Мое чедо, сепак ти се обесе на твојата вера и умре за тоа. Кога Јас сведочев за тебе? Ова си го донесе самиот на себе. Ти го сакаше и се обидуваше само за твоето сопствено искупение. Сега дали разбираш. Заминувај од овде“.
Исус ни рече да станеме и да светиме. Искупените луѓе можат да се кријат од пред многуте номинални Христијани и многуте лажни учители, и да не успеат да светат блескаво! Но мала искра може да направи голем пожар. Ако еден стои смело и сведочи за вистината, целиот свет би блеснал.
Во Исаија 60:1-2 вели: „Стани засвети, зошто твојата светлина доаѓа, над тебе блеска Господовата Слава, а еве темнината ја покрива земјата и мракот народите! А тебе те осветлува Господ и Неговата Слава се јавува над тебе.“ (МК Библија 1999 год.)
Бог ни заповедува да станеме и да светиме затоа што темнината на невистината, тоа е лажното евангелие, го покри целиот свет. Само оние кои што веруваат во Исус можат да го љубат Него. Оние кои што не се искупени не можат никогаш да го љубат Исуса. Како би можеле? Тие само зборуваат за љубов, но не можат вистински Него да го љубат освен ако веруваат во целата вистина.
Има три дела кои сведочат за спасението на грешници
Кое е сведоштвото на спасението во нашите срца?
Крштевањето на Исус.
„И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта, и Тројцата сведочат заедно.“(МК Библија 1976 год.) Исус дојде на земјава и Тој ја изврши Неговата служба со крштевањето и крвта. Тој го изврши ова и не спаси нас.
„Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син. Кој го има Синот Божји, тој го има и тој живот, кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.“ (1 Јован 5:9-12, МК Библија 1976 год.)
Поново родените го примаат сведоштвото од луѓе. Ние сме познати како праведни. Кога поново- родените, кои што се искупени, зборуваат за вистината на откупот, луѓето не можат да спорат околу тоа. Тие го прифаќаат тоа. Тие велат дека ние веруваме правилно, дека ние сме точни во нашата вера. Ако ние им кажеме нив како ние бевме поново родени, никој не може да стои против вистинското евангелие за кое што даваме сведоштво. Тие велат дека сме во право. Ние го примаме сведоштвото од луѓе.
Но погорните стихови велат: „Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо.“ Вели дека сведоштвото Божјо е тоа дека посведочил за Неговиот Син. Точно? Кое е сведоштвото за Неговиот Син? Сведоштвото дека Бог не спаси нас е дека Исус дојде преку Духот, водата на искупението и крвта на Крстот. Бог сведочи дека на ваков начин Тој не спаси нас, и дека ние сме Негови луѓе е затоа што ние веруваме во тоа.
„Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син.“
Овие стихови ни кажуваат точно кои се оние искупените. Вели дека кој верува во Синот Божји го има сведоштвото во себе. Дали вие го имате сведоштвото во вашето срце? Тоа е во вас и во мене. Исус дојде на овој свет за нас. (Тој дојде во тело преку телото на Марија од Светиот Дух). Кога Тој беше 30 годишен, Тој беше крстен за да ги одземе сите наши гревови на/врз Себе. И со сите наши гревови, Тој беше осуден на Крстот. Тој беше воскреснат на третиот ден за да ни даде нас вечен живот. Исус вака не спаси нас.
Што ќе се случеше ако Тој не беше воскреснат? Како би можел Тој за мене да сведочи во гробот? Тоа е зошто Тој е мој Спасител. Ова е што ние веруваме.
Како што Тој рече: Тој не спаси нас со Неговото крштевање и со крвта. И затоа што ние веруваме, ти и јас сме спасени. Сведоштвото е во тебе и во мене. Искупените не можат никогаш да ја игнорираат водата на Неговото крштевање. Ние никогаш не ги изоставаме делата коишто Тој ги изврши за нас.
„Зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.) Ние никогаш не одрекуваме дека Исус ги однесе сите наши гревови кога Јован Крстител го крсти Него. Искупените не можат никогаш да се одречат од „водата“ на крштевањето Исусово.
Оние кои што веруваат, но не се искупени, го одрекуваат на крајот Крштевањето на Исус
Кој го прави Бога лажго?
Оној кој не верува во крштевањето на Исус.
Колку прецизен беше Апостолот Јован кога тој рече: „Кој не Му верува на Бога, Го прави лажец.“ Ако апостолот Јован живееше сега и овде што би ни кажал тој нас, денешните Христијани? Тој би не прашал дали или не „Исус ги однесе сите наши гревови кога Тој беше крстен.“
Нели Јован Крстител исто сведочеше за евангелието дека Исус не искупи со Неговото крштевање? „Не беа ли вашите гревови положени на главата на Исус и нели ги сноси Тој гревовите ваши врз Неговиот грб кога Тој беше крстен од Мене?“ Така тој ехплицитно сведочеше дека Исус беше крстен за да не спаси сите нас (Јован 1:29, 1 Јован 5:4-8).
Оние кои што не веруваат во Бога, со други зборови, кои не веруваат во се што Тој изврши за да не спаси нас, го прават Него лажец. Кога ние велиме дека Исус ги однесе сите наши гревови кога Тој беше крстен, тие велат: „Не, не дај Боже! Тој не можеше да ги однесе сите наши гревови! Тој ги однесе само оригиналните гревови така да сите наши секојдневни гревови останаа.“
Така тие инсистираат дека тие треба да принесуваат покајнички молитви за нивните секојдневни гревови за да бидат искупени. Ова е што тие веруваат. Дали вие сите исто вака верувате? Оние кои што не веруваат дека сите наши гревови беа однесени со Исусовото крштевање го прават Бога лажливец.
Исус не избави сите нас еднаш за секогаш кога Тој беше крстен и искрвари на Крстот
Кој лаже?
Особата која не верува во крштевањето на Исус.
Исус беше крстен и ги однесе сите гревови еднаш за секогаш. Бог ги спаси оние кои веруваат во крштевањето и крвта на Исус, но ги напушта оние коишто не веруваат. Тие одат во пеколот. Сега, дали сме спасени или не зависи во што/како ние веруваме. Исус го искупи светот од сите гревови. Оние кои што веруваат тие се спасени, а оние кои што не веруваат сеуште не се спасени затоа што тие го направиле Бога лажливец.
Луѓето не одат во пеколот заради нивната слабост, но поради нивниот недостаток на верување. „Кој не му верува на Бога, Го прави лажец.“ (1 Јован 5:10, МК Библија 1976 год.) Оние кои што не веруваат дека сите нивни гревови беа положени на/врз Исус сеуште имаат гревови во нивните срца. Тие не можат да речат дека немаат грев.
Еднаш, се сретнав со еден ѓакон и го прашав: „Ѓаконе, дали сите ваши гревови беа однесени кога вие поверувавте во Исус?“
„Нормално дека беа.“
„Тогаш, откако Исус ги одзеде сите гревови на светот и рече дека „се сврши“, вие бевте спасени. Дали е тоа точно?“
„Да јас сум спасен.“
„Тогаш вие мора да сте без грев.“
„Да јас сум без грев“.
„Што се случува ако повторно погрешите.“
„Ние сме само луѓе. Како можеме да не погрешиме повторно? Така да ние треба да се покаеме и да ги очистуваме нашите гревови секој ден.“
Ѓаконот сеуште има грев во неговото срце затоа што тој не ја знае целата вистина на искупението.
Сличните на него се оние кои што го исмејуваат Бога и го прават лажец. Дали Исус, Кој е Бог, не успеа да ги премавне сите гревови на светот? Ова е многу вознемирувачно. Ако Исус не ги премавна сите гревови, како може Тој да биде Бог на Спасението? Како може тогаш Тој да ни каже да веруваме во Него? Дали ќе го правите лажец? Јас би ве советувал да не го правите тоа!
Библијата ни кажува да не Го исмејуваме Него. Ова значи да не го правиме лажец и да не се обидуваме да го лажеме Него. Тој не е како нас.
Апостолот Јован ни кажува прецизно за евангелието на откупот. Многу луѓе не сакаат да веруваат во делата кои што Бог ги направи за нас—во фактот дека Исус Христос дојде преку вода, крв и Духот.
Има две групи на Христијани: едни се оние кои што не веруваат како што вели Библијата и исповедаат: „Јас сум грешник“, а другите се оние коишто веруваат во сите дела кои што Бог ги направи за нив и исповедаат со вера: „Јас сум праведен.“ Која група мислите дека ја кажува вистината?
Оние кои што не веруваат во делата коишто Бог ги направи, со други зборови, кои што не го признаваат сведоштвото на водата, крвта и Духот, лажат. Тие имаа лажна вера. Оние кои што не веруваат го прават Бога лажец.
Не правете Го лажец. Исус дојде кај реката Јордан и на ваков начин, (преку крштевањето) ја исполна правдата Божја (ги однесе сите гревови на светот).
Неверниците го одрекуваат крштевањето на Исус и Неговата Светост
Што одрекуваат Сатаната и ѓаволот?
Крштевањето на Исус.
Кој верува во Божјиот Син го има сведоштвото во него. Поново родениот верува дека неговите/нејзините гревови беа положени на/врз Исус кога Тој беше крстен, и дека тој/таа беа избавени со водата и крвта на Исус. Поново- родените Христијани веруваат дека Исус беше роден на овој свет преку телото на Девицата Марија, дека Тој беше крстен во реката Јордан пред да умре на Крстот, и дека Тој беше воскреснат.
Праведните го имаат сведоштвото во нивните срца. Доказот за нашето спасение е во нашата вера во Исус кој дојде преку вода, крв и Духот. Сведоштвото е во вас. Јас ве советувам да го имате сведоштвото во вас. Јас ви велам: не е спасение ако нема за тоа сведоштво, доказ за спасението во вас.
Апостолот Јован рече: „Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе.“ (1 Јован 5:10, МК Библија 1976 год.) Дали верувањето само во крвта на Крстот значи дека го имаш сведоштвото? Или, да веруваш во водата, а не во крвта е сведоштвото? Вие треба да верувате во сите три за да Бог ве познае.
Само тогаш Исус ќе сведочи за вас дека „вие сте спасени.“ Дали велите дека имате сведоштво ако верувате само во две од трите дела? Тоа е верување во Бога на ваш начин. Тоа е „сведоштво за вас самите.“
Има многу вакви. Има толку многу во светот кои што веруваат само во две од трите дела. Тие сведочат дека тие биле спасени и дури и пишуваат книги за тоа. Колку брзотечни се тие. Ова е многу разочарувачко. Тие се нарекуваат себеси „Евангелисти.“ Тие се сметаат не само за „Евангелисти“ туку и за „религионисти.“ Тие не веруваат во „водата“, но сепак се фалат со нивното спасение! Тие можеби звучат логично, но тие не го имаат сведоштвото за Бога во нивниот ум. Тоа е само хипотеза.
Како можат ова да го наречат спасение? Само оние кои што веруваат во Исус, кој дојде преку Духот, водата и крвта, го имаат сведоштвото од Бога и луѓето.
Апостолот Павле рече: „Зошто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и со полна увереност“ (1 Солунјаните 1:5, МК Библија 2009 год.) Сатаната е воодушевена кога луѓето веруваат само во крвта на Исус. „Ох леле, вие глупци, вие сите сте измамени од мене, ха ха ха !“ Има многу луѓе кои што веруваат дека кога тие ја слават крвта на Исус, сатаната побегнува. Тие мислат дека Сатаната се плаши од Крстот. Но вие треба да знаете дека Сатаната ставува само една претстава. Ние не треба да бидеме измамени од тоа.
Кога човекот е обземен од демон, тој може да постане луд и да исфрла пена од устата. Тоа не е некаква тешкотија за Сатаната затоа што тој има сила да го направи човека да направи сешто. Сатаната треба само малку да го користи неговиот мозок. Бог му даде на Сатаната многу видови на сила, освен силата да убие. Сатаната може човека да го направи да се тресе како лист, да вреска, да исфрла пена од устата.
Кога ова ќе се случи верниците почнуваат да викаат: „Заминувај во името на Исус!Заминувај!“ И кога човекот ќе се врати при свест и при себе, тие му велат дека беше силата на крвта на Исус која го спаси. Но ова не е силата на Неговата крв. Ова е само една претстава од Сатаната.
Сатаната најповеќе се плаши од оние коишто веруваат во Исус кој што не очисти нас чисто со Неговото крштевање, Кој што го прими осудението за нас со Неговата крв и на третиот ден, беше воскреснат. Сатаната не може да стои во средината на сведоштвото за крштевањето на Исус и спасението на крвта.
Како што знаете, католичките свештеници понекогаш извршуваат ехсорсизам. Ова сме го виделе многу пати во филмовите. Во филмот „Омен“, свештеникот држи дрвен крст и мавта со него и на крај свештеникот умира. Кој е поново—роден нема да биде победен на ваков начин.
Поново–родениот верник уверливо зборува за крвта и водата на Исус. Кога ѓаволот се обиде да ги измачува, тој/таа би требало да го праша ѓаволот: „Дали знаеш дека Исус ги однесе сите мои гревови?“ Тогаш ѓаволот ќе избега. Ѓаволот мрази да биде околу поново—родените. Ако поново—родениот само би седнал таму ѓаволот би се обидел да избега. Речено е дека оние кои што не веруваат во Бога, го прават Него лажец. Тие не веруваат во сведоштвото на водата и крвта.
Кое е сведоштвото за Синот Божји?
Неговото крштевање, Неговата крв и Духот.
Кое е сведоштвото за Синот Божји? Тоа е дека Тој дојде преку Духот и ги однесе сите наши гревови со водата. Тој ги одзеде сите гревови на светот врз/на Себе си и искрвари на Крстот за сите нас. Нели е тоа откупот на водата, крвта и на Духот?
Луѓето кажуваат лаги за Бога затоа што тие не веруваат во вистинското евангелие на водата и крвта, евангелието на откупот. Сите други евангелија се лажни. Нивните вери се лажни и залудно ги пропагираат лажните евангелија.
Ајде да се вратиме кај 1 Јован 5. 11-от стих вели: „А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син.“ (МК Библија 1976 год.) Со други зборови, тој кој што верува во делата кои што Синот ги изврши на земјава—Неговото крштевање, смртта на Крстот и Неговото воскресение—има вечен живот. Но кој изостава дури само едно од овие нема да има живот, ниту пак ќе биде избавен.
Апостолот Јован ги разликуваше луѓето од Бога врз основа на нивната вера во делата коишто Исус ги направи: водата, крвта и Духот. Овие работи ни кажуваат дали тие го имаат Словото во нив или не. Тој ги идентифицира избавените преку нивната вера во водата на Исусовото крштевање, Неговата крв и Духот.
Оние кои што не се поново родени не можат да разликуваат овца од коза
Кој може да ги разликува искупените од неискупените?
Оној кој е поново роден.
Апостолот Јован јасно ги идентификуваше праведните кои што беа избавени. Тоа го правеше исто така и апостолот Павле. Како можат слугите Божји мошне добро да разликуваа овца од коза? Како тие ги разликуваат вистинските Божји слуги од преправачите? Оние кои што се избавени преку верувањето во водата и крвта на Исус примаат сила да гледаат вака.
Без разлика дали човекот е пастир или евангелист или старешина, ако тој не може јасно да го идентифицира избавениот, или ако тој не може да разликува овца од коза, тој не е поново роден и тој не го има животот во него. Но оние кои што вистински се поново родени можат специфично да ја видат разликата. Оние кои што се безживотни нити можат да ја видат разликата ниту пак е познаваат.
Како што не можеме да разликуваме бои во темница, сепак белата е бела ,а зелената е зелена. Но, ако вие ги затворите вашите очи, вие нити можете да ги видите боите нити пак да ги разликувате.
Но оние на кои што очите им се полно отворени тие ја забележуваат дури и најмалата варијација во бојата. Тие можат да ти кажат која е бела а која зелена. Соодветно на ова, постои очевидна разлика измеѓу искупените и оние кои што не се искупени.
Ние треба да го проповедаме евангелието на искупението, евангелието на водата, крвта и Духот. Ние треба да станеме и да светиме. Кога ќе се соберат луѓе околу нас и ја пропагираме вистинската вера, ние не зборуваме со зборовите на луѓето. Во Библијата 1 Јован 5 објаснето е неговото значење. Ние треба да го објасниме тоа чекор по чекор за да не настане збунетост.
Словото кое што ние го проповедаме, тоа е, Словото на водата, крвта и на Духот на Исус, е светлина на искупение. За да ја направиме „водата“ позната на луѓето, ние мора да светиме блескаво. Ние треба да го направиме тоа јасно за да нема ниту еден на земјава којшто не знае за оваа вистина.
Ако поново родените не станат и не светат, многу луѓе ќе умрат без искупение и Бог нема да биде задоволен. Тој би не нарекол мрзливи слуги. Ние мораме да го распространиме евангелието на водата и крвта на Исус.
Причината зошто јас толку многу повторувам е затоа што крштевањето на Исус е многу важно за нашето спасение. Кога им зборуваме на децата треба да им ги објасниме работите повторно и повторно одејќи чекор по чекор за да сме сигурни дека сфатиле.
Ако ние сакаме неписмен човек да научиме, би почнале прво со азбуката. Тогаш ние можеме постепено да го научиме како да пишува зборови со оваа азбука. Кога тој ќе може да состави зборови како „осудение“ ние треба да му го објасниме значењето на тие зборови. На истиот начин ние треба да им зборуваме на луѓето за Исус за да сме сигурни дека тие навистина ќе разберат.
Ние треба јасно да го објасниме крштевањето на Исус. Тој дојде на овој свет преку вода, крв и Духот. Јас се молам дека вие ќе верувате во Исус како ваш Спасител и дека ќе бидете искупени.
Искупението на водата и Духот извира од верата во крштевањето на Исус, Неговата крв на Крстот и од верата дека Исус е Бог, наш Спасител.