• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 3 : Евангелие на Водата и Духот

[3-4] Крштевањето на Исус е приказ на спасението за грешници (1Петар 3:20-22)

2021.04.19 76
(1Петар 3:20-22)
„Малкумина, односно осум души се избавија од водата. Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога – добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа. Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.“ (МК Библија 1976 год.)
 
 
Преку што можеме ние да постанеме праведни?
Преку милоста Божја.
 
Бог не знаеше нас дури и пред да се родиме на земјава. Тој знаеше дека ние ќе бидеме родени грешници и не спаси сите нас, верниците, преку Неговото крштевање, со коешто ги одзеде сите гревови на светот. Тој не спаси нас сите верници и не направи Негов народ.
Сето ова е резултат на Божјата милост. И речено е во Псалмите 8:4: „Што е човекот за да си спомнуваш за него?“ (МК Библија 1990 год.) Искупените кои што се спасени од сите гревови се добиватели на Неговата специјална љубов. Тие се Негови чеда.
Што бевме ние ,кои верувавме само во Неговата крв и Духот, пред да постанеме Божји чеда, пред да постанеме праведни и бевме спасени и пред да ни беше одобрено правото да го викаме Него Отец? Ние бевме грешници, едноставно грешници кои беа родени да живеат на светов околу 70 години или ако здрави до 80 години.
Пред да ние бевме измиени од нашите гревови, и пред да ја примивме верата на евангелието на крштевањето Исусово и Неговата крв, ние бевме неправедни луѓе кои беа да загинат.
Апостолот Павле рече дека беше присвојувањето на Неговата милост дека беше она што беше. Исто така, ние сега сме тоа што сме апсолутно поради Неговата милост. Ние Му благодариме Него за Неговата милост. Создадителот дојде долу на земјава и не спаси, правејќи не Негови чеда, Негов народ. Ние Му благодариме за милоста на спасението на водата и Духот.
Која е причината зошто Тој ни дозволи нас да бидеме Негови чеда, оние праведните? Дали е тоа заради тоа што ние сме убави на изглед? Или е заради тоа што сме толку вредни? Или пак е заради тоа што сме толку добри? Ајде да размислиме за ова и да оддадеме благодарност на она поради кое што е така.
Причината зошто Бог не создаде нас е за да не направи Негов народ и да ни дозволи да живееме со Него во Царството Небесно. Бог не направи нас Негов народ за ни дозволи да ние вечно живееме со Него. Тоа е единствената причина зошто Бог не благослови нас со вечен живот. Тој не не направи нас Негов народ затоа што ние подобро сме изгледале, или сме повредни, или пак почесно сме живееле од другите Негови Созданија. Единствената причина е дека Тој нас не љуби.
„Образот на таа вода – крштевањето, не спасува сега и нас.“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1976 год.) „Само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата.“ (1 Петар 3:20, МК Библија 1990 год.)
Малку, еден од град и двајца од фамилија беа спасени. Тогаш дали сме подобри од другите? Нити најмалку. Ние не сме сите толку специјални, но и покрај тоа ние сме спасени преку нашата вера во водата и Духот.
Чуда над чудата е да ние сме спасени,и тоа е безусловен дар и благослов Божји да ние можеме да го викаме Него наш Татко, наш Господ. Ние никогаш не можеме да го одречеме ова. Како можеме ние Него да го викаме наш Отец или наш Господ ако ние сеуште бевме грешници?
Кога мислиме на фактот дека ние сме спасени, ние знаеме дека Бог не љубел безусловно. Можеме ли да не Му благодариме? Ние ќе бевме родени, ќе живеевме мизерен живот и ќе завршевме во пеколот ако не беше Неговата љубов и благослов. Ние Му благодариме на Бога повторно и повторно за Неговиот благослов и љубов кои нас не направија вредни да бидеме Негови чеда во неговите очи.
 
 
Скапоценото спасение дадено на нас преку Крштевањето на Исус
 
Зошто загинаа луѓето во времето на Ноја?
Затоа што тие не веруваа во водата (крштевањето на Исус).
 
„Образот на таа вода – крштевањето, не спасува сега и нас.“ Напишано е во 1 Петар дека само осум души беа спасени преку водата. Колку луѓе имаше во времето на Ноја? Ние немаме знаење за тоа колку луѓе имаше, но ајде да претпоставиме дека имаше околу милион. Само осум луѓе од милион луѓе беа спасени од фамилијата на Ноја.
Соодносот би бил и ден денес исти. Велат дека има повеќе од 6 билиони луѓе на земјава. Колку од нив се измиени од нивните гревови измеѓу оние кои што веруваат во Исус? Ако земеме во предвид само еден град, ќе бидат само малку од нив.
Во мојот град во кој има околу 250 000 луѓе, колку од нив се искупени од нивните гревови? Можеби 200? Тогаш каков е соодносот? Тоа би значело дека помалку од еден од илјада го примиле благословот на искупението.
Проценето е дека има околу 12 милиони Христијани во Кореа, вклучувајќи ги и католиците. Од овие, колку од нив се повторно родени од вода и Дух? Ние треба на памет да имаме дека само осум беа спасени од целата земска популација во времето на Ноја. Ние треба да знаеме и да веруваме дека Исус ги изми гревовите на оние кои што веруваат во Неговото крштевање, преку коешто Тој ги одзеде сите гревови.
Нема многу кои што веруваат дека Исус не искупи нас со Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Погледнете на познатата слика на „Исусовото воскресение.“ Колку воскреснати се покажани на неа? Можете да ги видите како доаѓаат од замокот на Израел кон фигурата на Исус којшто ги има ширум отворено рацете за нив. Погодете колку мина од нив се теолози или свештеници!
На денешницава има многу теолози на светов, но ние наоѓаме малкумина кои што веруваат во крштевањето на Исус како централна вистина на искупението. Некои теолози велат дека причината зошто Исус беше крстен е дека Тој беше понизен, а други велат дека Тој беше крстен за да постане повеќе како нас, човечките суштества.
Но напишано е во Библијата дека сите Апостоли, вклучувајќи ги Петар и Јован, сведочеа за Исусовото крштевање како пренесување на нашите гревови врз/на Него и ние го веруваме истото.
Апостолите сведочеа во Светото Писмо дека сите наши гревови беа пренесени на/врз Исус со Неговото крштевање. Тоа е толку зачудувачко сведоштво за милоста Божја, да ние можеме да бидеме избавени само преку верата во тоа.
 
 
Не постои „можеби“ за крштевањето на искупението
 
Кој ја добива Божјата безгранична љубов?
Особата која верува во крштевањето на Исус и Неговата крв.
 
Луѓето се наклонети да веруваат дека само верувањето во Исус ќе не спаси. Сите деноминации се убедени во спасението на нивната вера и многу луѓе мислат дека крштевањето на Исус е само догма на Христијанското заедништво. Но тоа не е вистина. Измеѓу сите илјадници книги кои што ги прочитав, не најдов нити една книга за спасението која ја специфира врската измеѓу искупението на крштевањето на Исус и Божјото спасение.
Само 8 души беа спасени во времето на Ноја. Не знам колку се спасени денес, но сигурно не многу. Оние кои што се спасени се оние кои веруваат во крштевањето и крвта на Исус. Додека посетувајќи ги многуте цркви, јас сфатив дека се само малку кои го проповедаат евангелието на крштевањето Исусово, кое што е евангелие на вистината.
Ако не веруваме во искупението на крштевањето и крвта на Исус, ние сме сеуште грешници и не сме спасени, без разлика колку верно ние в црква одиме. Ние можеме верно да одиме в црква целиот наш живот, но ако сеуште имаме грев во нашите срца, ние сме сеуште грешници.
Ако сме оделе в црква цели 50 години, но сеуште имаме грев во нашите срца, нашата вера на овие цели 50 години не е ништо друго освен лага. Подобро е да се има само еден ден на вистинска вера. Измеѓу оние кои што веруваат во Исус, само оние кои што точно веруваат во значењето на крштевањето на Исус и Неговата крв ,ќе влезат во Царството Небесно.
Вистинска вера е да веруваш во фактот дека Синот Божји дојде на овој свет и беше крстен за да ги одземе сите гревови на светот. Ова е верата која не води нас во Царството Небеско. Ние сите треба да веруваме дека Исус искрвари на Крстот за мене и за тебе. Ние треба да го знаеме ова со цел да Му благодариме него и да Го величаме.
Што сме ние? Ние сме деца од мажи и жени кои што беа спасени со крштевањето на Исус и Неговата крв. Како можеме да не Му благодариме? Исус беше крстен во реката Јордан кога Тој беше 30 години стар со цел да не спаси нас. Со ова, Тој ги одзеде сите наши гревови и прими осудение за нас на Крстот.
Кога размислуваме за ова ние не можеме друго овен да понизно Му благодариме. Ние треба да знаеме дека се што Исус направи на овој свет беше за наше спасение. Прво, Тој дојде долу на овој свет. Тој беше крстен, распнат на Крстот, воскресна од смртта на третиот ден, и сега седи на десната страна на Бога.
Искупението Божјо е за секого од нас без исклучок. Спасението Исусово е целото за тебе и за мене. Ние го величаме Бога за Неговата љубов и Неговите благослови.
Ние знаеме една евангелска песна која оди вака. „♫Има прекрасна песна. ♫Измеѓу толку луѓе на светот, Јас сум оној/а кој/а ја има Неговата љубов и спасение. ♫Колку чудесна е Неговата љубов! ♫Неговата љубов за мене, Неговата љубов за мене. Има прекрасна песна. ♫Измеѓу толку многу луѓе на светот, ние сме оние кои сме спасени, кои постанавме Негов народ. Ние ја носиме Неговата љубов. ♫Љубовта Божја, милоста Божја. ♫Колку чудесна е Неговата љубов! Неговата љубов за мене.♫“
Исус дојде долу да не спаси тебе и мене и искупението со Неговото крштевање е исто така и за нас. Евангелието не е само некоја приказна; тоа е вистина која не крева од нашиот живот на ропство кон Царството Божјо. Вие треба на памет да чувате дека верата е врска измеѓу Бог и самите вие.
Тој дојде долу на овој свет со цел да не спаси нас. Тој беше крстен и го прими осудението на Крстот за да не очисти од нашите гревови.
Каков благослов е кога верникот може да го вика Бог свој Татко! Како можеме ние да веруваме во Исус како наш Спасител и да бидеме спасени од нашите гревови со нашата вера? Тоа е можно заради Неговата безгранична љубов за нас. Ние сме спасени поради Него кој не возљуби нас прво.
 
 
Исус ги изми нашите гревови еднаш за секогаш
 
Дали сме ние спасени еднаш за секогаш или постепено?
Еднаш за секогаш.
 
„Бидејќи и Христос, за да не приведе кон Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните;.“ (1 Петар 3:18, МК Библија 1976 год.) Исус Христос беше крстен за нашето искупение и умре еднаш на Крстот со цел да не спаси тебе и мене, неправедните.
Тој умре еднаш на оваа земја со цел да ние избегнеме од осудението Божјо. За да ние можеме да влеземе во Царството Небесно и да живееме засекогаш пред Бога, Тој дојде долу на овој свет во месо и целосно не изми од сите наши гревови наеднаш со Неговото крштевање, Неговата смрт на Крстот, и Неговото воскресение.
Дали верувате дека Исус Христос не спаси целосно со Неговото крштевање и крвта? Ако не верувате во евангелието на Неговото крштевање и крвта, вие не можете да бидете спасени. Затоа што ние сме толку слаби, ние не можеме да бидеме одново родени ако не веруваме дека Исус целосно не изми од сите наши гревови еднаш за секогаш со Неговото крштевање и крвта.
Тој беше крстен за да ги одземе сите наши гревови и беше осуден на Крстот за нас. Исус ги изми сите гревови на грешниците еднаш за секогаш со искупението на Неговото крштевање и крвта.
Би било невозможно за нас човечките суштества да бидеме искупени ако требаше да се покајуваме секогаш кога би погрешиле, да бидеме добри и благонаклонети цело време, и да принесуваме секогаш секакви добра на црквата.
Заради тоа, верата во крштевањето на Исус и крвта на Крстот е потребност за наше спасение. Ние мора да веруваме во водата и крвта. Едноставното извршување на добри дела нема никаква врска со опроштението на нашите гревови.
Не би направило никакво добро за нашето спасение ако купувавме скапи костими за сиромашните или ако им служиме преслатка храна на свештениците. Исус ги спасува само оние коишто веруваат во Неговото крштевање и крвта. Ако веруваме дека Бог не спаси преку Исус со Неговото крштевање и Неговата крв еднаш за секогаш, ние ќе бидеме спасени.
Некои можат да мислат дека иако Бог вака рече во Библијата, тие треба да размислат подлабоко. Тоа е нивно, но ние треба да веруваме во Неговото слово како што е напишано.
Во Евреите 10:1-10 напишано е дека Тој не спаси сите нас наеднаш. Вистина е дека Бог ги спаси оние кои веруваат во крштевањето и крвта на Исус сите наеднаш. Ние треба да веруваме во тоа така. „♫Тој умре еднаш, не спаси сите нас наеднаш. Браќа верувајте и бидете искупени. Ставете ги вашите тешкотии долу под крштевањето на Исус♫.“ Исус не спаси нас од сите нечесности и гревови еднаш за секогаш преку крштевањето еднаш и крвавењето еднаш.
„Праведник за неправедните“ (1 Петар 3:18, МК Библија 1976 год.) Исус е Бог без грев, и Тој никогаш не погрешил. Тој дојде долу кај нас во месото за да ги спаси сите луѓе од нивните гревови. Тој беше крстен и ги одзеде сите наши гревови. Тој не спаси нас од нашите гревови и неправедности.
Сите гревови на луѓето од нивното раѓање до смртта беа положени/пренесени на/врз Исус кога Тој беше крстен и сите беа спасени од осудението кога Тој искрвари и умре на Крстот. Тој беше крстен за грешниците и умре Крстот на нивното место.
Ова е искупението на Неговото крштевање. Исус не спаси сите нас, кои бевме грешници, еднаш за секогаш. Колку е слаб секој еден од нас! Исус ги искупи сите наши гревови од нашето раѓање до смртта и се жртвува Себеси за осудението на Крстот. Ние кои веруваме во Исус треба да веруваме дека Тој не спаси нас еднаш за секогаш со Неговото крштевање и крв.
Ние сме слаби, но Исус не е слаб. Ние сме неверни, но Исус е верен. Бог не спаси еднаш за секогаш. „Зошто Бог толку го возљуби светот, тој Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не погине, но да има вечен живот.“ (Јован 3:16, МК Библија 1976 год.) Бог ни го даде нас Неговиот Единороден Син. Тој даде Неговиот Син да биде крстен со цел да ги пренесе сите гревови на светот врз Него, за да Тој може да прими осудение за сите човечки суштества.
Какво чудесно спасение е ова! Колку чудесна љубов е оваа! Ние Му благодариме на Бога за Неговата љубов и спасение. Бог ги спасува оние кои веруваат во водата и крвта на Исус:крштевањето и крвопролевањето на Исус и фактот дека Исус е Син Божји.
Оние коишто веруваат во Исус можат да бидат спасени верувајќи во вистината на крштевањето и крвта на Исус и имаат вечен живот како праведни. Ние сите треба да веруваме.
Кој не спаси? Беше Бог кој не спаси или едно од Неговите созданија не спаси? Тоа беше Исус, кој е Бог, кој не спаси нас. Ние сме спасени затоа што ние верувавме во искупението Божјо, и ова е спасението на искупението.
 
 
Исус е Господ на Спасението
 
Кое е значењето на „Христос“?
Свештеникот, Царот и Пророкот.
 
Исус Христос е Бог. Исус значи Спасителот и Христос значи „оној кој е помазан.“ Како што Самуил го помаза Саул во Стариот Тестамент, царевите беа помазувани, свештениците беа помазувани и пророците за да можат да ја извршуваат нивната служба, мораа да бидат помазани.
Исус Христос дојде на овој свет и беше помазан за три служби: таа на Свештеник, на Цар и Пророк. Како Небесен Свештеник Тој беше крстен за да ги одземе гревовите на сите човечки суштества.
Послушувајќи ја волјата на Неговиот Отец Тој се претстави Себеси како грев жртва пред Отецот. „Јас сум патот,вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене.“ Исус ги спаси оние од нас кои веруваме во Него во одземањето на сите наши гревови преку Неговото крштевање и преку што беше распнат.
„Животот на телото е во крвта“ (Левит 17:11, МК Библија 1999 год.) Исус искрвари на Крстот после Неговото крштевање; Така жртвувајќи го Својот живот пред Бога како платата за нашите гревови за да ние верниците бидеме спасени.
Тој беше воскреснат на третиот ден после Неговата смрт на Крстот и им го проповедаше евангелието на духовите кои беа затворени во затвор. Оние кои што сеуште не се искупени се како духовни заробеници во затвор на грев, и нив, Исус им го проповеда евангелието на водата и крвта. Бог ни го даде нас евангелието на водата и Духот за да не спаси. Секој еден кој верува во тоа може да биде поново роден.
 
 
Крштевањето и крвта на Исус спасуваат грешници
 
Како можеме ние да имаме добра совест кон Бога?
Преку имањето вера во крштевањето и крвта на Исус.
 
Исус Христос е наш Спасител и за тоа е сведочено во 1 Петар 3:21, „Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога – добра совест- не спасува сега и нас.“ (МК Библија 1976 год.) Водата на крштевањето на Исус е морална за спасението на грешници.
Исус ги изми гревовите на сите грешници преку земањето на тие гревови врз Себеси со Неговото крштевање. Дали верувате во крштевањето на Исус? Дали верувате дека нашите срца се измиени чисто од сите наши гревови преку Неговото крштевање? Нашите срца се измиени чисти од сите наши гревови, но нашето месо сеуште греши.
Да се биде „поново роден“ не значи дека човек нема повеќе да греши. Ние, поново родените, исто извршуваме гревови, но нашите срца остануваат чисти од грев заради нашата вера во Неговото крштевање. Така, во погорниот стих стои: „Но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога – добра совест -“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1976) односно „Кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку е покажување на добра совест спрема Бог.“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1990 год.)
Откако Исус ги изми нашите гревови и откако Бог го прифати осудението за мене, како можам јас да не верувам во Него? Знаејќи дека Исус, кој е Бог, ме спаси преку Неговото крштевање и крвта, како можам да не верувам во Него? Ние сме спасени пред Бога и сега нашата совест е чиста. Ние не можеме подолго да велиме пред Бога дека Исус не не изми целосно од нашите гревови, исто како и што не можеме да речеме дека Бог не не љуби.
Нашата совест станува многу почувствителна на грев после поново раѓањето и ни кажува нас кога и да направиме нешто погрешно. Ако вашата совест е само малку загрижена тогаш ние не можеме целосно да бидеме слободни од грев освен ако се потсетиме себеси на силата на Исусовото крштевање. Тоа е единствениот начин според кој би можеле да имаме добра совест.
Кога нашата совест ни здодева нас, тоа значи дека нешто не е во ред. Водата на Исусовото крштевање ја измива секоја нечистотија на грев. Исус ги одзеде сите наши гревови со Неговото крштевање и не изми чисто, дури и до нашата совест. Кога ние навистина веруваме во ова, нашата совест може навистина да биде измиена. Како може нашата совест да биде измиена? Преку верувањето во крштевањето и крвта на Исус. Секој еден има зла и нечиста совест од раѓање, но ако веруваме дека сите наши гревови беа положени на/врз Исус ние можеме да ја избришеме и таа дамка.
Ова е верата на поново -родениот. Тоа не автохипноза, нешто што свесно го повторувате. Дали е вашата совест чиста? Чиста е затоа што сте живееле добар живот, или чиста е затоа што сите ваши гревови беа положени на/врз Исус и вие верувате во Него? Само преку оваа вера можете вие да добиете чиста совест.
Постојат зборови со живот и зборови без живот. Како може совеста на сите луѓе да биде исчистена? Единствениот пат според кој ние можеме да бидеме праведни и да имаме чиста совест е да веруваме во целосното искупение на Исус.
Кога верувањето во Неговото крштевање не осветува, тоа не значи дека нечистотијата на телото е отстранета, но дека нашата совест е чиста пред Бога. За тоа Тој дојде, беше крстен, умре на Крстот и беше воскреснат од смртта и сега седи на десната страна од Бога.
Кога времето ќе дојде, Тој ќе дојде на овој свет поново. „Вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев на оние што Го очекуваат за спасение.“ (Евреите 9:28, МК Библија 1999 год.) Ние веруваме дека Тој ќе дојде да не земе нас, оние кои го очекуваат Него и се без грев преку верувањето во Неговото крштевање и крвта.
 
 
Клинички експеринмент на верата
 
Можеме ли ние да бидеме спасени без крштевањето на Исус?
Никогаш.
 
Ние спроведовме клинички и непланиран експеримент во нашата Даејеон Црква.
Пречесниот Парк од Даејеон Црквата им рече на еден пар дека нема грев во светот без да го спомни значењето на Исусовото крштевање. Мажот повеќе пати спиеше при проповедта во другите цркви затоа што сите свештеници го проповедаа евангелието изоставајќи го искупението преку крштевањето на Исус, така присилувајќи го него да се секој ден покајува.
Овде во нашата Таејон Црква тој ја слушаше проповедта со двете очи широко отворени затоа што му беше кажано дека неговите гревови беа пренесени на/врз Исус. Тогаш на жената и стана лесно да го убеди мажа си да оди со неа в Црква.
Еден ден, тој седеше в Црква и слушна од Римјаните 8:1 „Сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса.“ (МК Библија 1999 год.) Тогаш веднаш тој помисли: „Аха, ако некој верува во Исус, тој е без грев. Откако јас верувам во Исус значи јас сум без грев.“
Така тој му се јави на неговиот шура и на многу други другари и пријатели еден по еден и им рече: „Дали имате грев во срцата ваши? Тогаш вашата вера не е точна.“ Со ова Преч. Парк беше во загуба. Мажот не знаеше за крштевањето на Исус, но тој инсистираше дека сега тој е без грев.
Тогаш парот почна да има проблеми. Жената порано беше порелигиозна, но таа сеуште имаше грев во срцето додека нејзиниот маж велеше дека тој е без грев. Мажот отиде само неколку пати в црква, но тој веќе беше без грев.
Жената беше убедена дека и двајцата сеуште имаат грев во срцата. Тие почнаа да се караат за тоа. Мажот инсистираше дека е без грев поради тоа што: „Сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса.“ (МК Библија 1999 год.) А жената се караше дека таа сеуште има грев во срцето.
Тогаш еден ден после вечерната служба таа го испрати својот маж дома, а самата остана да го праша Преч. Парк нешто.
Таа рече: „Јас сум сигурна дека сакате нешто да ни кажете, но чувствувам дека некој многу важен дел е скриен. Те молам кажи ми што е.“ Преч. Парк и кажа неа за поново раѓањето од вода и Дух.
Таа веднаш сфати зошто е напишано во Римјаните 8:1: „Сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса.“ (МК Библија 1999 год.) Таа веднаш поверува и беше спасена. Таа конечно сфати дека сите наши гревови беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање за да оние кои се во Христа нема да бидат осудени.
Таа почна да го разбира напишаното Слово. Таа конечно сфати дека клучот до искупението беше крштевањето на Исус и дека ние можеме да постанеме праведни преку искупението на Неговото крштевање.
Всушност, нејзиниот маж не си отиде дома, но стоеше надвор и ја чекаше неа. Тој го слушаше нејзиното сведоштво дека сите нејзини гревови беа очистени и возбудено ја праша: „Дали си сега искупена?“
Но откако слушна што свештеникот и кажал, тој се збуни. Тој никогаш не слушнал за евангелието на Исусовото крштевање. Тој беше сигурен дека тој немаше повеќе гревови во неговото срце дури и без крштевањето на Исус. Така, кога дојдоа дома тие почнаа пак да се караат.
Овој пат позицијата беше обратна. Жената го испитуваше мажа си дали има или нема грев во срцето негово. Таа го праша како е можно да тој биде без грев без верување во крштевањето на Исус. Таа го покани него да погледне поблиску во неговата совест. Тогаш при испитувањето на својата совест тој сфати дека сеуште има грев во срцето негово.
Така тој отиде кај Преч. Парк и призна дека сеуште има грев во срцето. Тој праша: Кога ги поставуваа Израелците своите раце на главата на живиот јарец? Тоа беше пред да го заколат или после тоа? Тој никогаш не слушнал за евангелието на водата и Духот, така да тој беше страшно збунет.
Ова е целта на овој духовен експеримент. Исус мораше да биде крстен за да ги одземе сите гревови на светот врз Себеси. Само тогаш Тој можеше да умре на Крстот затоа што платата за гревот е смрт.
„Дали тие ги поставаа своите раце на главата на жртвата пред или после заколувањето?“ Тој го праша ова затоа што тој беше збунет за рацеполагањето и Исусовото крштевање. Така Преч. Парк му го објасни детално искупението на Исусовото крштевање.
На тој ден мажот слушна за прв пат за евангелието на водата и Духот. Тој го слушна евангелието само еднаш и веднаш беше искупен.
Тоа беше експериментот за изоставување на Исусовото крштевање. Ние можеме да речеме дека немаме грев, но без крштевањето на Исус ние навистина имаме грев во нашата совест. Луѓето често велат дека Исус ги очисти сите гревови со смртта на Крстот, но само оние кои веруваат во крштевањето и крвта на Исус можат да речат дека тие навистина се без грев пред Бога.
Преч. Парк докажа со овој пар дека ние не можеме да бидеме целосно искупени од нашите гревови без искупението преку верата во крштевањето на Исус.
 
 
Приказот на спасението:крштевањето на Исус
 
Кој е образот на спасението?
Крштевањето на Исус.
 
„Образот на таа вода, крштевањето, не спасува сега и нас.“(МК Библија 1976 год.) Исус дојде долу на овој свет за да ги измие нашите гревови и да ја направи нашата совест бела како снег. Ние сме очистени од нашите гревови затоа што Исус ги одзеде нив сите врз Себеси преку Неговото крштевање. Тој не спаси со Неговото крштевање и крвта. Заради тоа, целото создание треба да се поклони пред Него.
Верувањето во Исус не спасува. Ние постануваме Божји чеда и одиме во Небесата преку верувањето во Исус. Ние постануваме праведни преку верувањето во Исус. Ние сме кралско свештенство. Ние можеме да го викаме Бога наш Татко. Ние живееме во овој свет, но ние сме цареви.
Дали вие навистина верувате дека Бог ги спасува оние од нас кои веруваат во искупението на водата и Духот? Нашето спасение не може никогаш да биде целосно без крштевањето на Исус. Верата која Бог и Исус ја признаваат за вистинска е верата во евангелието на Неговото крштевање, Неговиот Крст и Духот, која што не спаси целосно. Ова е единствената вистинска вера.

Нашите гревови беа измиени кога Исус ги одзеде нив со Неговото крштевање и сите наши гревови беа исплатени кога Тој искрвари на Крстот. Христос Исус не спаси нас со водата и Духот. Да! Ние веруваме!