• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 3 : Евангелие на Водата и Духот

[3-5] Значењето на Оригиналното Евангелие да се Биде Поново Роден (Јован 3:1-6)

(Јован 3:1-6)
„Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави оние чудеса, што ги направи Ти, ако не е со него Бог.“ Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ви велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ Никодим му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ А Исус му одговори: „Вистина, вистина ви велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело. тело е; а роденото од Дух, дух е.“ (МК Библија 1990 год.)
 
 
КОЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО НА ДА СЕ БИДЕ ПОНОВО РОДЕН СПОРЕД БИБЛИЈАТА?
 
Во овој свет, има многу кои сакаат да бидат поново родени преку верата во Исус. Но јас би сакал прво да ви кажам дека да се биде поново роден не зависи од нас, или со други зборови, тоа не може да се придобие со нашите напори или дела.
 
Дали поново раѓањето е поврзано со физички емоции или промени?
Не. Поново раѓањето е поврзано со духовна промена. Тоа е ,да грешникот биде поново роден како безгрешен човек.
 
Повеќето Христијани ја имаат оваа иста заблуда. Тие веруваат дека се сигурни да се преродени. Тие вака веруваат заради следните причини измеѓу многу другите. Некои за спасение се обидуваа да изградат многу нови цркви, некои се посветуваат себеси како мисионери да го проповедаат Христа измеѓу многу недостигнати луѓе во други земји, затоа што тие одбиваат да се женат/мажат и ја користат сета нивна сила извршувајќи го она кои што тие веруваат дека е Божја работа.
И ова не е се. Има исто така луѓе кои што принесуваат многу големи суми на пари во нивните цркви, има и онакви кои што ги чистат подовите на црквите секој ден. Се на се, тие ги посветуваат нивното време и имот на црквата. И тие веруваат дека тие со сите овие напори ќе ја заслужат круната на животот. Тие се надеваат дека Бог ќе ги признае нивните напори и ќе им дозволи да бидат поново родени.
Точката е дека има многу луѓе кои што се посветени и сакаат да бидат поново родени. Овие можеме да ги најдеме насекаде. Тие работат напорно надевајќи се дека некој ден Бог ќе ги благослови и ќе им дозволи да бидат поново родени. Тие се најдени во молитвените собранија, на семинарите и во санаториумите. Толку е несреќно што тие не ја знаат вистината на да се биде поново роден.
Тие сите мислат во смисла на нивните дела и напори: „Ако совршено го извршам ова, јас ќе бидам поново роден“. Заради тоа тие ги ставаат сите свои напори во овие работи, верувајќи дека тие го градат неопходниот фундамент да се биде поново роден и мислат: „И јас исто така ќе бидам поново роден некој ден, како Преч. Весли!“ И читајќи го Јован 3:8, тие го толкуваат овој стих да значи дека никој не може да каже кога или од каде благословот на поново раѓање доаѓа или каде оди.
Заради тоа тие можат само да работат во надеж дека Исус ќе им дозволи нив да бидат поново родени некој ден. Има многу кои што мислат: „Ако продолжам вака да се обидувам, Исус ќе ми дозволи некој ден да бидам поново роден. Јас ќе бидам поново роден дури и без да бидам свесен за тоа. Некое утро јас ќе се разбудам и ќе знам дека судбина ми е да одам во рајот.“ Ох, леле колку неплодна нивната надеж и вера е!
На ваков начин ние никогаш не можеме да бидеме поново родени! Ние никогаш не можеме да бидеме поново родени ако ги избегуваме пиењето и цигарите, или пак ако верно одиме в црква. Како што Исус рече, ние треба да се поново родиме од вода и Дух за да влеземе во Царството Божјо. И Водата и Духот се единствените Божји услови за да се биде поново роден.
Ако некој не е роден од вода и Дух, сите негови напори да биде праведен пред Исус се залудни. Некој не може да биде поново роден со напори, приноси или посветување. Тој може да мисли дека само Бог знае за оние кои што се поново родени, тој не може да знае дали тој е поново роден или не е.
Можеби за утешение им е ним ваквото размислување, но да се биде поново роден не може да се скрие под маса. Тој сигурно тоа и самиот ќе го знае, и другите околу него ќе го почувствуваат тоа исто така.
Ние тоа можеби нема да го почувствуваме физички, но сигурно е дека ќе го осети ме духовно. Вистинско поново родените се оние верници кои што се поново родени преку Словото Божјо, словото на водата, крвта и Духот. Но оние кои што не се поново родени не можат да го разберат тоа исто како и Никодим не можеше да разбере.
Заради тоа ние треба да ги слушаме зборовите на вистината, на искупението преку крштевањето и крвта на Исус. Слушајќи го словото Божјо ние можеме да ја најдеме вистината во тоа. Затоа многу е важно да го отвориме нашиот разум и да слушаме внимателно.
“Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.“ (Јован 3:8, МК Библија 1999 год.).
Кога човекот кој не е поново роден го прочита овој стих тој мисли: „Аха, Исус рече дека јас не можам да знам кога сум поново роден! Никој не знае! И ваквата мисла го утешува него. Но ова не е вистина. Ние можеби не знаеме од каде доаѓа ветрот или каде оди, но Бог знае се.
Дури и измеѓу поново родените, има некои кои што не го сфаќаат ова во почетокот. Ова може да се разбере. Но во срцето на ваков човек е евангелието: зборовите на искупението со крштевањето и крвта на Исус.
Ова е сведоштвото да се биде поново роден. Оној кој го слуша евангелието и го сфаќа: „Значи тогаш јас сум без грев. Тогаш јас сум спасен и поново роден.“ Кога тој верува и го чува евангелието на водата и на Духот во неговото срце, тој постанува праведен, чедо Божјо.
Некој може да биде прашан: „Дали сте поново роден?“ и тој би одговорил: „Сеуште не.“ „Тогаш дали сте спасен?“ „Да јас верувам дека сум спасен.“ Но тој прави спротивна изјава, или не? Тој го прави ова затоа што тој мисли особата која што е поново родена, треба исто така да се промени во месото/телото.
Ваквите личности поново раѓањето го сметаа како промена на стилот на живот. Но вистината е дека тие не го разбираат евангелието на да се биде поново роден од вода и Дух.
Има многу кои што не го разбираат значењето да се биде поново роден. Тоа е толку жално. Не само работниците туку и многуте црковни водачи се оние кои што дејствуваат под оваа заблуденост. Срцата наши,кои сме поново родени, плачат за ваквите луѓе.
Кога ние вака се чувствуваме колку ли болки тоа му создава на Исуса нашиот Господ во Небесата? Ајде да сите ние бидеме поново родени верувајќи во евангелието на поново раѓање со крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Да се биде поново роден и да се биде спасен тоа се едно исто. Но има многу кои што не ја знаат оваа вистина. Да се биде поново роден значи дека гревот во срцето на некоја особа е очистен преку верувањето во евангелието на водата и на Духот. Тоа значи да се постане праведен преку вера во крштевањето на Исус и Неговата жртва на Крстот.
Пред да се поново роди,човекот е грешник, но после поново раѓањето тој е целосно без грев како нова особа. Тој постанал чедо Божјо преку верувањето во евангелието на спасението.
Да се биде поново роден значи да се носи облеклото на крштевањето на Исус, да се умре на Крстот заедно со Исус, и да се воскресне заедно со Него. Тоа значи дека некој постанал праведен преку словото на крштевањето и Крстот на Исус.
Кога особата е родена од матката на својата мајка, тој е грешник. Но кога тој ќе слушне за вистинското евангелие на поново раѓање од вода и Дух, тогаш тој е поново роден и постанува праведен.
Надворешно тој не изгледа различно, но внатрешно тој е поново роден, во неговиот дух. Ова е што значи да се биде поново роден. Но има толку малку кои ја знаат оваа вистина; нема ниту еден во десет илјади. Дали се согласувате со мене дека има малку мина кои го разбираат вистинското значење на поново раѓање?
Оние коишто веруваат во евангелието на водата и на Духот и се поново родени можат јасно да ги разликуваат поново родените од обичните Христијани.
 
 
ИСУС Е КОЈ ГО КОНТРОЛИРА ВЕТРОТ
 
Кој знае кој е спасен?
Само поново родениот
 
“Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.“ Исус зборуваше за оние кои што не се поново родени. Поново родените знаат за поново раѓањето, но Никодим не знаеше. Бог знае кој е поново роден, и поново родените исто така самите го знаат тоа.
Но оние кои што не се поново родени не знаат како човекот може да биде поново роден како што и тие не знаат од каде ветрот доаѓа и каде оди.
Дали сте способни да го разберете ова? Кој го движи ветрот? Бог го движи. Кој го создаде ветрот? Бог во небесата го создаде. Кој ја контролира климата на земјата, кој ги управува ветрот и водата? И кој им дава здив на живот на сите живи дела? Со други зборови, кој го создаде целиот живот на овој свет и го направи да напредува? Тоа не е никој друг освен Исус Христос. И Исус е Бог.
Кога ние не го знаеме словото на евангелието на водата, крвта и Духот, ние не можеме да бидеме поново родени и ние не можеме други духовно да поучуваме. Исус ни кажа дека ако некој не е роден од вода и Дух, тој не може да биде поново роден.
Ние мораме да веруваме во евангелието на водата и на Духот, моќното евангелие кое не прави нас поново родени. Духот влегува и пребива во разумот на сите оние кои што веруваат во евангелието на водата и на Духот.
Исус Христос беше крстен за да ги земе сите гревови на човештвото, и Тој искрвари на Крстот за да исплати за сите овие гревови. Тој го всели спасението на поново раѓање во срцата на целото човештво. Кога ние веруваме во ова евангелие, Светиот Дух влегува во нашата душа. Ова е спасението на да се биде поново роден. Кога ние веруваме во очистувањето на сите наши гревови преку крштевањето на Исус и Неговата крв, ние сме навистина поново родени.
Во Битие 1:2, напишано: „Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.“(МК Библија 1990 год.) Напишано е дека Духот Божји се движеше над водите. Духот Божји се движеше над надворешноста на земјината површина.
Тоа значи дека Духот не може да влезе во срцата на грешниците. Срцето на еден кој не е поново роден е во хаос и е исполнето со темнината на гревот. Заради тоа Духот Божји не може да пребива во неговото срце.
Бог ја испрати светлината на Неговото евангелие за да ги осветли срцата на грешниците. Бог рече: „Нека биде светлина“ и бидна светлина. Тогаш и само тогаш Духот Божји можеше да престојува во срцето на човекот.
Заради тоа во срцата на поново родените, оние кои што веруваат во евангелието на водата и на Духот, престојува Духот Божји. Тоа е значењето на нивното „да се биде поново роден“. Тие се поново родени во нивните срца затоа што тие ги слушаа зборовите на спасението на водата и Духот и тие веруваа во тоа!
Како може човек да биде поново роден? Исус му го објасни ова на Никодим, фарисејот, велејќи: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царство Божјо.“ Никодим рече: „Како можеме ние да бидеме поново родени од вода и Дух? Можеме ли повторно да влеземе во матката на својата мајка и тогаш да бидеме поново родени?“ Очигледно е дека тој го сфати ова буквално и не можеше да сфати како човекот може да биде поново роден.
И Исус му рече: „Ти си учител и не знаеш кое е значењето на ова?“ Исус му рече дека ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Царството Божјо ниту пак може да го види. Исус му ја кажа на Никодим вистината на поново раѓањето.
Вистина е дека има многу луѓе кои што веруваат во Исус без да се поново родени. Повеќето Христијани како Никодим не се навистина поново родени.
Никодим беше духовен Израилев учител во тоа време, слично како со учителите во црквите на денешницава. Во модерни терми, тој е да се спореди со државен конгресмен. Со стандард на религијата тој беше учител, раби на Еврејски, Тој беше религиозен учител на Евреите. Тој исто така беше и успешен ученик.
Во Израел во тие денови немаше институција која може да се спореди со денешните школи така сите луѓе одеа во храмот или синагогите за да бидат поучувани од „учените луѓе.“ Тие беа учителите на луѓето. Исто како и денес и тогаш имаше многу лажни учители. Тие ги почуваа луѓето без да се самите поново родени.
На денешницава има многу религиозни учители, црковни одбори, учители, предиканти, старешини и ѓакони, кои што не биле поново родени. Како и Никодим, тие не ја знаат вистината за поново раѓањето. Многу дури и навистина мислат дека ние треба повторно да влеземе во утробата на нашите мајки за да бидеме поново родени. Тие знаат дека треба да бидат поново родени, но не знаат како.
И поради нивното незнаење, како слеп човек што опипува слон за да види со своите раце, нивните инструкции се основани врз нивните сопствени чувства и искуства. Тие зборуваат во црквите за светски вредности. Заради тоа, многу верни луѓе се спречени да бидат поново родени.
Да се биде поново роден нема ништо заедничко со нашите добри дела. Ние сме поново родени преку верата во словото на водата, крвта и Духот кои Бог ни ги даде. Господовото евангелие е тоа што нас не променува од грешник во праведен.
Исус ги изговори овие зборови: „Кога за земни работи ви зборував и не ми верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните?“ И навистина, луѓето не веруваа кога Исус им ја кажа вистината дека искупението за сите наши гревови беше исполнето преку Неговото крштевање. Што не веруваа тие? Тие не веруваа дека нивното искупение беше направено можно преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот. Ова е значењето на она што Тој мислеше кога им рече на луѓето дека нема да веруваат ако Тој им говореше за „небесните работи.“
За да не очисти нас од сите наши гревови, Исус беше крстен од Јован Крстител и умре на Крстот, и тогаш беше воскреснат од смртта за да го отвори патот за грешниците да бидат поново родени.
Заради тоа Исус му објасни на Никодим цитирајќи го Стариот Тестамент. „Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустињата, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен“ (Јован 3:13-15, МК Библија 1990 год.). Како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки за да дозволи да секој кој верува во него да има живот вечен.
Што Му значеше на Исус кога рече: „И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустињата, така треба да се издигне и Синот Човечки?“ Тој цитираше стихови од Стариот Тестамент за да покаже како Неговото крштевање и крвта ќе донесат умилостивение за сите гревови на луѓето.
За да Исус умреше на Крстот, за да Тој можеше да биде подигнат, Тој требаше прво да ги одземе гревовите на светот со тоа што беше крстен од Јован Крстител. Затоа што Исус беше без грев, тој не можеше да биде распнат на Крстот. Со цел да Тој биде распнат, Тој требаше да биде крстен од Јован Крстител и на таков начин ги зеде гревовите на човештвото врз Себе си.
Само преку одземањето на нашите гревови и нивното исплаќање со Неговата крв можеше Тој да ги спаси сите грешници од осудението. Исус ни го даде нам спасението на поново раѓање од вода и Дух.
Заради тоа оние кои што веруваат во Исус како нивни Спасител го носат облеклото на Неговото крштевање, умираат со Него и се поново родени со Него. Покасно, Никодим го сфати ова.
 
 
КАКО ШТО ЗМИЈАТА БЕШЕ ПОДИГНАТА
 
Зошто беше Исус распнат?
Затоа што Тој ги одзеде сите гревови со Неговото крштевање.
 
Дали ја знаете приказната како Мојсеј ја подигна бакарната змија во пустината? Приказната е запишана во книгата Излез глава 21. Вели дека душите на Израелците постанаа многу обесхрабрени после Излезот од Египет, насилувајќи ги ним да зборуваат против Бога и против Мојсеј.
Како резултат на ова, Господ испрати огнени змии измеѓу луѓето, кои што навлегоа во нивните шатори и ги касаа и убиваа нив. Откако беа каснати од змиите нивните тела се раздувуваа и многу изумреа.
Кога луѓето почнаа да умираат, Мојсеј, нивниот водач, се молеше кон Бога. „Господи, те молам спаси не.“ Бог му рече да направи отровна змија од бакар и да ја стави на столб. Тој му рече да кој да погледне на неа ќе живее. Мојсеј направи како што му беше речено и им ги изјави Божјите зборови на луѓето.
Секој еден кој веруваше во неговите зборови и ќе погледнеше кон бакарната змија, беше излекуван. На истиот начин, ние треба да бидеме излекувани од отровните каснувања на ѓаволот. Луѓето на Израел го послушаа Мојсеј и погледнаа кон бакарната змија на столбот, и на ваков начин беа излечени.
Откровението за змијата на столбот беше дека осудението за сите човечки гревови беше донесено врз Исус Христос преку Неговото крштевање и смртта на Крстот. Тој ги зеде врз Себеси за да ја исплати казната за гревовите на сите грешници од светот. Така, Тој ги заврши сите казни за сите наши гревови.
Исус Христос дојде на овој свет за да ги спаси сите луѓе, чија што судбина беше да умрат од „отровот на змијата,“ искушувањата ѓаволски. За да исплати за сите наши гревови, Тој требаше да биде крстен и да умре на Крстот пред да биде воскреснат за да ги спаси оние кои што веруваат во Него.
Исто како што Израелците во Стариот Тестамент беа помилувани кога тие ќе погледнеа кон змијата на столбот, денес сите оние кои што веруваат во Исус и имаат вера во тоа дека Тој исплати за сите наши гревови преку Неговото крштевање и крвта можат да бидат спасени и поново родени.
Исус во изобилство плати за сите гревови на светот преку Неговото крштевање од Јован Крстител кај реката Јордан, Неговата смрт на Крстот и Неговото воскреснување од смртта. Сега, сите оние кои што веруваат во Него можат да бидат благословени со спасение преку Неговата милост.
„Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото.“ (Јован 3:13, МК Библија 1990 год.). Како компензација за нашите гревови, Исус беше крстен и ја пролеа крвта на Крстот и ги отвори портите на Небесата за нас. „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку мене,“ (МК Библија 1990 год.) рече Исус во Јован 14:6.
Затоа што Исус беше крстен и распнат на Крстот за да ги отвори портите на небесата за нас, сите кои што веруваат во спасението преку Него се спасени. Исус веќе исплати за нашите гревови, така да секој кој верува во вистината на водата, крвта и Духот може да влезе во царството небесно.
Исус не спаси нас со евангелието на водата и на Духот. Поново раѓањето доаѓа од верата во крштевањето и крвта на Исус и во фактот дека Тој е Бог.
„И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустињата, така треба да се издигне и Синот Човечки“ (Јован 3:14, МК Библија 1990 год.). Кое е значењето на овие стихови? Зошто Исус мораше да биде распнат? Дали Тој изврши гревови како нас? Дали беше Тој слаб како што ние сме? Беше Тој толку нецелосен како ние што сме? Не, Тој не беше.
Тогаш зошто Тој требаше да биде распнат? Тоа беше за да не спаси нас и за да компензира за нашите гревови. Тој беше крстен и распнат за да не спаси сите нас од сите наши гревови.
Ова е вистината на спасението, на поново раѓање од водата и Духот. Исус им даде нов живот на сите оние кои што веруваат во Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот, која што беше компензација за нашите гревови.
 

ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА И НА ДУХОТ
 
Кое е значењето на водата и на Духот?
Вода значи крштевањето на Исус и Духот значи дека Тој е Бог.
 
Библијата ни кажува нас дека кога ние веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, ние сме поново родени. Да се постане чеда Божји, да се биде поново роден, се постигнува преку напишаните зборови Божји, евангелието на водата, крвта и на Духот кои што се компензација за нашите гревови.
Според Библијата „водата“ значи крштевањето на Исус (1 Петар 3:21), и „Духот“ значи дека Исус е Бог. Ова е вистината на да се биде поново роден, дека Исус дојде на овој свет во обличието на човек за да исплати за нашите гревови преку Неговото крштевање и крв.
Тој ги однесе сите наши гревови преку Неговото крштевање и ја исплати платата за гревовите со умирањето на Крстот. Со тоа што беше крстен и што искрвари на Крстот, Тој ги спаси сите оние кои што веруваат во Него.
Ние треба да сфатиме дека крштевањето и крвта на Исус го претставуваат нашето спасение во тоа што тие не спасија од сите наши гревови. Само оние кои се веќе поново родени од вода и Дух можат да го видат и да влезат во царството небесно. Исус не спаси со водата на Неговото крштевање, Неговата крв и Духот. Дали верувате во ова?
Исус е небесниот Прво Свештеник кој дојде на овој свет за да исплати за гревовите на светот. Тој беше крстен, искрвари на Крстот и беше воскреснат, така постанувајќи Спасителот за сите оние кои што веруваат во Него.
Исус рече во Јован 10:7: „Јас Сум вратата на овците.“ (МК Библија 1999 год.) Исус стои пред вратата на небесата. Кој ја отвора вратата за вас? Тоа е Исус Христос.
Тој го свртува своето лице од оние кои што веруваат во Него без да ја знаат вистината за Неговото спасение. Тој не им дозволува на оние кои што не веруваат во Неговото крштевање, крвта и Духот да бидат поново родени. Тој го свртува Своето лице од секој еден кој што не верува во Неговото напишано слово, кои одбиваат да ја прифатат Неговата Светост, и кои не сакаат да го познаат Него како Бог.
Секој еден кој одбива да верува во напишаната вистина дека Тој дојде на овој свет во тело, беше крстен, и умре на Крстот за да компензира за сите гревови на светот, или дека Тој умре на Крстот за да ја прими осудата на наше место, или дека Тој беше воскреснат на третиот ден после распнувањето, е исфрлен од Него и ќе загине. Како што е напишано: „Смртта е плата за грев.“
Но оние кои што веруваат во благословот на откупот преку Неговото крштевање и крвта, оние кои што постанале свети во нивните срца, им е дозволено да влезат во царството небесно. Ова е вистинското евангелие на да се биде поново роден, евангелие кое што дојде кај нас со вода, крв и Дух. Да се биде поново роден од вода и Дух и небесно евангелие. Само оние кои што веруваат во крштевањето и крвта на Исус можат да бидат поново родени. Оние кои што веруваат во евангелието на водата и крвта и Духот се без грев; тоа се оние кои се навистина поново родени. Но денес, исто како што и Никодим не беше познат со вистината, повеќето луѓе веруваат во Исус без да го знаат вистинското евангелие. Каков праведен член на општеството беше Никодим! Но Тој го слушна вистинското евангелие од Исус, и покасно, кога Исус беше распнат, тој беше оној кој дојде да го погреби Неговото тело.
На денешницава, има многу од нас кои не ја знаат вистината за водата и Духот на Исус. Дури,има и толку многу кои што не ја прифаќаат вистината кога тие имаат можност да го слушнат вистинското евангелие. Ова е толку жално.
Исус го направи можно да ние можеме да бидеме поново родени. Што не направи нас поново родени? Тоа беше водата, крвта и Духот. Исус ги зеде сите наши гревови кога Тој беше крстен. Тој умре на Крстот и тогаш беше воскреснат од смртта.
И Тој ни го даде на сите нас кои што веруваме во Него благословот да бидеме поново родени. Исус е Спасителот кој им дозволува на оние кои што веруваат во Него да бидат поново родени. Молете да вие секогаш бидете со Исус, едниот оној кој ги создаде небото и земјата и сите работи кои се во нив.
Јован 3:16 вели: „ та ниеден што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“ (МК Библија 1990 год.) Ние добивме вечен живот со верувањето во Исус. Ние сме поново родени преку верувањето во водата и Духот. Тоа е вистина дека ако ние веруваме во евангелието на спасението, крштевањето и крвта на Исус, и дека Исус е Спасителот и Бог, ние можеме да бидеме спасени.
Но ако не веруваме во оваа вистина, ние ќе бидеме фрлени во пеколот во вечност. Ова е зошто Исус му рече на Никодим: „Кога за земни работи ви зборував и не ми верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните?“
Што направи Бог за нас? Спасението преку Исус ни дозволи нас да бидеме поново родени. Исус не спаси нас од светот, ѓаволот и од гревовите на светот. За да ги спаси грешниците од овој свет од осудата за гревот, Тој ги одзеде сите наши гревови преку крштевањето, беше распнат на Крстот и тогаш воскреснат од смртта.
Наш е изборот дали ние ќе веруваме во ова спасение или не. Спасението на поново раѓањето доаѓа од верата во спасението преку крштевањето и крвта на Исус.
Речено е дека има два благослова кои Бог ги излеа врз нас. Едниот е генералниот благослов, кој ги вклучува сите работи на природата, вклучувајќи ги сонцето и воздухот. Ова е познато како генерален благослов затоа што е даде на секој еден човек без разлика дали се грешници или праведни.
Тогаш кој е овој специјален благослов? Специјалниот благослов е благословот да се биде поново роден од вода и Дух, кое што ги спасува грешниците од смртта заради нивните гревови.
 

СПЕЦИЈАЛНИОТ БЛАГОСЛОВ
 
Кој е специјалниот благослов Божји?
Дека Тој не направи поново родени преку Неговото крштевање, распнување и воскресение.
 
Напишано е во Јован 3:16: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та ниеден што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“ (МК Библија 1990 год.) Ова го опишува специјалниот благослов Божји: Исус дојде долу на овој свет во телото на човек и ги очисти сите наши гревови со тоа што беше крстен и распнат за нас. Ова е специјалниот благослов Божји, вистината, дека ние сме спасени од сите наши гревови.
Факт е дека Исус не спасил нас и не промена нас од грешници во праведни. Вие можете да го имате специјалниот благослов Божји едноставно преку верувањето во оваа вистина. Дали вие сите верувате?
Целата ваша вера ќе биде залудна ако го одбиете овој специјален благослов Божји без разлика колку верно сте живееле целиот ваш живот.
Јас проповедам цело време и јас никогаш не сум заборавил да ја проповедам верата во крштевањето на Исус и Неговиот Крст да се единствениот начин за да се биде поново роден. Секоја книга во Библијата открива дека благословот на поново раѓање преку Исус е „специјалниот благослов Божји“ за кој што ние зборуваме. Нема ништо друго кое што го покажува благословот Божји подобро од спасението на грешниците преку крштевањето на Исус и Неговото распнување.
Крштевањето на Исус и Неговото распнување се специјалниот благослов Божји. Лажните пророци во овој свет немаат што да речат за ова. Овие лажни пророци се појавуваат во облекло на ангели на светлина, вооружени со моралите и хуманитарството од Христијанството. Да, ова е вистина. Чудата кои тие ги прават, оздравувањето на болните се сите зли дела ако тие немаат ништо заедничко со специјалниот благослов Божји.
Специјалниот благослов Божји е тоа што ни го даде нас грешниците евангелието на искупението. Со Неговиот специјален благослов, Бог ни дозволи нас да бидеме поново родени. Тој не направи нас нови преку Неговото крштевање, крвта, смртта и воскресението. Тој не направи нас негови чеда, слободни од грев.
Дали верувате во ова? –Да.– Дали сте вие навистина благословени? –Да.– Крштевањето на Исус и Неговата крв, смртта и воскресението се специјалниот благослов кој што Бог ни го даде преку водата и Духот. Ова е евангелието на специјалниот благослов. Славете го Господа за тоа што не спаси нас преку Неговиот специјален благослов.
Жално што толку многу верни Христијани на денешницава не се свесни за специјалниот благослов Божји, евангелието на крштевањето и крвта, на да се биде поново роден од вода и Дух. Тие слепо се обидуваат да најдат начини во нивните теолошки и религиозни морали. Колку неуки ли можат да бидат!
Христијанството е со нас толку долго и поминаа скоро петстотини години од Реформацијата, но сепак, сеуште има многу во Кореа и во светот кои се во незнаење за вистината да се биде поново роден и за специјалниот благослов Божји.
Но се надевам и верувам дека Тој ќе дозволи да и тие ја знаат вистината затоа што ние сме во ерата која е во близина на крајот на овој свет.
Грешниците мораат да бидат поново родени и да ја прифатат вистината на водата и на Духот со цел да постанат праведни и да влезат во царството небесно. Многу Христијани напорно се обидуваат да бидат поново родени.
Меѓутоа, ако тие се обидуваат без познавање на вистинското значење на да се биде поново роден, нивната вера е во залудност. Тие велат дека треба да бидат поново родени за да влезат во царството Божјо, но тие поим немаат за вистината на поново раѓање.
Тие само претпоставуваат дека откако тие така верно веруваат дека и откако тие го чувствуваат огнот во нивните срца, дека тие можат бидат поново родени. Но обидувањето да се биде поново роден базиран врз основа на личните чувства или страсните религиозни дела може да ве доведе до само неправилна вера.
 

СЛОВОТО БОЖЈО КОЕ ШТО НЕ ВОДИ НАС ДА БИДЕМЕ НАВИСТИНА ПОНОВО РОДЕНИ
 
Која е разликата помеѓу вера и религија?
Вера е да веруваш што Исус направи за да не спаси нас, додека религија е да се поткрепуваш врз своите сопствени мисли и дела.
 
Јасно е напишано во 1 Јован 5:4-8 дека ние можеме да бидеме поново родени само преку верувањето во водата, крвта и Духот. Ако ние сме да бидеме поново родени, ние треба на памет да го имаме Бога, словото на вистината. Ние треба да знаеме дека визии, зборувањето на звучен јазик или сензуални искуства не можат нас никогаш да не водат до поново раѓање.
Исус рече во Јован глава 3 дека некој може да влезе во Царството Божјо освен ако е поново роден од вода и Дух. Ако некој е да биде поново роден, тој во главно треба да двапати верува во Исус. Прво, човекот треба да верува во Исус на религиозен начин познавајќи ги своите гревови преку Законот Божји. Првиот пат кога некој ќе почне да верува во Исус, тоа е спрема Законот Божји и препознавањето на тоа колку тежок грешник тој/таа навистина е.
Ние не треба да веруваме во Исус во согласност на една или многуте религии од овој свет. Христијанството не е само некоја религија. Тоа е единствениот начин како да се придобие вечен живот преку вера.
Секој еден кој што верува во Исус како само религија ќе заврши со празни раце. Тој ќе биде оставен со срце полно со грев, хаос и празнина. Нели е ова вистина? Вие не би сакале да завршите како лицемер како Фарисеите во Библијата.
Секој еден сака да постане поново- роден Христијанин. Но кога еден верува во Христијанството како религија, тој/таа завршува како лицемер со срце полно со грев. Ние треба да дојде да ја знаеме вистината за поново раѓањето.
Секој еден кој верува во Христијанството како религија без да биде поново роден сигурно е дека ќе заврши со збунетост и празнина во своето срце. Ако еден верува во Исус но не е поново роден, неговата/нејзината вера не е правилна. Заради тоа тој/таа ќе заврши како лицемер обидувајќи се напорно да изгледа свет пред други но паѓа мизерно.
Се додека вие верувате во Христијанството како религија, вие секогаш ќе бидете грешник, лицемер, и ќе го живеете вашиот живот жалејќи се заради вашите гревови. Ако сакате да бидете ослободени од вашите гревови, вие треба да верувате во напишаната вистина, евангелието на водата, крвта и на Духот.
 

НАОЃАЊЕТО НА ТАЈНАТА НА ИСКУПЕНИЕТО ПРЕКУ КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС
 
Што не прави нас поново родени?
Крштевањето на Исус, Неговата смрт на Крстот и Неговото воскресение.
 
Библијата ни кажува нас дека секој еден може да биде поново роден преку словото Божјо, кое што не се променува. Сега, ајде да погледнеме на зборовите на апостолот Петар во 1 Петар 3:21. „Образот на таа вода- крштевањето, - не спасува сега и нас.“ (МК Библија 1976 год.)
Во Библијата запишано е дека крштевањето на Исус е приказ/образ кој не спасува. Сите кои што веруваат во Исус треба да знаат, не за нашето крштевање, но за крштевањето на Исус. Крштевањето на Исус ни дава нас грешниците нов живот. Верувајте и вие ќе бидете поново родени и ќе го спечалите благословот на спасението.
Со подразбирањето дека спасение се спечалува само преку вера во крштевањето на Исус, ние можеме да бидеме спасени, постанеме праведни и да се здобиеме со вечен живот. Со други зборови, кога ние веруваме во вистината на спасението преку словото Божјо, нашите гревови ќе бидат очистени засекогаш.
Да се биде поново роден значи да се биде роден по втор пат. Многуте од нас обично почнуваат да веруваат во Исус како во религија, и потоа ние постануваме поново родени преку вера откако ќе ја сфатиме вистината. Името Исус значи: „Зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови“ (Матеја 1:21, МК библија 1990 год.)
Кога ние веруваме во Исус и кога точно знаеме што Тој направил за целото човештво, ние сме ослободени од нашите гревови и сме поново родени како потполно ново луѓе. Најпрво ние веруваме во Исус како религија, потоа, кога ние ќе слушнеме и веруваме во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв, ние сме поново родени.
Која е вистината која не прави нас поново родени? Прво, тоа е крштевањето на Исус, потоа крвта која Тој ја пролеа на Крстот, и конечно Неговото воскресение од смртта. Да се биде поново роден значи верување во Исус како наш Бог, наш Спасител. Ајде да видиме како луѓето од Стариот Тестамент беа поново родени.
 

КОМПЕЗАЦИЈАТА ЗА ГРЕВ ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ:ПОЛАГАЊЕ НА РАЦЕ НА ЖРТВАТА И ПРИНОСОТ НА КРВТА
 
Кое е евангелието на поново раѓање во Стариот Тестамент? Прво, ајде да прочитаме во книгата Левит глава 1 и да видиме што вели за поново раѓањето.
Во Левит 1:1-5: „Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата: „Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток. Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината. Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.“ (МК Библија 1999 год.)
Бог ни кажува во Левит како Израелците можеа да бидат соединети со Бога преку жртвениот систем. Тоа е вистината која ние треба да ја знаеме и разбереме. Тогаш ајде да ги повторно прегледаме овие зборови.
Господ го повика Мојсеј и му говореше нему од шаторот на средбата. Тоа беше за искупението на гревовите на Израелците. Кога луѓето на Израел ќе извршеа грев на непокорност на законот Божји, тие беа во можност да ги покријат нивните гревови со принесувањето на добиток без недостаток на Бога.
И овие жртвени животна требаа да бидат назначени од Бога и тие требаа да бидат без недостаток. Исто така, тие требаа да бидат жртвувани според ритуалот поставен од Бога. Формата на жртвување беше следново:
Ако некој во времето на Стариот Тестамент погрешил, тој/таа требаше да жртвуваат жртва пред Бога за искупението на грев. Прво, жртвата требаше да биде без недостаток и потоа грешникот требаше да ги стави своите раце на неа со цел да ги пренесе гревовите врз нејзината глава.
Откако заколена, крвта на жртвата требаше да биде ставена на роговите на жртвеникот и остатокот од крвта беше истурена на земјата. Ова беше ритуалот на светиот шатор кој што Бог им го даде на Неговиот народ како благослов на искупение.
Законот и заповедите Божји содржат 613 члена, опишувајќи што тие „треба“ или „не треба“ да прават. Бог им го даде законот и заповедите на луѓето на Израел. И покрај тоа што луѓето знаеја дека Законот и заповедите се правилни, тие не можеа да живеат според нив затоа што секој еден беше роден со дванаесетте гревови наследени од Адам.
Заради тоа тие ја загубија способноста да прават добро пред Бога. Израелците ја изгубија способноста да постанат праведни. Наспротив, тие не можеа друго освен да продолжат да извршуваат гревови, дури и покрај тоа што напорно се обидуваа да останат слободни од грев. Судбината на целото човештво е да бидат родени и да умрат како грешници.
Но Бог, во Неговата бескрајна милост, им го даде на Неговиот народ жртвениот систем преку кој што тие можеа да извршуваат умилостивение за нивните гревови. Тој го обезбеди ритуалот на шаторот за да луѓето на Израел и сите луѓе на светот можат да бидат искупени од нивните гревови. Тој ни ја откри преку жртвениот систем Неговата правда за целото човештво. Тој му го покажа на светот патот на спасението.
Бог им го даде на луѓето жртвениот систем и ја одреди куќата Леви да ја служат жртвата. Измеѓу 12 родови на Израел, само куќата на Леви беше одредена да ја служи жртвата за луѓето на Израел.
Мојсеј и Арон беа од куќата на Леви. И во Библијата запишани се законите и одредбите за службата на жртвата на светиот шатор, евангелието на искупението со рацеполагање.
Заради тоа, кога ние навистина го сфаќаме жртвениот ритуал на Левитите, ние самите можеме да бидеме поново родени. Затоа ние треба да го научиме словото Божјо што се однесува за жртвата на светиот шатор. Ова е најважниот дел од Стариот Тестамент. Конечно, кога ние ќе дојдеме до Новиот Тестамент, ние го имаме благословот на поново раѓање преку водата и Духот.
 

УМИЛОСТИВЕНИЕ ЗА ГРЕВ ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ
 
Кои се Божјите атрибути?
Правда и Љубов
 
Бог го повика Мојсеј,од куќата Леви, до светиот шатор на средбата и го одреди неговиот брат Арон за првосвештеник. Арон требаше да ги пренесе гревовите од луѓето на жртвата за грев.
Ова е што Бог му рече на Мојсеј како што е запишано во книгата Левит 1:2. „Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.“ (МК Библија 1999 год.) Бог овде ги специфира жртвените приноси. Ако на некој од луѓето му требаше умилостивение за грев, тој/таа требаше да принесе бик или овца од добитокот.
Бог исто така им рече нив: „Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа“ (Левит 1:3, МК Библија 1999 год.).
Жртвата пред Бога беше прифатена на местото од животот на особата која би требало да умреше за тој грев. Израелците можеа да ги пренесуваат своите гревови со рацеполагање на главата на животните. Жртвените животни требаа да бидат пренесени од слободна волја на особата. Сега ајде да видиме што вели четвртиот стих.
„Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.“ Жртвите вака беа примени од Бога. Кога грешникот ќе ги ставеше своите раце на жртвата паленица, неговите гревови беа пренесени/положени на главата на жртвата пред Бога, така да Тој ќе го прифатеше тоа и ќе гарантираше умилостивение за неговите гревови.
Потоа ја заколи неа и ја стави крвта на роговите на жртвеникот и го излеа остатокот на земјата пред жртвеникот. Со цел да плати за своите гревови и да постане слободен од нив, грешникот требаше да принесе жртва според законот поставен од Бога.
Напишано е во Левит 1:5: „Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.“ (МК Библија 1999 год.) Внатре во Шаторот, покрај влезот беше жртвеникот за паленици со рога на четирите страни.
После рацеполагањето на главата на жртвата паленица за да ги пренесе своите гревови, грешникот требаше да ја заколе жртвата и свештеникот да ја испрска крвта на роговите. Роговите на жртвеникот ја претставуваат осудата на гревовите. Така, со ставањето на крв на овие рогови значеше дека животното ја пролеа својата крв за да плати за гревови на местото на грешникот. Кога Бог ќе погледнеше на крвта на роговите од жртвеникот, Тој ги премавнуваше гревовите на грешникот.
Зошто жртвата за грев требаше да искрвари? Затоа што: „Зашто смртта е плата за грев “ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.) и затоа што животот на телото е во крвта. Заради тоа напишано е во Евреите: „без пролевање на крв нема проштавање.“ (Евреите 9:22, МК Библија 1999 год.). Така, пролевањето на крвта на жртвата за грев го исполнуваше законот Божји, кој што вели дека платата што ја дава гревот е смрт.
Според секое право, принесуваната крв требаше да биде од грешникот, но жртвата за грев ја пролеваше крвта на местото негово за умилостивение. Тогаш свештеникот ја ставаше крвта на роговите на жртвеникот за да означи дека платата за гревот беше исплатена.
Ако читаме во Откровенија 20:11-15 во Новиот Тестамент, ние можеме да видиме дека роговите ја означуваат Книгата на Пресудата. Така да се стави крв на роговите на жртвеникот е да се стави крв на Книгата на Пресудата. Тоа е за сведоштво дека пресудата за гревовите беше исполнета со рацеполагањето и крвта на жртвата за грев.
 

ГРЕВОВИТЕ СЕ ЗАПИШАНИ НА ДВЕ МЕСТА
 
Сите гревови на човештвото се запишани пред Бога на две места. Едно од нив се плочите на нивните срца, а другото место е Книгата на Пресудата која е отворена пред Бога.
Напишано е во Еремија 17:1: „Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници.“ (МК Библија 1999 год.)
Во Левит 17:11 вели: „Зашто животот на телото е во крвта.“ (МК Библија 1999 год.) Крвта е живот на телото и нашите гревови можат да бидат исплатени само со оваа крв. Заради тоа беше крв намачкана на роговите на жртвеникот. Според Законот, скоро сите работи се очистени со крв, и без пролевање на крв нема опростение (Евреите 9:22).
„Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови. Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот. Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’“ (Левит 1: 6-9, МК Библија 1999 год.).
Тогаш свештениците ја расекоа жртвата паленица на делови и ги ставија нив во огнот врз жртвеникот. Овој ритуал значеше дека кога луѓето погрешија пред Бога, тие требаа да умрат на таков начин и да искрвават и да бидат фрлени во огнот на пеколот. Но пресудата беше извршена преку жртвата за грев, за да луѓето можеа да умилостивуваат за нивните гревови.
Жртвата паленица беше ритуал на пресудата на праведниот закон Божји. Бог ги спои двата Негови закони, законот на правдата и законот на љубовта, во ритуалот на умилостивение за целото човештво.
Затоа што Бог е праведен, Тој требаше да им суди ним и да ги осуди на смрт. Но, затоа што Тој исто така го љуби Својот народ, Тој им дозволи нив да ги пренесат нивните гревови на/врз жртвата за грев. Во Новиот Тестамент, затоа што нашиот Господ не толку возљуби, Тој беше крстен и распнат за да постане жртва за грев за нас грешниците. Крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот ги премавнаа сите гревови на светот.
 

УМИЛОСТИВЕНИЕ НА ДНЕВЕН ГРЕВ ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ
 
Кого го симболизира жртвата без недостаток во Стариот Тестамент?
Исус Христос
 
Ајде да прочитаме од Левит 4:27. „‘Ако некој од народот на земјата згреши од незнаење, правејќи нешто што Господ забранил и така согрешил, тогаш, кога ќе му биде посочен престапот што го сторил, нека донесе женско јаре без недостаток како свој принос за гревот што го направил. Нека ја положи својата рака на главата на жртвата за грев и нека ја заколе жртвата за грев на местото за паленици. Свештеникот нека земе крв на својот прст и нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот. Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од жртва помирница; па свештеникот нека го изгори на жртвеникот како благопријатен мирис на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено.’“ (Левит 4:27-31, МК Библија 1999 год.).
Потомците на Адам, луѓето на Израел и сите луѓе на светот се родени на овој свет полни со грев. Заради тоа нашите срца се полни со грев. Има секакви видови на грев во внатрешноста на срцето на човекот: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
Кога грешникот сакаше да умилостиви за дневен грев, тој/таа требаше да принесе животно без никаков недостаток кај светиот шатор. Тогаш тој/таа требаше да ги стави своите раце на главата на жртвата за да ги пренесе гревовите, да ја заколе жртвата и да им ја даде крвта на свештениците за да биде принесена пред Бога. Свештеникот тогаш ќе го продолжеше жртвувањето за да грешникот можеше да биде простен за неговите гревови.
Без законот и заповедите Божји, луѓето не можеа да знаат дали тие погрешиле или не. Кога ние ќе погледнеме на себе си преку законот и заповедите Божји, ние ги препознаваме нашите гревови. Нашите гревови не се од Бога осудени според нашиот стандард, но според законот и заповедите Божји.
Обичните луѓе на Израел погрешуваа, не затоа што тие го тоа сакаа но поради тоа што тие беа родени со секакви видови на грев во нивните срца. Гревовите коишто човекот ги извршува заради неговата слабост се наречени погрешенија. Гревот ги вклучува сите погрешенија и беззаконија на човекот.
Сите луѓе се нецелосни суштества. Како што и луѓето на Израел беа нецелосни, тие беа грешници и извршуваа гревови. Сите погрешенија и беззаконија на човекот можат да се категоризираат на ваков начин. Кога имаме лоши помисли во нашата памет тие се наречени грев, и кога нив ги извршуваме, тие се наречени престапи. Гревовите на светот ги вклучуваат двата видови.
Во Стариот Тестамент, гревовите беа пренесени на /врз главата на жртвата за грев со полагање на раце на неа. После тоа, грешникот беше без грев и затоа немаше потреба да умре за неговите гревови. Жртвениот систем е сенка на правилната пресуда и љубов Божја.
Затоа што Бог не создаде нас од земјата, ние бевме само прав во почетокот. Ставањето на крв на роговите на жртвеникот и истурувањето на остатокот во подножјето на жртвеникот значи дека Израелците компензираа за нивните гревови и ги избришаа сите гревови од плочите на нивните срца.
„Свештеникот нека го изгори(лојот) на жртвеникот како благопријатен мирис на Господа.“ Лој во Библијата значи Светиот Дух. Заради тоа со цел да умилостивиме за нашите гревови ние треба да го правиме тоа според начинот кој што Бог го постави. Ние исто така треба да го земеме при нашите срца умилостивението за нашите гревови на начин кој му е благопријатен на Бога.
Бог им рече на луѓето на Израел дека жртвата за грев може да биде јагне, јаре или јунец. Жртвите за грев во Стариот Тестамент беа избраните. Јунецот е чисто животно. Причината зошто жртвата за грев требаше да биде без недостаток беше затоа што тие го откриваа Исус Христос кој беше зачнат од Светиот Дух за да постане жртва за гревот на човештвото.
Луѓето на Израел во Стариот Тестамент ги положуваа своите гревови со раце полагање на главата на жртва за грев без недостаток. Свештениците ја служеа жртвата на компензација за нивните гревови. Ова беше како луѓето на Израел ги умилостивуваа своите гревови.
 

РИТУЕЛОТ НА ДЕНОТ НА ОЧИСТУВАЊЕТО
 
Зошто луѓето требаа да принесуваат жртва на Денот на Очистувањето?
Затоа што тие продолжуваа да грешат се до смртта. Дневните приноси за грев не можеа да ги осветат нив пред Бога
 
Но како што тие мораа да жртвуваат секогаш кога и да погрешиле, невозможно беше снабдувањето на сите приноси што им беа потребни за умилостивение за нивните гревови. Така, постепено тие постанаа несовесни. Изгледаше како бескрајна задача да е умилостивувањето на секојдневните гревови и тие почнаа да размислуваат да сосема го напуштат и изостават ваквиот ритуал.
Без разлика колку напорно ние се трудиме, ние не можеме никогаш да доволно жртвуваме за нашите гревови. Заради тоа вистинската компензација за нашите гревови требаше да биде дадена преку нашата срцено чувствителна вера во законот на спасението кое Бог го припрема за нас.
Заради нашата слабост, без разлика колку напорно ние се обидуваме да живееме според законот Божји, ние постануваме се посвесни за тоа колку нецелосни и слаби ние сме. Заради тоа Бог им даде на луѓето на Израел начин да умилостивуваат за цело- годишните гревови сите наеднаш (Левит 16:17-22).
Напишано е во Левит: „Во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, смирете ги вашите души и не вршете никаква работа: ни домородецот ни странецот, кој е населен меѓу вас. Зашто на тој ден ќе биде извршено над вас покривање на гревовите, за да бидете чисти, пред Господа, од сите ваши гревови. Нека ви биде тоа саботна починка, за да ги успокоите вашите души. Тоа е вечен закон“ (Левит 16:29-31, МК Библија 1999 год.).
Значи луѓето на Израел требаа да се смират еднаш годишно кога првосвештеникот ја служеше жртвата на умилостивението на десеттиот ден од седмиот месец за сите гревови кои што луѓето ги извршија за таа година. Со очистувањето на нивните гревови, нивната совест беше во мир во тој ден.
На десеттиот ден од седмиот месец, првосвештеникот Арон, како претставникот на целиот Израел, требаше да ја служи жртвата на умилостивението. Во ова време, другите свештеници не можеа да влезат во шаторот. Најпрво од се, Арон требаше да ја служи жртвата за умилостивение за себеси и неговиот дом пред да тој можеше да го прави тоа за другите луѓе од Израилот затоа што тој и неговиот дом исто така имаа погрешено.
Тој ја служеше жртвата за луѓето вака: „Нека ги земе двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата. Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање .Арон нека го принесе за жртва за грев јарецот, на кого жрепката падна да биде Господов. А јарецот на кого жрепката падна да биде за отпуштање, нека биде поставен жив пред Господа, за да биде извршено покривање на гревот со него и за да биде испратен во пустината за отпуштување, (и за да ги понесе на себе нивните безаконија во непроодна земја)“ (Левит 16:7-10, МК Библија 1999 год.).
Откако тој го изврши ритуалот на умилостивение за неговиот дом и за себеси, Арон „фрли жрепка за двата јарци.“ Едната жрепка беше за Господа а другата беше за отпуштање: „Азазел.“
Прво еден од јарците беше жртвуван на Господа. Овде, првосвештеникот ги положи своите раце на јарецот на местото на луѓето за да ги пренесе гревовите кои што тие ги извршиле за време на таа година.
Крвта беше однесена кај Капакот на Милоста внатре во Светилиштето и беше попрскан со неа седум пати. Луѓето на Израел беа опростени за сите нивни гревови за таа година. На местото на луѓето од Израел да умрат за нивните гревови, првосвештеникот Арон ги положи гревовите на главата на жртвата за грев и позволи да ја земе осудата за сите нив. Тогаш тој го жртвува другиот живиот јарец пред Бога. Тоа беше жртвата за луѓето.
 

ЗА ЛУЃЕТО
 
Во присутност на луѓето, Арон ги положи неговите раце на вториот јарец и исповеда пред Бога: „Господи, луѓето на Израел извршија убиство, прељуба, кражба, љубоморства, лукавства, и тие им се поклонуваа на идоли. Тие не ја чуваа саботата света, тие го викаа Твоето име напразно, и тие ги прекршија сите членови на Вашиот Закон и заповедите.“ Тогаш тој ги тргна своите раце. Со ова, сите гревови на луѓето за целата таа година беа пренесени на жртвата за грев.
Ајде да прочитаме во Левит 16:21. „Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата;“ (МК Библија 1990 год.).
Живиот јарец тогаш ќе талкаше по пустината и ќе умреше со гревовите на Израел на неговата глава. Живиот јарец: „Азазел“ на Еврејски значи „за отпуштање“. Значи дека жртвата за грев беше протерана пред Бога, на местото на сите луѓе на Израел.
Сега, гревовите на Израел беа положени на живиот јарец преку полагањето на рацете Аронови. На овој начин Израелците беа опростени за нивните гревови. Кога тие видоа како првосвештеникот ги става своите раце на главата на јарецот и го видоа како беше протеран в пустина, сите луѓе на Израел коишто веруваа во ритуалот на умилостивението беа сигурни за искупението на нивните гревови. Сите ритуали во Стариот Тестамент се сенка на „да се биде поново роден“ од Новиот Тестамент.
Во Стариот Тестамент, рацеполагањето и крвта на жртвата беше евангелието на спасението од грев. Тоа всуштина остана исто во Новиот Тестамент.
 
 
ЕВАНГЕЛИЕТО НА ИСКУПЕНИЕТО ВО НОВИОТ ТЕСТАМЕНТ
 
Како беа сите гревови на луѓето премавнати во Новиот Тестамент?
Напишано е во Матеја 1:21-25: „Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сети тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.“ (МК Библија 1990 год.)
Нашиот Господ Исус дојде долу на овој свет во името Емануел за да го спаси целото човештво од грев. Заради тоа Тој беше наречен Исус. Исус дојде за да ги земе сите гревови од луѓето. Тој дојде во обличие на човек за да постане Спасител на човештвото. Тој го исполна нашето спасение и не ослободи нас засекогаш од гревот.
 

ЕВАНГЕЛИЕТО НА ДА СЕ БИДЕ ПОНОВО РОДЕН
 
И како не ослободи Исус нас од сите наши гревови? Тој го стори тоа преку Неговото крштевање. Ајде да погледнеме кај Матеја 3:13.
„Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (Матеја 3:13-17, МК Библија 1999 год.).
Во Новиот Тестамент, кога Исус направи 30 години, Тој дојде при Јован Крстителот кај Јордан. Тој беше крстен од него и ги зеде гревовите на сите грешници. Со правењето на ова, Тој ја исполна правдата Божја.
 

ЗОШТО БЕШЕ ИСУС КРСТЕН КАЈ ЈОРДАН ?
 
Што е откриено во евангелието?
Правдата Божја
 
Сега ајде да погледнеме на сликата кога небесниот Првосвештеник се сретна со првосвештеникот на човештвото. Овде, ние можеме да ја видиме правдата Божја преку крштевањето кое направи умилостивение за сите гревови на светот.
Јован Крстител, оној кој го крсти Исус, беше најголемиот измеѓу оние родените од жена. Исус сведочеше во Матеја 11:11: „Вистина ви велам: меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител;“ (МК Библија 1999 год.) Исто како што гревовите на луѓето беа премавнати кога првосвештеникот Арон ги постави своите раце на главата на жртвата за грев на Денот на Големото Очистување, во Новиот Тестамент, сите гревови на светот беа премавнати кога Исус беше крстен од Јован Крстител.
Евангелието на да се биде поново роден е евангелие на целосното искупение на сите гревови. Заради тоа евангелието на искупението преку крштевањето на Исус беше евангелието кое Бог го постави за исполнување на Неговата правда, кое што ги спаси сите луѓе на светот. Исус беше крстен на најсоодветниот начин за да умилостиви за гревовите на светот.
Што значи исполнување на „сета правда“? Тоа значи дека Бог ги очисти сите гревови на светот на најсоодветниот начин. Исус беше крстен за да ги очисти сите гревови на човештвото. „Зашто во него се открива Божјата правда, од вера во вера“ (Римјаните 1:17, МК Библија 1999 год.).
Правдата Божја е покажана во Неговата одлука да го испрати Неговиот Единствен Син Исус на овој свет за да ги очисти сите гревови преку Неговото крштевање од Јован Крстител и Неговата смрт на Крстот.
Во Новиот Тестамент, правдата Божја беше изразена преку крштевањето на Исус и Неговата крв. Ние постанавме праведни затоа што Исус ги одзеде сите наши гревови скоро пред два милениума кај реката Јордан. Кога ние го прифаќаме спасението Божјо во нашите срца, правдата Божја е навистина исполнета.
„А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (Матеја 3:15-17, МК Библија 1999 год.).
Овие строфи откриваат дека Бог Самиот посведочи дека фактот на крштевањето на Неговиот Син ја исполна прав- дата на спасението. Тој ни кажуваше нас: „Исус, кој беше крстен од Јован Крстител, сега е навистина Мој Син.“ Бог сведочеше дека Неговиот Син беше крстен за искупението на целото човештво. Тој го направи ова, за да светата служба на Неговиот Син, не биде залудна.
Исус е Синот Божји и исто така Спасителот на грешниците од светот. „Во Кого Ми е милината,“ рече Бог. Вистина е дека Исус беше покорен на волјата на Отецот и ги одзеде сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање.
Зборот крштевање значи „да се измие, да се пренесе, да се погреба.“ Затоа што сите наши гревови веа положени на Исус кога Тој беше крстен, се што ние треба да правиме е да веруваме во евангелието за да бидеме спасени од сите гревови на светот.
Исполнувањето на сите пророштва за спасението во Стариот Тестамент беше остварено преку крштевањето на Исус во Новиот Тестамент. Заради тоа сведоштвата во Стариот Тестамент конечно ги најдоа своите членови- пријателчиња во Новиот Тестамент. Исто како што и луѓето на Израел умилостивуваа за нивните гревови еднаш годишно во Стариот Тестамент, гревовите на луѓето беа положена на/врз Исус и беа премавнати еднаш засекогаш во Новиот Тестамент.
Левит 16:29 е приказот на Матеја 3:15. Исус беше крстен за да ги зеде врз Себе гревовите на светот. Благодарејќи на Неговото крштевање, сите кои што веруваат во Неговото вечно опростување за гревовите, се спасени; сите нивни гревови беа избришани од плочите на нивните срца.
Ако вие не го препознавате и не верувате во вашето срце во вистината за крштевањето на Исус и Неговата Смрт на Крстот, вие не можете никогаш да бидете очистени од вашите гревови без разлика колку побожен живот вие живеете. Само преку крштевањето на Исус е словото Божјо исполнето и нашите гревови се избришани. Вистинско спасение е постигнато преку искупение на сите наши гревови, со други зборови, преку крштевањето на Исус.
Сега, што ќе правите вие? Дали ќе го прифатите ова спасение во вашето срце? Или нема да го прифатите? Ова не се зборови на човек, но зборови од Бога Самиот. Исус умре на Крстот затоа што Тој ги зеде сите наши гревови преку Неговото крштевање. Не се ли согласувате дека распнувањето на Исус беше резултат од Неговото крштевање?
Напишано е во Римјаните 8:3-4: „Но, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, исправајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото на гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото, за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.“ (МК Библија 1990 год.).
Затоа што човекот не може да го држи законот и заповедите Божји заради слабоста на неговото тело, Исус ги зеде сите гревови од телото со нивното земање врз Себеси. Ова е вистината за крштевањето на Исус. Крштевањето на Исус ја предодреди Неговата смрт на Крстот. Ова е мудроста на оригиналното Божјо евангелие.
Ако сте верувале само во смртта на Исус на Крстот, тогаш завртете се сега и прифатете го во вашето срце евангелието на спасението преку крштевањето на Исус. Тогаш, само тогаш, вие можете да постанете чедо Божјо.
 
 
ОРИГИНАЛНОТО ЕВАНГЕЛИЕ
 
Кое е оригиналното евангелие?
Евангелието на водата и на Духот
 
Оригиналното евангелие е евангелие на искупение на гревови. Ова е евангелието на крштевањето на Исус, Неговата смрт и воскресение кое Бог ни го откри нас. Исус Христос ги очисти гревовите сите наеднаш со тоа што беше крстен кај реката Јордан и преку ова им даде спасение на сите оние кои што веруваат во оваа вистина. Поради нашата вера, сите наши гревови и од иднината беа исто така очистени.
Сега, секој еден кој верува во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот е спасен од сите гревови на светот засекогаш. Дали вие верувате? Ако вашиот одговор е „Да“, тогаш вие ќе постанете праведни.
Сега, ајде да ги собереме работите кои што се случија после откако Исус беше крстен. Во Јован 1:29, напишано е: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.)
Јован Крстител сведочеше дека Исус беше Јагнето Божјо Кое ги зеде гревовите на светот. Јован Крстител ги положи на врз Исус сите гревови на светот кога тој го крсти Него кај реката Јордан. И затоа што Јован Крстител самиот го крсти Исус, тој можеше да сведочи: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ Исус беше крстен и ги зеде гревовите на светот, и ова е евангелието да се биде поново роден.
 
5b0f977a-5402-414a-a136-32210c8009de

„Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1999 год.) Исус ги зеде гревовите на светот преку Неговото крштевање.
Гревовите кои вие ќе ги извршите од вашето раѓање се до вашиот десетти роденден се вклучени во гревовите на светот. Дали вие верувате дека сите овие гревови беа положени на врз Исус? –Да, јас верувам.– Тогаш како е со вашите престапи од вашата 11-та до вашата 20 –та година? Дали верувате дека овие гревови исто така беа положени на врз Исус? –Да, јас верувам.–
Дали се гревовите кои што ќе ги извршите во иднина измеѓу гревовите на светот? –Да, тие се исто така вклучени.– Тогаш, дали тие беа положени на врз Исус? –Да, тие беа.– Дали навистина верувате дека сите ваши гревови беа положени на врз Исус? –Да, јас верувам.– Дали верувате дека сите гревови на светот беа положени на врз Исус преку Неговото крштевање? –Да, јас верувам.–
Дали вие сакате да бидете спасени од гревовите на светот? Ако сакате, верувајте во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Откако ќе поверувате, вие сте спасени. Дали верувате во ова? Ова е вистинското спасение на поново раѓање. Тоа е благослов од Бога за сите грешници на светот.
Да верувате во спасението на поново раѓањето преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, да се угледате кон Неговата љубов е да имате вистинска вера и да бидете навистина поново родени. Знаците од поново раѓањето се водата и крвта на Исус. Вие треба само да го прифатите словото на вистината напишано во Библијата.
 

РЕЛИГИЈА И ВЕРА
 
Каков сведок ние имаме во срцата на поново родените?
Дека Исус ги премавна сите наши гревови со Неговото крштевање и крвта.
 
Религија е да верувате во Исус според вашите сопствени мисли, одбивајќи го чистото слово Божјо. Но спасение од грев е различно од сопствените мисли на една особа. Вера е да се верува во сите зборови од Стариот и од Новиот Тестамент, одбивајќи ги сопствените мисли за ова. Тоа е да се земе како што е напишано во Библијата и да се прифати спасението преку водата и крвта; крштевањето на Исус и Неговата Смрт на Крстот. Една особа може да биде спасена со земањето во своето срце на мудроста на оригиналното евангелие.
Без крштевањето на Исус нема положување/ пренесување на гревови, и без крвопролевање нема опростение на гревови. Сите наши гревови беа положени на врз Исус пред да ги Тој сноси на Крстот и да ја пролее крвта за нас. Кога ние веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, во поново раѓањето преку евангелието, ние постануваме слободни од гревовите на светот.
Вистинска вера е да се верува дека Исус целосно не очисти нас од сите наши гревови кога Тој беше крстен; тоа е да се верува дека Тој ја прими пресудата за сите гревови на Крстот. Ние треба да веруваме во праведното спасение Божјо. Бог толку го возљуби човекот да Тој не спаси нас преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Кога ние веруваме во ова евангелие, ние сме спасени од сите наши гревови, ослободени од осудата и постануваме праведни пред Бога.
„Господи, јас верувам. Јас сум недостоен за спасение но јас верувам во евангелието на крштевањето на Исус, Неговото распнување и воскреснување.“ Ние само му благодариме на Господа за благословот на евангелието на поново раѓање. Да се верува во евангелието на поново раѓање е вистинска вера.
Вистината на поново раѓање е ова: „И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо“ (Римјаните 10:17, МК Библија 1990 год.) „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи” (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.) Ние треба точно да ја знаеме вистината и ние треба да веруваме во водата, крвта и Духот кои сведочат за тоа (1 Јован 5:5-8).
„Вистината ќе ве ослободи“. Овие се зборовите на Исус за водата и крвта. Дали сте вие ослободени? Дали сме ние праведни или верни? Исус ги љуби само оние кои што имаат вера во евангелието на поново раѓање од вода и Дух.
Ако вие верувате во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв, вие сте без грев во вашето срце. Но ако вие верувате во Исус како во религија, вие сте сеуште во грев затоа што вие немате целосна вера во спасението на Исус. Религиозните луѓе се обидуваат да придобијат спасение за своите гревови секогаш кога тие покајано се молат.
Така, тие не можат никогаш да бидат спасени целосно од нивните гревови. Дури и ако тие се покајуваа преку целиот нивен живот, тоа не може да го замени целосното искупение на гревовите преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот. Ајде да бидеме спасени преку верувањето во евангелието на Исус, кое што ги очисти сите гревови на светот, дури и тие на иднината.
Јас повторно ќе ви речам дека секојдневното покаение не може да биде за замена на евангелието на повторно раѓање. Сите Христијани треба сега да веруваат во искупението на гревовите преку евангелието на повторно раѓање.
Ние не можеме никогаш целосно да се покаеме за нашите гревови. Лажно покаение не може особата да ја доведе кон Бога, но само си ја утешува со ова особата својата душа. Лажно покаение е еднострана исповед кое не води сметка со волјата Божја. Ова не е нешто што Бог очекува од нас.
Кое е вистинско покаение? Тоа е да се вратите кон Бога. Да се вратите кај словото на спасението на Исус и да верувате во словото на начин како што е напишано. Евангелието кое не спаси нас е евангелието на крштевањето на Исус, Неговото распнување и воскресение. Кога ние целосно веруваме во ова евангелие, ние сме тогаш спасени и придобиваме вечен живот.
Ова е мудроста на евангелието на повторно раѓање; тоа е да се верува во крштевањето на Исус и Неговата крв и евангелието на царството Божјо кое ни дозволува нас да бидеме повторно родени.
Кога Исус ни кажа нас дека ние треба да бидеме поново родени од вода и Дух, Тој мислеше дека ние треба да бидеме поново родени преку верувањето во Неговото крштевање и крвта на Крстот. Тогаш ние сме способни да влеземе и да пребиваме во царството Божјо. Ние треба да веруваме во Неговото слово. Две работи кои сведочат за искупението,на нашите гревови, крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, се зборовите кои ни дозволуваат нас да бидеме поново родени.
Сега, дали вие верувате во евангелието на повторно раѓање, и на искупението на гревовите? Верата во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот не спаси нас од гревовите на светот. Ние со вера можеме да бидеме поново родени. Откако Библијата ни кажува дека Исус ги очисти сите гревови на сите грешници на светот, зошто ние не веруваме и бидеме повторно родени?
Оние кои што веруваат во овие две работи кои ни сведочат нас за нашето поново раѓање, крштевањето на Исус и Неговото распнување, се поново родени. И секој кој верува во Синот Божји го има сведоштвото во себе (1 Јован 5:3-10). Кога вие верувате во Исус, вие не треба да заминете од евангелието на водата, крвта и Духот.
Исто како и војсководецот Наман се изми во реката Јордан седум пати за да биде целосно очистен од лепра (2 Цареви, глава 5), ние треба да веруваме дека Исус го очисти гревот еднаш засекогаш за сите кај реката Јордан и како резултат на тоа ни даде нас вечно спасение.

Затоа што Исус не љуби нас, ние можеме да бидеме спасени од сите гревови на светот и да имаме вечен живот преку верувањето во евангелието на искупението на гревот. Ајде да веруваме во евангелието на поново раѓање и да го добиеме Божјото спасение.