• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 3 : Евангелие на Водата и Духот

[3-6] Вистинското Духовно Обрезание (Излез 12:43-49)

2021.04.19 72
(Излез 12:43-49)
„И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: „Закон за Пасхата е: ниеден туѓинец да не јаде од неа!“ А секој роб ваш, или купен за пари, откако ќе го обрежете, тогаш може да јаде од неа. Придојден или наемник да не јаде од неа! Во една куќа треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куќата, и коските од жртвата да не кршите. Целото општество Израилево нека прави така. Ако дојде кај вас некој туѓинец и посака да ја празнува Пасхата Господова, нека му се обрежат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ќе биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа. Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол меѓу вас!“ (МК Библија 1990 год.)
 
 
Кој беше неопходниот услов во Стариот Тестамент за Израелците да постанат
чеда Божји?
Тие требаа да бидат обрежани.
 
Зборовите Божји во обете Стариот и Новиот Тестамент се важни и драгоцени за оние кои што веруваат во Бога. Ние не можеме да бидеме несовесни за ниту еден стих од тие зборови затоа зборовите Божји се слово за живот.
Денешната строфа ни кажува нас дека секој кој сака да ја слави пасхата треба да биде пред се обрежан. Ние треба да размислуваме за причината зошто Бог ни го кажува ова. Ако еден не е обрежан не може да ја слави Пасхата.
Ако ние веруваме во Исус, ние треба да разбереме Божјата цел за одредувањето на овој едикт. Обрезание е отсекување на кожичката од машкиот половен орган. Зошто Бог му рече на Аврам и неговите потомци да бидат обрежани? Причината е дека Тој вети дека само оние кои ги „отсекоа“ нивните гревови ќе постанат Негов народ.
Тоа е зошто Тој им рече на луѓето на Израел во Стариот Тестамент да бидат обрежувани. За да постанат чеда Божји, луѓето на Израел требаа да бидат обрежани. Тоа беше Негов уред, основа на осветувањето, и Тој постана Бог на оние кои што ги раскинаа нивните гревови со вера преку обрезанието. И исто така во Новиот Тестамент, Тој постанува Бог на оние кои што со вера ги отсекоа гревовите.
 
 
ПАСХАТА
 
Што беше Пасхата?
Тоа беше ден за Израелците за спомен и благодарност кон Бога за Излезот од Египет
 
Најважниот празник за луѓето на Израел беше Пасхата. Тоа беше ден за потсетување и благодарност кон Бога за Излезот од Египет, каде што Израелците живееја 400 години како робови. Бог им нанесе 10 големи зла за да го помрдне срцето на Фараонот. Така Тој ги водеше луѓето на Израел од Египет во земјата Ханаан.
Луѓето на Израел беа спасени од смртта на првородените, последното зло, преку крвта на жртвеното јагне и обрезанието. Така, Бог им рече нив да ја слават Пасхата преку сите генерации како потсетување на Неговата милост.
 
 
ШТО ТРЕБАА ИЗРАЕЛЦИТЕ ДА ПРАВАТ ЗА ДА ЈА СЛАВАТ ПАСХАТА?
 
Што требаа Израелците да прават со цел да ја слават Пасхата?
Тие требаа да бидат обрежани.
 
Ние треба да ја сфатиме и со цел да ја духовно славиме Пасхата, ние треба да бидеме обрежани во нашите срца.
Напишано е во Излез 12:43-49: „И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: „Закон за Пасхата е: ниеден туѓинец да не јаде од неа!” А секој роб ваш, или купен за пари, откако ќе го обрежете, тогаш може да јаде од неа. Придојден или наемник да не јаде од неа! Во една куќа треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куќата, и коските од жртвата да не кршите. Целото општество Израилево нека прави така. Ако дојде кај вас некој туѓинец и посака да ја празнува Пасхата Господова, нека му се обрежат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ќе биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа. Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол меѓу вас!“ (МК Библија 1990 год.) Така Тој им рече на Израелците да ја слават Пасхата откако тие беа обрежани.
На кои им беше дозволено да јадат од месото на Пасхалното јагне и да ја слават Пасхата? Само на оние кои што беа обрежани можеа да ја слават Пасхата.
Пасхалното Јагне, како што сите знаеме, е Исус Христос кој ги зеде сите гревови на светот.
Тогаш, кое е обрезанието во Стариот Тестамент и во Новиот Тестамент? Обрезание значи отсекување на краекожието. Исус Христос беше исто така обрежан на осмиот ден после Неговото раѓање на овој свет. Бог одреди да сите кои што земаат дел на ритуалот од Пасхата да бидат обрежани, и јасно кажа дека секој еден кој не е обрежан не може никогаш да земе дел во Пасхата.
Заради тоа како што Бог одреди, секој еден треба да биде обрежан. Ако вие верувате во Исус, вие треба да го сфатите значењето на обрезанието во Новиот Тестамент.
 
 
КОЈ БЕШЕ РИТУАЛОТ НА ОБРЕЗУВАЊЕТО КОЈ ШТО БОГ ГО ОДРЕДИ ЗА ДА АВРААМ ГО ВРШИ?
 
Како можеа Аврам и неговите потомци да постанат чеда Божји?
Со тоа што се обрежуваа.
 
Во Битие, Господ му се појави на Аврама и го направи Својот завет со него и неговите потомци. Во главата 15 Господ ветува дека Аврамовите потомци ќе се умножат како ѕвездите на небото и дека Тој ќе им ја даде нив земјата Ханаан како нивно наследство.
И во главата 17, Тој му рече на Аврама дека ако тој и неговите потомци влезат во Неговиот завет и бидат обре-жани, Тој ќе им биде нивен Господ и тие ќе бидеа Негов народ. Тоа беше Божјиот Завет со Аврам и неговите потомци. Бог им рече дека кога тие веруваа во Неговиот Завет и беа обрежани, тоа ќе значи дека тие постанале Негов народ и дека Тој навистина постанал нивен Господ.
Битие 17:7-8 вели: „Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе. Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.“ (МК Библија 1999 год.)
Обрезанието беше знак на Божјиот завет со Аврам и неговите потомци.
 
 
КОЕ ДУХОВНОТО ОБРЕЗАНИЕ
 
Кое е духовното обрезание?
Тоа е да се отсечат сите гревови во вашите срца преку верувањето во крштевањето на Исус.
 
Затоа што Аврам веруваше во словото Божјо, Бог го направи него праведен и Негово чедо. Тоа беше обрезание кое што беше знак на заветот помеѓу Бога и Аврама.
„А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано“ (Битие 17:10, МК Библија 1999 год.).
Обрезание значи отсекувањето на краекожието. Тоа исто така го означува положувањето на сите гревови на/врз Исус преку нашата вера во Неговото крштевање. Ние сме духовно обрезани кога ние ќе ги отсечеме сите наши гревови со прифаќањето на спасението на Исусовото крштевање. Обрезание во Новиот Тестамент е да се отсечат сите гревови преку крштевањето на Исус.
Заради тоа обрезанието во Стариот Тестамент е крштевањето на Исус во Новиот Тестамент, и обете се завет Божји, кои што нас не прават Негов народ. Затоа обрезанието во Стариот Тестамент и крштевањето на Исус се едно исто.
Исто како што и потомците на Аврам постанаа народ Божји кога тие го отсекоа краекожието нивно, ние постануваме чеда Божји кога ние ќе ги отсечеме сите гревови од нашите срца. Ние го правиме ова со верувањето дека нема грев во светот затоа што Исус ги одзеде сите гревови кога Тој беше крстен од Јован Крстител.
Крштевањето на Исус ги прави сите грешници праведни со отсекувањето на нивните гревови. Исто како што дел од кожата беше отстранет во процесот на обрежувањето, така беа гревовите на човештвото отсечени од срцата на сите луѓе кога Исус беше крстен од Јован Крстител кај реката Јордан. Оние кои што веруваат во ова можат да бидат духовно обрезани и да постанат чеда Божји, праведните.
 
 
ЛАЖНАТА ВЕРА КОЈА ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ ДА СЕ ОТСТРАНИ САМИОТ СЕБЕ СИ ОД БОГА
 
Што ги направи Израелците да се отстранат себе си од Бога?
Необрезаноста
 
Бог му рече на Аврам дека секој еден необрезан човек треба да биде отстранет од Неговиот народ. Тогаш, што е обрезанието? И што е духовното обрезание? Ако обрезанието на телото е да се отсече малку кожа од одреден дел на телото, тогаш духовно обрезание е да се отсечат сите гревови од нашите срца и да се положат на/врз Исус преку Неговото крштевање.
Крштевањето на Исус е духовното обрезание за човештвото, со кое што сите гревови на светот беа отсечени и положени на врз Исус. Причината зошто Исус беше крстен од Јован Крстител беше за да го спаси целото човештво преку духовното обрезание, кое што ги однесе сите гревови.
Сите гревови на човештвото беа положени на /врз Исус. Бог, во постанувањето на Господ на Аврам, Господ на Исаак и Господ на Јаков, и Господ на сите нивни потомци, направи завет со Аврам и со неговите потомци и им заповеда да се обрезуваат. Така Тој постана Господ, Спасителот на сите оние кои што ги отсекуваат нивните гревови преку обрезание.
Кое е обрезанието кое што ги отсекува гревовите? Тоа е заветот Божји со Аврам и со сите оние кои што се поново родени со верувањето во крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот како нивно спасение. На овој начин, Тој ни даде нас право да постанеме Негов народ. Така Тој е Бог на сите оние кои што се обрезани.
Бог му рече на Аврама: „Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв. Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет. Машкото што не ќе биде обрезано, нека биде истребено од својот род: зашто го нарушило Мојот Завет“ (Битие 17:12-14, МК Библија 1999 год.).
Секој еден кој се обиде да дојде во Исус без духовното обрезание ќе биде отстранет од Неговиот народ. Духовното обрезание е крштевањето на Исус во Новиот Тестамент, преку кое што сите гревови на луѓето беа положени на/врз Него.
Секој еден кој верува во Исус треба исто да верува и во обрезанието од Стариот Тестамент и крштевањето на Исус во Новиот Тестамент, за да тој /таа може да го прими Духот, да биде спасен од сите гревови и да постане чедо Божјо. До нас кои што веруваме во Исус, обрезанието во Стариот Тестамент и крштевањето на Исус во Новиот Тестамент се едно исто.
Ако не успееме да го разбереме вистинското значење на обреза- нието или не можеме да го прифатиме во нашите срца спасението преку духовното обрезание кое што ни дозволува да бидеме поново родени, нашата вера ќе ни биде залудна. Ние можеме да мислиме дека сме му верни на Господа, но тоа е како да на песок сме ги изградиле нашите куќи од вера.
Бог им вели на сите оние кои што веруваат во Него да бидат обре-зани, да веруваат во искупението преку крштевањето на Исус, духовното обрезание. Без обрезанието, ние не можеме да постанеме Негов народ. Без обрезанието, ние ќе бидеме отстранети од редот на Неговиот народ. Заради тоа Бог одреди дека секој еден, дали тој беше купен со пари или беше странец, требаше да биде обрезан пред соучество на празникот Пасха.
Дури и домородците на Израел ќе беа отстранети од Неговиот народ ако тие не се обрезуваа. Заветот Божји со луѓето на Израел треба исто да биде применат од сите оние кои што веруваат во Исус.
Во Излез глава 12, луѓето на Израел кои го јадеа месото на Пасхата и горчливите тревки требаа веќе да бидат обрезани. Правото да се јаде месото на Пасхата им беше дадено само на оние кои што беа обре-зани.
Важно е за нас да знаеме дека кога луѓето на Израел го јадеа месото на Пасхата и ја ставија крвта од јагнето на довратниците и надвратникот на вратите од нивните домови, тие веќе беа обрезани.
Според уредбата Божја, ако особата не беше обрежана, таа требаше да биде отстранета од Неговиот народ и ќе го изгубеше правото да постане едно од Божјите чеда. Ова значи дека гревот на неверие во духовното обрезание го води човекот до пропаст. Само оние кои што биле духовно обре-зани преку крштевањето на Исус може да бидат спасени.
„Образот на таа вода – крштевањето, - не спасува сега и нас“ (1 Петрово 3:21, МК Библија 1976 год.). Дали вие навистина верувате дека сите ваши гревови беа положени на /врз Исус преку Неговото крштевање кај реката Јордан? Ако вие навистина ја разбирате и верувате во вистината, крштевањето на Исус и Неговата крв, вие ќе сфатите дека вие сте биле духовно обрезани и сте постанале праведен човек. И вие исто така треба да имате вера во духовната вистина дека крвта на Исус на Крстот ќе ви биде безначајна без Неговото крштевање.
Ако вие сте верувале во Крстот на Исус без да бидете духовно обрезани преку вера во крштевањето на Исус, вие ќе се најдете себе си исфрлен надвор од Божјата милост. Вие ќе познаете дека вие сеуште имате грев во вашето срце.
Ние треба да веруваме во вистината дека Божјото искупение почна со крштевањето на Исус Христос и беше испол-нето со Неговата крв на Крстот. За да го правиме ова, ние треба во нашето срце да го земеме словото на вистината, крштевањето на Исус и Неговата крв, како наше спасение.
Со оваа вера, ние можеме да бидеме избавени од моќта на темнината и да постанеме чеда на светлината. Оваа вера духовно ги разделува оние кои што навистина биле поново родени од родот на обичните верници.
Нашиот Господ, Исус, ни кажува да пребиваме во Него. Тој веќе ги очисти сите гревови на светот со Неговото крштевање и Неговата крв. Заради тоа, за да го носиме знакот да сме народ Божји, ние треба да веруваме во крштевањето на Исус. Ако не успееме да го правиме ова, ние ќе бидеме отсечени од Него.
Спасението на искупението не е друго освен крштевањето на Исус во Новиот Тестамент и обрежувањето во Новиот Тестамент. Спасението постанува целосно само кога ние имаме вера во обете: крштевањето на Исус (духовното обрезание) и Неговата крв на Крстот (крвта на Пасхалното Јагне).
Телесното обрежување од Стариот Тестамент е поврзано со крштевањето на Исус во Новиот Тестамент. Исаија 34:16 ни кажува нас дека секое едно слово во Библија има свое колега слово. „Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.“
Секој еден збор од Стариот Тестамент е поврзан со Новиот Тестамент. На ниту еден збор Божји не му недостасува колега.
 
 
ШТО ДА РЕЧЕМЕ ЗА ОНИЕ ГЛУПАВИТЕ КОИ НЕПРАВИЛНО ВЕРУВААТ?
 
Кои измеѓу сите верници во светот ќе одат во пеколот?
Оние кои што не веруват во духовното обрезание.
 
Денес има многу кои што веруваат само во крвта на Пасхалното Јагне. Тие прашуваат:„ За какво обезание зборувате? Тоа беше применувано само кај Евреите во времето на Стариот Тестамент. Ние не треба да го отсекуваме краекожието во времево на Новиот Тестамент.“
Наравно да ова е вистина. Јас не ви велам дека ние треба телесно да бидеме обрезани. Апостолот Павле објасна многу јасно, и обрезанието на срцето е она за што ви зборувам.
Јас не ви велам дека вие треба телесно да бидете обрезани. Телесното обрезание нема никакво значење за нас, но ние треба да дојдеме кај Исус и да бидеме духовно обрезани преку верувањето во крштевањето на Исус со цел да бидеме спасени од сите наши гревови.
Со цел да човекот биде поново роден, тој треба да биде духовно обрезан. Секој еден кој верува во Исус треба да биде духовно обрезан. Тоа е единствениот начин според кој може да се отсечат сите ваши гревови, единствениот начин да се постане праведен. Само после нашето духовно обрезание ние сме целосно без грев. Заради тоа ние треба да го прифатиме во нашите срца духовното обрезание со верувањето во крштевањето на Исус.
Апостолот Павле исто така веруваше во значајноста на духовното обрезание. Тој рече: „И она обрезание, што е во срцето“ (Римјаните 2:29). Секој еден од нас треба да биде духовно обрезан за да биде слободен од грев.
Дали вашите гревови навистина беа положени на/врз Исус откако беа отсечени од вас? Дури и во Новиот Тестамент, оние кои што веруваат во Исус треба да бидат обрезани во нивните срца преку верувањето во крштевањето на Исус.
Апостолот Павле многу јасен беше во неговите Посланија. Бог го спаси целото човештво од гревовите на светот, го направи Негов народ. Луѓето на Израел постанаа Божји народ со отстранувањето на нивното краекожие и ние постанавме Негови чеда кога ние ги положивме сите наши гревови на/врз Исус со верувањето во Неговото крштевање.
Бог не прифаќа нас како Негов народ кога Тој ќе ја види нашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Оваа вера не прави нас духовно обрезани и не води кон нашето спасение.
 
 
СПАСЕНИЕТО НА ГРЕШНИЦИТЕ ПРЕКУ КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ
 
Како беше спасението исполнато од Исус?
Преку Неговото крштевање и смртта на Крстот.
 
Спасението кое што Исус Христос го исполна со Неговото крштевање и смртта на Крстот е за грешници. Крвта на Јагнето беше за осудата, а крштевањето на Исус беше духовното обрезание кое што ги пренесе сите наши гревови на/врз Него.
Христијанските цркви денес не треба да го исмејуваат ова духовно обрезание. И покрај тоа што обрезувањето од Стариот Тестамент на денешницава има минимално значење, крштевањето на Исус не треба никогаш да биде игнорирано.
Јас ви кажав дека сите ваши гревови беа однесени со крштевањето на Исус, и крштевањето на Исус ве спаси вас од сите ваши гревови. Дали верувате вие во ова? Ако го игнорирате крштевањето на Исус, вие никогаш нема да го знаете евангелието на поново раѓањето, евангелието на целосното искупение преку крштевањето на Исус.
Како можеме да го игнорираме крштевањето на Исус, духовното обрезание за кое што Бог ни зборува? Ако ја читаме Библијата, ние можеме да видиме дека обрезанието и крвта на Пасхалното Јагне се блиско поврзани. Ова е тајната на духовното обрезание, крштевањето на Исус.
Евангелието кое што беше проповедано од апостолот Јован не беше друго освен евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Тој рече во 1 Јован 5:6: „Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;“
Тој рече дека Исус дојде преку водата, крвта и Духот. Не само преку водата, и не само преку крвта, но преку водата, крвта и Духот сите заедно. Овие три: крштевањето на Исус, крвта на Исус на Крстот и Неговото воскресение од смртта, се едно, доказ за нашето спасение.
 
 
ЗОШТО БИБЛИЈАТА ЗБОРУВА ЗА КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ?
 
Беа ли луѓето на Израел спасени само преку крвта на Пасхалното Јагне?
Не. Тие пред да ја слават Пасхата беа веќе обрезани.
 
Крштевањето на Исус и Неговата крв е што ни дозволува нас да бидеме поново родени од вода и Дух. Во книгата Излез глава 12 вели: „Земете за вас јагне и земете од крвта негова и намачкајте ги со неа надвратникот и довратниците на куќите во кои што сте. Кога ќе ја видам Јас крвта, ќе ве одминам вас.“
Знаејќи го ова, дали е можно за нас да бидеме спасени од сите наши гревови само преку вера во крвта на Пасхалното Јагне? Тогаш зошто во Новиот Тестамент крштевањето на Исус е толку зборувано? Апостолите рекоа: „Откако бевте погребани со Него во крштение“ (Колосјаните 2:12, МК Библија 1999 год.). „Бидејќи сите кои се крстивте во Христос, се облековте со Христос. (Галатјаните 3:27, МК Библија 1999 год.). „....Крштевањето,- не спасува сега и нас.“ (1 Петрово 3:21, МК Библија 1976 год.).
Апостолот Петар и Павле и сите други ученици на Исуса Христа зборуваа за крштевањето на Исус. Тоа беше крштевањето на Исус во реката Јордан за кое што тие зборуваа, и верата во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот е вистината на поново раѓањето од водата и Духот.
Да ви зборувам искрено, јас верував во Исус, но само во Неговата крв, цели 10 години, без да бидам познат со крштевањето на Исус. Но ваквото знаење не ги однесе гревовите во моето срце. Јас верував во Исус со целото мое срце, но срцето мое сеуште беше полно со грев.
После 10 години, јас го открив значењето на духовното обрезание (крштевањето на Исус) и тогаш јас бев поново роден. Само тогаш јас ја сфатив вистината: Обрезанието од Стариот Тестамент го симболизира крштевањето на Исус во Новиот Тестамент. Јас поверував во тоа и сеуште верувам.
„Во Новиот Тестамент: дали е правилна вера да веруваш во обете крвта на Исус и Неговото крштевање? Дали е мојата вера правилна според Библијата? “ Откако бев поново роден, јас се запрашав за овие работи.
И покрај што верував во пораката на крштевањето на Исус и Неговата крв, јас сеуште имав прашања. „Дали е правилно да веруваме во вистината дека сите наши гревови беа положени на /врз Исус кога Тој беше крстен или е правилно да веруваме дека Исус не спаси преку Неговата смрт на Крстот. Нели е доволно да само верувам дека Исус е мој Бог и Спасител?“ Јас размислував за ова се додека ја читав глава 12 од книгата Излез.
Многу луѓе на денешницава ја читаат глава 12 од книгата Излез и не размислуваат два пати за изјавувањето дека Исус Христос умре на Крстот како наш Спасител. Тие мислат дека правилно е да се верува во крвта на Исус и тие сведочат за вистината на нивното сопствено уверение. Тие можат да неуклоно веруваат и да речат дека Господ е Христос и Син Божји но тие сепак се грешници. Тие мислат дека ако тие веруваат дека Исус Христос е Спасителот, тие ќе бидат спасени дури и покрај тоа што тие имаат гревови во нивните срца.
Овој вид на вера не е вистинска вера. Ваквата вера не може нив да ги направи поново родени. Само крштевањето на Исус и Неговата крв не прави нас праведни.
Тогаш, кое е значењето на глава 12 од книгата Излез? Јас погледнав во Библијата мислејќи: „ Дали има некаков проблем ако човекот верува само во крвта на Исус, а го игнорира Неговото крштевање? “ Дури и пред да завршам со читањето на книгата Излез, јас ја открив вистината дека спасението не е само преку крвта на Христос но исто така и преку Неговото крштевање. Преку Библијата јас бев убеден дека ние сме обрезани во нашите срца преку крштевањето на Исус исто како и преку Неговата крв на Крстот.
 
Зошто повеќето Христијани се сеуште грешници?
Затоа што тие не веруваат во крштевањето на Исус.
 
Јас сфатив во Излез 12:47-49 дека пред да на некого му беше дозволено да јаде од месото на Пасхата, тој требаше да биде обрезан. Тоа е зошто Господ вели во стихот 49: „Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол меѓу вас!“ (МК Библија 1990 год.)
Заради тоа кој не беше обрезан не можеше да јаде од месото на Пасхата. Тоа е вистината која јас е открив. Исто вака, кога ние веруваме во Исус како наш Спасител, ние прво треба да го прифатиме фактот дека сите наши гревови беа положени на /врз Исус преку Неговото крштевање кај реката Јордан и тогаш треба да го прифатиме фактот дека Исус Христос умре на Крстот за тие гревови.
Кога јас сфатив дека Исус умре на Крстот за да биде осуден за гревовите кои што Тој ги зеде преку Неговото крштевање, јас исто така го сфатив значењето на духовното обрезание кое што не спаси нас од сите гревови и престапи на светот.
Во тој момент, јас сфатив дека сите мои гревови ги снема. Моето срце постана бело како снег и јас конечно го зедов во моето срце евангелието на водата, крвта и Духот.
Јас сфатив дека има две работи кои не спасуваат: обрезанието и крвта на јагнето од Стариот Тестамент и положувањето на сите гревови на/врз Него преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот од Новиот Тестамент. Обрезанието во Стариот Тестамент и крштевањето на Исус во Новиот Тестамент се навистина едно и исто.
Исус Христос беше осуден не затоа што Тој извршил некаков грев, но затоа што Тој ги одзеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање. Оние кои што веруваат дека Јован Крстител, како претставник за човештвото, го крсти Исус и ги положи сите гревови на светот на/врз Исус исто така верува во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Зошто толку многу луѓе го одрекуваат Неговото крштевање дури и покрај тоа што е повторливо опишано во Библијата? Со ваквото одрекување тие сеуште се грешници дури и покрај тоа што тие веруваат во Исус. Тие може да веруваат во Исус но сепак се отсечени од Бога. Тие се жалосни грешници кои што ќе одат во пеколот дури и покрај тоа што тие може да веруваат во Исус.
Како можат тие да бидат грешници ако тие веруваат во Исус? Зошто одат тие долу во проклетството? Тоа е толку жално. Тие ќе продолжат да останат грешници затоа што тие не веруваат во фактот дека сите гревови на светот беа положени на/врз Исус Христос кој им донесе вечно спасение на сите луѓе преку Неговото духовно крштевање.
Луѓето мислат дека тие се искупени преку верувањето во крвта на Исус, но тој вид вера не може да ги направи нив целосни? Зошто? Затоа што тие не успеаја да ги положат нивните гревови на/врз Исус!
Ние можеме да бидеме спасени само преку верувањето во водата (крштевањето на Исус) и Неговата крв на начин кој што Бог го одреди: спасение преку духовното обрезание. Тогаш, и само тогаш, ние можеме да постанеме чеда Божји.
Ние се запрашуваме себе си: „Ако верувам само во крвта на Исус како духовното обрезание, може ли нашите гревови да бидат целосно очистени?“ Ние треба да погледнеме длабоко во нашите срца за да го најдеме одговорот.
Во Стариот Тестамент, луѓето беа спасени преку обрезанието и крвта на Пасхалното Јагне исто како што и ние освоивме спасение преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. На овој начин ние сме спасени од Божјата осуда и од овој гревовен свет. Оние кои што веруваат постанаа чеда Божји и Бог постанува нивни Отец.
Човекот е спасен и постанува едно од Божјите чеда преку верувањето во овие две работи: обрезание и крвта на Пасхалното Јагне, односно, крштевањето на Исус и Неговата крв. Ова е вистината според Исус. Ова е да се биде поново роден од водата, крвта и Духот.
 
 
КОЕ Е ИСКУПЕНИЕТО НА ВОДАТА И ДУХОТ ВО БИБЛИЈАТА?
 
Можат ли грешниците да постанат праведни со верата само во крвта на Исус?
Никогаш
 
Исус го напушти Неговиот престол на небесата и дојде на овој свет. Тој беше крстен од Јован Крстител на возраст од 30 години за да ги земе сите гревови на светот.
Крвта на Исус на Крстот беше Неговата осуда за сите гревови на сите грешници на светот. Исус Христос дојде како Спасителот на овој свет и ги спаси сите грешници од нивните гревови преку водата и крвта.
Дали сме ние поново родени само со крвта? Не. Ние сме спасени од гревот со крштевањето на Исус и Неговата крв. Јас би сакал да им поставам едно прашање на оние кои што веруваат само во крвта на Исус: „Дали грешниците можат да постанат праведни само со верувањето во крвта на Исус, или преку обете крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот? Дали е тоа преку верата во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот да ние ги положивме сите наши гревови на/врз Исус или е само преку Неговата крв? Ве прашувам вас, која е вистината?“
За да бидеме навистина поново роден од вода и Дух, ние треба да веруваме дека Исус дојде на овој свет во обличие на човекот(тело), дека Тој ги зеде на/врз Себе си сите гревови на светот кај реката Јордан со Неговото крштевање и беше осуден за сите наши гревови на Крстот. Со верувањето во Исус, нашиот вистински Спасител, на ваков начин, ние можеме да бидеме поново родени.
Јас пак ве прашувам. Која е верата која е објаснета за ваква во Библијата? Дали е тоа верата во крвта на Исус, или е верата во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв?
Верата во крвта на Исус е следната: Исус беше суден и осуден за сите гревови на светот. Тој беше распнат и ранет за нашите гревови, ние сме спасени од страшната пресуда. Но ваквата не е целосна вера. Пред да ја прифатиме оваа доктрина ние треба да разјасниме една точка. Зошто Исус требаше да биде распнат на Крстот?
Библијата јасно вели дека платата што ја дава гревот е смрт. Исус никогаш не изврши никаков грев на овој свет. Тој дојде во телото на човек во обличието на Неговиот народ како Синот на Светиот Бог и Спасителот на грешници. Тоа беше зошто Тој требаше да биде крстен од Јован Крстител пред да Тој умре на Крстот. Кога Тој беше крстен, Тој ги зеде сите наши гревови на/врз Себе си. Така, без крштевањето, Тој не можеше да биде осуден на крвопролевање на Крстот.
 
 
ЖРТВЕНИОТ СИСТЕМ ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ
 
Кои беа неопходните услови за принесување на жртва?
① живо животно без недостаток
② полагање на раце
③ неговата крв
 
Ајде да ја погледнеме оваа вистина преку жртвениот систем на Светиот Шатор. Во Стариот Тестамент, или грешникот или првосвештеникот ги ставаше своите раце на жртвеното јагне или јаре за да ги пренесе/положи така своите гревови или гревовите на Израел на/врз неговата глава. Жртвите беа тогаш заклани и принесени пред алтарот. Стариот Тестамент беше сенката на Новиот Тестамент, и Исус Христос беше жртвеното Јагне кое што Бог вети да го испрати.
Кога ли вие ги положивте сите ваши гревови на/врз Исус? Јас би сакал да вие размислите и да дадете одговор на ова прашање. Во Стариот Тестамент, Израелците не можеа да го заколат жртвеното животинче без полагањето на раце (рацеполагање значи да се положи гревот на жртвата за грев). Рацеполагањето требаше да биде извршено пред да жртвата за грев беше донесена пред алтарот и тоа со цел за да се положат гревовите на/врз жртвата за грев.
„Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината“ (Левит 1:4, МК Библија 1999 год.). Напишано е во книгата Левит дека за принос жртвите неопходно беше рацеполагање. Со ставањето на нивните раце на/врз главата на жртвата, луѓето на Израел беа во можност да ги пренесат нивните гревови на /врз неа, и со приносот на нејзината крв и месо со вера во Бога, тие можеа да бидат спасени од нивните гревови. Израелците во времето на Стариот Тестамент беа исто така преку вера спасени.
Кога жртва паленица беше принесувана кон Бога, грешникот требаше да ги стави своите раце на/врз нејзината глава за да ги положи гревовите на/врз неа. Жртвата тогаш беше заклана на местото од грешникот. Со нејзината крв беа четирите рогови на алтарот намачкани, а остатокот од крвта беше истурен на земја во подножјето на алтарот. Ова беше како грешниците беа искупувани.
Во Новиот Тестамент грешниците можат да бидат искупени од нивните гревови преку нивната вера во водата и крвта на Исус. 1 Јован 5:1-10 вели дека грешникот е искупен кога тој верува во крштевањето на Исус и крвта на јагнето (Крстот).
Заради тоа секој еден грешник може да биде искупен се додека тој верува во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Крштевањето на Исус и Неговата крв, заедно со Светиот Дух, се неопходни за да се биде поново роден од вода и Дух.
Драги и почитувани, можете ли вие да бидете искупени само со верувањето во крвта на Исус Христос? Оние кои што мислат дека можат да бидат поново родени преку верувањето само во крвта на Крстот сеуште имаат грев во нивните срца. Но ние можеме да бидеме спасени од сите наши гревови со верувањето во крштевањето на Исус како духовното обрезание од Новиот Тестамент, кое што е до крајот рамносилно (адекватно) со обрезанието од Стариот Тестамент.
Сите вероисповеди имаат своја доктрина. Ние знаеме дека тие сите се осудени да одат во пеколот освен ако тие ги напуштат нивните лажни вери. Пресбетеријанската црква става акцент на доктрината на предопределувањето; Методската црква го нагласува арминианизмот, односно хуманизмот; Баптистката црква, крштевањето; и Светост црквата, свет живот; сите овие се оддалечиле од словото на вистината.
Но што вели словото на вистината во Библијата за поново раѓањето? Библијата вели дека вистината е најдена во крштевањето на Исус и Неговата крв. Секој еден кој верува и го следи словото Божјо и има вера во поново раѓањето од вода и Дух ќе најде спасение.
 
 
КОЈА Е ТАЈНАТА НА КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС?
 
Кое е духовното обрезание во Новиот Тестамент?
Крштевањето на Исус.
 
Крштевањето на Исус беше духовното обрезание. Во Стариот Тестамент, Бог рече дека секој еден кој не беше обрезан требаше да биде отстранет од Неговиот народ.
Ние треба да знаеме и да веруваме дека духовното обрезание во Новиот Тестамент навистина е крштевањето на Исус. Затоа што Исус беше крстен од Јован Крстител на почетокот на Неговата јавна служба, ние можеме да бидеме духовно обрезани со верувањето во Неговото крштевање. Ние треба внимателно да размислуваме за причината зошто Исус требаше да биде крстен од Јован Крстител.
„Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи“ (Матеја 3:13-15, МК Библија 1999 год.).
Исус беше крстен од Јован Крстител кај реката Јордан, „река на смрт.“ Јован Крстител ги стави своите раце на главата на Исус и Тој беше целосно потопен. Ова е правилниот начин за крштевање (Крштевање: да се биде потопен во вода). Со цел да Исус ги земе сите гревови на светот, Тој требаше да биде крстен на истиот начин, со раце полагањето наведено во Стариот Тестамент.
Крштевањето на Исус е духовното обрезание за оние кои што веруваат во Исус. „Зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.). Тоа беше правилно да Исус ги однесе сите гревови на светот и постана наш Бог и Спасител. Така, тоа беше прилежно, како што беше напишано, да Тој умре на Крстот со сите наши гревови на/врз Неговата глава.
Крштевањето на Исус ја има моќта да ги направи сите грешници поново родени. Тоа е тајната на евангелието на водата и на Духот.
Првото дело кое што Исус требаше да го изврши во Неговата јавна служба за да ги спаси грешниците од сите нивните гревови беше да биде крстен од Јован Крстител. Крштевање значи „да биде очистено, измиено, погребано, да се пренесе/положи на.“
Со тоа што беше крстен според начинот кој беше заповедан од Бога, Исус ги зеде сите гревови на светот на/врз Себе си. „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.). Крштевањето на Исус значи дека сите луѓе на светот кои што веруваат во Него се духовно обрезани.
Покасно, Тој отиде на Крстот како Јагнето Божјо кое ги зеде сите гревови на светот и ја прифати осудата за сите грешници. Така, Тој го спаси човештвото од грев.
Заради тоа сите оние кои што веруваат во крштевањето на Исус Христос, обрезанието во Стариот Тестамент, и Неговата крв на Крстот како нивно спасение, се спасени од сите нивни гревови. Исус Христос ги спаси сите грешници со Неговото крштевање и Неговата крв. Ова е вистината на духовното обрезание.
 
 
ДАЛИ Е СПАСЕНИЕТО САМО ПРЕКУ КРВ? НЕ, НЕ Е
 
Преку што дојде Исус на светов?
Преку вода и крв.
 
1 Јован 5:4-8 вели: „Оти секој,, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. Кој го победува светот, ако не оној , кој верува дека Исус е Син Божји? Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, - не само преку вод, туку преку вода и крв; и Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина. Зошто Тројца се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)
Драги Христијани, кое е вашето сведоштво за Него како ваш Спасител? Тоа не е никое друго освен верата во Синот Божји кој дојде преку вода и крв.
Која е победата која го надминува светот? Тоа не е никоја друга освен моќта на верата во водата и крвта. Тој е Исус Христос кој дојде преку водата и крвта. И Духот е тој кој сведочи, затоа што Духот е вистина.
Има три работи кои сведочат на земјава: водата, крвта и Духот. И овие три се согласуваат како едно. Исус дојде на овој свет во тело, Тој беше крстен и умре на Крстот за да не спаси нас од вечното проклетство. Доказот дека Бог, нашиот Создадител, постана Спасител на сите грешници е во евангелието на водата и на Духот кое што не спасува нас сите.
Тоа е нашиот доказ дека Исус, кој дојде на овој свет како Духот во тело, беше крстен кај реката Јордан за да ги земе врз Себе си сите наши гревови, и искрвари на Крстот прифаќајќи ја осудата за нашите гревови. Така, Тој не спаси нас сите кои што веруваме во Него. Ова е оригиналното евангелие на водата и на Духот.
 
 
КОИ СЕ ВОДАТА И КРВТА КОИ ШТО СВЕДОЧАТ ЗА БОЖЈОТО СПАСЕНИЕ?
 
Кое е колега словото на обрезанието опишано во Стариот Тестамент?
Крштевањето на Исус.
 
Водата се однесува на крштевањето на Исус Христос. Во Стариот Тестамент, крштевањето на Исус значеше обрезание. Колега словото на обрезанието од Стариот Тестамент е крштевањето на Исус во Новиот Тестамент. Доказот дека сите гревови на светот беа положени на/врз Исус е во крштевањето на Исус.
Секој еден кој верува во ова евангелие е способен да стои пред Бога и да рече со добра совест: „Ти си мој Спасител, Мој Господ затоа што јас верувам во Твоето крштевање и Твојата крв, евангелието на водата и на Духот. Така, јас немам грев. Јас сум чедо Божјо и Ти си мој Спасител.“ Ние сме способни да ја исповедаме оваа вера. Причината зошто ние сме способни да вака исповедаме е заради нашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв.
Кое е словото кое ни дозволува да бидеме поново родени? Тоа е крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, кое што е сведоштвото во нашите срца. Ова е евангелието на поново раѓање од вода и Дух.
Драги Христијани, јас повторно ве прашувам: „Може ли грешник да биде целосно спасен преку верувањето во само крвта на Исус?“ Не. Спасението не ја бара само верата во Неговата смрт на Крстот. Само преку верувањето во обете: водата и крвта -евангелието на водата и на Духот- е со која што грешниците може да се поново родени. Ајде сега да ви објаснам каде Библијата зборува за водата или со други зборови крштевањето на Исус.
1Петар 3:21-22 вели: „Образот на таа вода- крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога - добра совест – не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа, Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.“ (МК Библија 1976 год.)
Апостолот Петар сведочеше дека крштевањето е приказот кој не спасува нас, и тоа беше исто доказот на спасението од грев. Крштевањето на Исус е рамноправно со обрезанието од Стариот Тестамент. Како што луѓето на Израел веруваа во словото Божјо и го отсекуваа краекожието за да постанат чеда Божји во времето на Стариот Тестамент, крштевањето на Исус не спасува нас од сите наши гревови во времево на Новиот Тестамент.
Заради тоа обрезанието во Стариот Тестамент и крштевањето на Исус во Новиот Тестамент се едно и исто. Дали сега сите вие верувате дека крштевањето на Исус е како и обрезанието? Како што е напишано во 1 Петар 3:21: „Образот на таа вода – крштевањето, - не спасува сега и нас.“ Можете ли да спорите со напишаното слово Божјо?
Како е тоа да ние, кои живееме на овој свет, можеме да бидеме слободни од грев? Тоа е само заради тоа што Исус Христос беше крстен за да ја исполни сета правда за да спасението од грев биде достапно за нас. Матеја 3:15 вели: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ (МК Библија 1999 год.)
Затоа што сите гревови на светот беа положени на/врз Исус, сите кои што веруваат во Него се сега без грев. Ние можеме да постанеме праведни со прифаќањето на вистината дека сите наши гревови беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање. Исус Христос ги зеде сите наши гревови на/врз Себе си и умре на Крстот за да не спаси нас од сета осуда.
Драги пријатели, двете дела кои што ги спасуваат сите грешници од нивните гревови се водата и крвта. Неговото одземање на нашите гревови и Неговото умирање за нас на Крстот се две главни дела кои Исус ги изврши за нас за време на трите години од Неговата јавна служба на овој свет.
Јован 1:29 вели: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.) Исус Христос беше крстен за да ги земе гревовите на светот и умре на Крстот за да умилостиви за нашите престапи. Исус е Синот Божји, и како Создадителот, Тој го исполна заветот на обрезанието, кој Бог го направи во Стариот Тестамент, со одземањето на сите гревови на светот.
Секој еден кој верува во своето срце во евангелието на крштевањето на Исус, водата и крвта ќе биде поново роден од вода и Дух. И Господ ќе постане Спасител на сите оние кои што веруваат. Фала му на Бога, Алелуја! Исус го исполна нашето спасение како што Бог тоа го имаше ветено, и Тој не спаси нас од сите гревови на светот.
 
 
НЕ Е ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА НЕЧИСТОТИЈА
 
Дали со тек на времето телото постанува свето?
Не. Телото постојано натрупува грев се до денот додека ние ќе умреме.
 
1 Петар 3:21 вели: „Образот на таа вода- крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога - добра совест – не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа,“ (МК Библија 1976 год.)
Кога човек доаѓа до верување во Исус Христос како негов Спасител, тоа не значи дека тој ќе престане да извршува гревови со телото. Ние можеме да продолжиме да грешиме, но со верувањето во крштевањето на Исус, ние можеме да ги положиме сите наши светски гревови на/врз Исус, кој исплати за нив со Неговата крв на Крстот. Со верувањето во овие две работи како неопходните елементи од нашето спасение, ние сме спасени од нашите гревови.
Да се биде поново роден значи да му речеме на Исус добредојде во нашите срца како Спасителот на човештвото. Опроштението на гревот е исто така постигнато во нашите срца. Кога ние веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, нашите срца се поново родени, но ние продолжуваме да извршуваме гревови и престапи со нашето тело. Но, сите наши гревови од телото беа веќе опростени.
Крштевањето на Исус е сведоштвото за сите оние кои биле/се спасени. Ние сме без грев кога ние веруваме во опроштението на грев преку Христовото крштевање. Ние сме поново родени кога ние ја земаме во нашето срце вистината на спасението преку крштевањето на Исус и постануваме праведни преку евангелието на водата и на Духот.
Ова е Аврамовата вера во Стариот Тестамент, верата за постанување праведен за кое што зборуваше Апостолот Павле, и приказот на спасение за кое што апостолот Павле сведочеше.
Исто како што и Аврам слушна и поверува во словото Божјо и постана праведен, ние сме спасени кога веруваме во крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот.
Јован 1:12 вели: „А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји.“ (МК Библија 1990 год.) Дали го прифативте Исус Христос, Оној кој не спаси нас од сите наши гревови преку Неговото крштевање и крвта, како ваш Спасител? Ние мора да го примиме спасението кое нас ние е дадено преку водата и крвта на Синот Божји.
Дали е спасение само со крвта на Исус Христос? Не. Спасението е со водата и крвта на Исус. Во Библијата јасно е напишано дека спасението не е само со крвта на Исус. Тоа е преку крштевањето на Исус и Неговата крв.
Крштевањето на Исус е духовното обрезание од Новиот Тестамент. Тоа е вистината на спасението која ги отсече сите наши гревови од нас. Фактот дека Тој беше осуден за гревовите на светот значи дека Тој беше осуден за нас, за тебе и за мене.
Со примањето на евангелието на опроштението на гревовите, крштевањето на Исус и Неговата крв, ние сме ослободени од целото осудение за сите наши гревови. Со нашата вера, ние сме спасени од сите гревови кои што ние ќе ги извршиме на овој свет. Кога ние го земаме крштевањето на Исус и Неговата крв како наше спасение, сите гревови во нашите срца се очистени. Дали верувате? Јас искрено се надевам дека вие сите ќе верувате во евангелието на водата и на Духот. Верувајте и заработете вечен живот.
Апостолот Павле рече: „И она обрезание, што е во срцето“ (Римјаните 2:29, МК Библија 1990 год.). Како сме ние обрезани во нашите срца? Ние можеме да бидеме обрезани кога ние веруваме во доаѓањето на Христа Исус на овој свет во тело, во Неговото крштевање за да ги земе сите гревови на светот, и во Неговата смрт на Крстот за нашите гревови, и во Неговото воскресение од смртта.
Апостолот Павле рече дека обрезанието е тоа во срцето. Обрезание во срцето значи да се верува во крштевањето на Исус и Неговата крв. Ако вие сакате да бидете обрезани во вашето срце, вие треба да го земете во вашето срце евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв. Тогаш, и само тогаш, вие можете навистина да постанете чеда Божји.
 
 
ДАЛИ БЕШЕ ЈОВАН КРСТИТЕЛОТ ИСПРАТЕН ОД БОГА?
 
Кој беше Јован Крстителот?
Тој беше претставникот на човештвото и последниот Првосвештеник според родословот Аронов.
 
Овде, ние треба да се запрашаме кој беше Јован Крстителот кој го крсти Исус Христос. Јован Крстителот беше претстав-никот на човештвото. Матеја 11:11-14 вели: „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила; зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована; и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.“ (МК Библија 1999 год.)
Драги Христијани, Исус рече дека нема поголем од Јован Крстителот меѓу родените од жени. Со раѓањето на Јован Крстителот, Ерата на Првиот Завет Божји, ерата на Стариот Тестамент заврши. Тој заврши затоа што Исус Христос кој беше да го исполни заветот Божји, конечно дојде.
Тогаш, кој беше да го исполни заветот Божји? Исус Христос и Јован Крстителот. Јован Крстителот ги положи сите гревови на светот на/врз Исус. Кој беше последниот првосвештеник од Стариот Тестамент? Кој беше потомец на Арон? Исус Христос самиот сведочеше дека тоа не беше никој друг освен Јован Крстител. Јован Крстителот беше претставникот на човештвото, најголемиот меѓу оние родените од жени.
Ајде да размислиме за овие факти. Мојсеј, Аврам, Исак и Јаков беа сите родени од жени. Но меѓу луѓето од обете Стариот и Новиот Тестамент, кој е најголемиот меѓу родените од жени? Тоа е Јован Крстителот.
Јован Крстителот, како последниот пророк од Стариот Тестамент и потомец Аронов, го крсти јагнето Божјо во Новиот Тестамент на истиот начин како што Арон ги ставаше своите раце на/врз приносните жртви на Денот на Големото Очистување во Стариот Тестамент. Тој го крсти Исус Христос и ги положи сите гревови на светот на/врз Исус. Тој беше служител Божји. Тој го исполна духовното обрезание во срцата на сите луѓе со тоа што го крсти Исус Христос.
Заедно со крштевањето на Исус, ние мораме да веруваме и во Неговата крв како сведоштво за нашето спасение. Исус Христос ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање и беше осуден за нив. И единственото нешто што ние треба да правиме е едноставно да веруваме во тоа. Божја Волја е да веруваме во она што Исус го направи.
Штом еднаш вие го земете во вашето срце евангелието на поново раѓањето од вода и Дух, вие можете да постанете потомец на Аврам и чедо Божјо. Има само малку кои што се во Христа, а има многу кои што не го прифатиле Него во нивните срца.
Денот е скоро при крај и темнината паѓа. Верувајте во крштевањето на Исус и дозволете му Него да влезе во вашето срце. Вашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв ќе ве направи благословени со духовното обрезание.
Чувајте секогаш на памет дека духовното искупение доаѓа само кога вие верувате во евангелието на спасението, евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв. Јас сакам да вие знаете за да ги припремете духовните светилници (Црквата) и маслото (Духот) како паметни девици (Матеја 25:4) со верувањето во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв. Оние кои што веруваат во Исус одат в црква со Духот во нивните срца.
 
 
ОД КОГО БЕШЕ ИСУС КРСТЕН?
 
Заради која причина беше Исус крстен?
За да ги очисти сите гревови на човештвото
 
„Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи“ (Матеја 3:14-15, МК Библија 1999 год.).
Исус беше крстен за да ги очисти сите гревови на човештвото. Исус Христос е Синот Божји и нашиот Спасител. Тој е Создадителот кој не создаде нас. Исус Христос дојде преку волјата Божја, Отецот, за да не направи нас Негови луѓе.
За кого ли сите пророци зборуваат во Стариот Тестамент? Тие зборуваат за Исус Христос. Сите пророци од Стариот Тестамент зборуваат за Исусовото доаѓање на овој свет за да ги одземе сите наши гревови и засекогаш да не ослободи нас од гревот.
Исус дојде долу на овој свет како што беше проречено во Стариот Тестамент и ги зеде сите гревови на човештвото од Адам и Ева се до последниот човек на земјава.
Сега, земете го во вашето срце спасението преку крштевањето на Исус и Неговата крв. Несигурни ли сте дека ова е вистината? Дали сеуште имате грев во вашето срце? „Зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Исус беше крстен од Јован Крстителот за да ја исполни сета правда.
Самиот збор „крштевање“ значи „да биде очистено“. Исус беше крстен од Јован Крстителот на начинот на рацеполагање опишан во Стариот Тестамент.
Откако Тој ги беше одзел сите гревови на човештвото, Тој самиот се нурна во Јордан. Реката Јордан ја означува смртта и осудата за сите грешници. Христовото нурнување во водата ја означува Неговата смрт на Крстот. Неговото излегување од водата стои за воскресението. Исус воскресна на третиот ден после смртта на Крстот.
Исус е нашиот Господ и Спасител. Фактот дека Исус дојде на овој свет за да биде крстен, ја пролеа до смрт Неговата крв на Крстот, беше воскреснат на третиот ден, и сега седи од десната рака на Бога, е јасен доказ дека Тој го спаси целото човештво од смртта. Дали верувате во ова?
Крштевањето на Исус е духовното обрезание од Новиот Тестамент. „И она обрезание, што е во срцето.“ Обре-занието во срцето е целосно кога ние веруваме во крштевањето на Исус, вистината на положувањето на сите наши гревови на/врз Исус. Обрезанието во срцето е познавањето и признавањето на крштевањето на Исус преку кое што ние ги положивме сте наши гревови на/врз Исус.
Дали сте вие обрезани во вашето срце? Ако верувате во обрезанието во срцето, вашите гревови ќе бидат очистени еднаш засекогаш. За оваа цел Исус ја исполна сета прав-да и го осигура со ова спасението на сите грешници.
Драги Христијани, земете го овој доказ на спасението во вашето срце и памет. Ова е вистината. Штом вие еднаш го земете во вашето срце Исусовото спасение, вие ќе бидете ослободени од сите ваши гревови. „А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји“ (Јован 1:12, МК Библија 1990 год.).
Можете ли сега да видите зошто Исус мораше да дојде на овој свет за да биде крстен? Дали сега верувате во ова? Исус беше крстен за да ги земе гревовите на целото човештво. Тоа беше крштевање на обрезанието. Крштевањето на Исус ни дава нас духовно обрезание. Тоа е зошто Апостолот Павле ни вели нас дека треба да бидеме обрезани во нашите срца. Исус вака јасно не спасени нас со Неговото крштевање и крвта за кои што немаме друг избор освен да веруваме во тоа во нашите срца. Ние треба да речеме: „Да, Амин“ на словото Божјо во нашите срца. Нели е ова вистина? Дали верувате во ова?
 
 
ДАЛИ ЈА ПРИФАЌАТЕ ОВАА ВИСТИНА ВО ВАШЕТО СРЦЕ?
 
Што мораме ние да правиме пред да го прославуваме Бога?
Ние треба да ја земеме во нашите срца вистината на водата и крвта.
 
Поминаа скоро 2000 години откако Исус дојде на овој свет. Во овие денови и овој век на Божјата милост, ние мораме да ја земеме при срце вистината, водата и крвта на Исус. Нема друго што да правиме.
„И она обрезание, што е во срцето.“ Ние мораме да бидеме обрезани во нашите срца преку вера. Во Стариот Тестамент, Израелците беа спасени преку обрезанието и крвта на Пасхата која што беше ставена на надвратниците и довратникот на нивните домови.
Оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв како нивно спасение не се плашат од осудата Божја затоа што таа ќе ги одмине нив. Но осудата Божја ќе падне врз секој еден кој не ја зема вистината во нивните срца. Има многу кои што залудно веруваат во Исус и се така сеуште робови на нивните гревови.
Како ли стигнаа тие до оваа ситуација? Зошто ли тие сеуште страдаат заради гревот? Тоа е затоа што тие не ја знаат вистината за крштевањето на Исус и Неговата крв. Тие веруваат само во крвта на Исус, изоставајќи или не земајќи го во предвид крштевањето Исусово.
Дали спасението е придобиено само со едноставното верување во крвта на Исус? Дали Библијата ни кажува вака? Што велат Стариот и Новиот Тестамент за ова? Според Библијата, не е само преку крвта на Јагнето Божјо, но исто така и преку крштевањето на Исус со кои што спасение е достигнато (1 Јован 5: 3-6).
Дали верувате само во крвта на Исус? Но кои што вака веруваат мораат да имаат грев во нивните срца. Тие мора да го победат нивното неправилно разбирање и да се вратат кон вистинското евангелие.
Неверниците мораат сега да сфатат дека тие се лажно заведени, не знаејќи дека Исус ги зеде сите гревови кај Јордан преку Неговото крштевање. Тие мораат да признаат дека тие биле во грешка во нивното запоставување на примањето на крштевањето на Исус. Тие треба да земат во нивните срца дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање. Спасението е достапно само кога ние веруваме во обете:крштевањето на Исус и Неговиот Крст. Со други зборови, само преку евангелието на водата и на Духот ние сме способни да заработиме вечен живот.
Драги Христијани, дали живеете се досега со зависност на само верата во крвта на Исус? Тогаш, вие сигурно имате грев во вашите срца. Ако грешите, тогаш вие имате грев во вашите срца. Ако мислите дека вие сте слободни од грев кога вие живеете со одржувањето на Законот Божји, тоа е само чувство кое извира од вашите емоции. Ваквото убедување не во согласност со словото Божјо.
 
 
СЕУШТЕ НЕ Е ДОЦНА
 
Од што не ослободува вистината?
Од законот и смртта.
 
Сеуште не е доцна. Само верувајте во крштевањето на Исус и Неговата крв, и вие ќе бидете обрезани во вашите срца и ќе постанете слободни од грев. Да се постане слободен од сите гревови значи дека вие сте спасени преку верувањето во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв.
Дали сте желни да верувате во крштевањето на Исус и Неговата крв за спас од сите ваши гревови? Штом еднаш верувате, вие ќе научите какво е спасението. Вие ќе примите мир во вашата памет. Тогаш, и само тогаш вие ќе постанете праведни. Не преку вашите дела, туку преку вера во словото Божјо. Ако некој од вас сеуште верува дека неговото спасение зависи само од крвта на Исус, јас би ве нагонил да верувате во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв.
Драги Христијани, целосното спасение од грев на човештвото беше исполнето преку евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв. Духот е Бог. Бог дојде долу на овој свет во обличие на човек.
Бог рече преку пророците дека ние треба да го викаме Неговото име Исус, зашто Тој ќе го спаси Неговиот народ од грев. „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!“ (Матеја 1:23, МК Библија 1990 год.).
Бог дојде на овој свет за да ги спаси грешниците. Тој беше крстен за да ги земе сите гревови на светот и така ги спаси грешниците. Ова е вистината и спасението од водата и крвта. Јас овде сум за да ви го кажам ова. Ние сме спасени преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
На денешницава има многу лажни пророци и еретици кои што не веруваат во крштевањето на Исус. Исус рече: „Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.).
Ние мораме да ја знаеме вистината. Ние мораме да знаеме зошто Исус зборуваше за Неговото крштевање, и зошто ние треба да веруваме во тоа. Ние треба да знаеме зошто Бог во Стариот Тестамент им рече на луѓето на Израел да бидат обрезани и зошто Тој зборуваше за крвта на Пасхалното Јагне.
Кога знаеме само еден дел од приказната ние никогаш не можеме да ја познаеме вистината. Исус рече: „Вистина, вистина ви велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;“ (Јован 3:5, МК Библија 1976 год.).
 
 
ДА СЕ БИДЕ КРСТЕН ВО ХРИСТА
 
Зошто Господ се обиде да го убие Мојсеј на патот кон Египет?
Затоа што тој не го обреза својот син.
 
Библијата сведочи за тајната на спасението. Дали е тоа само крвта на Исус? Тоа е преку Неговата крв и Неговото крштевање заедно. Апостолот Павле често зборуваше за ова во Римјаните глава 6 и повторно во многу други посланија.
Ајде да прочитаме во Римјаните 6:3-8. „Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот, зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него.“ (МК Библија 1999 год.)
Ајде да погледнеме на петтиот стих. Вели: „Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.“
Неговата смрт беше наша смрт затоа што сите наши гревови беа положени на/врз Него преку Неговото крштевање. Така крштевањето на Исус ја врзува Неговата крв на Крстот со нас.
Нашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв ни дозволува нас да се соединиме со Исус. „смртта е плата за грев “ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.). Тој беше крстен за да ги земе сите наши гревови врз Себе си. Да се верува во оваа вистина е да се соедините со Исус Христос, нашиот Спасител.
 
 
НИЕ НЕ ТРЕБА ДА ВЕРУВАМЕ ВО ИСУС КАКО РЕЛИГИОЗЕН НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ
 
Што се подразбира со: „Тој е верен и праведен?“
Тоа значи дека Исус ги очисти нашите гревови еднаш засекогаш и го спасува секој еден кој верува во вистината.
 
Многу луѓе веруваат во Исус како религиозен начин на живот, така тие одат в црква и со солзи ги откорнуваат нивните очи молејќи и покајувајќи се. Тие ги исповедаат нивните гревови и бараат секој ден опростение. Тие вака се молат: „Исусе, јас знам и верувам дека Ти умре на Крстот за мене. Да, јас верувам.“
Очигледно е дека тие погрешно ја сфатиле следната строфа. „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не исчисти од секаква неправедност“ (1 Јован 1:9, МК Библија 1990 год.). Тие тврдат дека тие треба секој ден да бидат опростени за нивните гревови преку исповедањето на нив. Но гревот во погорната строфа не се однесува на секојдневните незначајни престапи. Што оваа строфа значи е дека ние сме опростени за нашите гревови еднаш засекогаш кога ние исповедаме дека ние не сме биле спасени.
„И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо“ (Римјаните 10:17, МК Библија 1990 год.). „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.).
Драги Христијани, вистината е јасна. Ако вие верувате дека Исус умре на Крстот без да ги земе сите наши гревови преку Неговото крштевање кај Јордан, вашата вера е залудна. Ако некој Христијанин сака да биде спасен од сите негови гревови, тој/таа мора да верува дека сите нивни гревови еднаш засекогаш беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање кај реката Јордан и дека Тој го прими осудението за сите наши гревови на Крстот. Со други зборови, ние треба да веруваме во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв.
„Ниту има друго име под небото дадено на луѓето, преку кое мора да бидеме спасени.“ (Дела Ап. 4:12, МК Библија 1999 год.). Исус Христос ги зеде сите наши гревови преку Неговото крштевање и постана наш Спасител. Исус дојде преку водата и крвта за да не спаси нас од вечното проклетство. „Бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение“ (Римјаните 10:10, МК Библија 1990 год.). Дали сте вие праведна или грешна особа?
Галатјаните 3:27 вели: „Бидејќи сите кои се крстивте во Христос, се облековте со Христос.“ (МК Библија 1999 год.) Овие стихови велат дека Исус беше распнат после земањето на сите гревови на светот преку Неговото крштевање. Тој беше воскреснат од смртта на третиот ден и сега седи од десната рака на Бога. Тој постана Господ на Спасението за сите оние кои што веруваат во Него.
Ако Исус не беше крстен, ако Тој не искрвари на Крстот за нас, Тој не ќе постанеше нашиот Спасител. Ние можеме да бидеме спасени само кога ние веруваме во евангелието на водата и Духот.
 
 
ДУРИ И СИНОТ НА МОЈСЕЈ
 
Зошто Господ се обиде да го убие Мојсеј на патот кон Египет?
Затоа што тој не го обреза својот син.
 
Драги и почитувани, вие ја слушате тајната на искупението на сите наши гревови преку водата и крвта на Исус. Прекрасен благослов е да сме способни да ги слушаме овие зборови Божји.
Дали е само крвта на Исус Христос? Во времето на Стариот Тестамент, луѓето постануваа потомци на Аврама преку обрезанието и крвта од Пасхалното јагне. Сега ние постануваме чеда Божји преку верувањето во крштевањето на Исус Христос и Неговата крв. Бог ни го покажа нас доказот за ова во Стариот Тестамент преку Мојсеј.
За да ги спаси луѓето на Израел, Бог зборуваше со Мојсеј и му рече него да го изнесе Неговиот народ од Египет. Така Мојсеј, со дозвола од неговиот дедо Јотор, замина од земјата Мидијам и тргна за Египет со неговата жена и синови. Кога тој ја стави неговата фамилија на ослето, Господ го посети во неговиот логор и се нафрли да го убие.
Но неговата жена Сепфора ја знаеше причината за ова. Таа зеде едно остро камче и го отсече краекожието на сина си и го фрли на нозете од Мојсеј и рече: „Навистина ти си ми крвав маж.“ Така Бог го пушти да оди.
Ова беше Негов начин на кој Он вели дека ќе го убие секој еден, дури и синот Мојсејев, ако тој не беше обрезан. За луѓето на Израел, обрезанието беше знак на заветот Божји. Тие знаеја дека Бог навистина отстранува секој еден од Неговиот народ, дури и синовите на водачите, ако тие останеа необрезани. Заради тоа, за да го избегне отстранувањето на неговиот син (мојсевиот), Господ на тој начин го предупреди Мојсеј.
Библијата вели дека причината зошто Сепфора го отсече краекожието на сина си и тоа го фрли врз нозете на Мојсеј велејќи: „Навистина ти си ми крвав маж“, беше за да ја огласи Божјата наредба за обрезанието (Излез 4:26, МК Библија 1999 год.).
Секој еден кој не беше обрезан меѓу Израелците требаше да биде отстранет од својот народ. Само на оние кои што беа обрезани им беше дозволено да го јадат месото на Пасхата и да и се придружат на службата како луѓе Божји.
Апостолот Павле беше Евреин. Тој беше обрезан 8 дена после раѓањето, учеше под водство на Големиот учител Гамалил, и навистина сфати зошто Исус беше крстен кај реката Јордан и зошто Тој требаше да биде распнат. Така апостолот Павле исто така напиша за евангелието на Исус во сите негови посланија.
Апостолот Павле исто така често зборуваше за крвта на Исус како завршението на нашето спасение. Крвта беше само последниот чекор од Неговото искупение додека вистинското духовно обрезание беше крштевањето на Исус. Нема полза од истакнувањето на крвта на Исус без Неговото крштевање.
Апостолот Павле често и директно зборуваше за Крстот на Исус. Зошто? Затоа што тоа е крајниот доказ на нашето спасение. Ако Исус ги зел сите гревови на светот врз Себе си но не успееше да искрвари на Крстот за да ја прими осудата за нас, ние немаше целосно да бидеме спасени. Ова е зошто Апостолот Павле зборуваше толку често за Крстот. Крстот е последниот чекор на нашето спасение.
Ако вистината на спасението беше предадена на оваа генерација без изобличување, сега ќе имаше многу луѓе без грев. Но нажалост, вистината беше изгубена за некое време и така многу луѓе знаат само за Крстот без сфаќањето на вистинското значење на Неговото крштевање.
Затоа што тие имаат вера во само празната школка на евангелието, тие ќе останат грешници без разлика на тоа колку многу години тие верно веруваат во Исус. После 10 години тие сеуште ќе бидат грешници, дури и после 50 години на религиозен живот.
 
 
МОЕТО СВЕДОШТВО
 
Дали Господ ги смета грешниците за праведни?
Не. Тој е праведен. Праведните се оние кои што се слободни од грев, имајќи ги положено сите нивни гревови на/врз Исус преку Неговото крштевање.
 
Јас почнав да верувам во Исус кога имав 20 години. Пред тоа време, јас немав поим за тоа колку грев јас сум извршил во мојот живот затоа што јас не го знаев законот Божји. Јас си живеев по моето дури и без знаење за Бога до тоа време.
Тогаш јас се разболев. Јас бев толку болен што јас помислив дека ќе умрам. Така јас решив дека најмалку од се треба да бидам избавен од сите мои гревови пред да умрам. Затоа што имав слушнато дека Исус умрел за грешници како мене, јас решив да верувам во Него. Во почетокот, јас бев полн со радост и благодарност.
Но ваквото чувство со тек на времето почна да избледува. После неколку години, јас не можев друго освен да извршувам нови гревови секој ден поново. Јас постанав повторно и повторно грешник. После 10 години, јас бев грешник, всушност полош грешник од порано. Јас цели 10 години верував во Исус и фактот дека бев грешник никогаш не се промена. Јас бев обете: верник и грешник.
Дури и покрај тоа што јас вака пеев: „♪Плачењето нема да ме спаси! И покрај што лицето мие е покриено со солзи, тоа не ги одзеде моите стравотии, не можеше да ме очисти од гревот на моите години! Плачењето нема да ме спаси!♪“ јас плачев секогаш кога ќе погрешев.
„Драги Боже, те молам прости ми за овој еден грев. Опрости ми го ова еднаш, и јас нема да погрешам повторно.“ Откако јас ќе погрешев, јас обично се молев три дена. Јас се заклучував во мојата крајна соба и се молев додека и постев цели три дена. Затоа што мојата совест беше толку оптоварена, јас плачев и го прашував Божјото опростение. На третиот ден јас ќе се чувствував подобро и мислев дека ќе бидам повторно примен во Неговата присутност.
„Повторно јас ги очистив моите гревови. Алелуја!“ Така јас ќе излезев од собата и ќе живеев усрдно за некое време. Но наскоро јас повторно погрешив и мојата очаеност растеше. Јас обично го повторував овој смуртен процес повеќе пати и повторно и повторно. Јас се чувствував во почетокот толку добро што верував во Исус, но колку подолго верував толку почесто моите гревови излегуваа исто како и правот во неискористена соба.
После 10 години, јас постанав полош грешник откако на почетокот. „Зошто јас толку рано во мојот живот поверував во Исус? Полесно ќе ми беше да чекав се додека сум 80 години стар и тогаш да верував во Исус, пред да умрам. Тогаш, немаше да бидам свесен за гревот и не ќе требаше да се покајувам секој ден.“ Јас мислев дека јас требаше да живеам во согласност со Божјата Волја, но тоа беше невозможно. Јас се чувствував како да полудував.
Јас почнав да барам и да го барам Бога. Јас потрошив многу време учејќи теологија но после малку години, моето срце постана дури и повеќе неродно. Пред да почнам да читам книги на религиозните теории, јас обично велев дека јас сакам да живеам како Свети Дамјан, никогаш да не спијам комфортно во топол кревет. Јас си ветив себе си дека нема да се предадам на задоволство, освен на моето целосно посветување за сиромашните.
Како што читав за животот на овој Светец, јас си ветив да живеам како него. Јас се обидов да си направам аскетичен живот за себе си. Јас обично коленичев на бетонски под и со часови се молев. Тогаш, јас ќе се чувствував како да моите молитви да имаа повеќе значење и после тоа се чувствував подобро за себе си.
Но после 10 години на ова, јас не можев повеќе да го издржам ова. Така јас му се молев на Бога. „Драги Боже на небесата, те молам спаси ме. Јас верувам во Тебе со целото мое срце. Јас знам дека јас нема да ја сменам мојата посветеност за Вас дури и некој да ми стави нож под грло. Но и покрај она што верувам во Тебе со целото мое срце, зошто јас чувствувам празнина во внатрешноста? Зошто сум толку вознемирен? Зошто постанав полош грешник од кога и да е? Јас никогаш не размислував за гревот пред тоа. Јас стигнав да верувам во Тебе и сега се чудам зошто јас постанав толку полош откако верувам во Тебе со години. Што се случува со мене?
Тогаш јас ја научив причината. Јас верував во Бога пред да сум бил спасен од моите гревови. Во тоа време јас не ја знаев вистината, и тоа беше доволно нешто за да ме доведе до лудило.
Со грев во моето срце, како можев јас да им кажувам на други за искупението на Божјата милост? Како можев да им кажам на други дека јас верував во Исус? Јас повторно се молев. „Драги Боже, јас скоро ќе го завршам овој семинар и ќе бидам одреден за служител. Но ако постанам служител со грев, како ќе имам јас способност да им кажувам на грешниците за искупението? Јас самиот сум грешник и кога ги прочитав посланијата на апостолот Павле, најдов дека ако некој го нема Духот Христов, тој не е Божјо чедо. Без разлика колку верно јас барав, Духот не е во мене. Јас се чувствував како да беше во мене во почетокот, но некако исчезна. Што се случи? Те молам Господи кажи ми зошто.“
Фактички, причината за ова беше што јас самиот се мамев себе си со мислењето дека само со едноставното верувањето во Исус јас бев искупен. Јас долго време очајував.
Бог вети дека ќе им се открие на оние кои што со копнеж го бараат Него. На крај Тој ме сретна во Неговата вистина. Јас сеуште бев грешник за цели 10 години откако јас за прв пат почнав да верувам во Исус, но кога јас ја научив вистината на тајната на крштевањето на Исус и Неговата крв, кога јас го открив значењето на обрезанието во Стариот Тестамент и духовното обрезание во Новиот Тестамент, кога јас сфатив и верував во тајната на спасението преку крштевањето на Христа, им дојде крајот на сите мои страдања. Мојата душа постана бела како снег.
Тоа ќе биде исто вака и за вас. Ако вие верувате во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв, вие исто така ќе постанете без грев. Вие можете сеуште да бидете нецелосни, но вие ќе бидете праведни. Кога вие ќе ја земете вистината во вашето срце и им ја кажете и на други, тие исто така ќе бидат спасени и ќе го прославуваат Бога, извикувајќи „Алелуја!“
Јас сакам да им честитам на сите браќа и сестри кои што се избавени. Јас го славам Исус за тоа што не спаси од сите наши гревови. Алелуја! Ние сме среќно искупени од сите наши гревови.
Тоа е толку голем благослов да ние сме способни да ја искажеме сета наша радост со само зборови. Ајде да пееме песна заедно. „♪Неговото име постана тајна, но сеуште не сме ја изјавиле тајната на сето создание. Тој беше исфрлен како камењата кои што ѕидарите ги фрлаат, но Неговото име стана скапоцен камен во моето срце♪“
 
 
КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ НА КРСТОТ Е ДОВОЛНО ЗА ДА ГИ СПАСИ СИТЕ ГРЕШНИЦИ ОД НИВНИТЕ ГРЕВОВИ
 
Што ги отстранува нашите гревови од нашето срце?
Крштевањето на Исус.
 
Исус Христос ги очисти сите гревови на светот преку Неговото крштевање и крвта. Тој духовно не обреза нас и не направи Негов народ. Тој е Бог на поново родените.
Секогаш има осуда за грев. Но Исус беше крстен и осуден на Крстот за да не спаси нас. Со Неговата крв, Тој не спаси нас сите и Тој беше воскреснат на третиот ден. Тоа беше Бог Отецот кој Го воскресна Исус од смртта.
Животот на Исус е знак на нашето постоење како чеда Божји. Неговото крштевање ги одзеде сите гревови наши и скапоцената крв на Исус на Крстот е доказот дека Тој го сноси осудението на нашето место.
Драги пријатели, дали вие го имате овој доказ на крштевањето на Исус и Неговата крв во вашите срца? Јас повторно ве прашувам. Дали нашето спасение дојде само преку крвта на Исус? Не. Спасението доаѓа преку крштевањето на Исус и Неговата крв заедно.
 
 
КОЈ Е ЕРЕТИК?
 
Кој е еретик?
Оној кој се осудува себеси со неуспехот да верува во крштевањето на Исус.
 
Драги пријатели, дали сте сеуште грешник и покрај тоа што ја исповедате вашата вера во Исус секој ден од вашиот живот? Ако вие сте грешник покрај тоа што верувате во Исус, тогаш вие сте еретик. Ересот е неверување во Божјата вистина. Тит 3:10 зборува за ересот велејќи: „Бегај од човек еретик, откако еднаш или вторпат го советуваш, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси.“ (МК Библија 1990 год.)
Само- осудената особа вели: „Драги Боже! Јас сум грешник. Јас верувам во Тебе, но јас сеуште сум грешник и јас знам дека ова е вистина.“
Бог и вели на оваа особа: „Дали сеуште си грешник и не си чедо Мое? Тогаш ти си еретик, и ти ќе бидеш исфрлен во пеколскиот оган.“
Ако вие верувате во Исус без да верувате во евангелието на крштевањето на Исус во вашето срце, ако вие се само- осудувате како грешник признавате кон Бога дека вашиот дух е со грев, тогаш вие сте еретик пред Бога.
 
 
КОИ СЕ ПРАВИЛНИТЕ ВЕРНИЦИ?
 
Кое е Божјото сведоштво за спасението?
Водата, крвта и Духот.
 
Сите оние кои што веруваат во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв, се оние кои постанале Божји луѓе, и сите оние кои што ги очистија сите свои гревови се праведните. Како можете сеуште да бидете грешник додека верувате во Исус? Грешникот не може да влезе во царството Божјо.
Оние кои што постанале праведни со верувањето во Исус го имаат сведоштвото Божјо во нивните срца. Сведоштвото е крштевањето на Исус и Неговата крв. Ова дело на спасението е она што Исус го направи на овој свет.
Заради тоа секој еден кој одбива да верува во евангелието на крштевањето преку кое што Исус ги зеде сите наши гревови ќе биде отстранет од Бога.
Драги браќа и сестри во вистината, дали вие го прифаќате во вашите срца евангелието кое е за спасението на грешниците не е само со крвта на Исус, но исто така и со водата која што е крштевањето на Исус?
Секој еден кој верува во делата кои што Исус ги направи на овој свет, и секој еден кој што ја прифаќа водата, крвта и Духот ќе биде спасен од сите гревови. Ова е вистината на мудроста на евангелието на водата, крвта и Духот.
Исус целосно не очисти од сите гревови преку Неговото крштевање за да целото човештво може да биде спасено преку Него. Сега, ако вие навистина верувате во Исус, не постои можност да вие бидете грешник.
Исус не воскресна нас од смртта. Тој ги спаси сите души кои што беа заталкани и оддалечени од Бога кон измамата на ѓаволот. Исус сакаше да ги најде сите загубени души. Бог работи преку Исус со евангелието на водата, крвта и Духот. Тој не повика нас и сега ние можеме да бидеме избавени и спасени преку Него.
Дали верувате? Јас ви кажувам дека спасението не е само преку Неговата крв на Крстот. Оние кои што велат дека тие се спасени само преку крвта мораат да познаат дека тие сеуште имаат грев во нивните срца.
Ние сите мислевме дека доволно беше за нашето спасение да само веруваме во крвта на Исус. Ние вака мислевме порано, но сега ние треба да сфатиме дека тоа не е доволно. Ние сме спасени и поново родени преку верувањето во Исус Христос, кој дојде преку водата, крвта и Духот.

Секој грешник може да биде поново роден преку вера во крштевањето на Исус и Неговата крв (1 Јован 5:5-10). Ајде да го прославуваме Бога. Алелуја!