(Евреите 7:1-28)
„Оти тој Мелхиседек беше цар Салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраама, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови, кому и Аврам му даде десеток од се, и кој по значењето на името негово и прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот, без татко, без мајка, без род, немаше ни почекот на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е уподобен на Синот Божји, и останува вечен свештеник. Гледате ли колку е голем оној, кому патријархот Аврам му даде десеток од најдобриот плен! Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови. Но тој, кој не му припаѓаше на нашиот род, зеде десеток од Аврама и го благослови оној, што имаше ветувања. Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот. И така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму - Оној, за Кого има сведоштво, дека е жив. И, така да речам, Левиј, кој прими десетоци, и сам даде десеток преку Аврама, бидејќи уште беше во бедрата на татка си, кога го сретна Мелхиседек. Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитско свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседека, и да се нарече по чинот на Арона? Оти, кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот. А Оној, за Кого се зборува ова, се вбројуваше во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот; зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол. И уште појасно станува тоа, кога се воздига слично на Мелхиседека друг свештеник, кој станал таков не по силата на телесна заповед, туку по силата на вечниот живот. Оти се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседека.“ А, пак, одменувањето на поранешната заповед се врши поради тоа, што таа беше слаба и бесполезна, оти Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра надеж, преку која се приближуваме до Бога. И тоа не без клетва. Оти оние беа станале свештеници без клетва, а Он - со клетва, преку Оној, Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: Ти се вечен свештеник по чинот Мелхиседеков“. Затоа на толку подобар Завет стана закол Исус. А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден; а Он, бидејќи Сам, пребива вечно, има свештенство што нема да мине на друг. Затоа Он и може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив. Таков Првосвешник и ни требаше: свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците и повисок од небесата, Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Он го изврши тоа еднаш за секогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва. Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе, што се немоќни; а словото на клетвата што е по Законот - Синот, Кој е вечно совршен.“ (МК Библија 1990 год.)
ИСУС ГО СЛУЖЕШЕ НЕБЕСНОТО СВЕШТЕНСТВО
Кој е началник: високо свештеникот Мелхиседек или земскиот високо свештеник од редот Аронов?
Високо свештеникот Мелхиседек.
Во Стариот Тестамент имаше високо свештеник наречен Мелхиседек. Во времето на Авраам, Ходологомор и царевите направија сојуз и го зедоа сито благо од Содом и Гомора и сета нивна храна и си заминаа. Авраам ги вооружи неговите обучени слуги, кои што беа родени во неговиот дом, и ги водеше нив во војна.
Таму тој го победи Ходолгомор, еламскиот цар и нивните сојузници и го врати својот внук Лот и целото негово имање. Откако Авраам се врати од победувањето на неговите непријатели, Мелхиседек, Царот на Салим и високо свештеник на Севишниот Бог, изведе леб и вино и го благослови Авраама. И Авраам му даде десеток од се (Битие глава 14).
Во Библијата, величината на високосвештеникот Мелхиседек и високо свештениците по неговиот ред се во детаљ прикажани. Високо свештеникот Мелхиседек беше „цар на мирот“, „цар на правда,“ без мајка, без татко, без генеалогија (родослов) . Немајќи нити почеток од денови нити крај на живот, но создаден како Синот Божји, тој останува свештеник за вечност.
Библијата ни кажува нас да внимателно во предвид го земеме Величеството на Исус Христос, кој што беше високо свештеник од редот Мелхиседеков, со споредувањето на свештенството на Исус од Новиот Тестамент и тоа на првосвештеникот Арон од Стариот Тестамент.
Потомците на Леви постанаа свештеници и ги собираа десетоците од луѓето, тоа е, од нивните браќа, дури и покрај тоа што тие беа потомци на Авраам. Но кога Авраам му даде десеток на високо свештеникот Мелхиседек, Леви сеуште беше во бедрата на татко му.
Дали свештениците од Стариот Тестамент беа поголеми од Исус? Објаснето е во Библијата. Дали е Исус поголем од земскиот високо свештеник? Кој од кого треба да биде благословен? Писателот на Посланието до Евреите пишува за ова од самиот почеток на посланието. „Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот.“ Авраам беше благословен од високо свештеникот Мелхиседек.
Како да живееме ние во нашата вера? Дали ќе се поткрепиме врз заповедите Божји преку жртвениот систем на светиот шатор од Стариот Тестамент, или треба да се поткрепиме врз Исус кој дојде кај нас како небесниот високо свештеник преку Неговата жртва на водата и Духот?
Зависно од тоа кое ние ќе го избереме, ние сме или благословени или проколнати. Дали живееме во согласност со словото Божјо и принесуваме жртви секој ден, или дали избираме да веруваме во спасението кое што Исус ни го даде нас со Неговото жртвување за нас сите со водата и крвта? Ние треба едно од овие две да избереме.
Во деновите на Стариот Тестамент, луѓето на Израел се угледуваа кон потомците на Арон и Леви. Во тие денови. Во деновите на Новиот Тестамент, ако ние бевме прашани кој е поголем, Исус или свештениците од редот на Арон, тогаш без прашање ние можеме да одговориме дека Исус е поголем. Но додека многу луѓе јасно го знаат овој факт, малку се оние кои што го следат во нивната вера.
Библијата ни дава нас дефинитивен одговор на ова прашање. Тоа ни кажува дека Исус, кој беше од друг род од кои што никогаш ниеден не го служел алтарот, го презеде небесното свештенство. „Оти, кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот.“
Бог преку Мојсеј им ги даде на луѓето на Израел заповедите и 613 деталирани членови на Законот. Мојсеј им кажа на луѓето да живеат според Законот и заповедите и луѓето се согласија со тоа.
Зошто Бог го стави настрана првиот Завет и го основа вториот?
Затоа што луѓето беа премногу слаби за да живеат според првиот Завет.
Во Библијата, луѓето на Израел зедоа заклетва да живеат според заповедите Божји во Петокнижието: Битие, Излез, Левит, Броеви и Второзаконие. Бог нив им ја изјави секоја една заповед и тие рекоа: „Да“ без двоумење, на секоја заповед.
Меѓутоа, ние можеме да видиме дека после Второзаконие, од Исус Навин натаму, тие никогаш не живееја според заповедите Божји. И од Судии натаму се до Прва книга Цареви и Втора Цареви, тие почнаа да се сомневаат во нивните водичи, и после тоа, тие толку западнаа што и го изменија жртвениот систем на светиот шатор.
И конечно во Малахија, тие принесоа жртви недостојни да бидат жртвувани без разлика на Божјата наредба да се жртвува само животно без никаков недостаток. Тие ги вака замолуваа свештениците: „Те молам погледни преку прсти. Те молам прими го ова.“ На место од жртвување на жртви според законот Божји тие тоа доброволно го променија.
Луѓето на Израел во времето на Стариот Тестамент нити еднаш целосно не го држеа законот Божји. Тие заборавија и едноставно го негираа спасението откриено во системот. Затоа Бог мораше да го промени жртвениот систем. Во Еремија, Бог вели: „Ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом.“
Ајде да погледнеме кај Еремија 31:31-34. „Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет. Не онаков завет, каков што склучив со предците нивни во денот , кога ги фатив за раце, за да ги изведам од египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ. Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „Познајте Го Господа“, зошто сите тие, од мал до голем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам.“ (МК Библија 2009 год.).
Бог рече дека Тој ќе направи нов завет. Тој веќе имаше направено завет со луѓето на Израел, но тие не успеаја да живеат според словото Божјо. Така, Тој одлучи да направи нов завет на спасението со Неговиот народ.
Тие зедоа заклетва пред Бога: „Ние ќе те славиме само Тебе и ќе живееме според Твоето Слово и заповедите.“ Бог веќе им беше рекол: „Покрај Мене нема да имате други богови,“ и луѓето на Израел беа рекле: „Сигурно, ние никогаш нема да им служиме на некој друг бог.“ Ти си единствениот Бог наш. Не може да има друг бог за нас.“ Но тие не успеаја да ја чуваат оваа заклетва.
Сржта на законот ги содржи Десетте заповеди: „ Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. Не ќе си правиш врежан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, Не ќе убиваш! Не ќе прељубодејствуваш! Не ќе крадеш! Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен! Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен!“ (Излез глава 20).
Законот е исто така поопределен во 613 образложени членови кои што беа за да тие ги чуваат нив по целиот нивен живот. „Што да правите и што да не правите ќерки, и што да правите и што да не правите синови, што да правите и што да не правите маќеи....“ Законот Божји им заповеда нив да прават добри дела и да не прават ниедно зло дело. Ова се Десетте Заповеди и 613 образложени членови.
Меѓутоа ,измеѓу луѓето не беше ниту еден кој можеше да ги чува сите членови на Неговиот Закон. Заради тоа Бог требаше да утврди друг начин за нив да бидат спасени од сите нивни гревови.
Кога се промена свештенството? Откако Исус дојде на овој свет, свештенството се промена. Исус го презеде свештенството од сите свештеници на редот Аронов. Тој ја стави настрана жртвата на шаторите која што беше наследно право на свештениците од редот на Леви. Тој самиот го служеше високо свештенството.
Тој дојде на овој свет, не како потомок на Арон, но како потомок на Јуда, домот на царевите. Тој се жртвува себе си како жртва преку Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот и ги спаси луѓето од нивните гревови.
Со жртвувањето на Себе си, Тој го направи можно за нас да го решиме проблемот на гревот. Тој ги очисти сите гревови на човештвото преку жртвата на Неговото крштевање и крвта. Тој жртвува за сето време една вечна жртва за грев.
ЗАЕДНО СО ПРМЕНАТА НА СВЕШТЕНСТВОТО БЕШЕ ИСТО И ПРОМЕНА НА ЗАКОНОТ
Кој е променатиот закон на спасението?
Едната вечна жртва од Исус.
Драги другари, свештенството од Стариот Тестамент беше променато во Новиот Тестамент. Во деновите на Стариот Тестамент, високо свештеникот од помеѓу потомците на Арон од домот на Леви, ја принесуваше жртвата за да умилостиви за гревовите на Израелците од изминатата година. Првосвештеникот влезе во Најсветото место(Светилиштето). Тој отиде пред капакот на милоста со крвта од жртвата. Само високо свештеникот можеше да оди позади завесата, каде што беше Светилиштето.
Но после доаѓањето на Исус, свештенството Ароново беше положено на/врз Него. Исус го презеде вечното свештенство. И Тој го служеше вечното свештенство со жртвувањето на Себе си, за да човештвото може да биде спасено од сите нивни гревови.
Во Стариот Тестамент, првосвештеникот исто така требаше да умилостиви за своите гревови со полагањето на своите раце на главата на јунецот, пред да тој можеше да служи за луѓето. Тој ги положи неговите гревови со рацеполагање велејќи: „Боже, јас погрешив.“ Тогаш тој го закла животното и со крвта седум пати го попрска жртвеникот (од предната страна и на него).
Ако високо свештеникот Арон самиот не беше целосен, тогаш вие можете да сфатите какви беа луѓето. Синот на Леви, високо свештеникот Арон самиот беше грешник, така да тој мораше да жртвува јунец за да умилостиви за неговите гревови и тие од неговата фамилија.
Господ рече во Еремија глава 31: „Јас ќе го прекинам заветот. Јас го направив заветот со тебе, но ти не го чуваше. Заради тоа јас настрана ќе го ставам заветот кој што не можеше тебе да те задоволи и ќе дадам нов завет на спасение. Јас нема повеќе тебе да те спасувам според Моите заповеди, но наспротив Јас ти понудувам спасение преку евангелието на водата и Духот.“
Бог ни го даде нас новиот завет. Кога дојде времето, Исус дојде на овој свет во обличие на човек, се жртвува Себе си за да ги земе гревовите на светот и искрвари на Крстот за да не спаси нас кои што веруваме во Него. Тој ги зеде гревовите на целото човештво преку Неговото крштевање.
Законот Божји беше настрана ставен и заменат. Луѓето на Израел можеа да бидат спасени ако тие живееја според законот Божји, но тие не успеаја да го прават тоа. „Зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот“ (Римјаните 3:20, МК Библија 1999 год.).
Бог сакаше да Израелците сфатат дека тие се грешници и дека Законот не може да ги спаси. Тој ги спаси нив според законот на спасението на водата и Духот, не преку нивните дела. Во Неговата бескрајна љубов, Бог ни даде нас нов завет со кој што ние можеме да бидеме спасени од сите гревови на светот преку крштевањето и крвта на Исус.
Ако вие верувате во Исус без да го знаете значењето на Неговото крштевање и крвта, вашата вера е залудна. Кога вие го правите тоа, вие сте повеќе вознемирени откако кога вие воопшто не верувате во Исус.
Бог рече дека Тој мораше да направи нов завет за да го спаси човештвото од нивните гревови. Како резултат, сега ние сме спасени не преку законот на нашите дела, но преку праведниот закон на спасението преку водата и крвта.
Тој ни го вери тоа и го исполна Своето верување за нас кои што веруваме во Исус. И Тој ни кажа нас за величественоста на Исус. Тој ни кажа колку величествен е Тој со неговото споредување со свештениците од редот Аронов во Стариот Тестамент.
Ние постануваме посебни со верувањето во спасението преку водата и крвта на Исус. Размислете за тоа. Без разлика колку научен и добар говорник е вашиот пастир, како може тој да биде поголем од Исус? Нема шанса. Ние можеме да бидеме спасени само преку евангелието на водата и крвта, никогаш со едноставната послушност на заповедите Божји. Затоа што свештенството беше променато, законот на спасението беше исто така променат.
СУПЕРИОРНОСТА НА ЉУБОВТА БОЖЈА
Кое е поглавно: љубовта Божја или законот Божји?
Љубовта Божја
Ние можеме да бидеме спасени само кога ние веруваме во Исус. Знаејќи како Исус не спаси нас, колку голема е љубовта Божја за нас. Тогаш која е разликата помеѓу верата во заповедите и верата во величественоста на љубовта Божја?
Легалците ставаат поголема значајност на нивната вероисповедувачна доктрина и лични искуства отколку на Божјото слово. Додека духовна вера во Исус е да се верува во величественоста на спасението исполнето преку водата и Духот.
Дури и денес, многу луѓе велат дека оригиналниот грев е опростен, дека тие треба да се покајуваат секој ден за нивните дневни гревови. Многу луѓе веруваат во ова и се обидуваат да го живеат својот живот според заповедите од Стариот Теста- мент. Тие сеуште не се свесни за супериорноста на спасението од Исус кое што дојде преку водата и Духот.
Во Стариот Тестамент, Израелците требаа да живеат според законот Божји за да бидат спасени од нивните гревови, но тие не можеа да бидат спасени. Затоа што Господ ја знае нашата слабост и нецелости, Тој ги стави настрана Неговите заповеди. Ние никогаш не можеме да бидеме спасени преку нашите дела. Исус рече дека Тој ќе не спаси нас преку Неговото евангелие на водата и Духот. Тој рече: „Јас Самиот ќе ве избавам сите вас од вашите гревови.“ Бог го прорече ова во Битие.
„Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата“ (Битие 3:15, МК Библија 1999 год.). Откако Адам и Ева погрешија и паднаа, тие си направија облекло од смоквини лисја во надеж да ја сокријат нивната грешност пред Бога. Но Бог ги повика нив и им направи облекла од кожа како симбол на спасението. Битие ни зборува за два видови на спасение. Едниот беше направен од смоквини лисја, а другиот вид беше направен од кожи. Кој од овие мислите дека е подобар? Наравно, облеклото од кожи е подобро затоа што животот на животно беше жртвуван за да го заштити човекот.
Облеклото од смоквини лисја набрзо се исушуваше. Како што знаете, смоквиниот лист има изглед на рака со пет прсти. Така, да ставиш облекло до смоквини лисја има за значење да се сокрие гревот на некого позади добрите дела. Ако вие облечете облекло од смоквини лисја и седнете, лисјата наскоро ќе се разделат на делчиња. Јас порано кога бев дете правев оклоп од лисја од дебелика за да играм војник. Но без разлика колку внимателно ги врзував едно со друго, тие ќе се распарчеа до крајот на денот. На истиот начин, човечкото крто месо го прави осветението невозможно.
Но спасението со водата и крвта, крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот спаси многу од повеќе грешници за да сведочат за величеството на љубовта Божја. Тоа е колку посупериорна е љубовта Божја од законот Божји.
ОНИЕ КОИ ШТО СЕУШТЕ ИМААТ ВЕРА ВО ЗАКОНОТ БОЖЈИ
Зошто легалистите секој ден прават нови облекла со нивните дела?
Затоа што тие не знаат дека нивните дела не можат да ги направат нив праведни.
Оние кои што ги прават нивните облекла од смоквини лисја живеат легалистички живот. Овие заведени верници треба да го променат нивното облекло во регуларната основа. Тие треба да секоја Недела кога одат в црква да прават ново облекло. „Драги Господи, јас толку многу погрешив поминатата недела. Но Господи, јас верувам дека Ти ме спаси на Крстот. Господи, те молам очисти ги моите гревови со крвта на Крстот!“ Вака и на ова место тие сошиваат нов комплет на облекло. „Славете го Господа. Алелуја!“
Но штом наскоро се вратат дома си тие мораат повторно нов комплет да сошијат. Зошто? Затоа што стариот се исушил. „Драги Господи, јас повторно погрешив последниве три дена. Те молам Господи прости ми.“ Тие повторно прават и носат секој ден нови облекла на покаение.
Во почетокот, облеклата може да траат неколку дена, но после некое време нив им треба по еден комплет дневно. Како што тие никогаш не можат да живеат според законот Божји, тие се срамуваат од себе си. „Ах, ова е толку срамно. Господи, ах, Господи, јас погрешив!“ И тие треба повторно да направат ново облекло од смоквини лисја. „Ах, Господи толку е тешко денес да правам облекло од смоквини лисја.“ Тие толку напорно работат за да сошијат ново облекло.
Кога и да ваков човек го повика Бога, тоа е само за да ги исповеда гревовите. Тие ги гризат нивните усни и го повикуваат Господа, „Бо~же!“ и продолжуваат секој ден да прават нови облекла. Тогаш, што се случува кога тие ќе се уморат од тоа?
Еднаш или два пати годишно, тие одат во планините и постат. Тие се обидуваат и прават супер јаки облекла. „Господи, те молам очисти ги моите гревови. Те молам направиме нов. Јас верувам во тебе Господи.“ Тие размислуваат да подобро е да се молат навечер. Така тие се одмараат преку целиот ден и штом ноќта ќе падне, тие се обесуваат на дрвјата со целата нивна сила, или одат во темни пештери и извикуваат кон Бога: “Господи, јас верувам! „♪Јас се покајувам и го исполнувам моето срце со скрушена мисла♪“ Тие се молат гласно и викаат: „Јас верувам.“ На ваков начин тие прават облекла за кои што тие се надеваат дека ќе траат долго време, но тие никогаш не траат долго.
Ох, колку освежително е да се вратиш долу после планинските молитви! Како освежително ветре, или како раниот дожд кој ги надождува дрвјата и цветовите, нивните души се исполнети со мирот и милоста на Сесилниот. Осеќавајќи се почист од самиот дух на планината, тие се соочуваат со светот носејќи ги нивните посебни облекла.
Но наскоро како што тие се враќаат кон нивните домови и црква и почнуваат поново да живеат, облеклата стануваат валкани и почнуваат да овенуваат.
Нивните другари ги прашуваат: „Каде беше?“
„Па, јас бев излезен за некое време.“
„Изгледаш како да си ослабел!“
„Па, да, ама тоа е друга приказна.“
Тие никогаш не откриваат дека постеле, тие само одат в црква и се молат. „Јас нема никогаш да посакувам жена. Јас нема никогаш да лажам. Јас нема никогаш да го посакувам домот на мојот ближен. Јас ќе ги сакам сите луѓе.“
Но на моментот кога ќе видат прекрасно грудна -жена со тенки нозе, светоста во нивното срце се веднаш променува во листа похот. „Погледни колку куса таа маица е! Маиците постануваат се пократки и пократки! Јас пак ги видов тие нозе! Ох! Не! Ах, Господи! Јас повторно погрешив!“
Легалистите изгледаат благочестиви, но вие треба да знаете дека тие треба да прават нови облекла секој еден ден. Легализмот е вера во облекло од смоквини лисја, погрешна вера. Многу луѓе напорно се обидуваат да благочестиво живеат според законот Божји. Тие викаат од дното на нивните дробови во планините со целиот нивен глас за да нивниот глас особено благочестив почнува да звучи.
Легалистите се многу импресивни кога тие в црква ја водат службата. „Свети Оче на Небесата! Ние погрешивме поминатата недела. Те молам прости ни...“ Тие почнуваат да плачат и целата заедница го следи истото. Тие мислат во себе си: „Тој помина долго време молејќи и постејќи во планината. Тој звучи толку благочестив и верен. “ Но затоа што нивната вера е легалистичка, дури и пред да молитвата да заврши, срцето на легалистот почнува да се исполнува со дрскост и грев.
Кога луѓето прават посебни нови облекла од смоквини лисја, ваквите можат да траат долго околу два или три месеци. Но порано или подоцна облеклата овенуваат и тие мораат да направат нов комплет за да го продолжат нивниот лицемер живот. Ова е животот на легалистите кои што се обидуваат да живеат според законот со цел да бидат спасени. Тие мораат постојано да прават нов комплет од смоквини лисја.
Легализмот е вера од смоквини лисја. Легалистите ви велат вас: „Вие сите погрешивте поминатата недела, или не сте погрешиле? Тогаш покајте се.“
Тие извикуваат кон вас со висок глас: „Покајте се! Молете се!“
Легалистот знае како да го направи својот глас да звучи свет. „Господи! Жал ми е. Јас не живеев според Законот. Јас не ги чував Твоите Заповеди. Прости ми Господи, прости ми уште еднаш.“
Тие не можат никогаш да живеат според Законот дури и покрај тоа што се смело обидуваат да го прават тоа. Фактички тие го променуваат законот Божји и Бога Самиот. Тие се дрски пред Бога.
ИСТИТЕ КАКО И ЧУДАЛ БАЕ
Зошто Бог го стави настрана Законот?
Затоа што беше бескорисно да не спаси нас од грев.
Еднаш имаше еден младич наречен Чудал Бае. Во 1950 година за време на Кореанската војна, комунистичките војници дојдоа и му заповедаа него да го очисти плоштадот на саботен ден со цел да го ограбат него од неговата трпелива религиозна вера и да го направат него комунист. Но ова млад религионист го одби тоа да биде послушен на нивните наредби. Тие стоеја на тоа, но младиот религионист повторно одби.
Конечно, војниците го врзаа за дрво и ги вперија пушките кон него. „Кое го сакаш: да го очистиш плоштадот или да бидеш убиен?“
Кога беше присилен да направи избор, тој рече: „Јас повеќе би сакал да умрам отколку да работам на светиот саботен ден.“
„Ти самиот избра,и нам мило ни да ти услужиме.“
И тогаш го убија. Покасно, црковните водичи го прогласија него ,после неговата смрт, за ѓакон за да така ја одбележат неговата непорочна религиозна вера.
Но неговата религиозна вера беше погрешна. Зошто пак тој додека го чистеше плоштадот не можеше да им го проповеда евангелието на тие војници? Зошто тој требаше да биде тврдоглав и да умре за тоа? Дали Бог него ќе го прослави затоа што не сакаше да работи на Саботниот ден? Не.
Ние треба да водиме духовен живот. Не нашите дела но нашата вера е значајна во присуството Божјо. Водачите на црквата сакаат да слават некои како Чудал Бае затоа што тие сакаат со тоа да ја покажат супериорноста и православноста на нивната вероисповед. Тоа е исто како и Фарисеите кои што го предизвикуваа Исус.
Нема што ние да научиме од легалистите. Ние треба да научиме за духовната вера. Ние треба да размислуваме зошто Исус требаше да биде крстен и да искрвари на Крстот, и да се запрашуваме за природата на евангелието на водата и Духот.
Ние прво треба да се обидеме да најдеме одговори на овие прашања, и тогаш да се обидеме да го распространиме евангелието на сите луѓе на светот, за да и тие можат да бидат поново родени. Ние треба да го посветиме нашиот живот на духовната работа.
Ако проповедник ви рече вас: „Бидете како овој млад човек Чудал Бае. Чувајте ја саботата света,“ тој само се обидува да ве придобие да отиде в црква во неделата.
Еве и една друга приказна. Имаше една жена која што промина меѓу многу судови за да оди в црква во недела. Нејзините свекор и свекрва не беа Христијани, и тие напорно се обидуваа да и попречат да оди в црква. Тие и заповедаа да работи секоја недела. Но таа одеше сабота навечер по полињата на работа и работеше под месечинската светлина за да нејзината фамилија нема изговор за да и попречи да оди в црква во неделата.
Наравно да е значајно да се оди в црква, но дали е доволно да се оди в црква за да се покажеш колку верен си? Вистинските верници се родени поново од водата и Духот. Вистинска вера почнува кога некој е поново роден.
Дали вие можете да бидете спасени од вашите гревови преку живеењето според Законот Божји? Не. Јас не ви велам да го негирате Законот, но ние сите знаеме дека човечки невозможно е да се чуваат сите членови од Законот.
Јаков 2:10 вели: „Бидејќи кој го запазува целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за се.“ (МК Библија 1999 год.). Затоа размислете како вие можете да бидете поново родени од евангелието на водата и Духот. Тогаш отидете во црква каде што можете да слушнете за евангелието. Вие можете д водите верен живот откако сте поново родени. Тогаш, кога Господ ќе повика, вие можете да отидете пред Него со радост.
Не трошете го вашето време со одењето во лажна црква, не трошете ги вашите пари со приносот на лажни жртви. Лажните свештеници не можат да ве спречат од вашето одење во пеколот. Прво слушнете го евангелието на водата и Духот, потоа бидете поново родени.
Размислете за причината зошто Исус дојде на овој свет. Ако ние можевме да влеземе во царството небесно со само живеењето според Закон, Тој не требаше да дојде на овој свет. Откако тој дојде свештенството беше променато. Легализмот постана дел од минатото. Пред да ние бевме спасени, ние мислевме дека ние можевме да бидеме спасени со живеењето според Законот. Но ова не е повеќе знак на вистинска вера.
Исус не спаси нас од сите гревови на светот со Неговата љубов, со водата на Неговото крштевање, со Неговата крв и Духот. Тој го исполна нашето спасение преку Неговото крштевање кај реката Јордан, Неговата крв на Крстот и Неговото воскресение.
Бог ги стави настрана официјалните устави затоа што тие беа премногу слаби и бескорисни. „Оти Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра надеж, преку која се приближуваме до Бога. И тоа не без клетва“ (Евреите 7:19-20, МК Библија 1990 год.). Исус направи заклетва и не спаси нас од нашите гревови со Неговото крштевање и крвта. Мачеништвото од легализмот е бесплодна смрт, и светата вистинска вера е да се верува во евангелието на водата и Духот.
Ние треба да имаме плодна вера. Кое мислите дека е добро за вашата душа? Подобро ќе биде да одите в црква постојано и да живеете со Законот, или подобро ќе ви биде да одите во Црквата Божја каде што евангелието на поново раѓањето од водата и Духот е проповедано, за да вие можете да бидете поново родени од водата и Духот? Која црква и кој проповедник би бил повеќе полезен за вашата душа? Размислете за тоа и изберете едно кое што ќе биде добро за вашата душа.
Бог ја спасува вашата душа преку проповедник кој го има словото на евангелието на водата и Духот. Секој еден мора да земе одговорност за неговата сопствена душа. Навистина мудар верник е оној кој ја обврзува својата душа со словото Божјо.
ИСУС ПОСТАНА СВЕШТЕНИК ПРЕКУ ЗАКЛЕТВА
Беа ли потомците од редот на Леви направени свештеници преку заклетва?
Не. Само Исус беше направен Свештеник преку света заклетва.
Евреите 7:20-21 вели: „И тоа не без клетва. Оти оние беа станале свештеници без клетва, а Он - со клетва, преку Оној, Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: Ти се вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“ (МК Библија 1990 год.).
И псалми 109:4 вели: „Се заколна Господ и нема да се покае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“ (МК Библија 1990 год.). Господ направи заклетва. Тој направи завет со нас и ни го покажа нас преку напишаното Слово. „Јас ќе постанам вечниот Свештеник од редот Месхиседеков. Мелхиседек е цар на правдата, цар на мирот и висок свештеник засекогаш. Јас ќе постанам Високиот Свештеник од редот Мелхиседеков за вашето спасение.“
Исус дојде на овој свет и постана залог (гаранција) за подобар завет (Евреите 7:22). На местото од крвта на јарци и јунци, Тој се жртвува Себе си како жртва со тоа што беше крстен и искрвари на Крстот за да ги очисти сите наши гревови.
Во времето на Стариот Тестамент, кога прво свештеникот ќе умреше, неговиот син го преземаше свештенството кога тој ќе наполнеше 30 години. Кога прво свештеникот ќе остареше додека неговиот син наполнил 30 години, тој му го предаваше свештенството на сина му.
Имаше многу потомци на високиот свештеник. Така Давид постави систем со кој што тие сите по ред служеа. Како што сите потомци на Арон беа одредени за првосвештеници, тие сите го имаа правото и должноста да го служат свештенството. Лука вели: „Захарија, од редот Авијанов.... Еднаш кога тој ја вршеше свештената служба пред Бога, по редот на својот чин, според свештеничкиот обичај...“
Исус дојде на овој свет и го служеше свештенството засекогаш. Тој дојде како Свештеник на идните добра. Тој го исполна спасението на поново раѓањето од водата и Духот.
Потомците на Арон беа слаби и нецелосни. Што се случуваше кога прво свештеникот ќе умреше? Неговиот син го преземаше високото свештенство, но ваквите жртви никогаш не можеа да бидат доволни за да го осигурат спасението на човештвото. Верата преку човек не може никогаш да биде целосна.
Во времето на Новиот Тестамент, Исус дојде на овој свет. Но тој не мораше постојано да принесува жртва затоа што Тој живее вечно. Тој засекогаш ги зеде нашите гревови со Неговото крштевање. Тој се жртвува себе си и беше распнат за да ги направи оние кои што веруваат во Него целосно слободни од грев.
Сега, Тој е жив и седи на десната страна на Бога за да сведочи за нас. „Драги Оче, тие можат сеуште да се нецелосни, но тие веруваат во Мене. Нели Јас многу одамна ги зедов сите нивни гревови?“ Исус е вечен Високо Свештеник на нашето спасение.
Земските свештеници не беа никогаш целосни. Кога тие ќе умреа, нивните синови го преземаа свештенството. Нашиот Господ живее засекогаш. Тој го исполна вечното спасение за нас со доаѓањето на овој свет, со тоа што беше крстен од Јован Крстителот, и тогаш искрвари на Крстот за сите наши гревови.
„А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев“ (Евреите 10:18, МК Библија 2009 год.). Исус сведочи за нашето спасение се до крајот на времето. Дали сте вие родени поново од водата и Духот?
„Таков Првосвешник и ни требаше: свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците и повисок од небесата“ (Евреите 7:26). „Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе, што се немоќни; а словото на клетвата што е по Законот - Синот, Кој е вечно совршен“ (Евреите 7:28, МК Библија 1990 год.).
Што јас сакам да ви кажам е дека Исус Христос, без недостаток, ги очисти сите наши гревови еднаш и засекогаш преку водата на Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Тој не спаси нас од сите наши гревови не според делата на Законот, но со одземањето на нашите гревови и со тоа што беше осуден засекогаш.
Дали верувате дека Тој не спаси нас од сите наши гревови преку вечното спасение? Ако верувате, вие сте спасени. Но ако не верувале, вие сеуште имате многу да учите за вечното Исусово спасение.
Вистинска вера доаѓа од евангелието на водата и Духот, стриктно базирано врз основа на Писмото. Исус Христос, вечниот небесен Високо Свештеник, постана наш вечен Спасител преку Неговото крштевање и крвта на Крстот.
НИЕ МОРАМЕ ЦЕЛОСНО ДА ЈА РАЗБЕРЕМЕ НАШАТА ВЕРА
Што значи: „Да веруваш во Исус?“
Да имаш вера во крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот.
Ние мораме да размислуваме за тоа како ние правилно да веруваме во Исус и како да ја исправиме нашата вера. Како можеме ние да веруваме во Исус на правилен начин? Ние можеме да го правиме тоа преку верувањето во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Правилна вера е да се верува во делата на Исус, Неговото крштевање и крвта, без придодавање на нашите погрешни поими. Дали верувате? Но како е вашата духовна кондиција? Дали се поткрепувате врз вашите сопствени дела и напори?
Не помина многу време откако јас почнав да верувам во Исус, но јас страдав 10 години заради легализмот. Но конечно јас се уморив од таквиот живот. Јас дури и не сакам да се потсетам себе си за тоа време. Мојата жена сега седи овде покрај мене. Таа знае колку тешко тоа ни беше.
Во неделите, јас ќе речев: „Душице, ајде да уживаме денес.“
„Но денес е Недела!“
Таа дури ни алиштата не ги переше во недела. Една Недела, моите панталони беа скинати. Но таа ми рече дека треба да чекам до понеделник за да бидат закрпени. Јас дури и понастоен бев да прецизно ја чуваме неделата. Но тоа беше толку тешко. Ние никогаш не се одморавме во Недела, затоа што толку беше тешко правилно да се чува Сабатот. Ја сеуште се сеќавам на тие денови.
Драги пријатели, за да навистина веруваме во Исус, ние треба да веруваме во умилостивението на нашите гревови преку Неговото крштевање и крвта на Крстот. Вистинска вера е да се верува во божественоста и човечноста на Исус и сите дела кои што Тој ги направи на овој свет. Вистинскиот верник верува во целото Негово Слово.
Што се мисли со : „Да веруваш во Исус?“ Тоа е да веруваш во крштевањето на Исус и Неговата крв. Колку едноставно е ова. Се што ние треба да правиме е да погледнеме во Библијата и да веруваме во евангелието. Ние треба сите да веруваме на правилен начин.
„Ти благодарам Господи. Јас гледам сега дека тоа не е извршено со моите напори! Зошто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот (Римјаните 3:20). Јас го разбирам сега ова. Јас мислев дека затоа што Законот беше добар, затоа што е заповед Божја, јас морав да се обидам и да живеа според него. Јас напорно се обидов до сега, но гледам сега дека јас во грешка бев што мислев дека можам да живеам според законот. Гледам јас сега дека јас не можам никогаш да ги чувам заповедите Божји! Заради тоа, преку Законот Божји, јас сега сфаќам дека моето срце е исполнето со зли мисли и беззаконија. Јас разбирам сега дека Законот е даден за да не обезбеди нас со познавањето на гревот. О, Ти благодарам Господи. Јас погрешно ја сфатив Твојата волја и се напорно обидов да го чувам Законот. Навистина арогантно беше од мене дури и што се обидов да го чувам законот. Јас се покајувам. Јас сега знам дека Исус беше крстен и искрвари за моето спасение! Јас верувам!“
Вие треба искрено и чисто да верувате. Вие треба да само верувате во напишаното слово во Библијата. Тоа е единствениот начин за да вие бидете поново родени.
Што е да се верува во Исус? Дали е тоа нешто кое што треба да го завршиме за некој период од време? Дали е нашата вера религија за која што морате да работите? Луѓето си направија свои богови, и тие направија религии кои одговараат на овие богови. Религија е процес кој што човекот го поминува за да постигне цел - правдата човечка.
Тогаш што е вера? Тоа значи да веруваш во Бога и да се угледуваш на Него. Ние се угледуваме кон спасението на Исус и му благодариме Него за овој благослов. Ова е вистинска вера. Ова е разликата помеѓу вера и религија. Откако можете да разликувате измеѓу овие две, вие добивате 100 поена за вашето разбирање на верата.
Теолозите кои што не се поново родени ни велат нас дека ние треба да веруваме во Исус и да живееме благочестиво. Може ли некој да е верник само со тоа што ќе живее благочестиво? Наравно да треба да бидеме добри. Кој живее поблагочестив живот од оние кои што се поново родени?
Но точката е дека тие им го велат ова на грешниците. Има 12 видови на грев во внатрешноста на просечниот грешник. Како може ваквиот да живее благочестиво? Секако, неговата памет може да сфати што тој треба да прави, но неговото срце не може тоа да го исполни. Кога грешникот излезе надвор од црквата, благочестивото живеење постанува само теорија и неговиот инстинкт го води него на грев.
Заради тоа ние мораме да одлучиме во нашите срца дали ние ќе живееме според Законот или ќе бидеме спасени со верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, со имање вера во вечниот Високо Свештеник од царството небесно.
Запаметете дека Исус е вистинскиот Високо Свештеник за оние кои што веруваат. Ајде да сите ние бидеме спасени со знаење и верување во вистинското спасение преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
ПОНОВО РОДЕНИТЕ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД КРАЈОТ НА СВЕТОТ
Зошто поново родените не се плашат од крајот на светот?
Затоа што нивната вера во евангелието на водата и Духот ги прави нив слободни
Кога вие сте навистина поново родени, вие не мора да се плашите од доаѓањето на крајот на светот. Многу Христијани во Кореа тврдеа дека крајот на светот ќе му дојде на 28 октомври 1992 година. Колку бурен и страшен ден тоа ќе биде, велеа. Но сите нивни тврдења испаднаа да бидат лажни. Вистинско поново родените живеат благочестиво, го распространуваат евангелието до последниот момент. Кога и да на овој свет му дојде крајот, се што ние треба да правиме е да го проповедаме евангелието на водата и Духот.
Кога Младоженецот дојде, невестите кои што се вистински поново родени од водата и Духот можат да го сретнат Него со голема радост, велејќи: „Ах, конечно дојде! Моето месо сеуште не е целосно, но Ти ме љубеше и ме спаси мене од сите мои гревови. Така јас немам грев во моето срце. Ти благодарам Господи. Ти си мој Спасител!“
Исус е Младоженецот за сите праведни. Бракот настапува затоа што младоженецот ја љуби невестата, а не обратно. Но јас знам дека на овој свет и обратното настанува, но во небесата, Младоженецот е кој одлучува кога бракот ќе настапи. Младоженецот е оној кој одлучува да се жени основано врз Неговата љубов и жртва на спасението, без разлика на невестите. Ова е како бракот во небесата е направен.
Младоженецот знае се за невестите. Затоа што Неговите возљубени невести беа толкави грешници, Тој им се умилостиви и ги спаси нив од нивните гревови со тоа што беше крстен и искрвари на Крстот.
Нашиот Господ Исус Христос не дојде на овој свет како потомец на Арон. Тој не дојде на овој свет за да принесе земска жртва. Имаше доволно потомци на Арон да ја извршуваат работата.
Всушност, главниот карактер на жртвите во Стариот Тестамент не беше никој друг освен Исус Самиот. Заради тоа, кога вистинското нешто дојде на овој свет што се случи со неговата сенка? Сенката беше оставена настрана.
Кога Исус дојде на овој свет, Тој никогаш не принесе жртви како што Арон правеше. Тој се жртвува Себе си за човештвото со тоа што беше крстен и искрвари за спасението на грешниците. Тој го исполна спасението на Крстот.
За оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, спасението не е во несигурни услови. Исус не умилостиви за нашите гревови на несигурен начин. Тој тоа јасно го направи. „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јован 14:6, МК Библија 1990 год.). Исус дојде на овој свет и не спаси нас со Неговото крштевање, Неговата смрт и Неговото воскресение.
СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ Е МОДЕЛОТ НА ИСУС
Која беше причината за создавање на нов завет?
Затоа што првиот завет беше изнемоштен и бескорисен.
Стариот Тестамент е сенката на Новиот Тестамент. Покрај тоа што Исус никогаш не принесе жртви како првосвештениците од Стариот Тестамент, Тој служеше подобро свештенство, вечното небесно свештенство. Затоа што луѓето на овој свет се грешни од нивното раѓање, тие постануваат грешници, и тие не можат никогаш да постанат праведни преку законот Божји. Заради тоа Бог создаде нов завет.
Нашиот Отец во небесата го испрати Својот возљубен Син на овој свет и не праша наш во возврат да имаме вера во Неговото крштевање, Неговата крв и Неговото воскресение. Ова е вториот Божји завет. Вториот Божји завет бара од нас да веруваме во евангелието на водата и Духот.
Господ не не прашува повеќе за нашите добри дела. Тој не ни кажува како да живееме за да бидеме спасени. Тој само бара да веруваме во спасението преку Неговиот Син. Тој бара од нас да повеќе од се веруваме во Неговото крштевање и крвта на Крстот. И ние треба да речеме: Да.
Во Библијата, домот на Јуда одржуваше царско семејство. Сите цареви на Израел беа родени во домот на Јуда се до Цар Соломон. Дури и после расцепот на царството, домот на Јуда го држеше престолот од Јужното царство се до падот негов во 586 година пред Исус. Така луѓето на Јуда стојат за Израелците. Родот на Леви беше оној на свештениците. Секој род на Израел имаше своја улога. Бог му вети на родот на Јуда дека Исус ќе произлезе од него.
Зошто Тој го направи овој завет со Јуда? Правејќи го овој завет беше исто како правењето на завет со сите луѓе на светот затоа што луѓето на Израел стојат за сите луѓе на светот. Исус го исполна новиот завет, кој што беше спасението на човештвото преку Неговото крштевање, Неговата смрт на Крстот и Неговото воскресение.
ГРЕВОВИТЕ НА ЧОВЕШТВОТО НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ОЧИСТЕНИ СО ПОКАЕНИЕ
Дали се гревовите на луѓето очистени со покаение?
Не.
Во Еремија 17:1 напишано е дека гревот на човекот е запишан на две места. „Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници.“ (МК Библија 1999 год.).
Нашите гревови се запишани во нашите срца. Тоа е како ние знаеме дека сме грешници. Пред некој да дојде до верување во Исус, тој не е свесен дека е грешник. Зошто? Затоа што тој не го има законот Божји во неговото срце. Заради тоа, откако некој ќе почне да верува во Исус тој сфаќа дека е грешник пред Бога.
Некои сфаќаат дека тие само 10 години биле грешници после нивното верување во Исус. „Ох, драги! Јас сум грешник! Јас мислев дека сум спасен, но некако јас сеуште сум грешник!“ Сфаќањето доаѓа до него/неа еден ден кога тој/таа ќе се видат себе си какви што се. Тој толку беше среќен цели 10 години, но одеднаш тој ја виде вистината. Дали знаете зошто? Тој доаѓа до ова сфаќање затоа што тој конечно беше способен да ги види своите гревови и беззаконија преку законот Божји. Тој веруваше во Исус 10 години без да биде поново роден.
Откако тој не може да ги избрише гревовите во неговото срце, тој останува грешник пред Бога. На некои им требаат 5 години, а на други 10 години додека стигнат до ова сфаќање. Некои дури после 30 години доаѓаат до ова сфаќање, а други после 50 години и пак други никогаш не ја сфаќаат вистината се до крајот. „Драги Боже, јас обично бев добар пред да јас ги имав заповедите во мојата мисла. Јас бев убеден дека добро го чував Законот, но сега сфаќам дека јас сум погрешил секој ден. Како што апостолот Павле рече: „И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев;“ (Римјаните 7:9, МК Библија 1999 год.). Јас сум грешник дури и покрај тоа што верувам во Исус.
Вашите сопствени гревови не ви дозволуваат да живеете според Словото Божјо. Вашите гревови се запишани во вашето срце. Затоа што Бог ги запишува вашите гревови таму, кога вие ќе ја наведнете вашата глава да се молите вашите гревови излегуваат. „Изненадување“ Јас сум гревот кој што тие го изврши.“
„Но јас умилостивив за тебе пред 2 години. Зошто вака неочекувано и повторно ми се покажуваш? Зошто не си замина?“
„Ах, не биди толку злобен! Јас сум запишан во твоето срце. Без разлика што ти мислиш, ти сеуште си грешник.“
„Не! Не!“
Така тој повторно се покајува за гревовите кои што тој ги извршил пред 2 години. „Те молам прости ми, Господи. Јас сум сеуште измачуван од гревовите кои што ги извршив порано. Јас се покајав за моите гревови, но тие се сеуште во мене. Те молам опрости ми затоа што сум погрешил.“
Но дали тие гревови си заминуваат со покаението за нив? Затоа што гревовите на човештвото се запишани во нивните срца, тие не можат да бидат избришани без евангелието на водата и Духот. Само преку евангелието на водата и Духот може вистинско умилостивение да се придобие. Ние можеме да бидеме спасени само преку нашата вера во вистинското евангелие на Исус.
ЈАС ЌЕ БИДАМ ТВОЈ СПАСИТЕЛ
Како треба ние да одговориме на новиот завет?
Ние треба да веруваме во тоа со нашите срца и да го проповедаме преку целиот свет.
Нашиот Господ во небесата направи нов завет со нас. „Јас ќе постанам ваш Спасител. Јас ќе ве направам вас целосно слободни од сите гревови на светот преку водата и крвта. Јас сигурно ќе ги благословам оние кои што веруваат во Мене.“
Дали верувате во овој нов завет со Бога? Ние можеме да бидеме спасени од сите гревови и да бидеме поново родени кога ние веруваме во вистината на Неговиот завет и Неговото спасение преку водата и крвта.
Ние немаме доверба во доктор кој не дава правилна дијагноза. Докторот треба прво правилно да го прегледа пациентот за да направи дијагноза и потоа да го препише лекот. Има многу видови на лекови, но тој треба да знае точно кој лек е потребен. Откако докторот направи правилна дијагноза на неговите пациенти, има многу лекови кои се доставени за да ги излечат нив. Но со погрешна дијагноза, сите овие добри лекови можат да ја направат ситуацијата на пациентот само полоша.
Исто така. Кога вие верувате во Исус, вие треба да направите дијагноза на вашиот дух основана врз словото Божјо. Кога вие го прегледувате вашиот дух со словото Божјо вие јасно можете да видите која е состојбата на вашиот дух. Докторот на душите може да ги оздрави сите пациенти без никаков исклучок. Тие сите можат да бидат поново родени.
Ако вие велите: „Јас не знам дали јас сум искупен,“ тоа значи дека вие не сте спасени. Ако пастирот е навистина ученик Исусов, тој треба да биде способен да го реши проблемот од гревот на неговите следбеници и да ги води нив духовно. Тој треба да биде способен да ја види точната духовна кондиција на неговите следбеници.
Исус дојде на овој свет за да ги земе сите гревови на светот. Тој дојде и беше крстен и умре на Крстот. Кога Тој умилостиви за сиот грев, дали Тој ги изостави вашите гревови? Словото на водата и Духот ги премавнува сите гревови на верниците.
Евангелието е како динамит. Уништува се од големи згради до големи планини. Делото на Исус е исто. Тој ги очистува гревовите на оние кои што веруваат во Него со Неговото евангелие на водата и Духот. Ајде да погледнеме во евангелието на водата и Духот како што е изразено во Библијата.
ЕВАНГЕЛИЕТО НА РЕЦЕПОЛАГАЊЕТО ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ
Која беше целта на рацеполагањето во Стариот Тестамент?
Неговата цел беше да ги положи/пренесе сите гревови на/врз жртвата за грев.
Ајде да ја побараме вистината во евангелието на искупението во Левит 1:3-4. „Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа. Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.“ (МК Библија 1999 год.).
Оваа строфа ни кажува нас дека жртвата паленица требаше да биде принесувана пред влезот на шаторот на средбата пред Бога со раце полагање на/врз главата на жртвата, и жртвата требаше да биде живо животно без недостаток.
Во векот на Стариот Тестамент, грешникот ги ставаше своите раце на жртвата за да направи покривање на неговите дневни гревови. Тој ја уби жртвата за грев пред Господа и свештеникот ја зеде крвта и ја стави на роговите од алтарот за паленици. Тој тогаш остатокот од крвта ја истури во подножјето на алтарот и грешникот беше опростен за дневниот грев.
За годишен грев, напишано е во Левит 16:6-10: „Откако Арон ќе го принесе јунецот за принос за грев за себе и ќе направи покривање на гревот за себеси и својот дом,нека ги земе двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата. Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање. Арон нека го принесе за жртва за грев јарецот, на кого жрепката падна да биде Господов. А јарецот на кого жрепката падна да биде за отпуштање, нека биде поставен жив пред Господа, за да биде извршено покривање на гревот со него и за да биде испратен во пустината за отпуштување, (и за да ги понесе на себе нивните безаконија во непроодна земја).“ (МК Библија 1999 год.). Како што е објаснето во Библијата, живиот јарец значи „за отпуштање“. Така годишните гревови беа премавнати на десеттиот ден од седмиот месец.
Во Левит 16:29-30 напишано е: „Овој закон нека биде вечен за вас: во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, смирете ги вашите души и не вршете никаква работа: ни домородецот ни странецот, кој е населен меѓу вас. Зашто на тој ден ќе биде извршено над вас покривање на гревовите, за да бидете чисти, пред Господа, од сите ваши гревови.“ (МК Библија 1999 год.).
Ова беше денот на кој што Израелците умилостивуваа за годишниот грев. Како можеше ова да биде извршено? Прво, прво свештеникот Арон требаше да биде присутен кај жртвата. Кој беше претставник на луѓето од Израел? Арон. Бог го одреди Арон и неговите потомци за првосвештеници.
Арон принесе јунец за да изврши искупение за себе си и за неговиот дом. Тој го уби јунецот и ја испрска со крвта седум пати предната страна од капакот на милоста. Тој мораше најпрво да умилостиви за себе си и за својот дом.
Искупение значи да се пренесат гревовите од грешникот на/врз жртвата за грев и да жртвата умре на местото од грешникот. Грешникот беше кој на прво место требаше да умре, но тој можеше да направи искупение за неговите гревови со нивното пренесување на/врз жртвата и неа да ја заколеше за да таа умреше на неговото место.
Откако гревовите негови и тие на неговиот дом беа премавнати, тој го жртвува пред Бога едниот јарец додека другиот го испрати во пустината како жив јарец во присутноста на народот на Израел.
Едниот јарец беше жртвуван како жртва за грев. Арон ги стави своите раце на главата на жртвата за грев и исповеда: „О Господи, Вашиот народ Израел ги прекрши сите Десет Заповеди и 613 членови на Вашиот Закон. Израелците постанаа грешници. Јас сега ги полагам моите раце на овој јарец за да ги положам на/врз него сите наши годишни гревови.“
Тој му го отсече грлото на јарецот и влезе во светилиштето, Најсветото од Светите, со крвта од јарецот. Тогаш тој ја испрска седум пати предната страна од капакот на милоста.
Внатре во Светилиштето седи ковчегот на заветот. Неговото покривало е наречено капак на милоста, и во него се двете камени плочи од заветот, златното грне со мана, Ароновиот стап кој беше процветан.
Ароновиот стап го означува воскресението, двете камени плочи го означуваат заветот на Неговата Правда, и златното грне со мана значи Неговото слово на Живот.
Ковчегот на заветот имаше поклопец. Крвта беше седум пати пред капакот на милоста испрскана. Како што на робата од високиот свештеник беа сошиени ѕвончиња, тие ѕвонеа кога тој ја испрскуваше крвта.
Во Левит 16:14-15, напипано е: „Потоа нека земе крв од јунецот и нека ја попрска, со својот прст, источната страна на Капакот; а пред Капакот нека попрска со својот прст седум пати со крвта. Потоа нека го заколе јарецот за принос за грев за народот; нека ја внесе неговата крв зад завесата и нека направи со неговата крв како што сторил со крвта од јунецот: нека попрска со неа по Капакот и пред него.“ (МК Библија 1999 год.).
Ѕвоната ѕвонеа секогаш кога тој ќе попрскаше малку од јарешката крв, и сите Израелци кои се беа надвор собрале, ќе го слушнеа звукот на ѕвоната. Откако искупението нивно требаше да биде извршено преку прво- свештеникот, звукот на ѕвоната значеше дека нивните гревови беа опростени. Тоа беше звук на благословот за сите луѓе на Израел.
Кога ѕвоната заѕвонеа седум пати, тие велеа: „Сега ми олесна. Јас бев загрижен цела година но сега се чувствувам слободно.“ И луѓето се вратија во своите животи, чувствувајќи се слободни од вината. Звукот на ѕвоната во тоа време беше истото како добрата вест за поново раѓањето од водата и Духот.
Кога ние ќе го слушнеме евангелието на искупението од водата и Духот и веруваме во него со нашето срце и него го исповедаме со нашата уста, тоа е за што евангелието на водата и Духот е. Кога ѕвоната ќе заѕвонеа седум пати, сите годишни гревови од Израелците беа очистени. Нивните гревови беа пред Бога очистени.
После жртвувањето на јарецот за Израелците, прво свештеникот го зеде другиот јарец и отиде кон луѓето кои што чекаа надвор од шаторот. Додека тие гледаат, прво свештеникот Арон ги стави неговите раце на главата на другиот јарец.
Во Левит 16:21-22: „ Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата; и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.“ (МК Библија 1990 год.).
Прво свештеникот, Арон, ги стави своите раце на главата на другиот јарец (јарецот за отпуштање) и ги исповеда сите годишни гревови од Израелците пред Бога. „Ох, Боже, Израелците погрешија пред Тебе. Ние ги прекршивме сите Десет Заповеди и сите 613 членови на Твојот Закон. Ах, Боже, Јас ги положувам сите годишни гревови од Израелците на/врз главата на овој јарец.“
Според Еремија 17:1, гревовите се запишани на две места. Едното место е книгата на Делата, а другото место се плочите од нивните срца.
Така ако луѓето беа да прават искупение за нивните гревови, нивните гревови требаа да бидат избришани од Книгата на Делата и од плочите на нивните срца. На Денот на Големото Очистување, еден јарец беше за гревовите запишани во Книгата на Делата, а другиот јарец беше за оние врежаните врз плочите на нивните срца.
Што им покажа Бог на Израелците преку жртвениот систем во Стариот Тестамент?
Дека Спасителот ќе дојде и ќе ги премавни сите нивни гревови на најсоодветниот начин.
Со рацеполагањето на главата на јарецот, прво свештеникот им покажа на луѓето дека нивните годишни гревови беа положени на/врз јарецот. Кога гревовите беа положени на јарецот, човек одреден за тоа го носеше јарецот во пустината.
Палестина е пустинска земја. Јарецот кој што ги зеде сите годишни гревови од Израелците беше од човек одреден за тоа воден во пустината каде што немаше нити вода нити трева. Луѓето стоеја и гледаа како живиот јарец (јарецот за отпуштање) одеше во пустината.
Тие си велеа во себе си: „Јас требаше да умрам, но јарецот умира на моето место за моите гревови. Платата што ја дава гревот е смрт, но јарецот умира на моето место. Ти благодарам, јарецу. Твојата смрт значи дека јас можам да живеам.“ Јарецот беше воден во пустината и Израелците беа опростени за годишниот грев.
Кога гревот во твоето срце е положен на/врз жртвата за грев, вие сте очистени. Тоа е така едноставно. Вистината е секогаш едноставна, откако еднаш ќе ја разбереме.
Јарецот се изгуби во хоризонтот. Одредениот човек се врати назад сам откако го отпушти јарецот во пустината. Сите годишни гревови на Израелците ги снема. Јарецот талкаше по пустината без вода и без трева, и тој умре заедно со годишните гревови на Израелците.
Платата што ја дава гревот е смрт, и Правдата Божја беше исполнета. Бог го жртвува јарецот за да Израелците можат да живеат. Сите престапи од Израелците за време на таа година беа чисто очистени.
Како што дневниот и годишниот грев така беа опростени во времето на Стариот Тестамент, завет Божји беше да нашите гревови на ист начин бидат еднаш и засекогаш опростени. Негов завет беше дека ќе ни го испрати Месијата и ќе не избави нас од сите наши цело животни гревови. Заветот беше извршен преку крштевањето на Исус.
ДА СЕ БИДЕ ПОНОВО РОДЕН ОД ВОДАТА И ДУХОТ ВО НОВИОТ ТЕСТАМЕНТ
Зошто беше Исус крстен од Јован Крстителот?
За да ја исполни сета правда со земањето на сите гревови на светот. Крштевањето на Исус во Новиот Тестамент беше самото рацеполагање од Стариот Тестамент.
Ајде да прочитаме во Матеја 3:13-15: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.).
Исус отиде кај реката Јордан и беше крстен од Јован Крстителот и со извршувањето на ова, тој ја исполна сета правда. Тој беше крстен од Јован. Јован беше најголемиот измеѓу оние родени од жени.
Матеја 11:11-12 вели: „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;“ (МК Библија 1999 год.).
Јован Крстителот беше избран од Бога за да биде претставникот за човештвото и беше испратен 6 месеци пред Христа. Тој беше потомец на Арон и тој беше прво- свештеник.
Јован Крстителот кога Исус дојде кај него рече: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“
„Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Неговата цел беше да го ослободи човештвото од грев за да тие можат да постанат чеда Божји. Исус му рече на Јован: „Ние треба да го исполниме евангелието на повторното раѓање од водата и Духот. Сега, крсти Ме.“
Јован го крсти Исус. Правилно беше за Исус да биде крстен и да ги земе сите гревови на светот. Затоа што тој беше крстен на најправилниот начин, ние сме правилно спасени од сите наши гревови. Исус беше крстен за да така сите наши гревови можеа да бидат положени на/врз Него.
Исус дојде на овој свет и беше крстен кога Тој беше на возраст од 30 години. Тоа беше Неговата прва јавна служба. Исус ја исполна сета правда со премавнувањето на сите гревови на светот, така осветувајќи ги сите луѓе.
Исус дојде на овој свет беше крстен на најсоодветниот начин за да не избави нас од сите наши гревови. „Така “ беше сета правда исполнета.
Бог рече:„Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (Матеја 3:17, МК Библија 1999 год.). Исус Христос знаеше дека Тој ќе ги земе сите гревови на човештвото и искрвари на Крстот, но тој беше покорен на волјата на Неговиот Отец велејќи: „Но не како Јас што сакам, туку како Ти.“ (Матеја 26:39, МК Библија 1999 год.). Волјата на Отецот беше да ги очисти сите гревови на човештвото и така да им понуди спасение на луѓето од светот.
Така Исус, послушниот Син, се покори на волјата на Неговиот Отец и беше крстен од Јован Крстителот.
Во Јован 1:29: „На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: “Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.). Исус ги зеде сите гревови и искрвари на Крстот кај Голгота. „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“, сведочеше Јован Крстителот.
Дали имате грев или не? Дали сте праведен човек или сте грешник? Вистината е дека Исус ги зеде сите гревови на светот и беше распнат на Крстот за нас.
Каде беа сите гревови на грешниците од овој свет положени на/врз Исус?
Исус ги зеде нашите гревови кога Тој беше крстен од Јован Крстителот кај реката Јордан.
Откако ние сме родени на овој свет ние грешиме помеѓу возраста од 1 год. до 10 год. Исус ги зеде сите тие гревови. Ние исто грешиме во возраста од 11 год. до 20 години. Гревовите кои што ги извршуваме во нашите срца и со нашите дела, Тој ги зеде сите нив.
Ние исто така извршуваме гревови од нашата 21 година до нашата 45 година. Тој ги зеде истото така и тие гревови. Тој ги зеде сите гревови на светот и беше распнат на Крстот. Ние грешиме од нашето раѓање до нашата смрт. Но Тој ги зеде сите тие.
„Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ Сите гревови, од тие на првиот човек Адам се до гревовите на последниот човек роден на овој свет - каков и да е гревот - Тој ги зеде сите. Тој не избра и не одбра чии гревови ќе ги земе.
Тој не одлучи да љуби само некои од нас. Тој дојде во телото и ги зеде сите гревови на светот и беше распнат на Крстот. Тој ја прими Осудата за сите нас и засекогаш ги премавна гревовите на овој свет.
Ниту еден не беше исклучен од Неговото спасение. „Гревовите на светот“, ги вклучува сите наши гревови. Исус ги зеде сите нив.
Со крштевањето и крвта, Тој ги очисти сите гревови на светот. Тој ги зеде сите нив преку Неговото крштевање и беше осуден за нашите гревови на Крстот. Пред Исус да умре на Крстот, Тој рече: „Се сврши!“ (Јован 19:30, МК Библија 1999 год.), значи дека спасението на човештвото беше исполнето.
Зошто беше Исус распнат на Крстот? Затоа што животот на месото е во крвта, и крвта прави умилостивение за животот на поединец (Левит 17:11). Зошто Исус требаше да биде крстен? Затоа што Тој сакаше да ги земе врз Себе сите гревови на светот.
„По ова Исус, знаејќи дека е свршено сè, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!“ (Јован 19:28, МК Библија 1990 год.). Исус умре, знаејќи дека сите завети Божји од Стариот Тестамент беа остварени со Неговото крштевање кај реката Јордан и Неговата смрт на Крстот.
Исус знаеше дека искупението беше исполнето преку Него и рече: „Се сврши!“ Тој умре на Крстот. Тој не освети сите нас, воскресна од смртта на третиот ден и се вознесе на небесата, каде Тој сега седи на десната рака од Бога.
Очистувањето на сите наши гревови преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот е благословеното евангелие на поново раѓањето од водата и Духот. Верувајте во тоа и вие ќе бидете опростени за сите ваши гревови.
Ние не можеме да ги искупиме нашите гревови со секој ден молењето на покаение. Искупението ни е нас доставено еднаш и засекогаш за сите само преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот. „А каде има проштавање за нив, таму нема веќе приноси за грев“ (Евреите 10:18, МК Библија 2009 год.).
Сега ние сите треба да веруваме во искупението преку крштевањето на Исус и Неговото распнување. Верувајте и вие ќе бидете спасени.
Римјаните 5:1-2 вели: „И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.“ (МК Библија 1999 год.).
Нема друг начин според кој можеме да бидеме оправдани само со верувањето во благословеното евангелие на поново раѓањето од водата и Духот.
ЦЕЛТА НА ЗАКОНОТ БОЖЈИ
да бидеме осветени преку Законот?
Не, не можеме. Законот ни дава нас само познавање на гревот.
Во Евреите 10:9 напишано е: „Потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.“ Така го отстранува првото, за да го воспостави второто.“ (МК Библија 1999 год.). Ние не можеме да бидеме осветени преку Законот. Тоа само не прави грешници. Божјата промисла не беше да ние му се потчинуваме на Законот.
Римјаните 3:20 вели: „Зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (МК Библија 1999 год.). Бог преку Мојсеј им го даде Законот на Израелците после откако 430 година беа поминале откако Авраам го прими Заветот. Тој им го даде нив Законот за да тие знаат што значи да се греши пред Бога. Без постоењето на Божјиот Закон, луѓето немаше да имаат познавање на гревот. Бог ни го даде нас Неговиот Закон за да ние дојдеме до разби-рање за грев.
Така единствената цел на Законот е да ни даде нас за знаење дека ние сите сме грешници пред Бога. Преку ваквото знаење, ние треба да се вратиме кон Исус со верувањето на благословеното евангелие на водата и Духот. Ова е целта на Законот кој што Бог ни го даде.
ГОСПОД ДОЈДЕ ДА ЈА ВРШИ ВОЛЈАТА БОЖЈА
Што треба ние да правиме пред Бога?
Ние треба да веруваме во Божјото искупение преку Исус.
„Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.“ Така го отстранува првото, за да го воспостави второто“ (Евреите 10:9, МК Библија 1999 год.). Затоа што ние не можеме да бидеме осветени преку Законот, Бог не не избави нас со Неговиот Закон, но со Неговото целосно искупение.
„Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш. И секој свештеник, стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите; а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога.“ (Евреите 10:10-12, МК Библија 2009 год.).
Тој седна на десната рака на Бога затоа што Неговото дело на искупението беше исполнето и не преостана друго што тој мора да прави. Тој нити повторно ќе биде крстен ниту пак повторно ќе биде распнат за да не спаси нас.
Сега откако сите гревови на светот беа очистени, се што Тој треба да е им достави вечен живот на оние кои што веруваат во Него. Сега Тој ги означува со Духот оние кои што веруваат во спасението на водата и Духот.
Исус дојде долу на овој свет и ги зеде сите гревови на светот и умре на Крстот, така исполнувајќи го Неговото дело. Сега кога Божјото дело е извршено, Тој седи на десната рака на Бога.
Ние мораме да веруваме дека Господ Исус не спаси нас од гревот засекогаш. Тој не направи нас засекогаш совршени со Неговото крштевање и крвта.
ОНИЕ КОИ ШТО МУ ПОСТАНАА НЕПРИЈАТЕЛИ НА БОГА
Кои се непријателите Божји?
Оние кои што веруваат во Исус но имаат грев во нивните срца.
Во Евреите 10:12-13 Господ вели: „а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножје за Неговите нозе.“ (МК Библија 2009 год.). Тој рече дека ќе чека се до последната осуда за да одлучи за нивната судбина.
Неговите непријатели сеуште велат: „Боже те молам прости ми ги моите гревови.“ Сатаната и неговите следбеници не веруваат во евангелието на водата и Духот и постојано бараат од Него опростение.
Нашиот Господ нив нема сега да им суди. Но на Денот на Второто доаѓање на Исус, тие ќе бидат засекогаш осудени и проколнати за пеколот. Бог ги трпи нив се до тој ден со надеж дека тие ќе се покаат и ќе постанат праведни преку искупение.
Нашиот Господ Исус ги зеде сите наши гревови и умре за нас кои што веруваме во Него. Исус по втор пат ќе се појави за да ги избави оние кои што веруваат во Него. „Дојди што побрзо кај нас Господи.“ Тој ќе дојде по втор пат за да ги земе со себе безгрешните за да засекогаш живеат со Него во царството небесно.
Оние кои што стојат на тоа дека се грешници кога Господ ќе се врати не ќе најдат место во небесата. На Последниот Ден, тие ќе бидат осудени и фрлени во огнот на пеколот. Оваа казна ги очекува оние кои што одбиваат да веруваат во поново раѓањето од водата и Духот.
Нашиот Господ Исус ги смета за Негови непријатели оние кои што веруваат во невистината. Тоа е зошто ние треба да се бориме против невистината. Ова е зошто ние треба да веруваме во благословеното евангелие на поново раѓањето од водата и Духот.
НИЕ ТРЕБА ДА ВЕРУВАМЕ ВО ЕВАНГЕЛИЕТО НА ВОДАТА И ДУХОТ
Дали постои некаква потреба за искупение на нашите гревови сега откако сите долгови беа во полност исплатени?
Не, ниту најмалку
Евреите 10:15-16 вели: „И Светиот Дух ни посведочи, зошто откако порано рече: “Тоа е заветот, што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ (МК Библија 2009 год.).
Откако Тој ги премавна сите наши гревови, Тој рече: „Тоа е заветот, што ќе им го дадам по оние дни.“ Кој е овој завет? „Ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Ние прво се обидовме да водиме легалистичен живот според Неговиот Закон, но ние не можевме да бидеме спасени со Законот.
Покасно ние разбравме дека Исус веќе ги спасил оние кои што во нивните срца веруваат во благословеното евангелие на повторното раѓање од водата и Духот. Кој и да верува во крштевањето и крвта на Исус е искупен.
Исус е Господ на спасението. „Ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ (Дела ап. 4:12, МК Библија 1999 год.). Исус дојде на овој свет како наш Спасител. Затоа што ние не можеме да бидеме спасени преку нашите дела, Исус не спаси нас и запиша на плочите од нашите срца дека Тој не спаси нас со Неговиот Закон на љубовта и спасението.
„И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам. А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев“ (Евреите 10:17-18, МК Библија 2009 год.).
Сега Тој повеќе не се сеќава за нашите беззаконија. Сега откако Тој ги зеде сите наши гревови, ние верниците немаме гревови за кои што треба да бидеме опростени. Нашите долгови беа во полност исплатени и нема ништо останато кое треба да се доплати/преплати. Луѓето се спасени со вера во службата на Исус, кој не спаси нас преку Неговото крштевање и крвта на Крстот.
Сега ние сите треба да веруваме во водата и крвта на Исус. „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.). Верувајте во спасението на Исус. Спечалувањето на спасение е полесно од самото дишење. Се што вие треба да правите е да верувате во делата онака како што се. Спасение е: само верување во словото Божјо.
Верувајте дека Исус е наш Спасител (крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот), и само имајте вера дека спасението е ваше. Одречете се од вашите сопствени мисли и само верувајте во спасението на Исус. Јас се молам дека вие навистина ќе верувате во Исус и сте спремани да бидете одведени во вечниот живот со Него.