• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 3 : Евангелие на Водата и Духот

[3-8] Крштевањето на Исус е Неопходен Процес за Искупение (Матеја 3:13-17)

(Матеја 3:13-17)
„Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
КРШТЕВАЊЕТО ОД ЈОВАН КРСТИТЕЛОТ
 
Што е покаение?
Враќањето назад од грешен живот и верувањето во Исус со цел да се биде осветен.
 
Толку многу луѓе во светот не знаат зошто Исус дојде на овој свет и беше крстен од Јован Крстителот. Заради тоа ајде да зборуваме за целта на крштевањето на Исус и за Јован Крстителот кој што го крсти Него.
Прво ние треба да размислиме што го натера Јована Крстителот да ги крштева луѓето кај реката Јордан. Објаснато е во Матеја 3:1-12 дека Јован Крстителот ги крштеваше луѓето за да ги врати нив од гревовите кон Бога со исповедaњето на нивните гревови.
„Јас ве крштавам во вода за покајание“ (стих 11), и „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!“ (стих 3). Јован Крстителот, облечен во облекло од камилски влакна и кожен појас околу слабините, викаше во пустината, проповедувајќи го крштевањето на покаението за опросение на гревовите.
Тој им викаше на луѓето:„ Покајте се, Спасителот на човештвото доаѓа; подгответе ги Неговите патеки, направете го Неговиот пат на спасението прав. Престанете да ги обожавате боговите од безбожниците и примете го Господа во вашето срце.“
Да се вратиме од што? Од обожавањето на идоли и зли дела од грешниот живот. Тогаш што треба да правиме? Ние треба да бидеме крстени во Исус со цел да бидеме осветени. Јован Крстителот викаше во пустината: „Бидете крстени од мене. Бидете очистени од вашите гревови. Спасителот, вашиот Месија, доаѓа на овој свет. Тој ќе ги земе сите ваши гревови како жртвеното Јагне од Стариот Тестамент и ќе ги очисти сите ваши гревови.“
Во Стариот Тестамент, дневните гревови беа положени на/врз жртвата за грев преку рацеполагањето. Годишните гревови од Израелците беа исто така положени на /врз јарецот преку првосвештеникот на Денот на Големото Очистување, кој што беше на десеттиот ден од седмиот месец секоја година (Левит 16:29-31).
На ист начин гревовите на човештвото требаа да бидат положени на /врз Исус преку Неговото крштевање сите наеднаш за да тие можат да бидат премавнати преку Него. Така Јован настојно ги повикуваше луѓето да се вратат кон Исус и да бидат крстени од Него.
Главната значајност на крштевањето извршено од Јован Крстителот беше покаение, кое што ги враќаше луѓето назад кај Исус, кој требаше да дојде покасно. Покаение значи да се одвратиш од грешниот живот и да веруваш во Месијата со цел да бидете опростени за сите ваши гревови.
Луѓето на Израел можеа да бидат искупени со надежта за Месијата кој дојде покасно да ги очисти сите нивни гревови. Исто, ние сме избавени преку верувањето во Исус, кој дојде од небесата пред околу 2000 години и ги очисти сите гревови на светот. Но Израелците во Стариот Тестамент го напуштија законот Божји, жртвуваа погрешни жрвти и го заборавија Месијата.
Затоа што Јован Крстителот требаше да ги потсети нив за законот Божји и за Мисијата кој беше да покасно дојде, тој почна да ги крштева луѓето и конечно го крсти Исус кај реката Јордан.
Многу луѓе дојдоа кај Јован и беа крстени, покајувајќи се за обожавањето идоли и напуштањето на Божјиот закон. Има три неопходни елементи за законската жртва - живо животно, рацеполагањето и неговата крв. Сите луѓе на светот се спасени преку верувањето во Исус.
Кога Фарисеите и Садукеите дојдоа да бидат крстени, Јован извика кон нив: „Породи змијски, кој ве предупреди да бегате од гневот што доаѓа? Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание, и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама“ (Матеја 3:7-9, МК Библија 1999 год.).
Овие Фарисеи и Садукеи, група на политичари и идол-обожаватели, мислеа дека тие беа Божји луѓе без разлика на фактот дека тие не веруваа во Божјото слово. Тие веруваа во други богови и во нивните сопствени мисли.
Кога тие дојдоа кај Јован Крстителот да бида крстени, тој им рече нив: „Вие не треба да жртвувате погрешни жртви но да се одвратите од гревот и да навистина верувате дека Месијата ќе дојде и ќе ги очисти вашите гревови. Вие треба да верувате во ова во вашите срца.“
Покаение е да се одвратиш од погрешниот пат. Вистинско покаение е да се одвратиш од гревот и погрешната вера и да вратиш кај Исус. Тоа е да се верува во искупението на Неговото крштевање и Неговата осуда на Крстот.
Така, Јован Крстителот им викаше на луѓето на Израел, на оние кои што го напуштија законот Божји и жртвениот систем, со цел да ги убеди нив да се вратат кон Бога. Тоа беше улогата на Јован Крстителот да ги врати луѓето назад кај Исус за да тие веруваат во Него и да бидат спасени од сите нивни гревови.
 
 
ДАЛИ ВЕРУВАТЕ ВО ИСКУПЕНИЕТО ПРЕКУ КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС?
 
Што треба сите луѓе да прават пред Исус?
Тие треба да веруваат во Него за да бидат спасени од сите нивни гревови.
 
Првото дело кое што Исус го направи во Неговата јавна служба беше крштевањето од Јован Крстителот. На овој начин сите гревови на светот беа положени на/врз Него.
Така крштевањето на Исус беше почетокот на Божјото спасение на човештвото исто како и праведното дело на Исус кое ги очисти сите гревови на светот. Бог ги искупува сите оние кои што веруваат во вистината дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање.
Кога Исус дојде на овој свет и беше крстен од Јован Крстителот, започна евангелието на царството небесно. Небесата беа отворени со Неговото крштевање како што е опишано во Матеја 3:15, тоа беше исто како и жртвата за искупение опишана во Левит 1:1-5, 4.27-31 во Стариот Тестамент.
Се во Стариот Тестамент има пријателче/колега во Новиот Тестамент и обратно. „Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.“ (Исаија 34:16, МК Библија 1990 год.)
 
 
ДВАТА, СТАРИОТ И НОВИОТ ТЕСТАМЕНТ ЗБОРУВААТ ЗА ИСКУПЕНИЕТО НА СИТЕ ГРЕВОВИ ОД ЛУЃЕТО
 
Дали ние треба да се покајуваме секој ден за нашите дневни гревови?
Не. Вистинско покајание е да ги признаете гревовите и да ја вратите мислата на човекот кон крштевњето на Исус со цел да и тој придобие искупение.
 
Во Стариот Тестамент, дневниот грев беше положен на/врз жртвата за грев со рацеполагањето. Жртвата требаше тогаш да искрвари и да биде осудена на местото од грешникот. И пренатрупаните гревови од целата година беа исто така положени на/врз жртвата за грев со раце полагање, за да сите луѓе можеа да бидат опростени за годишните гревови.
Во Новиот Тестамент, на потполно истиот начин, Исус Хрситос дојде и беше крстен кај реката Јордан за да ги земе сите гревови на човештвото. Така пророштвото на Словото Божјо од Стариот Тестамент беше исполнато.
Јован Крстителот, кој го крсти Исус, беше служител Божји кој што беше испратен 6 месеци пред Исус. Тој сведочеше дека Исус ги зеде сите гревови на светот, велејќи во Јован 1:29: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.).
Јован Крстителот ги положи гревовите на човештвото на/врз Исус со крштевањето Негово кај реката Јордан. На овој начин, Господ направи искупение за сите гревови на човештвото. Се што ние сега треба да правиме е да веруваме.
Сите гревови на светот беа положени на/врз Исус. Учениците Исусови рекоа во Апостолски дела 3:19: „Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување.“ (МК Библија 1999 год.).
Тие настојно не повикуваат нас да разбереме зошто Јован Крстителот го крсти Исус, зошто тој им рече на луѓето да го следат Него. Тој рече: „Покајте се и обратете се. Верувајте во искупе- нието на крштевањето на Исус. Бидете очистени од вашите гревови.“
Месијата дојде и наеднаш ги очисти гревовите на светот со тоа што беше крстен.Сите гревови на светот беа положени на/врз Исус на ваков начин. Така Заветот Божји беше исполнат со крштевањето на Исус, како што е запишано во Матеја 3:13-17.
„Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.).
За да го исполни спасението од Бога, Исус дојде при Јован за да биде крстен од него. Јован Крстителот беше посебниот служител Божји. Лука глава 1 вели дека Јован беше потомец на Арон, првиот првосвештеникот. Бог го избра Јован, потомец на првиот првосвештеник Арон, затоа што Тој сакаше претставникот за целото човештво да ја исполни сета правда.
Така, Бог одреди да Јован се роди во домот на првосвештеникот 6 месеци пред раѓањето на Исус. Јован Крстителот го подготви патот за Исус со извикувањето во пустината: „Покајте се, вие змијски породи! Бидете обрнати кон Него, или тој ќе ве отсече и ќе ве фрли во огнот. Верувајте во Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Покајте се и бидете крстени, тогаш вие ќе бидете искупени.“
Евангелието на искупението јасно е опишано во Дела ап. 3:19. Кога Јован Крстителот извикуваше во пустината за гревовите на човештвото, многу беа одвратени.
Затоа што Јован ги положи сите гревови на светот на/врз Исус, сите гревови на човештвото беа оддеднаш премавнати. Затоа што Јован Крстителот сведочеше дека Исус ги зеде сите наши гревови, ние знаеме дека ние можеме да бидеме спасени со верувањето во евангелието на искупението, евангелието на водата и крвта.
 
 
ПРИЧИНАТА ЗОШТО ЈОВАН ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДЕ ПРЕД ИСУС
 
Кое е значењето на „Така ни“?
① најправилно
② најсоодветно
③ неопходно на овој начин (непостои друг начин)
 
Оние чии што гревови беа очистени со верувањето во Исус, Спасителот, можат да го потврдат нивното спасение преку сведоштвото од Матеја за евангелието на кршевањето на Исус. Во Матеја 3:15-16, Исус дојде при Јован и рече: „Крсти ме.“ И Јован одговори: „Јас имам потреба да бидам крстен од Тебе, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (МК Библија 1999 год.).
Јован Крстителот беше оној кој го крсти Исус, познавајќи го Кој беше Тој. Јован беше служител Божји кој беше испратен да ги положи сите гревови на човештвото на/врз Исус. Затоа што Исус дојде како Спасителот да го исполни пророштвото од Стариот Тестамент, тој му заповеда на Јован Крстителот да го крсти Него со цел да ги земе сите гревови на/врз Неговата глава.
Зошто? Затоа што Исус е Синот од Бога Сесилниот, Создадителот, и Спасителот. Тој дојде кај нас со цел да ги очисти сите наши гревови. Така, со цел да го спаси целото човештво, тој требаше да биде крстен.
„Така“ Исус беше крстен од Јован Крстителот и ги очисти сите наши гревови. Тој беше осуден на нашето место на Крстот. Крштевањето на Исус беше сведоштвото на нашето спасение. Како што Бог завети во Стариот Тестамент дека сите гревови ќе бидат положени на/врз жртвеното Јагне, Синот Божји постана Јагнето и ги зеде сите наши гревови на/врз Себе.
Така обете: раце полагањето во Стариот Тестамент и крштевањето на Исус во Новиот Тестамент се пренесување на гревовите, и спасение и вечен живот им е даден на оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот. 
 
 
КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС ГИ ОЧИСТИ СИТЕ НАШИ ГРЕВОВИ
 
Како можеме ние да се облечеме во Христа?
Со крштевањето во Христа.
 
Кога Исус сакаше да биде крстен, Јован Крстителот се обиде да го одврати Него, велејќи : „Јас имам потреба да бидам крстен од Тебе, а Ти при мене ли доаѓаш?“
Но Исус одговори и рече: „Позволиго сега тоа, зошто така ни преилега да ја исполниме сета правда.“ Дозволи ги сега тоа. Дозволи го. Тој му рече на Јована: „Ти мораш да ги положиш сите гревови од сите луѓе на/врз Мене за да Јас ги доведам при Мене сите оние кои што веруваат во евангелието на водата на искупението. Јас тогаш ќе бидам осуден за сите нивни гревови за да сите кои што веруваат во Моето крштевање бидат наеднаш избавени од сите нивни гревови. Затоа позволи го сега тоа.“
Исус беше крстен од Јован Крстителот и крштевањето на Исус беше во согласност со праведниот Божји закон на искупението. Затоа што сите гревови беа положени на /врз Исус кога Тој беше крстен, ние можеме наеднаш да бидеме избавени кога веруваме во Исус и сме крстени. Затоа што Тој ги зеде врз Себе сите гревови преку рацеполагањето, умре на Крстот на нашето место и сега седи на десната рака од Бога, ние можеме да бидеме спасени со верувањето во искупението на водата и Духот.
Тој е Исус, кој не спаси нас од сите гревови на светот. Ние можеме да бидеме спасени со верувањето дека Исус ги зеде сите наши гревови и ја исплати платата за сите наши гревови на Крстот. Крштевањето на Исус беше почетокот на евангелието на искупението.
Крштевањето на искупението е често спомнато во Библијата и апостолот Павле исто така вели во Галатјаните дека тој беше распнат со Христа затоа што тој беше крстен во Христа и го облекол Христа. Апостолот Павле зборува за неговата вера во искупението преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот.
 
 
„ПОЗВОЛИ ГО СЕГА ТОА“
 
Која беше улогата на Јован Крстителот?
Неговата улога беше да ги положи сите гревови од светот на/врз Исус како прво свештеник за целото човештво.
 
Исус рече: „зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Сега правда значи да се премавнат сите гревови преку Неговото крштевање и да ги направи луѓето безгрев во нивните срца. „Тогаш тој Му позволи.“ Исус беше крстен кај реката Јордан.
Исто како и првосвештеникот ги положи неговите раце на /врз главата на јарецот, Јован Крстител ги стави своите раце на Исусовата глава и ги положи сите гревови на светот на/врз Него. Јован Крстителот беше првосвештеникот чија што должност беше да ги положи гревовите на светот на/врз Исус како претставникот за целото човештво. „Боже, јас ги положувам сите гревови на светот на/врз Твоето Јагне, Исус.“ Така сите гревови на светот беа положени на/врз Исус.
Јован Крстителот ги стави неговите раце на главата на Исус, го потопи Него во вода, и ги тргна неговите раце кога Исус излезе од водата. Крштевањето на Исус направи за праведните спасение. Така Исус ги спаси сите луѓе кои што веруваа во Неговото крштевање.
 
 
НЕБЕСАТА БЕА ОТВОРЕНИ И ГЛАС ДОЈДЕ ОД НЕБЕСАТА
 
Од кое време беше царството на небесата отворено?
Од деновите на Јован Крстителот (Матеја 11:12)
 
„А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (Матеја 3:16-17, МК Библија 1999 год.)
Кога Исус ги зеде сите гревови на светот со Неговото крштевање, небесата му беа отворени Него. Така Заветот Божји кој беше направен илјадници години пред тоа беше исполнат преку крштевањето на Исус кај реката Јордан.
Така Исус, како Јагнето Божјо, ги спаси сите луге на светот од нивните гревови. Сите гревови на светот беа положени на /врз Исус и Тој ја исполна волјата Божја.
Сведочено е во Јован 1:29: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.). Затоа што сите гревови беа положени на /врз Исус, Јагнето Божјо, тој одеше кон Крстот кај Голгота после три години со товарот на/врз Неговите рамења. Откако Тој ги зеде сите гревови со Неговото крштевање, каде и да Тој одеше, Тој им кажуваше на сите оние кои што го примија Него со вера дека нивните гревови беа простени.
Во Јован 8:11, Тој и рече на жената која што беше фатена на дело на прељуба: „Нити јас не те осудувам.“ Тој не можеше да ја осуди неа затоа што Оној кој требаше да биде осуден беше Исус Самиот, кој што ги беше зел сите гревови. Така, Тој им кажа на сите луѓе дека Тој беше Спасителот на грешници.
Затоа што Тој, Синот Божји, ги зеде сите наши гревови, секој верник на овој свет може да постане осветен. Небесата му беа отворени кога Тој беше крстен. Портите на царството небесно се отворија и секој кој што верува во крштевањето на Исус може слободно да таму влезе.
 
 
ИСУС БЕШЕ РАСПНАТ ОТКАКО ТОЈ ГИ ЗЕДЕ СИТЕ ГРЕВОВИ НА СВЕТОТ ПРЕКУ НЕГОВОТО КРШТЕВАЊЕ
 
Како Исус му ја сотре главата на Сатаната?
Со тоа што беше воскреснат од смртта после прифаќањето на осудата за сите наши гревови.
 
Затоа што сите гревови беа положени на /врз Неговата глава, Исус мораше да биде осуден на Крстот. Тој беше длабоко нажален и натоварен кога Тој мислеше на агонијата која Тој требаше да ја страда на Крстот. Тој се молеше се додека Негова пот постана како капки на крв. Кога Тој отиде со Неговите ученици на местото наречено Гетсеманија, Тој извика: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша;“ (Матеја 26:39 МК Библија 1999 год.). „Јас бев крстен и ги зедов сите гревови на светот, но не дозволувај Ми да умрам за тоа.“ Но Бог не одговори.
На Денот на Големото Очистување во Стариот Тестамент, жртвата за грев требаше да биде заклана за да нејзината крв можеше да биде испрскана пред капакот на милоста од страна на првосвештеникот. На истиот начин, Исус требаше да биде распнат и Бог одлучи дека Тој нема на каков друг начин да го тоа направи.
Алтарот е осудата Божја и крвта на жртвата е живот. Да се испраска крвта седум пати пред и на предната страна на капакот на милоста значи дека целата осуда е пренесена (Левит 16:1-22).
Исус се молеше кон Бога да Бог му дозволи да го одмине таа чаша. Но Неговиот Отец не го дозволи тоа и Исус конечно рече: „но не како Јас што сакам, туку како Ти“ (Матеја 26:39, МК Библија 1999 год.). Тој се молеше кон Бога да Бог направи како Него му е погодно. Тој ја заврши молитвата и ја следеше волјата од Неговиот Отец.
Исус се откажа од Неговата сопствена волја и се покори на волјата на Неговиот Отец. Зошто? Затоа што ако Тој не беше осуден после земањето на сите гревови на светот, спасението немаше да биде исполнато. Тој беше распнат затоа што Тој ги зеде сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање. „Зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.).
Бог го исполна Заветот кој што велеше дека Тој ќе го испрати Спасителот и ќе го спаси човештвото преку раце полагање, крштевањето на Исус. Исус беше покорен на волјата на Отецот и ја прифати осудата за нас.
Тоа исто така беше исполнување на пророштвото од Битие 3:15: „Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.“ (МК Библија 1999 год.). Бог му вети на Адам дека ќе го испрати Месијата, семе од Ева, и дека Тој ќе ја победи Сатанската сила која што го направи човекот да греши и да оди во пеколот.
Кога ние знаеме и веруваме во крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот, сите наши гревови се очистени и ние сме спасени од осудата.
Ние теба д имаме здраво верување во нашите срца кога ние во предвид го земаме крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Верувајте во тоа со вашите срца, и тогаш вие ќе бидите спасени.
 
 
КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС Е ПОЧЕТОКОТ НА НЕБЕСНОТО ЕВАНГЕЛИЕ
 
Која беше последната заповед Господова пред Тој да се вознесе на небесата?
Тој им заповеда не Неговите ученици да направат ученици од сите нации со крштевањето во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
 
Крштевањето на Исус беше почетокот на евангелието, и Тој ги спаси сите грешници со Неговото крштевање и крвта. Во Матеја 28:19, напишано е: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“ (МК Библија 1990 год.). Исус им рече на Неговите ученици да сведочат дека Отецот и Синот и Светиот Дух го спасија целото човештво од нивните гревови и ги очистија нив преку Неговото крштевање и Неговата крв.
Исус им ја даде нив силата да направат ученици од сите народи, да ги научат нив за крштевањето на Исус, крштевањето на искупението, крштевањето кое ги очисти сите гревови на светот.
Пред околу 2000 години Исус дојде на земјава во тело и беше крстен од Јован Крстителот. Со крштевањето на Исус, сите гревови на светот, вклучувајќи ги сите наши гревови, беа положени на /врз Него.
Колку грев беше положен на/врз Исус? Како стои со гревовите на утреден? Тој ни кажува дека дури и гревовите на утреден беа положени на/врз Него. Гревовите на нашите деца, тие од сите генерации, минатото, сегашноста и иднината, дури и тие на Адам беа положени на /врз Исус.
Како може да нема грев? Како можеме ние да сме безгрев? Затоа што Исус ги зеде сите наши гревови и сите гревови на светот со Неговото крштевање така да сите верници можат да се ослободат себе си од грев и да присвојат влез во Царството на небесата.
„А кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога“ (Јован 3:21, МК Библија 1999 год.).
Исус ги очисти сите наши гревови со Неговото крштевање, Неговата крв на Крстот, Неговата смрт и Неговото воскресение. Заради тоа верувајте во Неговото крштевање и Неговата смрт на Крстот за да бидете спасени од сиот грев. Ова е верата на искупението.
Кога ние веруваме во крштевањето и крвта на Христа, ние сме спасени. Кога ние правилно веруваме во Исус, дали ние тогаш сме праведни или грешници? Ние сме праведни. Дали сме безгрев дури и покрај тоа што сме нецелосни суштества? Да, ние сме безгрев. Да се верува во крштевањето на Исус и осудата на Крстот е да се има целосна и правилна вера.
 
 
ДА КРШТЕВАШ И ДА БИДЕШ КРСТЕН ВО ИМЕТО НА ИСУС
 
Кој е почетокот на небесното евангелие?
Крштевањето на Исус.
 
Затоа што човекот е нецелосно суштество, служителите ги крштеваат оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв за да ги направат нив да ја потврдат нивната вера. Поново родените го осугуруваат нивното поново раѓање со тоа што се крштеваат на истиот начин како и крштевањето на Исус како доказ за нивната вера.
Служителот најпрво се моли со неговите раце на главата на поново родената особа, прашува за благословот Божји за да така таа особа го обожава Него до крајот на нејзините денови. Тогаш тој ја крштева особата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Ние сме крстени врз основа на нашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв. Ова крштевање е да покаже дека сиот грев беше положен на/врз Исус, дека крстената особа умре со Исус и беше воскресната со Него.
Да се биде крстен е да се изјави верата на особата во положувањето на сите гревови на/врз Исус преку Неговото крштевање, беше осуден за гревовите на особата заедно со Исус и беше воскреснат со Него. Тоа е да се изјави верата на особата пред Отецот, Синот и Светиот Дух, Сатаната, и сите браќа и сестри. Тоа е да се исповеда дека особата била поново родена од водата и Духот.
Оние кои што веруваат во Исус, знаејќи го вистинското значење на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот,се спасени од сите гревови на светот.Заради тоа тие се крстени во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
„Старото помина, ете: сè стана ново“ (2 Коринтјаните 5:17, МК Библија 1999 год.). Старите дела поминаа и ние станавме поново родени како луѓе од вера. За да се осигураме во нашите срца, ние сме крстени. Ние сме крстени во Исус со верувањето во крштевањето на Исус.
 
 
ЖИВОТОТ ПОСЛЕ ПОНОВО РАЃАЊЕТО ОД КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ НА КРСТОТ
 
За што живеат поново родените?
Тие живеат за царството Божјо и Неговата правда, проповедајќи го евангелието преку целиот свет.
 
Животот после искупението и поново раѓањето мора да вклучува вера во словото Божјо. Тоа не треба да биде емоционален живот во кој што некој треба секој ден да се покајува за дневните гревови. Наспротив, тоа треба да биде верен живот во кој што сме секој ден осигурани дека Исус ги зеде сите наши гревови со Неговото крштевање.
Сите наши гревови беа положени на /врз Исус кога Тој беше крстен. Тој тогаш живееше три години со овој товар се додека Тој ја прифати осудата за сите наши гревови и беше крстен.
Заради тоа ние верниците треба да имаме вера во напишаното слово Божјо, а не во некакви емоции. Ако не успееме да го правиме ова, ние само ќе се грижиме за нашите дневни гревови откако ние сме искупени и поново родени.
Ние треба да го разликуваме предметниот поглед на гревот и да само веруваме во евангелието на водата и крвта. Ова е животот кој што искупениот треба да го води.
Што рече Јован Крстителот за Исус? Тој рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.). Тој сведочеше дека Исус ги зеде гревовите на денес, утре и вчера, се до оригиналниот грев.
Нели Тој ги зеде сите овие гревови? Не беа ли сите овие гревови положени на /врз Него? Гревот на светот ги вклучува сите гревови на минатото, сегашноста, и иднината. Ние треба да го потврдиме евангелието на искупението преку крштевањето на Исус.
Оној кој што верува во вистината на крштевањето на Исус и Неговата крв, ќе биде спасен. Секој еден кој што верува во крштевањето на Исус е без грев во неговото/нејзиното срце.
Меѓутоа, многу луѓе мислат дека тие сеуште имаат грев затоа што тие не се свесни дека сите нивни гревови веќе беа положени на /врз Исус преку Неговото крштевање. Тие се измамени од Сатаната. Станата им шепоти нив преку нивните телесни мисли. „Ти грешиш секој еден ден. Како можеш ти да бидеш без грев?“
Тие треба само да веруваат во Бога за да бидат без грев. Но Сатаната ги премамува нив со мислење дека тие се грешници затоа што тие грешат. Ни еден не е со грев ако тој /таа верува во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Затоа што ние живееме во овој свет како незадоволни и слаби суштества, ние никогаш не можеме да речеме дека постануваме праведни преку нашите дела. Но ние можеме со вера да речеме дека сме спасени преку верувањето во вистината на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Откако еднаш ќе разбереме дека преку верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, нашите срца постануваат осветени, ние знаеме со сигурност дека сме безгрев.
„♪ Јас бев искупен. Вие бевте искупени.Ние сите сме искупени.♪“ Тоа е толку радосно и среќно чувство да се живее со копеж да им се проповеда евангелието на водата и Духот на сите и дека ние сме раководени преку Духот.
Наравно да ние верниците грешиме секој ден но ние сме безгрев. Ние го имаме крштевањето на Исус и Неговата крв во нашите срца. Нашите срца беа некогаш исполнати со грев, но сега кога ние веруваме во крштевањето на Исус, како можеме ние да останеме грешни.
„Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум“ (Евреите 10:16, МК Библија 1999 год.).
Нашите срца се слободни од грев. Исус го направи можно за нас да бидеме искупени целосно преку Неговото крштевање и Неговата смрт на Крстот. Спасение од гревот произлегува од верата во словото Божјо.
 
 
СЕКОЈ ЕДЕН КОЈ ШТО ВЕРУВА ВО КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ НА КРСТОТ НЕМОЖЕ НИКОГАШ ПОВТОРНО ДА ПОСТАНЕ ГРЕШНИК
 
Дали постануваме повторно грешници кога ќе погрешиме?
Не, ние никогаш повторно не постануваме грешници.
 
Кога ние не верувавме во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, без разлика колку често ние се молевме за опростение, сеуште имаше грев во нашите срца. Но кога ние дојдовме да веруваме во вистинското евангелие, сите наши гревови беа очистени.
„Еј, како може да ти така јасно и блескаво да светиш и да си радосен овие денови?“
„Па види, јас немам повеќе грев во моето срце.“
„Навистина? Тогаш изгледа можеш да грешиш колку што сакаш?“
„Знаеш, човекот неможе друго освен да греши. Тоа што човекот е. Но Исус ги зеде сите гревови со Неговото крштевање и ја прифати осудата за нив на Крстот. За оваа причина јас сега се посветувам себе си да му служам на евангелието в црква. Римјаните глава 6 вели дека сите ние треба да вака живееме. Откако јас немам повеќе грев во моето срце, јас сакам да го извршувам праведното дело. Ние треба да веруваме во крштевањето на Исус и во Неговата крв на Крстот и да го проповедаме евангелието преку целиот свет! Кога ние веруваме во Исус, нашиот Господар на искупението, ние не можеме никогаш повеќе да постанеме грешници. Ние треба да веруваме во вечното спасение од крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Јас сум толку полн со благодарност!“
 
 
КОЈ ГО ПРИМА ДУХОТ?
 
Што сведочеше Јован Крстителот за Исус?
Тој сведочеше дека Исус беше Јагнето Божјо кое што ги зеде сите гревови на светот, односно,гревовите од минатото, сегашноста и иднината, дури и оригиналниот грев.
 
Секој кој што верува во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот прима спасение. Како ние го примаме Духот? Апостолски дела 2:38-39 ни го кажува одговорот на ова. „А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух. Зашто, ова ветување е за вас, за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.“ (МК Библија 1990 год.).
Да се биде крстен во името на Исус Христос значи да се верува во крштевањето на Исус и да се биде избавен. Тогаш Духот ќе биде даден како дар од Бога.
Да се биде крстен во името на Исус Христос исто така значи да се постане осветен со верувањето во Христовото крштевање и крвта. Кога ние ќе го прегрнеме ова верување, ние сме искупени и постануваме праведни. Верниците постануваат бели како снег преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
„ И ќе го примите дарот на Светиот Дух.“ Кога ние цврсто веруваме дека сите наши гревови беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање и дека Тој беше осуден за нив со Неговата смрт на Крстот, нашите срца се чисто измиени. Нашиот нов живот почнува кога ние веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв и го примаме дарот од Светиот Дух и постануваме чеда Божји.
„И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.). Ние треба да ја познаеме вистината на Господовата осуда на Крстот. Вистината е дека Исус ги премавна сите наши гревови со Неговото крштевање и Неговата смрт на Крстот. Искупение ни е дадено нас кога ние веруваме во вистината.
 
 
КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС НЕ ИСКУПИ НАС
 
Кој го прима Духот?
Оној кој е искупен од сите гревови преку верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
 
Искупението на гревот преку жртвениот систем од Стариот Тестамент го претставува крштевањето на Исус во Новиот Тестамент. Крштевањето на Исус е самата срж на сите пророштва од Стариот Тестамент. Пријателчето/ колега на рацеполагањето во Стариот Тестамент може да биде најдено во крштевањето на Исус во Новиот Тестамент.
Сите гревови на светот беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање како што гревовите на Израел беа положени на/врз јарецот за отпуштање со рацеполагањето.
Дали ние треба да веруваме во крштевањето на Исус за да бидеме спасени од сите наши гревови? Да! Ние треба да веруваме! Ние треба да ја прифатиме вистината за фактот дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање. Ако ние не веруваме во крштевањето на Исус нашите гревови не можат да бидат положени на/врз Него. Ние мораме да веруваме со цел да го направиме нашето спасение целосно. Инаку, ние не можеме да постанеме праведни.
Исус ги спаси сите грешници на светот на најправилниот и најправедниот начин со Неговото крштевање. Не може да биде на друг начин. Затоа што крштевањето на Исус беше процесот со кој што сите гревови беа положени на/врз Него, ние треба да веруваме во тоа за да бидат нашите срца перманентно очистени од грев.
Ние исто така треба да веруваме дека крвта на Исус беше осудата за сите наши гревови. Така, сите оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот се спасени од грев.
Ние треба да веруваме во крштевањето на Исус со цел да влеземе во царството небесно. Ова е единствениот начин според кој што ние можеме да бидеме избавени од гревот и да го избегнеме праведното осудение.
Крштевањето на Исус во Новиот Тестамент и рацеполагањето во Стариот Тестамент се пријателчиња/колеги. Овие две се поврзувачот и телефонската линија помеѓу Стариот и Новиот Тестамент.
Во Новиот Тестамент, Јован Крстителот дојде 6 месеци пред Исус. Кога Исус беше крстен, тоа беше: „Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји“ (Марко 1:1, МК Библија 1990 год.). Евангелието почнува од времето кога Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање.
Службата на спасението на човештвото беше извршена преку синџир од настани: раѓањето на Исус, Неговото крштевање, Неговата смрт на Крстот, Неговото воскресение, и Неговото вознесение на небесата. Кога ние го знаеме и го разбираме процесот на спасението според овој синџир од настани, ние сме спасени од сите наши гревови. Крштевањето на Исус беше почетокот на евангелието додека крвта на Крстот беше неговото исполнуваше.
„Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји“ (Марко 1:1, МК Библија 1990 год.). Ние не може да изоставиме нити едно од Неговите праведни дела - Неговото крштевање, Неговата крв на Крстот, Неговото воскресение, Неговото вознесение, и Неговото Повторно Доаѓање - од евангелието на Синот Божји.
Исус дојде на овој свет во телото и ги очисти сите гревови на човештвото со Неговото крштевање, ова беше почетокот на небесното евангелие. Ако едно од овие недостасуваше, небесното евангелие немаше да биде целосно.
Заради тоа, ако човек е да биде поново роден, тој /таа треба да верува во Христовото крштевање и Неговата крв. Овие денови, многу луѓе не веруваат во вистината на крштевањето на Исус и Неговата крв. Тие мислат дека крштевањето беше обичен ритуал. Ова е сериозно погрешно сфаќање. Секој еден кој верува во Исус исто така треба да верува во Неговото крштевање и крвта.
Како можат нашите гревови да бидат очистени со едноставното молење за опростение? Сите наши гревови беа положени на/врз Исус кога Тој беше крстен од Јован Крстителот. Немаше друг начин за Него да ги земе гревовите од човештвото освен вака.
Луѓето треба да бидат поново родени од водата и Духот за да влезат во царството Божјо. Не може да има искупение без водата на крштевањето, крвта на Крстот, и Духот. Само некој кој е поново роден од водата и Духот може да го види Бога, како што Исус му рече на Никодим во Јован 3:5. Вистинско спасение доаѓа кај нас само кога ние веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв.
 
 
МОЖЕМЕ ЛИ НИЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ БЕЗ КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС?
 
Како Исус постана наш Спасител?
Со земањето на сите наши гревови преку Неговото крштевање.
 
Ако од Господовата служба го изоставевме фактот дека Исус дојде на светот и ги зеде сте наши гревови преку Неговото крштевање, или ако не ја заприметиме светоста на Исус, кој беше роден кај Девицата Марија, или го негираме верувањето во Крстот на Исус, Христијанството ќе постане едноставна, суетна религија која ги води верниците до песнопение „прости ми, прости ми, прости ми“ како што и Будистите прават во нивните храмовите.
Да се изостави крштевањето на Исус значи дека нашите гревови не беа положени на/врз Него. Нашата вера би била безначајна правејќи не нас ништо подобри од долгувачот кој што тврди дека неговите долгови се исплатени додека всушност тој ништо не исплатил. Тоа ќе не направи сите нас лажговци. Ако долгувачот би рекол дека ги исплатил сите долгови кога всуштина ништо за тоа не направил, тој сеуште ќе биде долговач во дело и совест.
Исус ги очисти верниците чисто со водата на Неговото крштевање и ги направи нив чеда Божји. Исус ги зеде сите гревови на светот преку Јован Крстителот, за да сите верници можат да бидат осветени. Кога ние знаеме и веруваме во ова, нашите срца постануваат засекогаш чисти.
Фала Му на Бога за Неговата милост. Лука 2:14 вели: „Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!“ (МК Библија 1999 год.). Нашата вера во водата и крвта на Исус ни донесува целосно спасение и не прави нас чеда Божји. Крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот не спасува нас и секој еден кој што верува во овие две дела е спасен.
Ништо од Неговото дело не може да биде изоставено. Некои веруваат само во крвта, велејќи дека апостолот Павле не се фалеше за ништо друго освен за Крстот. Но крштевањето на Исус беше вклучено во Неговиот Крст.
Ние можеме да видиме во Римјаните глава 6 дека Павле исто така беше крстен во Христа и дека умре со Христа. И исто така во Галатјаните 2:20 „Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене.“ (МК Библија 1999 год.).
И во Галатјаните 3:27-29: „Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа. Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса. А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето.“ (МК Библија 1999 год.).
Да се биде крстен во Христа значи да се верува во сите дела кои што Тој ги направи на овој свет, Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Да се верува во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот е да се верува во вистината дека Исус ги премавна сите наши гревови пред околу 2000 години. Нема друг начин кој што ни донесува нас спасение.
 
 
НИЕ СМЕ СПАСЕНИ ПРЕКУ БОГА КОГА НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И НЕГОВАТА КРВ НА КРСТОТ
 
Дали можат нашите гревови да бидат премавнати само со молењето за опростение?
Не. Опростение на грев е можно само преку нашата вера дека сите гревови беа положени на /врз Исус кога Тој беше крстен од Јован Крстителот.
 
„Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение“ (Римјаните 10:10, МК Библија 1990 год.).
„Бидејќи сите кои се крстивте во Христос, се облековте со Христос“ (Галатјаните 3:27, МК библија 1999 год.). Нашата вера не води нас да бидеме крстени во Христос, за да го облечеме Христос, и да постанеме чеда Божји. Кога Исус дојде на овој свет и беше крстен, сите наши гревови и гревовите на светот беа положени на/врз Него.
Нашата вера не доведе нас да се соединиме со Христос. Ние умревме кога Тој умре. Ние бевме воскреснати кога Тој беше воскреснат. Сега затоа што ние веруваме во крштевањето на Исус, Неговата крв, и Неговото воскресение, Неговото вознесение, и Неговото доаѓање, ние можеме да влеземе во царството Божјо и да живееме вечно.
Кога луѓето веруваат само во крвта на Исус, тие не можат освен да само страдаат од гревот кој е останат во нивните срца. Зошто? Затоа што тие нити знаат нити го прифаќаат значењето на крштевањето на Исус, кое што ги зеде сите нивни гревови и ги очисти нивните грешни срца бели како снег за вечност.
Дали верувате во крштевањето на Исус и Неговата крв која ве спасува вас од сите ваши гревови? Ве молам верувај те . Без верувањето во крштевањето на Исус, вашата вера е залудна. Без вера во крштевањето на Исус, вие не можете да бидете искупени од вашите гревови; вие сте верени со невозвратна љубов.
Оние кои што веруваат само во Крстот велат: „Исус е мој Господ, мој Спасител, кој умре на Крстот за мене. Тој воскресна повторно од смртта и сведочеше за Неговото воскресение за време од 40 денови пред да биде вознесен на небесата и сега седи на десната рака на Бога. Јас верувам дека Тој ќе дојде по Втор пат за да ни суди нас и јас се молам дека Исус ќе ме целосно смени за да јас можам да го сретнам. О, мој возљубен Исус, мој Господи.“
Тие прашуваат за опростение за нивните гревови со надеж да бидат без грев, но сеуште постои грев во нивните срца. „Јас верувам во Исус но јас имам грев во моето срце. Јас го љубам Исус, но јас имам грев во моето срце. Јас не можам да речам: „Те молам дојди кај мене Младоженецу“ затоа што јас имам грев во моето срце. Така јас се надевам дека Исус ќе дојде кога јас ќе бидам добро приготвен/а и само кога јас се молам и покајувам посилно. Јас го љубам Исус со моето срце но не можам да се осмелам да се соочам со него заради гревот во моето срце.“
Ако Исус беше да ги праша ваквите луѓе: „Зошто мислите дека сте нецелосни?“
Тие би одговориле: „Господи, јас знам дека не сум праведен затоа што грешам секој ден. Така те молам повикај ме кога ги повикуваш грешниците.“
Тие не знаат дека Господ, Создадителот и Судијата, нити ќе прифати грешници нити пак ќе ги направи нив Негови чеда.
Младоженецот дојде и ги реши сите проблеми од гревот за невестата, но затоа што невестата не знаеше таа беше измачувана. Кога ние мислиме дека ние сме грешници затоа што сме погрешиле со телото, ние немаме вера во Бога. Кога ние нити ја знаеме нити ја разбираме вистината на словото Божјо, гревот во нашите срца се размножува.
 
Зошто некои луѓе страдаат од гревот кој што останал во нивните срца?
Затоа што тие нити го знаат нити го прифаќаат во нивните срца значењето на Исусовото крштевање, кое што ги зеде сите нивни гревови.
 
Младоженецот ги зеде сите гревови на светот? Каде? Кај реката Јордан кога Тој беше крстен. Оние кои што не веруваат сеуште се грешници. Тие остануваат осквернети (нечисти) невести.
Младоженецот ја прашува невестата: „Како можеш да ме љубиш кога не си Моја невеста? Пред да Ме викаш Мене Твој младоженец, сите твои гревови треба да бидат очистени.“
Можеме ли да бидеме искупени без крштевањето на Исус? Не! Ние сме создадени во обличието Божјо, така да ние бараме правда во нашите срца, и нашата совест се обидува да само биде права. Но невозможно е за нас да мислиме дека сме без грев ако нашето срце остане не очистено од гревот. Само кога ќе го прифатиме и веруваме во крштевањето на Исус ние можеме навистина да речеме дека сме без грев и праведни.
Нашата совест не може никогаш да постане осветена ако ние се сметаме себе си да сме без грев додека во суштина ние имаме грев во нашите срца. Нити пак Бог може нас во ваква состојба да не прифати. Бог никогаш не лаже.
Бог му рече на Мојсеј да направи попис на луѓето на Израел и да ги изброи нив и да му плати Него откупнина за нивниот живот. Богатите не даваа повеќе од сиромашните но сите дава по еден шекел. Секој еден мораше да плати откупнина.
Заради тоа, како може човек да постане осветен ако тој не верува во Исус кој му плати откупнина за неговиот живот? Тој сигурно има грев.
Кога ние веруваме во само крвта на Исус, ние имаме грев во нашите срца и треба да признаеме дека сме грешници. Но кога веруваме во евангелието на Неговото крштевање и Неговата крв заедно, ние можеме навистина да тврдиме дека сме без грев. Спасението и вечниот живот се наши.
 
 
БОГОХУЛСТВО ПРОТИВ СВЕТИОТ ДУХ
 
Каков грев го осудува човекот за пеколот?
Гревот против Светиот Дух, со други зборови, да не веруваш во крштевањето на Исус.
 
Римјаните 1:17 вели: „Бидејќи во него се открива правдата Божја од вера во вера.“ (МК Библија 1999 год.). Правдата Божја е откриена во евангелието. Исус Христос дојде на овој свет и ги очисти сите наши гревови со Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Крштевањето на Исус и Неговата крв е силата на евангелието. Исус ги очисти нашите гревови еднаш засекогаш.
Да се верува значи спасение, а не да се верува значи вечен пекол. Нашиот Отец во небесата го испрати Неговиот едино возљубен Син Исус на овој свет и Го крсти Него за искупението на нашите гревови. Така секој еден кој што верува во Него може да биде очистен од сите негови беззаконија.
Единствениот грев останат на овој свет е гревот на неверувањето во Неговото крштевање и крвта. Неверувањето е богохулство против Светиот Дух и грев кој ќе биде суден од Бога, осудувајќи го невер-никот за пеколот. Тоа е најсериозниот грев од сите. Секој еден од вас кои што го извршиле овој грев треба да се покаете и да бидете искупени со верувањето во крштевањето на Исус. Ако не, вие ќе бидете засекогаш уништени.
Дали сте вие спасени преку сведоштвото на искупението, преку Неговото крштевање и крвта? Дали вие го примивте сведоштвото на Јован како што е запишано во Јован 1:29: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ (МК Библија 1999 год.). Дали верувате во крштевањето на Исус и Неговата крв како што е напишано во Евреите 10:18: „А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“ (МК Библија 2000 год.).
Бог ги обележува во срцата нивни оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв. Бог ги прави нив Негови чеда. Оние кои што веруваат во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот се избавени преку праведната љубов од Исус.
Тој кого Бог го испраќа ги зборува словата Божји, но оној кој е од земјата, кој не бил испратен од Бога, проповеда во согласност со неговата сопствена мисла. Има многу на оваа земја кои што го проповедаат словото Божјо, и оние кои што се испратени од Бога зборуваат за крштевањето на Исус и Неговата крв.
Но оние кои што ги проповедаат нивните сопствени зборови, тие ги изразуваат со ова само нивните мисли. Тие велат:„ Ние сме избавени од оригиналниот грев, но секој еден треба да се покајува за нивните дневни гревови.“ Тие велат дека ние можеме постепено да постанеме осветени.
Но може ли човек сам од себе да постане осветен? Можеме ли ние да постанеме осветени со силата на нашите напори или преку нашите дела? Дали сме ние осветени затоа што Бог ги очисти сите наши гревови, или сме осветени затоа што ние се обидуваме да оствариме искупение самите од себе?
Вистинската вера е тоа што нас не осветува. Можеме ли јагленот да го направиме бел кога него илјада пати ќе го измиеме? Можеме ли темната кожа да ја направиме бела со луга? Ни најголемата количина на сапун и луга не може да ги очисти нашите гревови, и нашата праведност е како валкано ѓубре. Дали ние постануваме праведни со верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот или со верувањето во само крвта на Исус?
Вистинската вера произлегува од водата на Исусовото крштевање и крвта на Крстот. Спасението не доаѓа како резултат на нашите напори. Само нашата вера во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот не ослободува нас од гревот и не прави нас праведни.
Отецот ги даде сите луѓе во рацете на Неговиот Син, и секој еден кој што верува во Него ќе има вечен живот. Да се верува во Синот значи да се верува во искупението преку Неговото крштевање и крвта. Секој еден кој што верува ќе има вечен живот како чедо Божјо. Секој еден кој што е спасен живее понатаму засекогаш од десната страна на Бога.
Вера во крштевањето на Исус и Неговото Единство со Бога е исто вера во Духот. Словото на вистината ни дозволува нас да сме поново родени. Ние сме спасени со верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв.

Имајте вера. Да се верува во крштевањето на Исус и Неговата крв е да заслужите искупение. Имајте вера во вистинското евангелие и примете го опроштението на грев.