(Матеја 7:21-23)
„Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (МК Библија 1999 год.)
МОЖЕБИ И ЈАС СУМ ЕДЕН...
Дали секој еден кој вели: „Господи, Господи “ влегува во царството небесно?
Не. Само оние кои ја исполнуваат волјата Божја.
Исус вели: „Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.“ Оние зборови забодија страв во срцата на многу Христијани, предизвикувајќи ги нив да напорно работат за волјата Божја.
Повеќето Христијани мислат дека единственото нешто кое што тие треба да го прават е да веруваат во Исус за да влезат во царството небесно, но Матеја 7:21 ни кажува дека не секој еден кој Му вели Него: „Господи, Господи,“ ќе влезе во царството небесно.
Многу кои ги читаат овие стихови се нагонети да се запрашуваат: „Можеби и јас сум еден.“ Тие се обидуваат да се убедат себе си вака: „Не, Исус мора да мислеше на неверниците кога го рече ова.“ Но мислата сепак останува во нивните памет и постојано им досадува.
Така, тие се обесуваат на стиховите кои што доаѓаат после нив: „а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.“ и мислат дека тие можат да го прават тоа со верното плаќање на десетокот, со рано утринските молитви, проповедање, извршување на добри дела и не погрешување....и така напорно се обидуваат. Многу жал ми паѓа кога ги гледам вака.
Многу луѓе прават грешки затоа што тие не ги разбираат овие стихови. Така јас сакам јасно да ги објаснам овие стихови за да сите ние ја знаеме волјата Божја и да живееме според таа волја.
Прво, ние мораме да знаеме дека волјата на Бога беше за Неговиот син да ги земе сите гревови на луѓето и на тој начин да не нас ослободи од гревот.
Во Ефесјаните 1:5, напишано е: „откако предопредели да не посини за Себе преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја.“ (МК Библија 1990 год.).
Со други зборови, Неговата волја за нас е да го знаеме вистинското евангелие дека Исус Христос ги очисти сите наши гревови, така дозволувајќи ни нас да бидеме поново родени. Тој сака да ние бидеме поново родени од водата и Духот со положувањето на сите гревови врз/на Неговиот Син, Исус. Ова е волјата Божја.
САМО ЗА ИЗГОВОР: „ГОСПОДИ! ГОСПОДИ!“
Што мораме ние да знаеме кога веруваме во Исус?
Волјата Божја.
„Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата“ (Матеја 7:21, МК Библија 1999 год.).
Ние треба да ја разбереме волјата Божја на два начина. Прво, ние треба да знаеме дека Негова волја е да ние придобиеме опростение за нашите гревови и да постанеме поново родени од водата и Духот. Второ, ние треба да работиме врз основа на таа вера.
Негова волја е да ги премавне сите гревови на сите луѓе на земјава. Сатаната го донесе паѓањето на нашиот предок Адам преку грев. Но волјата на нашиот Отец е да ги очисти сите гревови на луѓето. Ние треба да разбереме дека волјата на нашиот Отец не е да ние верно принесуваме десетоци и да принесуваме рано утрински молитви, но да не спаси сите нас од грев. Негова волја е да ги спаси луѓето од давење во морето на гревот.
Библијата вели дека не секој кој вели: „Господи, Господи“ ќе влезе во царството небесно. Ова значи дека ние не треба да само веруваме во Исус, но и да знаеме што нашиот Отец за нас сака. Негова волја е да не спаси нас од грев и од осудата на пеколот,знаејќи го наследството од Адам и Ева значи дека ние не можеме друго освен да живееме во грев.
ВОЛЈАТА БОЖЈА
Која е волјата Божја?
Да не направи нас Негови чеда со ослободувањето наше од грев.
Матеја 3:15 вели: „Зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.” Тоа беше така за да се исполни Божјиот план дека Исус дојде на овој свет за да не спаси нас сите од грев . Волјата Божја беше исполнета кога Исус беше крстен од Јован Крстителот.
Тој сакаше да не спаси нас сите и да не направи нас Негови чеда. Со цел да го направи тоа, Неговиот Син требаше да ги земе сите наши гревови. Тоа беше Негова волја за да ги направи сите луѓе Негови чеда. Така Тој го испрати Неговиот единствен Син за да ги земе гревовите од луѓето кои што беа паднале во Сатанските спојки. Негова волја беше да го жртвува животот на Својот единствен Син за сите луѓе за да тие можат да постанат Негови чеда.
Кога Исус беше крстен и умре на Крстот, волјата Божја беше исполнета. Исто така Негова волја е да ние веруваме дека сите гревови беа положени на/врз Исус кога Тој беше крстен и дека Тој ја прими осудата за сите наши престапи преку Неговата смрт на Крстот.
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“ (Јован 3:16, МК Библија 1976 год.). Бог ги спаси Неговите луѓе од грев. За да го направи ова, првото дело кое Исус го направи во Неговата јавна служба беше да биде крстен од Јован Крстителот.
„А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.” Тогаш тој Му позволи“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.). Волјата Божја беше дека Исус дојде на овој свет, ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање, умре на Крстот и беше воскре-снат.
Ние треба ова јасно да го знаеме. Многу луѓе го читаат Матеја 7:21 и мислат дека Негова волја за нас е да му служиме на Господа до мигот на нашата смрт со принесувањето на сите наши светски сопствености за изградба на цркви.
Драги Христијани, ние кои што веруваме во Исус треба прво да ја знаеме волјата Божја за да ја исполнуваме оваа. Погрешно е за вас да си се посветите на црквата без да ја знаете Неговата волја.
Луѓето често се запрашуваат себе си што друго може да има освен да се живее верски живот во нивните православни цркви. Но јас самиот учев Калвинизам во Пресбетеријанската црква и бев израснат од адоптивна мајка која што беше религиозна како и ветеринарски пастир. Јас учев во така наречената православна црква.
Апостолот Павле рече дека тој исто така можел да се фали дека бил од редот Венијанимов и дека го учел Законот под Гамалиел, кој што беше голем учител во тоа време. Пред Павле да беше поново роден, тој беше на пат да ги стави в притвор оние кои што веруваа во Исус. Но на патот кон Дамаск тој најде вера во Исус и постана праведен преку верувањето во поново раѓањето од водата и Духот.
НИЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗНАЕМЕ ВОЛЈАТА БОЖЈА ПРЕД ДА МОЖЕМЕ ДА ЈА ИСПОЛНУВАМЕ
Што е морално пред да ние веруваме во Исус?
Ние прво треба да ја знаеме Неговата волја
Волјата Божја е нашето осветение. „Зашто Божјата волја е вашето осветување: да се воздржувате од блудство“ (1 Солунјаните 4:3, МК Библија 1990 год.). Ние знаеме дека волјата Божја е да ние бидеме целосно осветени преку водата и Духот и да живееме во вера целиот наш живот.
Ако има таков кој верува во Исус но сеуште има грев во неговото срце, тој не живее во согласност со волјата Божја. Тој ќе бара да ние бидеме осветени преку спасението најдено во Исус. Да го знаете ова е да ја исполнувате волјата Божја.
Кога ќе ве прашам: „Дали сеуште имате грев во вашето срце додека вие верувате во Исус? и вашиот одговор е да. Тогаш јасно е дека вие не ја знаете волјата Божја. Волјата Божја е да ние бидеме осветени и спасени од сите наши гревови преку вера во водата и Духот.
Еднаш беше еден човек кој имаше покорни синови. Еден ден тој го повика постариот, кој исто така беше најпослушен, и му рече: „Оди во она село ,отаде нивата...“
Пред да заврши да зборува, синот му рече: „Да татко“ и замина. Тој не чекаше да слушне што треба да направи. Тој само отиде.
Таткото викаше по него: „Сине добро е што си толку покорен и послушен, но почекај додека ти кажам што сакам да направиш таму.“
Но синот одговори: „Се е добро татко. Јас ќе ти сум покорен. Кој ти е повеќе послушен од мене?“
Но нормално тој се врати назад со празни раце. Тој не можеше да ја исполни волјата на таткото без да знае што тој сакаше да биде направено. Тој само слепо беше послушен.
Ние можеме да сме како овој син ако не го знаеме Исус Христос. Многу се посветуваат себе си, ги следат теолошките доктрини, принесуваат верно десетоци, се молат по цела вечер, постат...се без да ја знаат волјата Божја.
Кога тие ќе умрат со грев во нивните срца, тие се враќаат од портите на небесата. Тие беа толку страсни во исполнувањето на волјата Божја но тие не знаеја што Бог сакаше.
Што значи да правиш Незаконски дела?
Да веруваш во Исус како грешник без познавање на евангелието на водата и Духот.
„Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеја 7:22-23, МК Библија 1999 год.).
Има дела кои што Бог сака да ние ги исполнуваме но има и вера која што Бог ја бара од нас. Тој сака да ние веруваме дека Исус ги зеде сите наши гревови. Многу пророкуваат, гонат бесови, и прават чуда во Неговото име без да имаат знаење за вистината на водата и Духот.
Правењето на чуда значи градење на многу цркви, продавањето на сопственостите за да ги донираат во црквата, принесување на сопствениот живот на Господа, измеѓу сите работи.
Да пророкуваш во Негово име значи да бидеш водич. Ваквите луѓе се како Фарисеите кои што се фалеа со нивното живеење според Законот додека го противречеа Исус. Ова истото се однесува на оние ќе -бидат православни Христијани.
Да изгонуваш бесови значи дека употребуваш сила. Тие сите се толку страсни во нивната вера, но Господ ќе им каже нив на крајот дека Тој не ги познава. Тој ќе ги праша како тие го знаат Него, кога Тој не ги познава нив.
Господ вели: „’И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’„ На тој ден, множества народ ќе Му викаат Него: „Господи, јас верувам. Јас верувам дека Ти си мој Спасител.“ Тие ќе му велат дека го љубат но тие имаат грев во нивните срца. Господ ги нарекува нив извршители на незаконски дела (грешниците кои што не се избавени) и ќе им рече да бегаат од Него.
На тој ден, оние кои што умреа без да бидат поново родени ќе викаат пред Него: „Јас пророкував, изградив многу цркви и испратив 50 мисионери во Твое име.“
Но Исус ќе им изјави на тие грешници: „‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“
„Како мислиш? Не знаеш ли дека прорекував во Твое име? Јас и служев на црквата многу години...Јас учев други да веруваат во Тебе. Како можеш да не ме познаваш?“
Тој ќе одговори: „Јас никогаш не сум те познавал. Ти тврдиш дека ме познаваш Мене но сепак имаш грев во твоето срце, бегај од Мене!“
Незаконски е пред Бога да веруваме во Него со грев во срцето или да не веруваме во согласност на Неговиот закон на спасението. Незаконски е да не ја знаеме Неговата волја. Незаконски е да се обидуваме да ја исполнуваме Неговата волја без познавањето или без да го знаеме благословот на поново раѓањето од водата и Духот. Исто така незаконски е да го следиме Него без да ја исполнуваме Неговата волја. Беззаконие е грев.
ВОЛЈАТА БОЖЈА ВО БИБЛИЈАТА
Кои се чедата Божји?
Праведните кои што немаат грев.
Негова волја е да ние веруваме во евангелието на поново раѓањето од водата и Духот. Вистинското евангелие го поттикнува нашето прераѓање. Исто така Негова волја е да ние живееме за евангелието како Негови чеда. Ние треба да ја знаеме волјата Божја, но многу не го знаат евангелието на поново раѓањето од водата и Духот.
Кога јас ќе ги запрашам луѓето зошто тие веруваат во Исус, многу велат дека тие веруваат во Исус со цел да бидат спасени од нивните гревови.
Јас прашувам потоа: „Тогаш дали имате грев во вашето срце? “
Тие велат:„Нормално да имам.“
„Тогаш дали сте спасен или не сте?“
„Наравно да сум спасен.“
„Може ли грешник кој што има грев во срцето негово да влезе во царството небесно.“
„Не, тој не може.“
„Тогаш, дали вие одите во царството небесно или во огнот на пеколот?“
Тие велат дека одат во царството небесно, но можат ли таму да одат? Тие ќе одат во пеколот.
Некои мислат дека поради тоа што тие веруваат во Исус, тие можат да влезат во царството небесно дури и ако тие имаат грев во нивните срца и дека да тоа е волјата Божја за нив да вака прават. Но Бог не прифаќа грешници во царството небесно.
Која е волјата Божја? Вели во Библијата дека волјата Божја за нас е да веруваме во Неговиот Син, да веруваме во благословот на искупението преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Оние кои што веруваат во благословот на поново раѓањето од водата и Духот постануваат Негови чеда. Негови праведни чеда.
Кога Бог не нарекува нас праведни, дали тој смета Христијански грешник за праведен? Бог не може никогаш да лаже. Така пред Него, вие сте или грешник или праведен човек. Не може никогаш да биде како „да се засмета да е без грев“. Тој ги повикува само оние кои што веруваат во евангелието на водата и на Духот да бидат осветени.
Како можеме ние да постанеме чеда Божји?
Со прифаќањето на евангелието на водата и на Духот.
Затоа што Бог ги положи сите гревови на луѓето на /врз Неговиот Син, дури и Неговиот Син требаше да биде осуден на Крстот. Бог не може никогаш да каже лага. Тој вели: „Зашто смртта е плата за грев “ (Римјаните 6:23, 1999 год.). Кога Неговиот Син умре, темнина се спушти на земјата за време од три часа.
„Извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?“ (Матеја 27:46, МК Библија 1999 год.).
Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање за да ги спаси сите луѓе од нивните гревови. Тој ги зеде гревовите од луѓето, знаејќи дека Тој требаше да биде распнат и оставен од Бога, Неговиот Отец. Така Бог го осуди Неговиот единствен Син за гревовите кои што Тој ги зеде кај реката Јордан и го сврти Своето лице од Неговиот Син за време од три саата.
„А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји“ (Јован 1:12, МК Библија 1990 год.).
Дали сте вие чеда Божји? Ние сме поново родените затоа што ние сме го прифатиле евангелието на поново раѓањето од водата и Духот. Оние кои што се поново родени од водата и Духот се праведни. Сега ние сите сме постанале праведни.
„Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?“ (Римјаните 8:31, МК Библија 1999 год.). Кога праведен човек се нарекува себе си праведен пред Бога и пред луѓето, оние кои што не се поново родени настојуваат да го осудат. Така апостолот Павле вели: „Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е, Кој ги оправдува.“ (Римјаните 8:33, МК Библија 1990 год.). Бог ги премавна сите гревови преку Исус и не вика нас осветени, праведни и Негови чеда. Тој ни даде нас право да постанеме славни чеда Божји.
Оние кои што се поново родени од водата и Духот се Негови чеда. Тие живеат вечно со Него. Тие не се повеќе созданија во овој свет туку чеда Божји кои и припаѓаат на небесата.
Сега откако тие се праведни чеда Божји, нема ниту еден кој може да ги осудува, да им суди, или да ги одвои нив од Бога.
Ние мораме да го знаеме евангелието на водата и Духот со цел да веруваме во Исус. Ние мораме да ја знаеме Библијата. Моралност е да ние ја знаеме и да веруваме во волјата Божја со цел да ја исполнуваме.
ВОЛЈАТА БОЖЈА Е ГРЕШНИЦИТЕ ДА СЕ ПОВТОРНО РОДАТ ОД ВОДАТА И ДУХОТ
Зошто Бог го испрати Неговиот Син во обличие на грешен човек?
За да ги положи сите гревови на/врз Него.
Волјата Божја е што ние постанавме искупени и поново родени од водата и Духот. „Зашто Божјата волја е вашето осветување“ (1 Солунјаните 4:3, МК Библија 1990 год.).
Волјата Божја беше да го испрати Неговиот Син за да сите гревови бидат положени на /врз Него и да ние бидеме спасени. Ова е законот на Духот кој ни овозможува нас да бидеме поново родени од водата и Духот. Тоа не ослободи нас од сите гревови.
Ние сме искупени. Сега можете ли сите вие да ја познаете волјата Божја? Негова волја е да не избави сите нас. Тој не сака да ние правиме компромиси со Неговото слово но наспротив Тој сака да ние само веруваме во Негово Слово и да го само Него обожаваме.
Исто така волјата Божја е да оние кои што се поново родени да сведочат за евангелието и да живеат во црквата, посветувајќи се себе си за работата на донесувањето на други души кај Бога.
Ние погрешуваме, но не затоа што сакаме, но заради тоа што сме слаби. Но Исус ги зеде сите овие гревови. Бог ги положи сите гревови на светот на/врз Исус преку Јован Крстителот. Тој го испрати Неговиот сопствен Син за таа цел и го крсти Него од Јован. Ние сме спасени преку верувањето во ова. Ова е волјата Божја.
ВОЛЈАТА БОЖЈА Е ДА НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИСУС, КОГО ТОЈ ГО ИСПРАТИ
Зошто Исус дојде во обличието на грешен човек?
За да ги земе сите гревови на човештвото.
Библијата вели дека исполнување на волјата Божја е да веруваш во оној кого Тој го испратил. „А тие Му рекоа: “Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?“ Исус им одговори и рече: “Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он.“ А тие Му рекоа: “Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пустињата, како што е напишано: ‘Леб од небото им даде да јадат’“ (Јован 6:28-31, МК Библија 1990 год.).
Луѓето му рекоа на Исус дека Бог му дал на Мојсеј знак кога тој беше на пат кон земјата Ханаан, давајќи им на Израелците мана од небесата, и како резултат на тоа тие веруваа во Бога (Јован 6:32-39). Луѓето го прашаа Исус: „Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?“
Исус им одговори дека тие треба да веруваат во Него за да извршуваат дела Божји. Ако ние ги извршуваме делата Божји, ние треба да веруваме во делата на Исус Христос. Волјата Божја за нас не е само да веруваме и да го проповедаме евангелието, но и да го живееме.
Бог ни заповеда нас: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазата се што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!“ (Матеја 28:19-20, МК Библија 1990 год.).
Исус јасно ни кажува нас да крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Се што Тој направи за Отецот и Светиот Дух е содржано во Неговото крштевање. Кога ние ќе го разбереме ова, ние можеме да веруваме во Бога и да видиме се што Исус направи на овој свет и како Духот сведочеше за тоа.
Исус беше испратен од Бога да сведочи за евангелието на водата и Духот. Заради тоа кога ние веруваме во Словото Божјо и Неговиот служител ние сме спасени.
ДА СЕ ИСВРШУВА ВОЛЈАТА БОЖЈА
Која е целта на нашиот живот?
Да ја извршуваме волјата Божја со распространувањето на евангелието преку целиот свет
Ако ние сме да ги извршуваме делата Божји, ние прво треба да веруваме во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот. Извршување на делото Божјо е да веруваме во Оној кого Бог го испратил. Со цел да веруваме во Исус, ние треба прво да веруваме дека Тој не спаси нас со водата и крвта.
Волјата Божја е исполнета во нас кога ние веруваме во Исус и го проповедаме евангелието. На ваков начин ние извршуваме дела Божји. Тој ни кажа нас дека само оние кои што веруваат во благословот на поново раѓањето од водата и Духот може да влезат во царството небесно.
Ајде да сите ние ги заземеме нашите места во небесата со препознавањето на вистинската волја Божја, со знаењето и верувањето дека сите наши гревови беа положени на/врз Исус со Неговото крштевање. Со живеењето за раширување на Неговото царство, и со проповедањето на евангелието до денот на нашата смрт.
Драги Христијани! Оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот се оние кои што ги извршуваат делата Божји. Извршување на делата Божји е да се верува во Оној кого Бог го испрати. Извршување на делата Божји е да се верува дека сите гревови беа положени на/врз Оној кого Бог го испрати и дека Исус Христос е наш Спасител.
Делото на избавувањето на луѓето од гревот беше исполнето кога Исус беше крстен кај реката Јордан и умре на Крстот. Вториот дел од делото Божјо е да се верува во Оној кого Бог го испратил, да се верува во Спасителот кој ги зеде сите гревови на светот, и да се проповеда евангелието преку целиот свет.
Сега ние кои што сме поново родени треба да живееме и да го проповедаме евангелието до крајот на светот.
Каде одат оние луѓе кои што веруваат во Исус без да ја знаат волјата Божја?
Тие одат во пеколот.
„Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеја 7:22-23, МК Библија 1999 год.).
Оваа строфа јасно ни кажува нас кои се грешниците пред Бога и кои се оние кои прават незаконски дела.
Има многу кои што не се поново родени измеѓу оние кои што велат: „Господи, Господи.“ Тие се во болки затоа што тие сеуште имаат грев во нивните срца. Така тие му викаат на Бога: „Господи Господи,“ половина тажачки.
Тие веруваат дека нивната совест ќе биде очистена ако тие викаат во нивните молитви, но тоа е невозможно затоа што тие сеуште имаат грев во нивните срца. Тие се молат по планините, измачувачки викаат, како да Бог е предалеку. Кога ние немаме целосна вера, ние настојуваме да извикуваме што повеќе: „Господи, Господи.“
Ако некои цркви во кои што заедницата не е поново родена, тие се молат со големи страсти да понекогаш и самата говорница се расцепува.
Но кога ние ќе видиме во Библијата дека не сите кои што викаат : „Господи, Господи,“ ќе влезат во царството небесно. Само оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот имаат вера која што ги води нив да ги извршуваат делата Божји.
Библијата ни кажува нас дека е незаконски да се повикува Неговото име со грев во срцето. Дали вие некогаш сте биле на планински молитви? Некои стари ѓаконки плачат и плачат, повикувајќи го Неговото име затоа што тие никогаш не го сретнале Исус во вистина, нити пак го прифатиле Духот во нивното срце, нити пак постанале поново родени од водата и Духот. Тие го повикуваат толку итно Неговото име затоа што тие се плашат дека тие ќе одат во пеколот.
Претставете дека некој кој го посветил својот живот за служба во црква како мисионер или пастир беше накрај отфрлен од Господа. Да се биде напуштен од родител или сопруг би било доволно да му го скрши срцето, но да се биде напуштен од Бога, Царот над царевите, Судијата на нашите души, каде ли тој ќе оди?
Јас се надевам да ова на ниеден од вас не му се случи. Ве молам слушајте го и верувајте во евангелието на водата и на Духот. Волјата Божја за нас е да бидеме поново родени и да живееме во евангелието на водата и Духот.
Ние Христијаните треба да веруваме во евангелието на водата и Духот и да црпиме сила од вистината на Библијата. Само тогаш ние можеме да бидеме спасени од осудата Божја.