• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 4 : Решавање на Дневните Гревови

[4-1] Евангелието на изобилното умилoстивение (Јован 13:1-17)

(Јован 13:1-17)
„А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека ќе Му дојде часот Негов за да премине од овој свет кон Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака. И на вечерата, кога ѓаволот беше вдахнал во срцето на Јуда Симнов Искариот за да го предаде, Исус, знаејќи дека Отецот се Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека при Бога оди, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека и кога зеде крпа, се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги бриш со крпата, со која беше препашан. Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Петар Му рече: “Никогаш Ти нема да ми ги измиеш нозете мои!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.“ Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата.“ Исус Му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.“ Бидејќи Он знаеше кој ќе Го предаде, па затоа и рече: „Не сите сте чисти.“ А кога им ги изми нозете, ја облече облеката и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли, што ви направив? Вие Ме наречувате Учител и Господ: и право велите, бидејќи јас сум таков. Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете. Затоа ви дадов пример да првите и вие така, како што ви направив Јас. Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил. Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате. (МК Библија 1990 год.)
 
 
Зошто Исус му ги изми нозете на Петар на денот пред празникот Пасха? Само пред да му ги измие нозете, Исус рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Симон Петар беше еден од најдобрите Исусови ученици. Тој веруваше дека Исус е Синот Божји и сведочеше дека Исус е Христос. И како што Исус му ги изми нозете, тогаш мора за ова да има добра причина. Кога Петар исповеда дека тој верува дека Исус е Христос, тоа значи дека тој веруваше дека Исус е Спасителот кој ќе го спаси од сите негови гревови.
 
Зошто Исус им ги изми нозете на учениците пред да биде распнат?
Затоа што Тој сакаше да тие го разберат Неговото совршено спасение.
 
Зошто Тој му ги изми нозете на Петар? Исус знаеше дека Петар скоро ќе се одрече од Него три пати, и дека тој ќе продолжи да извршува гревови во иднината.
Ако, откако Исус се вознесе на Небесата, Петар имаше некаков грев останат во неговото срце, тој немаше да биде способен да се соедини со Исус. Но Исус ја знаеше слабоста на сите Негови ученици и Тој не сакаше да нивните гревови застанат помеѓу Него и нив. Затоа Тој требаше да ги научи нив дека сите нивни беззаконија, престапи, погрешенија, веќе беа измиени. Тоа е причината зошто Исус им ги изми нозете на Неговите ученици. Исус пред да умре и да ги остави нив, сакаше цврсто да го осигура нивниот став во евангелието на Неговото крштевање и исто така во целосното искупение на нивните доживотни гревови.
Јован 13 зборува за совршеното спасение кое Исус го исполна за Неговите ученици. Додека им ги миеше нозете Исус им кажа нив за мудроста на евангелието на Неговото крштевање преку кое сите луѓе можат да бидат измиени од нивните согрешенија.
„Немојте да бидете измамени од ѓаволот во иднина. Јас ги одзедов сите ваши гревови со Моето крштевање во реката Јордан и Јас ќе примам осудение за нив на Крстот. Тогаш Јас ќе воскреснам од смртта и ќе го исполнам спасението на поново раѓање за сите вас. За да ве научам вас дека веќе ги измив дури и вашите идни гревови, Јас ви ги миам нозете пред да бидам распнат. Ова е тајната на евангелието на поново раѓање. Вие сите треба да верувате вака.“
Ние сите треба да ја разбереме причината зошто Исус им ги изми нозете на учениците и треба да знаеме зошто Тој рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Само тогаш ние можеме да веруваме во евангелието на поново раѓање и можеме и самите да бидеме поново родени.
 
 
Тој рече во Јован 13:12
 
Што се погрешенија?
Тоа се гревови кои ги извршуваме секој ден поради нашата слабост.
 
Пред Тој да умре на Крстот, Исус го славеше празникот Пасха со Неговите ученици и ги убеди нив за евангелито на ослободението од нивните гревови со миењето на нивните нозе со Неговите раце.
„Исус, знаејќи дека Отецот се Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека при Бога оди, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека и кога зеде крпа, се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги бриш со крпата, со која беше препашан. Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ (Јован 13:3-7) (МК Библија 1990 год.)
Тој ги научи Неговите ученици на евангелието на крштевањето и умилостивението на гревовите преку водата на Неговото крштевање.
Во тоа време, како верен на Исус, Петар не беше способен да ја разбере причината зошто Исус ,Господ ,му ги изми нозете. После, откако Петар навистина сфати што Исус направил за него, начинот на кој тој веруваше во Исус се смена. Исус сакаше да го научи него за умилостивението на гревовите, за енангелието на водата на Неговото крштевање.
Тој беше загрижен за Петар да не можеби поради неговите идни гревови не отиде кај Него, со други зборови, гревовите на неговото месо во иднина. Тој им ги изми нозете за да ѓаволот не може да им ја одземе верата на Неговите ученици. И покасно, Петар дојде до ова сознание.
Исус го приготви патот за да секој еден кој верува во водата на Неговото крштевање и крвта може да биде искупен од своите гревови засекогаш.
Во Јован 13 зборовите кои Тој ги изговори додека им ги миеше нозете на Неговите ученици, се запишани. Тие се многу важни зборови кои што само поново-родениот може да ги навистина разбере.
Причината зошто Исус им ги изми нозете на Неговите ученици после празникот Пасха беше за да им помогне да сфатат дека Тој веќе ги измил нивните доживотни гревови. Исус рече: „Зошто Јас ти ги мијам нозете ти сега не разбираш, но ќе разбереш после ова.“ Овие зборови спрема Петар ја содржат вистината на вечното умилостивение во Него.
Ние сите треба да знаеме и да веруваме во крштевањето на Исус, со коешто Тој не изми од нашите гревови и погрешенија. Крштевањето на Исус во реката Јордан беше евангелието на пренесување на гревовите преку рацеполагањето. Ние сите треба да веруваме во зборовите на Исус. Тој ги одзеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање и го оствари опростението на гревовите преку тоа што беше осуден и распнат. Исус беше крстен за да ги премавне сите гревови на сите луѓе.
 
 
Умилостивението за сите наши доживотни погрешенија беше исполнато со крштевањето и крвта на Исус
 
Која е „замката“ на ѓаволот против праведните?
Ѓаволот се обидува да ги измами праведните со цел да ги направи пак грешници.
 
Исус добро знеше дека откако Тој беше распнат, беше воскреснат и се вознесе на Небесата, ѓаволот и пропагаторите на невистинската вера ќе дојдеа и ќе се обидеа да ги измамат учениците. Ние можеме да видиме во исповедта на Петар: „Ти си Христос, Синот на Живиот Бог“, дека тој веруваше во Исус. Но сепак, Исус сакаше да го потсети Петара уште еднаш да го чува на памет евангелието на умилостивението на гревовите. Тоа евангелие беше крштевањето на Исус, преку коешто Тој ги одзеде сите гревови на светот.Тој сакаше уште еднаш да ги научи Петар и учениците и дури и нас кои дојдовме покасно. „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“
Кога и да учениците на Исус би погрешиле, ѓаволот би ги искушувал и осудувал велејќи: „Гледај! Ако сеуште извршуваш гревови како можеш да речеш дека си без грев! Ти не си спасен. Ти си само грешник.“ За да ја спречи ваквата инфекција, Исус им кажа нив дека нивната вера во крштевањето на Исус веќе ги изми сите нивни доживотни гревови,—на минатото, сегашноста и иднината.
„Вие сите знаете дека Јас бев крстен! Причината зошто Бев крстен во реката Јордан беше за да ги измијам сите ваши доживотни гревови како и оригиналните гревови на човештвото. Дали сте способни да разберете зошто Јас бев крстен, зошто Јас треба да бидам распнат и да умрам на Крстот?“ Исус им ги изми нозете на Неговите ученици за да им каже дека Тој веќе ги одзел сите нивни секојдневни гревови преку Неговото крштевање, и дека Тој ќе го прими осудението за сите тие на Крстот.
Сега, ти и јас сме искупени од сите наши гревови преку нашата вера во евангелието на Исусовото крштевање и крвта, коешто ни дозволува нас да примиме умилостивение за сите наши гревови. Исус беше крстен и распнат за нас. Секој кој го знае и верува во евангелието на умилостивението на гревовите, секој еден кој верува во вистината, е искупен од сите негови гревови.
Тогаш што треба да прават повторно—родените откако ќе бидат спасени? Тие треба да ги признаат гревовите секој ден и да веруваат во спасението на крштевањето и крвта на Исус, евангелието на умилостивението за сите нивни гревови. Евангелието за Исус Кој ги одзеде сите гревови со Неговото крштевање и Неговата крв е тоа што ние поново-родените треба да го впечатиме во нашата памет.
Како што поново согрешувате, дали со ова одново ќе станете грешник? Не. Знаејќи дека Исус ги одзеде сите наши гревови, како би можеле повторно да постанеме грешници? Крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот е евангелието на умилостивението за сите наши гревови. Секој еден кој верува во ова оригинално евангелие на умилостивението на гревовите без исклучок кој е може да биде поново роден како „праведен човек.“
 
 
Праведникот не може никогаш да стане повторно грешник
 
Зошто праведникот не може никогаш повторно да стане грешник?
Затоа што Исус веќе умолостиви за сите нивни доживотни гревови.
 
Ако верувате во евангелието на искупението на гревовите, на водата и Духот, но сепак се осеќате како грешник заради вашите секојдневни гревови, тогаш вие треба да одите во реката Јордан каде што Исус беше крстен за да ги одземе сите ваши гревови. Ако вие повторно постанете грешници откако сте примиле умилостивение за вишите гревови, тогаш Исус би требало одново да биде крстен. Вие треба да имате вера во умилостивението на гревовите во евангелието на крштевањето на Исус. Вие треба на памет да имате дека Исус ги одзеде сите ваши гревови наеднаш преку Неговото крштевање. Вие треба да имате непоколеблива вера во Исус Христос како ваш Спасител.
Верувањето во Исус како ваш Спасител значи дека вие верувате во крштевањето на Исус, со коешто Тој ги одзеде сите ваши доживотни гревови. Ако вие навистина верувате во Неговото крштевање, Крстот, смртта, и воскресението на Исус, вие не можете да постанете повторно грешник без разлика на тоа каков грев сте извршиле. Вие сте искупени од сите ваши гревови на целиот ваш живот преку вера.
Исус Христос ги изми исто така и гревовите на иднината, дури и гревовите кои ги извршуваме поради нашата слабост. И затоа што Исус сакаше да го истакне значењето на Неговото крштевање, Тој им ги изми нозете на Неговите ученици со вода за да го симболизира евангелието на искупението на гревовите, тоа е Неговото крштевање. Исус Христос беше крстен, распнат, воскреснат и вознесен на Небесата за да го исполни Божјото ветување за преизобилното умилостивение на сите гревови на светот и да го спаси целото човештво. Како резултат, Неговите ученици беа способни да го проповедаат евангелието на умилостивението за гревовите, крштевањето на Исус, Крстот, и воскресението се до крајот на нивниот живот.
 
 
Слабоста на Петровото месо
 
Зошто Петар се одрече од Исус?
Заради тоа што тој беше слаб.
 
Библијата ни кажува дека кога Петар беше соочен од слугата на Кајафа, високиот свештеник, и кога беше обвинет за еден од следбениците на Исус, тој 2 пати се одрече велејќи: „Не го познавам Човекот.“ Тогаш тој со клетва се одрече по трет пат.
Ајде да прочитаме од Матеја 26:69: „А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исуса Галилеецот.“ Но тој се одрече пред сите велејќи: „Не знам што зборуваш.“ А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исуса Назареецот.“ И пак се одрече тој со клетва: „Не го познавам Човекот“. Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: „Навистина и ти од нив, зошто и говорот твој те издава.“ Тој тогаш почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Човекот.“ И веднаш запеа петел. И се сети Петар на Исусовите зборови што му ги рече: „Уште петел пред да пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и плачеше горко” (Матеја 26:69-75, МК Библија 1976 год.)
Петар навистина веруваше во Исус и го следеше верно. Тој веруваше дека Господ Исус е неговиот Спасител и пророкот кој ќе дојде. Но кога Исус беше одведен во судот на Пилат, кога постана многу опасно за него ако биде откриена неговата релација со Исус пред органите, пред нив тој го проколна и се одрече од Него.
Петар не знаеше дека ќе се одрече од Исус. Но Исус знаеше за ова. Исус целосно ја знаеше слабоста на Петар. Заради тоа Исус му ги изми нозете на Петар и го врежа евангелието на спасението во неговата меморија како што е запишано во Јован 13: „Вие ќе погрешувате во иднина, но Јас веќе ги измив дури и вашите идни гревови.“
Петар навистина се одрече од Исус кога неговиот живот беше во опасност, но тоа беше поради слабоста на неговото месо што го натера да го направи тој ова. Заради тоа, за да ги спаси Неговите ученици од сите нивни согрешенија на иднината, Исус им ги изми однапред нивните нозе.
„Јас ќе ги премавнам и сите ваши идни гревови, исто така. Јас ќе бидам распнат затоа што бев крстен и ги одзедов сите ваши гревови, и ќе ги исплатам сите нив за да постанам вистинскиот Спасител за сите вас. Јас сум ваш Бог, вашиот Спасител. Јас во изобилство ќе исплатам за сите ваши гревови, Јас ќе постанам ваш Пастир преку Моето крштевање и крвта. Јас сум Пастирот на вашето спасение.“
За да ја насади цврсто оваа вистина во нивните срца, Исус им ги изми нозете после празникот Пасха. Ова е вистината на евангелието.
Поради тоа што нашето месо е слабо дури и откако ќе се поново родиме, ние ќе согрешуваме повторно. Нормално да не би требало да согрешуваме, но кога ќе се соочиме со неколку кризи како и Петар, ние сме наклонети да грешиме иако тоа не сме го намерувале. Затоа што живееме во месо, понекогаш сме водени кон уништување од нашите гревови. Месото ќе согрешува се додека живееме во овој светски свет, но Исус ги премавна сите тие гревови со Неговото крштевање и крвта на Крстот.
Ние не одрекуваме дека Исус е наш Спасител, но кога живееме во месото, ние продолжуваме да извршуваме гревови против волјата Божја. Тоа е затоа што сме родени од месо.
Исус знаеше добро дека ние не можеме друго освен да извршуваме гревови додека живееме во месото, така Тој постана наш Спасител со исплаќањето на сите наши гревови со Неговото крштевање и крвта. Тој ги премавна гревовите на сите оние коишто веруваат во Неговото спасение и Неговото воскресение.
Ова е зошто сите четири Евангелија почнуваат со крштевањето на Исус од Јован Крстител. Целта на Неговиот човечки живот беше да го исполни евангелието на поново раѓање, евангелието на спасението.
 
Колку долго ние погрешуваме во месото?
Ние погрешуваме целиот наш живот се до денот кога ќе умреме.
 
Кога Петар се одрече од Него не еднаш, не два пати, туку три пати пред петелот да пропее, колку ли тоа му го скрши него срцето? Колку посрамен ли се чувствувал? Тој се заколна пред Исус дека нема никогаш да го издаде Него. Тој погреши заради слабоста на неговото месо, но колку мизерно ли тој се чувствувал кога тој подлегна на неговата слабост и се одрече од Исус не еднаш, туку трипати? Колку посрамотен ли тој се почувствувал кога Исус уште еднаш милостиво го погледна?
Но Исус ги знаеше сите овие работи и многу повеќе. Заради тоа тој рече: „Јас знам дека ќе погрешиш повторно и повторно. Но Јас веќе ги одзедов сите тие гревови со Моето крштевање за да твоите гревови не те сопнат и да не те вратат да бидеш повторно грешник, за да не ти биде невозможно да дојдеш при Мене. Јас постанав целосниот Спасител за тебе со тоа што бев крстен и осуден за сите твои гревови. Јас постанав твој Бог, твој Пастир. Верувај во евангелието на умилостивението за твоите гревови. Јас ќе продолжам да те љубам дури и ако ги извршуваш гревовите на телото постојано. Јас веќе ги измив сите твои согрешенија. Евангелието на умилостивението за сите твои гревови е ефективно засекогаш. Мојата љубов за тебе е исто така засекогаш.“
Исус им кажа на Петар и на учениците: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.“ Причината зошто Тој зборуваше за ова евангелие во Јован 13 е затоа што е многу важно за луѓето да бидат поново родени од вода и Дух. Дали верувате во ова?
Во стихот 9: „Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата.“ Исус Му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист;“
Драги пријатели, дали ќе извршите гревови „од месото“ во иднина или не? Навистина вие ќе извршите. Но Исус рече дека Тој веќе ги изми дури и гревовите на иднината, сите согрешенија на нашето месо со Неговото крштевање и крвта, и Тој јасно им го кажа на Неговите ученици словото на вистината, на евангелието за искупението пред Тој да биде распнат.
Заради тоа што ние живееме во нашето месо со нашата слабост, ние не можеме друго освен да погрешуваме. Исус ги изми сите гревови на светот со Неговото крштевање. Тој не само што ја изми нашата глава и тело но Тој ги изми и нашите нозе, тоа е, сите наши гревови на иднината. Ова е евангелието да бидеш поново роден, од крштевањето на Исус.
После, откако Исус беше крстен, Јован Крстител посведочи: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.) Ние треба да веруваме дека сите гревови на светот беа измиени преку нивното положување врз/на Исус кога Тој беше крстен.
Додека живееме во овој гревовен свет ние не можеме друго освен да погрешуваме. Тоа е очигледен факт. Кога и да слабоста на нашето месо излегува на површина ние треба да се потсетиме себе си дека Исус ги изми сите наши гревови и сите гревови на светот преку евангелието на искупението и ги исплати сите тие со Неговата крв. Ајде да исповедаме со вера дека Исус е наш Спасител и наш Бог. Слава на Господа.
Секој еден во овој свет не може друго освен да извршува гревови со месото. Луѓето постојано погрешуваат со нивното тело и умираат од нивните цело- животни гревови на месото.
 
 
Лоши помисли во срцата на луѓето
 
Што го осквернува човекот?
Различни видови на гревови и лоши помисли.
 
Исус вели во Матеја 15:19-20: „Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули. Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јадењето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“ (МК Библија 1999 год.) Заради различните видови на гревови во срцето на човекот, тие го осквернуваат човекот, тој е нечист.
 
 
Секој еден мора да ја признае својата зла природа
 
Што има во срцето на секој еден човек?
Дванаесет видови на грев (Марко 7:21-23).
 
Ние треба да бидеме способни да речеме: „Тие дванаесет гревови се во срцата на луѓето. Јас ги имам сите нив во моето срце. Јас ги имам дванаесетте видови на грев во мене за коишто е запишано во Библијата.“ Пред да ние бидеме поново родени од вода и Дух ние треба да признаеме дека гревовите беа во оригиналност во нашите срца. Ние треба да сфатиме дека сме целосни грешници пред Бога. Но ние не го правиме тоа често. Повеќето од нас бараат оправданија за нашите гревови велејќи: „Јас никогаш порано не сум имал таква помисла, јас сум моментално збунет.“
Но што рече Исус за човечките суштества? Тој јасно изјави дека што излегува од срцето на човекот тоа го прави него нечист. Тој ни кажа нас дека луѓето имаат лоши помисли во нивната внатрешност. Што мислите вие? Дали сте вие добри или зли? Дали знаете дека секој има зли помисли? Да, помислите на секој еден човек се зли.
Пред неколку години во Сеул една голема зграда ненадејно се сруши. Фамилиите кои ги загубија своите љубени беа во тешка агонија. Но многу луѓе отидоа таму да уживаат на трагичниот спектакл.
Некои мислеа: „Колку умреа:200? Не тоа е мал број. 300? Можеби? Е, тоа би било поинтересно и поспектакуларно ако бројот на умрените беше најмалку илјада...“ Срцата на луѓето можат да на ваков начин бидат зли. Ние треба да го прифатиме тоа. Колку непочитно беше тоа спрема мртвите! Колку разурнувачко тоа беше за фамилиите! Некои беа и финансиски разурнати.
Меѓутоа некои од гледачите не беа толку симпатични. „Би било поинтересно ако повеќе умреа! Каков спектакел! Што ако истото се случеше во еден стадион полн со луѓе? Илјадници би биле покриени под руините, или не? Тоа, да! Тоа навистина би било многу поинтересно од ова!“ Можеби некои имаат вакви помисли. Истиот феномен може да се најде и кај сообраќајните несреќи. Љубопитните гледачи се наклонети да бидат разочарани при мали сообраќајни несреќи.
И ние сите знаеме колку зли ние понекогаш можеме да бидеме. Навистина ние никогаш не би ги изговориле гласно ваквите помисли. Ние ги прегризуваме нашите јазици и оддаваме симпатија кога при прилика би погледнале на некоја несреќа, но тајно во нашите срца, ние пожелуваме да беше повеќе поспектакуларно. Ние сакаме да видиме страшни трагедии каде што илјадници луѓе се убиени се додека не оди тоа против нашиот интерес. Тоа е начинот на кој срцата на луѓето работат. Повеќето од нас сме вакви пред да бидеме поново родени.
 
 
Убиство во срцата на секој човек
 
Зошто ние погрешуваме?
Затоа што имаме зли помисли во нашите срца.
 
Бог ни кажа дека има убиство во внатрешноста на срцата на секоја особа. Но многу би го одрекле ова пред Бога велејќи: „Како можеш да го речеш тоа! Јас немам никаква помисла на убиство во моето срце! Како можеш да ме земеш за предвид како таква особа!“ Тие никогаш не би признале дека тие имаат убиство во срцата нивни. Тие мислат дека убијците се од друга раса.
„Оној, серичниот убиец кој беше вчера на телевизија, бандитите кои убиле и запалиле луѓе во нивниот подрум, се оние кои што имаат убиство во нивните срца! Тие се од друга раса. Јас никогаш не можам да бидам како нив! Тие се никаквици! Убијци!“ Тие се негодуваат со криминалците и викаат: „Оние родените од зло семе треба да бидат избришани од лицето на земјава! Тие сите треба да бидат осудени на смрт!“
Но нажалост, помислата на убиство е во внатрешноста на срцето на овие негодувачи исто како и во срцата на сериските убивачи и убијци. Бог ни кажува дека во срцата на секој човек има убиство. Ние треба да го прифатиме Словото Божјо, кој ги гледа дури и работите скриени во нашата памет. Така ние треба да признаеме: „Јас сум грешник со убиство во моето срце.“
Да Бог ни кажа дека има лоши помисли вклучувајќи и убиство во срцата на сите луѓе. Ајде да го прифатиме Словото Божјо. Како што генерациите на човештвото постануваат позли и позли, секаква опрема за лична заштита постануваат алатки за убиство. Ова е резултат од убиството во нашите срца. Вие можете да убиете во момент на лутина или страв. Јас не велам дека секој од нас ќе убие друг, но дека сите ние имаме мисла за тоа во нашите срца.
Ние сите сме родени со лоши помисли во нашите срца. Некои навистина завршуваат извршувајќи убиство, но не затоа што се специјално родени убијци, но дека сите ние сме способни да постанеме убијци. Бог ни кажува дека ние имаме лоши помисли и убиство во нашите срца. Тоа е вистина. Никој од нас не е исклучок на оваа вистина.
Заради тоа точната патека за нас по која треба да одиме е да го прифатиме Словото Божјо и да сме послушни (покорни). Ние погрешуваме во овој свет затоа што имаме лоши помисли во нашите срца.
 
 
Прељубодејство во нашите срца
 
Бог вели дека има прељубодејство во срцата на секоја особа. Дали се согласувате? Дали признавате дека имате прељубодејство во вашите срца? Да, има прељубодејство во срцата на секоја особа.
Тоа е зошто проституцијата и другите сексуални прекршоци растат во нашето општество. Тоа е еден од најсигурните патишта на заработка на пари во секој период од човечката историја. Другите бизниси би страдале од економична криза но овие лоши бизниси не страдаат многу затоа што има прељуба во срцата на секоја една особа.
 
 
Плодот на грешникот е грев
 
Со што е споредно човечкото суштество?
Дрво кое носи само плодови на грев.
 
Како што јаболкниците даваат јаболка, крушата круши, датата- дати, урмата- урми, ние кои сме родени со дванаесетте видови на грев во нашите срца не можеме друго освен да даваме плод на грев.
Исус вели дека што излегува од срцето на човекот, тоа го осквернува. Дали се согласувате? Ние можеме само да се согласиме со зборовите на Исус и да речеме: „Ние сме пород на грешници, злочинци. Да, Ти си во право, Господи.“ Да, ние треба да ја признаеме нашата злочиност. Ние треба да ја признаеме вистината кон себеси и пред Бога.
Исто како што Исус Христос се покори на волјата Божја и го послуша, ние треба да го прифатиме Словото Божјо и да бидеме послушни кон Него. Тоа е единствениот начин според кој можеме да бидеме спасени од сите наши гревови преку водата и Духот. Ова се даровите Божји.
Мојата земја е благословена со четири прекрасни сезони. И како што сезоните напредуваат различни дрвја го носат својот плод. На истиот начин, дванаесетте гревови во нашите срца не држат нас постојано и не водат кон грев. Денес може убиство да не држи, а утре може да биде прељубодејство.
После, другиот ден лоши помисли, после блудства, кражби, лажно сведоштво, и така натаму. И ние така живееме грешејќи по цела година, секој месец, секој ден, секој час. Ние продолжуваме да се колнеме себеси дека нема да извршуваме грев но ние не можеме друго освен да погрешуваме затоа што сме на таков начин родени.
Дали сте виделе некогаш јаболкница да не сака да носи јаболка, заради тоа што не сака? „Јас не сакам да носам јаболка!“ Дури и ако се одлучи да не носи јаболка, како може да не носи јаболка? Цветовите и така и така ќе цветат во пролетта, јаболката ќе растат и ќе созреат во летото, и плодовите ќе бидат готови за собирање и јадење во есента.
Тоа е одредбата на природата и животот на грешниците мора исто така да го следи истиот закон на природата. Грешниците не можат друго освен да носат плодови на грев.
 
 
„Крштевањето и Крстот Исусов“ беа за да умилостиви за нашите гревови
 
Што значи преку Исусовото умилостивение?
Тоа е исплата на платата за гревовите преку крштевањето на Исус (раце полагањето) и Неговата крв на Крстот.
 
Ајде да прочитаме стих во Библијата за да најдеме како грешниците, породи на злочинци, можат да умилостивуваат за нивните гревови пред Бога и да го живеат нивниот живот во радост. Ова е евангелието на умилостивението за гревови.
Во Левит глава 4 вели: „Ако некој од народот на земјата згреши од незнаење, правејќи нешто што Господ забранил и така согрешил, тогаш, кога ќе му биде посочен престапот што го сторил, нека донесе женско јаре, без недостаток како свој принос за гревот, што го направил. Нека ја положи својата рака на главата на жртвата за грев и нека ја заколе жртвата за грев на местото за паленици. Свештеникот нека земе крв на својот прст и нека ја стави на роговите на жртввеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот. Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од жртва помирница; па свештеникот нека го изгори на жртвеникот како благопријатен мирис на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено“ (Левит 4:27-31, МК Библија 1999 год.)
Како умилостивуваа луѓето за нивните гревови за време на деновите на Стариот Тестамент? Тие ги полагаа своите раце врз главата на принос жртвата за грев и ги положуваа/пренесуваа гревовите на/врз неа.
Напишано е во Левит: „Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток. Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа. Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината“ (Левит 1:2-4, МК Библија 1999 год.)
Кога човек од тој век го созна гревот во своето срце тој требаше да приготви принос жртва која што ќе беше користена за умилостивение на грев. И тој требаше да ги „постави своите раце“ на главата на жртвата за да ги пренесе гревовите кои што ги извршил. Внатре во дворот на Светиот Шатор имаше жртвеник за жртви паленици. Тој беше во форма на кутија малку поголем од говорничка маса и имаше рогови на сите четири краеви. Луѓето на Израел умилостивуваа за нивните гревови преку пренесувањето на нивните гревови на главата на жртвата принос и го изгоруваа нејзиното месо на жртвеникот за паленици.
Бог им рече на луѓето во Левит: „Принесувајте доброволен дар при влезот на Шаторот пред Господа.“ Нивните гревови беа пренесени на/врз жртвата принос кога тие ги поставија своите раце врз главата на жртвата и тогаш грешникот требаше да ја заколе жртвата и да се стави нејзината крв на роговите на жртвеникот за паленици.
После тоа трупот на жртвата беше очистен од внатрешните органи и нејзиното месо беше расечено на делови и изгорено до пепел на жртвеникот за паленици. Тогаш благопријатниот мирис на месото беше принесен на Бога за нивното умилостивение. Ова беше како тие умилостивуваа за нивните дневни гревови.
Тогаш Бог им дозволи друга жртва за умилостивение за нивните годишни гревови. Таа се разликуваше од жртвата за умилостивение на секојдневните гревови. Во овој случај само Високиот свештеник ги ставаше своите раце на главата на жртвата на местото на сите луѓе на Израел и тој ја попрска седум пати источната страна на Капакот. Исто, рацеполагањето негово на главата на живиот јарец беше извршено во присутност на луѓето на Израел на десеттиот ден од седмиот месец секоја година (Левит 16:5-27).
 
Кого го симболизира принос жртвата за грев во Стариот Тестамент?
Исус Христос.
 
Сега ајде да најдеме како жртвениот систем се промена во Новиот Тестамент и како вечниот закон Божји остана постојан преку годините.
Зошто Исус требаше да умре на Крстот? Какво зло направи Тој на оваа земја да Бог дозволи Неговиот Син умре на Крстот? Кој го присили Него да умре на Крстот? Кога сите грешници на светот, значи сите ние, паднаа во грев Исус дојде на овој свет за да не спаси нас.
Тој беше крстен од Јован Крстител во реката Јордан и го прими осудението на Крстот на местото од целото човештво за сите гревови. Начинот на кој Исус беше крстен начинот на кој Тој ја пролеа крвта на Крстот беше иста како жртвата за умилостивение на Стариот Тестамент, рацеполагањето на главата на принос жртвата и нејзиното крвопролевање.
Ова беше начинот како требаше тоа да биде извршено во Стариот Тестамент. Грешникот ги ставаше неговите раце на принос жртвата и ги исповеда неговите гревови, велејќи: „Господи, јас погрешив. Јас извршив убиство и прељубодејство.“ Тогаш неговите гревови беа пренесени на/врз принос жртвата.
И исто како што грешникот ја закла принос жртвата и ја жртвува пред Бога, Исус беше жртвуван на истиот начин за да умилостиви за сите наши гревови. Исус беше крстен и ја пролеа крвта на Крстот за да не спаси нас и да умилостиви за сите наши гревови преку Неговата жртва.
Всушност, Исус умре заради нас. Кога размислуваме за тоа, кое беше значењето на жртвувањето на сите тие животни без недостаток како жртви за сите гревови на луѓето? Знаеја ли сите тие животни што е грев? Животните не знаат што е грев. Тие требаа да бидат без недостаток.
Исто како што тие животни беа без недостаток, така и Исус беше без грев. Тој е Свет Бог, Син Божји, и Тој никогаш не извршил грев. Така, Тој ги одзеде сите наши гревови преку Неговото крштевање во реката Јордан кога Тој беше на возраст од 30 години.
Исус умре на Крстот заради гревовите коишто Тој ги зеде од нас. Тоа беше Неговата служба за спасение која ги очисти сите гревови на човештвото.
 
 
Почетокот на Евангелието на Умилостивението на гревовите
 
Зошто беше Исус крстен од Јован Крстител во реката Јордан?
За да ја исполни сета Правда.
 
Напишано е во Матеја 3: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при Мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ (Матеја 3:13-15, МК Библија 1999 год.)
Ние треба да знаеме и да сфатиме зошто Исус беше крстен кога тој беше 30 години. Тој беше крстен за да умилостиви за сите гревови на сите луѓе и да ја исполни сета Божја правда. За да ги спаси сите луѓе од нивните гревови, Исус Христос, Оној без недостаток, беше крстен од Јован Крстител.
Така Тој ги одзеде гревовите на светот и се принесе Себеси жртва за да умилостиви за сите гревови на сите човечки суштества. Со цел да бидеме спасени од грев, ние сите треба да ја знаеме целата вистина и да веруваме во неа. Нам ни претстои дали ние ќе веруваме во Неговото спасение и дали ќе бидеме спасени.
Што значи крштевањето на Исус? Тоа е исто како и рацеполагањето во Стариот Тестамент. Во Стариот Тестамент, гревовите на сите луѓе беа положени врз/на главата на принос жртвата преку полагањето на рацете на Високиот Свештеник врз/на неа. Соодветно на ова, во Новиот Тестамент Исус ги одзеде сите гревови на светот претставувајќи се Себеси како жртва за грев и беше крстен од Јован Крстител.
Јован Крстител е најголемиот човек кој е роден помеѓу луѓето, претставник на целото човештво, одреден од Бога. Како претставник на човештвото, Високо Свештеник за целото човештво, тој ги постави своите раце на/врз Исус и ги пренесе/положи сите гревови на светот врз/на Него. Со зборот „крштевање“ се подразбира: „да предаде на, да биде закопано, и да се биде измиено.“
Дали знаете зошто Исус дојде на светов и беше крстен од Јован Крстител? Дали верувате во Исуса знаејќи го значењето на Неговото крштевање.
Во Матеја 3:13-17 започнува со: „Тогаш“ и има за значење во времето кога Исус беше крстен, времето кога сите гревови на светот беа пренесени/предадени/положени на/врз Него.
„Тогаш“ Исус ги одзеде сите гревови на човештвото, умре на Крстот после три години и беше воскреснат на третиот ден. За да ги измие сите гревови на светот, Тој беше крстен еднаш за сите, умре на Крстот еднаш за сите и беше воскреснат од смртта еднаш за сите. За сите оние кои сакаат да бидат искупени од нивните гревови пред Бога: Тој ги одзеде сите гревови на светот и ги спаси сите од нивните гревови еднаш за секогаш.
Зошто Исус мораше да биде крстен? Зошто требаше Него да Му биде ставена круна од бодликава жица и да биде суден во судот на Понтиј Пилат како некој обичен криминалец? Зошто Тој требаше да биде распнат на Крстот и да ја пролее крвта до смрт? Причината за се ова погорното е затоа што Тој ги одзеде сите гревови на светот, гревовите мои и гревовите твои, на/врз Себеси преку Неговото крштевање. И за нашите гревови Тој требаше да умре на Крстот.
Ние треба да веруваме во словото на спасението дека Бог не спаси нас и треба да Му бидеме Него благодарни. Без крштевањето на Исус, Неговиот Крст и Неговото воскресение немаше да има спасение за нас.
Кога Исус беше крстен од Јован Крстител за да ги одземе сите гревови на светот, Тој ги одзеде сите наши гревови и така не спаси нас кои веруваме во Неговото Евангелие на спасението. Има луѓе кои што мислат: „Исус ги одзеде само оригиналните гревови, или не?“ Но тие се во грешка.
Јасно е запишано во Библијата дека Исус ги одзеде сите гревови на светот еднаш за секогаш кога Тој беше крстен. Сите наши гревови, вклучувајќи ги и оригиналните гревови беа измиени (однесени). Исус вели во Матеја 3:15: „Така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ (МК Библија 1999 год.) Да ја исполниме сета правда значи дека сите гревови без никаков исклучок беа одземени од нас.
Дали Исус исто така ги изми и сите наши доживотни гревови? Да, Тој ги изми. Ајде прво да го најдеме доказот за тоа во Левит. Ни кажува за жртвата принос на Денот на Големото Очистување.
 
 
Жртвата за умилостивение на Годишните гревови на сите Израелци
 
Дали Израелците можеа да бидат осветени еднаш за секогаш преку принос жртва од оваа земја?
Никогаш.
 
„Откако Арон ќе го принесе јунецот за принос за грев за себе и ќе направи покривање на гревот за себе си и својот дом, нека ги зема двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот на Шаторот на средбата. Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање. Арон нека го принесе за жртва грев јарецот, на когао жрепката падна да биде за Господов, А јарецот на кого жрепката падна за отпуштање, нека биде поставен жив пред Господ, за да биде извршено покривање на гревот со него и за да биде испратен во пустината за отпуштање, (и за да ги понесе на себе нивните беззаконија во непроодна земја)“ (Левит 16:6-10, МК Библија 1999 год.) Овде Арон зеде два јарци пред влезот на Шаторот за средба за да умилостиви за годишните гревови на Израелците.
„Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање.“
Жртва животно беше потребно за секое законски одредено умилостивение за секојдневните гревови со цел да грешникот ги пренеси гревовите на/врз неговата глава преку рацеполагање на/врз него. За годишните гревови на Израелците, Високо Свештеникот, на местото од сите луѓе, ги пренесе годишните гревови на/врз жртвата за грев на десеттиот ден на седмиот месец секоја година.
Во Левит 16:29-31 запишано е: „Во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, смирете ги вашите души и не вршете никаква работа: ни домородецот ни странецот, кој е населен меѓу вас. Зошто на тој ден ќе биде извршено над вас покривање на гревовите, за да бидете чисти пред Господа од сите ваши гревови. Нека ви биде тоа саботна починка, за да ги успокоите вашите души. Тоа е вечен закон.“ (Левит 16:29-31, МК Библија 1999 год.)
Во Стариот Тестамент луѓето на Израел донесуваа жртва за грев за да ги покријат дневните гревови и да ги пренесат нивните гревови на/врз главата на жртвата, исповедајќи: „Господи, јас извршив ваков и ваков грев. Те молам прости ми.“ Тогаш грешникот го пресече грлото на жртвата за грев и му ја даде крвта на свештеникот, и си отиде дома, уверен дека тој/таа сега е слободен од гревот. Така да принос жртвата умре за грешникот со гревот на нејзината глава. Со други зборови, жртвеното животно беше заклано на местото негово. Во Стариот Тестамент, жртвата за грев можеше да биде јарец, јагне, теле, бик, тоа се едно од чистите/светите животни кои што Бог ги одреди.
Бог во Неговата бескрајна милост дозволи да животот на животно биде принесен на местото на грешниковата смрт за неговите гревови.
На ваков начин во Стариот Тестамент грешниците можеа да умилостивуваат за нивните гревови преку жртвата за умилостивение. Погрешенијата на грешникот беа положени на/врз главата на жртвата преку полагањето на своите раце на/врз нејзината глава и нејзината крв беше дадена на свештеникот за да ги покрие гревовите на грешникот.
Меѓутоа, невозможно беше да се умилостиви за гревовите секој ден. Заради тоа Бог дозволи да Високиот Свештеник направи покривање за гревовите од целата година и тоа секоја година на десеттиот ден од седмиот месец, на местото на сите луѓе на Израилот.
Тогаш која беше улогата на Високиот Свештеник на Денот на Големото Очистување? Прво: Арон Високиот Свештеник ги постави своите раце на жртвата за грев исповедајќи ги гревовите на сите луѓе: „Господи, луѓето на Израел извршија вакви и вакви гревови: убиство, прељуба, блудство, кражби, лажно сведоштво, хула, ...“
Тогаш тој и го отсече вратот на жртвата ја зеде крвта нејзина и го попрска седум пати Капакот внатре во Светилиштето (во Библијата бројот 7 е во предвид земен како совршен број).
Негова задача беше да ги пренесе годишните гревови од луѓето на/врз главата на жртвата за грев на местото од сите луѓе и жртвата беше застапнички жртвувана.
Затоа што Бог е праведен, за да ги спаси сите луѓе од нивните гревови Тој дозволи да жртвата за грев да умре на местото од луѓето. Затоа што Бог навистина е милостив Тој им дозволи на луѓето да го принесуваат животот на жртвено животно на местото од нивниот живот. Високиот Свештеник тогаш ја попрска со крв источната страна на Капакот и така изврши покривање на гревовите на луѓето, покривање на годишните гревови на Денот на Големото Очистување, на десеттиот ден од седмиот месец.
 
Кој е жртвеното Јагне според Стариот Тестамент?
Исус Христос кој е без никаков недостаток.
 
Високиот Свештеник требаше да принесе два јарци на Денот на Големото Очистување за луѓето на Израилот. Едниот од нив беше наречен „Жив Јарец“ кое што има значење „за отпуштање.“ На истиот начин живиот јарец во Новиот Тестамент е Исус Христос. „Зошто Бог толку го возлуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку но има вечен живот“ (Јован 3:16, МК Библија 1976 год.)
Бог Го даде Својот Единствен Син како жртвено Јагне. И како жртвено Јагне за целото човештво Тој беше крстен од Јован Крстител и постана Спасител, Месијата на светот. Името Исус значи „Спасителот“ и Христос значи „Помазаниот Цар“, така да Исус Христос значи „Синот Божји кој дојде да не спаси сите нас.“
Заради тоа, како што годишните гревови на луѓето беа покриени на Денот на Очистувањето во Стариот Тестамент, Исус Христос, скоро пред 2000 години, дојде на овој свет за да биде крстен и искрвари до смрт на Крстот за да го исполни евангелието на умилостивението за сите наши гревови.
Во овој момент, ајде да прочитаме неколку стихови од Левит. „Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата;и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.“ (Leвит 16:21-22, МК Библија 1990 год.)
Напишано е дека гревовите на Израелците беа положени на главата на јарецот и тоа исто така стои во Левит 1. И „Сите нивни престапи“ беа положени на главата на жртвата за грев преку рацеполагањето од страна на Високо Свештеникот.
 
 
Преку Законот Божји ние треба да имаме вистинско знаење за сите наши гревови
 
Зошто Бог ни го даде Законот?
За да ни даде знаење за грев.
 
Законот на Бога се состои од 613 заповеди. Всушност, кога ние размислуваме за тоа ние правиме она што Тој ни рече да не правиме и не го правиме она што Тој ни рече да го правиме.
Заради тоа ние сме грешници. И напишано е во Библијата дека Бог ни ги даде тие заповеди со цел да ние ги разбереме нашите гревови (Римјаните 3:20). Тоа значи дека Тој ни го даде Законот на заповедите за да не научи дека сме грешници. Тој не ни ги даде нив затоа што ние сме способни да живееме според нив, но за да ние ги знаеме нашите гревови.
Тој не не ги даде Неговите заповеди за да ние ги држиме. Вие не можете да очекувате куче живее како човечко суштество. На истиот начин, ние не можеме никогаш да живееме според Законот на Бога но можеме да ги разбереме нашите гревови според Неговиот Закон на заповедите.
Бог ни ги даде нив затоа што ние сме масса на гревови, но ние тоа не го сфаќаме самите од себе. „Вие сте убијци, прељубодејствувачи, блудници, злочинци,“ Бог тоа парадоксално ни го кажува преку заповедите. Тој ни кажа да не убиваме, но ние сепак убиваме во нашите срца и понекогаш дури и во суштина.
Сепак, затоа што е напишано во Законот дека не треба да убиваме, ние знаеме дека сме убијци велејќи: „Јас сум во грешка. Јас сум грешник зошто направив нешто што не требаше да сторам. Јас погрешив.“
Заради тоа, да ги спаси луѓето на Израел од гревовите, Бог му дозволи на Арон да принесе жртва за умилостивение во Стариот Тестамент и Арон беше оној кој изврши покривање за гревовите на луѓето еднаш годишно.
Во Стариот Тестамент, две жртви за грев требаа да бидат принесени пред Бога на Денот на Очистувањето. Едниот беше жртвуван пред Бога додека другиот беше отпуштен во пустината после рацеполагањето понесувајќи ги сите годишни гревови од луѓето. Пред да биде јарецот отпуштен преку раката на човекот определен за тоа, Високиот Свештеник ги стави своите раце на главата на живиот јарец и ги исповеда гревовите на Израилот. „Господи, луѓето убија, блудствуваа, украдија, љубеа идоли.... Ние погрешивме пред Тебе.“
Земјата Палестина е земја пустинска. Живиот јарец беше отпуштен во бескрајната пустина и конечно таму умре. Кога тој беше отпуштен, луѓето на Израел гледаа кон него додека не им се изгуби од видот и веруваа дека сите нивни гревови беа однесени со живиот јарец. Луѓето вака здобија мир на совеста и живиот јарец умре во пустината за годишните гревови на сите луѓе.
И на сличен начин Бог умилостиви за сите наши гревови преку Јагнето Божјо, Исус Христос. Сите наши гревови беа измиени целосно преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Исус е Бог и наш Спасител. Тој е Синот Божји кој дојде да го спаси човештвото од гревот и Тој е Создадителот кој не направи нас во Неговиот лик. Тој дојде долу на овој свет за да не спаси нас од грев.
Не само секојдневните гревови што ги извршуваме со нашето тело (месо), но истото така и сите гревови на иднината, сите гревови на нашата памет и на нашето месо беа пренесени/положени на/врз Него. Така Тој требаше да биде крстен од Јован Крстителот за да ја исполни сета правда Божја, целосното покривање на гревовите на светот.
Три години пред Исус да биде распнат, кога Тој прво ја почна Неговата јавна служба, Тој ги зеде сите гревови на светот со тоа што беше крстен од Јован Крстител во Реката Јордан. Неговото спасение на човештвото преку умилостивението за сите наши гревови почна со Неговото крштевање.
Во Реката Јордан, на место каде што имаше длабочина сигурно до струк, Јован Крстител ги стави своите раце на главата на Исус и го потопи Него во вода. Ова крштевање беше исто како и рацеполагањето во Стариот Тестамент и го има истиот ефект на пренесувањето на гревовите.
Да се биде потопен во вода значеше смрт, а излегувањето од водата значи воскресение. Така, преку тоа што беше Исус крстен од Јован Крстител, Исус ги исполна и ги откри трите компоненти (дела) на Неговата служба: одземањето на сите гревови, распнување и воскресение.
Ние можеме да бидеме спасени само ако сме покорни на словото со коешто Исус не спаси нас од грев. Бог одлучи да не спаси нас преку Исус и Заветот кој го склучи Тој во Стариот Тестамент беше вака исполнат. За ова, Исус одеше кон Крстот со сите наши гревови врз/на Неговата глава.
 
Каква работа е преостана сега за нас откако Исус ги премавна сите наши гревови?
Се што ние треба да правиме е да веруваме во Словото Божјо.
 
Во Јован 1:29 напишано е: „На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ Јован Крстител сведочеше: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (МК Библија 1990 год.) Сите гревови на човештвото беа пренесени на/врз Исус кога Тој беше крстен во Јордан. Верувајте! Тогаш вие ќе бидете благословени со покривање на вашите гревови.
Ние треба да имаме вера во словото Божјо. Ние треба да ги ставиме настрана нашите мисли и тврдоглавости и да едноставно веруваме во вистината дека Исус ги зеде сите гревови на светот и да бидеме послушни на напишаното Слово Божјо.
Да речете дека Исус ги зеде сите гревови на светот и да речете дека Тој ја исполна правдата Божја со умилостивението за нашите гревови се потполно еднакви дела. И „рацеполагањето“ и „крштевањето“ се исто така потполно исти.
Без разлика дали ќе речеме „сите“, „потполно“ или „целосно“ значењето останува исто. Значењето на зборот „рацеполагање“ во Стариот Тестамент останува исто во Новиот Тестамент само зборот „крштевање“ е користен на негово место.
Тоа сега доаѓа до едноставна вистина дека Исус беше двете: крстен и осуден на Крстот за да умилостиви за сите наши гревови. И ние можеме да бидеме спасени кога ние веруваме во оригиналното евангелие.
Кога Библијата вели дека Исус ги одзеде „сите гревови на светот“ (Јован 1:29), што значи тогаш гревовите на светот? Тоа значи сите гревови со коишто ние сме родени, тоа се: лоши помисли, кражби,блудства,лакомства, лукавства,хули, гордост, и безумност , кои живеат во нашата памет. Тоа ги вклучува исто сите согрешенија и престапи кои ние ги извршуваме со телото (месото) и во нашето срце.
„Зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.) “И без пролевање крв проштевање не станува.“ (Евреите 9:22, МК Библија 1999 год.) Како што е речено во овие стихови: сите гревови треба да бидат исплатени. И Исус Христос, за да го спаси целото човештво од грев, Го принесе Својот живот и ја исплати платата за гревот за нас еднаш за секогаш.
Заради тоа за да бидеме ослободени од сите наши гревови, се што ние треба да правиме е да веруваме во оригиналното евангелие—крштевањето на Исус и Неговата крв и Неговата Божественост.
 
 
Покривањето (умилостивението) на утреденските гревови
 
Дали треба сеуште да принесуваме жртви за нашите гревови?
Никогаш повеќе.
 
Гревовите на утреден и на задутре и гревовите кои ќе ги извршиме до денот кога ќе умреме се исто така вклучени во „гревовите на светот“ исто така и гревовите денешни, вчерашни и од денот пред вчера се вклучени во „гревовите на светот“ и самиот грев на светот беше пренесен на/врз Исус преку Неговото крштевање. Заради тоа сите гревови кои ние ќе ги извршиме до денот кога ќе умреме беа веќе земени од нас.
И ние треба да само веруваме во ова оригинално евангелие, напишаното слово Божјо и да и бидеме покорни на вистината за да бидеме спасени. Ние треба да ги ставиме настрана нашите сопствени мисли за да бидеме спасени од сите наши гревови. Вие можеби ќе прашате: „Како можеше Он да ги одземе гревовите кои сеуште не се извршени?“ Тогаш јас би сакал да ве прашам во возврат: „Дали Исус треба да доаѓа на овој свет секогаш кога ние ќе погрешиме и одново да ја пролева крвта и пак одново и пак одново?“
Со евангелието на поново раѓање постои законот за умилостивение на гревовите. „И без пролевање крв проштевање не станува.“ (Евреите 9:22, МК Библија 1999 год.) Кога некој сакаше да биде искупен од неговите гревови во времето на Стариот Тестамент, тој требаше да ги пренесе неговите гревови со рацеполагањето на главата на жртвата за грев и жртвата требаше да умре за тој грев.
На многу ист начин, Синот Божји дојде долу на овој свет за да го спаси човештвото. Тој беше крстен за да ги одземе сите наши гревови и тој искрвари на Крстот за да ја исплати платата за нашите гревови и Тој умре на Крстот велејќи: „Се сврши.“ Тој беше воскреснат од смртта на третиот ден и сега седи на десната рака на Бога. Така, Тој стана наш Спасител засекогаш.
За да целосно бидеме искупени од нашите гревови ние треба да исфрлиме од нас секаква вкоренета идеа и да ги напуштиме религиозните доктрини дека ние можеме да бидеме очистени од секојдневните гревови преку молитви на покаение. Со цел да бидат гревовите на светот уништени еднаш за секогаш, законска жртва требаше да биде принесена, Бог на Небесата ги пренесе сите гревови на светот на/врз Својот Единствен Син преку Неговото крштевање и Го распна Него за нас. И со Неговото воскресение од смртта нашето спасение беше целосно.
„Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен... А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.“ (МК Библија 1999 год.) Во Исаија 53 речено е дека сите погрешенија, престапи и беззаконија на светот беа положени на Исус.
И во Новиот Тестамент во Ефесјаните 1:4 напишано е: „Така што и не избра преку Него, уште пред светот да биде создаден“ (МК Библија 2009 год.) Ова ни кажува нас дека Тој не избра нас во Него пред создавањето на светот. Дури и пред светот да беше создаден Бог одлучи да не направи нас Негов народ, праведни без никаков недостаток во Христа. Што и да сме мислеле порано, ние треба сега да веруваме и да бидеме послушни на Словото Божјо, словото на водата, крвта и Духот.
Бог ни кажа дека Неговото Јагне, Исус Христос, ги зеде гревовите на светот и умилостиви за целото човештво. Во Евреите 10 напишано е: „ Законот, имајќи ја сенката на идните добра, а не самиот образ на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние, кои пристапуваат.“ (Евреите 10:1, МК Библија 1990 год.)
Овде вели дека истите жртви кои тие ги принесуваат постојано година за година, не може никогаш нив да ги направи совршени. Законот е сенка на идните добра, а не и самата суштина на работите. Исус Христос, Месијата кој требаше да дојде, не направи нас совршени еднаш за секогаш (исто како што и годишните жртви умилостивуваа за цела година за сите) преку што беше крстен и што беше распнат за да умилостиви за сите наши гревови.
Заради тоа Исус рече во Евреите 10: „Тогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја“. Кога погоре рече: „Жртви и дарови и сепалениции за гревот—што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“, а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото за да го воспостави второто. Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш. И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите, а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, за секогаш седна оддесно на Бога, и оттогаш чека понатаму, додека непријателите Негови не бидат положени како подножје за нозете Негови. Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени. И Светиот Дух ни посведочи, зошто, откако порано рече: „Ова е заветот, што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава: „И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“(МК Библија 2009 год.)
И ние веруваме дека Исус не спаси нас од сите наши гревови на светот преку Неговото крштевање и крвта на Крстот.
 
 
Спасението да се биде поново роден од вода и Дух кое е врежано во нашите срца и памет
 
Дали сме праведни заради тоа што повеќе не погрешуваме?
Не. Ние сме праведни затоа што Исус ги одзеде сите наши гревови и ние веруваме во Него.
 
Дали вие сите верувате во Неговото совршено спасение? —Амин.— Дали сте послушни на Словото Божјо со вера дека Исус Христос Самиот беше крстен и искрвари на Крстот за да не спаси нас? Ние треба да имаме вера во Неговото Слово за да бидеме поново родени. Ние можеме да бидеме спасени кога ние веруваме дека Исус Христос преку евангелието на искупението ги изми/однесе сите наши гревови и сите гревови на светот.
Ние не можеме никогаш да постанеме безгрешни преку послушноста на Законот, но ние можеме да постанеме совршени преку нашата вера во делата Господови. Исус Христос ги зеде сите наши гревови преку Неговото крштевање во реката Јордан и ја престрада пресудата и казната за сите наши гревови на Крстот. Преку верувањето во ова евангелие со целото наше срце ние можеме да бидеме спасени од сите наши гревови и да постанеме праведни. Дали верувате во ова?
Крштевањето на Исус, Неговото распнување и воскресението се ослободувањето на гревовите на целото човештво и закон на спасението основан врз бескрајната и безусловната љубов Божја. Бог не сака нас какви што сме и Тој е праведен така Тој прво не направи нас праведни. Тој не направи праведни преку Неговото крштевање.
За да ги измие сите наши гревови, Тој го испрати Својот Единствен Син, Исус, долу на овој свет за нас. Тој дозволи да Исус ги одземе сите гревови на светот преку Исусовото крштевање и тогаш го префрли осудението на/врз Неговиот Син за сите наши гревови. Тој не направи нас Негови праведни деца преку спасението на водата и крвта, љубов Божја.
Напишано е во Евреите 10:16: „Ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ (МК Библија 2009 год.)
 Во нашите срца и мисли, дали сме ние грешници пред Бога или сме праведни? Ако имаме вера во Словото Божјо, ние постануваме праведни. Исус Христос ги одзеде сите наши гревови и осудата за нив. Исус Христос е нашиот Спасител. Вие можете да мислите: „Затоа што ние погрешуваме секој ден, како можеме да бидеме праведни? Ние сме дефинитивно грешници.“ Но кога веруваме во Словото Божјо како што и Исус Христос беше послушен на Отецот, ние постануваме праведни.
Секако, како што претходно реков, ние имавме гревови во нашите срца пред да бидеме поново родени. Откако го зедовме при срце евангелието на ослободението од гревовите, ние бевме спасени од сите наши гревови. Кога не го знаевме евангелието ние бевме грешници. Но постанавме праведни кога почнавме да веруваме во спасението Исусово и тогаш постанавме ние праведни чеда Божји. Ова е верата за постанување праведен за која што Апостолот Павле зборуваше. Верата во евангелието на ослободението не прави нас „праведни.“
Нити Апостолот Павле нити пак Аврам нити пак предците на верата постанаа праведни преку нивните дела туку наспротив со имањето вера во Словото Божјо, словото на Неговиот благослов на ослободението од гревовите.
Во Евреите 10:18: „А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“ (МК Библија 2009 год.) Како што е напишано, Бог не спаси нас за да ние не треба да умреме за нашите гревови. Дали верувате во ова? —Амин.—
Во Филипјаните 2: „Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата; и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото.“ (Филипјаните 2:5-11, МК Библија 1999 год.)
Исус Христос, Кој е зракот на Неговата слава и потполно претставништво на Неговата природа (Евреите 1:3) не посака никаква популарност за Себеси. Наместото на тоа, Тој го зеде врз Себеси обличието на слуга, и дојде во сличноста на човек. Тој се понизи Себеси и стана послушен се до смртта за да не спаси нас.
Заради тоа ние го прославуваме Исуса: „Тој е наш Господ, Спасителот и Царот.“ Причината зошто ние го величаме Бога и славиме Исус е дека Исус беше послушен на Волјата Божја се до крајот. Ако Тој не беше послушен ние немаше сега да го славиме Синот Божји. Но затоа што Синот Божји беше послушен на волјата на Неговиот Отец се до смртта, целото создание и сите луѓе на земјава го величаат Него и така ќе прават довека.
Исус Христос постана Јагнето Божјо кои ги одзеде гревовите на светот, и напишано е дека Тој ги одзеде нив преку Неговото крштевање. Сега поминаа скоро 2000 год. откако Исус ги одзеде гревовите на светот. И затоа што јас и ти од нашето раѓање живееме на овој свет сите наши гревови се исто така вклучени во гревовите на светот.
 
Ќе бидеме ли пак грешници ако утре погрешиме?
Не, затоа што Исус ги одзеде сите наши гревови на минатото, сегашноста и иднината.
 
Без да ги разделуваме оригиналните од личните гревови, нели ние сме погрешувале целиот наш живот, нели грешиме се од денот кога сме родени? —ДА.—
Исус знаеше дека ние ќе погрешуваме од денот на нашето раѓање се до денот кога ќе умреме и Тој ги одзеде претходно сите наши гревови. Можете ли сега да видите? Ако ние живееме до 70 години, нашите гревови би биле доволно да наполнат неколку стотици камиони. Но Исус ги одзеде сите наши гревови наеднаш со Неговото крштевање. И Тој ги сноси нашите гревови на Крстот со Него.
Ако Исус ги одзел само оригиналните гревови ние сите би умреле и би завршиле во пеколот. Дури и ако чувствуваме дека Тој не би можел да ги одземе сите наши гревови тоа никогаш не би го променило фактот дека Тој ги премавна сите наши гревови.
Колку грев можеме ние да извршиме во овој свет? Сите гревови кои ги извршуваме се вклучени во гревовите на светот.
Кога Исус му рече на Јован да Го крсти, тоа е она што Тој мислеше. Исус самиот сведочеше дека Тој ги одзеде сите наши гревови. Бог го испрати Својот слуга пред Исус и Го крсти Исус од него. Со тоа што се крсти од Јован, претставникот на човештвото, со наведнување на Неговата глава пред него да биде крстен, Исус ги одзеде сите гревови на човештвото.
Сите наши гревови од 20-та год. до 30-та година, од 30-та год. до 40-та година и така натаму, дури и гревовите на нашите деца беа вклучени во гревовите на светот кои што Исус ги одзеде преку Неговото крштевање.
Кој може да рече дека останал некаков грев во овој свет? Исус Христос ги одзеде сите гревови на светот и ние сите можеме да бидеме спасени кога веруваме, без сенка на двоумење во нашите срца, што Исус направи за да умилостиви за сите наши гревови: Неговото крштевање и крвавењето на Неговата скапоцена крв.
Повеќето луѓе го живеат нивниот турбулентен живот завиткани во своите мисли, зборувајќи за нивниот живот како тоа да било се. Но има и многу други кои живееле потежок живот. Многу живееле турбулентен живот. И јас исто така имав ваков живот пред да бидам поново роден. Како можете да не го разбирате или да не го прифатите евангелието на ослободението, на крштевањето на Исус и Неговата крв.
 
 
Спасението на грешните е свршено
 
Зошто Исус му ги изми нозете на Петар?
Затоа што Тој сакаше да Петар има силна вера во фактот дека Тој веќе ги однел сите негови идни гревови со Неговото крштевање.
 
Ајде да прочитаме во Јован 19. „А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; каде Го распнаа и со Него други двајца, од едната и од другата страна, а Исуса во средината. А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот;а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски цар. Натписот го прочитаа мнозина Јудејци, зошто местото, каде беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, латински и грчки.“ (Јован 19:17-20, МК Библија 1999 год.)
Драги пријатели, Исус Христос ги одзеде сите гревови на светот и Тој беше осуден на распнување во судот на Пилат. Сега ајде заедно да размислиме за следниве стихови.
Од стих 28: „По ова, Исус знаејќи дека е се свршено, за да се исполни Писмото.“ (МК Библија 1999 год.) Исус ги одзеде сите наши гревови за да се исполни Писмото. „Рече: „Жеден Сум! Таму имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!“ па ја наведна главата и го предаде духот.“ (Јован 19:28-30) (МК Библија 1999 год.)
Исус рече, „Се сврши!“ и тогаш умре на Крстот. После три дена Тој воскресна од смртта и се вознесе на Небесата.
Крштевањето на Исус од Јован Крстител и Неговата смрт се неопходно поврзани едно со друго, едното нема причина за постоење без другото. Заради тоа да го славиме Господа Исуса за тоа што не спаси нас со Неговото евангелие на ослободение.
Месото човечко секогаш ги следи потребите на телото и ние не можеме друго освен да погрешуваме со нашето месо. Така Исус ни го даде нас Неговото крштевање и Неговата крв за да не спаси нас од гревовите на нашето месо. Тој не спаси нас од гревовите на нашето тело со Неговото евангелие.
Оние кои што се целосно ослободени од нивните гревови можат да влезат во Царството Божјо во секое време преку верувањето во Исус Кој беше крстен во Јордан, Кој умре на Крстот и воскресна на третиот ден. Затоа го славиме Господа и Неговото име засекогаш.
Во последната глава на евангелието според Јован, Исус отиде во Галилеја откако воскресна од смртта. Тој отиде кај Петар и му рече Него: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ И Петар одговори и рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите јагниња?“
Петар сфати се: евангелието на крштевањето на Исус и Неговата смрт, ослободението од гревовите. Сега верувајќи во евангелието на водата и на крвта кои му дадоа ослободение од сите негови гревови и сфаќајќи ја причината зошто Исус му ги измил нозете, неговата вера во Исуса стана многу посилна.
Ајде повторно да прочитаме во Јован 21:15. „А кога завршија со појадокот Исус му рече на Симона Петра: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме повеќе одколку овие?“ Тој му рече: „Да Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Паси ги Моите јагниња!“ (МК Библија 1999 год.) Тој можеше да му ги довери Неговите јаганца на Петар затоа што Петар беше Негов ученик кој беше целосно спасен и затоа што Петар постана праведен и совршен слуга Божји.
Ако Петар беше пак паднал како грешник заради неговите секојдневни гревови Исус немаше да му рече него да го проповеда евангелието на искупението на гревовите, затоа што тој вклучувајќи ги и другите ученици не можеа друго освен да погрешуваат секој ден во месото. Но Исус им рече да го проповедаат евангелието кое ги премавна сите нивни гревови затоа што тие веруваа во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, евангелието на умилостивението на гревовите.
 
 
Господи, ти знаеше дека Те сакам
 
Дали ќе постанете Повторно „грешник“ кога повторно ќе погрешите?
Не. Исус веќе ги одзеде сите мои идни гревови кај реката Јордан.
 
Ајде да размислиме за зборовите Исусови кон Петар. „Симоне, Јонин, љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Неговата исповед на љубовта е вистинска излегувајќи како од вера во евангелието на умилостивението за сите гревови.
Ако Исус не го научеше Петар и другите ученици за евангелието на ослободението од гревовите преку миењето на нивните нозе тие немаше да бидат способни да ја исповедаат нивната љубов на таков начин.
Наместото од тоа, кога Исус дојде кај нив и праша: „Дали Ме љубиш повеќе отколку овие?“ Петар ќе Му речеше: „Господи јас сум само една нецелосна особа и јас сум грешник кој не може да Те љуби повеќе отколку овие. Те молам остави ме насамо.“ Петар би избегал и би се сокрил од Исуса.
Но ајде да размислиме за Петровите одговори. Тој беше благословен со евангелието на ослободението од гревовите, на крштевањето на Исус и Неговата крв кои го спасија целото човештво.
Заради тоа тој рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Оваа исповеда на љубовта излезе од неговата вера во евангелието на ослободението на Исус. Петар веруваше во вистинското евангелие ослободението од гревовите, преку кои Исус ги одзеде сите гревови на светот дури и гревовите на иднината за кои луѓето се сврзани да ги извршат заради нивната нецелосност и слабост на нивното месо/тело.
Затоа што Петар веруваше цврсто во евангелието на ослободението од гревовите и затоа што тој веруваше дека Исус беше Божјото Јагне, тој беше способен да му одговори на Господа без никакво двоумење. Спасението Исусово дојде со ослободението од гревовите и така Петар веруваше во спасението преку евангелието на ослободението од сите гревови на светот.
Дали сте и вие исто како Петар? Можете ли да го љубите и да имате доверба во Исус, Кој ги одзеде сите гревови на светот за нас со Неговото евангелие на ослободението, со Неговото крштевање и со Својата крв? Како можете нити да верувате нити да го љубите Него? Нема друг начин.
Ако Исус ги одзел само гревовите на минатото или само од сегашноста и ги изоставил гревовите на иднината за нас, ние не можеме да го славиме како што правиме сега. Во дополнение на ова, ние сите би сигурно завршиле во пеколот. Заради тоа сите ние треба да исповедаме дека сме биле спасени преку верувањето во евангелието на ослободението од сите гревови.
Месото е секогаш наклонето кон грев, и ние погрешуваме цело време. Заради тоа треба да исповедаме дека сме биле спасени преку верувањето во евангелието на изобилното умилостивение за гревовите кое што Исус ни го даде нас, евангелието на крштевањето и крвта на Исус.
Ако ние не веруваме во евангелието на умилостивението на гревовите, крштевањето на Исус и крвта на Исус, ниеден верник не ќе биде спасен од неговите идни гревови. Во дополнение, ако ние сме биле искупени од сите наши цело- животни гревови преку исповедањето и покаението за нив секогаш, ние би сигурно биле премногу мрзливи да останеме праведни цело време и ние би имале секогаш гревови во нашето срце.
Ако е вака, ние би се секогаш враќале да бидеме грешници и не би биле способни да го љубиме Исуса или пак да бидеме блиски со Него. Тогаш, ние не би биле способни да веруваме во Неговото спасение и ние не би биле способни да го следиме Него до крајот на нашиот живот.
Сепак, Исус ни го даде нас евангелието на ослободението од гревовите и ги спаси оние кои веруваат. Тој постана совршен Спасител и ги изми сите наши погрешенија кои ќе ги извршиме секој ден во нашиот живот за да ние можеме Него вистински да го љубиме.
Заради тоа, ние верниците не можеме друго освен да го сакаме евангелието на крштевањето и крвта на Исус, словото на ослободението од нашите гревови. Сите верници можат да го љубат Исус засекогаш и да станат заробеници на љубовта на спасението преку евангелието на ослободението од гревовите кое што Исус ни го даде.
Драги љубени! Ако Исус изостави само еден најмал грев вие немаше да бидете способни да верувате во Исус, нити пак вие ќе бевте способни да станете сведоци на евангелието на ослободението од гревовите. Вие немаше да бидете способни да работите како слуга Божји.
Но ако верувате во евангелието на ослободението од гревовите, вие можете да бидете спасени од сите гревови на светот. Тој ви дозволува да бидете спасени од сите ваши гревови кога ќе го сфатите вистинското евангелие на ослободението запишано во Словото на Исус.
 
 
„Дали ме љубиш повеќе отколку овие?“
 
Што не направи нас да го љубиме Исус повеќе од се друго?
Неговата љубов за нас преку Неговото крштевање кое ги изми сите наши гревови дури и сите наши идни гревови.
 
Бог им ги довери Неговите јаганца на Неговите ученици кои што потполно веруваа во евангелието на ослободението од гревовите. Исус праша три пати: „Симоне, Јонин, љубиш ли Ме повеќе одколку овие?“ И Петар одговори секој пат: „Да, Господи, ти знаеш дека Те сакам.“ Сега, ајде да размислиме за Петровите одговори. Ние можеме да видиме дека ова не беше израз од неговата волја, но од неговата вера во евангелието на ослободението од сите гревови на светот.
Кога ние љубиме некого и ако таа љубов е основана и излегува од нашата волја, може да пропадне кога би ослабеле. Но ако таа љубов е зависна од силата на Божјата љубов тогаш ќе трае засекогаш. Божјата љубов, наречена, изобилното умилостивение за сите наши гревови, спасението на водата на Исусовото крштевање и Духот, е таква.
Нашата вера во евангелието на ослободението од гревовите на светот мора да постане основа за нашите работи за Господа и нашата љубов за Него. Ако ние го сакаме Него само со нашата волја ние би се сопнале утре и би завршиле мразејќи се себеси заради нашите беззаконија. Сепак, Исус ги однесе сите наши гревови: оригиналните гревови, нашите секојдневни гревови на минатото, денешните и утрешните и сите гревови од целиот наш живот. Тој не изостави ниту еден од лицето на земјата од Неговото спасение.
Сето ова е вистина. Ако нашата љубов и вера зависат од нашата волја и резолуција ние би пропаднале во нашата вера. Но затоа што нашата вера и љубов зависат од евангелието на ослободението коишто Исус ни ги даде, ние сме веќе чеда Божји, праведните. Затоа што ние веруваме во спасението на водата и Духот ние сме безгрев.
Со должност на фактот дека нашето спасение дојде, не од нашата светост во себеси, туку преку љубовта од Бога, со други зборови, преку Неговиот закон на вистинското спасение преку ослободението од нашите гревови, ние сме праведни без разлика колку нецелосни или слаби ние во реалниот живот сме. Ние ќе влеземе во Царството Божјо и на крај ќе го славиме Бога во вечноста. Дали верувате во ова?
Во 1 Јован 4:10 стои: „Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.“ (МК Библија 1999 год.) Исус не спаси нас со водата и Духот за да ние имаме вера во евангелието на ослободението, крштевањето на Исус и Неговата крв.
Ако Бог не не спасил нас со евангелието на ослободението од гревовите ние немаше да бидеме спасени без разлика колку усрдно ние сме верувале. Но Исус ги очисти сите гревови кои ги извршуваме во нашите срца и со нашето месо.
Со цел да ние постанеме праведни, ние мораме да бидеме сигурни за нашето спасение, преку вера во словото на водата и на Духот, евангелието на умилостивението. Евангелието на ослободението од сите гревови на светот е составено од крштевањето на Исус и Неговата крв. Евангелието на оправданието е содржина на вистинската вера, вистинската основа на спасението и клучот да се влезе во Царството Божјо.
 
 
Ние треба да ја отфрлиме верата од нашата сопствена волја
 
Од каде доаѓа вистинска вера?
Доаѓа од љубовта Божја кој веќе ги очисти дури и сите наши гревови на иднината.
 
Верата или љубовта родена од сопствената волја не е нити вистинска љубов нити пак е вистинска вера. Има многу во овој свет кои прво веруваа во Исус со добра волја и покасно се откажаа од нивната вера, сите заедно,поради агонијата на грев во нивните срца.
Но ние треба да знаеме дека Исус ги очисти сите гревови на светот: не само безначајните беззаконија, но исто и најголемите гревови кои се извршени заради непознавање/незнаење.
И во Јован 13, со цел да ги научи Неговите ученици како сеопфатно и постојано ефективно Неговото евангелие беше, Исус ги собра заедно Неговите ученици пред Тој да биде распнат. Додека вечераше со Неговите ученици, Тој стана и им ги изми нозете за да ја вреже вистината на Неговото изобилно спасение во нивните срца. Ние сите треба да знаеме и да веруваме во евангелието на ослободението на кое Исус ги научи учениците со миењето на нивните нозе.
Но Петар на прв изглед цврсто го одби Исус да му ги измие нозете. „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!“ Ова е изразот на верата која се роди од сопствената волја. Но Исус му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш ,но подоцна ќе разбереш.“
Сега, со евангелието на водата и Духот, ние можеме да ги разбереме зборовите во Библијата кои беа многу подалеку од нашето разбирање. Тоа е Словото на вистината, евангелието на водата и Духот, ослободението од гревовите, кое му дозволува на грешник да постане праведен преку верувањето во тоа со целото негово срце.
Петар отиде на риболов со другите ученици. Тие исто беа на риболов и пред да го сретнат Исуса. Тогаш Тој се појави пред нив и ги повика. Исус беше спремал поручек за нив и додека поручуваа Петар го сфати значењето на зборовите кои Исус ги зборуваше. „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Тој конечно разбра што Исус навистина мислеше со претходното миење на неговите нозе.
„Господ ги очисти сите мои гревови. Сите гревови кои јас ги извршив заради мојата слабост вклучувајќи ги исто така и сите гревови кои ќе ги извршам во иднина.“ Заради тоа Петар ја отфрли верата родена од неговата сопствена волја и резолуција и почна да стои цврсто на крштевањето и на крвта на Исус, евангелието на ослободувањето од гревовите.
После појадокот Исус го праша Петара: „Љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ И сега утврден со вера во љубовта Исусова, Петар исповеда: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Петар можеше тоа да го рече затоа што тој разбра што Исус мислеше кога Тој рече: „Подоцна ќе разбереш.“ Сега тој можеше да ја исповеда неговата вистинска вера, верата во крштевањето и крвта на Исус, евангелието на ослободението од гревовите.
 
 
После тоа, Тој постана Вистински Божји Служител
 
Како можете вие да постанете вистински Божји слуга?
Со верувањето во Неговото вечно ослободение за сите мои гревови.
 
После тоа искуство, Петар и другите ученици го проповедаа евангелието се до нивниот последен здив. Дури и Павле, кој ги беше прогонувал безмилосно Христијаните, сведочеше за евангелието за време на тешките денови на Римската Империја.
Помеѓу дванаесетте ученици Исусови, Јуда го продаде Исуса и покасно се обеси себеси. И Апостолот Павле беше кој го зеде неговото место. Апостолите го избраа Матеја измеѓу себеси, но Павле беше оној кого Бог го одбра и Павле стана апостол Исусов и го проповедаше евангелието на ослободението од гревовите со другите ученици на Исус.
Многу од учениците умреа како маченици. Дури и кога беа заканувани со смрт тие не се одрекоа од нивната вера и продолжија да го проповедаат евангелието.
Тие можеби проповедаа вака: „Исус Христос ги очисти сите гревови на вашето тело со Неговото крштевање и крвта, тоа е, со Неговото евангелие на ослободението од гревовите. Исус ги одзеде вашите гревови со Неговото крштевање во реката Јордан и ја сноси осудата за вас на Крстот. Верувајте во евангелието на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот и бидете спасени.“
Многу беа навистина спасени преку слушањето на оригиналното евангелие и верувањето во него. Тоа беше силата на верата во евангелието на крштевањето на Исус, Неговата крв и Духот.
Учениците го проповедаа евангелието на водата и Духот: „Исус е Бог и Спасител.“ Заради тоа што тие сведочеа за евангелието на водата и Духот ти и јас сега можеме да слушнеме за евангелието на крштевањето и крвта на Исус, како за наше спасени и да бидеме спасени од грев. Заради бескрајната љубов Божја и целосното спасение на Исус, ние сите постанавме ученици на Исус.
Дали вие сите верувате? Исус не возљуби толку многу што Тој ни го даде евангелието на водата и Духот, ослободение од грев и ние постанавме праведни ученици на Исус. Со цел да ги научи за вистинското евангелие на ослободението, Исус им ги изми нозете на Неговите ученици.
Исус им ги изми нозете на Неговите ученици за да ги научи нив и нас дека сите гревови на светот вклучувајќи ги и сите гревови кои ќе ги извршиме по целиот наш живот беа целосно очистени кога Исус беше крстен и искрвари на Крстот. И Му благодариме на Исуса за Неговата љубов и за евангелието на ослободувањето.
Исус не научи на две работи преку миењето на нозете на учениците. Прво: тоа беше да ги научи нив како што тој и рече: „Јас сега што правам ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш“, дека сите наши гревови беа однесени со евангелието на ослободувањето, со крштевањето на Исус и Неговата крв.
И втората работа беше дека Исус се понизи Себеси за да ги спаси грешниците и да ги направи нив праведни, ние, поново—родените, треба да им служиме на другите со проповедање на евангелието на ослободувањето. Правилно е за нас кои дојдовме прво да им служиме на оние кои дојдоа после нас.
Двете причини зошто Исус им ги изми нозете на учениците пред празникот Пасха се јасни. И тие ќе постојат во Неговата Црква.
Ученикот не може никогаш да биде поголем од неговиот учител. Затоа ние го проповедаме евангелието на светот и му служиме како да го служиме Исуса. И ние кои бевме претходно спасени треба да им служиме на оние кои доаѓаат после нас. За да ги научи учениците на ова, Исус им ги изми нозете. Во дополнување на ова, со миењето на Петровите нозе, Тој ни покажа дека тој е совршениот Спасител за да ние никогаш повторно не бидеме измамени од ѓаволот.
Вие сите можете да бидете спасени преку верувањето во евангелието на ослободувањето од гревовите, во евангелието на водата и Духот. Исус ги однесе сите наши гревови со Неговото крштевање, Неговото распнување и воскресение и само оние кои веруваат во Неговото евангелие можат да бидат спасени од гревовите на светот засекогаш.
 
 
Имајте вера во евангелието кое што ги премавна сите наши секојдневни гревови
 
Ние можеме да ја отсечеме измамата на ѓаволот со верувањето во евангелието на ослободувањето, словото на водата и Духот. Луѓето лесно се измамени од ѓаволот и тој непрестајно им шепоти во ушите. Знаејќи дека месото на луѓето постојано извршува гревови во светот, како можат тие да бидат без грев? Сите луѓе се грешници.
Сепак, ние го знаеме одговорот. „Знаејќи дека Исус ги одзеде сите наши гревови од нашето месо со Неговото крштевање, како може верникот да биде со грев? Исус ја исплати во изобилност платата за сите гревови и заради тоа каков долг останал да ние го отплатиме?
Ако ние не веруваме во евангелието на водата и крвта, зборовите на ѓаволот изгледаат разумни. Но ако го имаме евангелието на наша страна ние можеме да имаме непоколеблива вера во вистината на словото од Бога.
Заради тоа ние треба да имаме вера во евангелието на поново раѓање од вода и Дух. Вистинска вера е да веруваш во евангелието на крштевањето на Исус, Неговата крв на Крстот, Неговата смрт и Неговото воскресение.
Дали сте виделе некогаш слика или модел на Шатор на средбата? Тоа е мала шаторска куќа. Куќата е поделена на два дела, надворешниот дел е Светото место и внатрешниот дел е Најсветото Место, Светилиште каде што Капакот на милоста се наоѓа.
Има, во тоталност 60 столба на надворешниот двор на светиот Шатор, а на внатрешниот има 48 табли. Ние треба да имаме слика во нашата мисла за Шаторот со цел да го разбереме значењето на словото Божјо.
 
 
Од што беше направен влезот на дворот на Шаторот?
 
Од што беше направен влезот на дворот на Шаторот?
Завеса везана (исткаена) од љубичесто, црвено и темноцрвено предиво и препреден лен.
 
Вратата на влезот во дворот на Шаторот е опишана во Излез 27:16: „А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти во висина, од сина, црвена и темноцрвана ткаенина и со ткаен висон ишарана; и четири столба за неа, со четири подножја под нив.“ (MK Библија 1990 год.) Материјалите употребувани за правење на влезот на дворот од Шаторот беа љубичесто, црвено и темно црвено предено и препреден лен. И беше сложно везено и многу бојно.
Бог му заповеда на Мојсеј да ја исткае завесата бојно со љубичесто, црвено и темноцрвено предиво за да им биде на сите лесно да го најдат влезот. И завесата исткаена со љубичесто, црвено и темноцрвено и препреден ленски конец беше обесена на четири столба.
И овие четири материјали го симболизираат планот на спасението Божјо со кое што Тој ќе ги спасеше сите оние коишто веруваат во Неговиот Син, во крштевањето и крвта на Исус и во Неговата Божественост.
Секој од материјалите употребен за изградба на Шаторот има специфично значење и го претставува Словото Божјо и Неговиот план да го спаси човештвото преку Исус.
Сега, колку многу различни материјали беа користени за влезот на дворот од Светиот Шатор? Љубичесто, црвено и темноцрвено предиво и препреден ленен конец. Сите овие четири се многу значајни во помошта за нас во зајакнување на нашата вера во евангелието на поново раѓање. Ако не беше значајно оваа информација немаше да биде запишана во Библијата во толку големи детали.
Сите материјали употребени за правење на влезот во дворот на светиот шатор се однесуваат на важното значење за нашето спасение. Заради тоа Бог му ги откри овие работи на Мојсеј и му рече него да прави онака како што му беше кажано.
 
 
Кое е значењето на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво во евангелието Божјо?
 
Што симболизираат сите материјали употребени за шаторот?
Спасението Исусово преку Неговото крштевање и крвта.
 
Внатре во светиот шатор, љубичесто, црвено и темноцрвено предиво и препреден ленен конец беа повторно употребувани за завесата која беше обесена помеѓу Светото и Најсветото Место. Истите материјали беа употребувани за носијата на Високо Свештеникот кој влегуваше еднаш годишно внатре во Најсветото Место (Светилиштето).
Љубичестото предиво го симболизира крштевањето на Исус. Во 1 Петар 3:21 напишано е: „Образот на таа вода- крштевањето, не спасува сега и нас.“ Петар го потврди во овој стих крштевањето на Исус преку кое што Тој ги одзеде сите гревови на светот како приказ за спасението на умилостивението. Сте наши гревови сите гревови на светот беа пренесени/положени на Исус со Неговото крштевање.
Заради тоа љубичестото предиво, крштевањето на Исус е најважниот дел од Словото на спасението.
Црвеното предиво ја симболизира крвта на Исус, и темноцрвеното предиво ја симболизира Неговата Божественост—титулата на Исуса како Цар и Бог. Заради тоа трите бои на предивото беа неопходни за нашата вера во Исус и Неговото спасение.
Прекрасната надворешна носија носена од Високо Свештеникот беше наречена Наплеќник и робата на наплеќникот исто беше целиот љубичест. Високиот Свештеник исто така носеше и турбан врз кој имаше плоча од чисто злато и изгравирано беше на плочата кое вели: „СВЕТОСТ ГОСПОДОВА.“ И плочата беше сврзана за тулбанот исто со љубичести конец.
 
 
Вистината претставена со љубичестото предиво
 
Што симболизира љубичестото предиво?
Крштевањето на Исус.
 
Јас го побарав значењето на љубичестото предиво во Библијата. Што вели Библијата за љубичесто/сино? Ние треба да го разбереме љубичестото измеѓу црвено и темноцрвеното предиво.
Љубичесто предиво значи „водата“ тоа е крштевањето на Исус. Исус Христос беше крстен од Јован Крстител за да ги одземе сите гревови на светот (Матеја 3:15).
Ако Исус не ги одземеше гревовите на светот со Неговото крштевање, ние не можеше да постанеме осветени пред Бога. Заради тоа, Исус Христос требаше да дојде на овој свет и да биде крстен од Јован Крстител во реката Јордан за да ги однесе сите гревови на светот.
Причината зошто требаше да има љубичесто предиво во влезот на дворот на светиот шатор беше затоа што ние не можеме да постанеме осветени без крштевањето на Исус.
Црвеното предиво значи Неговата крв, смртта Исусова. Темноцрвено значи Исусовата Божественост, така Исусовата титула како: „Блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над Господарите.“ (1 Тимотеја 6:15, МК Библија 1990 год.)
Вистината е дека црвеното предиво значи крвта на Христос, кој искрвари на Крстот за да исплати за платата на гревот на целото човештво. Исус Христос дојде на овој свет во тело (месо) за да ги земе врз Себе гревовите на човештвото преку Неговото крштевање и да ги исплати сите плати за гревовите на човештвото со жртвувањето Свое на Крстот. Крштевањето и крвта на Исус се вистинското евангелие на искупението кое е проречено преку боите на предивото употребени за Светиот шатор во Стариот Тестамент.
Столбовите на шаторот беа направени од багремово дрво и подножјата од бронза и бронзените подножја беа покриени со траки (бендови) од сребро.
Сите грешници треба да бидат судени за нивните гревови затоа што платата што ја дава гревот е смрт. Пред некој да биде благословен од Бога да добие нов живот, тој требаше да принесе жртва да биде заколена за неговите гревови во времето на Стариот Тестамент.
Сепак, крштевањето на Исус во Новиот Тестамент, кое што е претставено со љубичестото предиво на Светиот шатор, ги одзеде сите наши гревови. Исус ги однесе нашите гревови на Крстот, искрвари и беше осуден за нив, и со извршувањето на ова Тој не спаси сите нас кои што имаме вера во евангелието на искупението. Тој е Цар над царевите и Свет Бог.
Драги Христијани, крштевањето на Исус беше спасението на Исус, Кој не спаси нас со одземањето на сите наши гревови. Исус, Кој е Бог, дојде долу на земјава во телото (темноцрвено предиво); Тој беше крстен за да ги одземе сите гревови на светот (љубичестото предиво); Тој беше распнат и искрвари на Крстот за да го прими осудението на нашето место (црвеното предиво). Крштевањето на Исус ни кажува без никакво двоумење дека Тој постана вистинскиот Спасител за сите луѓе.
Ние исто така можеме тоа да го видиме во боите кои беа употребени за изработка на влезот на светиот шаторот.
Да биде платното од влезот на шаторот сошиено со љубичесто, црвено и темноцрвено предиво во препреден ленски конец ни кажува нас јасно за вистината на спасението Божјо. Препредениот ленски конец овде значи дека Тој не спаси нас сите без никаков исклучок од сите гревови на светот. Тоа е најважното на спасението на умилостивението.
Ние можеме да видиме според истите материјали употребувани за влезот на светиот шатор дека Исус Христос не не спаси нас грешните така несмислено, без планирање. Тој, беше послушен на Божјиот внимателно детаљиран план, беше крстен и распнат тогаш воскресна од смртта за да го исполни спасението на човештвото. Со љубичесто, црвено и темно црвено предиво, материјалите на евангелието на умилостивението, Исус не спаси сите нас кои веруваме во Неговото спасение.
 
 
Бронзениот умивалник од Стариот Тестамент беше сенка на крштевањето во Новиот Тестамент
 
Зошто свештениците ги миеја своите раце и нозе пред тие да влезат во Светото Место?
Затоа што тие требаа да застанат пред Бог без никаков грев.
 
Мијалникот исто така беше направен од бронза. Бронзата го претставува осудението кое Исус го претрпе за нас. Леѓенот со вода го претставува словото на евангелието кое што ни кажува нас дека сите наши беззаконија беа очистени.
Тоа ни кажува нас како очистувањето на нашите секојдневни гревови е извршено. Тоа е сенка на вистината дека секојдневните гревови од целото човештво можат да бидат очистени преку вера во словото на Исусовото крштевање.
Жртвеникот за паленици го претставува осудението. А водата на Исус, која е сина/љубичеста, е евангелието на умилостивението за гревови, со други зборови, крштевањето на Исус од Јован Крстител (Матеја 3:15, 1 Јован 5:5-10). Тоа е словото сведоштво за евангелието на спасението преку искупението.
Во 1 Јован 5 напишано е: „И ова е победата што го победи светот—верата наша. И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; И Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.) Тој исто така ни кажува дека кој верува во Синот Божји го има сведоштвото на водата, крвта и Духот во него.
Бог ни дозволи нас да бидеме осветени преку вера во евангелието на искупението и да влеземе во Светиот шатор. Заради тоа сега ние можеме да живееме во вера, да се храниме со зборовите Божји, да бидеме благословени од Него и да го живееме животот на праведен. Да се постане народ Божји значи да бидете спасени преку вера во евангелието на искупението и да живеете внатре во Светиот шатор.
Многу луѓе денес велат дека е доволно да само веруваш без да размислиш за значењето на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво од влезот на светиот шатор. Ако некој верува во Исус без знаење за овие работи, неговата вера не е вистинска затоа што сеуште има грев во срцето негово. Ваков човек сеуште ќе има грев во срцето негово затоа што не поверувал во вистината на поново раѓање преку евангелието на искупението, на водата, крвта и Духот.
Ако некој биде прашан да оцени друг ,кого не го познава, и ако за да го задоволи слушателот, тој би рекол: „Да, јас верувам во оваа особа. Се разбира никогаш не сум се запознал со него, но сепак му верувам.“ Дали мислите дека слушателот ќе биде задоволен да го слушне тоа? Можеби, некои од вас исто вака се однесувате во вашите меѓусебни односи, но ова не е довербата која Бог од нас е сака.
Бог сака да ние веруваме во евангелието на ослободувањето од гревовите, спасението на Исус преку љубичестото (Исусовото крштевање), темноцрвеното (Исусовото Божество) и црвеното (Исусовата крв). Ние треба прво да знаеме како Тој не спаси од сите наши гревови пред да имаме вера во Исус.
Кога ние веруваме во Исус, ние треба да знаеме како Тој не спаси нас од сите наши гревови преку водата (Исусовото крштевање), крвта (Неговата смрт), и Духот (Исус е Бог).
Кога ние навистина ќе разбереме, ние можеме да осетиме вистинска вера и да имаме полна вера. Нашата вера нема никогаш да биде целосна без знаењето на оваа вистина. Вистинска вера доаѓа само преку сфаќањето на сведоштвото за Исусовото спасение, евангелието на ослободувањето и за Исус како вистински Спасител на човештвото.
Како изгледа тогаш верата која се исмејува на Исус? Ајде да видиме.
 
 
Верата која го исмејава Исуса
 
Што е најпотребно за вера?
Правилно знаење за Исусовото крштевање.
 
Вие треба да знаете дека своеволното (случајно) верување во Исус е исто како да го исмејувате Него. Ако мислите: „Тешко ми е да верувам, но ако Тој е Бог и ако е Тој Син Божји јас како и да е би морал/а да верувам во Него“, тогаш вие му се исмејувате на Исус. Ако вие навистина сакате да бидете поново родени, вие треба да верувате во крштевањето и крвта на Исус, во евангелието на искупението.
Верувањето во Исус без знаење за евангелието на искупението е полошо од неверувањето во Него. Да проповедате евангелие на само крвта Исусова е залудна работа без знаење на вистината.
Исус не сака некој да се шета наоколу проповедајќи да своеволно (случајно ) верува во Исуса или пак да има вера во Него без причина.
Кога ние веруваме во Исус, ние треба да признаеме дека евангелието на искупението е крштевањето и крвта на Исус. Кога ние веруваме во Исус, ние треба да го разбереме евангелието на искупението преку Неговото Слово и да специфично (правилно) знаеме како Тој ги однесе сите наши гревови.
Ние исто така треба да знаеме на што се однесуваат љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво од влезот на светиот шатор. Тогаш ние ќе имаме вистинска вера која ќе трае довека.
 
 
Ние никогаш не можеме да бидеме поново родени без вера во Исуса, исполнувањето на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво
 
Што правеа свештениците пред да влезат во светото место?
Тие ги миеја рацете и нозете со водата од бронзениот мијалник.
 
Господ наш, Исус, не спаси. Ние не можеме друго освен да го славиме Господа кога ќе видиме колку совршено Тој не спаси нас. Ние треба да погледнеме на светиот шатор. Тој ни го даде словото на евангелието на искупението преку љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво од светиот шатор и не спаси нас со нив. Ние Му благодариме и Го славиме Господа.
Грешниците не можеа да влезат во светото место пред прво да поминат преку страшно осудение. Како може еден да влезе во светото место без да биде осуден за неговите гревови? Ова би било невозможно. Ако ваква личност би влегла во забранетото место, тој/таа би биле веднаш и тука убиени. Тоа би било тешко проклетство. Грешникот не може нити да влезе во светото место нити пак да очекува да таму живее.
Нашиот Господ не спаси нас преку тајната скриена во влезот на светиот шатор. Со љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво, и препредениот линеен конец, Тој не спаси нас. И Тој ни ја кажа нас тајната на Неговото спасение преку овие работи.
Бевме ти и јас спасени на таков начин? Ако ние не веруваме во зборовите на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво, не би имало спасение преку евангелието на искупението. Бојата љубичеста/сина не значи Бог, таа не значи ништо друго освен крштевањето на Исус. Таа значи крштевањето на Исус Кој ги одзеде сите наши гревови.
Некој може да влезе се до жртвеникот за паленици без верување во љубичестото предиво. Меѓутоа, тој не може да влезе во светото место каде што Бог престојува.
Заради тоа, пред да поминеме кај влезот на светиот шатор, ние треба да веруваме во љубичестото предиво (крштевањето на Исус), црвеното предиво (Неговата крв на Крстот), и темноцрвеното предиво (Исус е Бог и Синот Божји). Само кога ние веруваме, ние сме прифатени од Бога и дозволено ни е да поминеме преку завесата на Најсветото Место.
Некои влегуваат во надворешниот двор на шаторот и мислат дека се внатре. Но ова не е спасение. Колку длабоко/далеку ние треба да одиме за да бидеме спасени? Ние треба да бидеме способни да влеземе во Најсветото Место (Светилиштето).
Со цел да влеземе во Најсветото Место, ние треба да помине покрај бронзениот мијалник. Бронзениот мијалник го претставува крштевањето на Исус и ние треба да ги измиеме нашите секојдневни гревови со крштевањето на Исус и да станеме свети за да влеземе во светото место.
Во Стариот Тестамент, свештениците требаше да се измијат себеси пред да влезеа внатре и во Новиот Тестамент, Исус им ги изми нозете на учениците за да го симболизира премавнувањето на нивните цело животни гревови.
Законот Божји вели: „зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.) Бог без исклучок ги осудува гревовите на човекот но Тој ги положи нив врз/на Неговиот Син и го осуди Него на местото од човештвото. Ова е љубовта Божја, Неговото спасение. Вистинско спасение е примено само кога ние веруваме во евангелието на умилостивението кое го содржи крштевањето, крвта, смртта и воскресението на Исус.
 
 
Со цел да се биде роден поново, не смее да се презира Библиската вистина, Евангелието на умилоствението за гревовите
 
Што единствено ни преостанува нас да сега правиме?
Тоа е да веруваме во евангелието, напишаното Слово Божјо.
 
Јас никогаш не презирам други луѓе. Кога некој зборува за нешто со што јас не сум познат јас љубезно го прашувам да ми објасни за тоа. Но кога се распрашав за импликацијата на светиот шатор никој ме можеше да ми каже.
Тогаш што требаше да правам? Јас требаше да се вратам во Библијата. Каде е напишано во Библијата за светиот шатор? Тоа е опишано детално во книгата Излез. И ако некој ја чита оваа Книга внимателно тој може да го разбере неговото значење преку напишаното слово Божјо.
Драги пријатели, вие не можете да бидете спасени преку некаквото несовесно верување во Исус. Вие не можете да бидете поново родени само преку верно одењето в црква. Ние знаеме дека Исус му рече на Никодим. „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо... „Ти си учител Израилев, па тоа ли не го знаеш?” (Јован 3:5-10, МК Библија 1976 год.)
Сите оние кои веруваат во Исус треба да веруваат во љубичестото предиво (сите гревови на светот беа пренесени/положени на/врз Исус кога Тој беше крстен), црвеното предиво (смртта на Исус за сите наши гревови), и темноцрвеното предиво (Исус е Спасител, Бог и Синот Божји).
Ние треба да веруваме дека Исус е Спасителот на сите грешници на светот. Без оваа вера, никој не може да биде поново роден, нити пак може да влезе во светото место на Царството Божјо. Ниеден не може да живее верно на овој свет без тоа.
Без тоа би било лесно ако некој би можел да се поново роди само преку верувањето во Исус? —Да.— „♫Ти веќе си спасен, Јас веќе сум спасен. Ние сме веќе спасени♫.“ Колку убаво! Но има толку многу кои веруваат во Исус без да се навистина „поново родени.“
Ние треба да ја знаеме вистината во Библијата исто така треба да имаме вера во Исус. Ние треба да го знаеме евангелието на ослободувањето од гревовите запишано во Библијата и за значењето на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво со цел да влеземе во светиот шатор и да бидеме со Бога во областа на верата. Внатре, во шаторот на верата, ние можеме радосно да живееме се додека Исус пак дојде да не однесе нас во Неговото Царство. Значајно (суштинско) е за нас да веруваме правилно во Исус.
 
 
Оригиналното евангелие роди осветување со љубичестото предиво
 
Која е неопходна состојка за нашето спасение, освен Крстот на Исус?
Исусовото крштевање.
 
Луѓето мислат дека тие можат да живеат совршено без да направат било каква грешка. Меѓутоа, колку посилно се обидуваат да прават добро, толку побрзо ќе ги откријат своите недостатоци и невозможно е за нив да не грешат. Човечките суштества се нецелосни и невозможно е за нив да не грешат. Сепак, затоа што Исус не спаси нас со љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво, евангелието на искупението, ние можеме да бидеме осветени и да влеземе во светото место од Бога.
Ако Бог не не спасеше со љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво, ние самите од себе никогаш не би биле способни да влеземе во светото место. Која е причината за ова? Ако само оние кои живеат совршено со телото можат да влезат во светото место, не би имало ниту еден кој би бил квалификуван за влез. Кога еден верува во Исус без да го знае вистинското евангелие, тој само пристава гревови во своето срце.
Исус не спаси нас со Неговиот внимателно планирано спасение, спасението на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво и препредениот ленен конец. Тој ги однесе сите наши гревови. Дали верувате во ова? —Да.— Дали ја имате во срцето ваше вистината за евангелието на ослободувањето и дали сведочите за тоа? —Да.—
Само кога носите сведоштво за евангелието вие можете да ја ставите на вашето чело плочата која вели „ГОСПОДОВА СВЕТОСТ“ и да му се придружите на „царското свештеништво“ (1 Петар 2:9, МК Библија 1999 год.) Само тогаш вие можете да стоите цврсто пред луѓето и да им речете дека сте слуга Божји, работејќи како царски свештеник.
Турбанот на Високо Свештеникот имаше плоча од злато и таа беше заврзана со син/љубичест конец. Зошто љубичест/син? Затоа што Исус не спаси со евангелието на умилостивението, Тој ги одзеде сите наши гревови и не направи без грев преку Неговото крштевање. Крштевањето во Новиот Тестамент е рамноправно со рацеполагањето во Стариот Тестамент.
Без разлика колку усрдно и верно ние сме верувале во Исус, ние не можевме да ја заслужиме плочата со „ГОСПОДОВА СВЕТОСТ“ без познавањето на тајните зборови на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво.
Како ние постанавме праведни? Напишано е во Матеја 3:15: „Зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ (МК Библија 1999 год.) Исус беше крстен и не спаси нас од сите наши гревови од светот. Затоа што тој беше крстен и ги однесе сите наши гревови, ние верниците постанавме праведни.
Како можевме ние да речеме дека сме без грев ако не беше крштевањето на Исус? Дури и ако верувавме во Исус, дури и ако викавме, мислевме на Неговата смрт на Крстот, сите солзи на овој свет не би ги очистиле нашите гревови. Не. Без разлика колку многу ние плачеме и се покајуваме, нашите гревови би останале во нас.
„ГОСПОДОВА СВЕТОСТ.“ Откако Тој ги одзеде сите наши гревови со Неговото крштевање и крвта, Господ дозволи да сите гревови на нас грешниците да ги положи/пренеси на/врз Исус и затоа што словото на спасението е запишано во Библијата, ние постанавме праведни преку нашата верата и покрај сите наши беззаконија и слабости.
Заради тоа ние сега можеме да стоиме пред Бога. Ние сега можеме да живее како праведни и да му го проповедаме евангелието на светот. „♪Јас бев спасен. Ти беше спасен. Ние сите сме спасени♪.“ Ние сме спасени според милостивиот план Божји.
Без словото на евангелието на искупението во вашето срце нема да имате спасение без разлика колку силно ќе се обидувате. Тоа е како една Кореанска песна за невозвратна љубов. „♫О, срцето ми чука засилено без причина кога ќе ја видам неа, секогаш кога сум поред неа. Јас мора да сув во невозвратна љубов.♫” Моето срце чука силно но не и нејзиното. Мојата љубов не е никогаш возвратена. Нажалост, многу Христијани се во невозвратна љубов спрема Бога.
Луѓето се наклони да мислат дека спасението доаѓа на многу начини за многу различни луѓе. Тие прашуваат: „Зошто би дошло спасението само преку евангелието на крштевањето?“ Но тоа не може никогаш да биде целосно спасение ако не беше евангелието на крштевањето на Исус. Тоа е единствениот начин според кој ние можеме да бидеме очистени од сите наши гревови.
 
 
Што е спасението на љубичестото предиво кое Исус ни го даде?
 
Што не нарави нас праведни?
Евангелието на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво.
 
Спасението преку евангелието на љубичестото, црвеното и темноцрвеното предиво е дар Божји за целото човештво. Овој дар ни овозможи нас да влеземе во светиот шатор и да живееме во мир. Тоа не направи праведни и ни одобри нас да живееме во Црквата за да бидеме поучувани за Светото Писмо преку Црквата.
Кога и да одиме пред Бога во молитва евангелието не благословува со Неговата љубов. Ова е зошто спасението е драгоцено за нас. Исус ни кажува да градиме куќа на вера врз „камен.“ Каменот е евангелието на Неговото крштевање. Ние сите треба да бидеме спасени да живееме со спасение, да одиме во Небесата, да добиеме вечен живот и да постанеме чеда Божји.
Драги пријатели, заради евангелието на умилостивението ние сме способни да влеземе во светото место со вера. Заради очистувањето на сите наши гревови (крштевањето на Исус) и осудението на Крстот, ние сме спасени преку имањето вера во евангелието на крштевањето на Исус.
Изобилното помирување/умилостивение за сите наши гревови, крштевањето на Исус и крвта Исусова е евангелието кое ги очисти сите наши гревови. Дали верувате во ова? Вистинското евангелие е небеското евангелие на помирувањето кое целосно ги очисти сите наши гревови.
Ние сме поново родени преку верувањето во евангелието на помирувањето/умилостивението. Исус ни го даде нас евангелието на помирувањето, коешто ги очисти сите наши секојдневни гревови и дури и сите наши идни гревови. Слава на Бога. Алелуја!
Евангелието на водата и Духот (евангелието на водата и крвта) е вистинското евангелие исполнето и проповедано од Исус Христос. Оваа книга е напишана за да ја открие тајната на евангелието на Исус - евангелието на водата и Духот.
Затоа што многу луѓе веруваат во Исус без знаењето на целосната вистина, тие сега само се гордеат со себеси како основачи и плуралисти во светот на Христијанската Теологија (така наречената филозофска теологија); на кратко, тие живеа во ерес и заблуда. Заради тоа ние треба да се свртиме и да веруваме во вистинското евангелие. Сеуште не е доцна.

Јас би сакал во другата книга со повеќе детали да им дадам објаснение на оние кои имаат прашања за евангелието на поново раѓање од водата и Духот.