(1 Јован 1:9)
„Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не исчисти од секаква неправедност.“ (МК Библија 1990 год.)
ЕВАНГЕЛИЕТО НА КРВТА Е ПОЛОВИНА ЕВАНГЕЛИЕ
Можеме ли да влеземе во царството небесно само со евангелието на крвта?
Никогаш. Ние треба да веруваме во целото евангелие (евангелието на водата и на Духот).
1 Јован 1:9 се однесува само на праведните. Ако грешник кој сеуште не е искупен се обиде да умилостиви за неговите секојдневни гревови според зборовите на оваа строфа и ги исповеда неговите погрешенија, неговите гревови нема да бидат премавнати. Дали можете да видите за што ви зборувам овде? Оваа строфа не се однесува на грешници кои што не се поново родени.
Има многу во овој свет кои што сеуште не се поново родени,но тие ја земаат оваа строфа од 1 Јован глава 1 и се молат и се покајуваат за нивните гревови, надевајќи се на опростение.
Но може ли еден кој што не е поново роден да биде избавен целосно од неговите гревови преку молитви на исповедање? Ова е значајна точка за која треба да размислиме и да ја разјасниме пред да одиме понатаму.
Пред да читате во 1 Јован, вие треба да одлучите дали апостолот Јован беше праведна особа или грешник. Ајде да ве прашам вас. Беше ли апостолот Јован праведен човек кој што беше поново роден преку верувањето во евангелието на водата и на Духот или тој беше грешник?
Ако вие речете дека апостолот Јован беше грешник, што се однесува на вашата вера вие сте Библиски во грешка. Ако апостолот Јован беше праведен човек кој што беше поново роден кога тој веруваше во Исус, тогаш станува јасно дека неговата вера беше различна од вашата. Вие треба да ја имате истата вера како и апостолот Јован.
Ајде да ве прашам нешто друго. Дали им ги пишуваше апостолот Јован овие писма на праведните или на грешниците? Апостолот Јован им ги пишуваше писмата на праведните.
Заради тоа, ако грешниците кои што не се поново родени ги цитираат зборовите од 1 Јован 1:8-9 и ова го применуваат самите за себе си, тоа ќе биде грешно. Ако вие сте да постанете праведен, исповедајте ги вашите гревови пред Бога и верувајте во евангелието на водата и на Духот. Тогаш Господ ќе ги очисти сите ваши гревови со евангелието кое што веќе ги очисти гревовите на светот.
Верата на апостолот Јован е ваква. Во 1 Јован глава 5 тој вели дека тој имаше вера во „водата, крвта и Духот.“ Дали верувате во Исус Христос кој дојде преку водата, крвта и Духот? Дали верувате само во Исус кој дојде преку Крстот, или преку Неговото крштевање, Неговата крв и Духот?
Дали можете да влезете во царството небесно само со верувањето во евангелието на крвта? Ако вашата вера е само во евангелието на крвта на Крстот, вие ја знаете само половината на евангелието. Ако вие верувате само во крвта на Крстот, без двоумење вие ќе се најдете себе си како се молите за опростение секој ден. Најверојатно е дека верувате дека вашите гревови можат да бидат очистени со едноставните молитви на покаение.
Но можат ли вашите гревови да бидат очистени кога вие верувате само во крвта на Крстот, се покајувате и се молите за опростение на вашите секојдневни гревови? Ако вие сте една од овие особи, тогаш вашите гревови ќе останат во вашите срца, затоа што никој не може да ги очисти неговите гревови само преку верувањето во крвта на Крстот, или со секојдневни молитви на покаение. Ако вие сте една од овие особи, тогаш вие не го знаете евангелието на водата и на Духот, и вашата вера не е целосна.
Апостолот Јован беше поново роден затоа што тој веруваше во евангелието на водата, крвта и Духот. Но вие верувате во само крвта на Крстот. Кога вие немате јасен поим за евангелието, како можете вие други да водите кон спасение? Вие самите не сте поново родени, но се обидувате да умилостивите преку молитви на покаение. Ова нема никогаш да работи.
Без разлика колку напорно човекот се моли и се покајува, неговите гревови не можат да бидат очистени од неговото срце. Ако вие понекогаш чувствувате како да вашите гревови биле очистени, тоа е само ваша фантазија и силата на вашите емоции. Ако вие се молите и се покајувате, вие можете да се чувствувате како очистен за ден или два. Но на ваков начин вие не можете да станете слободен од грев.
Грешниците се молат и се покајуваат, надевајќи се да бидат спасени од нивните гревови. Тоа е зошто тие сеуште се грешници дури и долго време после верувањето во Исус. Тие не го знаат евангелието на водата и на Духот. Ако вие верувате во Исус но сеуште не сте поново родени, вие можете да бидете една од овие личности. Ако вие се обидувате да умилостивите за вашите гревови со молитвите на покаение секој еден ден, тоа е јасно сведоштво дека вие сеуште не сте поново роден. Вие треба да верувате во евангелието на водата и на Духот како Апостолот Јован што веруваше, или пак да ја ставите вашата вера во вашите мисли и емоции. Едното е јасна вистина а другото е невистина.
Вистинското евангелие според Библијата е дека Исус беше крстен и ги зеде гревовите на светот еднаш засекогаш и ја прими осудата за сите грешници на Крстот. Ако човекот верува во крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот, тој веднаш ќе биде спасен од сите негови гревови. На другата страна, ако човек се обиде да ги очисти неговите престапи со молитви на покаение, тој никогаш нема да постане слободен од грев. Дали мислите дека можете да се сетите на сите гревови за кои што не сте се покајале? Дали се молитвите на покаение јасно решение на проблемот на дневните гревови? Не.
ВИСТИНСКО ПОКАЕНИЕ И ЦЕЛТА НА ИСПОВЕДАЊЕТО
Кои се границите на исповедањето и добрите дела?
И покрај тоа што ние треба да ги исповедаме нашите гревови преку целиот живот, ние никогаш не можеме да бидеме спасени со едноставното исповедање на нашите престапи и со правењето на добри дела.
Покаение во Библијата значи одвраќање од лажната вера кон вистинска вера, и за праведниот значи сознавање на престапите и враќање кон светлината на евангелието.
Ако сте грешник, вие треба да направите ваква исповед: „Драги Боже, Јас погрешив и јас заслужив да бидам испратен во пеколот. Но јас копнеам да бидам спасен од моите гревови. Те молам спаси ме од сите мои гревови. Јас сеуште не сум поново роден, и јас знам дека сум врзан за пеколот.“ Ова е правилното исповедање.
Тогаш какво исповедање треба да направи поново родениот? „Драги Боже, јас го извршив гревот на следењето на моето тело. Јас верувам дека Исус беше крстен од Јован Крстителот и ме спаси мене од сите мои гревови, дури и од гревот кој што само го извршив, за кој што јас требаше да умрам. Јас му благодарам на Господа за тоа што Тој ме спаси со водата и крвта.“ Исповедањето на поново родените и она на оние кои што не се поново родени е различно.
Ние сите треба да ја имаме истата вера како и апостолот Јован, Ако вие се обидете да ги скриете вашите гревови зад исповедањето кое што е за праведните, тогаш вие никогаш нема да бидете спасени од смртта, која е платата што ја дава гревот.
Сите грешници кои што не се поново родени треба да престанат да се кријат зад молитвите на исповедање и да почнат да веруваат во вистинското евангелие на водата, крвта и Духот. Тие треба да ја научат верата на апостолот Јован и така да придобијат спасение.
Грешниците не сфаќаат колку страшна е осудата за нивните гревови. Најстрашниот грев пред Бога е да не веруваш во евангелието на поново раѓањето од вода и Дух.
Сите оние кои што веруваат во Исус и сеуште не се поново родени треба да исповедаат пред Бога: „Господи, јас сум грешник кој е да биде фрлен во огновите на пеколот,“ воздржувајќи се од: „Господи очисти ги моите гревови.“ Кога грешник го земе во неговото срце евангелието дека Исус го спаси него преку Неговото крштевање кај реката Јордан и Неговата крв на Крстот, тој може да биде ослободен од сите негови гревови. Ова е каков вид на исповедање треба грешникот да направи со цел да биде спасен од сите негови гревови пред Бога.
Грешникот треба само да исповеда дека тој сеуште не е поново роден и да верува во евангелието на водата и на Духот. Тогаш тој веднаш ќе биде спасен. Со евангелието на водата и на Духот спасението на грешниците беше исполнето. „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ (Дела ап. 4:12, МК Библија 1999 год.). Бог ги спаси сите грешници од нивните гревови преку тоа што го крсти Неговиот Син Исус Христос од Јован Крстителот и умре на Крстот.
Господ ги очисти сите гревови кои што луѓето ги извршуваат со телото и срцата од нивното раѓање до нивната смрт. Ние треба да веруваме во вистинското евангелие за да бидеме спасени. Тоа е единствениот начин за да бидеме спасени и да постанеме навистина осветени. Ние можеме еднаш за секогаш да постанеме праведни кога ние веруваме во евангелието на водата и на Духот.
Исус беше крстен, ги зеде сите гревови на светот, исплати за нив на Крстот со Неговиот живот, беше воскреснат на третиот ден и сега седи на десната рака на Бога. Ова е крајната вистина.
Ние треба да сите да направиме исповедање. „Господи, јас не можам да си помогнам освен да грешам се до денот на мојата смрт. Јас бев роден грешник од утробата на мојата мајка, и заради сите гревови кои што јас ги извршив, јас треба да бидам исфрлен во огништата на пеколот. Заради оваа причина јас сакам да верувам во Исус, кој дојде преку водата, крвта и Духот и стана мој Спасител.“
Како што е напишано во Матеја глава 3, Исус ги зеде сте гревови на светот, вклучувајќи ги и сите гревови кои што ќе ги извршиме до денот кога ќе умреме, кога Тој беше крстен кај реката Јордан. „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.).
Ако Исус не спасил нас само од оригиналните гревови и ни кажа нас да го решиме самите проблемот за нашите сопствени гревови, ние би требало сите да бидеме во постојана агонија. Но Исус не ослободи нас од сите наши гревови со Неговото крштевање и крвта. За што треба ние да бидеме загрижени? Кога веруваме во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, и му благодариме на Господа, Духот пребива во нашите срца.
Дали верувате во Исус? Дали верувате дека Духот пребива во вас? Сите ваши гревови беа положени на /врз Исус кога Тој ги зеде сите гревови на светот со Неговото крштевање. Тој покасно беше осуден за сите наши гревови на Крстот, ослободувајќи не нас од вечното проклетство. Ова е вистинското евангелие .
ИСПОВЕДТА НА ПРАВЕДНИТЕ
Кое е правилното исповед од праведните?
Да признаат дека тие грешат секој ден но да имаат вера во фактот дека Исус
ги очисти нивните гревови пред околу 2000 год.
1 Јован 1:9 вели: „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не исчисти од секаква неправедност.“ (МК Библија 1990 год.) Ова значи дека ако човек се одлучи да верува во евангелието на водата и на Духот, тој мора да ги исповеда гревовите велејќи: „Господи, јас не можам друго освен да грешам целиот мој живот но јас знам дека јас не можам да бидам спасен од сите мои гревови преку молитвите на покаение. Јас верувам дека платата што ја дава гревот е смрт и ништо освен крштевањето на Исус и Неговото распнување може да ги очисти сите мои гревови. Јас признавам дека јас погрешив денес но јас верувам дека Исус веќе ме очисти ,од гревот кој што го извр-шив денес, кај реката Јордан пред околу 2000 години.“ Ако тој се моли на ваков начин, проблемот на неговите гревови во неговата совест ќе бидат одеднаш решени.
Оние кои што се веќе поново родени требаат само да ги признаат нивните гревови. Тие само потврдуваат дека Исус веќе очисти каков и да е грев кој што тие го извршиле. Затоа што Исус беше крстен и умре за грешниците пред 2000 години, без разлика колку слаби тие се, нивните гревови беа целосно очистени.
Текстот кој што го прочитавме денес е многу добар за праведните. Но ако грешникот го земе овој текст и го употреби на погрешен начин, тој ќе заврши во пеколот. Покрај тоа, ова е еден од најчесто погрешно разбраните текстови од Библијата. Ваквото погрешно разбирање создаваше долго време недоразбирања во Христијанството.
Постои поговорка дека неспособниот доктор може да ги убие своите пациенти. Кога неспособен доктор се обиде да прави повеќе од неговата способност, тој може да заврши со убивање на неговиот пациент.
Ова е правило од животот: дека човекот треба да биде добро трениран и да има добро искуство за да може да ја ги извршува своите работи добро. Истото е и со словото Божјо. Оние кои што го поучуваат словото Божјо треба да ја соопштуваат вистината онака како што е напишана и тоа правилно и јасно, и оние кои што учат од нив треба да имаат вера во она на што се научени.
Ако проповедниците ги учат нивните следбеници на лажни доктрини, или ако верниците ја учат Библијата неправилно, тоа само ќе резултира во осуда и пекол за обете нив. Само поново родените можат правилно да ја поучуваат Библијата. Дури и добриот лек може да го убие пациентот ако е погрешно препишан, и тоа е истото со поучувањето и учењето на словото Божјо. Тоа е морално како и огнот во нашиот живот. Но како што огнот донесува катастрофа кога е ставен во рацете на децата, словото Божјо во погрешни раце може да донесе ужасна катастрофа.
Ние треба да ја распознаваме разликата помеѓу исповедањето од праведен и тоа од грешник. 1 Јован 1:9 е за праведните. Кога праведен човек ги исповеда неговите гревови пред Господа со вера, тој е ослободен од нив затоа што Исус веќе ги очисти сите гревови пред 2000 години.
Грешно е да грешниците веруваат дека нивните гревови се очистени секогаш кога тие се молат за опростение. Кога еден не е поново роден, можат ли неговите гревови да бидат очистени само со нивното исповедање?
Бог е праведен. Тој го испрати Својот возљубен Син на овој свет и го направи да ги земе гревовите на светот преку Неговото крштевање и да ги спаси сите оние кои што веруваат во водата на Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. Заради тоа, кога праведен човек ги исповеда неговите гревови, Бог му кажува дека Исус веќе ги зеде тие пред 2000 години. Тој така потврдува дека е без грев, дури покрај тоа што неговото месо сеуште греши.