• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 6 : Еретици

[6-1] Псевдо Христијани и Еретици во внатрешноста на Христијанството (Исаија 28:13-14)

(Исаија 28:13-14)
„Затоа Господ ќе им зборува вака: „Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.“ За да паднат задничкум одејќи, за да се скршат, да се сплеткаат и да се фатат. Затоа чујте го Господовото слово, вие потсмевачи, вие што владеете со овој народ, што е во Ерусалим.“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
БИБЛИСКА ЕРЕС
 
Како Библијата го дефинира зборот „еретик?“
Библијата го дефинира еден за еретик кога тој има грев во неговото срце и покрај тоа што верува во Исус
 
Има многу лажни новински колумнисти во овие денови особено во добро развиените држави. Тоа се оние кои се приправаат да се новинари но вообичаено тргаат пари од нивните жртви, однесувајќи се на откровителен начин од она што нивните жртви направиле. Псевдо (лажно) значи нешто на изглед оригинално но не е вистинското дело. Со други зборови, тоа се однесува на нештото чија вистина е целосно различна од надворешниот изглед.
Зборовите „еретици“ и „псевдо“ се користени многу често, особено во Христијанските цркви.
Но има толку малку лесно објаснети дефиниции за тоа што еретик е и кој е она наречено “псевдо“, ниту пак има многу кои ги поучуваат овие концепти во строга согласност со Библијата
Под овие услови, јас осетив должност да откријам што Библијата дефинира за „ерес“ и да им доставам на некои светлина за овој предмет. Јас исто така сакам да покажам и неколку примери на ерес во секојдневниот живот за да ова ни дозволи да заедно размислиме за тоа. Секој еден кој верува во Бога треба да размислил за ересот барем еднаш во нивниот живот.
Тит 3:10-11 го дефинира еретикот како раздвоена особа која е заврзана и греши, и која е само- осудена. Еретикот е некој кој се осудува себе си како грешник. Заради тоа оние кои што веруваат во Исус но имаат грев во нивните срца се еретици пред Бога.
Исус ги зеде сите гревови преку Неговото крштевање но еретиците одбиваат да веруваат во вистинското евангелие кое им донесе спасение на грешниците и така се само осудуваат себеси за да се приклучат во друштвото на грешниците.
Дали сте вие еретик? Ние треба да размислиме за ова ако сакаме да живееме вистинско верски живот.
Нели вие се осудувате себеси како грешник дури покрај тоа што вие верувате во Исус ако вие не сте слушнале за евангелието на водата и на Духот? Ако вие се сметате себе си за грешник вие никако не му служите на Исус и со тоа ниско сте го оцениле Неговото совршено спасение, евангелието на водата и на Духот.
Да се нарекуваш грешник пред Бога е да признаеш дека не си син Божји. Оние кои што исповедаат пред Исус вака: „Господи, јас сум грешник“, требаат да ја преиспитаат својата вера.
Како можете вие да верувате во Исус и сепак да тврдите да се грешници кога Исус ги зеде сите гревови на светот и совршено ве спаси вас од вечното проклетство? Како можете да го одбиете Неговиот бесплатен дар на спасението и да се дефинирате себеси како грешник кога Исус ги зеде сите ваши гревови преку Неговото крштевање и беше темелно осуден за нив на Крстот?
Ваквите луѓе се еретици затоа што тие доброволно се пријавуваат да бидат грешници настрана од словото Божјо. Вие треба да го знаете евангелието на водата и на Духот за да избегнете да извршувате ерес пред Бога.
Секој еден кој верува во Исус но не е поново роден е еретик затоа што сеуште има грев во неговото/нејзиното срце.
Затоа што Бог ги одзеде сите гревови на светот вклучувајќи ги и нашите, ако ние го негираме и отфрламе овој благослов на спасението ние сме еретици пред Бога. Затоа што Бог е свет, ние сме еретици ако имаме грев во нашите срца. Ако ние навистина сакаме да постанеме праведни, ние треба да веруваме во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
 
 
Потеклото на Ересот во Библијата
 
Кој е најважниот услов за свештеник?
Тој треба да биде поново роден.
 
Ајде да погледнеме кај 1 Цареви 12:25-26. „Јеровоам го утврди Сихем во Ефремовата Гора, и таму се настани. Потоа излезе оттаму и го утврди Фануил. Јеровоам рече во своето срце: „Сега царството би можело да му се врати на Давидовиот дом.“ (МК Библија 1999 год.) Јеровоам беше еден од Соломоновите подредени. Кога Соломон во неговите стари години постана коруптивен, Јеровоам се крена против царот, и подоцна тој стана цар на десет племиња на Израел во времето на Ровоам, синот Соломонов.
Јеровоамовата прва грижа откако постана цар на Израел беше тоа што неговиот народ можеше да се врати во Јудеја каде што беше храмот.
Заради тоа тој така стигна до идеја како да го спречи ова. Тој направи две златни телиња во Ветил и Дан и му нареди на неговиот народ да ги обожаваат нив. 1 Цареви 12:28 вели: „И царот, откако се посеветува, направи две златни телиња, и му рече на народот: „Не ви треба да одете во Ерусалим; еве ги твоите богови, Израиле, кои те изведоа од Египетската земја.““ (МК Библија 1990 год.) Едното теле го стави во Ветил, а другото во смести во Дан и му рече на народот да ги обожаваат нив, без разлика на тоа што ваквото обожавање беше страшен грев. Тој дури и доброволно постави свештеници за да го водат поклонувањето.
„И по овој настан Јеровоам не се одврати од лошиот пат свој, туку продолжи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник.“ (1 Цареви 13:33, МК Библија 1990 год.). Ова е потеклото на ересот.
Дури и сега, еретиците поставуваат за свештенство секој кој ќе се пријави доброволно да ја врши службата Божја. Секој еден кој завршил студија на теолошки семинар може да биде служител, евангелиста, мисионер или старешина иако не е поново роден од вода и Дух.
Како може некој кој не е поново роден да постане служител? Ако ваквата особа е одреден за свештеник, црквата која го одбрала него станува фабрика за продукција на еретици.
Ајде повторно да размислиме за потеклото на ересот. Прво, Јеровоам го замени Бога со златни телиња со цел да добие политичка власт. Второ, тој посветуваше обични луѓе кои што доброволно се пријавуваа да постанат свештеници. Со други зборови, тој посветуваше обични луѓе за свештеници. И истото дело е извршено и на денешницава.
Историјата на ересот добро продолжува дури и после времето на Јеровоам. На оние кои што не се поново родени од вода и Дух не треба никогаш да им биде дозволено да постанат свештеници.
Може некој кој само што завршил семинар на теологија да постане евангелист или служител? Дали е правилно за нив да му служат на Бога не земајќи го во предвид фактот дека тоа нив никогаш не им дозволено од Бога? Никогаш. Само на оние кои што се познати од Бога треба да им биде дозволено да постанат Негови служители. Оние кои што се познати од Бога се оние кои што се поново родени од вода и Дух.
Напишано е во 1 Цареви 12:25-26 и во 1 Цареви глава 13 дека гревот на Јеровоам го предизвика гневот Божји. Ние сите треба да ја знаеме оваа приказна, и ако некој не е познат со неа тој треба да се врати во Библијата и да ја најде.
Размислете за тоа да не и вие го заменувате Бога за златни телиња во вашата служба. Дали вие, по некаква можност, ставате поголем акцент на земските благослови да не би вашите следбеници се вратат кон евангелието на поново раѓањето од вода и Дух?
Дали им велите на вашите следбеници дека тие можат да оздрават до болести ако тие веруваат во Исус? Дали ги поставувате оние кои што не се поново родени да бидат служители или високи членови во вашата црква и дали можеби тврдите дека вашата вероисповед е православната? Тогаш вие го извршувате гревот на Јеровоам пред Бога предизвикувајќи го Неговиот гнев.
 
 
ЕРЕСИТЕ ОБОЖАВААТ БОГ ОД ЗЛАТНИ ТЕЛИЊА
 
Дури и денес, има многу еретици кои обожаваат златни телиња. Тие велат дека Бог го благослови Соломон кога тој Му жртвува илјада жртви паленици на Бога. 1 Цареви 3:3-5 вели: „А Соломон го љубеше Господа: се управуваше според наредбите на својот татко Давид, само принесуваше жртви и кадеше на високите места. Царот отиде во Гаваон за да принесе жртва, зашто таму беше главниот жртвеник. Соломон принесе илјада паленици на жртвеникот. Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон. Бог рече: „Барај што да ти дадам.“ (МК Библија 1999 год.)
Тие измамено земаат пари од нивните следбеници под измаменото верување на „илјада жртви паленици од Соломон.“ Тие безумни следбеници се ограбени од своите пари. И сите оние кои што обожаваат златни телиња како нивен Бог се ограбени од нивните пари и парите нивни се користени за изградба преголеми цркви. Тоа не затоа што нивните цркви се мали, но тоа е затоа што тие сакаат да изнудат што повеќе пари од нивните следбеници.
Ставањето на златните телиња беше само изговор со кој што дојдоа еретиците за да ги ограбуваат луѓето од нивните пари. Ние кои што веруваме во Бога никогаш не треба да дозволиме да не прават вака глупави. Ако ги принесувате вашите пари во служба на златни телиња, тие не му се принесени на Бога, но завршуваат во џебовите на псевдо свештениците кои се полни со завист како и Јеровоам. Вие никогаш не треба да паднете во замките на ваквите еретици.
Тогаш зошто Бог беше задоволен со илјадата жртви паленици од Соломон? Затоа што Соломон ги знаеше неговите сопствени гревови, призна дека тој требаше да умре за нив и принесе жртви во согласност со верата. Тој принесе илјада жртви паленици како благодарност за спасението Божјо. Соломон жртвуваше илјада жртви паленици секој ден, размислувајќи за искупението на водата и на Духот.
Сега, вие треба да го запаметите вистинското значење на ересот за да вие никогаш не бидете прелажени од псевдо свештениците.
 
 
ОНИЕ КОИ СЛУЖАТ БЕЗ ДА СЕ ПОНОВО РОДЕНИ СЕ ЕРЕТИЦИ
 
Што велат еретиците за повторно раѓањето?
Тие велат дека се поново родени од визии, соништа, и секакви видови на духовно искуство.
 
Ги има и оние кои поучуваат други да бидат поново родени кога и самите тие сеуште не се преродиле со вера. Тие сите се еретици. Тие им велат на други да бидат поново родени кога и тие самите не се способни за прераѓање затоа што тие не знаат за евангелието на водата и на Духот. Ние на ова можеме само да се смееме.
Псевдо свештениците проповедаат лажно евангелие, нарушувајќи го евангелието на водата и на Духот. Тие им велат на луѓето да ги очистуваат своите гревови секој ден.
Тие вака велат: „Оди и моли се по планините, обиди се да постиш, предај се себе си за работата Божја, моли се рано изутрина, биди покорен, принесувај многу пари за изградба на цркви, но ти треба да се грижиш за своите гревови.“
Еднаш, јас слушнав еден како тврди да е поново роден. Тој рече дека во сон, тој стоел чекајќи во еден ред и кога му дојде редот, Исус го повикал неговото име. Тој рече дека тоа е сведоштвото за неговото поново раѓање. Но дали неговото уверение е правилното? Исус го рече подолното.
Во Јован 3, Тој вели: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото Царство.“ (МК Библија 1990 год.) Бог вели дека само оние кои се поново родени од вода и Дух можат да постанат вистински свештеници. Секој еден кој верува дека тој е роден од соништа, фантазии, духовни екстази, или молитви на покаение, е еретик.
Овие денови многу луѓе не веруваат во напишаното слово Божјо и се угледуваат кон нивните вероисповеди на место да се поново родени од вода и Дух. Оние кои што одбиваат да го проповедаат евангелието на поново раѓањето од вода и Дух се псевдо Христијани и еретици.
 
 
РЕФОРМИ И ПОСТОЕЧКО ХРИСТИЈАНСТВО
 
Кога почна вистинското евангелие да биде замешувано и нарушувано од други
религии?
Од времето кога Римскиот Император Константин го изјави Миланскиот Едикт во 313 год. н.е.
 
Кога беа формирани вероисповеди од Христијанството? Кога почнаа да произлегуваат различните вероисповеди како Пресбитеранската, Методската, Баптистичка, Лутеранска, Светиња, и Полното Евангелие? Реформацијата се случи пред околу 500 години.
Раните Христијани беа оние кои што го следеа Исус кога Тој беше на овој свет. „Христијани“ значи „оние кои што го следат Исус.“
Првите Христијани беа апостолите и нивните ученици. Апостолите и Татковците на црквата го следеа вистинското евангелие се до 313 год. н.е. Но после Миланскиот Едикт од Константин Големиот, Христијаните и многубошците почнаа да се мешаат, кое што резултираше до Темните векови кои што траеја повеќе од 1000 години.
Покасно, во почетокот на 16-тиот век, Мартин Лутер ја прогласи Реформацијата, велејќи: „Само праведните ќе живеат од вера.“ Малку покасно, помеѓу 1500 -1600 год. Реформисти како Џон Келвин и Џон Кнох го водеа движењето подалеку од Католицизмот. Ова беше се што Реформите постигнаа.
Реформацијата беше едноставно само еден обид да се воспостават нови цркви одвоени од Римско Католичката Црква. Реформаторите самите не го одрекоа самиот Католицизам.
Нивната цел не беше да промовираат вера во поновото раѓање туку цел им беше да се ослободат од угнетувањето и корупцијата од Римско Католичката Црква. Римско Католичката Црква го нарече ова движење Протестантизам. Тоа значи протестантите.
Во тоа време, римско Католичката Црква ги повика луѓето да си купат Покаение, велејќи дека тие можат да ги испратат нивните мртви предци во рајот со купувањето на ваквите Покајанија и тоа за голема сума на пари купени. Лутер не сфати дека Католицизмот беше погрешен. Тој само се обиде да ја спречи Римско Католичката Црква од продавањето на Покајанија кои ги користеа за финансирањето на конструкцијата на Свети Петар катедралата.
Како резултат, ние можеме да видиме многу остатоци од Католичката Црква во модерните Протестантски Цркви: детско крштевање, молитви на покаение кои се слични на исповедање под Римско Католичката Црква, свети ритуали, познавање само на оние кои што завршиле теолошки семинари како служители, величествени и големи цркви. Сите овие се остатоци од Римско Католичката Црква.
Броејќи од Реформацијата во почетокот на 1500-та, историјата на Протестантизмот е само околу 500 години стара. Оваа година е 481- годишнина од Реформацијата. Вие не можете да сфатите дека има само 481 година како Мартин Лутер протестираше против неговата мајчина црква. Протестантизмот не може на таков начин да утврди законска легитимност во светлината на нејзината компаративна младост. Реформацијата на Христијанството сеуште е во движење. И вака непрестајно ќе продолжи да се движи.
Но има една работа која треба да ја имаме на памет. Ние никогаш не треба да заборавиме дека само оние кои што се поново родени од вода и Дух можат да влезат во царството небесно. И ајде ова да го проповедаме! Дали вие го проповедате евангелието на Исус, евангелието на поново раѓање од вода и Дух? Ако не, вие не сте служител Божји. „Евангелието на водата и на Духот“ е она што Бог сака да ние веруваме. Тоа е што Исус му рече на Никодим во Јован глава 3.
Дали Библијата зборува само за евангелието на водата и на Духот, или пак зборува за други работи како што се работење за доброто на заедницата и живеење на свет живот? Нормално да второто исто така е важно. Но вие можете тоа да го правите откако сте поново роден од вода и Дух. Волјата Божја за нас е да веруваме во евангелието.
 
 
УЧЕЊЕТО НА ЕРЕТИЦИТЕ
 
Кој е еретик?
Оној кој сеуште е грешник дури и покрај тоа што верува во Исус.
 
Кога почна псевдо Христијанската, ересна вера да просперира во светот?
Луѓето на Израел обожаваа еден Бог се додека тие беа разделени на две царства во времето на Јеровоам како што е напишано во 1 Цареви глава 12-13. Од тоа време, пред Исус да дојде на овој свет, ересната вера почна да просперира. И на денешницава има толку многу еретици.
Библијата зборува за нивните псевдо христијански учења во Исаија глава 28 и во Тит 3:10-11. Библијата вели дека еретици се оние кои што веруваат во Исус но сеуште имаат грев во нивните срца. Секој еден кој е ваков е еретик.
И тие учат, како што е запишано во Исаија 28:9-10 „Кого учи тој на мудрост, кого упатува тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите? Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.“ (МК Библија 1999 год.)
Еретиците ставаат заповед над заповед, правило над правило. Што значи ова? Тоа значи „биде внимателни, бидете внимателни, бидете внимателни од оние кои што велат дека се поново родени преку нивната вера во Исус.“ тие само ви велат да бидете претпазливи без разлика на што и да е. Тие ви велат да не слушате, да не одите, да не би паднале во ерес.
Меѓутоа, ако тие се толку сигурни дека нивната е православна вера, зошто не можат да ги победат оние кои што велат дека нивната вера е различна од словото Божјо? Тоа е толку жално. Тие тврдат да се православни Христијани, но тие не ги имаат зборовите кои што го победуваат она што тие го нарекуваат ерес. Вистинските Христијани можат да надминат секоја ерес со словото Божјо.
Овие денови, ќе- бидат православни Христијаните ги осудуваат поново родените како „еретици“ само затоа што нивната вера е различна. Како можеме ние да бидеме еретици кога ние веруваме во евангелието на водата и на Духот?
Ако оние наречените еретици го проповедаат евангелието на водата и на Духот, тие се вистински православни Христијани. Така, ако ќе- бидат православни Христијаните не го проповедаат евангелието на водата и на Духот, тие се еретици.
Разлика помеѓу „православието“ и „ересот“ лежи во тоа дали тие го проповедаат евангелието на водата и на Духот и дали тие веруваат во Исус и дали имаат грев во нивните срца или немаат. Како можат тие да бидат еретици ако тие веруваат во словото Божјо и се поново родени од вода и од Духот?
Дали е ерес да веруваш во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот и да бидеш целосно очистен од грев? Дали е „православно“ да не веруваш во евангелието на водата и на Духот?
Има толку многу вероисповеди кои се оддалечиле од Библијата и сепак тврдат да се „православни“ Христијани. Тие се оддалечуваат од поново раѓањето од водата и од Духот како што е специфирано во Библијата затоа што тие ја проповедаат само крвта на Крстот, одрекувајќи се од крштевањето на Исус (водата).
Која е разликата во овие денови помеѓу Римско католичката Црква и Протестантската Црква? Исто како што реформаторите се побунија против Римско Католичката Црква, исто како што тие излегоа од Римско Католичката Црква и го изградија Протестантизмот, ние треба исто така да се побуниме против слепите Христијани и псевдо свештениците. Само тогаш можеме ние да им ги отвориме очите за евангелието, да имаме вистинска вера, и да целосно бидеме спасени преку евангелието на водата и на Духот.
 
Што треба да ние правиме да одбегнеме од постанувањето на еретици?
Ние треба да бидеме поново родени од вода и од Дух.
 
Библијата ни кажува нас дека само оние кои што веруваат во евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот ја следат вистината. Исус истово му го рече и на Никодим во Јован 3:1-12.
Еретиците секогаш ги нагонуваат нивните следители да бидат благочестиви во нивната вера. Тие ги наклонуваат нив да се молат рано изутрина и да напорно работат. Тоа е исто како да тераш слепец да трча.
Без разлика колку напорно тие се молат, тоа нема никаква полза ако не сте поново родени од вода и од Духот. Кога велиме ние дека оние кои што се поново родени од водата и Духот се праведните, еретиците се спротивставуваат со Римјаните 3:10: „Нема никој праведен, нема ниту еден;“ (МК Библија 1999 год.) Со овие стихови, тие ги назначуваат верниците за еретици.
Но тие се еретици. Вистинското значење на овие стихови не е толку едноставно како што тоа звучи. Овие еретици не ја прочитале целата Библија. Апостолот Павле рече дека нема праведен човек во светот. Тој само цитираше стихови од Стариот Тестамент кои што велат дека немаше ниту еден праведен во светот пред да Исус Христос дојде и го избави целото човештво од нивните гревови со спасението Божјо. Но оние кои што се спасени преку Исус постанале праведни.
Ние можеме да ја видиме вистината ако ја прочитаме целата глава од овие стихови. Еретиците само ги предупредуваат нивните следбеници да бидат внимателни спрема оние чија што вера е различна од нивната. Освен црквите кои што тие ги сметаат за православни, тие им забрануваат на нивните следбеници да го величаат Бога на друго место. Така да нивната заедница не се осмелува да отиде во Црквите каде што е проповедано евангелието на водата и на Духот.
Тие постанале глуви за вистинското евангелие и не можат да бидат поново родени. Ова се учењата од лажните водичи кои што ги издигнуваат синовите на пеколот. И тие ќе бидат судени од Бога. Еретиците треба да се вратат кај Бога.
Кои се еретиците? Дали се тоа оние избавените преку вера во евангелието на водата и на Духот или се оние кои што тврдат дека веруваат во Исус но не успеваат да бидат поново родени од водата и Духот?
Тит 3:11 вели дека оние кои што веруваат во Исус но остануваат „само –осудени“ се еретици.
Тие ги учат нивните следбеници да не одат на препородените состаноци каде што евангелието на поново раѓање од водата и Духот е проповедано, велејќи им дека тоа е опасно. Како може православието да се плаши од конфликтни верувања? Тие се плашат затоа што не ја имаат вистината на нивна страна. „ Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.” Учењата на еретиците се такви.
Еретичките свештеници цитираат малку од оваа книга малку од друга, малку од зборовите на филозофите, малку од литература и ги замешуваат сите овие со нивните сопствени мисли и прават да се звучи добро.
Тие ги сметаат нивните следбеници за неуки и тие се обидуваат да ги образуваат нив со светско учење. Вистинската црква го проповеда словото Божјо и ги поучува луѓето да веруваат во словото Божјо. Луѓето не доаѓаат в црква да бидат поучени на светска наука, наспротивно тие доаѓаат в црква за да слушнат за небесни работи кои што не можат да ги чујат во светот. Тие доаѓаат да го слушнат словото на Исус.
Луѓето влегуваат во нивната црква како грешници но тие сакаат да излезат од црквата како праведни верници кои што немаат грев. Но на што нив ги учат еретичните свештеници? Тие им велат да не одат на оживувачките состаноци на кои што служителите Божји го проповедаат вистинското евангелие. Тие ги спречуваат нивните следбеници од поново раѓањето од водата и од Духот.
Тоа е толку безумно. Тие можеби се способни да ги лажат нивните следбеници но тие не можат никогаш да го прелажат Бога.
 
Можат ли псевдо свештениците да ги направат нивните следбеници поново родени од вода и Духот?
Не. Само поново родените можат да направат други поново родени.
 
Еретици, ако сте вие вистински слуги Божји не можете ли да слушнете како Духот ви се приближува? Вие треба да се вратите назад. Вие треба да престанете да им пречите на вашите следбеници на нивното одење на оживувачките состаноци на кои што вистинските служители Божји го проповедаат евангелието на поново раѓањето од водата и Духот.
Еретиците само со теологија ги поучуваат нивните следбеници, така кога тие ќе се сретнат со други теории, тие се претепани. Тоа е толку жално. Псевдо свештениците се добри во служба без словото Божјо. Тие проповедаат, советуваат, и служат само врз основа на нивните заблудувани убедувања. Оние кои што служат и проповедаат без словото Божјо се еретици и наемници. (Јован 10:13).
Псевдо служителите се еретици затоа што нивната внатрешност и надворешност се различни. Некои луѓе ги дефинираат црквите кои што се согласуваат со воспоставената вероисповед како еретични цркви. Но никои од тие цркви не сакаат да припаѓаат на никаква вероисповед затоа што повеќе цркви се многу далеку од Библијата.
Еретиците им велат на нивните следбеници да бидат искупени дури и покрај тоа што тие самите никогаш не го решиле проблемот на нивните гревови. Тие го извршуваат гревот на Јеровоам. Ако има некој таков кој сеуште има грев во неговото /нејзиното срце но се обидува да ја извршува работата Божја, тој/таа треба да сфати дека неговите/нејзините гревови и Божјата светост се сосема несообразни. Тој/таа треба да знае дека е еретик.
Заради тоа, ако некој кој проповеда или има служба во црква е сеуште грешник, тој треба да сфати дека тој/таа е еретик. Тој е еретик затоа што не го знае евангелието на Христовото спасение, евангелието на поново раѓање од водата и Духот. Ако некој ја учи Библијата од еретик и истиот поучува други на истиот начин, особата постанува еретик.
Ние можеме да го познаеме дрвото по неговиот плод. Оние кои што постанале праведни преку верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв можат само да даваат праведни, додека оние кои што сеуште се грешници можат да даваат само грешници. „Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови;“ (Матеја 7:17, МК Библија 1990 год.)
 
 
ШТО ПРОПОВЕДААТ ЕРЕТИЧНИТЕ СВЕШТЕНИЦИ ВО НИВНИТЕ ПРОПОВЕДИ?
 
Што проповедаат еретичните свештеници во нивните проповеди?
Светска теологија и човечки мисли.
 
Лажните свештеници се претпазливи на ова и на она. Зошто тогаш се толку претпазливи! Тие треба да се претпазливи зошто инаку нивните лаги ќе бидат откриени затоа што тие не ја имаат верата на поново раѓањето од водата и Духот.
Еретиците земаат малку од овде и малку од таму. Тие ги лажат луѓето и поучуваат без знаење на вистинското значење на евангелието.
„ Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.”, (Исаија 28:13, МК Библија 1999 год.).
Правило врз правило, тие велат: „Овој збор значи „вака и вака“ на Грчки и „вака и вака “значи на Еврејски. И има вакви и вакви теории.“ Тие исто им велат на луѓето да бидат претпазливи од теории за спасението кои што се на црно- бели изрази. Тие велат: „Мартин Лутер рече вака и Џон Кнох рече вака и вака, и ние мислиме дека овие се разбирливи на нивниот начин.“
Тие нити знаат за што зборуваат ниту пак знаат во што веруваат. Тој кој што има вистинска вера може да изрази верата на црно- бели изрази. Вистинските верници можат јасно да ја кажат разликата помеѓу поново родените и оние кои што сеуште не се поново родени.
Но, еретиците се во хаос. Нивната вера е како лилјак. Исто како што и лилјакот сака по ден да е во пештера и излегува надвор преку ноќта, еретиците ја сакаат оваа и онаа теорија, веруваат во ова и во она. Тие никогаш не знаат која е вистината. Кога еретичниот свештеник отиде во пеколот, неговите следбеници му се придружуваат него се до горчливиот крај. Толку многу луѓе завршуваат во пеколот затоа што тие веруваат во лажни пророци.
Дали е вашиот служител поново роден од вода и Дух? Дали тој го проповеда словото на евангелието на поново раѓање како што е напишано во Библијата? Ако тој е, тогаш вие навистина сте среќни, а ако не е тогаш вие ќе бидете проколнати. Ако вие не сте поново родени вие треба да го слушате евангелието на водата и на Духот, да читате книги кои што го објаснуваат ова, и да бидете поново родени.
Еретиците не го сакаат евангелието на поново раѓањето од водата и Духот. Тие вака проповедаат: „ Исус Христос дојде да ги премавне нашите гревови, и Тој го направи тоа. Тој се уште ги очистува вашите гревови и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.“ Како може ова да биде вистина? Тие велат дека се праведни но веднаш одат да грешат. Тие се праведни еден момент а другиот момент се грешници.
Нивната теорија е лажна. Таа е измислица/имитација. Секој еден кој е сега праведен, а покасно грешник е еретик, лажен пророк. Секој еден кој се осудува самиот себе си, кој се корумпира самиот себе е истото.
 
 
КЛЕТВАТА БОЖЈА Е ВРЗ СЛЕДБЕНИЦИТЕ НА ЕРЕТИЦИТЕ
 
Врз што ставаат еретиците голем акцент?
Врз делата.
 
Еретиците не се постојани. Заради тоа тие не можат да ги водат следбениците да бидат поново родени од вода и Дух кога нивните следбеници доаѓаат кај нив и ги прашаат како да бидат поново родени. Наспротивно, тие им даваат смешно глупава идеја дека човекот може да биде повторно роден од фантазија и дека тој не може да биде свесен кога тој е поново роден. Тоа е толку смешно- глупаво.
Исус рече во Јован глава 3: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;“ (МК Библија 1990 год.) Но на денешницава, праведните луѓе кои се повторно родени се наречени дрски еретици.
Еретичните свештеници велат дека тие не можат да се наречат себе си праведни затоа што тие се понизни. Тие им велат на нивните следбеници: „Не одете на ниедни оживувачки митинзи каде што проповедникот сака да зборува за благословот на поново раѓањето од водата и Духот. Ако сте поново родени, вие ќе постанете еретици. Вие ќе бидете разопачени од оваа црква. Ако вие сакате да бидете со нас, останете грешници, и Господ ќе ве направи пра-веден кога ќе дојде времето.“ Ова е тоа што тие го велат. Што тие сакаат да кажат дека е дека од вас зависи да одлучите да бидете поново родени или не.
Еретиците им велат на нивните следбеници: „Вие треба да останете со нас но вашето поново раѓање е ваша одговорност. Така обидете се самите од себе. Вие останете како што сте сега, и кога ќе дојде времето одете пред Бога, тогаш ќе ја научите вистината. Јас не знам што ќе се случи после тоа. Но ова е православна црква, така вие треба да останете со нас.“ Дали мислите дека ова е вистина?
Овие еретични свештеници земаат малку од овде малку од таму и заедно со се прават теорија. Тогаш тоа постанува единствената вистина за нив. Тие не знаат за словото Божјо кое што ни кажува за водата и Духот.
Еретиците ја думаат Библијата според нивните сопствени мисли. Ние треба да ја думаниме Библијата според словото, но тие ја думаат на нивниот начин. Ова е зошто толку многу теолози и вероисповеди има во Христијанството.
Затоа што има толку многу еретични вероисповеди и теолози, има и безбројно многу еретични книги. Псевдо свештениците кога тие проповедаат тие цитираат малу од една малку од друга книга. Но вистинските свештеници проповедаат само од Библијата.
Еретиците изнудуваат пари од нивните следбеници на многу лукави начини. Тие јадат и живеат многу добро во овој свет и завршуваат во пеколот затоа што тие не успеале да бидат поново родени. Ова е крајот кој што Бог за нив го припремил.
Господ ги трпи нив на почетокот. Но оние кои што цврсто одбиваат да го примат благословот на поново раѓањето од водата и Духот, Тој ги испрати во пеколот.
Господ ќе ги суди еретиците. Еретиците на почетокот веруваат многу прилежно во Бога и консумираат многу Библиски стихови, коментари и теологии. Но полека, полека тие почнуваат да проповедаат според човечките мислења, за да нивните следбеници не можат никогаш да бидат поново родени.
Еретиците ставаат повеќе акцент на нивните дела. Секој службеник кој не го проповеда евангелието на поново раѓањето од вода и Дух е еретик пред Бога.
Тие ги угнетуваат нивните следбеници до самиот крај. Тие ги принудуваат нив да одат на 40 –дневни молитви, 100-дневни рано планински молитви, планински молитви, да често постат, да даваат десетици за градба на цркви, илјада паленици, десеток од платите за оживувачките митинзи......тури и прават графики со кој покажуваат колку секој верник принесол од сево ова. Само со поглед на нивните работи ние можеме да видиме дека се еретици.
Клетвата Божја паѓа исто така и врз нивните следбеници. Службениците кои што проповедаат без да бидат поново родени и нивните следбеници се под клетвата Божја.
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ИМ ГИ ЧИТААТ МИСЛИТЕ НА НИВНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ
 
Зошто еретиците се обидуваат да им ги читаат мислите на нивните следбеници?
Затоа што тие не се поново родени но служат со лицемерие и без Духот во нивните срца.
 
Еретичните свештеници плачат секој ден. Тие треба да бидат сигурни да му нагодиле на повисоките ѓакони и ѓаконки, старешини, обични ѓакони дури и работници. Ова е како тие го поминуваат секој ден.
Тие секој ден се однесуваат како лицемери. „Све-ти и Мило-стиви.....“ тие се полни со грев но мораат да изговараат свети работи, така ден на ден тие постануваат се полицемерни и полицемерни.
Еден проповедник рече еднаш: „Проклетство е да служиш без Духот во внатрешноста.“ Што ова значи е дека еретично е да ја вршиш работата Божја без да си искупен; тоа е проклет живот. Ако сте еден од овие еретици, вие треба да бидете поново родени од вода и Дух.
Секој еден кој верува во Исус но не е поново роден е еретик. И секој еден треба да се врати кај евангелието на поново раѓање од вода и Дух. Само праведните кои се поново родени од водата и Духот можат да им го проповедаат евангелието на други.
 
 
ЕТЕТИЦИТЕ ИЗВИКУВААТ САМО НА МИР
 
Како еретичните свештеници ги задоволуваат нивните следбеници?
Тие секогаш извикуваат на мир, велејќи дека нивните следбеници можат да влезат во царството небесно и покрај тоа што тие се грешници.
 
Исаија 28:14-15 вели: „И така, слушајте го словото Господово, хулители, управници на овој народ, кој е во Ерусалим. Бидејќи говорите: „Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме направиле договор: кога ќе минува камшикот, кој поразува се, тој нема да дојде до нас, оти лагата ја направивме наше засолниште и со измама ќе се прикриеме.“ (МК Библија 1999 год.)
Кои се хулителите(потсмевачите) овде спомнати? Тоа се оние кои што го мешаат словото Божјо со нивните погрешни верувања. Какви и да се мислите на проповедникот, што и да вели теологија, тој треба да даде правилно толкување на Библијата. Но еретичните свештеници ја проповедаат Библијата онака како што нив им одговара. Но ова се потсмевачи/хулители.
„Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме направиле договор: кога ќе минува камшикот, кој поразува се, тој нема да дојде до нас.“
Еретиците велат дека нивното потсмевање(хулење) нема да биде фатено. Тие им велат на луѓето да не се грижат. Уништување и пеколот ги очекува нив, но тие велат да не се грижат, уништувањето и пеколот не постојат за нив. Така вие треба да стоите понастрана од овие еретици ако сакате да живеете.
Еретиците велат дека тие не треба да бидат поново родени од водата и Духот. Дали е ова вистина? Не, апсолутно не. Вие не можете да влезете во царството небеско ако не сте поново родени од вода и Дух.
Дали е добро да не влезете во царството небесно? Ова е исто како и прашањето дали е добро да горите во пеколот. Нема потреба да речеме, но одговорот на двете прашања е не. Ајде сите ние да веруваме во евангелието на водата и на Духот и да влеземе во царството небеско сите заедно.
Еретичните свештеници ги заведуваат луѓето, велејќи им дека затоа што тие веруваат во Исус, се е добро ако тие останат грешници и дека тие нема да одат во пеколот.
Дали Исус се грижи за тебе дури и покрај тоа што си грешник? Може ли грешникот да оти во небесата? Можете да го избегнете пеколот дури и покрај тоа што сте грешник? Дали е напишано во Библијата дека вие не мора да одите во пеколот кога вие верувате во Исус, дури и покрај тоа што сеуште имате грев во вашето срце?
Еретиците велат дека тие направиле договор со смртта, за да смртта не дојде кај нив. Тие велат дека верникот може да го избегне проклетството на пеколот дури и ако тој има грев во неговото срце. Дали мислите дека навистина на ваков начин се случува?
Еретиците со убедливост ги инспирираат луѓето, велејќи дека смртта и пеколот не ги очекува нив. Еретичните свештеници ги одредуваат оние кои што не се поново родени да бидат ѓакони, старешини и служители. Но тие треба да знаат дека тие ќе завршат во пеколот затоа што тие не веруваат во евангелието на водата и на Духот. Што тие би требало да прават е да ги ободруваат нивните следбеници да веруваат во евангелието на водата и на Духот.
Дали се верниците, и покрај тоа што се грешници, квалификувани да влезат во царството небесно? Може ли грешник да влезе во небесата? Дали Библијата вели дека грешниците можат да влезат во небесата? Не. Може ли да има праведен човек со грев? Не. Ова се учењата на ерес и псевдо теологијата.
Библијата вели: „ зашто смртта е плата за грев,“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.). Тоа е закон Божји. Тој ги испраќа сите грешници во пеколот. Но сите оние кои што се поново родени од вода и Дух се добредојдени во небесата.
„Кога ќе минува камшикот, кој поразува се, тој нема да дојде до нас, оти лагата ја направивме наше засолниште и со измама ќе се прикриеме.“ Еретичните свештеници зборуваат зборови на тој ефект и цврсто веруваат дека тие нема да одат во пеколот дури и покрај што тие имаат грев во нивните срца. Затоа што тие се скриени позади лажните теологии, Бог не може да направи ништо за да им помогне нив. Тие веруваат само во нивните теологии. Затоа што тие веруваат само во нивните теологии на местото од Словото Божјо, тие се еретици и грешници наменети за пеколот. Колку тажно е што има толку многу од нив.
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ СЕ САМО ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПАРИ
 
Која е целта на еретичните свештеници?
Да истргаат што повеќе пари од нивните следбеници.
 
Еретиците и псевдо свештениците се само заинтересирани за пари. Тие се користољубиви. „Колку пари ќе даде овој човек ако дојде во мојата црква?“ Тие мислат на времето кога тој ќе плати. Ова е исто како обожавање на златни телиња. „Те молам направиме успешен, дај ми да направам многу пари, Господи.“ Псевдо свештениците ги учат луѓето да се молат на ваков начин.
Тие велат:„Ако верувате во Исус вие ќе заработите многу пари, вие ќе зачнете кога сте неротки, и вие ќе бидете успешни во вашите бизниси.“
Така многу луѓе се измамени од овие псевдо свештеници, и тие се ограбени од своите пари и одат во пеколот заради нивните тешкотии. Колку не ферски е ова! Ако некој кој бил под клетвата на ересот се врати при неговата свест, тој ќе биде изненаден кога ќе види колку пари тој им придал на неговите измамници. Тој ќе се засрами самиот за својата безумност во следењето и напорното работење за нив.
Еретиците се особено постојани во извршувањето на она што тие го сметаат за легитимна религија. Нивните следбеници се посветуваат себеси на рано утрински молитви, планински молитви, особени давачки, десетоци, неделни давачки. Има толку многу причини за да земаат пари од нивните следбеници.
Нивните следбеници работат напорно, но тие сепак имаат грев во нивните срца затоа што никој не им кажал за евангелието на водата и на Духот. Некои и ги прашуваат нив за тоа, но тие никогаш не добиваат одговор. Секој еден кој не роден од вода и Дух е еретик.
 
 
ЖАЛОСТИВИТЕ ЕРЕТИЦИ И НИВНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ
 
Кои се најжалостивите луѓе на светот?
Оние кои што служат без да се поново родени од вода и Духот.
 
„Ах, вие жалостиви еретици! Работете вие прво на вашето искупение!“ Првостепениот знак на псевдо верата е да се обожаваат златните телиња на Јеровоам. Првото дело кои еретиците го направија во Стариот Тестамент беше изградбата на храм и полнењето негово со златни телиња (1 Цареви 12:25-33).
Во овие денови тие градат големи цркви и изнудуваат пари од нивните следбеници. Тие им велат на нивните следбеници да земаат кредити од банките за да ги принесуваат тие за изградба на најголема црква. Тие ги преработуваат емоциите на луѓето и после тоа ги отвораат собирачките чинии. Пари, прстени, злато, часовници ги полнат овие собирачки чинии во ниедно време. Еретиците на ваков начин работат. Исто е во секоја една еретична црква.
Надворешно тие изгледаат како да се заинтересирани за духовни работи но во суштина тие се само заинтересирани за пари. Јас би ве советувал да се тргнете настрана од црквите кои се грижат само за пари. Ве молам не одете во цркви каде што само богатите се љубезно уважувани. Погрешно е да го кажувате принесувањето на секој еден член на заедништвото, но тие ова го прават со надеж да што повеќе пари добијат.
Еретиците им велат искушувачки зборови на нивните следбеници.
„Вие ќе бидете благословени ако вие верувате во Исус.“
„Посветете се себеси за работата Божја. Колку повеќе работите толку повеќе ќе бидете благословени.“
„Ако служите како старешина, вие ќе бидете материјално благословен.“
Така нивните следбеници соперничат едни со други за да бидат старешини. Ако не беше компензацијата за ова кој ќе сакаше да служи како старешина? И се очекува истото така од старешините да принесуваат финансиски дарови.
Тие се избрани врз основа на колку длабоко тие веруваат во доктрината на вероисповедта, колку почитувани тие се во општеството и колку пари тие ќе и принесуваат на црквата? Ова е вистина.
Еретиците се грижат само за пари. Тие се заинтересирани во изградба на големи цркви. Нив не им грижа дали нивните следбеници ќе одат во пеколот, нивната грижа е да само тие принесуваат голема сума на пари.
Еретиците се оние кои што работат за леб. Тие ги замолчуваат нивните следбеници со китни (елегантни) статуси. Тие ги доставуваат ваквите статуси произволно (Езекиел 13:17-19). Ова е значењето на да ги врзеш за црква и да го зголемиш имањето на црквата. Еретиците не го проповедаат евангелието на водата и на Духот. Тие се само обидуваат да се збогатат.
Дури и само некој кој отишол неколку пати в црква може да биде ѓакон. Повеќе од тоа, ако тој е добро познат со доктрината и има добра финансиска подлога, тој ќе биде промовиран за старешина. Ова се е во срамната традиција на гревот на Јеровоам, кој го замена Бога со златни телиња.
Еретиците обожаваат златни телиња. Тие не ги прават нивните луѓе поново родени. Тие само земаат пари од нивните следбеници искушувајќи ги со ветувања на светски благослов. Нив не им е грижа ако нивните следбеници бидат проколнати за пеколот се додека нивната црква стои врз добра финансиска земја.
 
 
НА ЕРЕТИЦИТЕ ИМ НЕДОСТАСУВА УБЕДУВАЊЕ ВО НИВНИТЕ ПРОПОВЕДИ
 
Еретиците сакаат често да велат: „веројатно“ или „можеби“ затоа што имаат недостиг на убедување во она што го зборуваат. Тие немаат вера во словото Божјо и тие не веруваат вистински во она што го проповедаат. Нивниот верски систем не лежи во внатрешноста на верата во Словото Божјо. Тие велат: „Може да е тоа речено....“ Тие никогаш не зборуваат јасно и со убедување. Подобро би било ако тие не ги поучуваа нивните следбеници на ништо наместото што ги учат само на лаги.
Еретиците не можат да водат луѓе да бидат поново родени од водата и Духот. Тие само проколнуваат повеќе луѓе за пеколот.
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ ЈА ИГРААТ УЛОГАТА НА ЛАЖНИ ПРОРОЦИ
 
Што содржи богохулство против Светиот Дух?
Да веруваш во Исус живеејќи како грешник кој не верува во Неговото крштевање.
 
Матеја глава 7 ни кажува нас за оние кои што веруваат во Исус и завршуваат во пеколот. Еретиците ќе протестираат против Бога во последниот ден. Како што е напишано во Библијата: „Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеја 7:22-23, МК Библија 1999 год.).
Тие не веруваат дека Исус ги очисти сите гревови на луѓето; тие не веруваат во евангелието на водата и на Духот.
Тие прават беззаконие. Што значи ова? Тоа значи дека тие им кажуваат на луѓето да веруваат во Исус кога тие сеуште имаат грев во нивните срца. Вие можете да се чудите што има лошо во ова но тоа е сериозен грев пред Бога.
Кога грешник им ја проповеда на други луѓе моралноста на верувањето во Исус, тој не може да ги води нив да бидат поново родени затоа што тој самиот не беше поново роден од вода и Дух. Затоа еретиците произведуваат само грешници кои што веруваат во Исус. Грев е против Светиот Дух да правиш беззаконие.
Еретиците нити веруваат во Словото Божјо ниту пак го проповедаат евангелието како што е напишано. Тие само изнудуваат пари од нивните следбеници. Тие се грешници дури и покрај тоа што тие веруваат во Исус. Тие се обидуваат да водат други кога и самите не се поново родени. На овој начин тие прават незаконски дела (беззаконие).
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ СЕ БЛЕДА ИМИТАЦИЈА НА ПРАВЕДНИТЕ
 
Како ги разликуваме оние кои биле поново родените од оние кои што не се поново родени?
Ние можеме да ги разликуваме со тоа што ќе ги тестираме дали имаат грев или не.
 
Немојте да бидете измамени од оние лажните проповедници кои што велат дека се грешници. Не принесувајте им ги вашите пари. Не давајте им ги вашите напорно заработувани пари на тие грешници.
Зошто да би му давале пари на тие проповедници кои што не можат да ви помогнат со вашите гревови? Ако сакате да и дадете пари на некоја црква, прво почекајте додека вашите гревови се премавнати преку евангелието на водата и на Духот.
Како што има имитација во сликарството, исто така има и многу имитации во животот. Има, на пример, имитативни религии кои што не можат да ги очистат сите гревови во срцето. Како можете да идентификувате имитативна религија? Имитација е нешто што изгледа од надворешноста оригинално но всуштина далеку е од вистинското дело.
Вие треба самите за вас да одлучите. Кои се вистинските проповедници? Кои се еретици? Што е православната вера? Православците веруваат во Исус и Неговата искупувачка сила. Тие немаат грев во нивното срце. Но еретиците имаат грев во нивните срца.
Тогаш, дали се сите луѓе како овие еретици? Може да биде така. Но ајде да се вратиме кај Библијата. Секој еден кој верува во Исус и не е поново роден е еретик. Јасно е дека поново родените се православци. Тогаш оние кои што не се поново родени се еретици. Еретици се оние кои што веруваат во Исус но сеуште имаат грев во нивните срца.
Еретиците се имитација на праведните. Тие можеби знаат дека патот да се стане свет е со верувањето во Исус но нажално тие сеуште имаат грев во нивните срца. Тие самите веруваат дека се грешници. Тие тврдат дека тие сеуште можат да одат во небесата и тие велат дека го обожаваат Бога. Ова многу звучи како тие да се праведни, но ајде да не бидеме измамени од имитации.
 
 
ОСУДАТА БОЖЈА ГИ ОЧЕКУВА ЕРЕТИЦИТЕ
 
Зошто беше чистото евангелие заменето?
Затоа што лажни свештеници и еретици ги смешаа човечките погрешни верувања со чистото евангелие.
 
„Затоа вели Господ, Господ Саваот, Силниот Израилев: „О, ќе ја истурам јароста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои! и ќе ја свртам против тебе раката Своја и како во пепелница ќе ја исчистам од тебе смешата и ќе ги одделам од тебе се што е оловно; и пак ќе поставам судии, како порано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, верна престолнина! Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови - преку правдата; за сите отстапници и грешници - погибел, а оние, што го оставиле Господа, ќе бидат истребени. Тие ќе бидат посрамени заради младите шуми, толку многу сакани од вас, ќе црвенеат од срам заради градините што сте си ги избрале;зашто вие ќе бидете како дабот, чиј листа паднал и како градина, во која нема вода. И силниот ќе биде отпадок, а делото негово искра; ќе горат заедно, - и никој нема да ги угасне“ (Исаија 1:24-31, МК Библија 1990 год.).
Господ ни вели дека ако ние веруваме во човек ние ќе бидеме посрамени заради човекот. Тој ни вели дека ние ќе бидеме посрамени заради црквата која што сме ја избрале за нас, и ваквиот срам ќе биде како дрво чии што лисја паднале, како градина која што нема вода.
Тој ни кажува нас дека лажните свештеници и нивните следбеници кои што веруваат во прописите на човекот но не во словото Божјо ќе постанат отпадок, а делата нивни искра. Обете ќе горат во пеколот. Лажните проповедници и еретиците кои што не биле искупени исто и грешниците и непријателите на праведните ќе бидат осудени со пламенот Божји.
Црквите изградени врз само теологија можеби изгледаат големи надворешно, но таму внатре нема ништо. Секоја црква која не е основана врз верувањето во словото Божјо и евангелието на поново раѓањето од вода и Дух е како градина која што нема вода.
Може да биде дрво, но тоа е мртво дрво кое што не е способно да дава плод. Кога бунарот нема вода, тој не е повеќе бунар.
„И силниот ќе биде отпадок, а делото негово искра; ќе горат заедно, - и никој нема да ги угасне.“ Оние кои што не го имаат Духот може да изгледаат силни спрема други луѓе, но во очите Божји, тие се како заврзан отпад за огнот на пеколот.
Господ прашува: „Стражару, кое доба на ноќта е?“ (Исаија 21:11, МК Библија 1999 год.). Праведните кои што имаат вечен живот ќе го проповедаат евангелието на водата и на Духот во мракот на ноќта.
Бог е светлина, а Сатаната е темнина. Бог ги води луѓето кон правда а Сатаната ги води луѓето кон лажни храмови со хаос и теологија.
Во времето на пророкот Исаија, верата на луѓето беше хаосна како што е и сега. Тие ги мешаат словото Божјо со теологиите и прописите човечки. Тие толку многу ги заведуваат луѓето на Израел со хаосни човечки производи да Господ реши да се ослободи од сите нив.
„И ќе ги одделам од тебе се што е оловно; и пак ќе поставам судии, како порано, и советници како отпрвин;“ Приносите кои што никогаш не можат да бидат прифатени од Бога се како олово, мешавина од Божјото слово со човечки теории.
Бог никогаш не прифаќа приноси кои се мешани. Тие може да изгледаат чисти за човечкото око, но ако тие се замешани со човечките погрешни верувања тие се замешани со нечистотии и така се неприфатливи за Бога.
Бог ги искара луѓето на Израел, особено еретиците, псевдо проповедачите и грешниците.
Ако ја читаме книгата Излез или Броеви, ние можеме да видиме дека Господ не ги искара во почетокот. Бог им помогна на Израелците и излеа благослови врз нив. Но после смртта на Исус Навин, од Судии натаму, луѓето на Израел беа нападнати.
Меѓутоа тие избраа да си одат по нивниот пат. Во тоа време Бог го испрати пророкот Еремија и му кажа на Израел да се предаде на Вавилон.
Еремија им кажа на луѓето да се предадат на Вавилон. Ова има духовно значење, симболизирајќи го фактот дека праведните им кажуваат на оние кои што следат еретици да се предадат на евангелието на водата и на Духот.
 
 
ГОСПОД ИЗОБЛИЧАВА ЕРЕТИЦИ
 
Зошто Господ изобличува еретици?
Затоа што тие им служат на идоли на местото од Бога.
 
Зошто служителите Божји ги искараа луѓето на Израел? Затоа што тие го променија жртвениот систем, одредуваа обичен народ за свештеници, и го променија датумот за принесувањето на жртвите.
Тие го променија датумот на Денот на Големото Очистување од десеттиот ден на седмиот месец на петтиот ден од осмиот месец и одредуваа свештеници надвор од Левитите. Така тие го блокираа патот за поново раѓањето.
Господ ги искарува лажните проповедачи. Оние кои што им служат на златни телиња на местото од Бога постанаа еретични свештеници.
Фактички, Господ не ги искара нив само заради нивното служење на идоли. Нели вие и јас понекогаш истото така им служиме на идоли? Ние погрешуваме толку често, но нашите беззаконија не се предвид земени да се гробни гревови и тоа само поради тоа што сме во благодатта Божја. Но заменувањето на Бога со златни телиња не може да биде простено. Тоа истото важи и за променувањето на жртвениот систем и одредувањето на обични луѓе за свештенството.
Колку страшни овие гревови се! Овие се најтешките гревови. Како може некој да биде помилуван за заменувањето на Бога со златни телиња! Напишано е во Библијата дека гревот на Јеровоам беше оној кој го донесе гневот Господов.
Исто како што Бог го покажа Неговиот гнев во Стариот Тестамент, Тој сега уништува грешници кои што се против Него. Бог му рече на Израел дека Тој ќе ги проколне оние кои што не се одвратија од обожавањето на златни телиња.
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ ПРИНЕСУВААТ НЕЗАКОНСКИ ЖРТВИ
 
Што треба ние да правиме пред да можеме да му служиме на Бога?
Сите наши гревови треба да бидат очистени
 
Царевите и еретичните свештеници на Израел беа против Господа и тие ги одредија за свештенство оние кои што не го почитуваа жртвениот систем. Јеровоам, царот со наснована памет, одреди некој кој не беше Левит за свештеник.
Само оние кои што беа од домот на Леви можеа да постанат свештеници и да служат во шаторот. Многу поточно, свештениците требаа да бидат од домот на Арон. Ова беше вечниот закон Божји. Но Јеровоам одреди свештеници надвор од домот на Леви и им дозволи нив да принесуваат жртви на златните телиња. Ние треба да знаеме како ова го донесе гневот Божји.
Дури и денес оние кои што не се поново родени можат да постанат служители, старешини и ѓакони в црква. Ова оди против законот Божји и го предизвикува Неговиот гнев. Дали е Господ задоволен со незаконски жртви? Еретиците треба да ги уништат нивните златни телиња и да не вратат кон Бога и да бидат поново родени. Исаија 1:10-17 вели: „Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски!“ Зашто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам. Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој ви бара да ги газите дворовите Мои? Не принесувајте веќе суетни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие - и празнувања.... Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за мене, тешки Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувам молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. Измијте се, исчиетете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло;научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.“ (МК Библија 1990 год.)
Ако внимателно ги читаме овие стихови, ние можеме да видиме дека религиозните водичи на Израел беа многу посветени. Но и покрај нивната посветеност, тие беа уништени затоа што тие жртвуваа погрешни жртви и беа непокорни на законот Божји.
Ние можеме да видиме дека тие нити го следеа законот Божји кога жртвуваа жртви нити пак внимаваа на словото Божјо. Овие водачи беа толку посветени да тие направија безбројни приноси на Бога. Библијата вели дека крвта течеше како река внатре во шаторот.
Но кога Бог виде што тие направија, Тој рече дека тоа е како гревот на Гомора. Тој виде дека тие правеа жртви пред него, но фактички, тие погрешуваа. Тој рече дека подобро е да не принесуваат никаква жртва. Тој не ги сакаше ваквите.
Како што тие ги принесуваа жртвите пред златните телиња, Бог не можеше да им ги прости нивните гревови. Тој не може да трпи повеќе. Тој им рече дека тие треба да принесуваат жртви според начинот кој што Тој го заповеда. Ако не, подобро е за нив да не принесуваат никаква жртва.
Нивните жртви не беа принесувани пред Бога на правиот начин, и како резултат на тоа, свештениците погрешија против Бога. Вие треба да знаете дека служењето на Бога и вршењето на Неговата работа без очистувањето на сите ваши гревови е тежок грев пред Него.
 
 
ЕРЕТИЦИТЕ СЕ КАКО ОБРАЗОВАТЕЛНИ УЧИТЕЛИ
 
Што поучуваат еретиците?
Тие поучуваат на етика не на како да се биде поново роден.
 
Еретиците изгледаат надворешно свети. Кога тие ќе ја заземат говорницата, тие се толку импресивни да многу се измамени преку нивниот изглед. Тие звучат толку логично. И тие истото така секогаш ги констатираат нивните проповеди со строга забелешка кон луѓето да бидат добри. Каква проповед е тоа? Каква е разликата помеѓу нивните проповеди и лекциите на образователните учители?
Црквата Божја е местото каде што поново родените се собираат да го слават Бога. Само ваквата црква е вистинска црква. Вистинската црква Божја не се обидува да поучува како да се однесувате спрема Бога. Проповедникот од вистинската црква го проповеда евангелието на водата и на Духот. Без разлика колку изнемоштени вие сте, Бог ги очистува сите ваши гревови.
Еретичните проповедници им велат на нивните следбеници: „Правете го ова, и правете го она,“ ставајќи тешки товари врз нив, но тие самите нити со прст не се помрднуваат да ги преместат таквите.
Еретичниот учител му купува на своето дете скапа виолина и го испраќа во туѓина да студира. Како може свештеник да си го дозволи тоа? Од каде наоѓа тој толку пари? Ако тој има толку пари, нели би требало да ги искористи за проповедање на евангелието? Дали проповедникот треба да се вози во скапа лимузина? Дали тој треба да се вози во луксузна кола за да биде почитуван? Проповедник кој се вози во скапа кола е крадец. Кога нивните следбеници не можат да купат нити поволна кола, како може да биде право да тој има некаков луксузен модел на кола? Ние можеме да кажеме кој е еретичен проповедник само со погледнувањето на неговите дела.
Еретичните проповедници бараат голема сума на пари. Некои цркви ги плаќаат нивните проповедници 10000 долари месечно. И ова е само официјалната плата. Нив им се обезбедени и студиски надоместоци, надоместоци за книги, детска грижа надоместок, посетни надоместоци, еве набројавме неколку.
И сепак, некои од нив се жалат дека не биле доволно платени. Тие добиваат 10.000 долари месечно и сеуште бараат поголема плата. Дали се 10.000 долари пилешка храна? Проповедникот треба да биде задоволен со примање кое е доволно за живот кога го проповеда евангелието на водата и на Духот.
Вистински проповедник добива совет и мир од Бога. Но еретичниот проповедник кој нема никаков мир бара парични надоместоци. Ваквите проповедници фактични им служат на златни телиња.
Црквата Божја понекогаш е наречена Сион. Нема поубава црква од Сион. Црквата Божја е местото каде што евангелието на водата и на Духот е проповедано.
Исаија 1:21 вели: „Како правичниот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци.“ (МК Библија 1999 год.) Исаија ја опишува црквата Божја велејќи:„Во него царуваше правда.“
Бог е праведен и ферски. Затоа што ние сме нецелосни поради тоа што сме потомци на Адам и родени во грев, Исус дојде на овој свет да ги очисти сите наши гревови со водата и Духот. Ова е колку ферски Господ е.
Во Стариот Тестамент кога луѓето знаеја колку недоволни тие беа, тие дојдоа пред Бога и принесуваа жртви. „Јас извршив недобро на ваков и ваков начин. Јас сум во грешка.“ Тогаш тие беа опростувани за нивните секојдневни гревови, и тие беа истото така способни да придобијат опростување за нивните цело- годишни гревови еднаш годишно на Денот на Големото Очистување.
Исто на ова, во Новиот Тестамент, Исус Христос дојде на овој свет и беше крстен и распнат за да ги очисти гревовите на човештвото еднаш за секогаш.
Но на Новогодишната Церемонија, многу луѓе плачат и се покајуваат: „Драги Господи, те молам прости ми за гревовите кои што ги извршив претходната година. И те молам благословиме во новава година.“ Таквите луѓе се еретици.
Тогаш, која е вистината на поново раѓањето од водата и Духот? Исус дојде на светов скоро пред 2000 години, ги очисти гревовите на човештвото еднаш за секогаш и така засекогаш не спаси нас од гревот. Тој не спаси нас од гревовите на светот со водата и крвта. Но ако ние секој ден бараме опростение, што би рекол Тој тогаш?
„Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци.“ Секој еден кој се нарекува себе си грешник е еретик.
 
 
ЕРЕТИЧНИТЕ СВЕШТЕНИЦИ НЕ МОЖАТ ДА ГО ПРОПОВЕДААТ ЕВАНГЕЛИЕТО НА ПОНОВО РАЃАЊЕТО ОД ВОДАТА И ДУХОТ
 
Дали Бог ги слуша молитвите на грешниците?
Не. Тој не може да ги слушне нив затоа што нивните гревови ги одделија нив од Бога.
 
Нашиот Господ ги нарекува убијци оние кои што веруваат во Него и бараат опростување. Откако тие бараат опростување и исто така велат дека се грешници, дали тогаш тие очекуваат Исус да се врати и да умре за нивните гревови по втор пат? Крштевањето и Крстот на Исус се реалноста на спасението.
Во 1 Петар 3:21, вели дека крштевањето на Исус е образот на нашето спасение. Исус Христос умре еднаш за да го спаси човештвото од грев. Тој ги очисти гревовите на човештвото еднаш засекогаш и три дена покасно беше воскреснат. Тој сега седи на десната рака на Бога Отецот.
Исус Христос беше крстен еднаш и умре еднаш на Крстот за да не спаси нас засекогаш од гревот. Тој беше крстен од Јован Крстител кога Тој беше 30 години. Тој умре еднаш за да не спаси нас од сите гревови на светот. Не значи ли ова дека осудата беше дадена за целото време?
Ако еретиците велат дека тие сеуште се грешници, тие го прашуваат Него да дојде долу по втор пат и да повторно биде распнат. Фактички, Тој би требало да се враќа долу секогаш кога тие би побарале опростување.
Оние кои што веруваат во евангелието на водата и на Духот спасени се во нивните срца засекогаш од грев, постанале праведни, одат во Небесата да го примат благословот Божји и вечен живот. Секој еден кој ќе се сретне со праведен може да биде спасен преку вода и Дух и да постане еден од благословените чеда Божји. Секој еден кој побара праведно спасение од Бога ќе биде благословен.
Ајде да прочитаме од Исаија 1:18-20. „ Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, - како волна ќе станат бели. Ако Го барате и послушата, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова.“ (МК Библија 1999 год.)
Господ ни кажува нас дека ако сме послушни на евангелието на водата и на Духот, ние ќе го јадеме доброто од земјата, но ако одбиеме и се спротивставиме, ние ќе бидеме истребени од меч.
Нашиот Господ рече: „Дојдете да пресудиме заедно. Ајде да зборуваме. Дали сте недостојни? Дали сте неправедни? Дали се љубите себеси одповеќе? Можете ли да живеете според заповедите? Можете да го вршите она што законот го заповедува? Вие го знаете но не можете да го извршувате? Тогаш, дојдете кај Мене. И покрај што вашите гревови се како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; покрај тоа што се румени како пурпур, ќе станат како волна.“ Ова значи дека Господ праведно ги спаси грешниците и ги направи нив праведни.
Немаше грев кога Бог ги создаде Адам и Ева. Но скоро Сатаната дојде на претстава. Тој ги искуша нив да не се послушни кон Бога и го направи целото човештво грешници со нивниот предизвик да погрешуваат. Сатаната го предизвика паѓањето на човекот. Во почетокот Адам и Ева не беа грешници пред Бога. Тие живееја заедно со Бога во градината Еден. Но тие постанаа грешници. Сега, Бог не повикува нас. Дојдете да судиме заедно. Да судиме заедно!
„Колку гревови сте извршиле на овој свет? И колку ли ќе извршите пред да умрете?“
„Ах, Господи. Невозможно е да не се греши. Ние не можеме да постанеме свети без разлика колку напорно ние се обидуваме.“
„Тогаш, колку гревови сте извршиле досега?“
„Па, Господи, јас не можам се да се сетам, но има малку кои што се залепени врз паметот мој. Се сеќаваш на тоа време? Знаеш за што зборувам.....и после е она другото време, ти знаеш....“
Тогаш Бог вели: „Ајде де кажи ми. Мислиш ли дека тоа е се? Знаеш ли колку многу ги имаш освен овие? Но сите гревови кои што си ги запаметил, гревовите кои што си ги заборавил, дури и оние кои што ќе ги извршиш во иднина, Јас ги очистив сите нив засекогаш. И не само твоите туку и оние на твоите деца и на нивните деца, се до гревовите на сите твои потомци. Јас сум праведен Господ. Јас ги очистив гревовите твои еднаш засекогаш.“
Господ, кој ги очисти гревовите од Адам до гревовите на последниот човек на земјава, е Алфа и Омега, Почетокот и Крајот.
„Јас сум Спасителот, Моќен Бог.“
„Јас сум Јахве, Милостив Бог.“
„Јас ќе имам милост кон оние кои заслужуваат милост, и јас ќе бидат благонаклонет кон оние кои добро заслужиле благонаклоност.“
Ако ние ја побараме Неговата милост и сме искрени со Него, ние можеме да ја имаме Божјата благонаклоност. Нашиот Отец сака да не благослови сите нас. Тој сака да сите ние постанеме праведни. Во Неговата љубов и милост, Тој сака да не направи сите нас Негови праведни чеда.
 
Што сака Бог да ние правиме откако ќе бидеме поново родени?
Тој сака да ние му го проповедаме евангелието на целиот свет.
 
Тој сака да ние бидеме бели како снег. Исус ги очисти сите гревови на човештвото еднаш засекогаш преку Неговото крштевање и Неговата крв. Ако некоја црква не може да го реши проблемот на гревовите и животот за сите верници, таа не може да биде наречена црква Божја.
Луѓето доаѓаат кај свештениците и велат: „Јас имам грев. Што треба да правам? Јас се покајав и се покајувам толку пати, но моите гревови не заминуваат. Јас не можам вака да продолжам. Јас не можам вака да продолжам со мојот религиозен живот.“ Ако свештеникот не може да му го даде правилниот одговор за неговите проблеми, тој е еретик. Тој може да му рече: „Тоа се зависи од тебе. Оди и моли се по планините. Обиди се да постиш 40 дена.“
Еретичните свештеници или религиозните водичи се толку полни со нечистотии така да тие дури и не го знаат евангелието на водата и на Духот. Тие не знаат каде нивните души ќе завршат во небесата или во пеколот.
Таквите водичи не се правилни пред Бога. Тие се псевдо и еретици. Тие изгледаат надворешно како да веруваат во Исус, но нивните срца се сеуште полни со грев. Тие не биле очистени од нивните гревови. Тие не можат да го проповедаат евангелието на водата и на Духот кое што може да ги очисти сите нивни гревови. Не давајте да ние бидеме измамени од нив.
Тит 3:10-11 вели за еретиците: „Бегај од човек еретик, откако еднаш или вторпат го советуваш, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси.“ (МК Библија 1990 год.) Затоа што тие веруваат во Исус но не се поново родени, тие се осудуваат себеси како грешници. Тие го негираат и газат евангелието на водата и на Духот, велејќи дека тие се грешници кои не можат друго освен да одат во пеколот.
Тие се еретици во Христијанството. Секој еден кој верува во Исус и има грев е еретик. Еретиците се разликуваат од Бога. Бог е свет. Но тие не се свети. Оние кои што веруваат во евангелието на водата и на Духот се очистени од сите нивни гревови. Така секој еден кој верува во Исус но има грев е еретик. Ние треба да се отклонуваме од оние кои што велат дека веруваат во Бога но сеуште се грешници.
Ајде да им го проповедаме евангелието на оние кои што досега не го слушнале и на оние кои што сакаат да веруваат но не можат затоа што не го знаат. Ајде да им помогнеме да бидат поново родени. Ајде да ги разгониме оние кои што му го попречуваат патот на евангелието на водата и на Духот

Ние мораме да му го проповедаме евангелието на поново раѓањето од водата и Духот на целиот свет. Амин!