(Римјаните 8:28-30)
„Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера; зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа. А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.“ (МК Библија 1999 год.)
Дали Бог фактички избра само некои од нас?
Не. Тој не избра сите нас во Исуса Христа.
Теолошките теории на предодреденоста и божествениот избор, кои што се основата на теологиите кои што ги прават Христијанските доктрини, заведе многумина кои сакаа да веруваат во Исус кон погрешно сфаќање на словото Божјо. Овие погрешни теории создадоа многу збунетости.
Што невистинската теологија вели за предодреденоста е дека Бог ги избра луѓето кои што Тој ги љуби додека ги проколна оние кои што Не ги љуби. Ова значи дека некои кои што беа избрани беа поново родени од вода и Дух и дека се прифатени во небесата додека други кои што не беа избрани се наменети да горат во пеколот.
Ако Бог навистина ги избира само некои од нас, ние не може друго освен да очајуваме на прашањето: „Дали јас бев избран за спасение?“ Ако ние не бевме избрани, тогаш безначајно би било да ние веруваме во Исус. Така да ваквата теорија ги направи многумина да се грижат за тоа дали тие беа избрани од Бога на местото од грижата за самата вера.
Ако ние вака веруваме како можеме ние да бидеме ослободени од двоумењата и да само веруваме во Бога? Како можеме ние навистина да потврдиме дека Бог навистина нас не избрал? Тој би бил Бог на само оние избраните додека Тој вели: „Или можеби Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабожците? Се разбира, Тој е и на незнабожците“ (Римјаните 3:29, МК Библија 2009 год.).
Затоа што многу погрешно го сфатија значењето на предопределеноста и божествениот избор, тие се плашат дека ќе бидат уништени и покрај тоа што тие веруваат во Исус.
Ефесјаните 1:3-5 вели: „Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и не избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, предопределувајќи не за посинување за Себе преку Исус Христос, зошто тоа Му беше по волја.“ (МК Библија 2009 год.)
Заради тоа ние треба да го прегледаме принципот на теолошката предопределеност и божествениот избор. Ние треба прво да разбереме што кажува Библијата за предопределеноста и божествениот избор и да ја засилиме нашата вера во спасението преку водата и Духот.
Што ни кажува нас посланието до Римјаните? Некои теолози развија не пронајдена теорија на „безусловниот избор.“ Дали тогаш теологијата е Бог? Самата теологија не е Бог.
Дури и пред создавањето на светот, Бог ги избра сите луѓе во Исус Христос и се реши во Својата мисла да не спаси сите нас и да не направи праведни. Исус без- условно не љуби нас. Не правете го Него дискримирачки Бог. Невер-ниците имаат вера во нивните сопствени мисли но верниците ја ставаат основата на нивната вера врз словото Божјо.
БОЖЕСТВЕНИОТ ИЗБОР ВО СТАРИОТ ТЕСТАМЕНТ
Дали е теоријата на безусловниот Избор вистинска?
Не. Нашиот Господ не е така тесно- мислен Бог. Бог во Исус ги избра сите грешници, а не избра само неколку.
Во Битие 25:21-26, ние читаме за двата синови на Исак, Исав и Јаков. Бог го избра Јаков додека двата Исакови синови беа во мајчината утроба.
Оние кои што погрешно го разбираат словото Божјо го земаат ова како основа на теоријата на безусловниот избор. Ова е како мешањето на Бог на судбата во Христијанството. Ако веруваме во Бог на судбината тогаш ние го отфрламе Божјиот план за нас и паѓаме во Сатанска мамка.
Ако човекот не е покорен на Божјата волја, тогаш тој е како ѕверот кој загинува. Откако веруваме дека не сме ѕверови, тогаш ние треба да постанеме вистински верници и да веруваме во вистината напишана во Библијата. Да не се мисли прво на напишаната вистина во Библијата е да се доставиме себе си на Сатаната.
За да имаме вистинска вера, ние треба да прво мислиме на напишаната вистина во Библијата и да ја следиме верата од оние поново родените во Христа.
Калвинизмот стои за ограничено искупение. Ова се значи дека љубовта Божја и искупението на Господа не се применуваат на секого. Може ли ова да биде вистина?
Библијата вели: „Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината.“ (1 Тимотеј 2:4, МК Библија 1999 год.).
Ако благословот на спасението се применува само на некои, многу верници ќе се откажеа од нивното верување во Исус. Покрај тоа, кој би сакал да верува во вака тесно-мислив Бог?
Ние треба да имаме увереност дека нашиот Господ не е тесно- мислен. Тој е Бог на Вистина, Љубов и Правда. Ние треба да веруваме во Исус и во евангелието на поново раѓање од вода и Дух и така да бидеме спасени од сите наши гревови. Исус е Спасителот наш, кои што сме поново родени од вода и Дух.
Според Калвинизмот, ако има 10 луѓе, некои од нив ќе бидат спасени од Бога додека другите ќе бидат оставени за да горат во огнот на пеколот. Ова не е вистина.
Нема смисла да се рече дека Бог едните ги љуби, а другите ги отфрла. Замислете да Бог е денес овде со нас . Ако Тој одлучи да ги избере оние кои што седат на десната страна додека се решил сите оние кои што седат на левата страна да ги испрати во пеколот, дали ние Него ќе го третираме како Бог?
Нели оние кои што се отфрлени ќе го кренат својот глас на протест? Целото создание би викнало: „Како може Бог да биде вака нефер?“ Безусловниот избор не е вистина затоа што Бог во Исуса Христа го избра целото човештво.
Заради тоа секој еден кој е повикан од Бога во името на Христа е избран. Тогаш, кои Бог ги повикува кон Него? Тој ги повикува грешниците, не праведните. Бог не ги повикува оние кои што се сметаат себе си да се праведни.
Божјиот благослов на спасението е за грешници и за оние кои што се проколнати за пеколот. Изборот значи Божјиот повик на грешниците со цел да ги направи нив Негови праведни синови.
БОГ Е ПРАВЕДЕН
Дали Бог ги љуби само малкуте избрани?
Не, Господ не е тесно- мислен. Бог е праведен.
Бог е праведен. Тој не е Бог кој ги безусловно сака само оние избраните. Тој ги вика грешниците во името на Христа. Без спасението преку искупението на Христа и Неговото опростение за гревовите како ние знаеме за Божјата љубов и спасение? Никогаш не прави го Него неправеден Бог.
Обидете се да најдете што ви недостасува кога ќе го читате посланието на Ефесјаните 1:3-5. „Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и не избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, предопределувајќи не за посинување за Себе преку Исус Христос, зошто тоа Му беше по волја.“ (МК Библија 2009 год.) Што недостасува? Зборот кој недостасува е „во Исус Христос.“
Безусловниот избор во Калвинизмот не е во согласност на зборовите во Библијата. Библијата вели: „Така што и не избра преку Него, уште пред светот да биде создаден.“
Бог го избра целото човештво во Христа да биде поново родено од вода и Дух. Оние кои што не можат да си помогнат освен се родени како грешници можат да бидат искупени од гревот и да постанат Негови чеда. Тој ги вклучи сите луѓе во листата на оние кои се за да бидат спасени и ги избра нив во Исус Христос.
Затоа што многу теолози кои што инсистираат на безусловниот избор велат дека само некои се избрани, многу луѓе се заробени во хаосот на ирационалната доктрина. Овие лажни теолози велат дека Бог ги избра само некои, а ги одбива другите преку безусловниот избор, додека вистината на Неговото слово е дека Бог во Исус ги избра сите грешници. Многу луѓе се жртва на невистинските доктрини заради нивната суеверна вера.
Но ако ние познаеме дека Бог реши да го спаси целото човештво во Исус и дека опростувањето на гревот се применува на секој еден кој верува во Исус, ние можеме да бидеме спасени од сите наши гревови, да постанеме чеда Божји, да постанеме праведни луѓе, да имаме вечен живот и да имаме доверба дека Бог е Праведен.
БОЖЕСТВЕНИОТ ИЗБОР ВО ПРИКАЗНАТА НА ЈАКОВ И ЕСАВ
Кого Бог го избира? Само избраните?
Не. Бог во Христа го избра целото човештво. Така, секој еден кој што верува во Христа и нема грев преку крштевањето на Исус е избран.
Во книгата Битие 25:19:28, Исав и Јаков се удираа во утробата на мајка им Ревека. Бог рече во Битие 25:23: „А Господ и рече: „Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот.“ (МК Библија 1999 год.)
Грешниците ги свртија овие зборови во теорија на теолошката предодреденост и божествен избор, оставајќи многу кои што веруваа во Исус збунети за тоа дали тие се избрани или не!Кога тие самите се сметаат за избрани, тие мислат дека тие се спасени и го губат интересот да бидат поново родени од вода и Дух.
Принципот на безусловниот избор ги отстрани многу луѓе кои што веруваа во Исус од искупението и ги проколна нив за пеколот. Ова истово направи да Бог изгледа неправеден.
Затоа што многу теолози поучуваат невистинска доктрина која што е произлезена од нивните сопствени мисли, многу кои што веруваа во Исус постанаа несигурни и се запрашуваат дали тие се избрани, или дали нивното искупение беше предодредено.
Кого го избра Бог: Јаков или Исав? Тој го избра во Исус Христос Јаков. Во Римјаните 9:10-11, вели дека Бог го повика Јаков наместото од неговиот брат и покрај тоа што и двајцата беа зачнати од еден ист човек, и тоа уште неродени и тоа пред да нешто направат :добро или зло.
Божјата цел беше да го избере Јаков, не поради неговата работа туку поради Неговиот избор. Библијата исто така ни кажува дека Исус дојде да ги повика грешниците, не оние кои што живееле праведен живот.
Луѓето, како потомци на Адам, се родени грешници. Давид рече дека тој беше грешник од времето кога беше во мајчината утроба и дека тој беше роден во грев. „Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја“ (Псалми 50:5, МК Библија 1990 год.).
Сите луѓе се родени грешници заради гревовите на предци. Така секој еден кој е роден на овој свет во незнаење постанува грешник, дејствува како грешник, и ги дава плодовите на гревот.
Детето кое што сеуште не извршило никаков грев е веќе грешник затоа што тоа беше родено од семето на гревот. Тој има грев, лоши мисли, прељуба, блудства и убиства во неговото срце. Тој /таа беше роден со гревовите на нивните предци. Човекот е грешник дури и пред да е роден.
Причината зошто Бог не направи нас бессилни е следното: Човекот е Божјо создание, но Господ имаше план да не направи нас Негови чеда преку спасувањето наше од грев. Тоа е зошто Бог дозволи да Адам погреши.
Како резултат на ова кога постанавме грешници, Бог го испрати Исус на овој свет, дозволувајќи Му на Неговиот едино возљубен Син да ги земе гревовите на човештвото преку Неговото крштевање.
Божјата интенција беше да го избави човештвото преку крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот и да им ја даде нив моќта да постанат Негови чеда преку верувањето во Исус. Тој дозволи да Адам погреши врз основа на ветувањето на очистување на сите гревови во Христа.
Грешниците кои што веруваат во погрешни доктрини велат: „Погледнете на Јаков и Исав. Тој безусловно го избра едниот, а го отфрли другиот.“ Бог не не избра нас безусловно, но не избра нас во Исус Христос. Ние треба само да погледнеме во напишаното слово во Библијата. Римјаните 9:10-12 вели: „ Но не само таа, туку и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак. Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува; нејзе и беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот.“ (МК Библија 1999 год.).
Бог во Исус го избра Јаков. Јаков е модел на грешниците кои што се невредни и лишани од нивната сопствена правда. Ефесјаните 1:4 вели дека Бог не избра нас во Него.
Кого Бог го повика? Тој го повика Јаков зошто Тој знаеше дека Јаков е грешен и неправеден пред Бога и дека тој се потпира врз Бога. Тој го повика Јакова во името на Неговиот возљубен Син Исус и го искупи него со евангелието на водата и крвта за да го направи Негово чедо. Така Бог го повика Јаков и го благослови него со искупение.
Тој повикува грешници за да ги направи нив праведни преку искупението на Исус. Тоа е Божјиот план.
ЛАЖНИТЕ ДОКТРИНИ НА БЕЗУСЛОВНИОТ ИЗБОР
Зошто Бог го љубеше Јаков?
Затоа што Јаков знаеше за сопствената неправедност.
Јас неодамна прочитав една книга основана врз приказна на безусловниот избор. Еден младич сонувал сон. Стара жена му се покажала на сон и му рекла на младичот да одите на одредено место, и тој отиде. Тогаш старата жена му рекла него дека тој е избран од Бога.
Тој ја праша старата жена како може Бог да го избрал него кога тој самиот не верува во Бога? Таа му рекла него дека Бог безусловно го избрал него независно од неговото не- верие.
Ова не е вистина. Како може Бог доброволно некои да ги проколне за пеколот, а други да ги избере за спасение? Бог го избра секој еден човек во Христа.
Теолошката изборна теорија која што го исклучува Исус е лажна. Таа е невистинита. Но многу теолози инсистираат дека Бог ги избра само некои од нас. Тоа не е вистина. Бог сака да го секого спаси во Исус. Само оние кои што не веруваат во искупението на водата и Духот во Исус не ќе бидат спасени.
Бог ги предодреди сите луѓе за спасение преку Неговиот Син, Исус, и настојуваше да не направи нас Негови чеда дури и пред да Тој го создаде светот. Тој испланира да го спаси човештвото од сите гревови на светот преку искупението на Исус Христос. Ова е вистината како што е напишана во Библијата.
Праведните кои што се преродени во Христа се оние избраните. Но теолозите инсистираат дека Бог ги избира само некои од нас. На пример, тие велат дека Будистичките калуѓери се измеѓу оние кои што Бог не ги избра. Но Бог во Христа исто така и нив ги избра.
Ако Бог безусловно ги избра никои без Исус, ние немавме да имаме потреба да го проповедаме евангелието. Ако Бог испланирал да ги избере само некои без Исус, грешниците немаше да имаат потреба да веруваат во Исус. Како можеше тогаш Неговото слово на Љубов, Вистина и Избавение да бидат исполнети?
Дали би имало тогаш некаква причина да служителите Божји да го проповедаат евангелието на овој свет? Дали има некаква смисла дека Бог веќе безусловно ги избрал искупените и отфрлил проколнатите без Исус?
Причината зошто Бог го избра Јаков во Исус, причината зошто Бог го љубеше Јаков и го мразеше Исав е затоа што тој веќе знаеше пред да тие бидат создадени дека Јаков ќе веруваше во Исус и дека Исав немаше да верува во Него.
Има многу грешници на овој свет кои што веруваат во Исус. Некои од нив се како Исав, а други пак се како Јаков.
Зошто Бог го љубеше Јаков? Јаков беше неправеден и знаеше за неговата невредност. Заради тоа тој призна дека тој беше грешник пред Бога и праша за Неговата Милост. Тоа е зошто Бог го спаси Јаков.
Но Исав се поткрепи повеќе на себе си отколку врз Бога и не беше гладен за Милоста Божја. Така Бог рече дека Тој го љубеше Јаков, а го мразеше Исав. Ова е словото на вистината.
Бог не предопредели сите нас за спасение во Исус. Сите грешници треба да веруваат во Исус. Тогаш Божјата Вистина и Правда ќе бидат вселени во нивното срце. Ние грешниците не можеме друго ништо да правиме освен да веруваме со целото наше срце и да бидеме спасени преку Исус. Се што ние треба да правиме е да веруваме во искупението преку Исус.
ЛАЖНАТА ТЕОРИЈА НА ПОСТЕПЕНОТО ОСВЕТУВАЊЕ
Дали е вистина дека грешниците можат постепено да постанат праведни?
Не. Тоа не е можно. Еднаш засекогаш Бог ги направи грешниците праведни и без недостаток преку искупението на Неговото крштевање и Неговата смрт на Крстот.
Сатаната ги лаже грешниците со постепеното осветување за да тие не можат да бидат спасени од нивните гревови. Постепеното осветување значи дека грешниците постепено ќе станат свети откако тие веруваат во Исус.
Теоријата оди вака: „Грешниците не можат еднаш за секогаш да постанат праведни но тие се спасени само од оригиналниот грев кога тие веруваат во Исус. Суштинските гревови се очистени преку секојдневните молитви на покаение и човекот постепено постанува осветен.“
Загатката на оваа теорија е постепеното осветување. Тоа звучи предобро да луѓето можат да веруваат во Исус и да постепено постануваат се посвети Христијани. Ваквата теорија преку годините заблуди многу Христијани, правејќи ги нив да се чувствуваат несигурно. Тоа е причината зошто има многу посвети- од- тебе Христијани во Христијанството.
Тие мислат дека еден ден тие едноставно ќе се променат и нема повеќе да грешат. Но тие си го живеат животот како грешници и ќе бидат осудени како грешници пред Бога кога ќе умрат.
Читајте го вистинското слово во Библијата. Во Римјаните 8:30 „А оние што ги предодреди, нив и ги повика; и кои ги повика, нив и ги оправда; кои ги оправда, нив и ги прослави.“
И во стихот 29: „Зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа.“ На прв поглед изгледа како да има некои чекори за постанување праведен. Но Словото ни кажува дека праведноста беше дадена еднаш засекогаш.
„И кои ги повика, нив и ги оправда;“ Исус повика грешници и нив ги направи праведни преку Неговото крштевање кај реката Јордан и Неговата смрт на Крстот.
Заради тоа секој еден кој верува во искупението на Исус постанува прославено чедо Божјо. Тоа е Милоста Божја да избави грешници и да ги прослави нив во ова име.
Ова е она што Бог нам ни кажува. Но некои Христијани ни кажуваат да погледнеме во Римјаните 8:30. „Постојат чекори за постанување праведен. Не значи ли тоа дека постепено ќе постанеме свети. Не значи ли тоа дека постепено ќе се промениме? Ова е како тие измамуваат. Тие им велат на луѓето во идно време дека грешниците со тек на време ќе постанат праведни.
Но Библијата ни кажува нас не во идно време, но во минато совршено време дека ние сме направени праведни еднаш засекогаш. Тоа е разликата измеѓу идните принципи и оние минато совршените.
Ние треба потполно да веруваме во Библијата. Според она што е напишано, ние можеме да постанеме чеда Божји еднаш засекогаш. Ова е целосно различно од теоријата на постепено осветување.
Теоријата на постепеното осветување вели дека само оригиналниот грев е опростен кога ние веруваме во Исус. Ова предлага дека ние треба да водиме религиозен живот и да се покајуваме за нашите гревови секој ден, за да кога ќе застанеме пред Бога ние да постанеме праведни.
Затоа што многу луѓе веруваат во оваа теорија, тие сеуште остануваат грешници дури и кога тие ќе почнат да веруваат во Исус. Ова е зошто теоријата на постепеното осветување е невистинита.
Библијата јасно ни кажува дека ние преку вера постануваме праведни и чеда Божји. Како што и бебињата доаѓаат на светов, чедата Божји исто така постануваат свети откако тие ќе го разберат и веруваат во искупението на Исус. Лажното постепено осветување произлезе од лаги.
ЦЕЛОСНОТО ИЗБАВЕНИЕ ОД СИТЕ ГРЕВОВИ
Што треба ние да правиме за да бидеме целосно осветени?
Ние треба да веруваме во искупението на водата и Духот.
Римјаните 8:1-2 вели: „И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот. Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.“ (МК Библија 1999 год.) Ова ни кажува дека Бог ги направи сите грешници праведни и ги избави сите оние кои што дојдоа кај Исус од законот на гревот и смртта.
Библијата во посланието на Евреите 9:12 ни кажува за целосното искупение. „Влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп.“ (МК Библија 1999 год.) Ова значи дека ние кои што веруваме во Исус сме искупени и признати во небесата.
Ние слушнавме и верувавме во евангелието на искупението на водата и Духот во Христос Исус и бевме опростени за сите наши гревови. Но грешниците кои веруваат дека тие беа опростени само за оригиналните гревови не можат да бидат навистина спасени. Со цел да бидат осветени за гревовите кои што тие ги извршуваат откако тие веруваат во Исус, тие чувствуваат дека треба да се покајуваат за нив секој ден.
Нивната погрешно водена вера ги води нив кон пеколот. Нивната погрешна вера ги прави нив да се покајуваат секој ден за да се ослободат од нивните погрешенија. Ова не е вистинската вера која спасува од пеколот.
Ако тие верувале во Исус и биле искупени еднаш за сите времиња, тие би биле постанати праведни и чеда Божја. Вистинското искупение го прави верникот прав-еден и го преобразува него во чедо Божјо еднаш засекогаш.
Дури и покрај тоа што верниците се избавени од сите гревови на светот, нивното тело не се променува до денот на нивната смрт. Но нивните срца се прелеани со правдата Божја. Ние не треба никогаш да го погрешно сфатиме овој факт.
Библијата ни кажува нас дека ние сме осветени и постанавме праведни кога ние веруваме во евангелието.
Ајде да погледнеме во посланието на Евреите 10:9-14 за да го видиме вистинското евангелие. „А потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто. Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш. И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои некогаш не можат да ги отстранат гревовите; а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножје подножјето за нозете Негови. Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени.“ (МК Библија 2009 год.)
„Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.“ Забележете дека ова е напишано во сегашно совршено време, а не во идно време.
За да биде човекот целосно осветен тој /таа треба да верува во искупението на водата и Духот кое што Исус ни го даде.
ИСУС ДОДЕЛИ ВЕЧНО ИСКУПЕНИЕ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ
Зошто е човекот ополномоштен да се радува цело време? (1 Солунјаните 5:16)
Затоа што Исус ги зеде сите негови гревови, човекот не може друго освен да постане понизен пред Него и да му благодари за Неговата Милост.
Ако веруваме во вечното искупение на Исус, ние постануваме праведни и тоа наеднаш. Библијата вели: „Радувајте се секогаш, молете се постојано и благодарете за се“ (1 Солунјаните 5:16-18, МК Библија 1990 год.).
Радувајте се секогаш. Како може човек секогаш да се радува? Оној кој прима искупение еднаш засекогаш може вечно да се радува. Затоа што тој е слободен од грев, тој е безбеден во знаењето дека Исус ги зеде сите негови гревови кај реката Јордан. Тој постанал понизен пред Него и е благодарен за Неговата Милост и така може постојано да се радува.
„Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;“ (Римјаните 4:7, МК Библија 1999 год.). Ова не значи дека човечките гревови се покриени без разлика на фактот дека сеуште постојат во нивните срца. Човековите срца биле очистени. Исус целосно ги очисти сите човекови гревови и го спаси него(човекот) еднаш за секое време.
Ова вечно искупение е наведено во Новиот Тестамент. Кога Исус беше крстен, Тој рече: „Позволи го сега тоа, зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.).
Како што овците или козите ги одземаа гревовите на човекот преку рацеполагањето во Стариот Тестамент, Исус ги зеде сите гревови на светот и го очисти човештвото на најправилниот и најдостојниот начин.
„Така ни прилега да ја исполниме сета правда,“ рече Исус. Исус беше крстен на најправилниот начин и ги зеде врз Себе сите гревови на човештвото, вака спасувајќи не нас.
Во Матеја 3:15, напишано е дека Исус ги зеде гревовите на светот. Божјата Правда беше исполнета. Ние не треба да се обидуваме да го разбереме ова вечно искупение. Ние треба ова да го земеме како Негово слово на избавение. „Блажени се оние, чии беззаконија им се простени, и чии гревови се покриени!“ (Псалми 31:1, МК Библија 1990 год.).
Сите гревови од срцето и телото, Исус ги очисти кога Тој беше крстен од Јован Крстителот кај реката Јордан. Тој беше осуден за гревовите кои што ние ги извршуваме во овој коруптни и покварен свет. Откако Тој ги зеде сите наши гревови, Тој умре на Крстот.
Секој еден кој што верува во ова искупение на грев може да постане праведен и без недостаток еднаш засекогаш. Затоа што Исус живее вечно, секој кој верува во искупението на Христос останува праведен.
Ние сега можеме да стоиме пред Бога со сигурност и да речеме: „Како Си, Господи? Јас верувам во Твојот едино возљубен Син, Исус Христос и јас сум исто Твој син. Ова не е преку моите дела, но само преку мојата вера во поново раѓањето од водата и Духот во Исус. Ти ме спаси мене од сите гревови на овој свет. Јас верувам во она што Ти рече: „Така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.). Преку крштевањето на Исус и Неговиот Крст, јас постанав Твој син. За тоа јас Ти сум благодарен.“
Дали вие ги положивте сите ваши гревови на /врз Исус? Беа сите ваши гревови земени од Него? Библијата ни кажува дека благодарејќи на крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот, грешниците можат да постанат осветени преку верувањето во нив.
ВРСКАТА ПОМЕЃУ КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС И ИСКУПЕНИЕТО
Која е врската помеѓу крштевањето на Исус и искупението?
Крштевањето на Исус е приказот на искупението проречено преку рацеполагањето во Стариот Тестамент.
Замислете човек кој живее како грешник дури и покрај тоа што тој верува во Исус и се моли в црква: „Драги Боже, прости ми за гревовите на изминативе три дена. О Господи, прости ми за денешните гревови. Јас верувам во Исус.“
Ајде да речеме дека овој човек е опростен за неговите дневни гревови со таа молитва. Но потоа, тој се враќа во неговиот секојдневен живот и повторно греши. Тогаш, тој постанува повторно грешник.
Исус постана Јагнето Божјо и ги зеде сите гревови на грешниците преку Неговото крштевање и не избави нас со тоа што беше распнат на Крстот. Со цел да се биде избавен, грешниците треба да веруваат во следното за да бидат избавени,
Сите гревови беа земени од Исус кога Тој беше крстен од Јован Крстител, така исполнувајќи ја Божјата правда. Сите гревови на светот беа очистени. Секој еден кој верува во оваа вистина е избавен. Како што е напишано во Матеја 3:13-17: „Така“ беше Исус крстен од Јован Крстител и направен Спасител на сите верници.
Евангелието на вистината ни кажува нас дека Исус ги зеде гревовите на светот еднаш и засекогаш. Но лажните теологии ни кажуваат нас да бидеме секој ден искупувани. Кое треба да го веруваме? Дали сме еднаш засекогаш искупени или сме секој ден искупувани?
Очигледно е дека Исус не избави нас еднаш засекогаш. Вистинската вера е искупението на водата и Духот еднаш засекогаш. Оние кои што веруваат дека ние мора да бидеме секој ден искупувани не ќе бидат никогаш искупени.
Тие треба да знаат дека вистинското искупение доаѓа од верувањето дека Исус нас еднаш засекогаш не избави преку Неговото крштевање и смртта на Крстот. Се што ние треба да правиме е да Му благодариме на Бога и да веруваме во ова вистинско евангелие.
Но оние кои што се заведени во нивната вера велат дека ние сме избавени само од оригиналните гревови, дека ние треба секој ден да бидеме искупени од суштинските гревови, и дека ние можеме постепено да постанеме праведни. Тоа е погрешно.
Крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот го оствари опроштението на гревот еднаш засекогаш. Ова е вистината. Нашите гревови требаа да бидат положени на/врз Исус преку Јован Крстителот и Исус мораше да умре на Крстот со цел да ние бидеме спасени.
Велењето „опрости ми“ откако ќе погрешиме не се вклопува во Правдата Божја. Законот Божји вели дека платата која е дава гревот е смрт. Ние треба да знаеме дека Бог е Праведен и Свет.
Оние кои му се молата на Бога вака: „Жал ми е, те молам прости ми“ откако тие ќе погрешат, тие не ја знаат Правдата Божја. Тие се молат за опростение, но само за да си ја олеснат совеста. Дали е право да некој секој ден греши и својата совест да си ја олеснува со покајувањето за пре-стапите секој еден ден? Единствениот начин да се биде избавен е со верувањето во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Ние треба да го веруваме ова во нашите срца. Тоа е единствениот начин како да ја избегнеме пресудата Божја.
Ајде малку повеќе да размислиме за избавението од грев. Евреите 9:22 вели: „И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање.“ (МК Библија 1999 год.)
Според праведниот Закон Божји, гревовите требаа да бидат опростени со крв, и без пролевање на крв проштевање не станува. Ова е праведниот Закон Божји. Без исплата на платата за гревот, не станува проштевање.
Законот Божји е праведен. Исус беше крстен од Јован Крстителот и искрвари на Крстот за да не избави нас грешниците. Тој ги зеде сите наши погрешенија преку Неговото крштевање и искрвари на Крстот за да плати за нашите гревови. Тој ја исплати платата за гревот за нас.
Дали е искупението доставено еднаш засекогаш или секој ден?
Еднаш засекогаш. Исус ги зеде сите гревови на сите грешници преку Неговото крштевање.
Во Матеја 3:15, кога Исус беше крстен на најсоодветниот начин, Тој ги очисти сите гревови преку Неговото крштевање и умре на Крстот за да не избави сите нас од сите гревови на светот.
Да се бара секој ден опростение би било исто како да го прашувате Него да ги земе нашите гревови и да повторно умре за нас. Ние треба навистина да го сфатиме праведниот закон Божји. Исус не треба секогаш поново да умира за да не избави нас од нашите гревови.
Бог го смета тоа многу дрско од оние кои што веруваат во Исус да секој ден бараат опростение за суштинските гревови. „Овие дрски безумци!“ Тие бараат од Мојот Син Исус, да биде по втор пат крстен за да по втор пат умре на Крстот! Тие веруваат во искупението на Исус и сеуште се нарекуваат себе си грешници. Јас ќе им судам ним со Мојот праведен Закон и ќе ги испратам сите нив во огнениот пекол. Дали сакате повторно да го убиете Вашиот возљубен син? Вие барате од Мене да го убијам Мојот Син за вашите суштествени гревови. Јас веќе го убив Мојот сопствен Син за да ве спасам вас еднаш засекогаш од гревовите на светот. Така не накревајте ми го гневот со барањето на повторно и повторно опростение за суштествените ви гревови, туку само верувајте во евангелието на искупението на водата и Духот.“
Исус им кажува на оние кои останале грешници да тие одат в црква каде што вистинското евангелие е проповедано и да примат искупение со надминувањето на невистината со вера.
Сега е времето да вие бидете спасени со вера во вашето срце. Дали верувате?
РЕЗУЛТАТОТ НА ВЕРАТА НЕ ВО ВИСТИНАТА ТУКУ ВО ДЕЛАТА
Зошто повеќето христијани не успеваат да водат последователен верски живот?
Затоа што тие се потпираат врз своите сопствени дела.
Дури и грешниците кои што веруваат во Исус, а не се избавени можат да светат блескаво за 3-5 години. Тие се страсни во почетокот, но нивната вера исчезнува со текот на времето. Ако вие верувате во Исус преку вашите сопствени дела, вашата страст исто така наскоро ќе исчезне.
Слепите не можат да видат. Така тие се поткрепуваат врз своите чувства и на ваков начин собираат знаење. Кога тие чувствуваат да солзи им доаѓаат, тие тоа го погрешно сфатиле како знак на искупение. Вистинското искупение не е чувство.
Духовно слепите бараат да ја повратат својата прва љубов со празното присуство на оживувачките митинзи, но тие не можат да го закрепнат чувството. Слично вака искупението не е можно да се вака постигне. Ако тие од почетокот правилно веруваа, искупението и Неговата Милост би светеле поблескаво со текот на деновите.
Но невистинското искупение свети само во почетокот, а оттогаш натаму ја губи својата светлост. Зракот на страста наскоро исчезнува затоа што духовно слепите не успеале да го слушнат словото вистина од самиот почеток.
Лицемерните книжници и Фарисеите ја носат Библијата под нивните раце, ја запаметуваат Божјата молитва и Апостолската алчност, и постојано се молат. Тие добиваат промоции во црквата и се емоционално платени но нивните гревови се натрупуваат и тие накрај се отфрлени од Бога. На надворешноста тие се покриени со бела вар на религиозниот страст, но во внатрешноста нивната памет гние во грев. Ова е резултат од вера но не во вистината туку во религија основана врз дела.
НИЕ ПОСТАНУВАМЕ ПРАВЕДНИ ПРЕКУ ВЕРА
Дали искупението на сите гревови од овој свет беше веќе исполнето?
Да. Тоа беше исполнето преку крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот.
Ајде да прочитаме во Евреите 10:16-18. „Ова е заветот, што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава: „И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам“. А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“ (МК Библија 2009 год.)
Сега откако сме искупени преку водата на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот, ние не мораме повеќе да умилостивуваме за грев. Кога ова за прв пат ќе го слушнете, тоа може да ви звучи непознато, но тоа е во согласност со словото од Библијата. Дали се тоа зборовите на луѓето? Библијата е судскиот печат и апсолутната мерачка линија за се.
„По оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Како ли се чувствувате откако бевте искупени? Сега кога вашето срце е слободно од грев, вие се чувствувате освежени. Вие постанавте праведен човек и можете да живеете во светлината.
И Господ рече во Евреите 10:17: „И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ (МК Библија 2009 год.). Тој ни кажува дека Тој нема да си спомнува за гревовите и беззаконијата на искупените. Зошто? Затоа што Исус беше крстен на најсоодветниот начин, „така.“ Откако ги зеде сите гревови, Исус беше осуден на местото на оние кои што веруваат во Него.
Сега откако Тој ги исплати нашите гревови, ние можеме да се потсетиме на нив, но ние не се чувствуваме виновни заради нив. Ние не мора да умреме за нашите гревови затоа што Исус ги очисти сите гревови и искрвари на Крстот за нас.
Евреите 10:18 вели: „А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.“ (МК Библија 2009 год.) Ова значи дека Тој ги премавна сите гревови на светот. Тоа исто така значи дека оние што се преродени во Исус не мораат повеќе да прават каков и да било принос за грев.
„Ах, Господи, те молам прости ми. Причината зошто јас верувам во Исус и сеуште живеам мизерно е дека јас сеуште не сум искупен. Јас сум Христијанин, но мојата памет е целосно огнилена во грев.
Грешниците извршуваат грев без да го препознаат гревот за таков. Тие не знаат што грев е затоа што тие не знаат за Божјиот Закон на Вистината. Тие само знаат дека тие не треба да грешат во нивната совест но тие не знаат што е да се погреши пред Бога. Бог ни покажа нас дека грев е да не се верува во Исус.
Во Јован 16:9 Тој кажува што е да се греши пред Бога. „За грев - дека не веруваат во мене;“ (МК Библија 1999 год.) Грев е пред Бога да не веруваш во Него. Јован 16:10 кажува што правда е. „За правда - оти Јас си одам при Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;“ (МК Библија 1990 год.) Со други зборови, Исус веќе го избави овој свет од сиот грев, и така Тој не мора поново да не избавува со второ крштевање и смрт на Крстот.
Тој ги повика оние кои што веруваат во искупението за да ги освети и да ги направи нив праведни. Искупението на овој свет беше извршено преку Неговото крштевање и смрт на Крстот. Не е потребно друго искупение да ги избави грешниците.
„Ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме “ (Дела ап. 4:12, МК Библија 1999 год.). Исус дојде долу на овој свет беше крстен од Јован Крстителот и искрвари на Крстот за да ги избав грешниците. Верувајте го ова во вашето срце и бидете спасени. Исус ве освети вас со водата и Духот.
Исус ги премавна сите гревови на нашето месо преку водата и Духот. Ние сме спасени со вера. Ако ние веруваме во вистината, ако ние веруваме во евангелието преку Исус Христос, ние постануваме праведни еднаш засекогаш. Крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, овие две се фундаменталната вистина.
СТИХОВИТЕ КОИ ШТО ГРЕШНИЦИТЕ ГИ УПОТРЕБУВААТ КАКО ЗАСОЛНИШТЕ
Можеме ли ние навистина да бидеме искупени со исповедањето на напите гревови, или бевме ли веќе искупени?
Бог ни достави искупение од грев еднаш засекогаш.
1 Јован 1:9 вели: „ Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (МК Библија 1990 год.)
Добро би било ако само потребно ни беше исповедање на гревовите за да бидеме опростени за нив. Со ова во нивната памет, некои теолози дојдоа со голема идеја за нова доктрина. Тие тврдат дека секогаш кога некој ги исповеда своите гревови ќе биде опростен за нив. Дали е ова убедливо? Но Исус никогаш не рече дека ние ќе бидеме опростени секое време кога се исповедаме пред Бога.
Можеме ли навистина да бидеме опростени со едноставното исповедање на гревовите или дали веќе бевме искупени? Во кое вие верувате? Луѓето кои што ја адвокатираат оваа лажна доктрина веруваат дека тие се опростени секогаш кога тие ги исповедаат своите гревови, но всушност, гревот останува во нивните срца затоа што тие не ги знаат вистинските зборови на искупението. Нема никаква смисла да грешниците кои што веруваат во Исус се опростени кога тие се молат за опростение на суштинските гревови.
За оваа причина, ние требаме да се придржуваме за Неговото Слово на искупението и да разликуваме помеѓу вистина и лажност, без разлика што ни е кажувано.
Грешниците погрешно ги разбраа зборовите во 1 Јован 1:9. Тие погрешно мислат дека тоа се однесува на опроштението за секојдневните гревови. Ајде да го прочитаме учењето уште еднаш. „ Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ Дали мислите дека ние сме само спасени од оригиналните гревови и дека ние мораме да ги исповедаме суштинските гревови за да Тој кој е Праведен и Верен нас да ни ги опрости? Ова се само погрешни мислења кои што се произлезени заради слабоста на нашето месо.
Ние сфаќаме дека ова не е вистина кога ние веруваме во крштевањето и крвта на Исус. Сите гревови беа веќе многу одамна очистени со Неговото крштевање и крвта на Крстот.
Да се верува според Духот и да се верува според погрешните мислења се две различни работи. Оние кои што веруваат според нивните сопствени мисли се чувствуваат како да требаат да ги очистуваат нивните гревови секој ден, но оние кои што веруваат во искупението на водата и крвта знаат дека тие се избавени еднаш засекогаш преку крштевањето и крвта на Исус Христос.
Оние кои што веруваат дека тие треба да ги исповедаат секој ден нивните гревови за да бидат искупени во суштина тие го извршуваат гревот на неверие во искупението преку крштевањето и крвта на Исус.
Дали вие бевте искупени еднаш засекогаш преку крштевањето и крвта на Исус? Оние кои што не се искупени се обидуваат да придобијат спасение со исповедањето на нивните гревови секој ден. Ова сеуште го остава проблемот на што да се прави со суштинските гревови кои и оние што тие ќе ги извршат во иднина.
Тие може да се обидат да однапред и нивните идни гревови ги исповедаат. Но со ваквото извршување тие покажуваат дека имаат недостаток во верувањето во Исус. Овие луѓе се слепи за евангелието на искупението. Исус не избави нас од гревот еднаш засекогаш со Неговото крштевање и крвта, примајќи ја осудата врз Себе. Ние сме избавени само со едноставно верување во Него.
Ако вие мислите дека вие треба да ги исповедате дури и идните гревови за да бидете спасени, вие не сте ништо поинакви од неверниците кои што ништо не знаат за поново раѓањето од вода и Дух. Грешниците не можат да бидат спасени преку исповедање.
Така да, ако вие искрено исповедате: „Јас сум грешник кој сеуште не е искупен,“ и тогаш ако вие го слушате и верувате во евангелието на Неговото крштевање и смртта на Крстот, Бог ќе ве избави од сите ваши гревови.
Но ако вие не верувате во евангелието на искупението и само се криете зад покајничките молитви, вие ќе се сретнете со страшна осуда кога Исус ќе дојде повторно на овој свет како Праведниот Судија.
Оние кои што не веруваат во евангелието на искупението преку водата и Духот ќе бидат осудени. Ако тие се кријат позади нивните исповеди, тие ќе се соочат со пресудата. Така, не чекајте до Судниот Ден. Верувајте сега во благословеното евангелие на водата и Духот.
ДОСТОЈНАТА ИСПОВЕД И ВИСТИНСКАТА ВЕРА
Која е достојната исповед за грешник?
Да исповеда дека тој сеуште има грев и ќе оди во пеколот освен ако тој верува во вистинското евангелие.
Бог не избави нас сите еднаш и засекогаш. Овде е вистинско- животен пример да ви покажам што сакам да ви речам. Ајде да речеме дека Северно Кореански шпион дојде долу во Јужна Кореа. Тој ќе види колку просперитетни ние сме, ќе сфати дека тој бил измамен, и ќе одлучи да се предаде себе си.
Откако тој ќе отиде до најблиската полициска станица, тој би исповедал вака: „Јас сум шпион од Северна Кореа“, или „Јас дојдов во Југов да го убијам овој и овој, да ги запалам овие и овие, и веќе ги запалив тие и тие и сега се предавам себеси. Заради тоа јас не сум повеќе шпион.“
Дали е ова достојна исповед? Ако тој навистина сакаше да исповеда, се што тој требаше да рече е : „Јас сум шпион.“ Ова едноставна изјава содржи се: дека тој е злобна особа и дека треба да биде суден. Со таа едноставна изјава, без разлика на мисијата за која тој беше одреден, тој ќе беше опростен.
Исто така, ако грешникот исповеда пред Бога: „Јас сум грешник, сеуште не искупен. Јас сум одреден да бидам фрлен во пеколот и да сум осуден. Те молам спаси ме “ и верува во Исус, тој ќе биде избавен. Исус беше крстен и ја пролеа крвта за нас, и се што ние треба да правиме е да веруваме во искупението преку Него за да бидеме спасени.
Откровение 2:17 вели: „И ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној што го добива!“ (МК Библија 1990 год.) Библијата вели дека само оној што го добива вистинското евангелие ќе го знае името на Исус. Само оној кој е искупен еднаш и засекогаш ја знае тајната на постанување праведен.
Оној кој не го знае сеуште ќе биде грешник без разлика на неговите секојдневно покајнички молитви. Да исповедаш не значи да се молиш за опростение секој еден ден. Дури и ако некој бил Христијанин цели 10 години, тој сеуште ќе биде грешник ако тој бара секој ден опростение од Бога. Тој сеуште не е син Божји.
За да биде спасен тој треба да исповеда дека е грешник и да верува во искупението на Исус. Ова е вистинската вера.
ДА ГИ ЕДНОСТАВНО НАВЕДУВАШ ГРЕВОВИТЕ ОД НЕКОГО НЕ Е ОНА ШТО 1 ЈОВАН 1:9 НИ КАЖУВА НАС ЗА ИСПОВЕДАЊЕТО
Дали треба ние да ги исповедаме нашите гревови секој ден или само еднаш за да бидеме спасени?
Само еднаш.
Можат ли крадецот и убиецот да ги исповедаат своите дела и да бидат спасени? Грешниците не се искупени со само исповедањето на нивните гревови. Тие можат да бидат искупени само преку благословеното евангелие на поново раѓањето преку водата и Духот во Исус. Некои погрешно водени Христијани исповедаат вака:
„Драги Боже, јас пак се карав денес со некого. Јас погрешив. Јас измамив човек. Јас украдов нешто.“
Ако тој вака продолжи Бог би му рекол: „Замолчи ти грешнику! Па што тоа?“
„Те молам сослушај ме Господи, Ти ни кажа да ги исповедаме нашите гревови. Јас молам за Твојата Милост.“
Ваквиот вид на молитва не е што Бог сака да слушне. Тој сака да ги слушне молитвите на оние кои што веруваат во искупението на водата и Духот: Оние кои што ги признаваат нивните гревови и веруваат во евангелието на вистинското поново раѓање.
Август рече дека тој се покајал што цицал од градите на неговата мајка. Тој мислеше дека таквата исповед него ќе го води кон царството небесно. Ние можеме да се само смееме на ова. Само исповедањето на гревовите на особата нема да помогне.
Бог вели: „Молкни и само кажи ми дали си погрешил. Ако си погрешил, тогаш престани да зборуваш за тоа. Ти погрешно веруваше се досега, така оди в црква каде што вистината е поучувана. Верувај во евангелието на искупението на правилниот начин и биди искупен. Ако не, Јас ќе дојдам и ќе ти судам.“
Покајничкитете молитви за опростение и секои други потези да се биде спасен преку исповедање покажува на погрешна и невистинска вера.
Напишано е во 1 Јован 1:9 дека кога ние ги исповедаме сите наши гревови, евангелието на водата и Духот ќе не избави нас од сиот грев.
„БЕГАЈТЕ ОД МЕНЕ“
Што значи да правите беззаконие?
Тоа значи да верувате во Исус со грев во срцето.
Христијанските грешници имаат погрешна вера, правејќи незаконски дела пред Исус. „Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеја 7:22-23, МК Библија 1999 год.).
Замислете некој човек кој верува во невистина и умре, дојде да стои пред Бога и рече: „Како си Господи? Изгледаше толку прекрасно кога мислев на Тебе таму долу, но Ти изгледаш дури и поубаво овде горе. Ти благодарам Господи. Ти мене ме спаси. Јас верувам дека Ти ме гледаш како без грев дури и покрај тоа што јас имам грев во моето срце. Јас дојдов овде откако Ти вети да ме земеш во небесата. Сега јас ќе одам таму каде што цветовите се во буен цвет. Пријатно и се надевам да се видиме понекогаш.“
Тој почнува да оди кон градината, но Исус го запира. „Чекај! Ајде да видиме дали овој човек има грев во неговото срце. Дали си грешник?“
„Нормално ,јас имам грев. Но нели јас верував во Тебе?“
„Дали имаш грев и покрај тоа што веруваш во Мене?“
„Сигурно е да јас имам грев.“
“Што? Ти имаш грев? Донесете ми ја Книгата на Животот. И донесете ми ја Книгата на Делата, исто така. Побарајте го неговото име. Видете во која книга е неговото име.“
Да сме сигурни, неговото име е напишано во Книгата на Делата.
„Сега исповедај ги гревовите кои што си ги извршил на земјата.“
Човекот се обидува да не исповеда, но Бог го присилува да ја отвори неговата уста и да ги исповеда гревовите.
„Да, јас извршив ваков и ваков грев........“
Тој е целиот збунет и не може да ја затвори устата.
„Добро, тоа е доволно! Тој извршил доволно за да биде пратен во пеколот. Тој е повеќе од квалификуван за тоа! Испрати го во тоа огнено место.“
Тој не е испратен каде што цветовите се во буен цвет, но во местото кое што е исполнето со оган и сулфур. Тој ги гризи неговите нокти додека е одведен во пеколот.
„Јас верував во Тебе, јас пророкував во Твое име, проповедав во Твое име, ја продадов куќата за да Ти служам, им помагав на сираците, многу претрпев за Твоето име, се молев во изутрината, им помагав на болните.....јас заслужувам да одам во небесата.“
Тој толку ги гризе неговите нокти што ги прегризува до ништо. Кога тој ќе пристигне во пеколот, тој ќе ги види сите Христијани кои што не го знаеја вистинското значење на иску-пението во Исус. Оние кои што погрешно го сфатија евангелието на искупението се отфрлени од Него.
ГРЕВОВИТЕ НА ЛАЖНИТЕ ВЕРНИЦИ СЕ ЗАПИШАНИ ВО КНИГАТА НА ДЕЛАТА
Каде се запишани сите гревови на грешниците?
Тие се запишани во нивните срца и во Книгата на Делата.
Дали ние веруваме во Исус или не, Бог ги уништува оние кои што имаат грев во нивните срца. Ако Тој најде само дамка на грев во срцето на некого, таа особа е проколната за пеколот на Судниот Ден. Бог ги охрабрува грешниците кои што сеуште не се искупени да исповедаат дека тие сеуште не се избавени ако тие сакаат да освојат искупение.
Гревовите на грешникот се запишани во неговото срце. Оние кои што се поново родени од вода и Дух можат да се потсетат на нивните гревови, но тие се избришани од нивните срца. Тие се праведните.
Но оние кои што не се преродени имаат грев во нивните срца. Заради тоа тие се грешници пред Бога. Кога и да тие коленичат да се молат, нивните гревови ги разделуваат нив од Бога и не Му дозволуваат Него да ги слушне нивните молитви. Тие се молат за ова и за она, но нивните гревови остануваат. Тие завршуваат исповедувајќи ги нивните гревови, покајувајќи се за пре- стапите кои што ги извршиле пред 10 години, 11 години, дури и 20 години.
Дали тие требаат повторно и повторно да се покајуваат во нивните молитви? Зошто тие го прават ова? Тие не сакаат ова да го прават, но кога и да почнат да се молат, тие се потсеќаваат дека тие се виновни пред Бога. Така тие се чувствуваат како да тие мораат да умилостивуваат за нивните гревови пред да сериозно се молат.
Бог ги напиша нивните гревови со писалка од железо на плочите од нивните срца за да нивните гревови не можат никогаш да бидат избришани. Како резултат на тоа, тие се чувствуваат да тие мораат да ги исповедаат нивните гревови секое време кога тие ќе дојдат пред Бога. Така да оние кои што веруваат во само половината на целосното евангелие на Исус треба да живеат мизерно и да завршат во пеколот.
Во Еремија 17:1 напишано е: „Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници.“ (МК Библија 1999 год.).
Јуда е името на царското племе од луѓето на Израел. Библијата го држи Јуда за да го прикаже целото човештво, така да Јуда значи сите луѓе.
Гревот Јудин е запишан со железна писалка и врежан со дијамантски врв кој што може да биде отстранет само со железо. Дијамантот е најјакиот материјал на светот. Со железна писалка со врвот на дијамант нашите гревови се запишани.
Штом еднаш тие се врежани тие не можат да бидат избришани. Тие не ќе бидат избришани освен ако веруваме во вистината на водата и Духот.
Не е полезно да бидат искупени во нивните мисли, да се верува во Христијанските доктрини, да се запаметат теологиите, и да се посветите себе си за црквата ако гревот останува во вашите срца.
Како што нивните гревови не можат да бидат избришани без крштевањето на Исус, грешниците продолжуваат да се потсеќаваат на нив велејќи: „Господи јас сум грешник,“ секогаш кога тие се молат. Тие сеуште имаат грев во нивните срца колку и да се молат. Тие сеуште имаат грев во нивните срца колку и да сакаат да имаат дружење со Бога, така земајќи врз себе си големи надлежности во црквата, и учењето на теологија и доктрина.
Така тие одат по планините, залудно се обидуваат да зборуваат на јазици и бараат визии од пламени јазици, но сето тоа е бесполезно. Ако гревот остане во вашите срца, вие никогаш нема да бидете во мир.
Нашиот грев, како што е напишано во Еремија 17:1, врежан е во роговите на нашите алтари. Во Небесата, има Книга на Животот и Книга на Делата. Гревовите на грешниците се запишани во Книгата на Делата и така луѓето не можат да избегаат од нивните престапи. Бог ги запишува нив во Книгата на Делата и на плочите на нашата совест и ни ги покажува нас преку Неговиот Закон.
Ние треба да ги избришеме чисто тие списоци со верувањето во крштевањето на Исус и крвта која Тој ја пролеа за нас за да бидеме спасени.
Тогаш ние ќе бидеме спремни за вечен живот, и нашите имиња ќе бидат запишани во Книгата на Животот.
ДАЛИ Е ТВОЕТО ИМЕ ВО КНИГАТА НА ЖИВОТОТ?
Чии имиња се запишани во Книгата на Животот?
Имињата на оние кои што немаат грев во нивните срца се таму запишани.
Важно е да вашето име е запишано во Книгата на Животот. Ако вашето име не е запишано таму, каква е ползата од верувањето во Исус? За да бидете навистина избавен вие треба да верувате во поново раѓањето од водата и Духот.
Исус дојде долу на овој свет, беше крстен кога беше 30 години за да ги очисти сите гревови на светот и умре на Крстот за да не избави нас. Како што е напишано во Матеја 3:15, Исус беше „така“ крстен и распнат на Крстот. Ние треба да веруваме во ова за да ги имаме нашите имиња запишани во Книгата на Животот.
Кога луѓето ќе урат и застанат пред Бога, Бог вели: „Видете дали името на овој човек е запишано во Книгата на Животот.“
„Запишано е Господи.“
„Да, ти страдаше и пролеа солзи на земјата за Мене, сега јас ќе направам така да ти не треба повеќе вака да страдаш.“
Бог ја става на него круната на правдата како награда.
„Ти благодарам Господи. Јас Ти сум вечно благодарен.“
„Ангели, ставете му круна на овој човек.“
„Господи, многу од повеќе е што Ти ме спаси мене. Круната би била премногу за мене. Ти благодарам. Јас сум толку благодарен што Ти ме спаси. Јас сум повеќе од задоволен само да живеам во Твојата присутност.“
„Ангели, на колената ваши и земете го овој мој 10000 ти Мој син на вашиот грб.“
„Ангелот одговара: „Да Господи.“
„Ова е толку комфортно. Јас ова добро го правам или не? Ајде да одиме.“
Ангелот внимателно почнува да чекори.
„Сакаш да се прошетаме?“
„Колку е убаво овде. Колку е големо местово?“
„Јас со билиони години се шетам овде и сеуште треба да му го најдам крајот.“
„Дали е тоа вистина? Тогаш јас сигурно сум ти тежок. Ти можеш да ме симнеш.“
„Нашата снага никогаш не намалува овде.“
„Фала ти. Но јас сакам да стојам на земјата на царството небесно. Сега каде се сите праведните кои што дојдоа пред мене?“
„ Тие се онаму.“
„Ајде да одиме таму.“
Алелуја! Тие се прегрнуваат и се насмевнуваат и живеат засекогаш среќно.
Сега замислете човек кој верува во Исус но сеуште е грешник, умира и стои пред Бога. Тој исто така вели дека тој верува во Исус и признава дека е грешник.
Бог вели: „Видете дали името на овој човек е запишано во Книгата на Животот.“
„Не е запишано во Книгата Господи.“
„Тогаш погледнете во Книгата на Делата.“
„Неговото име и неговите гревови се запишани овде.“
„Тогаш испрати го овој човек во местото каде што тој никогаш повеќе нема да се грижи за цената на горивото и остави го да живее таму засекогаш.“
„Ах, Господи тоа не е ферски....“
Тој вели дека не е фер. Зошто треба тој да биде пратен во пеколот покрај тоа што тој верува во Исус толку страсно?
Причината е тоа што тој беше измамен од Сатаната и тој ја слушаше само половината од вистинското евангелие. Ако ние го погрешно сфатиме вистинското значење на искупението на Исус, ние исто така ќе завршиме во пеколот.
Овој човек веруваше во Исус, сепак тој беше измамен од Сатаната и мислеше дека тој е грешник. Ако тој го слушнеше вистинското евангелие тој ќе сфатеше дека неговата вера беше погрешна. Но тој не успеа да верува заради неговата себична приврзаност со неговата сопствена погрешна вера.
Ако вие сакате да одите во царството небесно, вие морате да верувате во поново раѓањето од водата и Духот. Како што е напишано во Матеја 3:15 „Така ни прилега ,“ (МК Библија 1999 год.). Исус ги зеде сите гревови на светот. Вие морате да верувате во спасението на водата и крвта.
Чии имиња се запишани во Книгата на Делата?
Имињата на оние кои што имаат грев во нивните срца се запишани таму.
Ако се одлучите да верувате во сешто, како благопријатна особа која што никогаш и никого не го одбива од нивните барања, вие можете да завршите во пеколот. Има многу природно добри луѓе во пеколот, но во небесата, има вистински борци кои се бореа за она во што тие веруваа.
Оние кои што се на небесата знаеја дека тие се грешници одредени да одат во пеколот и благодарно веруваа дека нивните гревови беа очистени преку крштевањето и крвта на Исус.
Речено е дека има могили од уши и усти во небесата. Затоа што многу луѓе веруваа во искупението на Исус само со нивните усти и или уши, Бог го исфрлил остатокот на нивното тело во горечките огнови од сулфур.
Замислете дека еден кој верува во Исус но сепак има грев во неговото срце, застане пред Бога и рече, „Господи, луѓето ме викаа праведен затоа што јас верував во Тебе, дури и покрај тоа што јас имав грев во моето срце. Јас верував дека Ти исто така ќе погледнеш на мене како безгрешен. Ова е што јас научив и во што верував. Јас само верував како што и повеќето луѓе веруваа. Тоа беше најпространо прифатената вера од каде што јас доаѓам.“
Господ одговара на ова: „Јас не можам да им опростам на оние кои што имаат грев во нивните срца. Јас ги очистив сите гревови со благословот на поново раѓањето од водата и Духот. Но ти одби да веруваш во тоа. Ангели! Фрлете го овој дрзок човек во огнот на пеколот.“
Секој еден кој верува во Исус но сеуште мисли дека тој има грев во неговото срце ќе заврши во пеколот. Слушајте го вистинското евангелие на искупението и ќе бидете избавени од сиот грев. Ако не, вие ќе горите во пеколот.
Да речете дека вие сте без грев додека имате грев во вашето срце е да го мамите Господа. Ние можеме на крајот да видиме колкава разлика има помеѓу грешниците и праведните. Вие ќе сфатите зошто јас ве замолувам да бидете искупени.
Вие ќе ја видите разликата помеѓу оние кои што веруваат во целосното евангелие (крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот) и оние кои што не веруваат кога тие ќе застанат на крстопатот кон пеколот и небесата. Тоа ќе направи голема разлика. Некои ќе влезат во царството небеско но другите ќе одат во пеколот.
Дали верувате во Исус но сепак останувате грешник? Тогаш вие треба да сфатите дека треба да настојувате да бидете поново родени од водата и Духот. Бог ги испраќа во пеколот оние кои што имаат грев во нивните срца. Само оние кои што веруваат во целосното спасение на гревот ќе влезат во царството небесно.
Направете го сега тоа. Ако го тоа одложите (поново раѓањето) може да биде прекасно. Однапред бидете подготвени. Пред да завршите во пеколот, верувајте во искупението на водата и Духот и постанете свети.
Славата и честа се на нашиот Господ Исус Христос! Ние му благодариме Него за тоа што Тој нас грешниците милосрдно не направи праведни. Алелуја!
ИСУС: АДВОКАТ ЗА ПРАВЕДНИТЕ
Можат ли нашите гревови да бидат отстранети со молитвите на покаение?
Не, тоа не е можно. Тоа е еден на начинот со кој што Сатаната нас не лаже.
Ајде да прочитаме во 1 Јован 2:1-2: „Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник пред Таткото - Исус Христос, Праведникот. Тој е жртва за помирување на нашите гревови, и не само на нашите, туку и на гревовите на целиот свет.“ (МК Библија 1990 год.).
Го гледате ли ова? Има ли таков кој верува дека сеуште има грев во неговото срце? Ако имате некаков грев во вашето срце но му велите на Бога да немате, вие го лажете Него. Исто така вие се лажете себе си.
Но ако вие навистина го разберете Исус и верувате дека Тој ги очисти сите гревови кај реката Јордан, вие ќе бидете целосно слободни од грев. Тогаш вие можете да речете: „Господи, јас сум поново роден од водата и Духот во Тебе. Јас немам грев. Јас можам да стојам пред Тебе без срам.“
Тогаш Господ ќе одговори: „Да ти си во право. Како што Авраам веруваше во Мене и веруваше да е праведен, ти исто така си праведен затоа што Јас ги очистив твоите гревови.“
Но земете за пример човек кој што сеуште има грев во неговото срце дури и покрај тоа што тој верува во Исус. Тој вели: „Затоа што јас верувам во Исус јас ќе одам во небесата и покрај тоа што јас имам малку грев во моето срце.“
Тој толку многу сака да биде прифатен во небесата така да тој се обидува да се спротивстави додека стои пред Судниот престол, но тој сепак ќе заврши во пеколот. Зошто? Тој не го знае благословеното евангелие на поново раѓањето од водата и Духот.
Секој еден треба да исповеда да тој/таа е грешник за време на неговите денови на земјата. „Јас сум грешник. Јас ќе одам во пеколот. Те молам спаси ме.“ Грешникот не е искупен со покајнички молитви. Наспротив, тој треба да признае дека тој е грешник и го прифаќа искупението на водата и Духот за да биде избавен. Тој може да постане праведен само преку искупението на водата и Духот.
Само лажното евангелие инсистира дека само оригиналниот грев е опростен во Исус и дека ние треба да се покајуваме за нашите суштествени гревови за да придобиеме спасение. Ова не води нас право во пеколот. Толку многу верници се проколнуваат себе си за пеколот со верувањето во ова лажно евангелие и ваквата тенденција е дури и многу широко распространета на денешниов ден.
Дали ќе знаете дека сте паднале во погрешно евангелие? Дали сеуште сте долговач откако сте ги исплатиле сите долгови? Размислете за ова. Ако вие сеуште се сметате за грешник додека верувате во Исус, може ли да биде речено дека вие правилно верувате во Исус?Дали сте вие верник и грешник, или сте верник и праведен?
Вие можете да одберете за себе си. Вие можете или да верувате дека сите ваши гревови се опростени, или вие можете да верувате да вие требате да се покајувате секој ден за вашите престапи. Вашиот избор ќе одлучи дали вие ќе одите во небесата или во пеколот. Вие треба да најдете евангелист кој ќе ви го каже вистинското евангелие.
Оние кои што веруваат во лажно евангелие сеуште се молат за опростение на гревовите на секое молитвена служба, секоја служба во Среда, секоја служба во Петок, сите ноќни служби, во надеж да ги очистат нивните гревови.
„Господи јас погрешив. Јас погрешив оваа недела,“ велат тие. Тогаш тие се сеќаваат на гревовите од пред многу години и се повторно молат за Неговото опростение. Тоа е противрекување на евангелието на поново раѓањето од водата и Духот.
Нашите гревови мораат да бидат исплатени со крв. Евреите 9:22 вели: „И без пролевање на крв нема проштавање.“ (МК Библија 1999 год.) Ако вие мислите дека вие имате грев, тогаш вие го прашувате Него да ја повторно пролее крвта Негова? Оние кои што не веруваат во целосното искупение се виновни на вртењето на искупението на Исус во лага. Тие фактички инсистираат дека Исус не не избавил нас еднаш засекогаш и велат дека Тој е лажец.
За да бидете искупени во Исус вие треба да верувате во вистината на искупението на водата и Духот. Можете ли вие навистина да бидете искупени со стотици, илјадници, милиони молитви? Вистинското евангелие не искупува нас еднаш засекогаш. Постанете праведни, одете во царството небесно, и живеете праведен живот цело време.
♪Јас живеам нов живот во Исус. Минатото помина и јас станав ново создание. Избледеното минато помина. Ах, Исус е мојот вистински живот. Јас живеам нов живот во Исус.♪
Вие имате нов живот во Исус. Без разлика на тоа што не изгледате прекрасно или згодно како што вие би сакале да изгледате, без разлика дали сте прениски, или малку подебели по половината, оние кои што се благословени со евангелието на поново раѓањето од водата и Духот живеат среќен живот. Каква врска има тоа што вашиот нос не е во форма, или да вие сте малку ниски? Затоа што ние не сме совршени, ние сме спасени со верувањето во поново раѓањето од водата и Духот во Исус. Но оние кои што се измамени/прелажени ќе завршат во пеколот.
Фала ти, Господи. Јас секогаш му благодарам на Господа. Затоа што ние веруваме во поново раѓањето од водата и Духот, ние ќе бидеме добредојдени во небесата.
НЕВИСТИНАТА НЕ ВОДИ НАС КОН ПЕКОЛОТ
Кои ќе примат круна на правдата на крајот?
Оној кој ја победува невистината.
Невистината ни кажува дека ние треба да се покајуваме секој ден за да бидеме опростени, но евангелието на водата и на Духот ни кажува дека ние сме веќе целосно опростени и се што ние треба да правиме е да веруваме во тоа.
Која е вистината? Дали ние треба да се покајуваме секој ден? Или право е да веруваме дека Исус не избави нас кога Тој беше крстен на најсоодветниот начин за да ги земе сите наши гревови? Вистината е дека Исус ги зеде сите наши гревови еднаш засекогаш и на овој достоен начин ни понуди нас спасение.
Ние се треба да ја победиме невистината во духовната војна. Многу луѓе ја следат невистината. „ И на ангелот на Пергамската црква напиши му: вели вака Оној, Кој држи меч со две остици - ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната, и го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија што средина живее сатаната.“ (Откровенија 2:12-13, МК Библија 1990 год.).
„На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од сокриената мана, и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!“ (Откровенија 2:17, МК Библија 1990 год.).
Каде што безбројни лоши духови престојуваат и каде што невистината се преправа да е вистина, Сатаната се покажува како да тој е светол ангел. Бог не може да им помогне на некои кои што ја слушаат вистината на евангелието на водата и Духот и не веруваат во неа. Таквиот ќе заврши во пеколот.
Секој еден треба за себе си да одлучи дали тој/таа верува во спасението Исусово. Никој не коленичи пред вас да ве моли да верувате и да бидете избавени.
Ако вие сакате да бидете спасени од грев, тогаш верувајте во спасението на водата и Духот. Ако се чувствувате благодарен за Неговата љубов на спасението и Неговата милост што не спаси нас, тогаш верувајте. Ако вие сте грешник на пат кон пеколот, тогаш верувајте во водата и Духот, крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот. Тогаш вие ќе постанете праведен.
Ако мислите дека вие не сте грешник, вие немате потреба да бидете искупени од Исус со верувањето во Исус. Само грешниците се избавени од сите гревови со верувањето во евангелието на поново раѓање од водата и Духот. Исус е Спасителот на грешници и Утешител на обеспокоените. Тој е Создадителот. Тој е Господар на Љубовта.
Јас искрено ве повикувам вас да верувате во евангелието на поново раѓањето од водата и Духот. Верувајте. Вие можете да бидете сигурни дека Исус ќе ви биде Спасител, Пријател, Пастир и Бог ваш. Грешниците треба да веруваат во Исус. Ако вие не сакате да завршите во пеколот, вие морате да верувате. Бог не не моли нас да веруваме во евангелието на спасението.
Дали сакате да бидете додадени во небесата? Тогаш верувајте во евангелието на поново раѓањето од водата и Духот. Исус вели: „Јас сум патот, вистината и животот. Верувај во Мене.“ Да не случајно велите дека сакате да бидете фрлени во пеколот? Тогаш не верувајте. Тој вели дека тој веќе подготвил место за вас во пеколот.
Бог не моли. Трговецот недисркримирано се поздравува со сите за да влезат во трговината и да ја продаде својата стока, но Бог му го дава бесплатно царството небесно на оние кои што се искупени. Бог е Праведен.
Луѓето велат дека крајот на светот е блиску. Да, и јас така мислам. И безумно е да не се верува во вистинското евангелие на поновото раѓање од водата и Духот.
Верувајте во спасението на благословеното евангелие на поновото раѓање од водата и Духот. Ајде да одиме заедно во царството небесно. Зар не сакате со мене да дојдете во местото каде што престојува Исус?
Дали сте грешник или сте праведен човек?
Праведен човек кој нема грев во неговото срце
Ајде да прочитаме во Римјаните 8:1-2. „И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот,бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.“ (МК Библија 1999 год.)
Исус ги зеде сите наши гревови преку Неговото крштевање и Неговата смрт на Крстот. Тој ги спаси сите грешници кои што требаа да бидат осудени за нивните гревови.
Божјото спасение содржи две нешта. Едното е Божјиот Закон, а другото е Неговата Љубов. Законот не учи нас дека ние сме грешници. Според Законот, платата за гревот е смрт. Со Законот ние не можеме да бидеме спасени. Законот само не учи нас за нашата грешна природа и судбина. Тоа ни покажува дека ние сме грешници.
За да ја исплати платата за гревот, Исус дојде долу на овој свет, ги зеде сите наши гревови и исплати за нив со неговиот живот за да не спаси нас од осудата. Тоа е љубовта Божја кој не спаси нас од сиот грев
Ние мораме да триумфираме над невистината. Бог го дава благословот на поново раѓањето од водата и Духот на оние кои што ја победуваат невистината.
Ние сме спасени со верувањето во Исус. Со верувањето во Неговото слово, ние придобивме правда и ја разбравме вистината. Верувајте во вистината на поново раѓањето од водата и Духот во вашите срца, и вие ќе бидете благословени.