(Дела ап. 1:4-8)
„И собирајќи ги, Он им заповеда: Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушнале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес ќе бидете крстени со Светиот Дух. А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во тоа време ли го востановуваш, Господи, царството Израилово? А Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Својата власт; но ќе примите сила , кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.“ (МК Библија 1976 год.)
Дали е пребивањето од Светиот Дух дар Божји или е даден преку сопствените напори на поединецот?
Тоа е дарот даден на особата која го прима опроштението од неговите гревови, и го содржува значењето на исполнувањето на Божјото ветување.
Еднаш имав искуство како да примив пламен од нешто како Светиот Дух преку молитва. Но ваквите пламени не траеја долго, и накрај изгаснаа во лицето на натрупаниот грев. Меѓутоа, сега јас сакам да ви ја покажам вистината за Светиот Дух, кој што ќе пребива во нас за вечноста, не како што лажниот дух кој лесно се гаси со грев, но преку вистинското евангелие. Светиот Дух кој што ќе ви го прикажам вас преку оваа порака не е нешто кое што можете да го добиете преку молитви, но само преку вера во евангелието на водата и Духот.
Јас сакам да ве водам вас да го примите [1]пребивањето од Светиот Дух преку оваа книга. Вие ќе сфатите дека пораките кои што ви ги доставувам се инспирирани од Светиот Дух. Апсолутно Божја желба во ова време е да го примиме пребивањето од Светиот Дух. Вие можете преку оваа една книга да научите за пребивањето од Светиот Дух и истото можете да го примите. Ако оваа книга не е доволно за вас, тогаш ве советувам да ги прочитате првите две книги кои пред оваа се од мене публицирани. Вие ќе можете да примите совршена вера пред Бога преку овие книги.
| [1] Светиот Дух пребива во срцата на поново родените, оние кои што се опростени за сите нивни гревови со верувањето во евангелието на водата и Духот. Еднаш штом Тој ќе дојде во светијата, Тој престојува во него/неа засекогаш, и никогаш не го напушта него се додека светијата верува во евангелието. Тој им дава убедување на светиите, ги води нив да ја знаат Божјата волја во Библијата, ги засилува нив да ги победат искушенијата и тешкотиите својствени во овој свет, и ги води нив да ги носат плодовите на Духот во полнота. Бог го прославува телото на светиите како храмот Божји преку пребивањето од Светиот Дух (Дела ап. 2: 38-39), Јован 14:16, 16:8-10, 1 Коринтјаните 3:16, 6:19. Галатјаните 5:22-23). |
Многу Христијани се обидуваат да го примат Светиот Дух онака како што Тој се спушти врз учениците Исусови на Денот на Педесетницата. Некои дури и големи суми на пари потрошија за исползувањето на овој метод. Тие се преправаат дека Светиот Дух е нешто што може да се прими преку човечки напори. Тие сакаат да имаат привиденија, да прават чуда, да го слушнат Исусовиот глас, да зборуваат на непознати јазици, да лекуваат болести и да прогонуваат бесови. Меѓутоа, тие имаат грев во нивните срца, и се под влијание на зли духови (Ефесјаните 2:1-2). Дури и сега многу луѓе продолжуваат да живеат знаејќи дека тие се под силата на зли духови. Ова е зошто Сатаната ги мами и прелажува луѓето користејќи ги секакви видови на методи како што се чудата и чудесата кои што се вистински само илузии.
Исус им заповеда на учениците негови: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот.“ (Дела ап. 1:4, МК Библија 1976 год.). Примањето на Светиот Дух откриено во Дела ап. не е преку „доживување,“ „посветеност“ или „молитви на покајание,“ но преку „чекањето на Божјото ветување“ дека ќе им го даде нив Светиот Дух. Што ние треба да научиме од оваа строфа е дека пребивањето со Светиот Дух не се случува преку очајните човечки молитви. Тоа е дарот Божји, кој што само може да биде придобиен преку целосна вера во прекрасното евангелие на водата и Духот, кое што Бог Отецот и Исус Христос им го дадоа на човештвото. Вистинското пребивање од Светиот Дух се случува преку вера во евангелието кое што Исус Христос ни го даде нас. Бог ни ја даде нас вистината на водата и Духот за да ние можеме да го примиме пребивањето со Светиот Дух (1 Јован 3:3-5).
Изразот „ветувањето за Светиот Дух“ се покажува многу пати во Новиот Тестамент. Петар во неговата проповед (Дела ап. 2:38-39) за крштевањето со Светиот Дух на денот Педесетница вели: „Божјо ветување е тоа да им го даде Светиот Дух на оние кои што го примаат опроштението на гревовите како резултат од верувањето во прекрасното евангелие.“
Пребивањето со Светиот Дух е дар даден на оние кои што го примаат опроштението на нивните гревови, и го содржува значењето на исполнувањето на Божјото верување. Светиот Дух во Новиот Тестамент не е нешто што може да се придобие преку компромиси измеѓу Бог и луѓето, но е ветениот дар од Бога. Заради тоа, пребивањето од Светиот Дух, како што е откриено во Дела ап. не е нешто што може да биде придобиено преку молитви (Дела 8:19-20).
Светиот Дух се спушта само врз оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот кое што Исус ни го даде. Исус им вети на Неговите ученици дека ќе им го испрати Светиот Дух за да тие можат да го имаат пребивањето од Светиот Дух. „Зашто Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес ќе бидете крстени со Светиот Дух.“ (Дела ап. 1:5, МК Библија 1976 год.) Така Неговите ученици го чекаа исполнувањето на Божјото ветување.
Со погледнувањето на верата која што ја имаа оние во Библијата кои што го примија Светиот Дух, ние можеме да сфатиме дека тоа не се случи преку нивните напори туку преку волјата Божја. Пребивањето од Светиот Дух кој што се спушти врз учениците во Дела ап. не се случи врз основа на нивните човечки настојувања или духовни постигнувања.
Слегувањето на Светиот Дух врз Неговите ученици, како што е напишано во Дела ап. наскоро стана вистина. Тоа бидна онака како што Исус рече: „Не по многу дниод денес.“ Ова беше првиот благослов во времето на Раната Црква. Со погледнувањето на Светото писмо, ние можеме да видиме дека Божјото ветување не беше исполнето преку постење, молитви или само- жртвување, но преку вера во Исус. После Исусовото Вознесение, верниците примија опростение на гревовите и пребивањето со Светиот Дух во исто време.
Светиот Дух Слезе Одеднаш од Небесата врз Исусовите Ученици!
„А кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни.“ (Дела ап. 2:1, МК Библија 1976 год.). Исусовите ученици се собраа заедно додека го очекуваа исполнувањето на Божјото ветување да им го испрати Светиот Дух. И Светиот Дух конечно слезе врз нив.
„А кога дојде денот на Педесетница, сите беа заедно на исто место. И одненадеж стана шум од небото, како кога дува силен ветер и ја исполни целата куќа, во која седеа. И им се јавија јазици како од оган, кои се разделија и над секого од нив застана по еден. И тие сите се наполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.“ (Дела ап. 2:2-4, МК Библија 1999 год.).
Светиот Дух дојде врз нив „одеднаш од Небесата.“ Овде зборот „одеднаш“ значи дека тоа не бидна преку човечката волја. Во согласност со изразот „од Небесата“ објаснува од каде дојде Светиот Дух и исто така ја набројува идејата дека пребивањето/исполнувањето со Светиот Дух не може да биде придобиено преку човечката волја или настојувања. Изразот „од Небесата“ ни покажува дека зборувањето дека Светиот Дух може да биде придобиен преку молитви е измамничко/лажно тврдење.
Со други зборови, велењето дека Светиот Дух дојде одеднаш од Небесата значи дека исполнувањето со Светиот Дух не биднува преку земски значења, какви што се зборување на јазици или само- жртвување. Исусовите ученици во почетокот зборуваа на други јазици за да им го проповедаат евангелието на луѓето од сите нации. Причината за ова беше да им дозволи нив да го проповедаат евангелието на придојдените Израелци со различни јазици на нивниот јазик преку помошта од Светиот Дух. Луѓето од секоја нација го видоа тоа како чудно да тие ги слушнаа учениците да зборуваат на нивните сопствени јазици, затоа што повеќето од учениците беа од Галилеја.
„И им се јавија јазици како од оган, кои се разделија и над секого од нив застана по еден. И тие сите се наполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.“ (Дела ап. 2:3-4, МК Библија 1999 год.). Овде ние треба да обрнеме особено внимание на изразот, Светиот Дух „над секого од нив застана.“ Учениците чекајќи го доаѓањето на Светиот Дух на едно место, веќе веруваа во евангелието на поново раѓањето од вода и Дух.
Многу Христијани на денешницава погрешно го сфаќаат овој дел од строфата, верувајќи дека доаѓањето на Светиот Дух биднува со звук како дувањето на ветрот додека тие се молат. Меѓутоа, ова е погрешно сфаќање за Светиот Дух кое што произлегува од незнаење и збунетост. Дали Светиот Дух прави вакви звуци кога Тој се спушта врз луѓе? Не, Тој не прави.
Што луѓето слушаат со нивните уши се звуци кои што Сатаната ги прави кога тој ги раскинува душите на луѓето. Тој ги прави овие звуци кога работи со илузии, мимички гласови и лажни чудеса со настој да ги нурни луѓето во збунетост со преправањето да е Светиот Дух. Луѓето погрешно ги разбираат овие работи како да се доказ за доаѓањето на Светиот Дух. Луѓето исто така мислат дека Светиот Дух доаѓа со „шшушу~“ звук како оној од силен ветар. Тие се заблудени од демони. Доаѓањето на Светиот Дух како што е запишано во Дела ап. беше остварено само преку вера во прекрасното евангелие.
Петровата вера (1 Петар 3:21) беше доволно совршена за да му дозволи него да го прими пребивањето од Светиот Дух
Со втиснувањето на инцидентите од првиот Духовден во Дела ап. глава 2, Бог сака да ни потенцира за вистината дека Светиот Дух слезе врз нив затоа што тие веќе веруваа во евангелието на водата и Духот. Но луѓето често мислат на „Духовден“ како времето кога Светиот Дух доаѓа долу од небесата со некакви над природни сили и бурни викотници.
Тоа е зошто на денешницава на оживувачките митинзи, се верува дека некој може да го прими Светиот Дух преку френетични молитви, постење, полагање на раце. Феномен како демонското поседување, в несвест паѓањето, паѓањето во некаков транс за неколку дена, или не контролно тресењето, не се дела на Светиот Дух.
Светиот Дух е рационално суштество и не ја не почитува човековата личност. Тој не се однесува дрско спрема човекот затоа што Тој е Личност Божја кој што има интелигентност, чувство и волја. Тој слегува врз луѓе само кога тие веруваат во словото на евангелието на водата и Духот (Дела ап. 2:38).
Петар сведочеше дека Светиот Дух слезе врз учениците како исполнување на пророштвото на пророкот Јоил. Тоа беше исполнување на Божјото ветување, кое што рече дека Светиот Дух ќе се спушти врз оние кои што го примија опроштението за нивните гревови. Со други зборови, исполнувањето со Светиот Дух им е дадено на оние кои што веруваат во вистината дека Исус беше крстен од Јован Крстителот и распнат со цел да го спаси целото човештво од нивните гревови. Петровата проповед, заедно со Јоиловото пророштво, ни покажува нас дека ние треба да знаеме зошто Исус беше крстен и зошто ние треба да веруваме во тоа. Знаењето на оваа вистина ќе ги води Христијаните да го примат Светиот Дух.
Дали вие верувате во прекрасното евангелие за кое што Петар сведочеше? (1 Петар 3:21) Или сеуште имате бескорисна и суеверна вера несогласна со прекрасното евангелие? Дали вие се обидувате да го примите Светиот Дух преку вашите сопствени дела без разлика на Божјиот план? Дури и ако некој верува во Бога и принесува покајнички молитви со надеж на очистување на неговите гревови, нема друг начин за примање на пребивањето од Светиот Дух освен со верувањето во евангелието на водата и Духот.
Дали вие сеуште го чекате исполнувањето со Светиот Дух, без разлика на не имање на знаење за евангелието на водата и Духот? Дали го знаете вистинското значење на крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот, кое што го прави Светиот Дух да пребива во вас? Вие треба да знаете дека пребивањето со Светиот Дух е можно само кога вие верувате во евангелието на водата и Духот. Вистинското пребивање од Светиот Дух може да им биде дозволено само на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот. Ние му благодариме на Бога за тоа што ни го даде нас пребивањето од Светиот Дух.