(Дела ап. 8:14-24)
„А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована, кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух, зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса. Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух. А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници, велејќи: „Дајте ми ја мене таа власт, на кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!“ Но Петар му рече: „Нека одат во пропаст твоите сребреници заедно со тебе, зашто си помислил да го добиеш Божјиот дар со сребреници! Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бога. Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господа да ти ја прости помислата на твоето срце. Зашто гледам дека си во горчлива жолчка и во оковите на неправдата. А Симон во одговор рече: „Молете Му се вие на Господа за мене, за да не ме најде ништо од она што рековте!“ (МК Библија 1999 год.)
Може ли особа да го прими Светиот Дух преку полагање на раце?
Не. Тој/таа треба да верува во евангелието на водата и Духот.
Врз основа на претходните строфи, јас сакам да ви доставам порака за тоа дали „некој може да го прими пребивањето од Светиот Дух преку неговите сопствени напори.“ Апостолите во време на раната црква ја примија силата од Бога и беа од Него испратени на различни места. Постојат неколку над природни настани во Дела ап., еден од нив беше слегувањето на Светиот Дух врз верниците кога Апостолите ќе ги положеа своите раце врз нивните глави. Библијата вели: „Кога апостолите ги ставија рацете врз оние врз кои Светиот Дух сеуште не беше слегол дури и ако тие веруваа во Исус Христос, тие го примија Светиот Дух.“
Тогаш како тие го примија Светиот Дух преку рацеполагањето? Во тоа време словото Божјо сеуште беше пишувано и работата сеуште не беше завршена, така Бог им даде на апостолите особени сили за да ја извршуваат Неговата служба. Тој беше со апостолите и направи многу чуда и чудеса преку нив. Тоа беше специјално време, кога Бог правеше чуда и чудеса кои што можеа да бидат видени со човечките очи со цел да луѓето веруваат во Исус Христос Синот Божји и Спасителот. Тоа беше неопходно за Бога заедно со апостолите, да моќно ја покажат работата на Светиот Дух со цел да докажат дека Исус Христос е Бог и дека Тој е Синот Божји, Спасителот. Ако Светиот Дух не работеше преку чуда и чудеса во тоа време на раната црква, ниту еден немаше да верува дека Исус е Спасителот.
Меѓутоа, не е опходно за нас на денешницава да го примиме Светиот Дух преку видливи чуда и чудеса, затоа што Библија е веќе целосна. Наспротив, пребивањето со Светиот Дух сега почива во мир. Со други зборови, во верувањето во евангелието вистина. Бог им го дава пребивањето со Светиот Дух на оние кои што имаат вера во евангелието на вистината пред Бога. Пребивањето со Светиот Дух настанува само во оние кои што веруваат во Божјите дела, како што беа исполнети од Исусовото доаѓање на овој свет и со Неговото крштевање и крвта.
На денешницава многу пастири ги учат верниците дека видливите феномени на чуда се знаци на пребивањето со Светиот Дух. И тие ги водат верниците да го примат на ваков начин Светиот Дух. Тие ги прелажуваат луѓето со давањето на лажно учење како што е - зборувањето на јазици - да е слегувањето на Светиот Дух. Овие пастири се сметаат себе си да се апостоли кои што извршуваат големи чуда и чудеса, и тие го привлекуваат вниманието на религиозните фанатици кои што сакаат да го доживеат Бога преку нивните емоции.
Ваквиот фанатизам се распространи во Христијаните ширум светот, и многу од нив ги следат нивните верувања и примаат зли духови преку значењето на над природност. Дури и сега, луѓето кои беа под влијание на религиозниот фанатисизам мислат дека тие можат да направат да други го примат Светиот Дух преку рацеполагање.
Меѓутоа, заблудени како и Симон, тие се како маѓесникот кој се појавува во главната строфа. Тие се загадени со само- задоволство и телесна алчност, но сите нивни дела предизвикуваат само збунетост помеѓу луѓето. Ваквото лажно учење се разделува од вистинскиот пат како да се прими пребивањето со Светиот Дух пред Бога.
Дури и сега, многу лажни пророци ја работат работата на Сатаната преку нивните погрешни религиозни практики, преправајќи се да ја вршат работата на Светиот Дух. Вистинските Христијани мораат да се приврзуваат за светот Божји, знаење од коешто е правилниот пат за да се добие пребивањето со Светиот Дух. Така- наречените Пентакосталисти (Духовници), кои ставаат голем акцент врз телесните доживувања од Светиот Дух, треба да ја отфрлат нивната апсурдна вера, да се вратат кај Божјото Слово и да веруваат во вистината, која што сигурно ќе ги води нив да го примат пребивањето со Светиот Дух.
Симон беше познат маѓесник во Самарија во тоа време. Откако виде како апостолите предизвикуваат да луѓето го примат Светиот Дух, тој посака да го купи Светиот Дух со пари. Луѓе со ваков вид на вера неодбежно стануваат Сатански робови, употребувани од него за да ја вршат неговата работа. Симон сакаше да го прими Светиот Дух но неговата желба за ова не беше ништо друго освен лакомост. Ние можеме да видиме дека ваквата вера не е вистинско Дух- примачка вера.
Симон се обиде да го придобие Светиот Дух со пари во неговата себична желба за Неговата сила. Заради оваа причина тој беше строго искаран од Божјиот служител, Петар. Дури и покрај тоа што беше велено дека Симон верувал во Исус, тој не беше човек кој го примил Светиот Дух преку искупението на гревовите. Со други зборови, тој мислеше дека тој беше способен да го придобие пребивањето со Светиот Дух со принесувањето на светски работи кон Бога.
Покрај тоа што неговиот надворешен изглед сугерираше дека тој беше верник во Исус, неговите вистински внатрешни мисли беа неповрзани со Исусовите вистински зборови. Наспротив, тој беше исполнат со телесна лакомост. Петар, кој ги познаваше Симоновите мисли, го искара него за неговото обидување да го придобие Светиот Дух со пари. Тој му рече на Симон дека тој ќе загине заедно со неговите пари.
На денешницава, лажните пророци опфатени од зли духови бараат да ги примамат луѓето правејќи ги нив да мислат дека сите чуда и чудеса нивни се дела на Светиот Дух. Меѓутоа, секој треба да има на памет дека ниеден не може да го прими пребивањето со Светиот Дух преку молитви принесувани од неговата светска лакомост.
Дали случајно има харизматични луѓе околу вас? Вие треба да бидете претпазливи од овие видови на луѓе. Тие се доближуваат до други со фанатична вера. Тие велат дека тие можат да изгонуваат демони и дури да предизвикаат да луѓето го примат Светиот Дух преку полагањето на нивните раце. Меѓутоа, тие не ја поседуваат силата на Светиот Дух, но таа од зли духови. Оние кои што потврдуваат тека тие го примиле Светиот Дух со значењето на рацеполагањето се заведени самите и други со нив да примат само зли духови.
Вистинското пребивање од Светиот Дух доаѓа во оние кои што веруваат во словото на водата и Духот (1 Јован 5:3-7). Дури и покрај тоа што евангелието на водата и Духот е напишано во Библијата, заради тоа што многу луѓе имаат грев во нивните срца, тие се обидуваат да го достигнат Бога преку над природни сили и со изгонувањето на демони (бесови). Ова е зошто лажните пророци се во можност да премамат толку многу луѓе во верувањето на себичното Христијанство произлезено од ѓаволот.
Петар го изобличи Симон со велењето: „Нека одат во пропаст твоите сребреници заедно со тебе, зашто си помислил да го добиеш Божјиот дар со сребреници! Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бога. Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господа да ти ја прости помислата на твоето срце. Зашто гледам дека си во горчлива жолчка и во оковите на неправдата.“ Ние треба да воздивнуваме од тага заради фактот дека има многу служители како овие на денешницава. Многуте од нив се харизматични луѓе. Тие бараат пари од нивното стадо. Ние треба да си држиме растојание од ваквиот вид на вера и да го примиме пребивањето со Светиот Дух со верувањето во евангелието на водата и Духот (Матеја 3:15, 1 Петар 3:21, Јован 1:29, Јован 19:21-23).
Харизматичните луѓе работат преку полагањето на раце!
Ние треба да бегаме од ваквиот вид на вера. Некои луѓе на денешницава имаат апсурдна вера дека тие можат да го примат Светиот Дух ако тие добијат полагање на раце од оние кои што присвоиле сила. Тие мислат дека откако Писмото вели дека многу го добија Светиот Дух кога тие го доживеаја полагањето на раце од Апостолите, дека тие би можеле и да исто вака направат. Некои преправачи исто ја имаат апсурдната вера дека тие можат да им го дадат на луѓето пребивањето со Светиот Дух преку полагањето на нивните сопствени раце. Ние треба да бидеме свесни за постоењето на ваквиот вид на луѓе.
Меѓутоа, ние треба на памет да држиме дека нивната вера е премногу различна од таа на апостолите во времето на раната црква. На денешницава, најсериозниот предизвик на верите од некои Христијани е тоа што тие немаат вера во вистинското евангелие на водата и Духот. Тие велат дека тие веруваат во Бога, но тие не го почитуваат Него и наместото од ова се лажат себе си и лажат и други. Меѓутоа, грешникот не може ниту да го прими пребивањето на Светиот Дух ниту пак може да предизвика да други го добијат него. Ако некој рече дека Духот слегол врз грешник, овој дух не беше навистина Светиот Дух; наместото од ова тоа беше духот на Сатаната кој се само преправа да е вистинскиот Дух.
Апостолите во времето на раната црква беа луѓе кои што знаења и веруваа дека Исус беше Спасителот, кој ги зеде сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање од Јован Крстителот и Неговата смрт на Крстот. Тие беа способни да го примат пребивањето со Светиот Дух затоа што тие веруваа во вистината на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Тие исто така им го проповедаа евангелието на водата и Духот и на други, така помагајќи им да го примат пребивањето од Светиот Дух.
Но на денешницава, многу Христијани имаат погрешна фанатична вера. Дали е навистина можно на денешницава да грешник го прими Светиот Дух преку полагањето на раце од друг грешен служител? Ова е апсолутно бесмислено. Има луѓе кои што велат дека дури и покрај тоа што тие имаат грев во нивните срца, тие го примиле пребивањето со Светиот Дух. И покрај тоа што некој изгледа како добар пастир во очите на неговите приврзаници, тој не може да предизвика да некој го прими пребивањето со Светиот Дух ако има грев во неговото срце.
Сепак, многу луѓе имаат ваква погрешна вера. Ова е причината дека многу лажни пророци беа во можност да водат луѓе во пеколот. Вие треба да го знаете фактот дека оние кои што го поучуваат овој вид на вера се лажни пророци. Ова се луѓе кои што веќе биле заробени од демони.
Ако особата има грев во нејзиното срце, може ли Светиот Дух да пребива во него/неа? Одговорот е не. Тогаш дали е можно за особата која има грев во своето срце да предизвика да други го примат пребивањето со Светиот Дух? Повторно одговорот е не. Тогаш што ги предизвикува харизматичните луѓе на денешницава да прават чуда и чудеса во Христијанството, додека тие имаат грев во нивните срца? Зли духови го прават тоа. Светиот Дух не може никогаш да пребива во внатрешноста на грешник. Тој само пребива во оние со вера во евангелието на водата и Духот. Дали сте вие сигурни дека духот кој слезе врз вас е Светиот Дух?
Во Јован 3:5 Исус рече: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото Царство.“ (МК Библија 1976 год.) Како ова, пребивањето со Светиот Дух може да биде придобиено само со верувањето во вистинското евангелие на водата и Духот. Грешката која на денешницава многу Христијани ја прават е што веруваат дека некој може исто така да го прими пребивањето со Светиот Дух со примањето на раце полагање од грешни служители. Ова е суштинска грешка. На денешницава, многу христијани и служители имаат вера и убедување дека пребивањето со Светиот Дух доаѓа во нив преку полагање на раце.
Врската помеѓу вистинското искупение на гревовите и полагањето на раце
„Полагањето на раце“ е средство преку кое еден може да пренесе нешто од него на/врз предметот. Мислете за тоа на овој начин: Ако ние зборуваме во микрофон, звукот патува преку каблите во засилувачот и тогаш излегува од гласните звучници, за да секој може да го слушне. Слично,во Стариот Тестамент, кога грешник ги ставаше своите раце на жртвата за грев, неговите гревови беа положени врз жртвата за грев и тој беше така опростен. На истиот начин, Божјата сила беше положена врз луѓето кога Неговите служители ги ставија своите раце на нив. На ваков начин, полагањето на раце го зеде значењето на „да се пренесе, да се положи, да се префрли.“
Харизматичните луѓе не ги предизвикуваат луѓето да имаат пребивање со Светиот Дух преку полагањето на нивните раце, наспротив тие ги предизвикуваат нив да примат зли духови. Вие мора да запаметите дека особата со силата на зли духови ги пренесува духовите врз други со полагањето на раце. Кога обземениот од демон особата ги стави своите раце на главата на други, демонот во него преминува врз таа особа, затоа што Сатаната работи преку грешници. За оваа причина, секој еден мора да верува во евангелието на водата и Духот ако тие сакаат да го примат пребивањето со Светиот Дух. Сатаната ги раководи оние кои што се во грев, дури и ако тие веруваат во Исус, ако тие не успеат да го примат искупението на гревовите.
Ако некој прими полагање на раце од демонско-обземена особа, демоните исто така ќе дојдат кај него/неа и тој/таа исто така ќе прави лажни чуда. Ние треба да знаеме дека демоните доаѓаат да пребиваат во други преку полагањето на раце, и пребивањето на Светиот Дух е само можно преку вера во евангелието на водата и Духот.
Рацеполагањето е метод основан од Бога за пренесување на нештото врз други. Но Сатаната предизвика многу луѓе да примат зли духови преку полагањето на раце. Фактот дека на денешницава има многу луѓе, кои што се обидуваат да ја придобијат силата на Светиот Дух со пари е дури и поголем проблем.
Повеќето Христијани погрешно ја сфатија вистината за пребивањето од Светиот Дух
Кога ќе ги прашате како тие можат да го примат пребивањето со Светиот Дух, многу луѓе одговараат дека тоа е можно преку молитви на покаение или постење. Дали Светиот Дух слегува врз вас кога вие принесувате специјални молитви кон Бога? Не. Пребивањето со Светиот Дух доаѓа само во оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот.
Затоа што Бог е вистина, Тој го основа законот за примањето на пребивањето на Светиот Дух. Може ли Светиот Дух да пребива во особата која што има грев во неговото срце? Одговорот е најсигурно не. Некој не може да го прими Светиот Дух преку полагање на раце. Дури и ако некој оди на оживувачки митинзи и фанатички молитви кон Бога за да би можел да ја прими силата на Светиот Дух, Светиот Дух ќе остане надвор од неговиот зафат. Грешниците очигледно не можат да го примат пребивањето од Светиот Дух. Грешниците можат да го примат вистинското пребивање од Светиот Дух како дар, само кога тие ќе примат искупение на гревовите преку верување во евангелието на водата и Духот.
Секој еден кој не ја знае вистината за евангелието на водата и Духот не може да го прими пребивањето од Светиот Дух. На денешницава, евангелието на водата и Духот брзо е распространето преку Христијанска литература, црковни собранија, Интернет, и дури и електронски книги ширум светот. Заради тоа, секој кој го бара вистинското евангелие може да верува во него и да го прими пребивањето од Светиот Дух. Ако вие сеуште го немате примено пребивањето од Светиот Дух, вие треба да сфатите дека за да го примите него вие треба да верувате во евангелието на водата и Духот.
Одличен пример на лажната вера!
На денешницава кога ги прегледуваме симптомите на луѓето кои што примаат лажни духови ние можеме да го видиме всуштното постоење на демони. „Оживувачките митинзи за примање на Светиот Дух“ се собирања на кои што луѓето очајно сакаат да го примат Светиот Дух. На овие митинзи ние гледаме како луѓето плескаат со нивните раце и принесуваат молитви на покаение додека плачат и постат. Проповедачот ги иструктира нив да принесат фанатички молитви со кажувањето дека Светиот Дух нема да слезе врз нив се додека го направат тоа. Луѓето тогаш извикуваат: „Господи!“ и почнуваат со нивните фанатични молитви.
Можат ли овие фанатици да го примат пребивањето со Светиот Дух на ваков начин? Не. Вие ќе видите како луѓето викаат и паѓаат, други се тресат, додека прават чудни звуци на ваквите митинзи. Некои паѓаат ваму и таму на земја и се трасат, и ги гледаме како се дерат и почнуваат да зборуваат на непознати јазици. Некои преку митинзите ја предеруваат својата глава од викање и толпата е обземена со емоции. Некои од нив почнуваат да се вклопуваат, тресејќи се насекаде и зборувајќи на јазици. Луѓето велат дека ваквите феномени се доказот дека Светиот Дух слегол врз нив. Но размислете што се случува кога демон ја прави оваа работа? Дали е ова дело на Светиот Дух? Дефинитивно не е.
Сатаната измами многу Христијани
На денешницава, многу Христијани водат вид на религиозен живот онаков каков што Сатаната сака. Сатаната ги лаже луѓето со тоа што им кажува нив дека тие треба да примат полагање на раце од моќен служител со цел да го примат Светиот Дух. Многу Христијани се склони да веруваат во ова како формална доктрина. Сатаната исто така ја насади идејата во главата на луѓето дека тие ќе го примат Светиот Дух ако тие прекумерно се молат. Сатаната се обидува да го дуплира и тридуплира бројот на луѓе кои го имаат овој вид на вера.
Заради тоа многу луѓе не знаат, и дури не се обидуваат да научат за евангелието на водата и Духот. Ние мораме да се бориме да ги избегнеме мислите кои што Сатаната ги става во нашата глава и да го знаеме и да веруваме во евангелието на водата и Духот. Пребивањето од Светиот Дух доаѓа само во оние кои веруваат во евангелието на водата и Духот. Вие морате да верувате во ова.
Христијанските погрешни сфаќања за пребивањето од Светиот Дух
Прво од се, постои големо погрешно недоразбирање во верите од многуте приврзаници на харизматичното Христијанство. Тие се обидуваат да го примат Светиот Дух со грев во нивните срца. Тие погрешно веруваат дека дури и покрај што тие имаат грев во нивните срца, тие ќе се способни да го примат пребивањето со Светиот Дух. Меѓутоа, особата без никаква вера во евангелието на водата и Духот не може да ја прими полнотата на Светиот Дух.
Второ, речено е дека човечката игнорантност /дрскост ги попречува нив од примањето на пребивањето од Светиот Дух. Тогаш дали ова значи дека некој може да го прими Светиот Дух ако тој не се однесува игнорантно/дрско? Дали има таква личност на овој свет која не е ни најмалку дрска? Дрската /игнорантната особа која не може да биде опростен од Бога е онаа кој ги пристава своите сопствени мисли врз словото Божјо. Многу луѓе се обидуваат да го примат пребивањето со Светиот Дух преку нивните сопствени методи, игнорирајќи го вистинското евангелие на водата и Духот. Меѓутоа, престојот на Светиот Дух доаѓа само во оние кои веруваат во евангелието на водата и Духот.
Трето, речено е дека престојот на Светиот Дух доаѓа кога некој искрено ги исповеда сите негови гревови пред Бога. Така тие се нагонети да го исповедаат сите нивни гревови кога тие сакаат да го примат Светиот Дух. Но вие мора да запаметите дека пребивањето од Светиот Дух не доаѓа кога некој едноставно ги исповеда неговите гревови. Многу Христијани на денешницава со нетрпение го чекаат пребивањето од Светиот Дух и Неговата полнота, но тие не можат да го примат пребивањето од Светиот Дух затоа што тие сеуште имаат грев во нивните срца. Особата со ваква брза желба ќе биде заробен/а од демони.
Четврто, некои велат дека пребивањето од Светиот Дух може да биде дадено кога ние усрдно запросиме од Бога да ни го даде нас благословот. Но не може да биде придобиен преку просење. Ова е само погрешно мислење.
Петто, некои го идентифицираат пребивањето од Светиот Дух со поседувањето на некои духовни сили. Зборувањето на странски јазици се смета да е заеднички доказ за поседувањето на Светиот Дух. Но Светиот Дух не престојува во срцето на некого затоа што тој е способен да изгонува бесови во името на Исус или затоа што зборува на чудни јазици. Гревот му припаѓа на Сатаната. Дали некој со грев во неговото срце навистина може да рече дека го примил престојот од Светиот Дух затоа што тој поседува некакви чудни сили? Уште еднаш, ова е зло одиграно од демони.
Евангелието на водата и Духот кое што Исус ни го даде нас е единственото евангелие кое што може да не води нас да го примиме престојот од Светиот Дух. Ако вие сеуште мислите дека вие можете да го примите Светиот Дух и искупението на гревовите преку други методи, вие сте во длабока заблуда. Јас се надевам дека вие ќе се ослободите себе си од вашите погрешни вери и на местото од нив ќе дојдете да имате духовни мисли и оригинална вера.
Не е претерување ако речеме дека многу Христијани на денешницава се обземени со демони. Многу Христијани преку светот доаѓаат под силата на демони затоа што тие сакаат да го примат престојот на Светиот Дух преку специјални оживувачки митинзи или со примањето на рацеполагање. Тие одат кај специфични луѓе како што се супервизори или молитвени куќи, високи ѓакони, оживувачи, или пастири кои што велат дека ја примиле силата на Светиот Дух. Тие одат кај нив со надеж да го примат Светиот Дух преку рацеполагање. Меѓутоа, никогаш не може некој да го прими престојот од Светиот Дух преку ваквата вера, без разлика колку напорно тие веруваат во Исус. Со други зборови, нема друг освен Бог кој може да предизвика да некој го прими пребивањето со Светиот Дух.
Како и Симон, многу луѓе на денешницава се обидуваат да го купат Светиот Дух. Тие се обидуваат да го примат Светиот Дух со верувањето во светски науки, а не во евангелието. Повеќето Христијани ширум светот се заглавени во ваквата мисла. Светиот Дух доаѓа само во оние кои ја имаат неопходната квалификација за да го примат Него. Единствената формула за добивање на Светиот Дух е со верувањето на евангелието на водата и Духот и ова е единствениот одговор на вистината (Дела 2:38).
Примањето на Светиот Дух преку рацеполагањето беше само можно за период на кратко време и тоа за време на раната црква. После ова пребивањето со Светиот Дух доаѓа во луѓето во истото време кога тие доаѓаат да го знаат и да веруваат во евангелието на водата и Духот. Заради тоа, се друго освен делото на Светиот Дух случувајќи се преку вера во словото Божјо, е дело на демони. Бог вели дека демоните се служители на Сатаната, и Сатаната беше искусно работел на ваков начин да луѓето не можат да примат искупение од гревовите дури и покрај тоа што тие веруваат во Исус. Сатаната ги лаже луѓето со велењето дека тој ќе им го даде нив Светиот Дух ако тие веруваат во Исус и го примат полагањето на раце. Сатаната ја проширува својата територија преку целиот свет со ваквиот вид на трикови.
Ние сега треба да погледнеме на симптомите од оние кои се обземени од демони. Прво, кога ние ги прегледуваме симптомите на обземеноста со демон од иднина претскажувач или шаман, ние можеме да видиме дека тие доживуваат в клопотени стресови, трансови дури и во несвест паѓање. Тогаш нивните јазици се вртат и против нивната волја чудни зборови излегуваат од нивната уста. Тие зборуваат на чудни јазици.
Обата, шаманизмите и Христијаните кои веќе се обземени од демони преку полагање на раце се заеднички сопственици на ова искуство. Кога харизматичниот оживувач го зема својот микрофон и вика: „Со оган, со оган, со оган,“ заедницата се воодушевува и ја губи самоконтролата. Луѓето кои што сакаат да примат полагање на раце од него доаѓаат напред. Тие искусуваат неконтролирани тресачки вклопувања и зборуваат на странски јазици. Овие симптоми се делата на демони кои што се преправаат да ја вршат работата од Светиот Дух.
Луѓето кои што се обземени со зли духови, кои што можат да бидат повикани од шамани и иднина претскажувачи од секоја примитивна религија, ги покажуваат истите симптоми како и Христијаните кои што се обземени со демони преку полагањето на раце. Меѓутоа, без разлика на овој доказ, луѓето ова погрешно го разбираат. Тие Христијани се паднати во длабока збунетост затоа што тие мислат дека тие го примиле Светиот Дух кога тие доживеале вакви симптоми.
Сатаната работи преку Христијаните како иднина претскажувач
Сатаната им овозможува на со демон- обземените луѓе да прават молитви на пророштва. Тие пророкуваат велејќи: „Ти ќе бидеш драгоцен водич. Илјада овци ќе пасат пред тебе. Бог ќе те тренира во иднина и ќе направи драгоцен водич од тебе.“ На други пак тие им велат нереални зборови како што се: „Тие ќе постанеш драгоцен слуга Божји. Тие ќе бидеш многу достоен слуга Божји,“ со цел да ги охрабрат луѓето да ги следат нив и да живеат како служители на демони преку целиот нивен живот.
Иднина претскажувањата се исто така пророштва за иднината на други луѓе. „Ти во иднина треба да се пазиш од вода.“ „Ти ќе заработиш многу пари.“ „Благороден човек ќе се јави од исток и ќе ти помогне тебе.“ Ова се примерите на работите кои што тие ги кажуваат. Првиот симптом кој се покажува кај со демон обземените особи е дека тие прават лажни пророштва.
Тогаш тие зборуваат на јазици кои што и тие самите не можат да ги разберат. Тие доживуваат тресења и тие дури и покажуваат симптом на растројство на личноста. Ако вие сретнете шаман или иднина претскажувач, можете ли да потврдите дека тие имаат здрава личност? Тие често им зборуваат грубо на луѓето кои што се постари од нив.
Меѓутоа, луѓето кои што го имаат вистинското пребивање со Светиот Дух го примиле Него преку верување во библиската вистина која вели дека Исус ги очисти сите гревови на светот преку Неговото крштевање и смртта на Крстот. Овие луѓе исто им помагаат на други да го познаат и да веруваат во евангелието на водата и Духот, и им помагаат нив да примат искупение на гревовите и пребивањето со Светиот Дух. Тие самите се обидуваат да живеат на праведен начин, и нивните личности се драги и здрави како што ги водат другите кај благословената вера Божја и до видот на живот кој што Бог го сака. Понекогаш Бог и ги посетува нив со цел да ги чува свети кога нивната мисла настојува да се врати кон светот.
Праведните кои што го примиле искупението на сите гревови се дефинитивно различни од луѓе чија што личност е уништена од зли духови. Вистинската личност на особата оживува повторно кога еден ќе го прими искупението на греовите и со тоа ќе го прими пребивањето со Светиот Дух. Соодветно на ова, праведните се длабоко загрижени за други кои се под неповолни ситуации, за ова што нив навистина им е потребно Божјото слово, молејќи се за нив да бидат избавени, и всушност тие принесуваат саможртвување за да им помогнат нив.
На другата страна пак, ние можеме да видиме дека личноста на со демон обземените луѓе била страшно уништена. Сатаната ги контролира нив и ги наведнува нив до неговата волја затоа што тие мислат дека работи како што тресењето и зборувањето на јазици се дарот од Светиот Дух.
Има толку многу служители кои се горди со нивните сили како што се правењето на пророштва во името на Бога, што се способни да извршуваат многу чуда и што зборуваат на чудни јазици. Но ако тие сеуште имаат грев во нивните срца, тогаш нивните сили се одлучен доказ на фактот дека тие се обземени од демон. Заради тоа, тие не можат да им го дадат пребивањето со Светиот Дух на други, но можат само да им го дадат само она од демони. Исто така, затоа што Сатаната е измамник, чудата кои што тие ги извршуваат ги снемува многу лесно за период од кратко време.
Постои јасна разлика помеѓу делата на Светиот Дух од тие на демони. Дури и покрај тоа што може да изгледа како да делото на Светиот Дух не дава некакви особени доживувања или чудесни дарови на почетокот, но како што времето поминува, Божјата сила расте постојано во срцата на праведните како сонце кои што сонцето изгрева во утрината.
Со демон- обземените Христијани
Зошто е тоа така да толку многу луѓе се со демон- обземени дури и покрај тоа што тие се обидуваат да го примат Светиот Дух?
Затоа што тие примиле демони преку рацеполагање од страна на лажните пророци.
Изненадувачки, ние можеме да видиме многу верници во Исус чии што тела и души се уништени затоа што тие примиле демони преку полагањето на рацете од лажните пророци. Овие луѓе немаат ништо заедничко со Бога затоа што нивната вера не се основа врз словото од Библијата. Тие деловито ја користат нивната сила не знаејќи дека нивните служби ги предизвикуваат многу луѓе да се Сатански служители. Зошто ли тие толку напорно работат извршувајќи ги нивните сили во Христијанството? Затоа што така- наречените нивни сили наскоро ќе ги снема ако тие не ги искористат нив. Ова е зошто тие стануваат толку зафатени.
Тие постојано треба да се молат и да прават чуда и знаци во името на Исус. Луѓето кои што велат: „Јас го примив дарот за проповедање на евангелието,“ мораат постојано да го проповедаат евангелието затоа што ако не прават вака, нивната псевдо- среќа наскоро исчезнува. Ако овие луѓе не им се лојални на демонските дарови тие не се верни да ја извршуваат работата на Сатаната, тогаш Сатаната може да направи да тие постанат болни и тоа без никаква причина. Тоа е исто како кога претскажувачот или шаманот ќе добие бавна болест кога ја одбива улогата како Сатански служител. Ова е зошто тие мораат страсно да го употребуваат дарот кој што тие го примиле од Сатаната и ако не го употребуваат бидуваат оставени во мизерија откако тие ги искористиле сите сили.
Јас еднаш знаев еден кој беше страстен верник во Исус и изгледаше како да тој поседува многу Божји сили. Тој ги охрабруваше луѓето да ја примата полнотата на Светиот Дух и водеше оживувачки митинзи на кои што тој прогонуваше бесови преку полагањето на неговите раце, исто правеше чуда како што се зборување на чудни јазици и лечење. Тој постана предмет на завист и почит преку неговите дела на чуда. Броеви на илјадници верници го следеа него. Меѓутоа, откако тој почна да се откажува од Исус велејќи: „Исус е неуспешен. Тој не е Синот Божји.“ Тој го проколна Исус Христос и дури тврдеше да тој самиот е Бог. Тој накрај го уби Исус во неговото срце и во срцето на многу Христијани.
Ваквите луѓе го отфрлаат евангелието на водата и Духот затоа што Сатаната е нивен водич. Тие доаѓаат да имаат погрешна вера од почетокот затоа што тие имаат илузија дека тие ја поседуваат истата сила како и Апостолите, за да ги видат нивните способности, да направат и други луѓе да зборуваат на чудни јазици и да изгонуваат демони преку полагање на раце. Тие ја имаат утврдено верата дека пребивањето со Светиот Дух слегло врз нив.
Тие учат други за методите на примањето на Светиот Дух мислејќи дека е можно да го примат Светиот Дух со принесувањето на молитви на покаение. Меѓутоа, овој метод на примање на Светиот Дух не е основан врз Божјото Слово. Покрај ова, тие велат дека ако верник во Исус зборува на чудни јазици и пророкува, тогаш ова е доказот за слегувањето на Светиот Дух врз него. Затоа што многу луѓе не го навистина разбраа пребивањето со Светиот Дух, тие веруваат дека тие исто можат да го примат Светиот Дух со учење и следење на учењето од лажни пророци. Ова е како Сатаната беше способна да го исполни Христијанството со духови на демони и да господари над овие луѓе. Сите овие методи се мамки од Сатаната.
Безбројно многу луѓе се обземени со демони преку учењата на лажните пророци. Обичните верници водат монотонски религиозен живот, но со демон обземените луѓе ја користат силата на зли духови и изгледно водат страстен религиозен живот. Кои се способностите кои што тие ги покажуваат? Тие имаат способност да оздравуваат други, да зборуваат на чудни јазици и да водат други да бидат обземени со демони преку полагањето на раце. Ние треба да знаеме дека рацеполагањето е метод на префрлање на нештото врз други и дека демонското царство во голема мера се раширува преку земјата на овој начин.
Зли духови работат преку човечката лакомост!
Сатаната работи во луѓето како Симон во главната строфа. Овие луѓе велат дека тие можат да го примат Светиот Дух преку полагањето на раце, без разлика на нивната вера во евангелието на водата и Духот. На денешницава многу луѓе се излажени од Сатаната и се обидуваат да го примат Светиот Дух преку молитви на покаение, постење, саможртвување или полагање на раце. Меѓутоа, тие се обземени со демони и водат проклет живот.
Ние треба да бидеме добро свесни дека денешното Христијанство им помага на демоните да работат во секоја една душа преку начинот наречен „рацеполагање.“ Овие луѓе кои ја поседуваат истата карактеристика како Симон се лажни пророци пред Бога. Дури и верници во Исус, ако тие имаат грев во нивните срца, можат да се обземени со демони. Овие луѓе се способни да извршуваат чуда преку работењето на ѓаволот. Сатаната ги води луѓето да го примат рацеполагањето од неговиот слуга со цел на содејствување на нивната демон обземеност и да го изгради неговото царство преку светот. На денешницава, црквите на [2]Духовно- Харизматичното движење се официјално познати како формална Христијанска вероисповед ширум светот.
[2] Западното Христијанство почна да избледува во лицето на материјалната просперитетност и маса на консумција во касната половина на 20-от век. Во тоа време, како резултат на ова, многу христијани кои бараа начин како да одат поблиску со Исус беа незадоволни со сушата во нивната претходна црква. Други страдаа од недостатокот на другите, или од бавно темпо на духовен раст, и други пак беа фрустрирани со нивната неспособност да ја преведат нивната вера во лична љубов од Исус. Така нареченото Духовно- Харизматичното Движење произлезе под овие околности. Оние кои што се занесоа во ова движење бараат восхитени доживувања и извршуваат дела како што се зборување на јазици, пророкување, извршување на чуда и чудеса, восхитувајќи се на првите Пентакосталски настани. Во нивната возбуда, тие доброволно и се доверуваат на така наречената власт на Светиот Дух, но строго зборувано повеќе од нивните учења и дела не се врз основа на Библијата. Во развојот на светот, ова движење значително се разви во контекстот на нивните потреби. Нивните водичи привлекоа развиен свет на Христијани со благослов на здравје и благо заедно со нивниот религиозна страст. За некои расцепи од движењето како што е Нео- Пентакосталното дури е рапортирано дека движењето го споделува дури и истото учење на Новиот Век Движењето. |
олека му доаѓа крајот на овој свет. Ако ние сакаме да бидеме поново родени во последните денови, ние мораме да знаеме како ѓаволот работи и да стоиме цврсто против неговите мамки. Ние исто треба да бидеме спасени од сите наши греови еднаш засекогаш и да го примиме пребивањето со Светиот Дух како дар преку верувањето во евангелието на водата и Духот. Ние треба да се вратиме кај вистината со совршеното знаење на како Бог Духот доаѓа во нас.
Како што Бог рече: „Мојот народ гине: нема знаење“ (Осија 4:6, МК Библија 1999 год.), на денешницава многу трагачи на вистината се уништени кога во нивното незнаење, харизматичните луѓе ги водат нив. Луѓето велат дека дури и така наречените Духовно- Харизматичните цркви биле направени во пустината, и луѓето се собираат таму. Зошто е ова вака? Харизматичните луѓе ги прошируваат нивните цркви со тоа што збунуваат други со нивните лажни- сили, водејќи ги нив да постанат обземени со демон преку полагање на раце, и тие постануваат страсни за водењето на религиозен живот.
Друга специјална особеност на харизматичните луѓе е дека тие им даваат големи суми на пари на нивните цркви и безусловно постануваат фанатични верници. Дури и многубројни христијани се страсни за евангелизација со сила на демони, но сигурно одат во пеколот не сфаќајќи ја нивната сопствена дестинација. Овие луѓе, кои што пламено веруваат во силата на ѓаволот како доказ за нивното спасение, гледаат напред кон пеколот без никакво двоумење. Меѓутоа тие имаат грев во нивните срца и се проколнати да бидат уништени.
Ако тие беа запрашани со следново прашање: „Дали имате грев во вашето срце и покрај тоа што верувате во Бога?“ тие сигурно одговараат да природно е да тие се во грев. Тие мислат дека е невозможно да особата нема грев во неговото/нејзиното срце, дури и ако тој верува во Исус.
Луѓето наклони се да мислат дека тие заслужуваат да влезат во царството Небесно, дури и ако тие имаат грев во нивните срца, затоа што тие се чувствувале комфортно верувајќи во Исус имајќи го доказот на псевдо- сили.
Колку апсурдна надеж е ова! Причината за нивната цврста вера е дека тие поседуваат некаков вид на над природна способност. Тие доживеале зборување на чудни јазици, примиле привиденија и ги оздравувале болните, и тие мислат и цврсто веруваат дека ваквите доживувања се делата на Светиот Дух. Заради тоа тие си кажуваат себе си дека тие дефинитивно примиле искупение и Светиот Дух преку ваквите доживувања.
Затоа што овие луѓе имаат несовршено знаење за словото на спасението, тие немаат верба во нивното спасение ако не им се прикаже некаква видлива способност. Заради тоа ваквите луѓе многу напорно се обидуваат да најдат видливи уверувања на спасението и покасно се употребувани од Сатаната за неговата работа. Затоа што овие луѓе се обидуваат да ги најдат Божјите одговори преку молитви на покаение или само- жртвување освен верувањето во евангелието на водата и Духот, тие на крај примаат зли духови наместо Светиот Дух.
Ѓаволот ги обвинува луѓето со шепотењето во нивните уши: „Ти си погрешил, или не?“ и ги води нив да падна во самоосудение. Има особа која ја познавам која сега го прими искупението на гревовите и Светиот Дух. Ова е нешто што него му се случи пред да тој биде поново роден, кога тој беше страстен но безгрижен верник во Исус. Оваа особа дури и зборуваше на јазици и правеше многу чуда. Дури и покрај што плачеше и принесуваше покајнички молитви цела ноќ, без разлика на неговата вера во Исус, гревот во неговото срце продолжуваше да го измачува него. Ова е кога шепотењата на ѓаволот почнаа. „Ти погреши, така подобро е за тебе да умреш отколку да живееш.“ Сатаната често доаѓаше кај него и го обвинуваше, измачувајќи го и потсетувајќи го на неговите гревови. Сатаната го водеше него до самоосудение и самообвинение. Меѓутоа, се што тој можеше да направи е да ги исповеда сите гревови кои што беа во неговото срце. Тој не можеше себе си да се ослободи од Сатанските обвинувања се додека тој дојде да го слушне и поверува во прекрасното евангелие.
Вие треба да знаете дека оние кои што не веруваат во евангелието на водата и Духот постануваат плен на ѓаволот. Дали вие мислите дека некој кој не го примил опроштението на гревовите ја има силата да го отфрли Сатаната? Секој еден кој не се држи за вистинското евангелие на водата и Духот ќе биде заробен и измачуван од Сатаната. Божјото евангелие на водата и Духот е апсолутно неопходно за да се исфрли Сатаната. Заради тоа, секој еден кој верува во Исус треба да верува во евангелието на водата и Духот, и исто да им го проповеда тоа на сите луѓе на светот. Оние кои што го слушаат ова треба да се покорни и да веруваат во тоа.
Мистеријата на беззаконието е веќе на работа во светот!
Целиот свет е веќе покриен со активности на демони. Ако ние сакаме да го проповедаме евангелието кое што ги води луѓето да го примат Светиот Дух, ние мора да ги отстраниме длабоките погрешни сфаќања за пребивањето од Светиот Дух.
Прво од се ние треба да разјасниме дека лага е тоа дека Светиот Дух доаѓа преку полагање на раце. Ние треба јасно да сведочиме дека доживувањата како што се „зборување на чудни јазици после примањето на рацеполагање, чувствувањето на жештина после покајнички молитви и постење, и слушање на пораки директно од Исус“ се дела на ѓаволот. Само преку вера во евангелието на водата и Духот може луѓето да бидат избавени од ѓаволските измами. Само со вера можеме ние да бидеме спасени од нашите гревови преку евангелието на водата и Духот.
Ние мораме да го победиме ѓаволот, „таткото на лагите,“ со евангелието на водата и Духот. Сатаната ги врза сите луѓе ширум светот во ропството на само- осуденост, така ние треба да ги вратиме овие луѓе кај вистината со тоа што ќе ги направиме да сфатат дека нивните погрешни доживувања и емоции се измамите од Сатаната.
Овие денови, луѓето како и Самарјанинот Симон, кој се обиде да го придобие Светиот Дух со пари, се служители в црква. Тоа се слепците кои што водат слепци. Тие не можат да им го покажат на луѓето патот до совршеното спасение затоа што тие не го знаат евангелието на водата и Духот, и имаат грев во нивните срца. Така тие предизвикуваат да Сатаната пребива во срцата на нивните пратеници со држењето на цело- ноќни молитвени служби, повикувајќи на покајнички молитви и користејќи полагање на раце. Овие луѓе се всушност обземени од ѓаволот, и ака сакаме нив да ги вратиме кај Словото Божјо, ние треба да ја уништиме работата на ѓаволот со тоа што ќе ги обезбедиме нив со совршеното знаење за водата и Духот. Ако луѓето не ги знаат Сатанските стратегии, тие немаат друг избор освен да страдаат во беспомошност.
Како што реков, правењето на чуда како што се зборувањето на чудни јазици и издавање на пророштва после примањето на рацеполагање сите се активности на ѓаволот. Со други зборови, силата на харизматичните луѓе се манифестирани преку работењето на ѓаволот. Ние треба да ги научиме нив. „Ѓаволот работи во тебе ако имаш грев во твоето срце. Ако мислиш дека Светиот Дух пребива во тебе, дури и покрај што имате грев во твоето срце, тогаш вие сте заблуден.“
Верата на Апостолите и таа на луѓето кои што примија полагање на раце во главнава строфа на Дела ап. 8 се ставени во иста категорија, затоа што обете од нив знаења за Исус Христовото евангелие на водата и Духот. Но Апостолската вера беше потполно различна од таа на многуте Христијани на денешницава кои што веруваат дека едноставно со полагањето на раце ќе предизвика да тие го примат Светиот Дух.
Дали особата го прима Светиот Дух преку полагање на раце од некој кој што примил искупение на гревовите? Не. Библијата вели дека Духот Божји лебдееше над лицето на водите (Битие 1:2). Ова значи дека со цел за еден да прими искупение на гревови и Светиот Дух, тој/таа треба да го слушне и да верува во евангелието на водата и Духот.
Ние треба да имаме на памет дека ќе биде како спротивставеност кон евангелието на водата и Духот, кое што Бог го намена за да не спаси нас од нашите гревови, ако ние им велиме на луѓето да бараат полагање на раце со цел да го примат Светиот Дух. Само мислењето дека особата може да го даде Светиот Дух на друга особа е предизвик кон Бога, и луѓето со ваква вера лесно паѓаат во Сатанските мамки. Ова не смее никогаш да биде дозволено да се случи.
Сите наши гревови се опростени кога ние веруваме во евангелието на водата и Духот, и Светиот Дух сведочи за ова. Некој кој верува во евангелието на водата и Духот нема повеќе грев во неговото срце. Ова не е затоа што тој не погрешил, туку наспротив тоа е затоа што тој верува во моќта на евангелието на водата и Духот. Евангелието на водата и Духот сведочи дека тој нема грев во неговото срце, и Светиот Дух сведочи исто за тоа. Некој не може да го вика Исус Спасител без да го има Божјиот Дух во себеси.
Со демон обземените луѓе не знаат за евангелието на водата и Духот, и никогаш дури и не го прават предмет на дискусија. Тие нити го знаат евангелието на водата и Духот, и повеќе дури тие не се способни да ја разликуваат вистината од лагата. Тие велат дека Светиот Дух слегува само кога тие извршуваат и го примаат полагањето на раце. Меѓутоа, Светиот Дух никогаш не доаѓа преку полагање на раце. Тие треба да сфатат дека работата на ѓаволот сега вежба големо влијание над луѓето во црквите ширум светот со неговите лажни учења. За оваа причина, задолжително е да се прими вистинското пребивање од Светиот Дух со верување во евангелието на водата и Духот.