• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-3] Дали Вие Го Примивте Светиот Дух Откако Поверувавте Во Исус? (Дела ап. 19:1-3)

2021.04.19 24
(Дела ап. 19:1-3)
„Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици, им рече: Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети. А тие му одговорија: Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети. Тој им рече: А во што се крстивте? Тие одговорија: Во Јовановото крштевање.“ (МК Библија 1976 год.)
 
 
Зошто Библијата вели: „А од деновите на Јована Крстител па досега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат?“
Затоа што луѓето можат да го земат Царството Небесно со вера во прекрасното евангелие кое што вели дека Исус ги премавна сите гревови на светот преку Неговото крштевање од Јован Крстител и Неговата крв на Крстот.
 
Каков вид на евангелие проповедаше Павле? Тој го проповедаше евангелието на крштевањето на Исус и Неговата крв. Дела 19:1 вели: „Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици, им рече: Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?“ (МК Библија 1976 год.) Меѓутоа овие луѓе веруваа во Исус додека го оставиле надвор значењето на Исусовото крштевање. Тие не го знаења прекрасното евангелие кое што води до примањето на пребивањето од Светиот Дух. Тоа е зошто Павловото прашање: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?“ им беше многу непознато на многу ученици во Ефес. Други луѓе би ги прашале вака: „Дали верувате во Исус?“ Но Павле праша на ваков вонреден начин за да тие можат да го примат Светиот Дух со обновувањето на нивната вера во прекрасното евангелие. Павловата служба беше да го проповеда прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв. Павле, Петар и Јован исто така сведочеа за Исусовото крштевање од Јован Крстителот.
Ајде да погледнеме кај апостолското сведоштво за евангелието на крштевањето. Прво Павле сведочеше: „Никако! Ние, кои сме умреле за гревот, како ќе живееме во него уште? Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме“ (Римјаните 6:2-3, МК Библија 1990 год.) и „зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.“ (Галатјаните 3:27, МК Библија 1990 год.).
Апостолот Петар исто сведочеше за евангелието на Исусовото крштевање во 1 Петар 3:21, велејќи: „Образот на таа вода- крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога- добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа.“ (МК Библија 1976 год.)
Апостолот Јован исто така сведочеше за ова прекрасно евангелие во 1 Јован 5:5-8. „Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји? Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, - не само преку вода, туку преку вода и крв; И Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина. Зошто Тројца се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)
Јован Крстителот играше суштинска улога во остварувањето на прекрасното евангелие. Библијата во Малахија 3:1-3 и Матеја 11:10-11 го вели следното: Јован Крстителот беше претставникот за човештвото и тој беше проречениот Илија кој требаше да дојде, како што е напишано во Стариот Тестамент. Во Стариот Тестамент, жртва за грев беше заколена за да ја пролее својата крв откако ќе ги земеше гревовите на човекот со полагање на неговите раце. Во Новиот Тестамент, меѓутоа, Исус Христос беше жртвата за грев која ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање и умре на Крстот за да ја исплати платата за гревот. Исус го спаси човештвото затоа што Јован ги положи сите гревови на светот врз Него преку крштевањето кај реката Јордан.
Бог ги испланира овие две големи дела со цел да го спаси човештвото од неговите гревови и Тој ги исполна нив. Првото беше за Исус да дојде на овој свет преку телото на девицата Марија, и да го крсти Него и распне за да ги премавне гревовите на светот. Второто беше да Јован Крстителот беше роден преку Елисавета. Бог ги направи овие два настани да се случат со цел да го спаси човештвото од неговите гревови. Ова беше делото планирано од Бога во Троиството. Бог го испрати Јован Крстителот на овој свет шест месеци пред Исус, тогаш го испрати Исус Христос, Спасителот на човештвото, на овој свет за да го ослободи човештвото од осудата за нивните гревови.
Исус сведочеше за Јован Крстителот во Матеја 11:9. „Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.“ (МК Библија 1999 год.) Понатаму, кога Јован Крстителот, кој ги положи сите гревови на светот врз Исус, го виде Него на другиот ден и сведочеше велејќи: Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.).
Библијата има многу записи за Јован, кој го крсти Исус, и ние треба да настојуваме да придобие подобро знаење за него. Неговата улога беше да го исполни прекрасното евангелие, кое што беше Божји план. Библијата вели дека Исус ги прифати сите гревови на светот од Јован и дека Јован ги положи нив врз Него за да ја исполнат Божјата волја.
Ние го викаме него Јован Крстителот затоа што Тој го крсти Исус. Кое значење навистина го има крштевањето на Исус од Јован? Зборот „крштевање“ значи „да се измие.“ Откако сите гревови на светот беа пренесени врз Исус преку Неговото крштевање, тие беа чисто измиени. Исусовото крштевање го има истото значење како „полагање на раце“ кое што жртвата за грев го прими во Стариот Тестамент. Духовното значење на крштевање е „да се пренесе, положи“, „да се очисти“, „да се погреба.“ Исусовото крштевање од Јован беше дело на искупение за да ги земе сите гревови на сите луѓе во светот.
Исусовото крштевање го има истото значење како и рацеполагањето, кој што беше начин за пренесување на гревовите врз жртвата за грев во Стариот Тестамент. Со други зборови, луѓето на Израел ги положија нивните годишни гревови врз жртвата за грев на Денот на Големото Очистување преку полагањето на рацете од Високо свештеникот. Оваа жртва во Стариот Тестамент ја има истата функција како Исусовото крштевање и Неговата смрт на Крстот.
Бог го означи Денот на Големото Искупение како времето за да ги земе гревовите на Израелците. На десеттиот ден од седмиот месец, високо свештеникот ги положи сите годишни гревови на Израелците врз главата на жртвата за грев преку полагањето на неговите раце на жртвата за искупение на греовите од луѓето. Ова беше жртвениот систем кој што Бог го основа. Тоа беше единствениот начин за пренесување на гревовите од луѓето врз жртвата за грев, и положувањето на гревот преку полагањето на раце беше вечниот закон кој што Бог го воспостави.
„Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата; и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.“ (Левит 16:21-22, МК Библија 1990 год.).
Во Стариот Тестамент, грешникот ги ставаше своите раце на главата на принос жртвата за грев и ги положи сите негови гревови врз неа со цел да биде опростен. А на Денот на големото Очистување, Арон високосвештеникот, како претставник на сите Израелци, ги стави своите раце на главата на жртвата за да ги положи врз неа гревовите на Израелците. Тогаш тој ја закла жртвата откако таа ги зеде нивните гревови.
Тоа го има истото духовно значење како крштевањето (Baptisma на Грчки значи „да се измие, да се погреба, да се пренесе“) кое што Исус го прими од Јован во Новиот Тестамент. Исто како што високосвештеникот во Стариот Тестамент ги положи своите раце на жртвата за грев за да ги пренесе гревовите од луѓето на Израел, така сите гревови од човештвото беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање од Јован Крстителот. Исус тогаш умре на Крстот за да умилостиви за нашите гревови. Ова е прекрасното евангелие на вистината.
Исто како што Арон високосвештеникот принесе жртва на искупение на местото од луѓето на Израел, Јован Крстителот, еден од потомците на Арон, ја изврши својата служба како претставникот на човештвото крштевајќи го Исус, и со тоа пренесувајќи ги сите гревови од човештвото на/врз Него. Во Библијата Бог го опиша вака прекрасниот план на Неговата љубов како следново во книгата Пслами 50:4-5: „Тој ги повикува одозгоре небесата и земјата, за да му суди на Својот народ:Соберете ги Моите избраници кои со жртва склучија завет со Мене!“ (МК Библија 1999 год.) Амин, Алелуја.
Историјата на црквата вели дека немаше Божиќ во првите две децении на раната црква. Христијаните на раната црква заедно со Исусовите апостоли го само обележуваа денот 6-ти јануари како „ден на Исусовото крштевање“ кај реката Јордан од Јован Крстителот. Зошто ли тие ставаа толку голем акцент врз Исусовото крштевање во нивната вера? Одговорот е самиот клуч до Христијанството од Апостолската традиција. Но јас се надевам дека вие нема да го збуните крштевањето на верниците со Крштевањето на Исус.
Крштевањето на верниците како што постои на денешницава е многу различно од крштевањето на Исус кое што Тој го прими од Јован. Заради тоа ние треба да ја имаме истата вера како и Исусовите ученици ако ние сакаме да го примиме пребивањето од Светиот Дух. Ние сите треба да го примиме пребивањето од Светиот Дух со верувањето во Исус Христовото крштевање, кое што Тој го прими од Јован, и Неговата крв на Крстот.
Ако раната црква мислеше за крштевањето како исклучително значаен ритуал, тоа беше заради нивната основна вера во Исусовото крштевање од Јован како неопходниот дел за нашето спасение. Понатаму, ние мораме да ја достигнеме и да ја чуваме правилната вера од совршеното знаење, кое што вели дека Исус мораше да биде распнат заради Неговото крштевање од Јован. Ние треба да чуваме на памет дека Светиот Дух почнува да пребива во нас кога ние веруваме дека Исус беше крстен, умре на Крстот и беше воскреснат за да постане наш Спасител. Исусовото крштевање од Јован Крстителот и Неговата крв на Крстот има толкаво големо значење во прекрасното евангелие.
Најбезбедниот начин за вас да го примите Светиот Дух е да верувате во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и крвта. Исусовото крштевање ги очисти наеднаш сите гревови на човештвото. Тоа беше крштевање на искупение кое што не води нас да ги примиме Светиот Дух. Откако некои луѓе не ја сфаќаат моќта на Исусовото крштевање тие го разбираат тоа едноставно како церемонија.
Исусовото крштевање формира дел од прекрасното крштевање, кое што ни кажува нас како Тој ги зеде сите гревови на светот и како ја прими осудата за нив со пролевањето на крвта на Крстот. Секој кој што верува во словото на ова прекрасно евангелие станува член на црквата, која што е во сопственост на Господа, и ужива во благословите од Светиот Дух. Светиот Дух е дар од Бога за оние кои што биле опростени за нивните гревови.
Со Неговото крштевање, Исус постана: „Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!“ многу доволно (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.). Во Јован 1:6-7 вели: „Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.“ (МК Библија 1999 год.) Со цел да веруваме во Исус како нашиот Спасител, кој што ги зеде сите наши гревови, ние мораме да ја сфатиме Јовановата служба и сведоштво како што е напишано во Библијата. Тогаш ние ќе бидеме способни да веруваме во Исус како нашиот Спасител. Со цел да го примиме Светиот Дух, нам ни е потребно да ја зацврстиме нашата вера со неговото сведоштво. Заради тоа, да го исполниме прекрасното евангелие на вистината, ние мораме да имаме вера во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот.
Во Матеја 11:12 напишано е дека: „А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;“ (МК Библија 1999 год.) Оваа строфа е позната како една од најтешките строфи во Библијата. Меѓутоа ние мораме да ставиме внимание на стиховите „од деновите на Јована Крстителот.“ Ова сигурно изјавува дека службата на Јован Крстителот директно беше поврзана со Исусовата служба за нашето спасение.
Исус сака да ние влеземе во Царството преку смела вера, смела како агресивни луѓе. Ние грешиме секој ден, ние сме кревки но Тој ни дозволи нас да влеземе во Неговото Царство преку смелата вера без разлика на нашата слабост. Така оваа строфа значи дека луѓето можат да го земат царството небесно преку вера во прекрасното евангелие кое што вели дека Исус ги премавна сите гревови на светот со Неговото крштевање од Јован Крстителот и Неговата крв на Крстот. Со други зборови, тоа значи дека Небесата може да биде земена преку смела вера во ова прекрасно евангелие на Исусовото крштевање и крвта.
Исусовото крштевање ги зеде сите наши гревови, и нашата вера во тоа ни гарантира дека ние ќе го примиме пребивањето од Светиот Дух. Ние мораме да им го проповедаме ова евангелие на нашите комшии, пријатели, познајници, и на сите други во светот. Ние мораме да имаме вера во прекрасното евангелие кое што вели дека гревовите на светот беа положени на/врз Исус преку Неговото крштевање. Преку нашата вера ние ќе го присвоиме блаженството на искупението и пребивањето од Светиот Дух.
Исусовото крштевање ги зеде сите наши гревови и Неговата крв беше осудението за гревот. Ние мораме да им го објасниме на безбошците (неверниците) прекрасното евангелие на водата и Духот. Само со правењето на ова, тие ќе дојдат да веруваат во евангелието и ќе го примат Светиот Дух. Јас сакам да вие верувате во ова. Само со имањето вера во Исусовото крштевање од Јован Крстителот и Неговата крв на Крстот може човек да биде спасени од сите негови гревови и да го прими пребивањето од Светиот Дух.

Секој еден може да постане син Господов, во кого што пребива Светиот Дух, и еден од нашите браќа и сестри со верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот. Вие мора да имате иста вера во прекрасното евангелие како и Апостолот Павле што имаше. Јас му благодарам на Господа што ни го даде нас ова прекрасно евангелие и го величавам Него. Амин.