(Дела ап. 3:19)
„Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување.“ (МК Библија 1999 год.)
Каков вид на вера имаа апостолите?
Тие веруваа во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот.
Погледнувајќи на учениците на Исус Христос, степенот на нивната вера кога тие го имаат пребивањето со Светиот Дух беше јасно различна од нивната вера кога го немаа. Нивното тело не изгледаше различно, но после примањето на Светиот Дух, нивниот живот беше целосно променат преку светлината на Исус Христос.
Градот каде што јас живеам има прекрасни планини и езера. Погледнувајќи на ваква прекрасна сцена, јас постанувам исполнат со задоволство и чудно е што друго не можам освен да му благодарам на Бога за ваквите созданија. Брилијатноста на бистро- чистата вода светкајќи во сонцето го исполнува моето срце и светот околу мене изгледа како злато.
Но постојат места каде што ваквите сценски убавини не се манифестираат себе си. Има места каде што небото е чисто ведро, но водата под сончевата светлина изгледа повеќе како мочуриште. Нема брилијатност во таквата глетка. Погледнувајќи на ваквото езеро, јас му благодарам на Бога за Неговото прекрасно евангелие кое што ги очисти моите гревови и го освои за мене пребивањето од Светиот Дух.
Како што површината на мочурното езеро не е способно да ја рефлектира светлината, така ние можеме да бидеме оддалечени од светлината Божја упатени кон непозната судбина заради нашата грешна природа. Но ако Светиот Дух пребива во нашите срца, ние ќе бидеме откриени како чеда Божји и ќе бидеме водени да и други ги поучуваме за евангелието на водата и Духот. Затоа што ние ја прифативме Неговата Светлина, ние ќе постанеме да светиме како светла.
Исто вака, после Исусовото воскресение, Неговите ученици го примија Светиот Дух и постанаа чеда и апостоли на светлината. Светлината на Светиот Дух е голем благослов за сите и затоа најповеќето луѓе пожелуваат да го примат Светиот Дух.
Верата на Апостолот Павле
Каков вид на вера имаше апостолот Павле? Павле, во неговата изјава на верата, рече тој беше изучен и целосно обучен под Гамалиел, еден од најголемите учители на законот во тоа време, стриктно според законот на неговите отци. Но тој исповеда дека дури и со законот, тој не можеше да биде спасен од неговите гревови и дека тој беше, всушност, гонител на Исус, нашиот Спасител. Еден ден тој го сретна Исус на патот кон Дамаск и постана евангелиста на Неговото евангелие. Тој имаше вера во Исус Христос како Син Божји, кој дојде на овој свет, беше крстен од Јован за да ги очисти гревовите на светот, и искрвари на Крстот со цел да ги земе со Него сите осуденија за тие гревови. Со други зборови, Павле имаше во неговото срце вера во опроштението на гревот.
Исусовите ученици веруваа дека Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот беше за ги опрости нив за сите нивни гревови. Павле ја делеше истата вера со учениците и заради тоа беше спасен од сите негови гревови.
Павле рече во Галатјаните 3:27: „Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа,“ (МК Библија 1999 год.) и ја исповеда својата вера во Исусовото крштевање како негово спасение. Исто Петар рече во 1 Петар 3:21: „Образот на таа вода- крштевањето, но не отстранување на телесната нечистотија, туку ветување на Бога- добра совест- не спасува сега и нас,“ (МК Библија 1976 год.) и тој го прикажа прекрасното евангелие на Исусовото крштевање преку оваа строфа. Исусовите ученици веруваа дека Неговото крштевање од Јован ги очисти сите гревови на светот. Тие беа опростени за нивните гревови, и не беа повеќе под клетвата на законот преку верувањето во оваа вистина.
Тие веруваа во обете: крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Тоа е очевидно дека оваа вера беше неопходна за успешната квалификација на учениците. Во Дела ап. 1:21-22 вели: „И така, треба еден од луѓето, што беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде кај нас и си отиде од нас, почнувајќи од Јовановото крштавање до денот кога се вознесе од нас, еден од нив треба да биде заедно со нас сведок на Неговото воскресение.“ (МК Библија 1990 год.) Постанувањето на ученик на Исус почнува со верувањето во Исусовото крштевање од Јован.
Вистината која нам ние е потребна со цел да бидеме опростени за нашите гревови е верата во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. „Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа“ (Галатјаните 3:27, МК Библија 1999 год.). Така Павле исто така веруваше во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот.
Ајде да погледнеме кај Тит 3:5. „Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух.“ (МК Библија 1990 год.) Овде изговорот „Бањата на препородување“ значи дека сите гревови на светот беа очистени кога Јован го крсти Исус. Исто така, ако вие сакате да бидете опростени за сите ваши гревови, тогаш вие треба да верувате во прекрасното евангелие, кое што вели дека вашите гревови беа положени врз Исус преку Неговото крштевање од Јован. Причината за Исусовото распнување и крвопролевањето до смрт беше дека Тој ги беше зел сите наши гревови преку крштевањето кое што Тој го прими од Јован. Верувањето во овој факт е доволно за да го добиете пребивањето со Светиот Дух. Павле исповеда дека тој исто така веруваше во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот.
Ајде да погледнеме кај Евреите 10:21-22, вели: „И откако Го имаме Врховниот Свештеник над Божјиот дом, да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода.“ (МК Библија 1999 год.) Овде „измиено во чиста вода“ се однесува на крштевањето на Исус од Јован, кое што ги очисти сите гревови на човештвото.
Заради тоа, во обете Стариот и Новиот Тестамент, ние можеме да најдеме дека сржните делови на прекрасното евангелие се Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот. И вие исто морате да ја делите истата вера како и верата на Павле.
Денес, повеќето Христијани веруваат залудно во Него без знаењето дека кога Јован го крсти Исус, сите гревови на светот беа очистени. Некои теолози спорат дека луѓето самите треба да бидат крстени во вода со цел да бидат опростени за нивните гревови. Ова тврдење можеби е направено без знаењето на вистинското и прекрасното евангелие на водата и Духот, како што е напишано во Библијата. Нашите гревови не можат да бидат опростени со едноставна церемонија кога ние сме крстени во вода. Верата во Исусовото крштевање и Неговата крв не очистија нас од сите наши гревови. Само оние кои што веруваат во прекрасното евангелие се опростени за сите нивни гревови. И со верувањето во Неговата крв, тие ги исплатиле сите нивни осуденија. Само оние кои што ја имаат оваа вера можат да го примат Светиот Дух.
„Да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода“ (Евреите 10:22, МК Библија 1999 год.). Писателот на посланието до Евреите ни кажува да пристапиме кон Бога со искрено срце во полна увереност на верата. Вие исто така треба да пристапите кон Него со искрено срце во полна увереност на верата во прекрасното евангелие.
Денес, Христијаните искрено се надеваат да го примат пребивањето од Светиот Дух. Но Светиот Дух пребива само во оние чии што гревови веќе биле опростени. Многу не знаат за ова и заради тоа пожелуваат да го примат Светиот Дух без верувањето во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв. Оние кои што веруваат во Исус но сепак не веруваат во Неговото крштевање и Неговата крв на Крстот не можат да го примат Светиот Дух. Причината е дека тие немаат искрено срце.
Павле веруваше во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот и затоа го прими Светиот Дух. Повеќе од ова, тој ја распространи оваа вера и беше прогонуван како да бил еретик. Но затоа што Светиот Дух пребиваше во неговото срце, тој можеше да го проповеда евангелието се до неговиот крај. „Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила“ (Филипјаните 4:13, МК Библија 1999 год.). Благодарејќи на пребивањето од Светиот Дух, тој му служеше на Бога и живееше под заштитата на Светиот Дух се додека тој отиде горе кај Бога. Само оние кои што имаат иста вера како Павле можат да го примат Светиот Дух.
Ајде да погледнеме на верата од Павле. Во Колосјаните 2:12, вели: „Откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.“ (МК Библија 1999 год.) Тој беше опростен за сите негови гревови со верувањето во Исус кој беше крстен од Јован.
Како Христијанството се промена од древните времиња?
Сега, ајде да ја погледнеме исповедта на една сестра која што стана ученик после примањето на Светиот Дух во Исус.
„Јас стареев но јас не можев да добијам дете, така со цел да го примам Неговиот благослов преку молитва јас одев од една кај друга црква. Дури и кога бев дома сама јас се молев најмалку саат или два за дете и ваквата религиозна шема постана дел од мојот секојдневен живот.
Додека самата го водев ваквиот вид на религиозен живот, јас се сретнав со постара жена. Таа ми рече ако сум сакала да го прашам Бога за дете дека сум требала да се обидам да примам молитвата на рацеполагање од неа. Јас од некаде имав слушнато дека оваа жена е гласник Божји и така јас и дозволив неа да ги стави нејзините раце на мојата глава. Во тој момент, јас имав доживување кое што никогаш порано се сум го почувствувала. Мојот јазик почна да се превртува и јас зборував на чуден јазик и осетив како некаква чудна и жешка енергија да ме крева нагоре.
Јас го зедов ова искуство во предвид дека сум го примила Светиот Дух и дека тоа беше Негов одговор на моите молитви. Жената која ги стави своите раце на мојата глава изгледаше како да ги има дарот на Светиот Дух и како да можеше да пророкува и да лечи. Таа немаше никогаш примено учење за Словото Божјо, но користејќи ја силата на Светиот Дух, таа им помогна на многу пастири и учители да го примат Светиот Дух преку полагање на раце.
Од тогаш натаму, јас почнав да одам на ваквите состаноци, еден од нив кој се викаше
„[3]Обновувачки/Оживувачко Движење.“ За време на една од моите молитви кај овој состанок, јас осетив како нешто да ме притресува преку целото тело и моето срце гореше со љубов за Бога и моите ближни. Ова истото им се случи и на други и луѓето паѓаа во несвест и зборуваа чудни јазици. Имаше таму луѓе кои што беа обземени со демони, и водичот на овој состанок ги изгони демоните. Целта на ова Обновувачко/Оживувачко Движење беше да за да им помогнат на луѓето да го осетат Светиот Дух преку работи како што се притресувањето, прорекувањето, изгонување на демони и зборувањето на јазици. Но покрај сите овие искуства, јас сеуште имав грев, и гревот во моето срце ме направи да се плашам и да се срамам.
[3] вистинско обновување е природен и неопходен дел од христијанскиот живот, и тоа носи духовна полнолетност, докажано со плодот на Духот. Но во последниве години, некои движења го протолкуваа изразот „обновување“ на таков начин да не носи никакво сходство со духовниот процес на полнолетност опишан во Писмата. Нивното „обновување“ кое што произведува неконтролирани емоции, е на секаков начин означено како осомнична манифестација, и е придружено со екстра- библиски или не-библиски учења и практики. Ова се некои од проблематичните учења и практики промовирани во внатрешноста на контроверзните обновувања и оживувачки движења: прекумерниот акцент на харизматичните доживувања за Писмото, лажни манифестации, лажни учења, лажни пророштва, лажни знаци и чуда, итн. Меѓутоа, најопасниот аспект од овие движења е дека тие предизвикаа да многу луѓе ја погрешно разберат вистината за примањето на Светиот Дух и го ставиле настрана прекрасното евангелие. |
Заради тоа, кога и да се молев, јас искрено се молев да јас постанам способна да го решам проблемот од гревот. Јас исповедав дека јас имав погрешено, но луѓето сеуште ме сметаа за ангел. Јас мислев дека имав добра вера, но јас бев во грешка. Ако јас не бев го познала моето согрешение, јас можеби немаше да бидам способна да го примам Светиот Дух.
После тоа, јас се сретнав со оние кои што го распространуваа евангелието на водата и Духот и примив опростение за сите мои гревови преку верувањето во Божјото слово. Сега јас сум навистина среќна. Јас верував во евангелието на водата и Духот и веќе го примив Светиот Дух. Јас му благодарам на Бога. Јас им пожелувам на сите Христијани ширум светот да веруваат во прекрасното евангелие и да го примат пребивањето од Светиот Дух. Јас му благодарам на нашиот Господ.“
Овде ние научивме дека со цел да го добиеме Светиот Дух, нам ни е потребно евангелието на водата и Духот. Ако вие сакате да бидете опростени за сите ваши гревови, вие морате да имате вера во крштевањето на Исус од Јован. Ајде да погледнеме кај Ефесјаните 4:5. „Еден Господ, една вера и едно крштавање.“ (МК Библија 1999 год.) Овде вели дека има само еден Господ, едно крштевање, во кое ние веруваме. Ние сите мора да веруваме во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот со цел да го примиме пребивањето од Светиот Дух. Ако не, Светиот Дух никогаш нема да престојува во нас.
Имаше еднаш едни луѓе кои што мислеа и веруваа дека Побожност и Чистота Движењето ќе им помогне нив да го примат Светиот Дух. Меѓутоа, дали мислите дека Светиот Дух престојува во нас ако се здружиме со ваквите движења? Дали го примивте Светиот Дух заради Побожност и Чистота Движењето? Ако тоа беше можно тогаш вие ќе бидете мудри да ја задржите верата. Но ако Светиот Дух слезе врз вас заради оваа причина тогаш Исус немаше потреба да дојде долу и да не спаси нас од нашите гревови и не ќе беше потребно да биде крстен од Јован нити пак да биде распнат на Крстот.
Примањето на престојот на Светиот Дух е дар од вера во евангелието на Исусовото крштевање и Неговата крв, кое што ви донесе опростение за вашите гревови. Престојот на Светиот Дух е дар гарантиран за оние чии што гревови беа очистени и опростени преку вистинското евангелие.
Овие денови, измеѓу оние кои што се занесени во Оживувачките/Обновувачките Движења, има такви кои што веруваат дека исцрпувачките молитви на покајание можат да им помогнат нив да го примат престојот на Светиот Дух. Тие велат дека и покрај тоа што особата има грев во срцето, ако тој/таа се моли за покаение, тогаш тој/таа ќе го прими Светиот Дух.
Пентакостално- Харизматичното Движење, кое што е распространето ширум целиот свет, започна во Соединетите Нации во 1800-те години. Ова движење дојде после Индустриската Револуција, кога етиката и моралот на луѓето пропадна. Движењето го достигна врвот кога многу срца на луѓето беа опустошени заради Големата Депресија. Од тоа време, верата основана врз словото Божјо се намали и ново религиско движење почна да се крева. Тоа беше Пентакостално- Харизматичното Движење кое нишанеше на психичко искуство на Светиот Дух (Бог) - гледајќи ги делата Божји со очите и искуствување на силата Божја со телото и умот.
Но фаталната мана на ова движење е дека ги турка верниците уште подалеку од словото Божјо и постои како религија која се стреми за телесни благослови. Како последица, следниците на ова ново движење постанаа адвокати на шаманизмот. Дури и денес, оние кои се занесуваат себеси во Пентакостално- Харизматичното Движење веруваат дека ако еден има вера во Исус тој/таа ќе биде богат, неговата болест ќе биде излекувана, ќе биде просперитетен во се, ќе го прими Светиот Дух и ќе зборува на звучен јазик и ќе ја има силата да лечи и други. Пентакостално- Харизматичното движење се прошири ширум светот. Ова движење постана препрека за верата на луѓето во прекрасното евангелие и нивната способност да го примат Светиот Дух.
Модерното Христијанство потекнува од верувањето на Лутер и Калвин пред 500 години. Но меѓу границите на Христијанството, библиската студија за престојот на Светиот Дух не е цврсто утврдена. Проблемот е тоа што од самиот почеток на модерното Христијанство, многу Христијани веруваа во Исус без познавањето на значајноста на Неговото крштевање и Крвта на Крстот. Да се направат работите уште полоши, луѓето почнаа да се натоваруваат со погрешни доктрини на Христијанството и истакнуваа само телесни искуства. Сите Христијани мораат да веруваат во прекрасното евангелие кое вели дека Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот и дека Тој беше распнат со цел да биде осуден за тие гревови. Оваа вера ќе ве предизвика вас да го примите Светиот Дух.
Денес, причината зошто Христијанството е постанато толку запустено е затоа што луѓето се стремат да ја негираат/ отфрлат вистината на крштевање на Исус кое што го прими од Јован и Неговата крв на Крстот. Исус ни вели да ја знаеме вистината. Верувањето во крштевањето на Исус од Јован и Неговата крв на Крстот значи верување во евангелието на водата и Духот. Ако вие сакате да го примите Светиот Дух, тогаш верувајте дека кога Јован го крсти Исус, вашите гревови беа положени врз Него и дека Неговата крв беше осудение и опростение за сите ваши гревови. Тогаш вие ќе го примите Светиот Дух.
Многу Христијани веруваат само во Исусовата крв како евангелие на искупение. Но можат ли оние од вас кои што веруваат само во Неговата крв да бидат ослободени од грев? Можете ли? Ако мислите дека ова може да биде вака, можеби вие имате само нејасно знаење за вистинското значење на Исусовото крштевање. Во таков случај вие сеуште имате грев во вашето срце. Само кога ќе ги поврзете заедно Исусовото крштевање и крвта како една вера, вие можете да бидете спасени од вашите гревови и да го примите Светиот Дух. Библијата вели дека ова е единственото вистинско евангелие кое што ни помага да го победиме светот. „И Тројца се, Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно“ (1 Јован 5:8, МК Библија 1976 год.). Заради тоа ние мораме да знаеме дека тоа дека, во Неговата волја да не спаси нас од нашите гревови, Бог му даде на Јована да го крсти Исус и тогаш го распна Него.
Причината зошто повеќето Христијани немаат опростение на гревовите без разлика на нивното верување во Исус е дека тие не веруваат во прекрасното евангелие кое беше остварено со Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Оние кои што веруваат во овие две дела ќе бидат опростени за нивните гревови и Светиот Дух ќе престојува во нивните срца.
Кога луѓето сфаќаат дека нивните гревови биле очистени, нивните срца постануваат спокојни и изобилни како мирна вода. Моментот кога Светиот Дух пребива во срцето на некого, мир како река се влева и истекува од неговото/нејзиното срце. Ние се сретнавме со нашиот Господ со верувањето во оваа вистина и одиме со Духот распространувајќи го евангелието на добивањето на Светиот Дух. Нашите срца досега немаа ваков вид на мир. Од моментот кога почнавме да веруваме во евангелието на водата и Духот, нашиот живот постана ведар и нашите срца постанаа совршено радосни. Ние не можеме да се одвратиме од ова прекрасно евангелие. Светиот Дух е секогаш во нашите срца, поттикнувајќи не нас да го распространуваме Неговото слово и им дозволува на луѓето кои што веруваат во тоа да го примат Светиот Дух.
Затоа што ние верувавме во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање Неговата крв на Крстот, ние сме благословени со Светиот Дух. Сега вие мора да имате вера во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот со цел да го примите Светиот Дух. Многу важно е да луѓето ширум светот да го почнат процесот на верување во словото Божјо дека Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот и дека Тој умре на Крстот за да биде осуден за нивните гревови. Кога тие вака веруваат, тие конечно ќе го примат Светиот Дух.