• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-5] Дали Сакате Да Имате Заедништво Со Светиот Дух (1 Јован 1:1-10)

(1 Јован 1:1-10)
„Она што беше од почетокот, што го чувме, што го видовме со своите очи, што го гледавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот- тој живот се јави, а ние Го видовме и сведочиме и ви го објавуваме вечниот живот, Кој беше со Таткото и ни се јави нам; она што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, та и вие да имате општење со нас. А нашето општење е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос. Ние ви го пишуваме ова, за да биде нашата радост целосна. Ова е пораката што ја чувме од Него и што ви ја објавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина. Ако речеме дека имаме општење со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината. Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме општење еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исус Христос не исчистува од секој грев. Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себеси, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не исчисти од секаква неправедност. Ако речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и Неговото слово не е во нас.“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Кој е суштинскиот предуслов кој има смисла за заедница со Светиот Дух?
Ние прво треба да го знаеме и да веруваме во евангелието на водата и Духот и преку вера да се исчистиме себе си од сите наши гревови.
 
Ако сакате да имате заедништво со Светиот Дух, најпрво, вие мора да знаете дека и најмал грев пред Бога го прави ваквото заедништво невозможно. Вие можете да мислите: „Како може човек да нема нити малку грев пред Господа?“ Но ако вие најискрено посакувате да имате заедништво со Господа тогаш не смее да има темнина во вашето срце. Заради тоа, со цел да имате заедништво со Господа, вие морате да го знаете и да верувате во евангелието на искупението и да се исчистите себе си од сите гревови.
Ако вие навистина посакувате да имате заедништво со Светиот Дух, тогаш вие прво треба да го знаете и да верувате во евангелието на водата и Духот и преку вера да ги исчистите вашите гревови. Ако не го знаете евангелието на водата и Духот и не го земете во вашето срце, тогаш вие не треба ни да помислувате за имање на заедништво со Господа. Имањето заедништво со Светиот Дух е само можно кога сите ваши гревови се отстранети од вашето срце преку евангелието на водата и Духот.
Со вистината на Неговата вода и Духот сите гревови од паметта на една особа можат да бидат отстранети. Господ ве благословува вас со Светиот Дух кога вие верувате во прекрасното евангелие на водата и Духот. Дали вие навистина посакувате да имате заедништво со Господа и со Светиот Дух? Тогаш познајте ги вашите гревови и верувајте во прекрасното евангелие со цел да се очистите себе си од грев. После тоа вие можете навистина да имате заедништво со Господа.
Ако вие сакате да имате заедништво со Господа, вие морате да верувате во крштевањето кое што Исус го прими од Јован кај реката Јордан и исто треба да верувате во Неговата крв на Крстот. Ако луѓето навистина посакуваат да имаат заедништво со Светиот Дух, тие треба да знаат кој е Светиот Дух. Светиот Дух е Светиот Еден. И затоа тој може да пребива само во оние кои што веруваат во прекрасното евангелие.
Ајде да погледнеме на едно сведоштво од особа чии што гревови беа очистени со верувањето во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв, и која што сега има заедништво со Светиот Дух.
„Има многу различни луѓе на овој свет и секој еден си живее со сопствените мисли и патишта. Јас бев еден од нив. Јас имав многу обичен живот и од моето детство, јас ја следев мајка ми в црква и нормално дојдов да верувам во Бога. Мојот татко беше атеиста и често ме критикуваше за моите верувања, но остатокот од фамилијата сите одеа в црква. Одењето в црква беше голем дел од мојот живот.
Меѓутоа, за време на мојот пубертет, гледајќи го мојот татко прикован за креветот, мисли за живот и смрт, Рајот и Пеколот, дојдоа кај мене. Многу луѓе велеа дека ако верувам во Бога јас ќе бидам способен да влезам во Небесата и да постанам Негово чедо, но јас никогаш не бев сигурен за тоа. Јас никогаш не бев сигурен дека јас би постанал Негово чедо. Јас имав научено дека ако јас правам добродетели на земјава тогаш јас ќе можам да влезам во Небесата и така јас се обидов да правам добри дела.
Но на една страна од моето срце, јас знаев дека јас сум погрешил. Јас можеби им изгледав на други како добра особа, но јас не можев да не се чувствувам виновен за моите гревови. Во тоа време, јас си направив навика да одам в црква и да се молам: „Те молам дозволи да бидам Твое чедо. Те молам дозволи да ја знам вистината.“ Додека се молев, јас развив нова моралност во моето срце. Додека го слушав учењето на Неговото слово, јас не можев нити да сфатам нити пак да го видам словото. Јас избледев од празнината на мојот живот, мојот грев, смртта и т.н.
Јас имав мисли како: „Јас сакам да бидам поново роден. Ако можам да бидам поново роден јас нема вака да живеам.“ Но без разлика на овие мисли јас се поретко одев в црка и моите години на пубертетот поминаа. Јас сега морам да најдам работа, но тоа беше потешко отколку што мислев. Јас бев дури и многу повеќе потресен, и без разлика колку напорно се обидував, јас не можев да се смеам. Погледнувајќи се себе си со празно срце, јас паднав во состојба на депресија. Во тоа време, од мојот постар брат јас го слушнав евангелието.
„Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување.“ (Дела Ап. 3:19, МК Библија 1999 год.). Ова беше точно евангелието на водата и Духот. Се што јас научив на поминатите црковни состаноци беше дека Исус умрел на Крстот за нашите гревови. Но ова евангелие ми кажа дека Исус беше крстен од Јован Крстителот за да ги земе сте наши гревови и беше осуден за нашите гревови на Крстот.
Јас одев целиот мој живот в црква и јас се приправав да сум чедо Божјо но јас не успеав во ова. Јас се обидов да го разберам значењето на Неговото слово но не успеав. Меѓутоа, откако го слушнав прекрасното евангелие на водата и Духот и поверував во него, гревот во мене и сите работи кои што ме измачуваа исчезнаа и моето срце стана спокојно.
Јас мислев дека ако со страст верувам во Бога и одам в црква со совршена посветеност, тогаш ќе одам во Небесата. Но Бог ми го испрати евангелието на водата и Духот и сите мои гревови беа опростени. Тој ми го даде мене дарот на Светиот Дух. Јас не знаев за Светиот Дух нити пак за поимот за зборување на звучен јазик. Јас само одев в црква и верував дека ако живеам почитувано и и служам на мојата црква, тогаш Бог ќе ме благослови. Но јас дојдов да разберам дека јас можам да го добијам Светиот Дух само кога моите гревови се опростени преку прекрасното евангелие на водата и Духот.
Во мојот претходен живот, јас бев сеуште во грев дури и покрај тоа што верував во Бога. И јас живеев млак вид на живот, не знаејќи ја важноста за добивање на Светиот Дух. Но преку Неговиот служител, кој го проповедаше прекрасното евангелие според Библијата, јас поверував и дојдов да разберам дека Светиот Дух исто пребива и во мене.
Откако примив искупение, отпрво јас не можев да бидам убеден дали Светиот Дух е во мене или не. Но јас нон- стоп го проучував Неговото слово и дојдов да сфатам дека во моето срце нова вера цветеше и дека јас го примив престојот на Светиот Дух. Сега е вистина, и јас убедено чувствувам дека Светиот Дух престојува во мене! Кога тој ми ги опрости моите гревови, јас знаев дека само оние слободните од грев можат да постанат чеда Божји и да го примат Светиот Дух.
Јас исто така знаев дека моите напори да изгледам совршено во Неговите очи или да живеам совршено никогаш не би ми дозволиле да го примам Светиот Дух. Бог доаѓа кај оние кои што знаат дека се грешници и сепак не знаат што да направат за тоа. Тој ги среќава оние кои што нетрпеливо го бараат и имаат потреба од Него.
Тој ме направи да видам дека правењето на добро со верувањето во Бога со несовесна напуштеност немаше да ме одведат во Небесата и дека Исус Христос дојде на овој свет да ме спаси мене од моите гревови преку прекрасното евангелие на водата и Духот. Тој ми го даде мене Светиот Дух да засекогаш престојува во мене.
Јас му благодарам на Господа што ме направи мене Негово чедо и ме благослови со престојот на Светиот Дух. Ако не беше Господ, јас сеуште ќе имав грев во моето срце и ќе бев осуден на вечно затворенички живот во Пеколот.“
Исто вака, јас еднаш верував во крвта на Крстот и не можев да го примам Светиот Дух дури и да сакав. Во тоа време, јас верував во Исус, но јас имав грев во моето срце кој ме спречи од примањето на Светиот Дух. Грешникот не може да го прими Светиот Дух во неговото/нејзиното срце. Сепак, има многу грешници кои што се обидуваат да го примат Светиот Дух дури и кога нивните срца се полни со грев.
Ако вие навистина сакате да го примите Светиот Дух и да имате заедништво со Него, вие треба да верувате во прекрасното евангелие на водата и Духот и да добиете искупение. Дали сте сеуште грешник? Тогаш вие морате да го слушнете вистинското евангелие од оние кои што веќе го примиле Светиот Дух. Оние кои што сакаат да имаат заедништво со Светиот Дух мораат да имаат жедно срце и да имаат доверба во прекрасното евангелие на водата и Духот.
Само праведните можат преку Црквата да ги слушнат зборовите на Светиот Дух. Тие можат да го живеат својот верен живот со слушањето на прекрасното евангелие но грешниците го живеат нивниот проколнат живот наменет за Пеколот без дури и да го слушнат евангелието.
Заради тоа, вие морате да научите за евангелието на водата и Духот. Зошто вие морате да верувате во ова евангелие? Тоа е морално за вас за да избегате од религијата на закон и да ја изградите вашата вера во прекрасното евангелие основано врз словото Божјо. Исусовите ученици го следеа ова прекрасно евангелие и сега тоа им припаѓа на оние кои што го веќе примиле Светиот Дух. Прекрасното евангелие на водата и Духот е сосема истото како она следеното од апостолите во почетокот на раната црква. Сите Христијани мора да го примат Светиот Дух. Само тогаш тие можат да постанат чеда Божји.
Оние кои што сеуште не веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот мораат да имаат грев во нивните срца. Тие не можат да имаат заедништво со Светиот Дух. Со цел да имаат заедништво со Него, тие прво треба да веруваат во евангелието на водата и Духот кое што Бог им го даде нив и треба да го примат Светиот Дух.
 
 
Библијата постојано го спомнува Светиот Дух
 
Пребивањето со Светиот Дух почна после воскресението на Исус. Сега е денот на спасение и сега е времето на Неговата безгранична милост. Но тоа е навистина жално ако ние не го примиме евангелието на водата и Духот и ако ние живееме без заедништво со Светиот Дух.
Дали вие имате заедништво со Светиот Дух? Дали сте спречени од имањето заедништво со Светиот Дух заради вашите гревови? Тогаш научете за евангелието на водата и Духот кое Бог ви го даде и верувајте во тоа. Ако вие верувате во евангелието на водата и Духот, Светиот Дух ќе престојува во вашето срце и ќе биде ваш придружник. Светиот Дух престојува само во срцата на оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот. Светиот Дух често ја открива Неговата волја во срцата на праведните. Павловата служба со Светиот Дух беше да го распространи прекрасното евангелие.
Како можете да го познаете некого кој го примил Светиот Дух? Која е ознаката? Ознаката е дали или не тој/таа верува во прекрасното евангелие на водата и Духот. Ако особата го знае и верува во прекрасното евангелие на водата и Духот, тогаш тој/таа е особа која го има престојот на Светиот Дух.
Светиот Дух не престојува во оние кои што не веруваат во прекрасното евангелие. Светиот Дух престојува само во оние кои што веруваат во опроштението на грев кое што дојде од крштевањето на Исус кое тој го прими од Јован и Неговата крв на Крстот. Дали вие сакате да имате заедништво со Светиот Дух?
Дали знаете каков вид на евангелие вие треба да разберете со цел да го примите Светиот Дух и да имате заедништво со Него? Прекрасното евангелие е најдено во внатрешноста на верата во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот. Ако вие не верувате во евангелието на водата и Духот, вашите гревови не можат да бидат опростени и заради тоа Светиот Дух не може да престојува во вас. Светиот Дух бара од луѓето да веруваат во евангелието на водата и Духот со цел да го примат Него.
Светиот Дух не може да престојува во срцата на грешниците. Ако вие сакате да го примите Светиот Дух, вие морате прво да верувате во прекрасното евангелие со цел да се очистите себе си од сите ваши гревови. Исто, ако вие сакате да имате заедништво со Светиот Дух, вие мора да бидете верни во проповедувањето на прекрасното евангелие. Ако вие сакате да бидете водени од Светиот Дух, вие морате секогаш да го љубите прекрасното евангелие и да настојувате да го распространите каде и да одите. Светиот Дух е со оние кои што го проповедаат евангелието на водата и Духот.
Престојот на Светиот Дух им е даден само на праведните, оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Само праведните, оние кои што веруваат во прекрасното евангелие, можат да имаат заедништво со Светиот Дух. Прекрасното евангелие кое што Светиот Дух го одобрува е евангелието кое што беше исполнето со Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв (1 Јован 5:3-7).
Петар исто така веруваше во прекрасното евангелие и рече: „Образот на таа вода- крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога - добра совест – не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1976 год.). Во Библијата, „вода“ често стои за крштевањето кое што Исус го прими од Јован Крстителот.
Оние кои што се способни да го примат Светиот Дух веќе го примиле искупението преку прекрасното евангелие и се слободни од сиот грев. Оние кои што веруваат во прекрасното евангелие можат да имаат заедништво со Отецот во дух и вистина и да бидат водени од Духот (Јован 4:23). Светиот Дух им помага на праведните да го живеат нивниот живот исполнат со Светиот Дух. Оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух можат да живеат вечно славејќи го Господа. Ние можеме да вечно живееме во внатрешноста на евангелието на водата и Духот и во внатрешноста на Светиот Дух.
 
 
Светиот Дух нема заедништво со оние кои што се мамат себе си
 
Светиот Дух им вели на грешниците во 1 Јован 1:8: „Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себеси, и вистината не е во нас.“ (МК Библија 1999 год.) Светиот Дух не може да престојува во оние кои се мамат себе си. Светиот Дух ги изобличува грешниците, велејќи им: „Зошто ти не веруваше во прекрасното евангелие исполнето со Исусовото крштевање и Неговата крв?“
Ние ќе погледнеме на признание од еден поново роден Христијанин кој прво веруваше дека го примил Светиот Дух без доказот за Исусовото крштевање и Неговата крв. Овој човек сега верува во евангелието на водата и крвта и го има примено Светиот Дух. Овде, ние треба да укажеме точно во кого престојува Светиот Дух.
„Бог почна да живее во моето срце кога јас ја сфатив причината за моето постоење на овој свет. Погледнувајќи се себе си, јас мислам дека мојата слабост да живеам сам во овој злобен свет дојде како ненаситеност за Бога. Јас не го барав Бога но наравно го прифатив Неговото постоење откако Тој е невидлив, но тој тука е. Наравно да се запрашав себе си: „Дали е Тој навистина тука?“ но дури и мислата за тоа ме преплаши поради што јас цврсто верувам дека Тој е Создадителот на се.
Оние кои го отфрлија Бога изгледаа глупаво, но сепак на некој поглед многу посилни од мене. Тие изгледаа како да тие можат да преминат преку се самите од себе и на друга страна јас изгледав како слаб глупак. Но затоа што имав надеж за живот после смрт, јас погледнував кон Бога дури и со поголем почит. Јас се запрашував дали Небесата е место за луѓе како мене кои се чувствуваа како да секогаш имаат недостаток. И тоа прашање ме направи да уште понестршливо го посакувам Небесниот Рај.
Моите родители ги уценуваа луѓето со религија и моите браќа и сестри одеа в црква без никаква посветеност. Тие мислеа дека мојата посветеност кон црквата наскоро ќе умре така да тие не ми запреа да одам в црква се додека бев во средно школо. Така јас одев од црква до црква се додека конечно почнав да одам во една мала црква во близината на мојата куќа, се додека бев на факултет.
Причината зошто јас одев во оваа црква беше затоа што јас ставав голема важност на евангелието. Пастирот на таа црква беше еден евангелски сектант кој што на изглед ништо не правеше што би можело да ги престапи зборовите од Библијата. Јас имав причина за водење на религиозен живот и тоа верно, дури и кога бев потресен и обесправен од моите студии.
Причината за ова беше дека кога луѓето ги викаа членовите на мојата претходна црква незнабошци, јас верував дека мојата црква беше правилна и дека јас сигурно ќе одам во Небесата. Таа сигурност беше основана врз евангелието. Тие велеа дека грешниците не можат да влезат низ портите на Небесата но луѓето од другите цркви исто така велеа дека нивните срца се полни со грев. Јас исто така верував дека луѓето од мојата црква се грешници пред и јас да почнав таму да одам, така да не размислував многу за ваквата критика.
Но такви така- наречени евангелистки сектанти беа различни од она што јас го бев доживеал во минатото. Тие велеа дека ако ние веруваме во Исус на правилен начин, тогаш ние сме без грев. И дека само оние кои што се без грев можат да одат во Небесата. Тие исто така велеа дека Исус ни донесе правда на Крстот и заради тоа ние не сме грешници но праведни луѓе. Јас отпрвин не верував во ова, но кога поразмислив за тоа, имаше смисла. Јас бев млад и мислев дека ако јас сакав да одам во Небесата, Бог ќе ми дозволи само ако јас сум без грев, затоа што Бог го мрази гревот.
Оваа црква имаше различно верување од она на кое што бев навикнат и исто така ритуалот на обожавање беше малку поинаков. Но затоа што Небесата е местото каде што малку мина избраните можат да влезат, изгледаше како да луѓето во таа црква ги имаа присвоено правилните верувања. Затоа што црквата го истакнуваше Исусовото тело и крвта, секоја Недела ние земавме залак од леб и голтка вино. Затоа што оваа церемонија беше основана врз зборовите на Библијата, јас ги прифатив. Но покасно дознав дека луѓето земале дел на церемонија дури и без да го сфатат нејзиното вистинско значење.
Јас верував дека Светиот Дух престојува во срцата на верниците и во срцата на праведните и дека Тој ги слуша сите нивни молитви. Така јас верував дека Светиот Дух престојува во мене. Јас бев толку сигурен дека Господ беше мој придружник и јас никогаш не се двоумев за евангелието во кое што верував. Кога поминував низ тешки времиња, јас зборував со Бога исто како да Тој беше покрај мене. Јас верував дека Тој ме слушаше кога му кажував работи кои што не можев на други да им ги кажам. Така јас му верував и бев зависен од Него.
Јас не можев да ги разберам оние кои што одеа на секташките состаноци да зборуваа на звучен јазик и им се смеев на оние кои одеа на постоечките служби. Погледнувајќи на ваквите напори јас мислев: „Зошто поминуваат преку толку безначајни напори за да го примат Светиот Дух? Светиот Дух доаѓа врз нив само кога тие се без грев и останува со нив засекогаш. Тие мораат да бидат грешници. Тој нема да дојде врз нив дури и со сите нивни напори.“ Јас ги сожалував нив. Јас мислев дека тие беа многу безумни. Со тоа во мојата памет, јас дојдов до мисла дека моето верување во евангелието беше најдобро и сите други верувања беа лага.
Моето дрско срце ја достигна границата. Цели 10 години јас водев религиозен живот и тоа самиот од себе. Но како што времето поминуваше почнаа во мојот разум и срце прашања да се накреваат. Јас мислев: „Јас сум без грев преку евангелието на крвта на Крстот, но дали и сите други верници се исто така без грев? Дали тие навистина исто така веруваат во ова евангелие? Јас не знам зошто почнав ги поставувам ваквите прашања. Прашањата само ми дојдоа на мисла и јас не можев ниту еден да запрашам. Ова беше лично верување и не смееше да биде повредено. И грубо би било да ова го прашам од други.
Но јас почнав ваквите прашања да ги поставувам на себе си. Додека бев на факултет, јас почнав да правам работи кои што беа забранети според религиозен поглед и моето срце постана толку црно така да моето верување почна да се намалува. Јас не бев повеќе толку сигурен за моето верување. „Можам ли јас себе да се наречам праведен човек? Дали Исус навистина ме очисти од сите мои гревови? Во средината на целата оваа збрка, јас се натерав себе си да мислам на евангелието на Крстот и го промив мозокот свој со тоа. Но колку повеќе се напинав себе си толку позагубен постанував и јас повеќе не одев на црковните служби. Јас моите клубски активности ги користев како изговор за да не одам.
Во средината на збунетоста и хаосот, јас конечно ја сретнав вистината. Јас слушнав за евангелието на водата и Духот и тоа дојде кај мене како болд од молњи. Влијанието беше толку големо да јас се чувствував како да плачам. Но слушајќи го евангелието јас морав да признам дека сето тоа што до тогаш сум верувал беше лажно.
Јас никогаш не ги имав положено моите гревови на/врз Исус. Јас нејасно сум верувал дека јас сум безгрешен човек, но тоа не беше случајот. Зошто Исус дојде на овој свет за да биде крстен? Затоа што Тој сакаше да ни покаже нас дека Тој е кроток како јагне? Да докаже дека Тој дојде како човек? Или за да ја прорече Неговата неизбежна смрт? Мене никогаш ни на сон не би ми паднало за ваквата значајност без разлика какво нејасно знаење за крштевањето јас имав. Вистината беше дека Исус беше крстен од Јован, претставникот за целото човештво, и со тоа крштевање, сите наши гревови беа положени на /врз Него.
„Оф! Тоа е зошто Исус постана Божјото Јагне кое ги зеде со Него сите наши гревови!“ Сега се имаше смисла. „Исус беше осуден на Крстот за моите гревови. Тоа е зошто јас сум без грев во моето срце.“ Во моментот кога јас знаев за евангелието на водата (Исусовото крштевање), крвта (Крстот), и Светиот Дух (Исус е Бог), гревовите кои што ги чувствував во моето срце исчезнаа.
Сега јас сум навистина безгрешен и праведен човек и Светиот Дух конечно престојува во моето срце. Верувањето кое што јас го имав во Крстот не беше доволно за да ме очисти од гревовите кои што ги имав јас во моето срце. Ако не знаете точно како вашите гревови беа положени на/врз Исус, вашите гревови не можат да бидат опростени и Светиот Дух не може да престојува во вас. Јас му благодарам на Господа. Јас бев способен да го примам Светиот Дух преку прекрасното евангелие.
Без никаков напор јас бев опростен преку евангелието на водата и Духот и Светиот Дух престојува во мене сега и секогаш. Сега, јас можам горделиво да се викам себе си безгрешен човек и можам да бидам горд дека Царството Небесно е мое. Јас ја користам исто оваа пригода да му се заблагодарам на Господа што ми даде мене ваков благослов и тоа без расход. Алелуја!“
Оние кои што го примиле Светиот Дух можат да речат дека се без грев пред присуството Божјо. Без разлика колку долго вие сте верувале во Исус, ако вие не верувате во прекрасното евангелие кое што Бог ни го даде, вие навистина имате грев во вашите срца. Ваквите луѓе се мамат себе си, а исто и Бога. Ваквите луѓе никогаш не го сретнале Господа. Ако грешникот посакува да има заедништво со Светиот Дух, тој прво мора да престане да се лаже себе си и да признае дека имал погрешено. Само тогаш тој ќе биде квалификуван да верува во евангелието на водата и Духот. Оние кои што веруваат во ова прекрасно евангелие заслужуваат да го примат Светиот Дух.
Што им вели Светиот Дух на грешниците? Тој ги советува нив да примат опростение за нивните гревови преку верувањето во прекрасното евангелие кое што беше исполнето со Исусовото крштевање и Неговата крв. Ако вие велите дека вие не сте грешник кога имате погрешено, тогаш вие никогаш нема да го примите Светиот Дух. Оние кои што не веруваат во прекрасното евангелие и велат дека тие не погрешиле го лажат Господа и се лажат себе си. Грешниците мора да го знаат прекрасното евангелие на водата и Духот и да го примат Светиот Дух. Само тогаш тие можат да бидат избавени од Божјата тешка осуда.
 
 
Праведните можат да имаат заедништво со Светиот Дух со признавање на нивните гревови
 
Јас им зборувам на оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот и така веќе го примиле Светиот Дух. Ајде да погледнеме што Бог им рекол на праведните. Во 1 Јован 1:9 речено е: „Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себеси, и вистината не е во нас.“ (МК Библија 1999 год.) Овој стих значи дека ние можеме да се исчистиме од нашите суштински гревови од нашите извалкани срца потсекувајќи се себе си и верувајќи во прекрасното евангелие кое што изјавува дека Исус ги зеде сите наши гревови кога Тој беше крстен и Тој умилостиви за нив со тоа што беше распнат. Праведните мораат да ги признаат нивните суштински гревови пред Бога. Само тогаш тие можат имаат заедништво со Светиот Дух. Праведните треба да ги признаат нивните суштински гревови и да продолжат да веруваат во прекрасното евангелие.
Многу одамна, прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв ги очисти сите гревови и заради тоа, праведните треба да веруваат во ова евангелие и да бидат слободни од сите нивни гревови. Господ веќе ги опрости сите нивни гревови преку евангелието на водата и Духот. Праведните мораат да веруваат во прекрасното евангелие за да бидат слободни од нивните гревови. Праведните мораат да ги исчистуваат нивните срца со верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот кога тие се загадени со нивните суштински гревови.
Нашиот Господ ги очисти сите гревови на праведните многу одамна со Неговото крштевање и Неговата крв. Заради тоа, оние кои што веруваат се навистина слободни од сите нивни гревови. Меѓутоа, праведните треба да ги исповедаат и да ги признаат своите гревови во присутноста на Бога. И тогаш праведните мораат да се вратат кај верата во Исусовото крштевање и Неговата крв, кои го составуваат прекрасното евангелие, со цел да бидат слободни од сите нивни гревови. Заради тоа, тие можат секогаш да живеат свеж живот придружувајќи го Светиот Дух. Оние кои што можат да погледнат кон Господа без обѕир за нивните слабости можат да имаат вистинско заедништво со Господа благодарејќи му за прекрасното евангелие на водата и Духот.
 
 
Како можеме да добиеме вистинска смисла за заедништвото со Светиот Дух?
 
Има многу луѓе кои што сакаат да имаат заедништво со Светиот Дух, но тие не знаат како да ја исполнат оваа желба, дури и покрај тоа што тие веруваат во Исус. Сите луѓе доаѓаат да го примат Светиот Дух со верувањето во евангелието на водата и Духот и почнуваат оттогаш натаму да имаат заедништво со Светиот Дух.
Исто вака, единствениот начин за праведната особа да има заедништво со Светиот Дух е да ја знае и да верува во вистината на евангелието на водата и Духот. Заедништвото помеѓу праведникот и Светиот Дух не може да биде исполнето без вистинското евангелие. Но како стои со заедништвото со Светиот Дух? Тоа е само можно со верувањето во вистината на прекрасното евангелие.
 
 
Бог вели дека човекот греши целиот негов живот
 
Во 1 Јован 1:10 вели: „Ако речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.“ (МК Библија 1999 год.) Не може да има еден кој не погрешил пред Бога. Дури и Библијата вели: „Нема праведник на земјата, кој прави добро и никако да не греши;“ (Проповедник 7:20, МК Библија 1990 год.). Сите луѓе грешат пред Бога. Ако некој рече дека тој не погрешил, тогаш тој е лажго. Луѓето грешат преку целиот нивен живот се до нивните смртни часови и тоа е зошто Исус беше крстен од Јован за да ги сноси сите нивни гревови. Ако ние не грешевме, ние немаше да имаме потреба да веруваме во Бога како наш Спасител.
Господ им вели: „Моето слово не е во тебе“, на оние кои што мислат како да тие не погрешиле. Ако особата нема вера во прекрасното евангелие на водата и Духот, тогаш тој/таа заслужува уништување. Ако праведната особа или грешник вели дека тој/таа не погрешил пред присуството на Бога, тогаш тој/таа не заслужува да верува во прекрасното евангелие.
Господ им го даде на сите прекрасниот дар на прекрасното евангелие. Ние ги исповедаме сите наши гревови и се покајуваме со цел да примиме опростение на гревови со прекрасното евангелие. Ние можеме да се вратиме кај прекрасното евангелие кое што Бог го излеа врз нас како опростение за нашите гревови и да веруваме во тоа со цел да имаме заедништво со Светиот Дух. Вистинска смисла за имање заедништво со Светиот Дух е во евангелието на водата и Духот, и само оние кои што го имаат евангелието на водата и Духот можат да имаат заедништво со Бога.
Човештвото беше далеку од Бога заради гревовите наследени од Адам и Ева. Но сега ние, кои го имавме наследено семето на гревот, можеме повторно да гледаме напред кон имањето заедништво со Бога. Со цел да го правиме тоа, ние мораме да се вратиме кај верата во Исус Христовото евангелие на водата и Духот и да бидеме опростени за гревовите кои што не ставија нас толку далеку од Бога.
Оние кои што веруваат во прекрасното евангелие можат да бидат спасени од сите нивни гревови и Бог ќе ги исполни нив со Светиот Дух. Праведните можат да имаат заедништво со Бога, бидејќи тие веќе го примиле Светиот Дух. Заради тоа, оние кои што беа отстранети од Бога заради нивните гревови мораат да се вратат кај прекрасното евангелие на водата и Духот и да веруваат во него. Само тогаш тие можат да почнат да имаат вистинско заедништво со Него.
Престојот на Светиот Дух доаѓа со вера во прекрасното евангелие. Ние мораме да знаеме дека престојот од Светиот Дух доаѓа само преку верувањето во евангелието на водата и Духот. Верувањето во евангелието на водата и Духот направи нов патен превод до Бога. Господ го уништи ѕидот кој што не разделуваше нас од Него заради обете - оригиналните и суштините гревови, и ни дозволи нас да имаме заедништво со Него преку нашата вера во прекрасното евангелие на водата и Духот.
Ние повторно мораме да основаме заедништво со Светиот Дух. Вистинско заедништво со Светиот Дух е основано преку разбирањето на евангелието на водата и Духот за послушност на вера. Заедништво со Светиот Дух се случува кога ние имаме вера во фактот дека опроштението за нашите гревови доаѓа од прекрасното евангелие. Оние кои што немаат примено опростение за нивните гревови не можат да имаат заедништво со Светиот Дух. Со други зборови, ни еден не може да има заедништво со Светиот Дух без верување во евангелието на водата и Духот.

Ако е толку тешко за вас да имате заедништво со Светиот Дух, тогаш вие морате прво да признаете дека вие не верувате во евангелието на водата и Духот и дека вашите гревови не биле опростени. Дали вие посакувате да имате заедништво со Светиот Дух? Тогаш верувајте во евангелието кое што беше исполнето преку Исусовото крштевање и Неговата крв. Само тогаш вие ќе бидете опростени за сите ваши гревови и како награда вие ќе го примите Светиот Дух во вашето срце. Ова прекрасно евангелие може вас сигурно да ви гарантира заедништво со Светиот Дух.