• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-6] Верувајте дека Светиот Дух Пребива во вас (Матеја 25:1-12)

2021.04.19 22
(Матеја 25:1-12)
„Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот. Петте од нив беа неразумни, а петте мудри. Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници. Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’ Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки. А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’ Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си! Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. А потоа дојдоа и другите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’ Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Врз кои доаѓа Светиот Дух?
Тој доаѓа врз оние кои се опростени за нивните гревови со верувањето во Исусовото крштевање и Неговата крв.
 
 
Кои се претставени со девиците кои го имаат престојот на Светиот Дух?
 
Во строфата погоре, има пет мудри девици и пет неразумни девици. Петте неразумни ги прашаа петте мудри да го поделат маслото со нив. Но мудрите им рекоа на неразумните: „За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!“ Така, додека оние неразумните отидоа да купат масло, мудрите оние кои што имаа масло во нивните светилници отидоа во свадбената церемонија. Како тогаш можеме да подготвиме масло за Господа? Единственото нешто што ние треба да правиме е да го чекаме Него со опроштението на гревовите во нашите срца.
Ние можеме измеѓу луѓето да најдеме два вида на вера. Едниот е вера во евангелието на опростение на гревовите. Ова води до примањето на Светиот Дух. Другиот вид е едноставно верност кон праведните дела на сопствената религиозна вероисповед -индиферентно дали или не Господ ги опростил гревовите на некого.
До оние кои се верни на нивните сопствени вероисповеди, ним прекрасното евангелие им останува мачно. Како неразумните девици кои отидоа да си купат масло кога младоженецот доаѓаше, оние кои што одат од една во друга куќа на обожавање со надеж да го примат престојот на Светиот Дух не мамат никого друг освен себе си. Ваквите луѓе се игнорантни за фактот дека тие мораат да имаат вера во прекрасното евангелие во нивните срца пред Денот на Судот. Тие посакуваат да го примат Светиот Дух воодешувајќи го Господа со нивната ревност. Ние ќе го погледнеме сведоштвото на еден ѓакон кој направи напорни дела за да го прими Светиот Дух. Ова сведоштво ќе ви помогне вас.
„Јас се направив за да го примам Светиот Дух. Јас мислев дека ако јас се страсно посветам себе си на својата вера, јас можев да го добијам Светиот Дух и така јас одев од една молитвена куќа кон друга. Луѓето кај една од овие куќи свиреа на електрично пијано и тапани како дел од службата. Пастирот кој го водеше состанокот ги повика оние кои што сакаа да го примат Светиот Дух да пријдат еден по еден и како што ја ставаше раката своја на челото на особата, таа почнуваше да зборува на звучен јазик. Тој трчаше наоколу со микрофонот в раце и викаше: „Примете оган, оган, оган“ и ги ставаше неговите раце врз главите на луѓето, предизвикувајќи некои од нив да се преклопуваат и да паѓаат во несвест. Јас се двоумев за тоа дали ова практика беше за добивање на Светиот Дух, но јас веќе бев зависен од ваквите состаноци. Без разлика на се, јас никогаш не успеав да го примам Светиот Дух.
После тоа доживување, јас се искачив на планина и се обидов да плачам и да се молам цела ноќ додека се држев на ананасово дрво. Јас дури и се обидов да се молам во пештера но ни тоа не помагаше. После тоа, јас се обидов да се молам цела ноќ цели 40 дена, но јас никако не успеав да го добијам Светиот Дух. Тогаш еден ден јас бев поканет на еден семинар за Светиот Дух. Семинарот беше одржуван еднаш неделно, и траеше седум недели.
Семинарот беше за Божјата љубов, Крстот, Исусовото воскресение, рацеполагањето, плодовите на Духот и духовен раст. Во тоа време кога семинарската програма скоро беше завршена, проповедникот на семинарот ги стави неговите раце врз мојата глава и се молеше за Светиот Дух и јас правев онака како што ми рече да правам. Јас се отпуштив и ги кренав своите раце со палмите кон небото и почнав да викам: „ла-ла-ла-ла“ повторно и повторно. Одеднаш додека ја викав: „ла-ла-ла-ла“, јас почнав чисто да зборувам на чуден јазик. Многу луѓе ми честитаа за добивањето на Светиот Дух. Но кога јас бев сам дома, јас се плашев. Така јас почнав доброволно да работам за семинарот. Јас мислев дека треба да се пријавам за доброволна работа онолку колку што е можно така да јас патував по целата земја за да ја направам својата работа. И кога јас ќе ги ставев своите раце на некои пациенти, нивната болест изгледаше како да беше излечена, дури и покрај тоа што малку потоа тие повторно рецидиваа. И тогаш имав привиденија пред моите очи и мислев дека можам да прорекувам. Изненадувачки, моите прорекувања испаѓаа да бидат вистина. Од тоа време, јас бев покануван во секаков вид на места и бев негуван како позната личност. Но јас сеуште се плашев. Тогаш еден ден, јас слушнав глас кој велеше: „не талкај вака наоколу од место на место, наместо ова оди кај твојата фамилија и помогни им да добијат спасение.“ Меѓутоа, јас не знаев што е спасение. Јас само знаев што други ми кажуваа - дека ако не го користев овој дар од Светиот Дух, Тој ќе го одземе тоа од мене. На една страна, јас се плашев да ги употребам своите способности, но сепак се плашев и да престанам да го правам тоа.
Еден ден, јас слушав дека женски шаманиста посакувала да верува во Исус така јас ја посетив неа заедно со моите другари. Ние пред тоа не и кажавме дека ќе доаѓаме да ја посетиме. Но женскиот шаман веќе стоеше надвор кај портата и рече: „Јас знаев дека сте да дојдете.“ Тогаш таа одеднаш почна да фрла со вода кон нас и велеше: „Нема разлика помеѓу Источен шаманизам и Западен шаманизам!“ Таа не нарече нас:“ Исусови шамани“, покажуваше со прсти кон нас и велеше: „Овој човек е застрашен, но оној не е.“ Што шаманката велеше дојде кај мене како удар по глава. Јас почнав да мислам дека она што јас го правев не беше ништо различно од она што шаманката го правеше. Ништо од сето што го направив не го донесе Светиот Дух во мене затоа што јас сеуште имав грев во моето срце.“
Од ова сведоштво, ние учиме дека примањето на Светиот Дух е подалеку од нашите способности. Бидејќи ваквата вера не е основана врз Божјото слово, оние кои што живеат ваков вид на религиозен живот немаат масло во нивните светилници.
Светилникот во Библијата се однесува на црквата, а маслото се однесува на Светиот Дух. Библијата имплицира да дека оние кои што одат в црква, дали тоа е Божја Црква или не е, без да го примат Светиот Дух се неразумни.
Неразумните едни се оние кои се наклони да ги горат нивните религиозни страсти и ревности ден за ден. Ставете го тоа поинаку, неразумните ги горат нивните чувства заедно со нивните слепи ревности за Бога. Ако речеме дека нашите емоции износуваат околу 20см и дека е потребно еден ден да изгориме 1см, тогаш потребни ни се 20 дена за да ги изгориме сите наши емоции. Емоциите позади нивното верување добиваат нова сила преку рано утринските молитви, цело- ноќните молитви, постечките молитви и оживувачките митинзи, но нивните емоции исто така горат преку нивниот живот. Тие се зависници на ваквиот никогаш- престанувачки процес на горење на нивните сопствени емоции.
Нивните емоции се изгорени во името на Исус. Тие одат в црква и ги изгоруваат нивните емоции но нивните срца остануваат сеуште збунети и се во потрага на нешто друго. Причината за ова е затоа што нивната вера доаѓа од нивните телесни доживувања; заради тоа, тие имаат постојана потреба од изјава на овие чувства за да огнот не згасни. Меѓутоа, тие не можат да го примат Светиот Дух со ваквиот вид на вера. Изгорувањето на нивните емоции нема да ги доведе нив до примањето на Светиот Дух.
Сите ние треба да приготвиме достојна вера за да го примиме Светиот Дух во полната присутност на Бога. Тогаш и само тогаш ние ќе бидеме вредни за да го примиме Светиот Дух. Како ја добиваме верата која не прави нас вредни да го примиме Светиот Дух? Вистината лежи во прекрасното евангелие кое беше исполнето со Исусовото крштевање кај Јордан и пролевањето на Неговата крв на Крстот.
Бог не наведува нас како: „Злосторнички род“ (Исаија 1:4, МК Библија 1999 год.). Ние мораме да си го признаеме ова. Луѓето се оригинално родени со 12 видови на грев (Марко 7:21-23). Човечките суштества не можат да си помогнат освен да грешат од денот кога се родени се до денот кога ќе умрат.
Во Јован 1:6-7, напишано е: „Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.“ (МК Библија 1976 год.) Јован Крстителот го крсти Исус и ги положи сите гревови врз Него, велејќи: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!“ (Јован 1:29, МК Библија 1990 год.). Ние сме спасени од сите гревови благодарејќи на Јовановото крштевање врз Исус. Ако Јован не го крстеше Исус и не изјавеше дека Тој беше Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот, ние не можевме да знаеме дека Исус ги зеде сите наши гревови со Него на Крстот. Нити пак ние можевме да знаеме за начинот за примање на Светиот Дух. Но благодарејќи на Јовановото сведоштво, ние дојдовме да сфатиме дека Исус ги зеде сите наши гревови и ние бевме способни да го примиме Светиот Дух.
Со оваа вера, ние постанавме невести кои се целосно подготвени да го примат Исус, младоженецот. Ние сме девиците кои што веруваат во Исус и се полно подготвени да го примат Светиот дух.
Дали вие верувате во евангелието на водата и Духот со целото ваше срце? Дали верувате дека Исус ги зеде сите ваши гревови со Неговото крштевање од Јован? Библијата вели: „И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.“ (Римјаните 10:17, МК Библија 1990 год.). Ние мораме да веруваме дека Исус беше крстен од Јован и умре на Крстот со цел да го примиме Светиот Дух. Ние мораме да разбереме дека примањето на Светиот Дух може да дојде само со верувањето дека Исус дојде на земјава како човечко суштество, беше крстен од Јован, дека Тој умре на Крстот и беше воскреснат.
Дури и денес, има две групи на верници, исто како што и десетте девици во приказната горе се од два вида. На која страна сте вие? Вие морате да го примите Светиот Дух со верување во водата и Духот. Дали одите в црква, но сепак се наоѓате себе си сеуште чекајќи да Светиот Дух дојде кај вас? Вие морате да го знаете вистинскиот пат по кој ќе го примите Светиот Дух.
Со каква вера можеме ние да го примиме Светиот Дух? Дали можете да го примите Светиот Дух преку екстазни страсти на Шаманизмот? Можете ли да го примите Светиот Дух во состојба на кома? Можете ли да го примите Светиот Дух со верувањето во страсните религии? Дали морате постојано да му се молите на Бога за опростение на вашите гревови? Библијата вели дека кога Исус беше крстен и излезе од водата, Божјиот Дух слезе како гулаб. Тој беше крстен со цел да ги сноси нашите гревови, и да ни каже нас дека ќе биде распнат за да ја исплати платата за сите наши престапи.
Исус беше крстен од Јован за да го земе гревот на светот и отиде на Крстот за да ние да можеме да бидеме спасени и да го примиме Светиот Дух. Ова е вистината. Исус беше крстен од Јован, осуден за сите наши гревови на Крстот и воскреснат. Ние мораме да веруваме во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот со цел да примиме опростение за нашите гревови. Ние можеме да видиме од Исусовото крштевање (Матеја 3:13-15) дека Светиот Дух доаѓа мирно како гулаб врз оние кои што се очистени со верувањето во Неговото крштевање.
Да се прими Светиот Дух морално е да се верува во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот. Светиот Дух доаѓа врз човекот мирно како гулаб кога тој/таа верува во опроштението на гревовите. Оние кои што веќе го примиле Светиот Дух треба да знаат дека ова беше можно направено преку опростение на гревови со вера. Светиот Дух се спушта врз оние кои што веруваат во опроштението на гревот со целото нивно срце.
Исус Христос дојде преку лебот и виното на вечниот живот (Матеја 26:26-28, Јован 6:53-56). Кога Исус излезе од водата после Неговото крштевање, се чу глас од небесата велејќи: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (Матеја 3:17, МК Библија 1999 год.).
Лесно е да се верува во Бога како Тројство. Бог е Отецот на Исус и Исус е Синот Божји. Светиот Дух е исто така Бог. Тројството е Еден Бог за нас.
Вие морате да знаете дека вие никогаш нема да го примите Светиот Дух со верувањето само во Крстот или со обидувањето да се осветите себе си со праведни дела. Вие можете да го примите Светиот Дух само кога вие верувате дека Јован го крсти Исус за да ги положи сите наши гревови врз Него, и дека Тој беше распнат за да умилостиви за сите наши гревови. Колку едноставна и јасна е вистината! Не е тешко да се добие опростение за грев и Светиот Дух.
Бог ни зборува нас со едноставни изрази. Интелигенцијата на обичен човек е околу 110 до 120. Неговото евангелие е доволно едноставно за да обичните луѓе го разберат. Дури и на децата на возраст од 4 или 5 години, прекрасното евангелие не им е тешко да го сфатат. Но ако Бог ни зборуваше нас на многу усовршен начин за примањето на Светиот Дух дали ние тогаш ќе бевме во можност да го разбереме Него? Бог праведно ги опрости сите наши гревови и го даде Светиот Дух како дар на оние кои веруваат во тоа.
Бог ни кажува дека ние не можеме да го примиме Светиот Дух преку полагање на раце или молитви на покаение. Светиот Дух не доаѓа врз некого заради постењето или посветеност или пак цело- ноќното молење во планините. Каков вид на вера резултира во прием на Светиот Дух во нас? Тоа е верата во фактот дека Исус дојде на овој свет, беше крстен за да ги земе сите наши гревови, умре на Крстот, и беше воскреснат.
 
 
Дали ние навистина мораме да веруваме во ова?
 
Зошто ние мора да го примиме опроштението за гревовите и така да го примиме Светиот Дух? Со цел да бидеме граѓани на Божјото Царство, нам ние е потребен Неговиот Дух. Заради тоа, за да се прими Светиот Дух, потребно ние е нас да веруваме во Исус како наш Спасител, да веруваме во Неговото крштевање и крв, и конечно, ние мораме да бидеме опростени за сите наши гревови.
Зошто Бог им го дава Светиот Дух на оние чии што гревови веќе биле опростени? Причината за ова е за да ги обележи нив како Негови луѓе. Да ги обележи оние кои што веруваат во Исус базирано врз Божјото слово, Тој им го дава нив Светиот Дух како гаранција.
Толку многу луѓе имаат погрешни видови на вера. Тоа е толку лесно да веруваш во Исусовото крштевање и да го примиш Светиот Дух. Тоа им е лесно на оние од нас кои што веќе го примиле Светиот Дух, но невозможно им е на оние кои не примиле опростение за гревовите. Тие не ја знаат вистината и наместото од тоа бараат други начини да го примат Светиот Дух, како што се паѓањето во религиозна кома преку фанатички акции. Тие се толку дрски да тие постанале збунети преку семињата кои што Сатаната ги посеал, и паѓаат под дејството на себични религии.
Светиот Дух престојува во оние кои што веруваат во Исусовото крштевање и Неговата крв и кои што примиле опростение за гревовите. Само оние кои што веруваат во Божјото спасение може да исповедаат: „Јас немам грев.“ Ако особата не верува во евангелието на водата и Духот, тие не можат да речат дека тие немаат грев. Исто вака, Бог им го дава Светиот Дух како залог на Неговите чеда кои што веруваат во Исусовото крштевање и крвта на Крстот и имаат примено опростение за грев.
Кои сведочеа дека Исусовото крштевање и крвта ги премавнаа сите наши гревови? Исус, Неговите ученици, и Светиот Дух исто така сведочеше. Кој планираше да ги спаси сите луѓе од нивните гревови? Светиот Отец. Кој го изврши овој план? Исус Христос. Кој накрај гарантираше дека овој план беше исполнат? Светиот Дух.
Бог сакаше да не направи Негови луѓе и заради тоа утврди да не спаси нас од сите наши гревови преку Исусовото крштевање и крвта. Заради тоа Светото Тројство ни гарантира нас крајно спасение и ни дозволува опростение на нашите гревови.
Во Матеја 3:17 напишано е: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ (МК Библија 1999 год.) Оние кои што го имаат Светиот Дух Божји се луѓе Божји. Тие се Негови чеда. „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!“ Исус е Бог во оригиналност. Бог Отецот ни кажува нас: „Ако сакате да примите опростение за вашите гревови, верувајте дека сите гревови на сето човештво беа одземени засекогаш преку Исус, Мојот Единороден Син, примете го Светиот Дух, и постанете Мои чеда.“ Оние кои што веруваат во ова ќе го примат опроштението за нивните гревови и ќе постанат синови и ќерки Божји. Тој им го дава нив дарот на Светиот Дух за да ги обележи нив како Негови чеда. Ние примаме опростение за нашите гревови само кога ние веруваме во Исусовото крштевање заедно со крвта.
Кога луѓето не ги евакуираат нивните срца, не веруваат во евангелието на опроштението, тие се наклони да веруваат дека оригиналниот грев веќе го нема но дека тие, без разлика, непрестајно мора да се молат покајнички за да си донесат опростение за нивните суштински гревови. Ако тие паднат жртва на мисли како овие, Библијата станува неразбирлива и збунлива. Заради тоа, тие доаѓаат да имаат различно верување од она на Неговите ученици.
Некои велат дека Светиот Дух доаѓа врз нив „преку молитви.“ Но ова не е стриктно точно од Библиски поглед на тоа. Ова може да звучи веродостојно, но Библијата вели дека кога Исус излезе од водата откако што беше крстен од Јован, Светиот Дух слезе на Него како гулаб. Што ова докажува е дека ако ние сакаме да го примиме Светиот Дух, нам ние е потребно само да веруваме дека Исус дојде на овој свет, беше крстен од Јован со цел да ги земе сите гревови на светот, беше осуден на Крстот за нив и беше воскреснат за да постане наш Спасител.
Што Бог ни вели нас кога веруваме во оваа вистина и го примаме Светиот Дух? Тој вели: „Ти си Мој син. Ова е Мојот возљубен син, во кого ми е милината.“ Бог ќе им го рече истото нешто на оние кои ќе дојдат да веруваат во Исус и бидат опростени за нивните гревови во иднина. Оваа вистина е Божјото ветување да не направи нас Негови чеда.
Но луѓето сеуште мислат дека има други начини да се прими Светиот Дух. Дали мислите дека Светиот Дух ќе дојде врз вас преку вашите плачења и земски напори? Божјите деца се диктирани само со Неговата волја и Тој им го дава Светиот Дух само на оние кои примиле опростение за нивните гревови. Тој вели: „Јас го имав Мојот Син крстено за да Тој може да ги земе сите ваши гревови и Јас го распнав Него за да биде осуден за нив. Јас го назначив Мојот Син како ваш Спасител. Ако вие го прифаќате опроштението на грев кое Мојот Син го исполна, тогаш Јас ќе ви го испратам Светиот Дух.“
Нашиот Отец прави како што Тој сака. Дури и ако човекот остане на неговите колена цела ноќ и плаче по Него се дури неговите дробови се готови да пукнат, Бог нема задолжителност да му го испрати него Светиот Дух. Тој само ќе го искара него велејќи му: „Ти сеуште не си го прифатил вистинското знаење и продолжуваш да се приврзуваш за погрешни верувања. Се додека ти ја отфрлаш вистинската вера, Светиот Дух ќе биде задржан од тебе.“
Во овој свет, изборите на човечките суштества може да бидат различни зависно од состојбите, но законот кој Бог го воспостави за опростение на гревови и доставувањето на Светиот Дух останува непроменлив. Ако паднете под клетвата на погрешните верувања, тешко е да повторно го најдете правилниот пат. Библијата вели дека Исус е каменот на соблазна за оние кои се непослушни (1 Петар 2:8).
Луѓето кои што веруваат во Исус и сеуште не знаат зошто Тој беше крстен веруваат во само половина од евангелието на искупението и најсигурно ќе паднат во Пеколот. Заради тоа, кога вие прво ќе верувате во Исус, вие треба да знаете за Исусовото крштевање и Неговата крв, од кои што евангелието за опростение на гревовите е составено. И ако вие примите опростение за грев, тогаш вие исто така ќе го примите Светиот Дух.
Ајде да размислиме за Исусовиот живот на земјава. Исус постана човек и го зеде гревот од овој свет со Неговото крштевање. Тој исто така умре на Крстот и беше осуден за нашите гревови со цел да не спаси нас од огновите на пеколот. Оние кои што веруваат во Него го примаат Светиот Дух како дар.
Заради тоа, сите ние мораме да го следиме вистинскиот пат со цел да го примиме Светиот Дух. Што е од потреба овде е да мислиме според словото на вистината. Кога го правиме ова, Исус ќе ве чува вас и ќе ве благослови вас. Оние кои што ги испразнуваат своите срца и веруваат во Неговото слово можат да живеат во вистината со примањето на опростение на грев и да бидат водени од Светиот Дух. Повеќе од тоа, тие можат да водат и други по вистинскиот пат со помош на Светиот Дух.

Верувајте во искупението исполнето со Исусовото крштевање и Неговата крв. Само тогаш можеме да го следиме Него со вера и да примиме благослов на опростение на гревовите, на вечен живот и престојот на Светиот Дух. Исус е господар на опроштението, Кој што ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање и смртта на Крстот. Исус ги очисти сите наши гревови и им го даде Светиот Дух на оние кои што веруваа во евангелието вистина. Вие можете да го примите Светиот Дух со присвојувањето на вистинската вера.