(Јован 7:37-38)
„А во последниот, големиот ден на празникот Исус застана и извика, велејќи: „Ако е некој жеден, нека дојде при Мене и нека пие. Кој верува во Мене - како што е кажано во Писмото - „од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.“ (МК Библија 1999 год.)
Кој може да ја пие Живата вода од Светиот Дух?
Оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот.
Живата вода на Светиот Дух тече од срцата на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Јован 7:38 вели: „Кој верува во Мене - како што е кажано во Писмото - „од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.“ (МК Библија 1999 год.) Ова значи дека таму има вистинско спасение и искупение на гревови за оние кои што веруваат во прекрасното евангелие кое што Бог ни го даде нас.
Кога настапува престојот на Светиот Дух? Престојот на Светиот Дух може да биде добиен кога еден слушне и верува во вистинското евангелие, кое што вели дека Исус Христос ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање од Јован. Тогаш тој/таа може да ја пие живата вода од Светиот Дух. Оние кои што веруваат во прекрасното евангелие го имаат престојот од Светиот Дух, и можат да го осетат чувството на Духовно живата вода да свежо извирајќи и наводнувајќи ги нивните суви срца секогаш кога тие го проповедаат или слушаат Божјото слово.
Живата вода на Светиот Дух извира од срцата на оние кои што веруваат во евангелието на водата и Духот, кое што вели дека Господ дојде на светот со цел да ги спаси сите грешници од нивните гревови. Светиот Дух е вистина која не може да биде разделена од евангелието на водата и Духот, и престојува во луѓето кои што веруваат во Божјото слово.
Секој еден кој сака да ја пие живата вода од Светиот Дух мора да прими искупение за сите негови/нејзини со верувањето во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Оваа жива вода од Светиот Дух постои во срцата на оние кои што веруваат во Божјото слово. Луѓето кои што веруваат во евангелието на водата и Духот ја имаат живата вода од Светиот Дух, која тече како река, течејќи преку нивните срца. Дури и во овој момент живата вода на Светиот Дух тече како изворска вода во срцата на оние кои што го имаат примено искупението на нивните гревови со верувањето во прекрасното евангелие на Исус Христовото крштевање и Неговата крв на Крстот.
Меѓутоа, нема ниту една капка на жива вода од Светиот Дух да извира од срцата на оние кои што не веруваат во ова прекрасно евангелие на вистината. Се додека јас поверував и го разбрав евангелието на водата и Духот, јас немав нити една капка на Духовно жива вода да тече од моето срце. Во тоа време, дури и покрај тоа што јас верно верував во Исус Христос, јас дури и не знаев за значајноста на живата вода на Светиот Дух затоа што јас не го имав Светиот Дух во моето срце. Меѓутоа, сега јас го имам прекрасното евангелие на водата и Духот, и живата вода на Светиот Дух тече слободно од моето срце.
Сега живата вода на Светиот Дух истекува од моето срце, и од срцата на оние кои што го слушнаа и веруваат во Словото Божјо. Точно како што Исус рече: „Ако е некој жеден, нека дојде при Мене и нека пие“, живата вода од светиот Дух ги освежува другите поново родени Христијани кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот. Оваа жива вода тече од моето срце заедно со мојата вера во евангелието на водата и Духот дури и во овој момент, дозволувајќи им на други да пијат од неа. Бог дозволува да живата вода на Светиот Дух да тече од моето срце како река. Ова нешто им е познато само на оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух.
Точно како што е напишано во Откровенија дека никој не знае освен оние кои што го примиле, престојот на Светиот Дух и живата вода е тајна знаена само од оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот. Заради тоа, вие треба да знаете во кого престојува Светиот Дух. Вие треба да знаете дека престојот на Светиот Дух им е даден на оние кои што веруваат во Исусовото евангелие.
Јас порано верував само во крвта на Крстот
Дури и покрај тоа што јас верував во Исусовата крв на Крстот за време на десет години, гревот беше сеуште во моето срце. Во тоа време, јас го имав верувањето дека сите мои гревови беа опростени преку Исусовата крв. Меѓутоа, јас не можев да примам ниту целосно искупение на гревот нити престојот на Светиот Дух преку ваквиот вид на верување, и тука имаше голема збунетост и празнина во мојот живот. Единствениот знак кој што го покажуваше моето верување беше тоа што одев в црква.
Тоа беше кога јас почнав да ја преиспитувам мојата вера. „Дали јас навистина го примив Светиот Дух?“ Кога јас за прв пат почнав да верувам во Исус, моето срце беше страсно со љубов за Него и јас дури и го имав дарот за зборување на јазици. Но што стана од мене? Јас сфатив дека ваквото искуство на пламни емоции не беше знакот на престојот од Светиот Дух и дека јас никако не сум го примил Светиот Дух. Јас верував во Исус но Светиот Дух и живата вода на Светиот Дух не беа во моето срце.
Не беше важно дали моето срце беше топло или ладно, откако мојата вера беше основана врз
[4] Калвинизмот. Прашањата кои јас навистина морав да ги одговорам беа следните:
(1) Дали Светиот Дух престојува во мене? -Не. Јас не сум сигурен дека Тој е во мене.-
(2) Дали има грев во мене? -Да, има.- Тогаш дефинитивно имаше грев во мене, дури и покрај тоа што јас верував во Исусовата крв на Крстот и искажував молитви на покаение секој ден. Гревот во моето срце никогаш не беше целосно очистен без разлика колку напорно јас се обидував.
[4] Систем на Христијанска интерпретација основана од Џон Калвин. Таа го нагласува предодредението и спасението. Петте точки на Калвинизмот беа развиени во одговор на Арминската позиција. Калвинизмот учи: 1) Целосна изопаченост: дека човекот е допрен од гревот во сето негово битие: тело, душа, памет, и емоции, 2) Незаслужена корист: дека Божјата благонаклоност за човекот е целосно според Неговата слободна волја и нема ништо заедничко со човекот. Тоа е целосно незаслужливо за човекот. 3) Ограничено умилостивение: Дека Христос не ги сноси сите гревови на идивидуалките кои што некогаш живееле, но наспротив на тоа Тој ги сносил гревовите само на оние кои биле избрани за спасение, 4) Неотпорна благодат: дека не може никој да му се спротивстави на Божјиот повик на спасение, 5) Оддржливоста на светиите: дека не е можно некој да го загуби спасението. Но вие можете јасно да го раздвоите неговото учење од она на евангелието на водата и Духот, особено со предвид земање на доктрината на ограниченото умилостивение. |
„Како можам јас да го примам престојот на Светиот Дух?“ „Како можам да го очистам гревот во моето срце?“ Имаше два досадни проблеми во мојот живот кои ми беа на памет, дури и откако верував во Исус. Јас зборував на јазици откако почнав да верувам во Исус и јас исто така верував дека моите гревови беа очистени благодарејќи и на мојата вера во Исусовата крв.
Меѓутоа, како што времето поминуваше, се повеќе и повеќе гревови се натрупуваа во моето срце. Јас бев полн со грев. Молитвите на покаение и постење не можеа да ме очистат од гревовите на моето срце се додека јас се поткрепував само врз крвта на Исус. Колку повеќе бев загрижен толку пожешко им ја проповедав порака Исусова на други. Јас исто така одев в црква проповедајќи се порегуларно и се посветив себе си да му служам на Исус поткрепувајќи се врз Неговата крв.
Меѓутоа, како што времето поминуваше суштинските гревови ме блокираа мене од имањето на вистинска вера. Од кога и да е,потешко беше да верувам во Исус. Јас се обидов што повеќе да се наклонам кон Исусовата крв и да го доставам мојот најголем напор и да ја зголемам посветеноста кон Бога. Меѓутоа, празнината во моето срце постана поголема. Ваквиот вид на вера ме остави да се чувствувам празно и сонливо, и ме сврти во лицемерен Христијанин кој што се само грижеше за надворешниот изглед. Во себе си мислев: „Верувањето во Исус е вакво за сите, не е вака само за мене!“ Јас се обидов да одречам дека мојата вера беше заблудена. Меѓутоа, крвта на Исус и молитвите на покаение сеуште не можеа да ги очистат сите мои суштински гревови.
Тогаш со каква вера можеа моите суштински гревови да бидат очистени? Моите суштински гревови можеа да бидат очистени само со верувањето дека сите мои гревови беа положени врз Исус кога Тој беше крстен во реката Јордан. Ова е она што е напишано во Матеја 3:13-17. Тогаш зошто моите суштински гревови не беа очистени со Исусовата крв? Јас не го знаев и не верував во прекрасното евангелие кое го содржи значењето на Јовановото крштевање на Исус.
Дали ова значи дека сите гревови на светот беа очистени преку Исусовото крштевање? Да, тоа е точно. Библијата носи сведоштво за ова велејќи: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото Царство“ (Јован 3:3-5, МК Библија 1976 год.).
Исус дојде на овој свет и ги прифати сите гревови на Светот преку Неговото крштевање од Јован. Јас бев сеуште на двоумење за ова и ги споредив Стариот и Новиот Тестамент за да го разјаснам ова. Резултатот беше дека најдов дека тоа беше навистина точно. Сите гревови на светот беа положени врз Исус кога тој беше крстен и сите мои гревови беа исто положени врз Него тоа време. Јас дојдов до сфаќање дека ова беше словото на висината како што е напишано во Библијата и тоа е најпрекрасното евангелие на светот.
Во согласност, јас разбрав зошто моите гревови не беа премавнати преку мојата вера во само крвта на Исус. Причината беше дека јас не можев да ги положам моите суштински гревови врз Исус кога јас не знаев за вистината на Неговото крштевање во реката Јордан. Јас конечно ја сретнав вистината. Јас научив дека Исус дојде на овој свет за мене, и дека Тој ги зеде сите гревови на светото преку Неговото крштевање, и беше покасно распнат за да не избави нас од сите гревови на светот. Јас исто научив и верував во вистината дека целта на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот беше за да ги земе сите гревови на светот. Сега јас сум праведен благодарејќи му на моето верување во прекрасното евангелие кое Исус ни го даде, и затоа што сите мои гревови беа веќе опростени.
Не беа доктрините на црквите кои што ги премавнаа моите гревови, туку тоа беше Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот кои го направија ова. Оваа вистина беше во прекрасното евангелие. Јас бев спасен од сите мои гревови и постанав праведен не преку верувањето во само Исусовата крв, но преку мојата вера дека Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот се за мое спасение.
Уште едно нешто, јас морам да дадам благодарност за тоа што Светиот Дух слезе врз мене откако јас почнав да верувам во прекрасното евангелие. Сега Светиот Дух престојува во мене заедно со словото на Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот.
Јас му благодарам на Господа кој што ми го даде ова прекрасно евангелие и кој што ми дозволи да го проповедам истото верување од она како Исусовите Апостоли. Бог ме надари со Светиот Дух, дури и покрај тоа што единственото нешто што јас го направив е верував во прекрасното евангелие. Сега јас можам да ја доставам оваа порака со голема почест и убедување до сите луѓе на светот. Навистина јас можам да им речам дека верувањето во само крвта на Исус нема да ги премавне сите нивни гревови!
Но јас можам да им кажам нив дека сите нивни гревови сигурно ќе бидат очистени само ако тие веруваат во прекрасното евангелие, кое што кажува за крштевањето на Исус од Јован и Неговата крв на Крстот. Јас немам ни најмал срам пред Бога како што го проповедам ова прекрасно евангелие. Јас сега почитно можам да им го проповедам ова прекрасно евангелие да се биде поново роден од вода и Дух на сите луѓе на светот. Јас му давам благодарност на Господа. Јас му благодарам на Господа кој ми дозволи да пијам од живата вода на Светиот Дух со давањето на евангелието на водата и Духот.
Клинички тестови покажуваат дека вистинското евангелие е тоа на водата и Духот
Дали вие навистина примивте искупение на сите ваши гревови и престојот на Светиот Дух? Како можете да кажете дека евангелието е навистина вистинско? Еднаш јас извршив тестови врз луѓе кои беа скоро да веруваат во прекрасното евангелие дадено на нас од Исус. На една особа јас и ја проповедав само пораката на Исус Христовата крв на Крстот. На друга особа јас и го проповедав прекрасното евангелие на Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот. Резултатот беше дека особата која примила искупение за нејзините гревови со верувањето во само Исусовата крв рече дека таа мора да постојано биде опростувана за суштинските гревови. Но особата која веруваше во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и крвта, на другата страна, рече дека таа сега постанала совршено безгрешна особа.
Особата рече дека таа немала грев во нејзиното срце затоа што таа верувала во вистината дека Исус ги зел сите гревови и дека беше осуден за нив. Таа беше способна да го прими Светиот Дух од Бога затоа што таа веруваше во прекрасното евангелие кое што вели дека Исусовото крштевање од Јован ги очисти сите гревови на светот.
Причината зошто овој човек можеше да рече дека тој повеќе немаше грев во неговото срце беше затоа што тој го беше примил Светиот Дух во неговото срце преку неговото верување во прекрасното евангелие. Светиот Дух му го даде него уверението да рече дека тој нема грев во неговото срце. Бог го дава престојот на Светиот Дух на сите оние кои што веруваат во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот. Во кои ли Светиот Дух престојува? Светиот Дух им е даден како дар на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот.
Само со гледањето врз површинскиот феномен на Денот на Педесетницата предизвика многу луѓе да ја погрешно сфатат вистината за примањето на Светиот Дух и го оставија настрана евангелието. Луѓето мислат дека ако тие очајно се молат и го бараат Светиот Дух дека тие ќе бидат способни да го примат престојот на Светиот Дух. Долго време Христијаните ширум светот не ја имаа ни најмалата идеја за вистината, која вели дека некој може да го прими Светиот Дух со верување во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и крвта. Меѓутоа, сега многу служители Божји кои што го примиле престојот на Светиот Дух преку нивното верување во евангелието на водата и Духот, го проповедаат евангелието со помошта на Светиот Дух. Како резултат, многу луѓе преку целиот свет беа научиле да го прифатат ова прекрасно евангелие и да го примат престојот на Светиот Дух.
Бог им го дозволува да го почувствуваат престојот на Светиот Дух на луѓе кои што веруваат во прекрасното евангелие. Во Библијата, вели: „Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело“ (Дела ап. 2:17, МК Библија 1999 год.). Меѓутоа, секој мора да знае дека обидувањето да се прими престојот на Светиот Дух без знаење на прекрасното евангелие, е грешка. Нема друг начин за примање на престојот на Светиот Дух освен со верување во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот.
Откако Бог вели дека некој може да влезе во Царството Небесно само кога е поново роден од водата и Духот и само поново родените го поседуваат дарот на Светиот Дух, и нема двоумение дека на секој еден му е потребен престојот на Светиот Дух со цел да влезе во Царството Небесно. Како можете вие да мислите за престојот на Светиот Дух или за влегувањето во Царството Небесно без верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот? Нема друг пат кон Небесата освен со верување во прекрасното евангелие. Вие можете да го примите Светиот Дух само со верување во евангелието на Исусовото крштевање и Неговата крв. Исто како што плаќаме пари кога нешто купуваме, ние го примаме престојот на Светиот Дух кога ние веруваме во прекрасното евангелие.
Јас сакам да ви кажам вас дека ако вие навистина сакате да го примите престојот на Светиот Дух, вие морате прво да го знаете и да верувате во евангелието на водата и Духот. Тогаш вие ќе го имате чувството на примање на Светиот Дух. Вие можете да го примите Светиот Дух само со верување во прекрасното евангелие на водата и Духот. Бог сака да ве претстави вас со престојот на Светиот Дух.
Јас верувам во прекрасното евангелие и како што времето поминува, јас се чувствувам дури и посилно дека ова прекрасно евангелие кое што Бог ми го даде мене е најпрекрасното и најскапоценото нешто на светот. Јас се чувствувам благодарен кон Бога. Дали и вие се чувствувате исто вака? Ние сфаќаме да оние од нас кои што го примиле Светиот Дух се во голема мерка благословени од Бога.
Јас ви ја давам вас пораката како можете да го примите престојот на Светиот Дух со верување во прекрасното евангелие. Луѓето можат себе си да се одредат за да го примат Светиот Дух само со прифаќањето на ова благословено прекрасно евангелие на да се биде поново роден од вода и Дух.
Во Јован 7:38 Исус рече: „Кој верува во Мене - како што е кажано во Писмото - од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.“ (МК Библија 1999 год.) Ова значи да луѓето кои што примиле искупение на сите нивни гревови со верување во прекрасното евангелие, дека Исус Христос им го даде нив престојот на Светиот Дух. Живата вода на Светиот Дух ќе потече како река од нивните срца. Луѓето кои што веруваат во прекрасното евангелие ќе го почувствуваат потекувањето од Духовно живите води.
Дури и покрај тоа што јас порано бев посветен верник во Исус, пред да јас бидам поново роден преку евангелието на вода и Дух, немаше жива вода од Светиот Дух да потекува од моето срце. Меѓутоа, после откако јас дојдов до верување во прекрасното евангелие на водата и Духот, живата вода почна да потекува слободно од моето срце, точно онака како што е напишано во Библијата. Дури и во овој момент, живата вода на Светиот Дух потекува заедно со евангелието на водата и Духот кое што Бог ми го даде. Живата вода на Светиот Дух по цела година тече изобилно од моето срце. Јас почнав да ја извршувам работата на евангелист, проповедајќи го прекрасното евангелие, откако го примив престојот на Светиот Дух.
Мое сведоштво на вера после верувањето во прекрасното евангелие и примањето на престојот на Светиот Дух
Беше точно пред крајот на пролетта во моите рани 20 години. Таа пролет особено ме направи да размислувам за неизбежноста од мојата смрт. Мојот живот таа година беше означен со збунетост, празност и темнина заради гревовите во моето срце. Јас одев кон погрешната насока, со никаква идеја кон кој пат да се свртам. Моето тело постануваше болесно и празнината во моето срце растеше.
Заради моите гревови, јас бев во целосна очаеност и бев сигурен за причината за ова. Јас немав што друго освен да чекам за Божјиот суд на неочекуваниот крај на мојот живот и да се молам за искупение на моите гревови. „Ах, Господи, јас сакам да го примам искупението за моите гревови преку вера во Тебе пред да умрам. Исто Ти се молам излечија болеста во моето тело!“ Јас се молев и се молев.
Точно тогаш, нова надеж почна да излегува од длабочината на моето очајно срце. Моето срце беше исполнето со пожелност кон Бога, и беше жешко како огнена топка. Тоа не беше очај, тоа беше нова надеж која гореше како разбеснат оган во моето срце. Од тој ден натаму јас започнав нов религиозен живот, верувајќи дека Исус умре на Крстот за да ме спаси мене од моите гревови.
Не долго после тоа, јас имав доживување на зборување на јазици. Покасно јас продолжив да леам солзи преку мислата за крвта која Исус ја пролеа на Крстот. Јас бев толку благодарен дека Тој ја пролеал Неговата крв за да ме спаси мене од моите гревови.
После тој настан јас го оставив мојот стар живот и добив нова работа која што ми дозволи ја да чувам неделата света. Во тоа време, моето срце беше полно со љубов за Исус, и преполно со бескрајна благодарност кога и да се чувствував дека Исус ја пролеал Неговата крв на Крстот за да ме спаси од моите гревови. Мојот религиозен дух почна да расте, но тоа беше единствено основано врз зборовите на Исусовата крв на Крстот.
Меѓутоа, како што времето поминуваше, мојот религиозен живот почна да биде измачуван со страдања заради моите слабости и суштински гревови. Сите мои суштински гревови не беа целосно очистени затоа што моето верување беше само во Исусовата крв на Крстот. Јас се обидов да ги очистам моите суштински гревови преку молитви на покаение. Меѓутоа, молитвите кои што ги принесов со надеж на постигнување на Божјото опростение не можеа да целосно ги очистат моите суштински гревови. Сево ова беше вака затоа што јас не можев да ги чувам Божјите заповеди. Моите суштински гревови почнаа да се натрупуваат.
Дури и покрај тоа што моите гревови не беа целосно очистени преку молитвите на покаение, јас немав друг избор освен да продолжам да ги искажувам ваквите молитви. Јас верував дека секогаш кога ќе погрешев дека јас можев да ги очистам моите гревови преку молитви на покаение и со мислењето на Исусовата крв на Крстот. Колку подолго ја продолжував со мојот религиозен живот, толку повеќе моите суштински гревови се натрупуваа поради моите слабости. Моето страдање само се зголемуваше заради овие гревови.
Јас постанував Фарисејски Христијанин, и јас бев одреден за ѓакон и покасно како евангелиста, без разлика на мојот товар од моите гревови. Кога и да ја почувствував болката на моите суштински гревови, јас излегував надвор да го проповедам евангелието, мислејќи дека тоа беше единствениот начин да ја очистам мојата душа. Но моите суштински гревови не беа очистени преку ваквиот вид на вера основана врз доктрината на само- жртвување.
Јас дури го имав и чувството како да сум уловен од Сатаната. Јас паднав во осудение поради моите суштински гревови и дури и чувствував напон да умрам заради моите престапи. „Ти си погрешил, или не си?“ Сатаната продолжи да ме осудува и измачува со мојот грев.
Мојата вера беше на работ да пропадне. Јас сфатив дека јас не можам да ги очистам моите суштински гревови преку вера во само Исусовата крв и молитви на покаение, и конечно се најдов во состојба на вознемиреност.
Учејќи Калвинизам на теолошкиот семинар, јас постанав заинтересиран за причината на Исусовото крштевање од Јован. Јас ги прашав многуте професори зошто Исус беше крстен од Јован во реката Јордан. Но нивните одговори беа оние како стереотипните, како што се : Тој беше крстен за да ја покаже Неговата униженост или за да објави дека Тој е Синот Божји. Меѓутоа, овие одговори не беа доволни за да ја заситат мојата љубопитност.
Вистината за Исусовото крштевање од Јован ме предизвика да го познам прекрасното евангелие
После моето време на семинарот, моите гревови сеуште не беа очистени, и јас страдав под нивната тежина повеќе отколку пред тоа. Тогаш еден ден јас дојдов да разберам зошто Исус беше крстен и зошто Тој рече дека сета правда требаше да биде исполнета преку ова дело. Тоа беше прекрасното евангелие кое вели дека сите мои гревови беа положени врз Исус преку Неговото крштевање во реката Јордан. Бог ми помогна мене да ја сфатам оваа вистина преку Неговото напишано слово.
Откако го прочитав и препрочитав Божјото слово, во кое што прекрасното евангелие е запишано, јас конечно ја познав вистината дека сите мои гревови беа положени врз Исус преку Неговото крштевање од Јован и дека Тој беше осуден за нив на Крстот.
Ова беше кога јас сфатив дека престојот на Светиот Дух навистина дојде кај мене. Сите гревови во моето срце беа целосно опростени откако јас го разбрав и поверував во ова прекрасно евангелие. Гревовите кои што ме потопуваа во фрустрација и очај беа целосно очистени со силата на прекрасното евангелие. Овие гревови кои што не беа никогаш премавнати без разлика на моите бескрајни само-жртвувања и молитви на покаение, целосно исчезнаа и тоа наеднаш. Јас искрено му оддавам благодарност на Господа.
Јас зборувам вистината кога велам дека сите гревови на светот не можеа да бидат очистени само преку Исусовата крв на Крстот. Исусовото крштевање од Јован исто така водеше кон искупение на гревот. Сега секој еден треба да разбере и да верува дека сите гревови беа очистени благодарејќи му на прекрасното евангелие на водата и Духот. Јас го имам престојот на Светиот Дух во моето срце затоа што Јас верувам во прекрасното евангелие на водата и Духот, и словото на Божјото Сведоштво, со кое Тој сведочеше за Неговиот Син, беше доволно да ги истера сите гревови од моето срце. Јас го примив Светиот Дух како гулаб како резултат на мојата вера во прекрасното евангелие.
Од тој ден натаму, Светиот Дух работеше во моето срце, оспособувајќи ме мене да ја вршам духовната работа, со други зборови, да го проповедам прекрасното евангелие. Сега нема грев во моето срце. Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот носеа сведоштво за премавнувањето на моите гревови и ме водеа да го примам престојот на Светиот Дух. Алелуја! Јас го величам Господа. Светиот Дух тивко слезе врз мене како гулаб и почна да престојува во мене од денот кога јас дојдов да верувам во евангелието на водата и Духот. Тој почна да работи во моето срце понекогаш како гулаб, а други пати како експлозивна печка.
Сега вие можете исто така да го примите престојот на Светиот Дух ако вие го прифатите и верувате во прекрасното евангелие на водата и Духот. Зарем не сакате да го примите Светиот Дух и заедно со мене да го величате Господа со верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот? Зарем не сакате да заедно со мене работите во проповедање на прекрасното евангелие на водата и Духот на целиот свет? Прекрасното евангелие на водата и Духот ќе ве задоволи вас и ќе ви го даде престојот на Светиот Дух. Правдата Божја е откриена во евангелието од вера во вера. Ова е зошто престојот на Светиот Дух е даден само преку вера во прекрасното евангелие на водат и Духот.
Чудесните нешта кои што Светиот Дух ги направи за мене
Откако го примив престојот на Светиот Дух, јас почнав да работам во една нова црква со цел да го проповедам прекрасното евангелие. Светиот Дух ми овозможи да го моќно проповедам евангелието.
Во тоа време беше кога следниот инцидент се случи. Во градот каде што живеев, имаше кројач кој тргуваше со странски купувачи. Кројачот беше ѓакон. Тој еднаш застана кај локалниот хотел да трговии со некого и го видел нашиот постер таму. Тој беше привлечен од нашата покана, и се обидел да ми се јави. Тој се запозна со мене и рече дека живеел долго време во грев. После пет часови на советување од евангелието на водата и Духот, тој конечно ја препозна вистината на искупението на гревовите. Тој дојде да биде поново роден и исто така во тоа време го прими престојот на Светиот Дух.
Еве уште една приказна која се случи додека бев излезен да побарам зграда за црквата. Јас најдов прекрасна и пространа зграда. Но во тоа време јас немав доволна сума на пари за да ја земам под кирија зградата. За мене изгледаше невозможно да ја земам под кирија зградата за сметка земајќи го големиот недостиг на мојата проценка. Меѓутоа, Светиот Дух во мене рече: „Биди храбар и уверен.“ Изненадувачки, јас бев во можност да ја земам зградата и да ја извршувам Неговата служба благодарејќи му на Светиот Дух. Од тоа време натаму Светиот Дух ме направи да го проповедам прекрасното евангелие на водата и Духот. Светиот Дух, престојувајќи во моето срце е со мене дури и во овој момент, поттикнувајќи ме да им го проповедам прекрасното евангелие на сите луѓе. И јас ги гледам оние кои што го слушаат и веруваат во ова прекрасно евангелие како го примаат престојот на Светиот Дух.
Јас му благодарам на Светиот Дух кој ми ја даде способноста да го проповедам ова прекрасно евангелие. Јас знам дека и целиот мој живот не е доволно да пишувам за делата кои Светиот Дух ги направи за мене. Светиот Дух ми дозволува мене да живеам со живата вода која слободно тече од моето срце. Јас му оддавам благодарност Него кој престојува во моето срце.
Светиот Дух ја посади црквата која оди со Него преку евангелието на водата и Духот
Еднаш јас излегов во пустината да го проповедам евангелието. Во тоа време, Бог ме однесе кај едно мало гратче и јас сретнав една мала група луѓе кои што го бараа Бога. Бог ме водеше да им го проповедам нив евангелието, кое што ги направи нив да го имаат престојот на Светиот Дух. Тие исто го примија Светиот Дух со слушањето и верувањето во прекрасното евангелие. Светиот Дух ги водеше нив да бидат мои соработници, и јас дојдов да заедно со нив му го проповедам ова прекрасно евангелие на целиот свет.
Во тоа време тие беа само мала група на луѓе, не припаѓајќи и на ниедна религиозна вероисповед. Тие сакаа да живеат според Божјите зборови, но очајнички биле плачеле кон Бога за опростение на нивните гревови заради нивното ропство од грев. Светиот Дух ме водеше кај оваа група на луѓе и ме поттикна да им го проповедам ова прекрасно евангелие. Јас можев да видам дека Светиот Дух не имаше обете нив и мене приготвено за да се сретнеме едни со други. Бог ме водеше да го проповедам прекрасното евангелие на водата и Духот почнувајќи со жртвениот систем како што е напишано во книгата Левит, и луѓето го примија Светиот Дух преку словото на прекрасното евангелие.
Бог ја основа црквата на Светиот Дух заедно со овие верници во прекрасното евангелие. Светиот Дух ги одреди нив за Исусови ученици преку прекрасното евангелие. Сега се повеќе и повеќе овци почнаа да го примаат Светиот Дух и да влегуваат в црква.
Светиот Дух ме водеше да почнам мисионерска школа и да правам ученици. Тој ми помогна да ги поучувам луѓето на Божјото слово и да им помогнам нив да научат да бидат послушни со вера и да служат како Божји работници. Тој дозволи да работите на прекрасното евангелие да настануваа насекаде каде и да тие одеа, и Бог ги насади Неговите цркви преку нив. Светиот Дух ги беше водел Неговите служители да го проповедаат прекрасното евангелие на водата и Духот. Светиот Дух ги води праведните, кои го примиле искупението на гревовите, да се здружат со црквата и да бидат благословени да живеат праведен живот во овој свет.
Сатаната ги лажел луѓето од памтивека и тој ќе продолжи да го прави ова. Сатаната им вели на луѓето дека тие можат да го примат Светиот Дух преку молитви на покаение, постење или полагање на раце. Ова никако не е вистина. Луѓето не можат да го примат Светиот Дух преку молитви на покаение или преку рацеполагање. Тие можат да го примат Светиот Дух само кога тие се опростени за сите нивни гревови со верување во евангелието на водата и Духот, кое што Бог ни го даде нас. Ова е вистинското значење на престојувањето на Светиот Дух. Светиот Дух непрестајно ги водеше Исус Христовите ученици да го проповедаат прекрасното евангелие на водата и Духот со цел да им помогнат на други луѓе да го примат престојот на Светиот Дух.
Светиот Дух не водеше нас да ја извршуваме литературската служба ширум светот
Исто како Павле што го остави прекрасното евангелие во неговите посланија, Светиот Дух престојувајќи во моето срце беше катализатор за мене да го проповедам и распространам прекрасното евангелие на водата и Духот со пишување. Ова е причината зошто ние публицираме Христијански книги кои го содржат прекрасното евангелие, кое што ги води верниците да го примат Светиот Дух. Прво ние почнавме со мали трактати од само неколку страници, но скоро нашите книги содржејќи го прекрасното евангелие се распространија ширум светот.
Светиот Дух пребивајќи во мене водеше се повеќе и повеќе луѓе да влезат во црквата откако го примија искупението на гревовите со читање на книгите и верување во прекрасното евангелие. Многу повеќе од тоа, Тој не водеше нас да го проповедаме прекрасното евангелие во скоро 150 земји ширум светот, вклучувајќи ги и САД.
Светиот Дух ја поткинуваше црквата да се моли за светска служба и не водеше да го преведеме прекрасното евангелие на различни јазици за да многу различни нации можат да слушнат и да веруваат во него. Светиот Дух ме водеше да работам заедно со нови ученици во други земји и да го проповедам прекрасното евангелие таму заедно со нив. Јас му давам благодарност на Светиот Дух.
Светиот Дух ме исполна со восхит да го проповедам евангелието во Русија. Светиот Дух не водеше нас да се молиме и ни даде нас да се сретнеме со вистина- трагачи Руски евангелисти и да им го проповедаме прекрасното евангелие на нив. Тие тогаш го примија Светиот Дух исто како и нас, после слушањето и верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот.
Еден од нив, професор од националниот универзитет во Москва, ми го даде мене ова сведоштво откако го слушна прекрасното евангелие на водата и Духот.
„Јас верував во Бога 6 години, но јас верував без да навистина го разберам Него. Меѓутоа, откако слушнав за прекрасното евангелие на водата и Духот, јас имав силна вера и тивок конфорт во моето срце. Јас навистина му благодарам на Господа. Дотогаш јас мислев дека водев религиозен живот преку вистинскиот вид на вера. Мојот религиозен живот го содржеше само верувањето во крвта на Исус, кој умре за нашите гревови. Меѓутоа, јас не знаев дека Бог ги очистил сите мои гревови.
Јас тогаш се сретнав со поново родени пастири и слушнав за прекрасното евангелие кое Бог ни го даде, и научив дека јас бев сеуште грешник. Јас се обидов да повеќе се научам кое е значењето на да се биде праведен. Јас сфатив дека сите мои гревови беа положени врз Исус кога Тој беше крстен. Тоа беше прекрасното евангелие. Јас сфатив дека не само оригиналниот грев, но исто така моите дневни гревови и сите мои идни гревови беа положени врз Него преку Неговото крштевање. Јас придобив голема среќа на поново раѓање со слушањето и верувањето во ова евангелие на вистината.“
Многу Руси, вклучувајќи го овој професор, го примија Светиот Дух со слушањето и верувањето во прекрасното евангелие на водата и Духот. Сега црквата на Светиот Дух е посадена таму, и се повеќе и повеќе луѓе дојдоа да веруваат во прекрасното евангелие преку делата на Светиот Дух. Бог ги направи сите овие работи, и заради тоа јас му давам особена благодарност на Светиот Дух.
Светиот Дух пребивајќи во мене ме направи мене поново роден Христијанин, исто како и сите оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот, и сега јас му го проповедам евангелието на светот. Тој дозволи да нашите книги на прекрасното евангелие да постојано бидат преведувани не само на англиски туку и на многу други различни јазици ширум светот. Тој не направи нас да го проповедаме ова прекрасно евангелие преку целиот свет. Јас му давам благодарност на Светиот Дух. Вие исто така можете да го примите престојот на Светиот Дух. Бог сака да вие го имате престојот на Светиот Дух.
Многу луѓе се обидуваат да го примат Светиот Дух со повикувањето на Неговото име и принесувањето на очајни молитви кон Бога. Меѓутоа, обидувањето да се добие Светиот Дух без прекрасното евангелие на водата и Духот, кое што Исус ни го даде нас, е грешка. Велењето дека некој може да го прими Светиот Дух без Исусовото прекрасно евангелие на водата и Духот е лажно учење.
Дали Исусовите ученици го примија Светиот Дух без верувањето во прекрасното евангелие кое што Исус ним им го даде? Не, апсолутно не. Вие треба да знаете дека Светиот Дух на денешницава пребива во срцата на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот, и живата вода на Светиот Дух тече од нивните срца. Дури и во овој момент, живата вода на Светиот Дух тече од моето срце заедно со прекрасното евангелие. Алелуја, јас му благодарам на Господа.