• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-9] Евангелието на Исусовото Крштевање Кое не Направи нас Чисти (Ефесјаните 2:14-22)

(Ефесјаните 2:14-22)
„Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше, и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството. Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу: зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух. Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога,надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус,врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Што ги отуѓени луѓето од Бога?
Нивните гревови го направија ова.

 
Посвоеното дете поради сиромаштија
 
Половина век веќе помина од крајот на Кореанската Војна, но остави големи рани измеѓу Кореанскиот народ. По последиците на Кореанската Војна многу деца беа адоптирани во странство. Дури и покрај што силите на Обединетите Нации дојдоа во Кореа и многу ни помогнаа во тоа време, но сепак многу деца беа оставени без татко откако војниците си заминаа.
Многу од војниците на САД кои што овде имаа жена и деца ги оставија нивните фамилии и си се вратија дома. Многу од овие деца беа од нивните мајки тогаш оставени во сирачки домови и тогаш оттаму беа испратени на посвојување во странство. Тоа всушност беше многу среќно да овие деца може да најдат загрижувачки родители и да бидат многу добро одраснати.
Овие присвоени деца како што растеа сфатија дека тие изгледаат доста различно од нивните родители и нивните соседи, и тие научија дека тие беа присвоени од некоја многу далечна земја наречена Кореа. „Зошто моите родители ме оставија мене? Дали тие ме испратија во оваа земја затоа што ме мразат?“ Со нивната млада памет, овие деца едноставно не можеа да разберат што се случило.
Нивната љубопитност и омраза кон нивните вистински родители почна да расте со тандем и копнеж да ги сретнат нив. „Се прашувам како моите родители изгледаат? Како можеа да ме стават мене? Не. Изгледа имаа причина за ова.“ Тие имаа можеби многу погрешни разбирања и понекогаш можеби се чувствуваа многу омразително. И во други времиња тие изгледаат како да разрешиле да повеќе не мислат за тоа. Дури и пред да тие бидат свесни за тоа, времето поминало и децата пораснаа да бидат возрасни. Тие се венчаа, добија деца и самите створија фамилија.
Јас почнав да се интересирам за овие деца преку една програма на локалната телевизија. Во оваа програма, телевизискиот репортер ја интервјуираше една жена која сега живее во Германија и била посвоена. Оваа жена беше околу дваесеттина години во тоа време и студираше теологија. Најпрво, жената многу ги одбегнуваше репортерите затоа што не сакаше некој да знае дека таа беше присвоена. Репортерот ја убеди дека со потчинувањето на интервју таа може да помогне да се запре бранот на присвојување во странските земји. Жената се согласи.
Едно од прашањата на репортерот беше: „Што би им рекла ти на своите вистински родители ако ги сретнеш? За што си најљубопитна?“ Жената одговори: „Јас само не можам да разберам зошто ме дадоа на присвојување? Сакам да ги прашам дали тие ме мразеа.“ Нејзината биолошка мајка го виде интервјуто на телевизија и стапи во контакт со станицата, и рече дека таа сакала да се сретне со ќерка и. Ова е како тие две дојдоа да се сретнат.
Мајката отиде многу рано на аеродромот чекајќи ја ќерка и да стигне. Кога младата жена излезе од излезот, мајка и не можеше да стои таму и почна да плаче.
Овие две не се беа никогаш лице в лице сретнале. Првиот пат кога мајката ја виде својата порастена ќерка беше кога таа се појави на телевизија. Дури и покрај тоа што тие зборуваа различни јазици тие можеа да зборуваат со нивните срца, и преку емоционалните погледи кои што ги тие заменуваа. Тие се допреа едната другата по лице додека мајката се молеше за опростение за она што го направила. Се што таа можеше да направи е да плаче и да повторува дека и е жал.
Мајката ја одведе ќерка си дома и тие јадеа заедно. Наравно ќерката зборуваше само германски и мајката само Кореански така да комуникацијата не можеше да биде говорна. Но некако фактот дека тие се мајка и ќерка им дозволи да тие се разбираат. Тие имаа многу без- зборни разговори и се искажаа себе си со мимики и допирање на лицата и зборувајќи со нивните очи и нивните срца.
За време додека се врати во Германија, ќерката знаеше дека мајка и ја љубела неа. Истиот репортер кој беше ја убедил за првото интервју уште еднаш зборуваше со неа пред да си замине. „Немаше потреба да ја прашам мајка ми зошто таа ме дала на присвојување. Мајка ми дури и сега е сиромашна. Богатите луѓе во оваа земја се толку богати да тие возат странски возила, но мајка ми сеуште живее во сиромаштија.“ Дури и покрај тоа што јас не и го поставив тоа прашање на мајка ми и покрај тоа што јас не добив од неа одговор, јас можев да видам дека таа ме испрати за да ме спаси мене од сиромаштија. Ова е зошто јас не се чувствувам преморана да и го поставам тоа прашање, и затоа сега си заминаа сите двоумења и омрази од мене.“
 
 
Луѓето постануваат отуѓени од Бога поради гревот во нивните срца
 
Зошто ние стануваме одделени од Бога, и зошто не можеме да се приближиме кон Него? Жената која беше дадена на присвојување научи дека нејзината родителка, мајка, ја испрати неа за да ја спаси од сиромаштијата. Тоа е истото вистина од Бога? Бог не создаде нас во Неговото обличие. Што можеше нас да не раздели од Него? Одговорот е дека Сатаната го заведе човекот да изврши грев, и гревот го раздели него од Бога.
Оригинално, Бог го создаде човекот во Неговото сопствено обличие и најискрено го љубеше Неговото создание. Луѓето беа направи како објект за Божјата љубов и поседуваа повеќе усвишеност од кое и да е создание. Меѓутоа, паднатиот ангел наречен Сатана работеше да го отуѓени човекот од Бога. Сатаната го искуша човекот да не верува во Божјите зборови, и го направи него да јаде од плодот на дрвото на знаење на доброто и злото.
Човекот вака беше раздвоен од Бога поради неговиот грев. Човекот му беше непослушен на Бога. Човекот не јадеше од плодот на дрвото на животот кое што Бог му го даде, кое што дава вечен живот и кој што Бог го дозволи, но наспротив тој го јадеше забранетиот плод кој што му даде знаење за доброто и злото. Резултатот беше дека човекот беше раздвоен од Бога.
Претходно објект на Божјата љубов, човекот, не послуша и постана разделен од Бога заради неговата дрскост. Поради гревот кој што дојде да живее во неговото срце, човекот накрај беше отуѓенет од Бога. После тоа, човекот живееше одвоено од Бога за долго време и се пожали вака: „Зошто Бог не остави откако Тој не создаде нас? Зошто Тој не остави да направиме грев? Зошто Тој не испраќа во пеколот откако не направи слаби? Подобро ќе беше ако воопшто не не создадеше.“ Ние живеевме со многу прашања, исто како и љубопитност, двоумења и омраза пред да бидеме поново родени.
Кога јас ја видов присвоената жена на телевизија, ја сфатив дека врската помеѓу човекот и Бог е иста како и врската која таа ја имаше со својата вистинска мајка. Некакво искушение, погрешно мислење, клетва на каков и да било грев може да го раздели човекот од Бога под какви и да било состојби. Исто, јас разбрав дека дури и покрај што врската помеѓу Бог и човекот е основана врз љубов, сепак можно е да погрешни мислења постанат.
Исто како што мајката не ја испрати ќерка си поради омраза, така Бог се оддели Себе си од човекот не поради омраза но заради гревот. Бог нема причина зошто да го мрази човекот. Ние се љубиме едни со други. Причината зошто човекот останува разделен од Бога е дека тој постана грешник откако подлегна под Сатанската измама.
 
 
Бог веќе не прегрна нас преку Исус
 
„А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше, и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,“ (Ефесјаните 2:13-15, МК Библија 1999 год.). Господ беше крстен од Јован и ги зеде сите гревови на светот со цел да го укине законот на заповедите. Тој тогаш ја пролеа Неговата крв на Крстот со цел да го спаси човекот од неговите гревови и да му дозволи него да биде прегрнат од Бога. Бог сега ги прегрнал оние кои што се очистени од Него.
Дали сте можеле некогаш да замислите свет без вода? Не многу одамна јас отидов кај едно Библиско собрание во Инчон Сити, еден од најголемите порти во Кореа додека во тоа време неколку дена немаше вода од чешма и јас си мислев: „Луѓето не можат да живеат без вода.“
Ако Бог го направеше овој свет без вода за еден месец, тогаш би било невозможно да се живее во градовите заради мирисот, гнасотијата и цело продорната жед. Ние треба да ја разбереме значајноста на водата која што Бог ни ја даде нас. Исто како што водата е апсолутно неопходна за човештвото, крштевањето кое Исус го прими од Јован кај реката Јордан е рамноправно неопходно.
Ако Исус не дојдеше во овој свет да биде крстен од Јован, тогаш како можеа верниците во Исус да примат искупение на гревовите? Исто како што луѓето не можат да живеат без вода, секој еден на овој свет би требало да умре заради нивните гревови ако Јован не го крстеше Исус.
Меѓутоа, откако Исусовото крштевање ги одзеде сите наши гревови, ние сега можеме да се чувствуваме убедени во знаењето дека нашето срце веќе било очистено и дека ние сме биле благословени со спасение. Исусовото крштевање е од суштинско значење за нашата вера. Повеќе од тоа, Неговото крштевање ни е апсолутно потребно нас за да го примиме престојот на Светиот Дух.
Петар, еден од Исусовите ученици рече: „Образот на таа вода- крштевањето, - не спасува сега и нас.“ (1 Петар 3:21, МК Библија 1976 год.). Петровата изјава вели дека Исус беше крстен од Јован Крстителот и ја пролеа Неговата крв со цел да не спаси нас од нашите гревови. Исусовото крштевање, кое што ги очисти сите гревови на светот е вистинското евангелие.
Сега ајде да погледнеме кај страницата за мијалникот од бакар за кој е напишано во книгата Излез 30:17-21. „Господ му рече на Мојсеја: „Направи мијалник од бронза и подножје од бронза за миење. Постави го меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот. Тури вода во него, па Арон и неговите синови нека ги мијат своите раце и нозе со водата од него. Кога треба да влегуваат во Шаторот на средбата, или кога треба да се приближуваат до жртвеникот за служба, за да изгоруваат жртви паленици во чест на Господа, нека се измијат со вода, за да не загинат. Нека ги измијат своите раце и своите нозе, за да ја избегнат смртта: тоа е траен правилник за него и за неговите потомци во сите поколенија.“ (МК Библија 1999 год.).
Во шаторот имаше мијалник од бакар кој беше поставен помеѓу шаторот на средбата и алтарот, и кој што содржеше вода за миење. Ако овој мијалник не беше во шаторот колку ли гнасни ќе беа свештениците кои што ги принесуваа жртвите приноси.
Колку ли крв и гнасотија би ги исфлекосале свештениците кои беа принесувале толку многу дневни жртвени приноси за луѓето полагајќи ги нивните раце на главата на жртвата и после тоа заколувајќи ги? Ако немаше таму мијалник во шаторот, свештениците ќе постанеа многу валкани.
Ова е зошто Бог го припрема мијалникот за нив за да тие можат да се приближат кон Него со чисти раце. Грешниците ги полагаа гревовите свои со ставање на своите раце на главата на принос жртвата и потоа свештениците ја жртвуваа жртвата за Бога на нивно место. Бог го приготви мијалникот од бакар за да свештениците можеа да влезат во светото место, и за да тие можеа да се измијат со вода, ако не ќе умреа. Дури и свештеник не можеше да влезе во светото место додека беше исфлекосан со животинска крв. Ова е зошто свештениците ја измиваа сета нечистотија со водата од мијалникот со цел да се приближат кон Бога после принесувањето на жртви за луѓето.
 
 
Исусовото крштевање ги очисти сите гревови на светот
 
Преку Исусовото крштевање од Јован кај реката Јордан, сите гревови на светот беа положени врз Него. И Неговото целосно потопување во водата ја симболизираше Неговата смрт и Неговото излегување од водата го претставуваше Неговото воскресение. Со други зборови, Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот, ја исплати платата за гревот и умре на Крстот, Неговата смрт беше да ја плати цената за нашите гревови и Неговото воскресение ни даде нас вечен живот.
Ако ние не веруваме дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање, нашите срца ќе бидат полни со грев. Во тој случај, како е можно да ние се доближиме до Бога? Евангелието на искупението на гревовите не е доктрина од некоја вероисповед, но вистината од Бога.
Ние не можеме да го водиме нашиот живот на вера без совршеното знаење, со други зборови, ние не можеме да го победиме светот ако нам не не интересира дали Исус бил крстен од Јован. Како што на сите живи нешта потребна им е вода за да останат во живот, нам ние е потребно искупението на гревовите и водата на Исусовото крштевање со цел да живееме со вера и да влеземе во Царството Небесно. Исус мораше да биде крстен, да умре на Крстот и да воскресне со цел да не спаси нас од нашите гревови. Ова е евангелието на водата и Духот, во кое ние мораме да веруваме со целото наше срце.
Дури и покрај тоа што Исус беше распнат до смрт на Крстот, Тој не направи ништо што би заслужило ваква казна. Тој дојде на овој свет за да ги очисти нашите гревови, беше крстен на возраст од 30 години, и постана наш Спасител преку Неговата смрт на Крстот на возраст од 33 години. Бог сакаше да го направи човештвото Негови чеда без разлика колку кревки и грешни ние бевме. Тоа е зошто Исус беше крстен. Бог ни го даде нас искупението на гревовите и дарот на Светиот Дух во исто време.
„Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото Царство“ (Јован 3:3-5, МК Библија 1976 год.). Вие треба да знаете и верувате дека Исус беше крстен со цел да ги очисти сите наши гревови. Дури и ако еден е поново- роден Христијанин, ако тој не размислува за вистината дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање, неговото срце ќе постане извалкано. Затоа што ние сме телесни суштества, ние сме изложени да бидеме извалкани со грев дури и во нашиот секојдневен живот. Тоа е зошто ние секогаш мораме да живееме со вера, мислејќи на Исусовото крштевање, Неговата крв и Неговото воскресение. Оваа вера не држи нас се до денот додека влеземе во Царството Небесно.
Исус немаше друг избор освен да биде крстен и да умре за нашите гревови, така да ние мораме да веруваме дека со извршувањето на ова Тој ни донесе спасение. Нема ништо друго што ние мораме да правиме освен да веруваме во ова прекрасно евангелие со цел да бидеме избавени од гревовите на светот.
Ние му оддаваме благодарност на Господа, кој ни го даде нас евангелието на водата и Духот. Најголемиот дар кој што Бог ни го даде нас е што го испрати Својот Возљубен Син да не спаси нас од сите наши гревови преку Неговото крштевање и крвта.
Причината зошто ние не можевме да се доближиме до Бога и бевме приморани да живееме разделено од Него беше затоа што ние имавме грев во нашите срца. Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот и умре на Крстот со цел да го уништи ѕидот кој што го разделуваше Бога од човекот. Врската помеѓу Бог и човекот беше обновена со Неговото крштевање и крвта. Ние му благодариме Него за овие дарови. Љубовта на физичките родители спрема нивните деца е голема, но не е споредна со Божјата љубов, со која што Исус не спаси нас грешниците.
Исусовото крштевање и крвта се обете важни. Ако на овој свет немаше вода, дали тогаш секое живо нешто може да преживее? Без Исусовото крштевање, нема да има ниту еден без грев во неговото срце. Ако Исус не беше крстен и ако Тој не умреше на Крстот, ниеден немаше да прими искупение на гревовите. За среќа, Исус беше крстен и ја направи ултимната жртва за нас. Дури и покрај тоа што ние имаме недостатоци и сме несигурни, ние можеме да го примиме Светиот Дух со верување во Неговото крштевање и крвта на Крстот.

Луѓето кои веруваат во Исус Христовото крштевање и смртта на Крстот можат да се приближат кон Бога, да се молат и да го величаат Него. Ние сега сме способни да го величаваме Господа и да го обожаваме Него затоа што ние сме постанале Негови чеда. Ова е Божјата милост и благослов. Евангелието на крштевањето на Исус и Неговата смрт на Крстот е навистина чудесна. Ние сите можеме да примиме спасение и престојот на Светиот Дух со верување во ова прекрасно евангелие.