(Галатјаните 5:16-26, 6:6-18)
„Ви велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото, зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате. Но, ако Духот ве води не сте под Законот. А делата на телото се познати; тоа се: прељубодејство, блудство, развратност, бесрамност, идолопоклонство, вражање, омраза, препирка, љубомора, гнев, себичност, раздори, ереси; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!“ (МК Библија 1999 год.)
„А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи. Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера. Видете, колкави букви ви напишав со сопствена рака! Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст. Зашто ни самите тие, кои се обрезуваат, не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се фалат со вашето тело. А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот! Зашто ниту обрезанието е нешто ниту необрезанието, туку ново создание. И на сите, кои ќе го следат ова правило - мир и милост, на нив, и на Божјиот Израел. Во иднина никој да не ми досадува повеќе, зашто ги носам Исусовите рани во своето тело. Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух! Амин!“ (МК Библија 1999 год.)
Што треба ние да правиме за да одиме во Духот?
Ние треба да го проповедаме и следиме прекрасното евангелие.
Апостолот Павле напиша за Светиот Дух во неговото послание до Галатјаните. Во Галатјаните 5:13-14 тој рече: „Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто целиот Закон е исполнет во еден збор - во: „Љуби го својот ближен како самиот себе!“ (МК Библија 1999 год.)
Во кратки црти, пораката е дека откако сме биле спасени и ослободени од гревот со верување во прекрасното евангелие, ние не смееме да ја искористиме оваа слобода како можност да се занесеме себеси во похота на телото, но преку љубов ние мораме да си служиме еден друг и да го следиме прекрасното евангелие. Како што Бог не спасил нас од сите наши гревови, достојно е да ние го проповедаме евангелието. Павле исто така рече: „Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете да не се истребите еден со друг“ (Галатјаните 5:15, МК Библија 1999 год.).
Одете во Духот за да бидете исполнети со Светиот Дух
Во Галатјаните 5:16 Павле рече: „Ви велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото.“ (МК Библија 1999 год.) И во стиховите 22-26 тој рече: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!“ (МК Библија 1999 год.) Овде Павле ни кажува нас дека ако ние одиме во Духот, ние ќе ги носиме плодовите на Духот. Светиот Дух бара од нас да одиме во Духот. Но ние живееме во тело.
Ние човечките суштества сме родени со месо кое што не може да ги носи плодовите на Духот. Дури и ако се обидевме да одиме во Духот, нашата природа не може да биде промената. Тоа е зошто само оние кои што го примиле престојот на Светиот Дух со верување во прекрасното евангелие можат да одат во Духот и да го носат плодот на Духот.
Кога Библијата ни кажува нас да одиме во Духот, тоа значи дека ние треба да го проповедаме прекрасното евангелие за да и други исто така можат да бидат опростени за нивните гревови. Ако ние живееме за ова прекрасно евангелие, ние ќе го носиме плодот на Духот. Со други зборови, тоа не е прашање на промена на човечката природа. Кога ние одиме во ова прекрасно евангелие, ние можеме да ги носиме плодовите на Духот, тоа се: љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верноста, кротост, самоконтрола. Плодовите на Духот ни помагаат нас да спасиме други од нивните гревови за да имаат вечен живот.
Страстите на телото против желбата на Духот
Павле рече: „Зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате“ (Галатјаните 5:17, МК Библија 1999 год.). Откако ние, кои сме искупени, ги поседуваме страстите на телото и желбите на Духот во исто време, овие два елемента се противат еден на друг. Резултатот дека ниту едно не може да ни го целосно исполни срцето.
Духот не води нас да пожелуваме, од длабочината на нашите срца, да го проповедаме прекрасното евангелие и да му служиме на Бога. Тој не прави нас ревносни да се вклучиме во духовната работа. Ни помага да спасиме луѓе од нивните гревови со проповедање на прекрасното евангелие Божјо.
Но на друга страна, нашите желби ги поттикнува страстите на телото за да ние не можеме да одиме во Духот. Ова е вечниот конфликт помеѓу Духот и страстите на телото. Кога особата е распалена со страстите на телото, тој/таа завршува правејќи одредби за телото. Телото ги става своите копнежи против Духот. Тие се во противност едно на друго, за да ние не ги правиме делата кои што сакаме да ги правиме.
Тогаш што е вклучено во одење во Духот? И каквите дела му се угодни на Бога? Бог рече дека проповедањето и следењето на прекрасното евангелие е живот на одење во Дух. Тој им дава на срцата да одат во Духот на оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух, за да тие можат да водат духовен живот. Заповедта која Бог ни ја даде да одиме во Духот беше совет и наредба за нас за да спасиме други од нивните гревови со проповедање на прекрасното евангелие. Одење во Духот значи живеење на живот кој му е угоден на Бога.
Со цел да одиме во Духот, ние мораме најпрво да го имаме престојот на Светиот Дух во нас. Ние прво треба да веруваме во прекрасното евангелие кое што Бог ни го даде нас ако пожелуваме да го примиме Светиот Дух кој што престојува во нас. Ако ние не веруваме длабоко во нашите срца во прекрасното евангелие, ние нити ќе го примиме престојот на Светиот Дух нити пак ќе примиме спасение од грев.
Духот ни дава нас желба да го проповедаме прекрасното евангелие, да го славиме Господа и да му донесеме Него слава. Оваа желба доаѓа од срце кое што е посветено на Бога и на проповедање на прекрасното евангелие на целиот свет. Таа исто така доаѓа од срце кое посакува да направи се што е потребно да го проповеда прекрасното евангелие. Оние кои што веруваат во прекрасното евангелие и го примаат Светиот Дух откако се опростени од сите нивни гревови се способни да одат во Духот и да се посветат себеси за проповедање на евангелието. Ова е нивна духовна наследност одозгора.
Оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух доаѓаат да му се покоруваат на Светиот Дух и да одат во Духот, дури и покрај што тие ги имаат страстите на телото затоа што Светиот Дух престојува во нив. Павле рече: „Одете во Духот.“ Што тој мислеше со ова е дека ние мораме да го проповедаме прекрасното евангелие на водата и Светиот Дух кое Исус ни го даде нас за да можеме да им помогнеме на други да бидат опростени за нивните гревови.
Понекогаш додека одиме во Духот, ние одиме според телото. Страста на телото и желбата на Духот се борат едно против друго во нашиот живот, но што ние треба да знаеме и да јасно познаеме е дека оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух треба да живеат живот одејќи во Духот. Само на овој начин ние ќе бидеме способни да живееме живот исполнет со благословот Божји. Ако оние кои го имаат престојот на Светиот Дух одбиваат да носат плодови од Духот, тие завршуваат загинувајќи со носењето на плодовите од телото. Нивниот плод е распадлив и мизерен. Во тоа лежи причината за нас да живееме со одење во Духот.
Ние сме слушнале „Одете во Духот,“ но некои од нас можат да мислат „Како можам да го сторам ова, кога не можам да го осетам Светиот Дух во мене?“ Некои од нас мислат дека ние можеме да само го препознаеме престојот на Светиот Дух ако Бог се појави и директно ни зборува нас. Но ова е погрешно разбирање. Духот ни дава желба да живееме за прекрасното евангелие на водата и Духот.
Можеби ќе бидат времиња кога ние сме сигурни дека Светиот Дух престојува во нас но ние не можеме да го осетиме Него затоа што ние одиме според телото. Некои можат дури и да мислат дека Тој спие во нас. Тоа се оние кои што го примиле Светиот Дух но сеуште одат со телото.
Овие луѓе само го утешуваат нивното тело и прават како тоа им диктира, но страдаат на крајот поради делумните барања на телото. Дури и оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух настојуваат да живеат според страстите на нивното тело, затоа што тие мислат дека е природно да го прават ова. Но оние кои му се предаваат на телото накрај постануваат робови на телото.
Господ ни кажува нас да живееме според Духот. Ова значи служење на прекрасното евангелие. Тоа исто така значи дека ние мораме да се посветиме себеси целосно на прекрасното евангелие на водата и Духот. Радување во евангелието и живеење со него е да се живее според Духот. Ние треба така да живееме со учењето што значи да се оди во Духот. Дали вие одите во Духот?
Може ли особата која го нема престојот на Светиот Дух да оди во Духот?
Оние кои што не се поново родени не знаат што значи да се оди во Духот. Така, многу луѓе се обидуваат да го примат Светиот Дух и копнеат за тоа на нивен сопствен начин. Тие мислат дека чинот на посакување на Светиот Дух е исто како да си исполнат со Светиот Дух.
На пример, кога луѓето се собираат на одредени цркви на служба, министерот се моли гласно и секој еден почнува да плаче во името на Господа. Некои од нив почнуваат да зборуваат на јазици како да тие биле исполнети со Светиот Дух, но ни еден, нити тие самите, можат да разберат што тие говорат. Додека некои од нив паѓаат на земја и нивните тела почнуваат да се препелкаат во екстаза. Тие се сигурно обземени од демони но тие мислат дека тие го примиле Светиот Дух. После доаѓа забуна кога луѓето викаат: „Господи, Господи!“ Тие го повикуваат Господа, пролеваат солзи и плескаат во нивните раце. Феноменот е често наречен: „да се биде исполнат со Светиот Дух.“
Министерот зборува на јазици додека ја тресе говорницата и луѓето извикуваат: „Господи, Господи!“ Тие го сакаат ваквиот вид на атмосфера и некои дури велат дека тие виделе привидение на дрвото на познавање на доброто и злото во Градината на Еден и Исусовото лице за време на нивниот несвесен транс. Тие лажно зачнуваат такви работи како начин да се добие Светиот Дух, да се биде исполнат со Него и да се оди во Него. Нивните погрешно водени дела резултираат од нивните погрешни разбирања за словото Божјо и Светиот Дух.
„Одете во Духот.“ Ова е што Господ им вели на оние кои што се поново родени. Тоа значи извршување на дела кои му се угодни Него. Павле ги спореди делата на телото со плодовите на Светиот Дух. Тој рече: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата“ (Галатјаните 5:22-23, МК Библија 1999 год.).
Да се „оди во Духот“ значи да се проповеда прекрасното евангелие и да се спасат други од нивните гревови. Ако го правиме ова, ние ќе бидеме способни да ги носиме плодовите на Духот. Плодовите на Духот се: љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола, и ние ќе бидеме способни да ги носиме овие плодови само кога живееме преку прекрасното евангелие. Ако некој го служи и го проповеда евангелието жртвувајќи се себеси за него, тогаш тој може да живее духовен живот исполнат со Светиот Дух.
Како плод на Духот „добрината“ значи правење на добри дела. Тоа исто така значи и милосрдие. Одржување на милоста за евангелието и правењето на нешта за полза на други е добрина.
И „љубезност“ е да имаш сочувство за луѓе. Оној кој е милостив на други го служи евангелието со трпение и љубезност ќе биде во мир. Оној кој оди во Духот е радосен да ја види работата на Господа извршена, љуби да ја извршува Неговата работа, ги љуби другите и е верен во сите работи. И покрај тоа што никој не им даде нив задолжителна обврска да прават вака, оној кој го има престојот на Светиот Дух е верен во Неговата работа се додека е извршена. Тој/таа е кроток и одржува само- контрола. Тој го има плодот на Духот. Особата која го има Светиот Дух во него мора да оди во Духот. Ако тој/таа го прави ова ќе биде способен да го носи плодот на Духот.
Вие исто така можете да го носите плодот на Духот ако вие одите во Духот. Но ако вие не одите во Духот, вие ќе завршите одејќи во страстите на телот. Писмото вели во Галатјаните 5:19-21: „А делата на телото се познати; тоа се: прељубодејство, блудство, нечистота, развратност, идолопоклонство, вражање, омраза, препирка, љубомора, гнев, себичност, раздори, ереси; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство.“ (МК Библија 1999 год.)
Делата на телото се очевидни
Делата на телото се очевидни. Првото дело на телото е „прељубодејство,“ кое што значи да се заведеш во непристојна врска со спротивниот пол. Второто е „блудство.“ Третото е „нечистота.“ Четвртото е „развратност,“ кое значи да се биде похотлив. Петтото е „идолопоклонство,“ кое значи да им служиш на идоли не на Бога. Шестото е „вражање.“ Седмото дело е „омраза.“ Ако човекот без Светиот Дух оди по телото, тој не може друго освен да ја покаже својата омраза спрема други според неговата грешна природа. Осмото е „препирки.“ Ова значи препирање со нашите пријатели и фамилија. Другите се: „љубоморства, избувнување на гнев и себични амбиции.“ Сите овие се карактеристики на луѓето кои што одат во телото.
Десеттото дело е „раздор.“ Кога човекот оди само според телото, невозможно е за него да ја врши работата на црквата и накрај тој ќе ја напушти црквата од сопствена одговорност. Единаесеттото е „ереси.“ Оној кој оди во телото прави онака да ја задоволи својата сопствена желба. Но тој таквиот живот е сосема различен од волјата Божја така да тој накрај се одвраќа од прекрасното евангелие. Ерес значи избегнување од библиската вистина. Ниеден кој има вера во словото Божјо и оди во Духот доаѓа до одвраќање од волјата Божја. „Зависи, убиства, пијанства, срамни гостувања и слични“ се исто така дела на телото. Оние кои што одат само според телото практизираат вакви дела на крајот. Тоа е зошто Господ вели: „Одете во Духот.“ Ние, кои сме поново родени, треба да одиме во Духот.
Оние кои што не се поново родени немаат ништо друго освен похотите на телото во нивните срца. Тоа е зошто тие се наоѓаат зафатени во „блудства, нечистотии, развратности и идолопоклонство.“ Лажните служители кои не се поново родени практизираат „вражања“ врз нивните следбеници за да ги убедат нив да принесуваат многу пари. Тие им даваат важни должности и високи позиции во црквата на оние кои што најповеќе принесуваат. Оние кои што живеат по телото ја покажуваат својата „омраза“ спрема други. Тие ги разделуваат црквите во многу вероисповедувања, се фалат со нивните вероисповеди и ги назначуваат другите како еретици. „Љубомора, гнев, себичност, раздори, ереси, зависти“ се во срцата на оние кои не се поново родени. Тоа истото ќе биде и за нас светиите ако ние одиме само според телото.
Духот ги прави поново родените Христијани да го носат плодот на Светиот Дух
Оние кои што се поново родени мораат да живеат за да го проповедаат прекрасното евангелие. Како што ни е нас претешко да само го следиме Господа, ние мораме да ја извршуваме работата на служба на прекрасното евангелие со соединување со Божјата црква. Ние мораме да се молиме заедно и да си ги посветиме нашите сили да постанеме некој кој оди со прекрасното евангелие на Духот. Луѓето кои што одат во Духот живеат за да го проповедаат евангелието на водата и Духот. Со други зборови, одењето според телото значи да се живее само за себе си додека одењето во Духот значи да се работи за спасување на душите од други. Многу поново родени Христијани водат ваков вид на прекрасен живот. Тие живеат за доброто на други.
Има преголем број на луѓе во светот кои што немаат никогаш слушнато за прекрасното евангелие. Ние ги љубиме луѓето во Африка и Азија. Ние ги сакаме сите во Европа и Америка исто како и луѓето од изолираните острови. Ние треба да им ја покажеме нашата љубов со тоа што ќе ги запознаеме нив со евангелието на водата и Духот.
Ние треба да одиме во Духот. Нема закон против ова. „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата“ (Галатјаните 5:22-23, МК Библија 1999 год.). Дали постои таков закон кој е против ова? Не. Ова е законот на Духот на кој што ние треба да му се покоруваме. Павле ни рече нас да одиме во Духот. Исто како што нашиот Господ го даде Неговиот живот за грешниците, ние мораме да им го проповедаме евангелието на други. Спасувањето на други од нивните гревови е одење во Духот. Ние треба да одиме во Духот.
Павле рече во Галатјаните 5:24-26: „А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!“ (МК Библија 1999 год.) Ние мораме да живееме за да ги спасиме изгубените души ако живееме во Духот. Ние би требало да ја извршуваме работата на Светиот Дух и треба да одиме во Него. Светиот Дух кој што Бог ни го даде нас не води нас да живееме со Исус Христос во нашите срца. Светиот Дух е Царот на љубовта. Бог не користи нас како возила за Неговата љубов.
Павле рече: „А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти“ (Галатјаните 5:24, МК Библија 1999 год.). Тој исто така рече дека оние кои што се поново родени умреле заедно со Исус Христос. Оние кои што се навистина поново родени веќе умреле со Исус Христос. Ние не го сфаќаме тоа, но ние умревме со Исус Христос кога Тој беше распнат за да исплати за нашите гревови. Со други зборови, фактот дека Исус Христос беше распнат значи вие и јас умревме заедно со Него на Крстот. Неговата смрт е наша смрт и Неговото воскресение го симболизира нашето гарантирано воскресение. Ти и јас живееме и умревме во Исус Христос преку нашата вера. Ние треба да имаме вера. Нашата вера не води нас да одиме во Духот.
Бог ни ја даде нас силата да одиме во Духот. Заради тоа, ние кои сме опростени за сите наши гревови треба да одиме во Духот. Оние кои што го примиле Светиот Дух мораат да бидат благодарни за тоа што нивните гревови беа опростени и треба да се посветат на проповедување на прекрасното евангелие за спасение на изгубените. Дури и покрај што еден е опростен за неговите гревови и поново роден, тој ќе биде разделен од црквата Господова и неспособен да му служи Него ако тој живее според похотите на телото. Вие и јас треба да живееме според евангелието на водата и Духот се до Денот на нашиот Господ Исус Христос.
Никогаш не постанувајте суетно славољубијци но живејте во полноста на Светиот Дух
Павле рече: „Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!“ Што е суетно славољубие! Тоа да се оди според похотите на телото. Има многу луѓе на овој свет кои живеат за нивното сопствено суетно славољубие. Многу луѓе натрупуваат пари, суштествуваат за врховенство, ја љубат светската убавина и живеат за сега и овде. Нема верност во ваквите, и тие ќе се распаднат и исчезнуваат како што времето поминува. Тоа е зошто луѓето кои што одат според телото се наречени суетни славољубијци. Дури и ако луѓето имаат богатства, дали има вистински мир и задоволство во нивните срца? Плодот на телото накрај се распаѓа. Земските работи не им се од корист на душите на другите и се само за себеси. Тие се добри само за сопственото тело.
Библијата вели: „Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е штедлив, и пак е сиромав“ (Пословици 11:24, МК Библија 1990 год.). Оние кои што не се поново родени се обидуваат да заштедат премногу пари. Затоа што светските нешта се се за нив, тие немаат место во нивната внатрешност да се грижат за други. Тоа е зошто тие само сакаат да се грижат за нивниот сопствен живот. Но вели во Библијата дека има некои кои преку мера штедат, но тоа ги води во сиромаштија. Луѓето одат според похотите на телото, но резултатите се исти како да налеташ на провалник и да завршиш мртов. Сите овие работи се како резултат на себичното славољубие.
Оние кои што сакаат да ги следат желбите на Духот
Павле сакаше да живее живот во Духот. И тој така направи. Тој ни кажа нас да живееме добро преку словото Божјо. Тој рече во Галатјаните 6:6-10: „А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи. Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.“ (МК Библија 1999 год.)
Павле ги советуваше оние кои што го знаат словото Божјо да ги делат сите свои добра со нивните учители. Што тој мислеше со „сите свои добра“ е да му се угоди на Бога со спасувањето на изгубените души преку живот на одење во Духот и проповедање на евангелието. Оние кои што се поново родени треба да им се придружат на оние кои ги учат и да одат во Духот имајќи иста мисла, љубов и иста пресуда.
„Нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи.“ Добри дела значи да се спасат други од нивните гревови преку црквата. Павле ни рече нас да правиме се во истата мисла, во истата молитва и во исто посветување. Ние мораме да ја извршуваме работата Господова заедно.
Павле рече: „Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее.“ Овде, „изигрување“ значи „исмејување и презирање.“ Така „Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран!“ Значи да не го исмејуваме и презираме Бога. На пример, никој не смее да ги земе зборовите Божји лесно, преведувајќи ги нив во неговите сопствени зборови и да не успее да верува во нив. Павле рече: „Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее.“ Тоа значи ние кои сееме со телото ќе жнееме распадливост, но оној кој сее во Духот ќе жнее вечен живот.
Што ќе жнееме ако ние живееме според прекрасното евангелие на водата и Духот? Ние ќе примиме вечен живот и спасение од нашите гревови. Ние ќе ги жнееме плодовите на Духот со водењето на душите од други до искупение за нивните гревови и вечен живот преку благословот Божји.
Но како е со луѓето кои што живеат за нивното сопствено тело? Тие ќе жнеат распадливост и на крајот нема ништо друго за нив освен смрт. Нема ништо да остане од нив после нивната смрт. Човекот е роден со празни раце и умира со празни раце.
Ако тој ја извршува работата на спасување на други од нивните гревови, тие ќе го жнеат плодот на Духот и ќе имаат вечен живот. Но ако тој/таа продолжи да живее според похотите на телото, тој/таа завршува да жнее распадливост. Тогаш тој/таа ќе жнее проклетства и ќе ги пренесе проклетствата на други. Заради тоа, Павле, кој знаеше се за живеење со вера, не советувал нас да не живееме според телото.
„Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.“ Павле беше служител Божји кој одеше во Духот. Кога луѓето гледаат во Библијата дека тој одеше во Духот, некои можат да мислат дека Светиот Дух му одредил директно него да прави вакви работи како: „Павле оди лево и сретни некого“ или „Ти треба да го одбегнуваш човекот“, но ова не е точно.
Тој одеше во Духот со проповедање на евангелието на спасението на други и помагајќи им да ги спасат нивните души. Павле исто го служеше Бога со придружувањето на оние кои исто така одеа во Духот. Меѓу Христијаните, има луѓе кои што не одат во Духот но одат според похотите на телото. Тие не го примија Павле но му се спротивставија дури и го наклеветија. Павле рече дека тој не сакал да има нешто со оние кои се борат против и ги клеветат учениците на Исус Христос.
Ако вие одите во Духот, вие треба да живеете според и преку евангелието. Обрезаните го судеа Павле. Во Галатјаните 5:11 вели: „Ако пак јас, браќа, уште го проповедам обрезанието, зошто уште ме прогонуваат? Во тој случај се укинува соблазната од крстот!“ (МК Библија 1999 год.) Обрезаните беа оние кои што го залагаа практизирањето на обрезанието велејќи: „Дури и ако еден е поново роден преку вера во Исус, тој треба да биде обрезан. Ако тој не е обрезан во телото на неговото краекожие, тој не е чедо Божјо.“ Зошто тие го судеа него? Павле веруваше дека искупението и благословот на вечен живот доаѓаат само од вера во крштевањето на Исус и Неговата крв на Крстот. Тоа е што тој проповедаше.
Верата која ги прави луѓето праведни доаѓа од учењето на вистината и нејзино проповедање. Павле ја сметаше вистината за водата и Духот да е многу значајна. Тој веруваше дека оние кои што ја знаеја вистината можат да одат во Духот и дека немаше потреба да бидат обрезани. Ова е што тој проповедаше. Но обрезаните веруваа дека обрезанието беше суштински дел од верата на особата во спасението. Меѓутоа, нема друго евангелие освен она кое ние е доставено од Бога и затоа ние не смееме нити да му додаваме нити пак да одземаме нешто од него.
Кога Павле одеше во Духот, тој беше игнориран и суден од своите близни Евреи. „Сите оние кои сакаат да се покажат добри според телото, тие ве принудуваат да се обрежувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст. Зашто ни самите тие, кои се обрежуваат не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрежувате, за да се фалат со вашето тело. Никако да не се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот!Зашто ниту обрезанието е нешто, ниту необрезанието, туку новото создание“ (Галатјаните 6:12-15, МК Библија 1999 год.). И Павле им рече на обрезаните: „Сите оние кои сакаат да се покажат добри според телото, тие ве принудуваат да се обрежувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.“
Павле ги посрами оние кои што одеа според похотите на телото. Тие одеа според похотите на телото во дела и ги имаше многу луѓе како нив. Но Павле за заврши врската со нив. Павле рече: „Никако да не се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос.“ Исус Христос беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот и умре на Крстот за да го спаси Павле и сите луѓе онолку колку што Господ нашиот Бог повикува. Павле рече: „Преку Исус Христос светот беше распнат за мене и јас за светот. Зошто ниту обрезанието е нешто, ниту необрезанието, туку новото создание.“ Павле, кој беше мртов за светот, проживеа повторно преку Исус Христос.
Ние сме всушност мртви во Исус Христос. Но понекогаш ние ја забораваме оваа вистина. Ние мораме да веруваме во ова. Ако ние немаме вера во оваа вистина, ние сме сврзани со похотите на телото и со нашите фамилии, и ова не спречува нас да одиме со Господа. Нашето тело е толку слабо дури и што нашите фамилии не можат да ни помогнат да го следиме Него. Но сега ние сме распнати за светот. Како може мртов човек да им помогни на земските луѓе за земски работи? Луѓето кои што се мртви во овој свет не можат да ги поседуваат работите на светот.
Исус беше воскреснат. Неговото воскресение ни дозволи нас да сме поново родени во нов духовен живот. Овде ние имаме нова работа, нова фамилија, нова надеж. Ние сме поново родени луѓе. Ние, како војници небески, имаме должност да го проповедаме словото Божјо. Павле изјави дека тој постана човек со помагање на други да добијат спасение не преку физички разбирања, но користејќи духовни начини. Тој рече дека тој веќе умрел и дека беше поново роден преку Исус Христос. Ајде да се бориме да бидеме таков вид на луѓе кои се осмелуваат да дадат иста исповед од нашата вера.
Павле рече во Галатјаните 6:17-18: „А на сите кои ќе го следат ова правило - мир и милост, ним и на Божјиот Израел. Во иднина никој да не ми додева повеќе, зашто на своето тело ги носам Исусовите белези. Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух. Амин!“ (МК Библија 1999 год.) Павле ги носеше Исусовите белези. Тој не се грижеше за своето здравје за Господа со цел да оди во Духот. Тој дури и не можеше да пишува, и накрај го загуби и видот. Така да не малку од Павловите посланија беа запишани од неговите придружници како Тертиј, додека тој го говореше словото Божјо. Дури и покрај тоа што тој беше физички слаб, тој беше среќен да биде способен да оди во Духот и рече: „Затоа не се истоштуваме, па и ако се распаѓа нашиот надворешен човек, внатрешниот се обновува од ден на ден“ (2 Коринтјаните 4:16, МК Библија 1999 год.).
Павле не советува нас да бидеме вид на луѓе кои одат во Духот. Тој исто така вели: „Да се оди во Духот значи да се живее за евангелието.“ Ние треба да напамет носиме што значи да се оди во Духот. Ние не треба да собираме објекти на суетата на местото од да му служиме и да живееме за евангелието. Ајде да одиме во Духот со вера целиот наш живот.
Сега со верување во евангелието на водата и Духот, вистинскиот Дух е во нашите срца. Бог среќно ќе одговори ако се молиме во согласност на евангелието. Вие можете да ги носите плодовите на Духот тоа се : љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, верноста, кротост, самоконтрола, кога вие одите во Духот и живеете за евангелието. За да го проповедаме евангелието ние мораме да страдаме, да останеме толерантни, да тренираме љубезност и да им правиме добро на изгубените.
Плодовите на Духот доаѓаат во носење од оние кои ги спасуваат изгубените души со правењето на добро и проповедањето на евангелието кое ќе ги предизвика нив да го примат престојот на Светиот Дух. Ова е она што е потребно да се носат плодовите на Духот и да се оди во Духот.