• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-11] Да го Одржите Вашиот Живот Исполнат Со Светиот Дух (Ефесјаните 5:6-18)

(Ефесјаните 5:6-18)
„Никој да не ве мами со празни зборови, зашто заради тие нешта доаѓа Божјиот гнев врз непокорните синови. И така, не бидете нивни соучесници! Зашто некогаш бевте темнина, но сега сте светлина во Господа; живеете како деца на светлината, а плодот на Духот се состои во секаква добрина, во праведност и во вистина! Испитувајте што Му е угодно на Господа! И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината, туку подобро: прекорувајте ги! Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно. А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е. Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!” И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри; искупувајте го времето, зашто дните се зли! Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја! И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!“(МК Библија 1999 год.)
 
 
Што треба ние да правиме со цел да го задржиме нашиот живот полн со Светиот Дух?
Ние треба да се напуштиме себе си, да го Земеме нашиот крст и да ги одречеме нашите злобни мисли, посветувајќи се себеси за проповедање на евангелието.
 
Со цел да се „задржи живот полн со Светиот Дух,“ ние треба да се посветиме себеси за проповедање на евангелието. Да се живее живот исполнат со Светиот Дух, ние мораме прво да го примиме благословот кој што го прави Светиот Дух да престојува во нашите срца. Да се прими престојот на Светиот Дух ние мораме да го имаме овој вид на вера, тоа е, ние мораме да веруваме во евангелието на водата и Духот кое што Бог ни го даде нас. Со имање на оваа вера, ние ќе го примиме благословот кое го први Светиот Дух да престојува во нас.
Дали оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух сакаат да имаат живот исполнат со Светиот Дух? Наравно да сакаат. Но зошто некои од нив не можат да живеат ваков живот? Тоа е затоа што нивните сопствени проблеми земаат предност од работата Божја, значејќи дека тие не можат да одат со Него. Да се задржи живот полн со Светиот Дух, ние мораме да го научиме и да веруваме во словото Божјо. Најпрво од се, ајде да погледнеме во Библијата за да пронајдеме каков вид на живот и вера мораме ние да имаме.
 
 
Која е причината зошто некои луѓе не можат да живеат живот исполнат со Светиот Дух?
 
Прво, ние можеме да речеме дека тоа е така заради што тие не можат да се напуштат себеси. Библијата вели дека само оние кои се напуштаат себе си можат да одат со Господа. Откако постигањето на живот исполнат од Светиот Дух не е возможен преку сопствената сила, секој еден мора да има вера во престојот на Светиот Дух за да може да се напушти себе си. Дури и за оние кои што го примија престојот на Светиот Дух, тешко е да се напуштат себе си без да имаат некаква загриженост за Царството Божјо. Така за живот исполнат со Светиот Дух, ние мораме да му служиме на евангелието на водата и Духот. Само тогаш може особата да се напушти себе си и да живее како служител на правда.
Во Матеја 16:24-26 вели: „Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?“ (МК Библија 1999 год.)
Причината дека некои луѓе кои се поново родени не можат да живеат живот полн од Светиот Дух е затоа што тие не успеаја да се одречат од похотите на нивното тело. Дури и луѓето кои што го имаат престојот на Светиот Дух можат да го следат Светиот Дух само кога тие ќе се откажат од страстите на нивното тело. Има многу аспекти на живот според телото од кои што ние мораме да се откажеме со цел да го следиме Господа. Господ рече: „Нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи.“
Да се биде телесно наклонет е смрт, но да се биде духовно наклонет е живот и мир. Луѓето кои што пожелуваат да одат во Духот мораат да го напуштат животот на телото. Само оние кои што се осмелуваат да ја направат оваа жртва, можат да задржат живот исполнат со Светиот Дух. Ова е вистината за полноста со Светиот Дух.
Кого вие сакате да следите: Господа или светот? Според вашиот избор, живот полн од Светиот Дух или живот полн од страстите на телото, е ваш. Ако вие навистина сакате да живеете живот полн од Светиот Дух, изборот е ваш. Бог не спаси нас од сите наши гревови и ни го даде нас дарот на престојот на Светиот Дух. Но до вас е да изберете дали вие сакате живот исполнат од Светиот Дух. Со други зборови, животот исполнат од Светиот Дух не е предодреден или суден од Бога. Животот исполнат од Светиот Дух зависи само од волјата на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот.
 
 
Вие морате да ја имате волјата да живеете живот исполнат од Светиот Дух
 
Ако ја имате волјата да живеете живот полн од Светиот Дух, Бог ќе го дозволи тоа. Тој ќе ви помогне и ќе ве благослови. Но ако вие не го сакате тоа, вие морате да се откажете од животот полн од Светиот Дух.
Вие можете да го примите престојот на Светиот Дух само со вера во евангелието на водата и Духот но не преку вашата волја. Но да се живее и задржи живот полн од Светиот Дух целосно зависи од вашата волја.
Заради тоа, ако вие сакате живот полн со Светиот Дух, вие морате да ја прегледате вашата сопствена волја и да го прашате Бога на помош. Ако вие навистина сакате живот полн со Светиот Дух, Бог ќе ве благослови и ќе ги исполни нашите пожелувања. Но за да ја оствариме нашата цел, ние мораме да се одречеме од страстите на телото.
Второ, да се живее живот полн со Светиот Дух, ние мораме да го земеме нашиот сопствен крст. Ние мораме да живееме и да одиме според волјата на Бога дури и во тешки ситуации. Ова е она што значи да се живее праведен живот исполнат од Светиот Дух.
И трето, Господ рече: „Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?“ Ова значи дека следењето на Господа е важно во нашиот живот. Навистина, ако ние го следиме Него, нашиот дух и тело ќе просперираат но ако ние не го следиме Него и избереме да живееме живот самите од себеси, нашиот дух и тело ќе загинат.
Зошто ние не можеме да имаме живот полн со Светиот Дух? Причината е дека ние не се одрекуваме од нашите мисли, тоа се страстите на телото. Кога ние го следиме Исус, Духот го засилува внатрешното наше и затоа тој може да не води нас со голема убедителност (сила).
Во Ефесјаните 5:11-13 вели: „Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Оти за она, што го прават нечестивите кришум, срамно е и да се зборува. А се, што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи се што е јавно, светлина е.“ (МК Библија 1999 год.) Христијаните не треба да имаат заедница со неплодните дела на темницата. Но како ние ќе се занесеме себе си во неплодните дела на темнината, Бог ни кажува нас да ние ги нив откриеме. Ние треба да се засрамиме за нашите дела на темнината, затоа што е срамно дури и да се зборува за таквите работи кои се откриени и изобличени од светлината.
Кој е способен на откривање и зборување за сите овие срамни работи? Ако други, твоите браќа или сестри и служителите Божји не можат да ги откријат нив, вие самите треба да ги откриете нив. Речено е дека сите работи кои се откриени се направени јавни од светлината. Затоа ние треба да признаеме дека нашите злобни дела не се добри, и да бидеме водени од Светиот Дух да ги откриеме неплодните работи на темнината самите од себе или преку нашиот водич.
Во овој свет, сите работи кои се откриени завршуваат онака како што се изобличени, но во светот на Бога, сите откриени работи се направени јавни преку светлината, бидејќи она што го прави јавно е светлина. Откако ние сме далеку од совршени, ние извршуваме несвесно многу гревови во овој свет. Меѓутоа, кога ние ја излеваме светлината на словото Божјо врз нас ние постануваме свесни за одредени гревови и сме способни да ги признаеме нив. И така е тоа што ние доаѓаме да бескрајно да му благодариме на Бога.
Затоа што Исус ги зеде сите наши гревови и погрешенија, и сета Божја правда беше исполнета кога Тој беше крстен во реката Јордан, ние сме способни да бидеме откриени од светлината преку правдата Божја. Билиони на гревови кои што човештвото ги изврши беа положени врз Исус кога Јован го крсти Него. Тој е Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот, умре на Крстот за да биде осуден за нив, и беше воскреснат. Исус ги опрости сите гревови на човештвото и кога Тој рече: „Се сврши,“ (Јован 19:30, МК Библија 1999 год.), сите луѓе од човештвото беа спасени. Ние постануваме осветени преку нашата вера во она што Исус го стори. Откако нашите гревови се опростени, ние можеме повторно да дојдеме во светлината и да го праведно следиме Бога.
 
 
Бог ни рече нас да го искупиме времето
 
Павле рече дека ако ние сакаме да живееме живот полн со Светиот Дух, ние мораме да го искупиме времето. Во Ефесјаните 5:16-17 вели: „Искупувајте го времето, зашто дните се зли!Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!“ (МК Библија 1999 год.) Ако ние сакаме да живееме живот полн со Светиот Дух, ние мораме да го искупиме времето и да не бидеме неразумни. Ние треба да разбереме што е волјата Господова и да го правиме тоа. Ние мораме да одлучиме кое е повредно: живот верен на нашето тело или тој посветен на Бога.
Откако ние сме поново родени, Светиот Дух престојува во нас. Ако ние го примиме престојот на Светиот Дух, тоа значи дека нашиот Господар е Господ и Тој е наш Цар. Само Тој е наш Спасител и ние мораме да му признаеме Него дека Тој е апсолутно наш Бог. Тој е нашиот единствен Господар. Тој е Господарот кој ме направи, ми ги прости сите мои гревови и ме благослови. И Тој е Царот кој има власт над мојот живот и смрт, благослов или клетви. Ние мораме да признаеме дека Господ е Господар Самиот и Бог, така да ние мораме да му сме Него послушни целиот наш живот.
Ајде да видиме што вели во Филипјаните 2:5-11: „Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата; и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото.“ (МК Библија 1999 год.)
Павле рече: „Имајте ја во себе истата мисла.“ Тој рече: ова беше срцето на Исус Христос. Што Павле рече беше дека „истата мисла“ е од Исус, кој беше Бог Создадителот и дојде на овој свет за да ги спаси Неговите луѓе од нивните гревови според волјата на Неговиот Отец. Господ дојде на овој свет и ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање од Јован. И кога тој умре на Крстот, гревовите на светот беа премавнати со Него. Тој беше тогаш воскреснат на третиот ден и постана наш Спасител.
Причината зошто Исус Христос, Создадителот, дојде на овој свет беше за да не спаси нас. Тој ја покажа Неговата љубов за нас преку Неговото крштевање и крвта на Крстот. Сето Создание мора да се поклони пред Него и мора да ја благодарно цени Неговата љубов која ни даде нас опростение за грев со понижувањето Негово како создание дури и покрај тоа што Тој е Создадителот. Тоа е зошто целото создание треба да исповеда дека Тој е нивниот вистински Спасител. Тој не направи нас да исповедаме дека Тој не е само Господ на целото создание но исто така Господ на највисоката правда за нас.
Ние, кои веруваме во Бога и го имаме престојот на Светиот Дух, мораме да веруваме дека „Бог е за мене единствениот вистински Господар“ и да ја имаме љубовта на Исус Христос во нашите срца. Ние мораме да имаме вера дека ние не сме господари на нас самите но Исус Христос е господар наш, кој не создаде и спаси нас од сите наши гревови. Исто ние мораме исто така да имаме вера дека Тој е Господарот кој не прави нас да живееме благословен нов живот и приготвува се за нас и работи со нас.
Има многу луѓе кои откако се поново родени не сакаат да ги заменат господарите. Има многу кои го имаат престојот на Светиот Дух но инсистираат дека тие се господари на себеси. Животот полн од Светиот Дух е живот на следење Бога. Овој вид на живот не може да биде добиен во еден ден но е можен само кога ние веруваме дека Исус е Господар на нашиот живот, и Оној кој не создаде нас и целото создание во вселената. Ние мораме да имаме вера со цел да го служиме Исус нашиот Господ, Господар и Бог, кој што не спаси нас од гревовите и ни даде нас вечен живот во Царството Небесно.
Ние мораме да ја носиме вистината во нашата памет. Многу луѓе го живеат нивниот живот како господари на себеси. Тие заштитуваат и задржуваат власт врз нивниот сопствен живот. Но сега е време да се променат господарите. Ние сега сме постанати оние кои го знаат Бога, така да нашиот суштински/основен Господар е Господ.
Сите ние имаме грев во нашите срца и треба да бидеме осудени за во пеколот за нашите погрешенија. Но ние го најдовме Бога преку нашата вера во евангелието на водата и Духот. Бог не сака толку многу што Тој дојде на овој свет, ги зеде сите гревови со тоа што беше крстен од Јован и со умирањето на Крстот за да постане наш вистински спасител. И преку нашата вера во Бога, ние сме избавени од сите наши гревови. Со други зборови, ние го примивме престојот на Светиот Дух.
Библијата вели: „Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов“ (Римјаните 8:9, МК Библија 1999 год.). Кога ние го примивме Неговото искупение, тоа е, престојот на Светиот Дух, ние постанавме чеда Божји. Светиот Дух е Бог за нас и ние мораме да одиме во правдата Божја под инструкциите на Светиот Дух. Да се вака живее, ние мораме да се откажеме од господарството на себеси. Откако го сретнавме Исус и сме избавени преку Него, ние мораме да го направиме Него наш еден и единствен Господар.
 
 
Ние мораме престолите во нашите срца да му ги предадеме на Исус
 
Ние не можеме да го следиме Господа ако се сметаме себеси господари на нашиот сопствен живот. Кога Господ ни наредува да му служиме Него ние ќе речеме: „Да“ без задоцнување ако ние не сме наши сопствени господари. Инаку, ние би рекле: „Зошто да го правам тоа за тебе?“ Особата која е свој сопствен господар ќе одбие да прави што Господ сака од него да прави мислејќи: „Тој треба да ме праша како услуга да правам она што Тој сака.“ На ваквата особа Божјите инструкции не се ништо освен празни и досадни зборови.
Меѓутоа за да се биде исполнет со Светиот Дух, ние мораме да ја послушуваме Неговата заповед. Ние не можеме да бидеме крави кои се тргани на касапница, но наспротив ние мораме доброволно да го следиме Бога. Ние мораме да го следиме Бога, нашиот Спасител, кој не води нас по праведната патека. Бог е Господ, кој не благослови нас со спасение. Ако ние му служиме Него како наш Господар и ги чуваме Неговите правила, ние можеме да бидеме исполнети со Светиот Дух. Ако вие и членовите на вашата фамилија му го предадете царството ваше на Исус и го ставите Него нај горе од се друго, вие ќе имате милост и благослов во вашиот живот.
Вие можеби сте виделе слики како оние на човек кој што плови против бурен ветар и Исус стои позади него. Кога изгледа дека ние ги средуваме предизвикувањата во нашиот живот и ја вршиме работата на Господа, во суштина нашиот Господ Исус Христос е кој не води нас и ги држи нашите раце. Тој е Сесилниот Бог кој ги надгледува нашите животи. Тој не спаси нас. Тој не заштитува нас од Сатаната, не води нас и има власт над нашиот живот.
Откако Тој постана наш Господар, тој е способен да не раководи и да не благословува нас. Но ако ние не го признаеме Него како наш Господар, Тој не може да ја извршува улогата. Тој е личен Бог, Тој не не присилува нас да се покоруваме на Неговата волја. Дури иако Тој е Сесилен Бог, Тој не прави ништо за нас освен ако ние доброволно му служиме Него како наш Господар и побараме помош од Него.
 
 
Фрлете ги сите работи врз Него
 
Фрлете ги сите работи врз Него за да Тој може да го исполни Неговото Господство над нас. Служете Му Него и признајте дека Тој е наш Господар. Откако ние сме далеку од совршени, ние мораме да ги фрлиме сите работи врз Него и да ги предадеме сите должности на Него. Откако ние ќе ги ставиме нашите фамилии врз Него, дневниот живот и се друго на Него, ние ќе ја примиме Божјата мудрост и ќе постанеме способни да живееме како што Тој сака, средувајќи ги сите проблеми со вера и сила која Бог ни ја дал нас.
Нашите проблеми тогаш постануваат оние на нашиот Господар, кое што значи дека ако ние само го следиме Исус Сесилниот Бог, тој ќе ја преземе одговорноста за нас. Ние ќе бидеме способни да живееме живот полн со Светиот Дух и уживање во мирот кој пребива во Него. Како верни Христијани, ние мораме да се поклониме долу пред Бога, да го признаеме и да му служиме Него како наш Господар.
Ајде да видиме што вели во Филипјаните 3:3 за каков вид вера ние мораме да имаме за да живееме живот исполнат од Светиот Дух. „Зашто, ние сме вистинското обрезание; ние, кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото.“ (МК Библија 1999 год.) Што значи овде со „обрезание“ е оној кој го слави Бога во Духот, радувајќи се во Исус Христос, и нема никаква доверба во телото.
Да се живее како обрезание значи да се отсечат сите гревови во нашите срца и да се положат тие врз Исус, кој беше крстен од Јован. Оние кои се водени од Духот, должни му се на Духот за нивниот живот. Тие го служат Бога и се радуваат во Христос Исус велејќи: „Исус ме водеше мене да го живеам овој славен живот. Тој ме направи праведен и ме благослови. Тој ми ја даде сета милост за која јас имав потреба за да го служам Него.“ Ние треба вака да живееме. Ова е живот исполнат од Светиот Дух. Павле рече: „И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја“ (1 Коринтјаните 10:31, МК Библија 1990 год.).
Во Филипјаните 3:13-14 вели: „Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта - кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа.“ (МК Библија 1999 год.) Бог рече да ги заборавиме оние дела кои се позади нас во минатото, и да се стремиме напред кон оние работи кои се пред нас. Ние мораме да трчаме кон нашата цел. Без разлика на нашите праведни дела или согрешенија, ние мораме да ги заборавиме оние дела кои се зад нас и да се обидеме да се стремиме на напред кон оние дела кои се напред и да трчаме кон нашата цел. Оваа цел е да му служиме Него со држењето на Исус Христос преку верувањето во Него.
Ние сме далеку од совршени, така да ние сме способни да паднеме долу кога ги почувствуваме премамките на телото. Но со огледувањето кон Бога и имањето вера, ние можеме да ги отфрлиме сите наши слабости и беззаконија. Кога Исус Христос беше крстен од Јован и умре на Крстот, сите наши гревови беа положени врз Него. Кога Тој постана наш Спасител преку воскресението, нас ни беше даден нов живот благодарејќи на нашето верување во Него. Затоа, ние мораме да ги отфрлиме сите оние работи кои се зад нас, да се стремиме напред кон оние работи кои се напред и да трчаме кон нашата цел.
 
 
Да се одржи живот исполнет со Светиот Дух
 
Ние мораме да се стремиме напред кон оние работи кои се напред и да се трчаме кон повисоката цел. Јас се надевам дека можете што побрзо да ги заборавите минатите работи ако тие ви создаваат товар. Има многу работи кои не можат да бидат сторени заради нашите слабости, но тие не се за грижа бидејќи она што е важно лежи во иднината. Како што иднината е поважна, ние мораме да му го предадеме нашето царување на Исус Христос преку вера и да бидеме водени од Него. Ние мораме да му дозволиме Него да одлучи како ние да живееме во иднина и да правиме она што му е Него угодно.
 
 
Ние треба да живееме како што учениците живееја
 
Ние можеме да водиме живот исполнат со Светиот Дух само ако ние постанеме силни во нашата вера во искупението на гревот. Ова е многу важно. Ајде да погледнеме кај 2 Тимотеј 2:1-10. „И така, ти чедо мое, зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса! И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите! Поднесувај ги со мене страдањата, како добар војник на Христа Исуса! Никој, кој е во воена служба, не се заплетува во работите на овој живот, за да му угоди на оној кој го повикал во војската. Исто така, ако некој се натпреварува, не добива венец ако не се натпреварува прописно. Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси од плодовите. Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сè. Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие, за кое страдам сè до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано. Заради тоа издржувам сè заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса.“ (МК Библија 1999 год.)
Како што Павле му рече на Тимотеј, Светиот Дух ни вели нас: „Зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса! И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите!“
„Зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса!“ Да постанете силни во благодатта овде значи дека ние мораме да ја засилиме нашата вера во евангелието на водата и Духот со верување во Него и држејќи се на Него. Исус Христос дојде на овој свет за да ги прими сите наши гревови преку Неговото крштевање, умре на Крстот, беше распнат и постана наш Спасител. Ова значи дека ние треба