(Тит 3:1-8)
„Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе. Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастрастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.“ А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога, Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух, Кого изобилно го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станете по надеж наследници на вечниот живот.“ Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние, што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.“ (МК Библија 1990 год.)
Како можеме ние да живееме живот исполнат со Светиот Дух?
Ние треба да ја разбереме волјата Божја и да според неа го проповедаме евангелието.
Оние кои што веруваат во Исус и го имаат престојот на Светиот Дух мора да живеат живот исполнат од Светиот Дух. За Христијаните, живот исполнат од Светиот Дух е она што Бог бара. Ние мораме да ги следиме Неговите наредби. Тогаш како можеме да живееме живот исполнат од Светиот Дух. Ние треба да обрнеме внимание на што апостолот Павле рече за ова.
Што е потребно за да се живее живот исполнат од Светиот Дух?
Во Тит 3:1 Павле рече: „Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело.“ (МК Библија 1990 год.) Најпрво од се, Тој ни рече да им се покоруваме на властите и началствата, да сме послушни и спремни за секоја добра работа. На што тој мислеше беше дека ние не можеме да живееме живот исполнат од Светиот Дух ако не му сме покорни на законот на светот. Наравно, ако началствата на светот и правата одат спротивно од вистината, ние не треба да им се покоруваме. Но ако правата не ја прекршуваат нашата вера, ние мораме да им сме послушни нив за да го служиме евангелието во мир.
Ние сме оние кои ги примија престојот на Светиот Дух. Како можеме ние да бидеме способни да живееме живот исполнат од Светиот Дух ако ние ги прекршуваме светските права? Затоа, со цел да живееме живот исполнат од Светиот Дух, ние мораме да ги следиме правата на светот. Оние кои го примаат престојот на Светиот Дух мораат да се послушни на социјалните норми. Ние можеме да одиме со Бога само кога ние ги чуваме законите на светот.
Да претпоставиме дека еден од нас извршил кривичен прекршок на пат кон црква. Дали тој ќе биде способен комфортно да му служи на Бога? Како ќе биде тој способен да живее според Божјото учење ако тој живее надвор од законот? Ние не смееме да ги прекршиме социјалните норми додека одиме во Духот. Ништо добро не произлегува од прекршување на законот. Ние мораме да го чуваме мирот со послушност на законот. Ние мораме да се стремиме да живееме благочестив живот додека го проповедаме евангелието. Да се живее со полнотата на Светиот Дух, мудро е за светиите да се придржуваат на законите на општеството.
Ние мораме да чуваме понизност во внатрешноста на нашите срца
Павле рече: „Никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе.“ За да живееме живот исполнат од Светиот Дух, ние не смееме да зборуваме лошо за други, треба да сме мирословни, љубезни и да имаме понизност кон сите луѓе.
Во срцата на оние кои се поново родени, има понизност, самоконтрола и љубезност. Ова е можно заради Светиот Дух кој што престојува во нас. Павле ни кажа нас дека ние не смееме да го поткопуваме евангелието со тоа што ќе се тепаме еден со друг. Наравно, ние мораме да се бориме кога социјалното право е против евангелието. Но кога не прави така, ние мораме да живееме благонаклоно. Ние мораме да ги предизвикаме другите вака да мислат: „Иако е див како лав понекогаш, тој е навистина мирољубив како гулаб. Неговата вера во Христијанството можеби го прави него љубезен и чувствителен човек.“
Нема никаква љубезност или понизност во страстите на телото. Но преку престојот на Светиот Дух и преку Господа кој не спаси нас од нашите гревови, ние можеме да бидеме љубезни кон други. Опростувањето на некого кој направил ужасна грешка за мене значи е вистинско „опростување“ и однесувајќи се кон него со понизност од длабочината внатрешност своја е вистинска „понизност.“ Не е понизност за мене да се преправам да сум љубезен за некого за кого всушност имам омраза. Имање на срце полно со понизност и опростение е внатрешната моралност на поново родените Христијани.
Ние мораме да имаме кротост кога луѓето ни прават лошо. Се додека тие не настојуваат да му попречат на евангелието, ние мораме да бидеме љубезни кон сите. Но ако тие тоа го прават, ние треба да ја замениме светлината на љубезноста со светлината на вистината. Љубезноста е најдена само во вистината на Бога, така да оние кои што се спротивставуваат, го мешаат или го клеветат Словото Божјо не заслужуваат да бидат третирани со љубезност.
Бог не им опростува на оние кои се спротивставуваат но ги прави да ја платат цената. Бог му рече на Авраам: „Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат“ (Битие 12:3, МК Библија 1999 год.). Луѓето кои му се спротивставуваат на евангелието на вистината немаат начин да бидат спасени. Тие нема да бидат способни да ги избегнат катастрофите кои што ќе ги уништат не само нивниот живот но се до третата генерација на нивните потомци.
Зошто ние мораме да бидеме толерантни и понизени? Како што е напишано во Тит 3:3: „Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастрастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.“ (МК Библија 1990 год.) Ние бевме точно како овие луѓе пред да бидеме поново родени. Така да ние мораме да толерираме и да им опростуваме нив затоа што и ние еднаш бевме како и нив.
Во Тит 3:4-8 вели: „А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога, Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух, Кого изобилно го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станете по надеж наследници на вечниот живот.” Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние, што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.“ (МК Библија 1990 год.)
Според Библијата, Бог не не спаси нас од нашите гревови затоа што ние правевме добри дела. Тој ни го даде благословот на да се биде поново роден затоа што Тој не љуби и не сожали нас. Со други зборови, Исус Христос дојде на овој свет, беше крстен, умре на Крстот, беше воскреснат и така ги очисти сите наши гревови. Исус беше воскреснат и сега седи на десната рака на Бога. Со воскресението од мртвите, сите нецелосни дела во светот беа усовршени.
Бог не благослови нас со Светиот Дух преку Исус Христос нашиот Спасител. Исус Христос беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот и умре на Крстот за да сите наши гревови можеа да бидат опростени. Ние сме спасени и постанавме праведни.
Библијата вели: „Да станете по надеж наследници на вечниот живот.“ Ова значи дека ние, како наследници на Бога, сме оние кои го наследуваат сето Негово богатство и слава. Да се води ваков вид на благословен живот,ние мораме да живееме живот со полнотата на Светиот Дух. Вие мора да верувате во евангелието на водата и Духот, да бидете опростени за сите ваши гревови и да им го проповедате евангелието на други.
Заради тоа, имајќи опростение за нашите гревови ние треба да работиме за ползата на други, ние мора да ги чуваме законите на светот и да им го проповедаме евангелието на овие кои го бараат Бога. И ние мора да им опростиме на луѓето кои што ни прават лошо и да ги третираме нив со кротост и понизност за да тие ме можат да се мешаат во проповедувањето на прекрасното евангелие. „Ова е полезно и добро за луѓето.“ Ако вие копнеете за полнотата на Светиот Дух, вие морате да запаметите што Павле ни рече нас. Ова можеби нема да ви звучи како нешто особено, но овие зборови се многу значајни зборови.
Откако ние живееме во овој свет, ние не можеме да бидеме исполнети со Светиот Дух ако ние сме во кавги со други со непослушност на правилата на овој свет. Заради тоа ние мораме да сме покорни на законот освен ако е во конфликт со словото Божјо. Ние мораме да сме послушни на законот на овој свет. Дури и ако имаме вера, послушноста на законот е подобар избор ако сакаме да живееме живот таков исполнет од Светиот Дух. За нас да правиме добри дела, ние мораме да сме послушни на правилата на светот и да бидеме во добар однос со нашите комшии.
Дали вие сакате да живеете живот исполнет од Светиот Дух?
Ефесјаните 5:8-11 вели: „Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината! Зашто плодот на Духот се состои во секое добро, правда и вистина, -и испитувајте се што му е на Бога угодно! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!“ Оваа строфа ни кажува нас да живееме како чеда на светлината и да ги носиме плодовите на Духот.
Потоа, Ефесјаните 5:12-13 вели: „Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно. А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.“ (МК Библија 1999 год.) Овде Павле вели дека сите работи кои се откриени се јавни направени преку светлината. Ако праведната особа не може да живее праведно, тој/таа ќе биде откриена или од Бога или сам/а од себеси. Што се случува кога се пронајде дека особата прави дела на темнината, и е изобличено ова преку светлината? После признавање на неговите/ нејзините грешки, неговото/нејзиното срце е осветлено кога тој/таа ќе се соочи повторно со Бога. „А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.“ Добро е да се биде откриен преку светлината. Тогаш ние можеме да ги признаеме нашите беззаконија и да се вратиме кон Бога.
Ако ние навистина сакаме да живееме живот исполнат од Светиот Дух, ние мораме да имаме кротост во нашите срца. Дури и ако еден нема грев во неговото /нејзиното срце, тоа не значи дека тој/таа не мора да биде љубезен/а. Ние мораме да живееме со доброта и љубезност во нашите срца. Ние мораме да го проповедаме евангелието со мудрост и да се молиме за луѓето кои што не го знаат евангелието на водата и Духот за да тие можат да разберат и да бидат опростени за нивните гревови. И исто така ние не смееме да повредуваме други. Ние мораме да јадеме, спиеме и да живееме за евангелието исто како и да им служиме на други.
За да живееме живот полн од Светиот Дух, ние мораме да мислиме на важноста на времето и да го служиме прекрасното евангелие како мудри луѓе. Кога ние го љубиме светот, ние сме предмет на мамките на темнината и можеме да бидеме невнимателни во извршување на работата Божја. Заради тоа, ние мораме да ги насочиме нашите очи кон Господа и да правиме она што Тој сака. Додека веруваме во спасението кое што Бог ни го даде нас, ние исто така треба да бидеме претпазливи/будни во секое време. Мудар човек од Духот треба да биде посветен на проповедање на прекрасното евангелие ширум светот пред да светот постане исполнат со темнина.
Разберете ја волјата на Господа
Ние треба да се обидеме да се научиме што му е угодно на Бога. Ние мораме преку Неговата црква и слово да научиме што Тој сака да ние правиме. Ние треба да знаеме што ние можеме да правиме за да му угодиме на Бога и да ја сфатиме Неговата волја за нас.
Луѓето кои што се опростени за нивните гревови се оние кои што се поново родени и оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух. Оние кои што го имаат Светиот Дух во нив се навистина свети луѓе и чеда Божји. Тие мораат да живеат живот полн од Светиот Дух. Ова е должноста на сите светии. Ние не треба да ги опустошуваме нашите способности и сили на себеси, без разлика на потребите на други. Ние не треба да и попречиме на работата на Бога со одењето во текот на времето.
Ако ние сме осветени и сме го примиле преобразението преку љубовта Божја, ние мораме да постанеме добра особа со цел да продолжиме во и да ја извршуваме Неговата работа.
Телото на Божјите деца е далеку од совршено но тоа му е угодно на Бога; предвидено ние сме загрижени за волјата Божја и правиме добри дела. Но дури и оние кои што се поново родени способни се да им направат лошо на други ако тие живеат само за себе. „И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!“ (Ефесјаните 5:18, МК Библија 1999 год.) значи дека ние не смееме да постанеме пијани со страстите на телото но мораме да ги извршуваме делата на добротата.
Павле рече во Ефесјаните 5:19-21: „Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца! Благодарете Му секогаш за сè на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос! Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!“ (МК Библија 1999 год.) Ако ние сакаме да живееме живот полн од Светиот Дух, ние мораме да веруваме и да го проповедаме евангелието на спасението и да откриваме што Бог направил за нас.
Бог не благословува нас кога ние се молиме и тој ги запишал сите овие благослови во псалми и химни и духовни песни за да ние го величаме Него. Ние можеме да живееме благословени животи полни од Светиот Дух кога се молиме за оние кои што сеуште не се спасени и кога се молиме едни за други. Ние мораме да му благодариме на Бога од длабочината на внатрешноста на нашето срце и да го почитуваме Исус Христос, кој не спаси нас. Со овие мисли во нашите срца, ние мораме да сме способни да ги признаеме нашите погрешенија, да ја искажеме нашата благодарност за очистувањето на нашите гревови и да сме му послушни Него. Ова е што значи да се живее живот полн од Светиот Дух.
Ние мораме да му служиме на прекрасното евангелие до крајот на нашиот живот
Ние мораме да планираме добри дела и да ги бараме нив за поголема слава на прекрасното евангелие. Бидејќи здружени со Божјата црква, ние треба да се молиме заедно и да викаме кон Бога да ги спаси душите на сите. Има сеуште многу луѓе кои не можат да се поново родени затоа што не го знаат прекрасното евангелие дури и покрај тоа што тие го барале Бога. Ние мораме да се молиме за овие луѓе, велејќи: „Боже, те молам спаси ги исто така и нив.“ И ние не смееме да бараме себични дела но треба да ги принесеме нашите сопствености во служба на евангелието за да ги спасиме загубените. Живеење за душите на други и за проширување на Божјото Царство е правење на добри дела.
Извршување на ваквата работа значи живеење на живот полн од Светиот Дух. Живеење со полнотата на Светиот Дух не значи имање на способност да се зборува на јазици и да се извршуваат чуда, но да се научи како да му се угоди на Бога. Тоа значи да се верува во спасението кое што Бог ни го даде нас, славејќи и увеличувајќи го Бога со поеми и псалми. Да му благодариме, да го славиме и величаваме Бога со целото наше срце, и да му служиме Него со нашите тела како инструменти на правда е волја Божја. Следење на Неговите наредби значи живеење на живот полн од Светиот Дух.
Да се живее живот полн од Духот, ние мораме да сме покорни еден на друг. Ако некој нам ни дава совет, ние мораме да слушаме што тој/таа вели. На истиот начин, ако јас му давам на некого совет, тој/таа треба да слуша дури и ако не се согласува со мене. На ваков начин, ние мораме да живееме живот полн од Светиот Дух со послушноста еден на друг и извршување на работата Божја.
Да се живее живот полн од Светиот Дух значи прославување на Исус Христос
Живеење на живот полн од Светиот Дух значи да се чуваат заповедите на Исус Христос. Ајде да најдеме што ова значи со читање на Ефесјаните 6:10-13. „Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!“ (МК Библија 1999 год.)
Што значи да се живее живот исполнат со Светиот Дух? Тоа значи да се биде силен во Господа и имање на вера во Неговата сила. Тоа значи живеење со силата на Светиот Дух кој што престојува во нас и само преку нашата сопствена волја. Повеќе од тоа, тоа значи живеење на живот на молитва. Со молење, ние можеме да живееме моќен живот примајќи силни способности и благослови кои Бог ги дава. Живеење на ваков вид на живот значи облекување на Божјиот оклоп. Ние сме толку слаби да дури и да се обидеме да одиме со Него, да му служиме и да му сме послушни, ние не можеме да живееме живот исполнат од Светиот Дух освен ако ние се држиме на Неговите слова.
Верување во Божјите слова е од суштинско значење за присилување на нашата духовна сила. Дури и ако ние имаме вера, ние мораме да го облечеме целиот оклоп Божји со велењето: „Јас сум сигурен дека ќе биде како што е запишано во словото Божјо.“ Ова е верата која ни овозможува нас да живееме живот полн од Светиот Дух.
Дали некои од вас имаат проблеми на живеење на ваквиот живот? Тогаш запаметете ги зборовите на Светото Писмо и облечете го целиот оклоп Божји. Бог ни кажа нас да го облечеме целиот оклоп. Со земање на Неговите слова длабоко во вашите срца, вие ќе научите што значи да се облече целиот оклоп Божји. Без разлика на нашата средина и што други луѓе говорат, ние мораме да се држиме за зборовите на Бога. По ваков пат, ние ќе живееме живот полн од Светиот Дух.
Каде можеме ние да го добиеме ова верување? Откровение Јованово 3:22 вели: „Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!“ (МК Библија 1990 год.) Ние треба да слушаме што Духот и вели на црквата. Со други зборови, ние не можеме нити да ги слушнеме зборовите Божји нити пак да живееме живот полн од Светиот Дух освен преку и заради служителите Божји. Преку кои зборува Светиот Дух? Бог зборува преку светиите и сите луѓе на светот преку Неговите служители во Неговата црква.
Тоа е да се рече, вие треба да верувате дека учењата од Божјата црква се сигурно основани врз словото на Бога. Вие треба да ги прифатите учењата на црквата со оваа вера на памет. Ако Светиот Дух не престојува во проповедник, тој ќе биде способен да ги поучува своите сопствени мисли. Проповедникот кој го има престојот на Светиот Дух го проповеда Божјото слово под контрола на Светиот Дух. Ако тој не го прави ова но проповеда библиско неосновани зборови, Светиот Дух го прекинува него затоа што Тој престојува во неговото срце.
Светиот Дух е Бог. Авторитетот на Божјите служители е извонредно голема затоа што Бог престојува во нив. Во Новиот Тестамент, Исус му рече на Петар: „И ќе ти ги дадам клучевите на небесното царство“ (Матеја 16:19, МК Библија 1999 год.). Клучевите на Небесата се евангелието на водата и Духот. Со други зборови, ова евангелие е клучот за влегување во Небесата. Бог им ја даде власта на проповедање на словото Божјо не само на Петар но исто на секој служител Божји и на сите светии, се додека тие се поново родени и го имаат престојот на Светиот Дух.
Да се живее живот исполнат од Светиот Дух, ние мора да го облечеме сиот оклоп Божји. Ако ние немаме вера, ние мораме да ги чуваме напамет учењата на црквата секој ден со верување во власта на црквата и власта на служителите Божји. Дури и проповедта која ја слушна денес е бескорисна и не е директно соврзана со твојот живот, како и да е вие морате да ја слушате и да ја земете во вашето срце. Најдете ги зборовите во Библијата кои што се потребни за вашиот секојдневен живот. Држете се за нив. На ваков начин, вие ќе бидете особа на вера. Тогаш вие ќе бидете способни да живеете живот исполнат од Светиот Дух, да одите со Бога и да ја победите борбата против кнежевствата и владетелите на темнината на светот.
Вие можеби сте биле збунети затоа што вас ви било речено дека треба да им се покорувате на владетелите на светот, но сега како што јас реков дека вие треба да се борите против владетелите на темнината на светот. Во Римското време, Римскиот Император се нарече себеси Бог и законот бараше да сите него го третираат како Бог. Но ова беше нешто што Христијаните не можеа да го сторат затоа што беше против словото Божјо. Така Христијаните во тоа време немаа друг избор освен да се борат против Римскиот Император, кој ги правеше луѓето да му се поклонуваат него како да тој беше Бог.
Со цел да ја победиме борбата со ѓаволот, ние мораме да веруваме и да се држиме врз словото Божјо. Ако ние живееме според Божјото слово, ние ќе го придобиеме Неговиот благослов и ќе бидеме способни да го победиме ѓаволот. И покрај тоа што ние сме спасени, ние ќе ја изгубиме борбата против Сатаната освен ако се држиме врз словото Божјо. Бог не предупредува нас: „Вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта“ (1 Петар 5:8, МК Библија 1999 год.). Особата кој што не верува во словото на Бога може лесно да биде нападната од ѓаволот.
Дури и Исус не ќе можеше да го победи Сатаната ако не беше словото Божјо. „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога“ (Матеја 4:4, МК Библија 1999 год.). Тој го прогона ѓаволот преку вера во она што е напишано. И како е со нас? Ние имаме недостаток на мудрост и сме неспоредливи со Исус. Заради тоа ние треба да веруваме во словото и да се држиме дури и поцврсто за словото Божјо.
Ние треба да велиме: „Јас мислам зборовите се точни, но јас не можам целосно да верувам во тоа.“ Ние мораме да се држиме врз зборовите. „Јас верувам дека се ќе постане да биде вистина онака како што е напишано.“ Ова е правилната вера и ни дозволува нас да го облечеме сиот оклоп Божји. Луѓето кои што велат: „Се ќе биде онака извршено како што Бог рече“, ќе бидат благословени. Ако еден се држи за словото Божјо и се потпира врз него, работите ќе се подобрат според неговата вера. Дури и ако ѓаволот се обидува да не искушува, тој сигурно ќе избега ако речеме: „Јас верувам во словото Божјо. Јас верувам дека Неговото слово е точниот одговор.“ Ова е начинот како да се победи борбата против ѓаволот.
Ние треба да се држиме врз словото Божјо
„Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово.“ (Ефесјаните 6:13-17, МК Библија 1999 год.).
Во строфата: „И така, стојте цврсто! Препашани со вистината,“ словото Божјо е споредено со појас кој ја опашува половината. Ова значи дека ние мораме да ја опашиме нашата памет со словото Божјо. Тој ни кажува нас да го следиме словото на вистината за да ние можеме да бидеме во иста мисла со Бога. Но како што овој појас цврсто одговара околу телото, ние исто мораме цврсто да се приврземе себеси за словото Божјо. Кога сме со една мисла со Бога, ние нормално постануваме способни да веруваме и да речеме: „Јас верувам дека се ќе испадне да биде добро. Јас сум сигурен се ќе биде остварено како што Бог рече.“
Потоа, ние треба да го облечеме оклопот на правдата. Ние треба да го облечеме оклопот на евангелието на водата и Духот кое што вели дека Бог не спаси нас. Ние треба да ги опашеме нашите половини со вистина, имајќи го облечено оклопот на правдата. Ние мораме да го облечеме оклопот од бесценети камења. Ние мораме да ги облечеме нив во верување дека Бог ни ги опростил сите наши гревови. Ние мораме да веруваме во словото на Бога со целото наше срце. Ние мораме исто да го проповедаме евангелието на спасението кое што дава мир.
Откако ќе ги задржиме зборовите на погоре, ние треба да ги облечеме нашите нозе со подготовка на евангелието на мирот, и да одиме да им го проповедаме евангелието на спасението кое им го дава Божјиот мир на сите луѓе. Ако ние сме биле спасени од нашите гревови, ние доаѓаме до исповедање на нашата вера преку нашата уста. И секогаш кога нашиот грев и злобност се откриени ние мораме да ги очистиме нив со размислување на вистината дека Бог веќе ги опрости сите наши гревови. Тој го стори ова преку Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Ние мораме да живееме живот на слава благодарејќи му на Бога. Ние мораме да им го проповедаме евангелието на водата и Духот, кое што дава мир на секого кој што не бил избавен од неговите гревови.
Нај горе од се, ние мораме да се бориме против злите со штитот на верата. Кога Станата напаѓа, ние мораме да го протераме него со штитот на верата во една рака и со словото на вистината во другата рака.
Тогаш ние мораме да го ставиме шлемот на спасението. Ние треба да ги прифатиме зборовите на спасението велејќи: „Јас бев спасен од сите мои гревови преку евангелието на водата и Духот. Бог ми ги прости моите гревови на ваков начин.“ Ние треба да ја познаеме вистината во нашата глава. Ние мораме словото Божјо да го направиме шлем на спасението и мечот на Духот наши оружја против ѓаволот.
Ако Сатаната не нападне нас, ние мораме да го извадиме мечот и да го победиме него. „Бог го рече ова! И јас така верувам во тоа!“ Ние го прогонуваме Сатаната преку вера во словото Божјо. Ако ние веруваме во словото Божјо и го носиме нашиот духовен меч, Сатаната ќе избега викајќи: „Оф, леле! Тоа толку боли.“ Ние можеме да победиме секој вид на Сатански напад ако ние само веруваме во словото на Бога.
Вие треба да имате ваков религиозен живот исповедајќи: „Моето месо е далеку од совршено но јас сум човек Божји кој примил искупение. Јас живеам преку вера, држејќи се врз словото кое што Бог ми го кажа.“ Ако ние го имаме ваквиот вид на вера, ние можеме да го прогониме Сатаната со мечот на вистината секогаш кога ќе дојде и ќе ни здодева и ни го прекинува нашиот верен живот. Сатаната нити трепка ако ние едноставно контра нападнеме со само светски зборови. Така ние мораме да се бориме против него велејќи: „Ова е што Бог рече.“ Тогаш Сатаната ќе се предаде пред авторитетот на словото Божјо.
Ако ние сакаме да живееме живот исполнат од Светиот Дух, ние мораме да му се молиме на Бога да црквата, сите светии и служителите Божји се посветат сите себеси за проповедање на евангелието. Со велењето на ваква молитва: „Дај ми да смело ги окривам тајните на евангелието,“ ние ќе живееме живот со цел - служба на евангелието. Ова е живот полн од Светиот Дух. Живеење на живот исполнат од Светиот Дух е од суштинско значење за сите светии. Ако ние сме да бидеме вистински светии, ние мораме да живееме живот исполнат од Светиот Дух. Живеење на ваков живот е од суштинско значење за сите светии, како што е примањето на искупение на гревови е од суштинско значење за секоја душа. Ова е Божја заповед.
Оние кои што биле спасени од нивните гревови но не знаат како да водат верен живот тие мораат да знаат дека тие треба да водат живот полн од Светиот Дух. Ова е што Бог сака. Светиите мораат да живеат живот полн од Светиот Дух, кое што е волја Божја. Живот полн од Светиот Дух ги оспособува светиите да го проповедаат евангелието, да се молат кон Бога, да веруваат и да се држат врз словото Божјо. Ние мораме да го облечеме шлемот на спасението и оклопот на правдата и да го протераме Сатаната со велењето: „Јас сум цело време праведен.“
Откако светиите го имаат престојот на Светиот Дух, тие одат во Духот и се способни да примат сила од Светиот Дух. Тие ја вршат Неговата работа со Божји благослов заработен преку молитвата од вера. И тие треба да одат во Духот се додека тие го победат Сатаната и застанат пред Бога. Луѓето кои што можат да го облечат целиот оклоп Божји се само поново родените Христијани кои што можат да живеат живот исполнат од Светиот Дух.
„Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.“ (Ефесјаните 6:12, МК Библија 1999 год.) Борбата на оние кои што се поново родени не е борба против крв и месо. Меѓутоа, борбата на оние кои го имаат престојот на Светиот Дух е против духовните сили на злобата и против оние кои го примешуваат нашиот верски живот, кои не го служат евангелието и ни здодеваат нас.
Кога ние излегуваме да се бориме во духовна борба за евангелието на Господа, ние мораме да го ставиме шлемот и да го облечеме оклопот од Духот. Ако ние едноставно носиме само обични алишта во оваа војна, ние ќе бидеме повредени. Така, Ние мораме да го облечеме оклопот. Нам ни се потребни мечеви, приготвени пред борбата. Ние мораме да го облечеме наплеќникот, да ги опашеме нашите половини и да носиме чевли на обете нозе. Тогаш, со мечот и штитот во рацете, ние мораме да ги победиме нашите непријатели. Ова е живот полн од Светиот Дух.
Ние мораме да го чуваме прекрасното евангелие
Павле ни кажа нас: „Запази го доброто што ти е доверено преку Светиот Дух, Кој живее во нас“ (2 Тимотеј 1:14, МК Библија 1999 год.). Кој е добриот влог? Тоа е евангелието на водата и Духот кое не спаси нас од нашите гревови. Во Тит 3:5 вели: „Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух.“(МК Библија 1990 год.) Нашиот Господ ги очисти сите наши гревови кои што ние ги извршивме во овој свет, умре на Крстот и беше воскреснат. Ние мораме да го чуваме ова прекрасно евангелие. Ние мораме да го ставиме шлемот на спасението наплеќникот на правдата и да ги опашеме нашите слабини со вистина. Ние мораме да веруваме во евангелието на водата и Духот.
Откако ќе се вооружиме себеси на ваков начин, ние мораме да ја победиме битката против Сатаната. Само тогаш ние ќе бидеме способни да оствариме победа и да ја делиме со други. Ние ќе мора да се бориме во многу духовни борби против Сатаната и да земеме многу трофеи од него се до денот кога ќе влеземе во Божјото Царство, се што е наше наследство. Колку повеќе битки победуваме против нашиот противник, толку полесна следната борба ќе биде. Ние сите мораме да се молиме за Неговото Царство да просперира и да цвета. Тогаш ние ќе имаме примено живот исполнат од Светиот Дух.
Ние не треба да бидеме задоволни само со тоа што сме биле опростени за нашите гревови но мораме да живееме живот исполнат од Светиот Дух. За евангелието и за нашите добри дела ние мораме да веруваме во словото Божјо. Ние мораме да бидеме водени од Светиот Дух и да живееме чувајќи го Божјото слово верувајќи во него, исто како и да не ја загубиме битката против Сатаната и да бидеме уништени.
Дали ме разбираме? Само тогаш вие ќе имате живот исполнат од Светиот Дух. Јас се надевам дека вие исто така ќе го служите евангелието на водата и Духот и ќе бидете зависни од него и ќе го следите словото на Бога. Ајде сите да ја работиме работата на спасување на души од Сатаната. Ние можеме да водиме живот полн од Светиот Дух се додека Господ повторно дојде. Да се прими полнотата на Светиот Дух е втората заповед која што Бог ни ја даде нас. Него му благодариме. Ние можеме да го имаме престојот на Светиот Дух поради искупението на гревовите во нашите срца. И ако не беше престојот на Светиот Дух, јас не можев да почнам живот исполнат од Светиот Дух. Јас му благодарам на Бога што ни дозволи нас да водиме живот полн од Светиот Дух.
Дали вие верувате дека вие можете да го имате престојот на Светиот Дух? До оние од нас кои веќе се опростени за нивните гревови, ние го имаме престојот на Светиот Дух. Оние кои што не го знаат или кои што не веруваат во евангелието на водата и Духот го немаат престојот на Светиот Дух.
Откако ние немаме грев во нашите срца, ние го имаме престојот на Светиот Дух. И затоа што Светиот Дух живее во нашите срца, ние можеме да живееме живот исполнат од Светиот Дух. Ние кои го имаме престојот на Светиот Дух, мораме да сме послушни на волјата на Духот со цел да бидеме исполнети со Светиот Дух. Колку повеќе сме му послушни на желбата на Духот, толку посилна нашата вера постанува како војник со целосна униформа. Но ако не успееме да му сме послушни на Духот, тоа е исто како нас да ние е одземен оклопот.
Ајде сега да растеме преку зборовите на Светиот Дух и да постанеме особа на вера. Кога ќе ги слушнеме зборовите на Светиот Дух, нашата вера се развива затоа што Бог вели: „И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо.“ (Римјаните 10:17, МК Библија 1990 год.). Заради тоа дури и ако Сатаната не нападне, ние сме заштитени преку нашата вера во овие зборови. Сатаната не може да ги нападне оние кои се вооружени со штитот на вера со верување во евангелието на водата и Духот. Верските луѓе ја имаат силата да се одбранат од Сатанските напади со нивната вера.
Ајде да живееме живот исполнат од Светиот Дух со вера. Живот исполнат од Светиот Дух се однесува на живот на верно проповедување на евангелието на водата и Духот ширум целиот свет. Ваквиот живот е исполнат од Светиот Дух.