• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-13] Делата и Даровите од Светиот Дух (Јован 16:5-11)

2021.04.20 28
(Јован 16:5-11)
„А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’Туку, вашето срце се наполни со тага, зашто ви го кажав тоа. Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев - зашто не веруваат во Мене; за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите;“(МК Библија 1999 год.)
 
 
Кои се делата на Светиот Дух?
Тој го изобличува светот за грев, за правда и за суд.
 
Во Битие 1:2 напишано е: „Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.“ (МК Библија 1990 год.) Ние од оваа строфа можеме да видиме дека Светиот Дух не пребива во срцата полни со збунетост и грев, но живее само во срцата на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Меѓутоа, многу луѓе во нивната збунетост и празност паѓаат под дејство на фанатични верувања, велејќи дека тие сакаат да го примат Светиот Дух додека имаат грев во нивните срца.
Духот примен во состојба на фанатична екстаза не е прекрасниот Дух. Делата на Сатаната лежат врз беззаконските верници на фанатизмот, и фанатичните луѓе лесно паѓаат под дејство на неговите мамки и сила. Но Светиот Дух е Особата Бог кој е интелигентен, чувствителен и има определена волја. Тој работел со Бог Отецот и Неговиот Син Исус Христос во создавањето на овој свет. Ние сега ќе научиме каков вид на работа направил Светиот Дух во овој свет.
 
 
Светиот Дух го изобличува светот за грев
 
Која е првата работа која Светиот Дух ја врши? Тој го изобличува светот за грев. Луѓето кои што од Него се изобличени се оние кои што не го прифаќаат прекрасното евангелие на Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот. Тој ги изобличува сите грешници и гревовите на оние кои што не веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот.
 
 
Тој го изобличува светот за Божјата правда
 
Која е втората работа која што Духот ја врши? Тој носи сведоштво за Божјата правда и за Исусовото остварување во спасувањето на грешниците од нивните гревови. Јован 16:10 вели: „За правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите;“ (МК Библија 1999 год.) Ние треба да знаеме што значи Божјата правда во Библијата. Тоа значи вистината дека Исус ги зеде сите гревови на светот преку Неговото крштевање од Јован и тој кој што верува во Него може да постане праведен преку Божјата благодат. Исус беше крстен од Јован Крстителот и ги прими сите гревови на светот, ја пролеа Неговата крв на Крстот, беше воскреснат и постана Спасителот на сите грешници. Ова е прекрасното евангелие кое Бог ни го даде нас. Исус ги зеде сите гревови на светот преку водата и крвта според Божјата волја и постана Господар на нашиот живот.
Светиот Дух им помага на луѓето да веруваат во Исусовото крштевање од Јован и Неговата крв на Крстот, така значи им помага да тие примат опростение за нивните гревови. Вие треба да знаете дека делата на Бога во Тројството се дополнителни. Светиот Дух работи за прекрасното евангелие, правејќи ги луѓето да веруваат во љубовта Божја. Тој исто така гарантира да прекрасното евангелие на водата и Духот е вистина.
 
 
Тој го изобличува светот за суд
 
Која е третата задача на Светиот Дух? Тој ги уништува делата на Сатаната. Сатаната шепоти во мислите на луѓето велејќи: „Ти можеш да веруваш во Исус но мисли за Христијанството дека е една од многуте земски религии.“ Сатаната се обидува да им попречи на луѓето да веруваат во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот за да тие не бидат способни да примат опростение за нивните гревови дури и ако тие веруваат во Исус. Затоа што Сатаната го снижува Христијанството до „обична“ религија, многу луѓе паѓаат жртва на Сатанската мамка дека причината за верување во Исус значи да се биде добар човек. Меѓутоа, вистинската причина за верување во Исус е за да се биде поново роден како праведен човек.
Вие не треба да имате погрешна вера. Лажната вера не може да ве направи осветени без разлика колку многу вие верувате во Исус. Ако вие имате лажна вера, вие нема да го знаете нити пак да го јасно видите Исус поради Сатанските лаги. Светиот Дух постанува гарант на спасение за оние кои биле спасени со верување во прекрасното евангелие на водата и Духот. Сите верувања на оние кои што имаат грев во нивните срца се бесполезни.
Светиот Дух сведочи за вистината на прекрасното евангелие. Исус беше крстен за да ги земе сите гревови на светот и беше распнат за да ја плати платата за гревот. Светиот Дух сведочи за оваа вистина. Светиот Дух ги советува сите луѓе на светот да бидат опростени за сите нивни гревови преку верување во вистинското евангелие. Меѓутоа, ние треба на памет на држиме дека Светиот Дух ги изобличува и осудува оние кои што не го земаат прекрасното евангелие во нивните срца.
 
 
Секој еден мора да има благословена вера
 
Која е благословената вера? Тоа е вера која не води нас да го примиме престојот на Светиот Дух преку опростение на грев. Меѓутоа, ние гледаме многу Христијани ширум светот кои што сеуште имаат грев во нивните срца, дури и покрај што тие долго време одржуваат вера во Исус. Колку подолго тие веруваат во Исус толку погрешни тие стануваат. Најголемиот проблем кој што им пречи нив да бидат избавени од нивните гревови е дека тие мислат дека зборувањето на јазици и имање на привиденија е доказ дека тие го примиле Светиот Дух. Тие не се свесни за Божјиот суд за нивните гревови.
Многу луѓе на овој свет не можат да ја разликуваат работата на Светиот Дух од работата на Сатаната. Сатанската работа ги води луѓето во состојба на збунетост со доставување на лажни верувања и потоа ги води нив кон уништување. Ова е што Сатаната сака да оствари со свртувањето против Бога. Сатаната ги предизвикува луѓето да паднат под дејство на себични верувања и да ги зема нив како негови робови. Сатаната им вложува нив желба да ги доживеат неговите натприродни чуда со предизвикувањето да тие мислат дека ваквите доживувања се повредни од примањето на престојот на Светиот Дух преку вера во прекрасното евангелие.
Меѓутоа Светиот Дух им дозволува на луѓето да го видат Божјото слово преку Словото. Преку Светиот Дух, тие доаѓаат да знаат и да веруваат дека Бог ги создаде луѓето, дека Бог ги љуби нив, и дека Бог сака да ги спаси нив. Неговиот план за грешниците беше да Исус Христос ги спаси нив од нивните гревови преку евангелието на водата и Духот и да ги покани нив да живеат во Неговата љубов преку вера.
1 Петар 3:21 вели: „Образот на таа вода- крштевањето – не спасува сега и нас.“ (МК Библија 1976 год.) Исто во 1 Петар 1:23 вели: „Како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови.“ (МК Библија 2009 год.)
Делото на Светиот Дух е да ги просветли луѓето за вистината за грев, правда и суд, и да ги направи нив да веруваат во овие вистини. Светиот Дух им дава нив да знаат за Божјиот суд и дека тие можат да бидат доставени од нивните гревови преку верување во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Светиот Дух им дава нив знаење дека Тој е во нив кога тие имаат вера во евангелието на водата и Духот.
Досега ние ги разгледавме делата на Светиот Дух. Сите луѓе на овој свет може да го имаат престојот на Светиот Дух и Божјата љубов само кога тие имаат примено опростение за гревови преку верување во Исусовото прекрасно евангелие на водата и Духот.
 
 
Личноста на Светиот Дух
 
Светиот Дух е Семоќен Бог. Тој ги поседува суштинските карактеристики на личност, тие се: интелектност, емоции, и волја. Затоа што Светиот Дух поседува интелектност, Тој ги испитува најдлабоките дела Божји (1 Коринтјаните 2:10) и срцата на луѓето.
Затоа што Духот поседува емоции, Тој е задоволен со оние кои што веруваат во Божјото слово, но воздивнува длабоко против неверниците. Исто, праведникот може да ја почувствува Божјата љубов преку Светиот Дух.
Светиот Дух е исто така наречен „Утешител.“ Ова значи дека Светиот Дух им помага на праведните во маки и им носи нив победа, победувајќи ги нивните непријатели. Тој поседува интелектуалност, емоции и волја исто како и човечките суштества го поседуваат ова, и Тој живее во срцата на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие на водата и Духот.
 
 
Делото на Светиот Дух е следното
 
Светиот Дух им дозволува на луѓето да ја сфатат вистината за опростение на грев и престојува во срцата на верниците. Негово дело е да сведочи за вистината дека Исус ги зеде сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање и Неговата крв (1 Јован 5:6-8). Тој исто така ги утешува Неговите служители и светии во секаква тешкотија и ги зајакнува нив да повторно застанат. Тој Самиот се застапува за нив кога тие не знаат за што тие треба да се молат (Римјаните 8:26). И Тој им дава мир на праведните во Божјата црква и ги води нив во изобилство на Неговото слово (Псалми 23).
 
 
Делата на Светиот Дух сврзани со Библијата
 
Светиот Дух ги води праведните да ја познаат и да веруваат во вистината во нивните срца и да им ја проповедаа и на други. „Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата“ (2 Тимотеј 3:16, МК Библија 1999 год.).
„Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.“ (Исаија 34:16, МК Библија 1990 год.).
„Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака, зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух“ (2 Петар 1:20-21, МК Библија 1999 год.).
Светиот Дух ги инспирира служителите Божји да го напишат Словото Божјо за да ние можеме да го читаме. Тој им го претставува на луѓето евангелието на водата и Духот и ги води нив да им го тие проповедаат на целиот свет. Затоа дури и покрај што праведните може да страдаат многу судови во нивниот живот, тие се способни да ги победат нив благодарејќи и на силата од Светиот Дух.
 
 
Даровите и плодовите од Светиот Дух
 
Дарови на Светиот Дух значи способностите кој што Тој им ги дава на светиите за распространување на прекрасното евангелие Божјо на други. Светиите затоа се посветуваат себеси за Божјата работа со даровите кои што Тој ги дава, и Светиот Дух им помага нив да му дадат слава на Господа. „А на секого му се дава во него да се појави Духот на полза;“ (1 Коринтјаните 12:7, МК Библија 1990 год.).
Целта на даровите на Светиот Дух беше да ги снабди светиите со вера и да им помогне нив да трчаат во трката пред нив (Ефесјаните 4:11-12). Светиот Дух им дава способности на Божјите служители и на светиите за да им помогне нив во распространување на евангелието. Црквата Божја е собрание на светиите кои се осветени во Христос Исус (1 Коринтјаните 1:2).
Секој Христијанин кој што го примил Светиот Дух треба да се однесува според дадената на него позиција и должности, откако Исус Христос е глава на црквата. Светиот Дух дава духовна проценливост и способност на светиите за да тие можат да работат за Царството Божјо. Тој прави се со цел да ја манифестира Божјата слава на евангелието кое што Бог ни го даде нас. Тој вели: „И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја.“ (1 Коринтјаните 10:31, МК Библија 1990 год.).
 
 
Разните видови на дарови од Светиот Дух
 
Има 12 различни видови на дарови од Светиот Дух. Ние можеме да видиме во Библијата дека овие дарови се покажуваат во различност на форма на различни луѓе. Собир листа на даровите се покажува во Римјаните 12:6-8, 1 Коринтјаните 12:8-10 и Ефесјаните 4:11. Следните се девет Духовни дарови за кои се зборува во 1 Коринтјаните глава 12.
1) Слово на знаење: Ова ни дава нас Духовна инспирација да го разбереме евангелието на водата и Духот и ни дозволува да го проповедаме прекрасното евангелие.
2) Слово на мудрост: Ова е способност за уредување преку напишаното словото Божјо на многуте проблеми кои доаѓаат во животот на праведните.
3) Вера: Светиот Дух им дава јака вера и увереност на светиите за да тие можат да го извршуваат чудото за спасување на души од нивните гревови и од Сатаната. Праведната особа може да ги има нивните гревови опростени и да се оздрави од безредието преку силата на верата.
4) Лекување: Светиот Дух ја дава способноста на лекување на праведните луѓе преку нивната вера во Божјото слово.
5) Чинење на чуда: Ова е изненадувачкиот дар кој им дозволува на светиите да ја работат работата Божја со верување во Божјото слово. Чудо е нешто што се случува натприродно преку вера, надвишувајќи го човечкото знаење за законот на природата.
6) Пророштва: Во ова време, само оние кои што веруваат и се покорни на словото Божјо можат да пророкуваат според она што е напишано. Зборовите на оној кој што има верувања кои што не се основани врз она што е напишано во Библијата не можат да бидат точно пророштво. Божјите служители, кои што го имаат престојот на Светиот Дух, го проповедаат Божјото слово и со тоа ги поучуваат и убедуваат нив да ја вршат Божјата работа преку црквата која е Божјо тело. Светиот Дух ја дава оваа способност на Божјите служители и светиите.
7) Разликување на духови: Ова е способност на утврдување дали некој има опростение за неговите гревови. Можно е да ние бидеме настрана одведени од Сатаната ако не го поседуваме овој дар. Затоа што светот е под раководство на Сатаната, ние можеме да го поседуваме овој дар само со верување во прекрасното евангелие кое што Бог ни го даде и така да ги победиме испитувањата, тешкотиите и злото во овој свет. Праведната особа го прима овој дар преку верување во вистинското евангелие. Тој така може да каже дали некој има грев во неговото срце.
8) Зборување на јазици: Библијата ни кажува нас за зборувањето на јазици: „Но во заедницата повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик.“ (1 Коринтјаните 14:19, МК Библија 1999 год.). Светијата мора да знае дека е многу поважно да го разбира словото Божјо отколку да зборува на јазици кои што тој самиот не е способен да ги разбере. Така тој /таа треба да се воздржува од зборување на јазици.
9) Толкување на јазици: Овој дар им беше даден на учениците за да ги овозможи нив да го проповедаат евангелието во времето на раната црква. На денешницава Светиот дух го распространува евангелието преку служба на преведување и толкување на пораката на многу јазици. Нема потреба од толкувач кога особата која го проповеда евангелието може да ги зборува и сите други јазици. Меѓутоа, кога ние сме соочени со јазичните бариери, Бог секогаш ни дозволува да толкувачите да ја извршат Неговата работа. Бог не работи во безредие или во состојба на екстаза. Светиот Дух работи во прекрасното евангелие и исто ги води светиите да го преведуваат евангелието на многу различни јазици.
 
 
Кои се плодовите на Светиот Дух?
 
Во врска со плодовите на Светиот Дух, Библијата ни кажува нас: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;“ (Галатјаните 5:22-23, МК Библија 1999 год.).
1) Љубов: Вистинска љубов е за праведниот да ги спаси сите грешници од нивните гревови со проповедање на евангелието на водата и Духот. Затоа што праведните луѓе го поседуваат прекрасното евангелие кое е вистинската љубов на Исус, тие го проповедаат евангелието на вистинската љубов и поседуваат вистинска љубов за другите души.
2) Радост: Ова е неопишано славна среќа извирајќи од длабочината во нашите срца кога ние сме поново родени. Праведната особа која што била опростена за сите негови гревови има радост во неговото срце (Филипјаните 4:4). Затоа што има радост во срцата на праведните, тие ја имаат способноста да ја делат нивната радост со други луѓе.
3) Мир: Ова е срцето на утеха кое што е дадено на праведната особа која веќе била опростена за сите негови/нејзини гревови со имање вера во евангелието на водата и Духот. Светиот Дух ги предизвикува праведните луѓе да го проповедаат прекрасното евангелие на мирот. Луѓето кои го слушнале ова прекрасно евангелие на мирот се способни да водат други да ги победат гревовите на светот и да имаат силна свест од вера и увереност во дарот на спасението. Праведните луѓе кои прават мир помеѓу Бога и човештвото се наречени синови Божји (Матеја 5:9) и водат други да примат опростение на грев (Пословици 12:20). Светиот Дух ги предизвикува праведните да водат праведен живот и да благословат други со мир преку проповедувањето на прекрасното евангелие.
4) Долготрпеливост: Плодовите на долготрпеливоста се во срцата на праведните, кои биле избавени од нивните гревови со верување во вистинското евангелие. Ние можеме да го поседуваме овој плод со поттикнување на долготрпелива совест од пребивањето со Светиот Дух. Ова е срцето на долготрпеливост и трпение во праведните.
5) Љубезност: Бог имаше милост кон нас кога ние бевме полни со грев и не избави нас од сите наши гревови преку Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Ние можеме да љубиме и да имаме милост кон други затоа што Исус имаше милост кон нас и ги премавна сите наши гревови и затоа што верувавме во Него и ја примивме Неговата милост. Праведните имаат срце полно со љубезност и плодовите од прекрасното евангелие.
6) Добрина: Добрина овде значи „достојност.“ Праведните луѓе имаат добрина и вера во Господа длабоко во нивните срца.
7) Верност: Верност значи срце исполнето со вера во Бога. Верноста во светијата доаѓа од лојалноста кон Исус.
8) Кротост: Ова значи имање на способност да целосно се разберат другите и да ги држите нив во топлина и нежност во нашите срца. Праведните имаат срца да ги љубат нивните непријатели и да се молат за нивно избавение.
9) Воздржаност: Воздржаноста е способност да се контролираш самиот себе, отстранување од водење на растурен живот и наместото од ова живеење живот на самоконтрола и воздржаност.
 
 
Да се биде исполнат од Светиот Дух
 
Што е резултатот од исполнувањето со Светиот Дух? Примајќи го овој благослов им дозволува на светиите да живеат како Исус Христови ученици, придружувајќи се себе си со црквата Божја. Светиот Дух им дозволува на праведните да постанат орудија на правда и да се посветат себе си за извршување на Христовата волја. Волјата на праведните е под контрола од Господовата волја и тие волно ги посветуваат сите нивни поседувања и таленти за Него. Светиот Дух ги предизвикува праведните да водат живот посветен на надминување на гревовите на светот со смисла на победа, радост и убеденост, но не духовна сиромаштија, поразност или вознемиреност (Римјаните глава 7).
„Но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим, и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата“ (Дела ап. 1:8, МК Библија 1976 год.). Полнотата од Светиот Дух ги води праведните да го проповедаат евангелието.
Господ им даде моќна смисла на вера на оние во кои што живее Светиот Дух. И Бог го даде правото да постанат Негови чеда на оние чии што гревови се опростени со нивната вера во прекрасното евангелие на Исус (Јован 1:12). Праведните луѓе кои веќе постанале Божји чеда преку вера можат да му го проповедаат прекрасното евангелие на овој свет.
Праведните луѓе имаат способност да ја победат Сатаната преку евангелието за опростение на гревови. Тие исто така ја имаат моќта да лечат духовна болест (Матеја 16:18), да ги згазат Сатанските сили (Лука 10:19), и да влезат во Царството Небесно (Откровение 22:14). Праведните луѓе живеат со истиот авторитет како цареви преку верување во Божјото слово на ветувањето (2 Коринтјаните 6:17-18).
Светиот Дух ги предизвикува праведните луѓе да ги отфрлат нивните светски страсти. Тој исто така не води нас да го проповедаме вистинското евангелие (Галатјаните 5:6).
Светиот Дух ги предизвикува праведните да го читаат и да веруваат во прекрасното евангелие и да поучуваат и други (1 Тимотеј 4:13).
Светиот Дух секој ден ги собира праведните во Божјата црква (Евреите 10:25).
Светиот Дух ги предизвикува праведните да ги признаат нивните гревови (1 Јован 1:9) со цел да ги откријат нивните срца преку светлината на вистината (Ефесјаните 5:13).
Светиот Дух ги води праведните кон вистинскиот пат во нивниот живот (Псалми 23).
Светиот Дух им кажува на праведните да не ги гасат Неговите дарови (1 Солунјаните 5:19).
Светиот Дух прави големи нешта преку прекрасното евангелие (Марко 16:17-18).
Светиот Дух ги води праведните да живеат како Господови ученици со тоа што ги зближува нив до Божјата црква. Тој ги води праведните да живеат духовен живот на проповедање на прекрасното евангелие и да бидат исполнети со Светиот Дух. Ова е делото на Светиот Дух преку чудесното евангелие (1 Петар 2:9).

Тој работи во срцата на светиите во истиов овој момент. Алелуја!