• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-15] Вие Можете да го Примите Светиот Дух и да Живеете со Него Само Кога Вие ја Знаете Вистината (Јован 8:31-36)

(Јован 8:31-36)
„Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици; и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме му робувале; како велиш Ти: ‘Ќе бидете слободни?’ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. А робот не останува дома довека; Синот останува довека. И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Што треба ние да правиме со цел да го примиме престојот на Светиот Дух?
Ние мораме да веруваме во прекрасното евангелие на водата и Духот и да живееме преку вера.
 
Дали знаете која е вистината? Исус рече: „Јас сум вистината,“ (Јован 14:6; МК Библија 1990 год.). Така знаејќи го Исус е знаење на вистината. Дали Светиот Дух пребива во тебе благодарејќи му на прекрасното евангелие? Вие треба да познаете дека Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот се олицетворение на прекрасното евангелие и да верувате во тоа.
Луѓето денес често користат изговори како „поново роден,“ „Луѓето треба да бидат поново родени, политичарите треба да бидат поново родени, Религијата треба да биде поново родена.“ Тие го користат изразот како синоним за „подобрување.“ Меѓутоа поново раѓањето не значи подобрување на природата на телото. Да се биде поново роден значи да се прими престојот на Светиот Дух преку слушање и верување во прекрасното евангелие на водата и Духот.
 
 
Кои се зборовите на вистината кои ни овозможуваат нас да бидеме поново родени?
 
Зошто треба човекот да биде поново роден? Човекот е нецелосен така да тој мора да го прими престојот на Светиот Дух со цел да биде поново роден како чедо Божјо. Ние можеме да видиме многу луѓе кои веруваат во Исус но не го имаат престојот на Светиот Дух. Никодим беше водич на Евреите. Никодим кој се покажува во Јован глава 3, беше водич од Јудаизмот кој се обиде да го држи законот кој беше даден од Бога. Меѓутоа, тој работеше како водич на религија од луѓе, несвесен за престојот на Светиот Дух.
Со цел да го примиме престојот на Светиот Дух, ние мораме да веруваме во прекрасното евангелие на водата и Духот и да живееме преку вера. Човекот може да го прими престојот на Светиот Дух само кога дојде до верување во словото на вистината во прекрасното евангелие на водата и Светиот Дух. Исус рече: „Кога за земни работи ви зборував и не ми верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните?“ (Јован 3:12, МК Библија 1990 год.).
Прекрасното евангелие на водата и Духот е следното. Нашиот Господ беше роден на овој свет, беше крстен од Јован на возраст од 30 години, умре на Крстот после три години, беше воскреснат и така не избави нас од сите наши гревови. Тој постана Спасителот за оние кои што веруваат дека Исус беше крстен од Јован и дека воскресна од смртта. Тој им гарантира искупение на гревови и престојот на Светиот Дух на оние кои што веруваат во ова прекрасно евангелие.
Оние кои што сеуште имаат грев во нивните срца мораат да бидат опростени за нивните гревови со верување во Исусовото крштевање и Неговата крв. Човекот не може друго освен да прави гревови пред Бога затоа човекот мора да биде спасен со прифаќањето на Исус како негов/нејзин Спасител. Исус ги очисти сите гревови на светот со прекрасното евангелие на водата и Духот. Оние кои што веруваат во ова прекрасно евангелие се благословени со престојот на Светиот Дух.
„И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син“ (Јован 3:14, МК Библија 1999 год.). Во Стариот Тестамент, дури и покрај што луѓето на Израел правеа гревови, беа касани од отровни змии во пустината, и очајно умираа, некои успеаја да живеа само со погледнувањето кон бакарната змија ставена на столб.
Исто вака, ние сме го добиле престојот на Светиот Дух. Исус им го дава престојот на Светиот Дух на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Сатаната ни попречува нас да го зазнаеме прекрасното евангелие на водата и Духот и се обидува да го спречи нашето добивање на Духот на вистината. Меѓутоа, Бог не благослови нас со опроштението на гревовите и престојот на Светиот Дух преку нашата вера во евангелието на Исусовото крштевање и Неговата крв.
И вие исто можете да го примите престојот на Светиот Дух ако вие верувате во ова прекрасно евангелие. Дали вие пред Бога го признавате ова прекрасно евангелие како вистинско? Дали вие верувате дека вие сте способни да го примите престојот на Светиот Дух со верување во ова, вистинско евангелие?

Господ ни рече нас да ја знаеме вистината која не спаси нас од сите наши гревови. „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.). Дали вие ја знаете вистината за прекрасното евангелие која не спасува нас и не благословува нас со престојот на Светиот Дух? Ако вие го примите ова евангелие, вие сигурно ќе го примите престојот на Светиот Дух.