(Римјаните 8:16:25)
„Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме. Зошто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји, зашто и созданието не и се покори на суетата доброволно, туку по волја на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. Зошто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воздивнуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зошто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со нетрпение го очекуваме.“ (МК Библија 2009 год.)
Зошто праведните поседуваат надеж во Светиот Дух?
Затоа што ние поново родените Христијани ќе поседуваме нова небеса и земја додека оние кои што не се поново родени ќе бидат уништени со падот на овој свет.
Ова е време без надеж
Дали постои вистинска надеж во светот? Не, не постои. Таа постои само во Исус. Сега е време на несигурност и безнадежност. Се се менува преку ден и многу брзо, и луѓето се обидуваат многу напорно да се придржуваат кон овие брзи промени. Тие нити бараат духовна вистина нити имаат некаква грижа за духовна среќа. Наспротив тие се борат да избегнат неуспех и живеат како служители на овој свет.
Нови работи се креваат, а стари работи умираат. Исто вака, луѓето се под процес на драматични промени. Заради тоа тие живеат многу зафатен и возбудлив живот. И накрај, нивната надеж за овој свет исчезнува. Една од причините за ова е затоа што тие водат живот без никакво сигурна гарантност за вистината. Ние живееме во ваков нестабилен свет.
Ние мораме да се надеваме за вечен живот во Светиот Дух
Како можеме ние да добиеме вистинска надеж? Ние можеме да ја добиеме преку верување во евангелието на водата и Духот. Надежта на оние кои го примиле Светиот Дух не е од земјава, но е во Небесата. Апостолот Павле зборуваше за вистинската надеж од Небесата. Ние кои што веќе сме го примиле престојот на Светиот Дух се надеваме на небесни дела. Ние го правиме ова затоа што ние веруваме дека Исус Христос дојде да ги земе сите наши гревови и не спаси нас грешниците преку Неговото крштевање од Јован и со Неговата крв на Крстот. Господ им гарантира небесна надеж на оние кои што веруваат во евангелието на опроштението на грев.
Римјаните 8:19-21 вели: „И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји, зашто и созданието не и се покори на суетата доброволно, туку по волја на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји.“ (МК Библија 2009 год.) Сето создание се надева да биде избавено од ропството на распаѓањето и смрт.
Сите работи во овој свет се нецелосни, така да тие издишуваат и ги чекаат синовите Божји да бидат откриени. Во дополнување, тие исто така сакаат да бидат ослободени од ропството на распаѓањето и да живеат вечно. Сето создание го очекува денот кога тие никогаш повеќе не распаѓаат или избледуваат но наспротив живеат вечно.
Еден ден сите дела создадени од Бога ќе бидат обновени. Покрај тоа што цветот цвети и се суши на овој свет, тој вечно ќе цвети и живее во новиот свет. Ние кои што го имаме престојот на Светиот Дух исто така ќе го видиме овој нов свет.
Исус Христос ни вети нас дека Тој повторно ќе дојде, ќе ги подигне оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух, ќе им даде ново тело, кое што е обете нераспадливо и вечно за секој еден, и ќе им даде нив вечен живот. Тој исто така вети дека тие вечно ќе живеат во Небесата заедно со Бога. Сето создание на светот го чека тој ден. Тие исто така ќе живеат со нас, синовите Божји, кога тој ден ќе дојде.
Овој свет гледан преку надеж
Кога овој сон постанува вистина за праведните? Тој постанува вистина кога нашиот Господ ќе се врати. Исус вели дека ќе има глад, помори, земјотреси и војни на различни места (Матеја 24:7). Но крајот сеуште не е дојден. На последниот ден од овој свет, нашиот Господ ќе се врати повторно, ќе ги обнови сите светски дела и ќе не надари нас со духовно тело на бесмртност. Ова значи дека растенијата и животните исто така ќе примат бесмртност. Со верување во ова ние мораме да гледаме кон светот со обновена надеж.
Во овој свет дури и оние кои што го имаат престојот на Светиот Дух лелекаат во воздивнувања заедно со сето создание, нетрпеливо очекувајќи ја славата на искупението на нашите тела како Негови чеда. Ние гледаме на светот со надеж затоа што Господ ќе не направи нас Негови чеда, кои што никогаш нема да се распаднат или да умрат кога Тој ќе се врати.
Иако светот некој ден ќе биде уништен, сите работи ќе бидат обновени кога Господ повторно ќе дојде. Ние мораме да живееме со надеж верувајќи во тоа. Обновениот свет ќе биде радосен и чудесен како и секој свет за кој што сте читале во приказните. Мислете за живеење во ваков свет за време на илјада години. И ние исто така ќе имаме вечен живот како Негови чеда кога ние ќе влеземе во Царството Небесно. Ние мораме да живее со ваква надеж.
Дали вие гледате некаква надеж во овој свет? Не. Луѓето живеат во радосно- да биде начин, затоа што тие немаат никаква надеж за овој свет. Но нашиот Господ им ја даде надежта од Небесата на оние кои што беа опростени и направени праведни. „Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зошто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со нетрпение го очекуваме.“ Ова значи дека ние мораме да бидеме доволно трпеливи во чекањето на Исусовото враќање затоа што ние бевме спасени преку нашата вера во Божјото слово.
Ние го имаме престојот на Светиот Дух во нашата душа затоа што ние бевме спасени од нашите гревови. Тоа е, оние кои што се опростени преку Исус го имаат Светиот Дух во нивните срца наместото од грев. Што е тогаш со нашите тела? Нашите слаби тела исто така ќе бидат воскреснати, ќе примат нов живот и бесмртност. Ние ќе живееме засекогаш со Бога кога Исус ќе се врати. Само оние поново родените имаат привилегија да го прават ова во надеж, и затоа нашиот дух и тело ќе постанат совршени. Нашето тело ќе постане вечно и затоа ние никогаш нема да се разболиме. Нашето светско тело е слабо, заради тоа, невозможно е за нас да живееме совршен живот. Но тогаш ние ќе живееме совршен живот. Ајде да погледнеме нанапред кај Второто Доаѓање Господово. Само оние кои го имаат престојот на Светиот Дух можат да имаат таков вид на надеж и живот.
Надежта на праведните не е само во Небесата но исто постанува вистина и на овој свет. Библијата вели дека нашиот Господ ќе дојде повторно кога овој свет ќе падне после Големото Бедствие. Тој сигурно ќе дојде. Кога Тој дојде прв пат, Тој беше крстен за доброто на грешници, умре на Крстот за да ги направи нив праведни, и накрај се вознесе на Небесата. Сега е времето кога Господ е скоро да дојде повторно.
Во тоа време Тој ќе ги разбуди сите заспани светии кои веруваа во Исус и го примија престојот на Светиот Дух и ќе ги ослободи нив од ропството на распаѓањето. Тој ќе им даде нив нови небесни тела кои што никогаш не се распаѓаат нити пак заболуваат. Во дополнување тие ќе бидат грабнати во облаците за да се сретнат со Него во воздухот и Тој ќе ги направи сите работи нови.
После тоа, ние, заедно со Исус нашиот Господ, ќе живееме и владееме цел милениум со Него во новиот свет како надоместок за службата на евангелието. Ова е само репетиција за оние кои што се да одат во Небесата. Ова е надеж од Небесата и реалноста. Во тоа време, сите несовршени работи ќе постанат совршени, и работите кои се да се распаѓаат нема никогаш да распаднат. Зборовите: „Се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост;“ (1 Коринтјаните 15:42, МК Библија 1999 год.), ќе бидат исполнети во тоа време преку Исус Христос.
Ајде ние кои што го имаме престојот на Светиот Дух да имаме надеж! Вие треба да запаметите дека иако сите работи се крепки и умираат, тоа не е крајот. Ние мораме да имаме верување во надеж дека нашиот Господ ќе го направи целиот свет повторно нов. Ние мораме да живееме во надеж на новата небеса и земја. Имајќи ја оваа надеж, ние сме способни да го проповедаме евангелието.
Ние го имаме престојот на Светиот Дух затоа што ние бевме спасени од гревовите на светот. Исто вака, Светиот Дух во нас гледа напред кон Господовото враќање. Тој прави молби кон Бог Отецот на наше место за да живееме со надеж и вера без разочарување во нашите срца.
Ние треба да живееме во надеж во Светиот Дух
Каде им е местото на праведните? Тоа ќе биде во [5] Милениумот кој што Бог ќе го ре-изгради со обновување на оваа земја кога Тој повторно ќе дојде и исто така во Царството Небесно. Заради тоа, ние треба да бидеме доволно трпеливи да го чекаме тој Ден да дојде. Ние мораме да веруваме дека нашиот Господ ќе ги направи нашите тела совршени кога овој свет е паднат. Ние мораме да имаме надеж за славно утре.
[5] Кога Господ Исус дојде на долу на овој свет за втор пат според Неговото ветување, Тој ќе дојде од Небесата, и прво ќе ги воскресне мртвите во Христа. Следено на ова, Тој ќе ги промени сите светии, живите и воскреснатите, во вечни тела нераспадливи и бесмртни, и Тој ќе ги грабне во облаците сите светии за да го сретнат Господа во воздухот (1 Солунјаните 4.16-17, 1 Коринтјаните 15:51-53). Тогаш Тој ќе ги направи сите работи нови, после истурањето на седумте чаши на Неговиот гнев врз останатите грешници. Тој ќе го воспостави Неговото Царство на обновената земја, и ќе владее илјада години со оние кои што имаат дел во првото воскресение (Откровенија 20:4-5). После Милениумот, Тој ќе им суди на сите мртви, и ќе ги фрли нив во огненото море (Откровенија 20:11-15). Тогаш Тој ќе ги води сите Негови луѓе во небесниот Град, Новиот Ерусалим, и ќе престојува/живее засекогаш со нив (Откровенија 21:1-4). |
Имајќи го престојот на Светиот Дух, Павле ја имаше истата надеж која ние ја имаме. Ние живееме со истата надеж во нашата памет, чекајќи го Милениумот и Царството Небесно. Оние кои што не се поново родени ќе загинат со падот на овој свет, но ние поново родените Христијани ќе ги поседуваме новата небеса и земја. Оваа надеж реално ќе се исполни. Нашите тела ќе постанат совршени и ние ќе живееме и владееме со Исус илјада години во новиот свет. Гледајќи нанапред кон тој ден, ние можеме да имаме надеж и да живееме без страв во овој свет.
Ајде да ние бидеме стрпливи и да чекаме. Иако нашиот живот е преуморен, нашата надеж ќе се оствари затоа што ние веруваме во Бога. Оние кои се без надеж веќе се ништо повеќе освен мртви луѓе. Ве молам имајте надеж и одржете ги вашите соништа со верување во Божјото слово.
Како што нашето опростение беше реално, променувањето на нашите тела ќе биде реално и е реално за сите созданија да примат вечен живот. Нашата надеж е исто така вистинска. Имајте вера во она што верувате. Оние кои што имаат надеж можат да бидат прекрасни и среќни. Луѓето постануваат несреќни ако тие немаат надеж. Луѓето без никаков сон немаат никаква среќа. Ние можеме да водиме среќен живот затоа што ние имаме надеж за милениумот и Царството Небесно, нова небеса и земја.
Праведните мораат да имаат надеж и да ја проповедаат оваа надеж во Светиот Дух. Ние мораме да се надеваме да нашето евангелие се распространи ширум светот. Ако имате цврста вера, вие ќе сфатите дека светот не е толку голем. И покрај тоа што нашиот почеток беше незначаен, ние ќе бидеме способни да му го проповедаме евангелието на целиот свет ако ние имаме надеж со трпение. Исто како што Павле правеше, ние мораме да веруваме.
Оние кои се со надеж се верни во нивната служба на проповедање на ова прекрасно евангелие. Ние мораме да се надеваме за евангелието да биде распространето во овој век на безнадежност. Ние мораме да им го проповедаме прекрасното евангелие на преморените, безнадежните, бедните и понизените. Ние мораме да ги избавиме нив од темнината со проповедање на надеж за Царството Небесно, каде што само оние кои што биле опростени за нивните гревови преку верувањето во евангелието на водата и Духот можат да влезат. Ние мораме да ги инспирираме нив да имаат надеж дека светот Божји одеднаш ќе дојде како крадец после ова време на тешкотии.
Служители и светии кои што се поново родени, ве молам проповедајте го ова евангелие до крајот на овој свет, задржувајќи ја цврсто вашата надеж за Небесата. Без разлика колку брзо овој свет паѓа, оние кои се со надеж никогаш не загинуваат затоа што тие имаат нешто вечно подалеку од овој земски живот. Тие сигурно имаат втор живот ним даден од Господа.