• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-19] Прекрасното Евангелие Кое Што ја Расцепи Завесата на Храмот (Матеја 27:45-54)

(Матеја 27:45-54)
„А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час. Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?“ А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие. А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот. И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа, а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети;и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина. А стотникот и оние, кои со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè што стана, се уплашија многу и рекоа: „Навистина, Овој беше Божји Син!“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Зошто се расцепи завесата на Храмот кога Исус го даде Неговиот дух на Крстот?
Затоа што царството Божјо се отвори за оние кои што веруваат во Неговото крштевање и распнување.
 
Со цел да се разбере вистината за ова прекрасно евангелие, особата прво мора да го знае и разбира жртвениот систем извршен за опростување на човечките гревови пред Бога во Стариот Тестамент. Вие морате да ја знаете и да верувате во следнава вистина.
Според древната жртва на искупение, како што е запишано во книгата Левит глава 16 во Стариот Тестамент, високо свештеникот ги стави своите раце на живиот јарец и ги пренесе на него сите гревови натрупани од луѓето за време на целата години. Тогаш на местото на Израелците, жртвата беше заклана и високо свештеникот го попрска капакот на милоста со крвта. Ова умилостиви за сите гревови на Израелците. Исто вака, само оние кои што веруваа во рацеполагањето, крвта и словото на Бога можеа да влезат во Светото светилиште.
Свештениците секогаш одеа во првиот дел на шаторот, извршувајќи ја службата. Но во вториот дел, Светилиштето, високо свештеникот можеше да влезе еднаш годишно, но не без крв, кој што тој ја принесе за себе и за гревовите на луѓето извршени во незнаење (Евреите 9:6-7). Исто вака, дури и високо свештеникот не можеше да влезе во Светилиштето без крвта на жртвата приготвена преку рацеполагање со вера.
 
 
Како што е речено во Новиот Тестамент Исус Христос беше жртвуван за нас
 
Во Новиот Тестамент нас ни е кажано дека некој може да влезе во Царството небесно преку неговата вера во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Кога беше на две расцепена одозгора до долу завесата од Храмот Божји? Тоа беше кога Исус беше распнат откако Тој дојде на овој свет и беше крстен од Јован.
Која причина беше дадена за ова? Исус дојде на овој свет како жртва, имено, како Божјото Јагне, ги зеде гревовите на светот со тоа што беше крстен од Јован и така го очисти човештвото од сите негови гревови кога Тој беше распнат. Расцепувањето на завесата е симбол дека сите гревови од човештвото кои што ги разделуваа од Бога беа премавнати преку Исусовото крштевање и крвта на Крстот.
Исус Самиот ја уништи бариерата со исплаќањето на платата на гревот, која е смрт. Исус беше крстен и распнат за да ги премавне гревовите на светот. Ова беше причината дека завесата од Храмот Божји беше расцепена на две. Исто како што свештениците можеа да влезат во шаторот со верување во рацеполагањето, сега ние можеме да влеземе во Царството Небесно благодарејќи на нашата вера во Исусовото крштевање и крвта.
Кога Исус беше распнат, тој извика со силен глас, велејќи: „Или! Или! Лама Савахтани! тоа е: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?“ (Матеја 27:46, МК Библија 1999 год.). Кога Тој накрај го даде Неговиот дух, Тој рече: „Се сврши!“ (Јован 19.30, МК Библија 1999 год.). Исус беше за момент на Крстот напуштен од Неговиот Отец затоа што Тој ги сноси сите гревови на светот со Неговото крштевање од Јован во реката Јордан.
Тој умре за спасението на целото човештво. Како резултат на Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот, сите кои имаа вера во Него беа спасени. Затоа што ние сме родени грешници и сме со судба за осудение, Исус беше крстен за да ги земе сите наши гревови.
Портата кон Царството Небесно беше цврсто затворена се до кога Исус ги премавна сите наши гревови. Кога Исус беше крстен од Јован и умре на Крстот, завесата на храмот Божји беше расцепена одозгора до долу за да секој еден кој што верува во прекрасното евангелие може да влезе во вечниот Храм Божји.
Јас му сум благодарен на Господа што јас имам вера во евангелието на водата и Духот. Јас можам сега да влезам во Царството Небесно преку мојата вера во прекрасното евангелие кое што Исус го исполна преку Неговото крштевање и крвта. Јас не можев да постигнам спасение со моите сопствени сили, постигнувања или напори.
Благословот кој што не води нас во Царството Небесно не е добиено преку едноставни молитви, приноси или посветувања. Некој може да биде спасен од грев само со верување во Исусовото крштевање и Неговата крв на Крстот. Некој може да влезе во Царството Небесно само со имање вера во ова прекрасно евангелие. Исус е портата на Небесата. Други верувања не им се потребни на оние кои што веруваат во Исус. Влезот во Небесата не е даден како компензација за верните приноси на некого, светските поседувања или други работи. Единствената вистинско потребна работа за верниците да влезат во Царството е вера во евангелието на Исусовото крштевање во реката Јордан и Неговата крв на Крстот.
Верување во водата (Исусовото крштевање) и Неговата крв (Крстот) ќе ве води вас во Царството Небесно. Особата која сеуште има грев во нејзиното срце, дури и покрај тоа што верува во Исус, треба да верува во една работа: евангелието на водата и Духот. „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32, МК Библија 1999 год.).
Ние никогаш не го знаеме точното време на нашата смрт но Исус знае се. Откако Тој ја знаеше нашата грешна природа толку добро, тој ги очисти сите наши гревови преку Неговото крштевање и крвта на Крстот пред две илјади години.
 
 
Ние мораме да веруваме во ова прекрасно евангелие Кое што ја расцепи завесата од Божјиот Храм
 
Спасителот беше роден од девица за да го спаси човештвото од неговите гревови. Тоа беше преку Неговото крштевање на возраст од 30 години во реката Јордан, дека Исус ги зеде сите гревови на светот. Сите гревови на човештвото како резултат на нивната слабост и недостатоци беа опростени благодарејќи на Исус. Неговото крштевање и крвта се вечните клучеви за спасение на целото човештво. Исус беше крстен и искрвари на Крстот и сега сите оние кои што имаат вера во ова евангелие можат да влезат во Царството на Небесата.
Завесата на Храмот Божји беше расцепена кога Исус го даде Неговиот дух на Крстот. Како може завесата од Храмот Божји да биде расцепена на две кога Исус умре на Крстот? Причината е дека спасението на човештвото беше постигнато преку Него во прекрасното евангелие.
Во Стариот Тестамент, ние учиме за шаторот на Израел. Таму лежи жртвеникот за жртви паленици и мијалникот. После овој мијалник беше шаторот и внатре во шаторот позади завесата лежеше ковчегот, каде што Божјото присуство и слава престојуваа. Завесата беше толку цврсто исткаена така да четири коњи тргајќи ја во спротивна насока не можеа да ја расцепат нејзината ткаенина. Дури и покрај тоа што Цар Соломон го премести шаторот во Храмот, основната форма не беше промената, и завесата сеуште беше таму попречувајќи го патот кон Светилиштето. Меѓутоа, таа беше расцепена на две одозгора до долу кога Исус умре крвавејќи на Крстот. Ова сведочи за фактот колку прекрасно и совршено е евангелието кое беше исполнето со Исусовото крштевање и Неговата крв.
Бог го благослови целото човештво со опростение на грев и вечен живот, загрнувајќи ги нив во прекрасното евангелие. Исус како жртва, ја исплати казната за грев кога Тој беше крстен од Јован и умре на Крстот. Библијата вели: „Зашто смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, МК Библија 1999 год.). Како и во времето на Стариот Тестамент некој можеше да влезе во Храмот Божји со крвта на жртвата и да прими умилостивение за грев, така ние доаѓаме до Бога со нашата жртва, која беше Исус, и сме опростени за нашите беззаконија. Ова е вистината. И зборовите „Зашто смртта е плата за грев“ ни покажуваат колку совршено евангелието е.
Патот кон Небесата е да се верува во прекрасното евангелие. Расцепувањето на завесата на две го прикажува отворањето на Царството Божјо. Кога ние доаѓаме да знаеме и да веруваме во ова евангелие велејќи: „Исус ги зеде сите мои гревови. Исус ја плати сета плата за гревот на Крстот!“ портата на Небесата ќе се отвори пред нас. Небесата е сега отворена за оние кои што постигнале искупение преку нивната вера во Исусовото крштевање и Неговата крв. Крвта на Исус ги спаси грешниците од смрт и Неговото крштевање има за значење: земање на гревовите од целото човештво.
Земјата се затресе и карпите се отворија кога Господ го даде Неговиот дух на Крстот. Точно тогаш, Неговата крв капна на земјата и почна да тече кон ниските земји. Кога Исус умре на Крстот, сите гревови на човештвото беа премавнати, прекрасното евангелие постана соодветно за влез во Царството Небесно. Ова е самата вистина на поново раѓањето.
Има многу книжници кои што имаат спроведено истражувања барајќи да го негираат постоењето на Исус Христос како вистинска особа. Но тие не можеа да дотраат со нивните хипотези против безбројните историски докази за Неговото постоење. Помеѓу нив многу мина се предадоа и дојдоа да веруваат во евангелието на Исусовото крштевање и крвта. Тие дојдоа да разберат дека доказот за Исус беше премногу суштествен за да го негираат Неговото постоење. Тие го прифатија Исус како нивен Спасител кога тие дојдоа да го знаат и да веруваат во ова прекрасно евангелие, имено, Неговото раѓање, крштевањето, смртта, воскресението, вознесението и Второто Доаѓање.
Ние не сме сведоци на Исусовото крштевање. Нашите очи не видоа што се случи пред околу 2,000 години. Меѓутоа, преку она што е напишано, секој еден доаѓа до контакт со ова прекрасно евангелие. Исус ја собори бариерата на гревот помеѓу Бога и човекот преку Неговото крштевање и крвта, и така завесата на Царството Небесно беше расцепена на две одозгора до дното.
Сега секој кој што верува во ова прекрасно евангелие, кое што беше исполнето со Исусовото крштевање и Неговата крв, може да влезе во Царството Небесно. Дали вие имате вера во фактот дека Исусовото крштевање и Неговата крв, имено, ова прекрасно евангелие, е клучот за Царството Небесно?
И јас самиот бев еднаш грешник, кој што веруваше да Исус е мој Спасител но бев несвесен за прекрасното евангелие. Меѓутоа, еден ден јас прочитав во Библијата за Неговата безусловна љубов. Јас дојдов да знам дека Исус беше крстен за мене, умре на Крстот за мене и беше воскреснат за мене. Исус не спаси нас со тоа што беше крстен во реката Јордан и распнат за да ја плати платата за гревот заради Неговата љубов за нас. Ние сме способни да влеземе во Царството Небесно со верување во ова прекрасно евангелие.
Ова е Божјата најголема правда за човештвото и вечно одлучен настан во историјата. Сите Негови служби: Неговото раѓање, крштевање во реката Јордан, смртта на Крстот и воскресението беа за да не спаси нас од сите наши гревови. Ние бевме со судба за пеколот после нашата смрт, но Исус ги поштеди нашите души од вечност во пеколот и ни го достави нас прекрасното евангелие како пат за влез во Царството Небесно.
Драги браќа, кога Исус умре на Крстот, еден војник го забоде во Неговата страна со копје, и веднаш крв и вода протекоа. Ова е како што е напишано во Библијата. Ова сведочи за вистината на прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и Неговата крв.
Дали вие ја земате во предвид вашата вера во само Исусовата крв да е адекватна за да ве ослободи вас од вашите гревови? Дали е Исусовото крштеваше помалку значајно или толку случајно за вашето спасение? Ако вие вака верувате, ве молам покајте се. Ние сега треба да веруваме во евангелието на Исусовото крштевање и крвта и да го препознаеме тоа како Божја вистина.
 
 
Дали вие сакате да бидете очистени од Сите ваши гревови?
 
Исто како што треба да платиме за да излеземе од долг, ние мораме да имаме вера во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и крвта со цел да бидеме очистени од сите наши гревови. Ние не треба да го извршиме гревот на неверие во евангелието на Исусовото крштевање и крвта. Иако ние не ги положивме директно нашите гревови врз Исус, посредник наречен Јован Крстител ја направи задачата за нас.
Кога Исус умре на Крстот, некои гробови на светиите во Ерусалим се отворија и три дена покасно Тој беше воскреснат и отиде во Галилеја. Овој чудесен случај навистина се случи, но имаше многу луѓе кои што не веруваа во тоа.
Нашиот Господ ни го достави Царството Небесно нас, праведните, кои што примивме искупение на грев. Ние бевме спасени и поново родени, не преку нашата физичка сила или религиозни напори, но преку нашата вера во прекрасното евангелие. Ова евангелие не е фиктивна приказна. Сите гревови на светот беа положени врз Исус кога Тој беше крстен. Немаше никаков грев во Него, но Тој мораше да умре на Крстот за да умилостиви за самите гревови кои што Тој ги зеде врз Себе кај Неговото крштевање.
Кога Исус го даде Неговиот дух, земјата се затресе и карпите се распукаа. Кога војсководецот и оние со него кои што го чуваа Исусовото тело го осетија земјотресот и работите кои што се случуваа, тие почувствуваа огромен страв, сведочејќи: „Навистина, Овој беше Божји Син!“ (Матеја 27:54, МК Библија 1999 год.).
Јозеф, богаташ од Ариматеја, го зеде телото на Исус го завитка во чисти ленени платна и го стави во својата гробница. Високо свештеникот и Фарисеите дадоа наредби да гробот биде осигуран за време се до третиот ден.
Меѓутоа, Исус беше воскреснат за да им даде нов живот на оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Тој отиде во Галилеја, каде што Тој вети пред да биде распнат да се сретне со Неговите ученици. Сите овие работи: Неговото раѓање, крштевање, распнување, воскресение, вознесение и Второто Доаѓање, беа насочени кон оние кои што веруваат во прекрасното евангелие. Јас исто така постанав сведок кој сведочи дека Исус е Син на Живиот Бог и мој Спасител.
 
 
Од кого е проповедано вистинското евангелие?
 
Верниците во Исусовото крштевање и крвта сведочат за прекрасното евангелие на вистината. Прекрасното евангелие е распространето преку сведоштвата на оние луѓе кои што се спасени од сите нивни гревови. Кога особата е ослободена од нејзините гревови со верување во евангелието, Духот Божји почнува да владее над него/неа, и Тој го променува него/неа без разлика на неговата/нејзината волја. Душа- спасувачкото слово го променува постојано праведниот човек и му дава него дури и посилна вера. На негово место, тој доаѓа да го слави Бога. Словото Божјо престојува во него, и како резултат тој го чувствува ден на ден обновувањето на неговиот внатрешен човек. Гледајќи го него/неа вака трансформиран, луѓето сведочат: „тој навистина е избавен човек. Тој постана искрен Христијанин и чедо Божјо.“
Дури ѓаволот го прифаќа и подлегнува на ова прекрасно евангелие. „Јас сум измачен,“ вели тој. „Но вистина е дека нема грев во светот. Ниеден нема грев во неговото/нејзиното срце.“ Заради тоа ѓаволот работи во мислата на луѓето, мешајќи се со нивниот верен живот. Работата на ѓаволот е да ги спречи нив од примање на духовниот благослов на евангелието.
Сатаната апсолутно ја изгуби битката со Исус. Сатаната успеа во тоа што го распна Исус со контролирање на мислата на човечкиот памет. Меѓутоа, Исус веќе ги имаше земено гревовите на светот кога Тој беше крстен, и кога Тој умре на Крстот, ја плати платата на гревот. За оваа причина Тој целосно ги спаси сите верници во евангелието.
Ѓаволот не беше способен да го попречи Божјиот план за спасение на човештвото од неговите гревови. Исус ја исплати платата за гревовите на човештвото преку Неговото крштевање и крвта за да го исполни прекрасното евангелие. Сега нема грев во светот. Исус го зеде сиот грев преку Неговото крштевање и стави крај на сиот грев преку Неговата смрт на Крстот, велејќи: „Се сврши!“ (Јован 19:30, МК Библија 1999 год.). Сатаната беше покварен од силата да ги обвинува оние кои што имаат вера во прекрасното евангелие. Исус го победи ѓаволот преку Неговото раѓање, крштевање, распнување, и воскресение.
Дали вие сеуште имате грев во вашето срце? Не. Христијаните можат уверено да речат: „Јас немам грев во моето срце“ врз основа на нивната вера во прекрасното евангелие на вистината. Особата која верува во прекрасното евангелие на Исусовото крштевање и крвта нема нити капка на грев во неговото /нејзиното срце.
Сега прекрасното евангелие е гравирано во нашите срца. Ние сега стоиме слободни од секакви грижа на совеста пред присуството на Бога. Дали сите вие верувате дека Исус ги зеде сите ваши гревови преку Неговото крштевање во реката Јордан? Ако е вака, вашата благодарност и радост кон Бога ќе ви бидат направени полни. Со имање вера во прекрасното евангелие, ние сме осветени и ослободени од гревовите во овој свет. Ние му благодариме на Бога.
„Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите“ (Колосјаните 1:13-14, МК Библија 1999 год.). Алелуја, слава му на Господа.

Исус ја отвори портата на спасението преку прекрасното евангелие. Вие исто така треба да ја рушите бариерата во вашето срце наеднаш со силата на прекрасното евангелие, исто како што завесата на Храмот беше расцепена на две. Прекрасното евангелие беше направено за вас и за мене. Ние можеме да влеземе во Царството Небесно со верување во ова евангелие, и тоа е крајната вистина која ни дозволува нас да го постигнеме престојот на Светиот Дух.