• All e-books and audiobooks on The New Life Mission website are free
  • Explore multilingual sermons in global languages
  • Two new revised editions in English have been released
  • Check out our website translated into 27 languages
Search

Sermons

Тема 8 : Сетиот Дух

[8-20] Оние кои што го искусиле пребивањето од Светиот Дух водат и други да исто така го примат Светиот Дух (Јован 20:21-23)

(Јован 20:21-23)
„Тогаш Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!“ Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“ (МК Библија 1999 год.)
 
 
Каква власт им даде Господ на праведните?
Тој им ја даде нив власта да ги опростуваат гревовите на кој и да било преку евангелието на водата и Духот.
 
Јован глава 20 содржи запис за Исусовото воскресение. Нашиот Господ воскресна од смртта и им рече на Неговите ученици: „Примете Свети Дух!“ Учениците на Исус Христос го примија престојот на Светиот Дух како дар од Него. Исус им го даде пребивањето од Светиот Дух и вечен живот на оние кои што веруваа дека Неговото крштевање и крвта ги очистија сите нивни гревови. Библијата вели дека крштевањето на Исус е приказ на спасението, кое што значи дека Неговото крштевање го спаси целото човештво од неговите гревови (1 Петар 3:21).
 
 
Зошто беше Исус крстен?
 
Зошто беше Исус крстен од Јован? Одговорот на ова прашање може да биде јасно видено од она што Исус го рече во Матеја 3:15: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ (МК Библија 1999 год.) Овде зборот „така“ значи дека Исус ги зеде сите гревови на светот кога Тој беше крстен. Неговото крштевање беше извршено на истиот начин како што и рацеполагањето беше спроведено во времето на Стариот Тестамент. Целта на Неговото крштевање беше пренесување на гревовите на светот врз Исус.
Кое е значењето на „сета правда?“ На што укажува зборот „прилега?“ „Сета правда“ значи дека достојно беше за Исус да ги земе сите гревови на светот преку Неговото крштевање. И „прилега“ укажува дека сето ова веше најдостојниот и праведен начин во очите Божји.
Исус ги зеде сите гревови на човештвото преку Неговото крштевање и ги премавна нив за сите оние кои што веруваа во Него. Исус беше крстен и распнат за осуда на нивните гревови. Ова е евангелието на искупението на гревовите. Правда Божја е откуп на гревовите која ги премавна сите гревови на грешниците.
Ако луѓето ја согледаат мистеријата на Исусовото крштевање онака како што е напишано во Матеја 3:13-17, тие ќе бидат способни да примат искупение на гревови и исто и Светиот Дух. Што Исус направи во Неговата јавна служба - Неговото крштевање, распнување, воскресение - беа за да не обезбеди нас со праведниот пат кон спасение, како предодредено од Бога. На овој начин, Исус постана вистински Спасител на сите грешници. Евангелието на Неговото крштевање и крвта е тоа на спасението, кое ги очисти сите наши гревови.
Луѓето можат да го примат Светиот Дух само кога тие го знаат и веруваат во Исусовото крштевање и крвта. Затоа што крштевањето на Исус ги зеде сите гревови на светот нашите гревови беа исто положени врз Него. Неговата смрт на Крстот на местото на човештвото беше мојата сопствена смрт, и Неговото воскресение мое сопствено воскресение. Како вакво, Исусовото крштевање и крвта на Крстот е евангелието на искупението на грев и примањето на Светиот Дух.
Јас се надевам дека вие ќе научите за причината на Исусовото крштевање и ќе имате вера во евангелието. Тогаш вашите гревови ќе бидат премавнати и вие ќе го примите Светиот Дух. Зошто беше Исус крстен? Тоа беше за да ги земе сите гревови на светот. „Зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда“ (Матеја 3:15, МК Библија 1999 год.). Амин. Алелуја!
Денес, некои веруваат дека зборувањето на јазици е доказот на примање на Светиот Дух. Меѓутоа, вистинскиот доказ на тоа е прекрасната вера во прекрасното евангелие гравирано во срцата на оние кои навистина го примиле Светиот Дух.
 
 
Господ им ја даде на сите праведни луѓе власта да опростуваат гревови
 
Господ им ја даде на Неговите ученици власта да опростуваат грев, велејќи: „На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“ (Јован 20:23, МК Библија 1999 год.). Ова укажува дека кога учениците го проповедаа евангелието на водата и Духот, гревовите на сите кои што слушаа и веруваа беа опростени. Меѓутоа, ова не значи дека тие можеа да ги опростуваат гревовите на секој еден, без разлика на нивното верување во евангелието на водата и Духот.
Учениците на Исус ја имаат власта да ги опростуваат гревовите на кого и да било преку евангелието на водата и Духот. Заради тоа, ако тие поучуваат што е напишано, ние мораме да веруваме во тоа. Вие мора да верувате во евангелието на водата и Духот со цел да ги премавнете сите ваши гревови. Само тогаш вие ќе го примите искупението на грев и ќе го примите престојот на Светиот Дух. Исус исто ни ја даде нас силата да спасуваме други луѓе од нивните гревови со проповедање на евангелието на водата и Духот.
 
 
Моќта на владетелот на светот
 
Во минатото, каде што јас живеев, ние требаше да одиме со автобус преку земјен пат. Луѓето требаше да слезат од автобусот на одреден дел и да го туркаат него по угорницата. Еднаш, претседателот на Кореа дојде на церемонија на отворање на термоцентрала преку тој пат. Луѓето го гостливо примија претседателот со очистување на патот и ставање на дрвја од страните на самиот пат, кога тие ја слушнаа новоста. Кога тој ден дојде, мотори го водеа патот и после нив дојде претседничкото возило. Толпа на луѓе излезе да го поздрави него со национално знаме во нивните раце. Речено беше дека претседателот забележал: „Патов е многу нерамен треба да се поправи.“ После неколку дена патот беше поправен со асфалт.
Што се случи овде? Една прелазна забелешка од претседателот беше доволна да предизвика да ситуацијата на патот драстично биде промената. Претседничката заповед имаше толкава сила. Меѓутоа, ние сме добро свесни дека евангелието на водата и Духот доставено на нас од Христос е многу помоќно. Ние мораме да веруваме дека ова евангелие ја има силата да не ослободи нас од сите наши гревови од целиот наш живот.
 
 
Вистинската власт на опростување на гревови
 
„На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“ Учениците на Исус го проповедаа евангелието дека сите нивни гревови беа опростени. Тие им рекоа на луѓето: „Исус ги премавна сите гревови на светот со Неговото крштевање и крвта. Нема за што да се грижите. Иако вие сте предназначени да грешите во иднина, Исус веќе ги зеде сите ваши дневни гревови и искрвари за вас на Крстот откако беше крстен од Јован. Исус ве спаси вас! Вие морате да верувате!“
На грешниците им беше дадено искупение со слушање и верување во евангелието на водата и Духот преку Исусовите ученици. Исус им ја достави на Неговите ученици власта да опростуваат преку евангелието на водата и Духот. Затоа што Исусовите ученици им го проповедаа евангелието на водата и Духот на сите луѓе на светот, верниците можеа да примат искупение на грев. Исус им го достави нив овој дар заедно со власта да опростуваат грев.
Многу луѓе ги прочитаа книгите кои што јас претходно ги публицирав, и тие беа спасени од нивните гревови откако ги прочитаа нив. Некои го признаа нивното сфаќање дека причината зошто Исус умре на Крстот беше резултат на Неговото крштевање за да ги земе гревовите на светот цитирајќи: „За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме“ (Исаија 53:5, МК Библија 1999 год.).
После Неговото воскресение, Исус им рече на Неговите ученици: „Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“ (Јован 20:22-23, МК Библија 1999 год.). Исус им ја достави нив власта да им ги опростуваат гревовите на луѓето.
Ние бевме обврзани со збунетост, празност и грев пред да верувавме во оваа вистина. Меѓутоа, сега дека имаме вера во Исусовото крштевање и крв и сме слободни од грев, ние сме оние кои што им го проповедаат ова евангелие на други. Понатаму, нашиот Господ им даде на Неговите ученици мир. Со цел да се прими мир и Светиот Дух од Бога, ние мораме да примиме искупение на гревови со верување во Исусовото крштевање и крвта на Крстот.
Што нас не ослободува од грев е вера во евангелието на водата и Духот. Ова е духовната вера која ни донесува небесни благослови. Но доброволната вера основана врз човечките сопствени мисли ги води нив до уништување. Ние мораме да добиеме искупение со верување во евангелието на водата и Духот и така да го примиме Светиот Дух. Со цел да имаме ваква вера, ние мораме да ги оставиме нашите земски мисли и да ја свртиме нашата вера кон евангелието на водата и Духот.
Со цел да ја имаме верата потребна за примање на Светиот Дух, особата треба да го прифати евангелието дека Исус беше крстен и распнат за нас. Господ не обезбеди нас со искупение на грев, мир и пребивање во Светиот Дух затоа што ние веруваме во евангелието на водата и Духот. Тој им го даде на Неговите ученици пребивањето во Светиот Дух и власта да им ги опростуваат гревовите на кој и да било кои веруваат во евангелието на водата и Духот.
Ние исто така го примивме Светиот Дух со верување во ова евангелие. Евангелието на водата и Духот веќе им помогна на многу други да го направат истово. Кога ние им го проповедаме евангелието на нашите соседи и на светот, на оние кои што го земаат в срце им е доделен Светиот Дух. Ако евангелието кое ние го проповедаме не може да ги оспособи луѓето да го примат Светиот Дух, тогаш тоа не е вистинско евангелие. На друга страна, ако евангелието кое го проповедаме може да ги води нив да го примат Светиот Дух, тоа евангелие е оригинално.
Колку благословени и благодарни треба ние да бидеме за имањето на вакво евангелие. Евангелието кое е проповедано од вас и од мене е толку совршено и повишено. Но за жал, на денешницава тешко е да се најде особа која вистински го знае и верува во ова евангелие. Заради тоа ние мораме да го проповедаме евангелието ширум светот. Ние мораме да им помогнеме на луѓето да го примат Светиот Дух.
 
 
Оние кои што се заблудени од Сатаната во негирање на евангелието на водата и Духот
 
Ние им помагаме дури и на оние кои што веќе веруваат во Исус. Многу од нив сеуште не го примиле Светиот Дух дури и покрај што тие веруваат во Исус. Така ние им помагаме нив со проповедање на евангелието и така им помагаме ним да го примат Светиот Дух.
Ако човекот не го примил Светиот Дух дури и покрај тоа што верува во Исус, тогаш тој може да има некакви проблеми во неговото верување. Само оние кои го примиле Светиот Дух преку нивното верување во Исус можат да бидат сметани како луѓе кои што ја поседуваат вистинската вера. Затоа ние сите мораме да ја чуваме верата која не води нас да го примиме Светиот Дух. Ние мораме да го знаеме евангелието на водата и Духот, затоа што само вистината на ова евангелие е она што нас не овозможува да го примиме Светиот Дух.
Ние го проповедаме евангелието на водата и Духот за да и други можат да го примат Светиот Дух. Меѓутоа, оние кои што го проповедаат евангелието обврзани се со средба на многу тешкотии. Некои Христијани тврдат дека тие можат да го примат Светиот Дух со правење на приноси за време на подолг период. Тие имаат многу збунети доживувања кои што не се релевантни за примање на Светиот Дух. Значи многу време и жртвување е потребно да ги осветлиме нив со евангелието на водата и Духот.
Кој ли не ќе веруваше во евангелието на водата и Духот ако секој еден мислеше дека секој може да го прими Светиот Дух преку вера во ова евангелие? Сатаната ги измами луѓето со различно евангелие пред да вистинското евангелие да дојде. Ваквите луѓе се чудат што друго им преостанува да веруваат кога тие се сметаат себеси да веруваат во евангелието на Исус. Заради тоа тие доаѓаат до одбивање и одрекување од евангелието на водата и Духот.
Многу луѓе на овој ден и век не го прифаќаат целосно евангелието на водата и Духот, зашто Сатаната веќе ги ослепил нив. Како резултат, тие мислат дека верувањето во Исус е едноставна задача. Меѓутоа, доаѓање до полно разбирање на вистината на евангелието не е ни најмалку лесно. Вистинското евангелие на водата и Духот е прекриено со лажното евангелие.
Луѓето мислат дека секој еден може да влезе во Царството Небесно ако тие одат в црква и ако претендираат дека тие веруваат во Исус. Многу веруваат дека пребивањето во Светиот Дух е доставено преку нивните напори, како што се молења и постења. Меѓутоа, ваквите верувања се далеку од вистината за примање на Светиот Дух. Тие мислат дека зборување на јазици и други чуда се знаци за примањето на Светиот Дух.
Така тие едвај разбираат дека со цел да се прими Светиот Дух, неопходно е да се верува во вистинското евангелие на водата и Духот. Меѓутоа, Библијата вели дека некој може да го прими Светиот Дух само со верување во словото Божјо. Бог ја сокри мистеријата за примање на Светиот Дух во Неговото слово.
 
 
Оние кои го сакаат пребивањето од Светиот Дух
 
Еднаш јас со некои наши работници отидов во Тајван. Луѓето таму ни побара книги за Светиот Дух. Истото се случи и во Јапонија и во Русија. Причината зошто толку многу луѓе бараат книги за пребивањето од Светиот Дух е затоа што луѓето на денешницава толку нетрпеливо сакаат да го примат престојот од Светиот Дух. Многу луѓе веруваат во Исус и од време на време се несигурни за тоа дали тие навистина го примиле Светиот Дух, затоа што тие не го имаат престојот на Светиот Дух.
Има многу луѓе кои што веруваат во Исус и тврдат дека тие го примиле Светиот Дух. Меѓутоа, луѓето кои го примиле Светиот Дух перманентно и за вечноста се ограничени. Многу луѓе не се способни да го направат ова без разлика на нивната вера во Исус и тоа е зошто тие копнеат да го направат тоа сега.
Помеѓу Христијаните на светот има многу луѓе кои мислат дека тие го доживеале Светиот Дух. Некои велат дека тие го познале Исус во нивните соништа, и пак други тврдат дека тие го имаат Светиот Дух во нив затоа што тие искусиле прогонување на бесови. Како вакви, има многу луѓе чија што вера е основана врз лични доживувања. Меѓутоа, ретко ваквите луѓе го имаат навистина примено престојот на Светиот Дух преку вера во евангелието на водата и Духот.
Јас еднаш сметав дека е чудно што на светов немаше книги за како да се прими Светиот Дух преку вера во чистото евангелие на водата и Духот. Многу луѓе зборуваат за нивните искуства со Светиот Дух, но зошто нема книги напишани за пребивањето од Светиот Дух? Ваквите книги тешко е да се најдат, дури и ако ги барате надалеку и ширум светот.
Оние кои што неточно инсистираат дека тие го примиле Светиот Дух тврдат дека тие дури и во личност го сретнале Исус и го посетиле Царството Небесно и пеколот. Тие инсистираат дека Исус рекол: „Ти дојде пред време. Ти имаш многу да постигнеш во твојот свет, така побрзај и врати се онаму каде што припаѓаш.“ Ваквото доживување не не можно. Меѓутоа, може ли тој Исус кој што тие го сретнале да биде вистинскиот Исус? Дали Исус би ги сретнал нив кога тие сеуште имаат грев во нивните срца? Дали Исус престојува во грешник?
Вистина е дека многуте Христијани на денешницава не го имаат престојот на Светиот Дух дури и покрај што тие одржуваат степен на вера во Исус. Затоа ние, оние кои што го имаме Светиот Дух во нас мораме да го распространиме евангелието кое што ќе води и други да го примат овој дар. Секој еден треба да го прими Светиот Дух, и со цел да го направи ова потребна е вера во евангелието на вода и Дух. Со само самото верување во евангелието секој може да го прими Светиот Дух. Преку евангелието на вистината кое ние сите го знаеме, ние можеме да го примиме дарот на Светиот Дух од Бога.
Ние сите мораме да му благодариме на Бога и да го славиме Господа што ни го даде нас евангелието на водата и Духот. Јас ја искусив радоста од Светиот Дух додека Тој надвладеа во мене да ја напишам оваа книга. Кога оваа книга е публицирана многу луѓе ќе го примат престојот на Светиот Дух преку вера во евангелието на водата и Духот. „Дали Го примивте Светиот Дух, кога поверувавте?“ им рече Павле на ќе- бидат учениците во Ефес.
Ние сите мораме да го примиме Светиот Дух. Христијаните ширум светот се особено заинтересирани за примање на Светиот Дух во ова турбулентно време на светската историја. Јас го проповедам библискиот начин за примање на Светиот Дух, онака како што Светиот Дух ме води мене да правам. За да живеете задоволителен живот вие морате да верувате во вистината за престојот на Светиот Дух. Зашто тоа ви е последна шанса да го примите Светиот Дух длабоко во вашите срца.
Јас се чувствувам принуден да го распространам евангелието кое им помага на секој еден да го прими Светиот Дух затоа што Исус ми го даде мене евангелието на водата и Духот и ме завери мене со дарот на Светиот Дух.
 
 
Незнабожците мораат исто така да имаат вера во евангелието на водата и Духот
 
Библијата кажува како Исусовите ученици им позволуваа на други да го примат пребивањето со Светиот Дух. Дури и незнабожците требаа да ја чуваат истата вера како и учениците со цел да го примат Светиот Дух. Понатаму, незнабожците поспецијално требаа да имаат вера во евангелието на водата и Духот,која што ја имаа учениците, со цел да влезат во светот на Бога. Заради тоа ние, кои сме Незнабошци, мораме исто така да веруваме во вистинското евангелие со цел да го примиме Светиот Дух. Бог го испрати Петар кај Корнелиј, кој што беше Незнабожец, со цел да тој биде осветлен со евангелието на водата и Духот кое што е неопходно за примање на Светиот Дух.
Еврејските верници беа счудоневидени да слушнат дека дарот на Светиот Дух исто така беше излеан врз Незнабожците. Кога Петар се врати во црквата во Ерусалим откако им го проповедаше евангелието на водата и Духот, оние кои што беа обрезани го критизираа него. „Влезе кај необрезани луѓе и јадеше со нив!“ (Дела 11:3, МК Библија 1999 год.). Но Петар нив се од почеток им објасни.
Неговото објаснување е добро содржано во Дела Ап. 11:5-17. „Бев во градот Јопија и се молев; и во занес имав видение, како некаков сад, како големо платно, што на своите четири краишта слегува од небото, и дојде до мене. Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи и небесни птици. И чув глас, кој ми рече: „Стани, Петре! Коли и јади!“ А јас реков: „Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста. Тогаш гласот од небото ми рече по вторпат: „Она што Бог го очистил, не наречувај го нечисто!“ Тоа се случи трипати и пак сè беше одвлечено горе на небо. И, ете, во тој час три човека, испратени од Ќесарија до мене, застанаа пред куќата во која бевме. Тогаш Духот ми рече да одам со нив, не размислувајќи. И овие шестмина браќа дојдоа со мене и влеговме во куќата на човекот. Тогаш тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: „Прати во Јопија и повикај го Симона, кој се вика Петар!Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.“ И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот. Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух. И така, ако Бог им даде ист дар, кога поверуваа во Господа Исуса Христа, како и нам, кој сум јас да можам да Му го забранам тоа на Бога?“ (МК Библија 1999 год.)
Петар рече дека тој не само што отиде кај необрезаните луѓе и јадел со нив, туку тој нив исто така им го кажал и евангелието благодарејќи на водството од Светиот Дух. Кога тие ги слушнаа овие работи тие молкнаа, и тие го прославија Бога, кој што им достави нив покаение и нов живот на сите од нив - Корнелиј, неговата фамилија и блиските другари.
 
 
Апостолското евангелие за примање на Светиот Дух
 
Која е најсериозната мисија на апостолите?
Проповедање на евангелието на водата и Духот со цел да и други го примат Светиот Дух.
 
Дали апостолите навистина го проповедаа евангелието на водата и Духот? Ние прво мораме да потврдиме дали апостолот Петар веруваше во евангелието на водата и Духот. Во Библијата Петар рече: „Образот на таа вода – крштевањето, - не спасува сега и нас.“ (1 Петар 3:21). Апостолот Петар навистина веруваше дека Исус ги спаси сите грешници од нивните гревови кога Тој беше крстен и умре на Крстот. Тој исто така веруваше дека кога Исус беше крстен (Матеја 3:15), сите гревови беа положени врз Него, дека Тој беше распнат и подоцна воскреснат за да не спаси сите нас.
Овие денови има луѓе кои што ја имаат истата вера како и Петар. Оние кои што го проповедаат евангелието на водата и Духот се оние кои го проповедаат истото евангелие како што и Петар правеше. Оваа вистина доволна е за да дозволи да слушачите го примат престојот на Светиот Дух.
Како што многу луѓе го примија Светиот Дух кога Петар го проповедаше евангелието на водата и Духот, ние исто гледаме да луѓето веруваат и го примаат Светиот Дух кога ние ја проповедаме истата вистина. Особата не го добива Светиот Дух со матно верување дека некој ќе оди во Небесата ако тој само верува во Исус како негов Господ, но наспротив го добива Светиот Дух со верување во евангелието на водата и Духот.
Петар некогаш ги сметаше незнабожците за малку повеќе од бубачки кои што ползат по земјата. Според законот, тие беа како нечисти животни, пред Исус да биде крстен, умре на Крстот и беше воскреснат. Меѓутоа, дури и Незнабожците можат да бидат благословени со престојот на Светиот Дух преку верување во евангелието на водата и Духот. Така глас му проговори на Петар велејќи: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!“ (Дела Ап. 10:15, МК Библија 1999 год.).
Ние, како Незнабошци, не бевме никогаш способни да го примиме Светиот Дух но ние можеме да го имаме пребивањето во Светиот Дух преку имање вера во евангелието на водата и Духот. Кога ние го проповедаме евангелието трпеливо на луѓе полни од нивните сопствени мисли, почесто ние гледаме некои од нив да дојдат да веруваат во евангелието и конечно накрај да го примат Светиот Дух. Ние исто така можеме да ги видиме нив да исповедаат дека тие немаат грев во нивните срца после доаѓањето до верување во Исусовото крштевање и крвта. Само тогаш Светиот Дух пребива во нив.
Нашата цел во проповедање на евангелието не е едноставно да ги направиме другите да го разберат него, но да ги водиме нив да го примат Светиот Дух. Фактот дека оние кои што веруваат во евангелието кое ние го проповедаме се опростени за сите нивни гревови е значаен. И фактот дека тие го примаат престојот на Светиот Дух во исто време и дури позначаен. Ние не само им го проповедаме евангелието на луѓето на светот, но ние исто така ги носиме и чекор понапред и ги водиме нив да го примат Светиот Дух во исто време.
Ние мораме да им го проповедаме евангелието на водата и Духот во овој контекст на оние на кои што им е потребно. Ако ние бевме да престанеме после малото проповедање на евангелието, целата работа ќе биде изгубена. Ние мораме да бидеме свесни дека ова евангелие ги води луѓето да го имаат пребивањето во Светиот Дух. Кога ние го проповедаме евангелието имајќи го ова на памет, пламенот на Светиот Дух ќе се прошири како шумски пожар ширум светот.
Кога евангелистот верува дека ова евангелие може да ги води луѓето на светот да го примат Светиот Дух, тој доаѓа да чувствува мошна свесност дека службата не е едноставно за придобивање на луѓе да веруваат во Исус, но е за помагање на нив да го примат пребивањето во Светиот Дух. Заради тоа многу е важно за нас да го проповедаме евангелието на водата и Духот во ова време.
Некој треба само да слуша со неговите/нејзините уши и да верува во неговото/нејзиното срце во евангелието кое ние го проповедаме со цел да го прими Светиот Дух. Јасно е, дека евангелието кое што ние го проповедаме има големо влијание врз животот на луѓето. Моќта на евангелието е власт и благослов дадени од Бога.
Петар беше евангелист на Евреите, додека Павле беше тој на незнабожците. Додека Петар се молеше на покривот на куќата, тој ја виде Небесата отворена и некаков сад како платниште сврзано за четирите краеви како слегува врз него. Во него имаше секаков вид нечисти животни и Библијата рекла дека тие биле забранети да се јадат.
Петар никогаш не јадел нешто слично или нечисто. Меѓутоа, Бог му заповеда него да заколе и да јаде. Петар одби, велејќи: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!“ И гласот му рече: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!“ Што ли ова претпоставува? Бог рече дека Исус ги очисти сите гревови на светот, дури и од незнабожците, кога Тој беше крстен и умре на Крстот.
Духовното значење на Божјата заповед за него да заколе и да јаде нечисти животни, беше да го научи Петара дека дури и Незнабожците можат да постанат чеда Божји преку верување дека Исус беше испратен во овој свет, крстен за да ги земе сите наши гревови и распнат за да биде осуден за нив.
Петар сеуште ги следеше одредбите на законот наместото од да ги погледне нив со духовните очи на верата, дури и после примањето на Духот. Но Петар се покаа и веруваше дека Бог веќе ги очистил дури и гревовите на Незнабожците. Петар дојде да ги сфати богатствата на прекрасното евангелие многу подлабоко. Тој виде како Светиот Дух слезе врз неговите слушатели кога тој го проповедаше Божјото слово.
Како можеме ние да разликуваме дали евангелистите на денешницава го имаат примено Светиот Дух или не? Тоа зависи од тоа дали тие го прифатиле евангелието на водата и Духот. Особата која верува во прекрасното евангелие како што е кога евангелист го проповеда словото Божјо го примил пребивањето од Светиот Дух. Светиот Дух кој што пребива во срцето на евангелиста и исто доаѓа да пребива во слушателот. Евангелистот и слушателот доаѓаат да имаат заедница еден со друг како детски другари. Тие ќе ја видат љубовта Божја да живее во едниот и другиот. Евангелистот ќе види дека слушателот постана еден од Божјите луѓе со прифаќање на евангелието на водата и Духот.
Кога ние го проповедаме евангелието, ние можеме да видиме да Светиот Дух слегува врз верниците веднаш штом тие ќе поверуваат во евангелието на водата и Духот. Тоа не е разделено искуство од спасението. Ова е основната причина зошто ние мораме да го проповедаме евангелието на водата и Духот. Евангелието кое ние го проповедаме е она кое ги води и другите да го примат Светиот Дух.
Оние кои го имаат пребивањето од Светиот Дух се чеда Божји. Евангелието на водата и Духот не е теоретска наука на некоја вероисповед, и затоа кога ние им го проповедаме ова на други, тие доаѓаат да имаат вера, го примаат Светиот Дух и постануваат чеда Божји. Колку голем е овој благослов! Колку чудесно евангелие! И колку чудесна Неговата работа е! Оние кои што го проповедаат евангелието на водата и Духот помагаат во изградба на Царството Божјо. Ние само едноставно го проповедаме евангелието, а тие го примаат Светиот Дух.
Некои луѓе мислат дека верувањето во Исус е една работа, а примањето на Светиот Дух е друга работа. Заради тоа, Христијаните сеуште се молат за Светиот Дух. Меѓутоа, Библијата вели дека Светиот Дух доаѓа врз оние кога тие слушаат и веруваат во евангелието проповедано од Неговите служители. Евангелието кое ние го проповедаме ги води нив да ги задоволат нивните желби. Ова е зошто ние мораме одговорно да го распространиме евангелието насекаде ширум светот. Ние сме чеда од Отецот и Негови наследници, кои се верни на Неговата Големо Послание.
Ние мораме да го проповедаме евангелието со вера додека држиме на памет дека нашата служба е да му дозволиме на луѓето да го примат Светиот Дух. Евангелието на водата и Духот е нешто во кое евангелистите мораат вистински да веруваат пред да им го проповедаат на други. Тогаш нивните слушатели ќе го примат Светиот Дух преку нивната вера во евангелието. На ваков начин, ние можеме да им вдишеме вечен живот на сите оние кои што веруваат во евангелието. Нашата цел е да ги избавиме нив од силата и темнината и пренесеме нив во Царството Божјо. Евангелистите пренесуваат грешници,кои се со судба да умрат под силата на темнината, во Царството на Синот Божји. Многу значајна е работата да се преобразат грешници во чеда Божји.
Многу луѓе не го знаат клучот за примање на Светиот Дух и се обидуваат да го примат Него со нивните сопствени напори. Меѓутоа, ова ќе се докаже дека е во залудност. Само вера во евангелието е потребна, зашто верата го ослободува некого од сите гревови.
Како вие го примивте Светиот Дух? - Преку молитви? - Или можеби со рацеполагање? - Не тоа не е начинот. Ние го примаме Светиот Дух само кога ние веруваме во евангелието на водата и Духот. Ние мораме да се молиме и да го проповедаме евангелието за да сите луѓе на светот можат да го примат Светиот Дух.

Зборот „апостол“ значи „оној кој е испратен од Бога.“ Што прават апостолите? - Тие го проповедаат евангелието на водата и Духот за да луѓето можат да го примат Светиот Дух. Не ли би сакале и вие да ја земете оваа служба како нас и заедно со нас? - Ние сите мораме да го имаме пребивањето од Светиот Дух и да им го проповедаме на сите луѓе. Алелуја! Славете ја апсолутната вистина на евангелието кое што Господ ни го даде нас за да го примиме Светиот Дух!